Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ ПОМИНЕ СМЕНАТА НА УСТАВОТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Груби: Мукоски, Арнаудов и Василевски пуштени од судот за да дадат придонес на пат кон ЕУ и НАТО


октомври 20, 2018

[Image: Artan-Grubi-1TV_1-696x371.png]

Артан Груби од ДУИ во дебата со новинарот Горан Момировски во студиото на 1ТВ рече дека обвинетите Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски биле пуштени од судот од куќен притвор откако објасниле колку е важно да се гласа на собраниската седница и да дадат свој придонес на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
– Зошто драматизирате такви моменти, а не ја гледате широката позадина. Во ВМРО-ДПМНЕ има и други со демократски капацитет, не се само тие пратеници кои гласаа за отворање на уставните амандмани а потоа беа исклучени од партијата. Сигурно е тоа дека не се дадени никакви награди. Мукоски, Арнаудов и Василевски сами од својот куќен притвор побарале преку своите адвокати со гаранција да излезат затоа што го почувствувале важниот момент. Тие се сега дома, но ќе ја продолжат работата во Собранието, рече Груби како одговор на прашањето зошто баш на ден-два пред гласањето народните избраници кои ги отворија портите на Собранието на крвавиот 27 април се ослободени од куќен притвор.
Седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ синоќа гласаа за отворање на уставните амандмани како што налага преспанскиот договор, а со тоа коалицијата „За европска Македонија“ имаше најмалку 80 гласови за потребното двотретинско мнозинство.



Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
20-10-2018, 09:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:ОК на ВМРО -ДПМНЕ од Берово ја исклучи од членството пратеничката Емилија Александрова

октомври 20, 2018

[Image: Screenshot_11-7-696x384.png]
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Атанасов на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката со која од членството се исклучува пратеничката Емилија Александрова.
-На денешната седница ОК Берово, согласно статутот на партијата и насоките добиени од ИК на ВМРО ДПМНЕ, едногласно донесе одлука од членство вопартијата да ја исклучи досегашната наша пратеничка Емилија Александрова. Сосвојата постапка и поддршката за уставни измени која ја даде на вчерашната седница, Александрова ја погази волјата на граѓаните на Македонија искажана на референдумот од 30-ти септември, како и партиската одлука за почитување на таа народна волја при изјаснувањето во Собранието, истакна Атанасов.
Тој истакна дека членовите на ОК Берово не навлегуваат и не ги интересираат мотивите за ваквата нејзина одлука.
-Тоа ен ејзина лична работа и со тоа ќе мора да живее целиот свој живот и таа, а за жал и нејзиното семејство и идните поколенија. Веруваме дека ќе има објаснување за оваа своја предавничка постапка барем пред нив и пред Бога, затоа што нивниот суд е оној најважниот. Со судот од вмровците и македонските граѓани за својата постапка и заона што планирате да го правите во иднина, вие пратеничке Александрова ќе морате самите да се изборите, ВМРО ДПМНЕ повеќе неможе и нема да стои повеќе позади вас. Бараме да покажете барем малку доблест и да го вратите мандатот кој го добивте како кандидат на листата на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните кои ви го дадоа, а вие максимално ги изневеривте.Како претседател на ОК Берово на крајот само сакам да истакнам, дека сум крајно разочаран, затоа што сум соработувал со таква личност во која сум имал целосна доверба, на која секогаш и од срце онолку колку сум бил во можност сум и помагал и сум ја поддржувал. Со вашата вчерашна постапка направивте да се срамам поради тоа, и од сопартијците и од сите чесни Македонци, посочи Атанасов.
Претседателот на ОК Берово од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Александрова занив ќе остане срамно минато.






Quote:Емилија Александрова за „Лидер“: Тешко ми е што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ, но не се лутам!

[Image: Aleksandrova.jpg]

20.10.2018
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово, вечерва ја исклучи пратеничката Емилија Александрова од партијата, затоа што на вчерашната седница на Собранието, таа беше еден од 8-те пратеници на опозицијата кои гласаа за отпочнување на уставни измени.
Затоа што исклучувањето беше очекувано, по синоќешната најава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Лидер стапи во контакт со пратеничката која ја прашавме зошто одлучила да гласа „За“ и побаравме коментар за нејзиното исклучување од партијата и наводите за наводни закани, поткупи и притисоци кон пратениците.
Александрова ни ги прати одговорите попладнево, а нив, ви ги пренесуваме во целост:


Quote:-Најпрвин сакам да потенцирам дека синоќа во Собранието на Република Македонија се донесе одлука за отпочнување на постапка за амандманска расправа за измени на Уставот. А за тоа како ќе биде крајното двотретинско гласање, сепак ќе зависи од власта, односно колку е таа спремна за прифаќање на условите кои се наведени во синоќешното соопштение до јавноста.
Одлуката беше тешка навистина, свесни за сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувањата таа ќе направи посебно во мојата партија. Но јас и моите колеги цврсто веруваме дека тоа што дадовме шанса е правиот пат по кој треба да се движиме, нормално уште еднаш да напоменам со прифаќање на нашите услови. – ни одговори Александрова.


Александрова вели дека и е тешко што е исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, но не се лути.


Quote:-Што се однесува на одлуката на партијата да не исклучи, лично ја доживеав многу тешко. Да се биде ВМРО-ДПМНЕ е вистинска чест и мене никогаш тоа чувство на припадност неможат да ми го одземат. Искрено жалам за нивната одлука кон нас, но не им се лутам. Верувам дека разумот на крај ќе преовладува кај сите, затоа што на крајот сите имаме заедничка цел.  – изјави за Лидер, пратеничката која вечерва беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.


Во однос на тврдењата за притисоци кон пратениците и уцените за гласање како и поткупување, Александрова вели дека се работи за шпекулации.


Quote:-Се оградувам од секакви шпекулации, најмногу тоа ни треба во моментов. Сега не чека макотрпна работа во Собранието и ги повикувам сите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да ни се придружат, зошто верувам дека ќе донесеме суштински амандмани што е и наша цел. – вели Александрова.


Во изјавата Александрова потенцираше дека за власта да добие двотретинско мнозинство, ќе мора да ги исполни условите кои одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ги поставуваат.


Quote:-Ова не е конечна фаза во однос на уставните промени. Бараме уставен амандман со гаранција за македонскиот идентитет. Бараме уставен амандман што ќе се важи ако Грција не го ратификува договорот за промена на името, што ќе значи безусловно поништување на сите уставни промени и на Договорот од Преспа.
Името за внатрешна употреба да се менува постепено, во зависност од тоа како ќе се реализира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Прифаќање на иницијативата за простување на сите обвинети за настаните на 27 април и основање собраниско тело со план за национално помирување во рок од 30 дена – порачаа синоќа одметнатите пратеници кои гласаа „За“.
(This post was last modified: 20-10-2018, 09:23 PM by ЈорданПетровски.)
20-10-2018, 09:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Вака беше купен осмиот пратеник од опозицијата


20.10.2018
СМС-преписка на пратеници на владеачкото мнозинство открива што се случувало попладнево во Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, каде што присустввуаа премиерот Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и американскиот амбасадор Џес Бејли, објави Република.
„Важи брат. Само храбро…. тука за се што треба. Да ја истераме работава. Имаме инфо за осмиот или уште се чека?“
„Имаме, во моментов е горе кај Талат и Заев ќе биде“.


[Image: pratenik-dogovoren.jpg]
21-10-2018, 02:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Лозаноска: И сто договори од Преспа се џабе, ако судиите се зависни


[Image: 20181021130647.jpg]

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018
Не е  проблем што некои пратеници промениле ставови, ако тоа било слободно и без притисок. Проблем е што истите овие претходно беа жигосани како криминалци и терористи од јавноста, а против кои истовремено одат судски процеси во кои тие треба да ја докажат својата невиност, вели Јана Лозаноска, доктор на  науки при Универзитетот за мир на Обединетите Нации, во Костарика. Лозаноска е категорична дека независноста на судството мора да се почитува, а без владеење на правото, како што вели, и сто договори од Преспа, нема да ја однесат Македонија во Европската Унија.
" За мене загрижувачки е дека во општетството постои синдром на селективна правда и селективно сеќавање. Зошто? Политиката се сфаќа многу погрешно во македонски контекст, таа не значи растегнување или кинење на границите кои правото ги поставува во кое најголемата шетата е нанесена на независноста на судството, но значи умешност за остварување на политики во правно зацртаните граници. Умешни политичари се оние кои знаат што значи одговорност и легитимност. Во однос на обезбедувањето на 2/3 мнозинство  не е  проблем што некои пратеници промениле ставови, ако тоа било слободно и без притисок. Проблем е што истите овие претходно беа жигосани како криминалци и терористи од јавноста, а против кои истовремено одат судски процеси во кои тие треба да ја докажат својата невиност. Понатаму, најстрашно е дека има координација и дослух помеѓу извршната и судската власт. Тоа укажува дека независноста на судството е под знак прашалник, и дека судството работи според дирекции на извршната власт односно влада, вели Лозаноска.
Вели дека ова мора да се сфати затоа што владеењето на правото е предуслов за евроинтеграциите. 
Може и сто договори од Преспа да поминат сепак државата нема да остане правна држава и демократија, само затоа што декларативно се мантра за влез кон ЕУ, без притоа суштински чекори да се преземат. Тие пред се опфаќаат борба со корупција, непотизам, градење на независно судство, медиуми јакнење на јавната дебата итн.", вели Лозаноска.
Ѓ.Т.
21-10-2018, 01:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Фирмата на Мукоски добила 10 милиони денари од власта!


[Image: MukoskiIZaev-960x472.jpg]
21.10 .2018
Семејната компанија на пратеникот Крсто Мукоски остварила огромни приходи од државни тендери за време на актуелната власт, покажуваат документите до кои стигна „Економски Лидер“, преку вкрстени проверки во Бирото за Јавни Набавки, УЈП и Централниот Регистар.
Додека Мукоски беше во притвор за настаните од 27 април, документите говорат дека семејната компанија на пратеникот, прилично добро соработувала со власта и добила три солени тендери од кои последниот е пред помалку од еден месец. Главните локации за бизнис им биле Струмица и Град Скопје.
Фирмата „АЛТУМ ДОО Вевчани“ која е во сопственост на фамилијата на пратеникот, вкупно за време на владеењето на Зоран Заев и СДСМ, од државни институции добила нешто над 10 милиони денари, односно 165.729 евра. Последните државни пари ги добиле пред помалку од еден месец, од Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, од каде примиле над 100.000 евра.


[Image: Tenderitenaaaa-700x284.jpg]


Тендерите на фирмата на фамилијата Мукоски за време на владеењето на СДСМ и Зоран Заев
„АЛТУМ ДОО Вевчани“ е градежна компанија, која е основана во 2008 од пратеникот Крсто Мукоски кој гласаше „За“ уставни измени со цел промена на уставното име. Историјатот во Централниот регистар, покажува дека во 2014, кога станал пратеник, Крсто Мукоски ја препуштил компанијата на неговиот татко Милан Мукоски кој е сопственик и неговиот брат Бобан Мукоски, кој е управител.


Солен тендер на само три дена пред референдумот! “Кеширал“ и Петре Шилегов!
Додека Македонската јавност влегуваше во финишот на кампањата за референдумот, на 26 септември, компанијата на Мукоски добила тендер од Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион – Струмица во вредност од нешто над 7 милиони денари (115.000 евра). Овој тендер е за работење на изградба на прифатилиштeаза бездомни кучиња во Струмица и Гевгелија, од страна на компанијата на Мукоски.
Претходно, Мукоски заработиле и 2.256.207 денари (36.000 евра) од Град Скопје, за реконструкција и изработка на еко-фасади во Град Скопје. Потписници на овој договор се градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од една страна и Бобан Мукоски, брат на пратеникот Крсто Мукоски.


[Image: shilegov-700x410.jpg]


Шилегов од една, Мукоски од друга страна
За време на актуелната власт, фирмата на Мукоски добила и околу 3.800 евра од гимназијата „Панче Арсовски“ – Скопје, но и околу 10.000 евра за реконструкција на основото училиште во Ракотинци.


Амнестија во замена за глас „За“!
Против Крсто Мукоски е поднесено обвинение за тероризам во настаните од 27 април, каде што тој се товари затоа што наводно им ги отворил вратите на демонстрантите кои влегоа во собранието.
Тој е еден од 8-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „За“ уставни измени во Собранието. На денот на гласањето, Игор Јанушев генерален секретар на партијата од која сега Мукоски е исклучен, посочи дека Собранието е претворено во пазар, на кој се уценуваат и поткупуваат пратеници.


Quote:– Структури на власта, и структури кои одработуваат за оваа власт вршат жестоки уцени, закани и притисоци врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија. Собранието се претвори во пазар, и арена на притисоци, закани и уцени. Се ветуваат парични награди за послушните, а доколку не се прифати, се местат сведоци, се креираат случаи. Се врши влијание врз блиски роднини на пратениците, се врши заплашување. Политичкото обвинителство да обвинува, политизираното судство да суди, а Заев да договара, товари или ослободува луѓе. Ќе споменам неколку примери, на еден пратеник му се понудени еден милион евра за да гласа за договорот, истите се одбиени, на друг пратеник му се понудени два милиони евра, на трет 250 илјади евра. Сето ова е одбиено бидејќи достоинството нема цена, се работи за нашата татковина – рече Јанушев.


Веднаш по гласањето „За“, Мукоски се огласи заедно со останатите 8 колеги со соопштението во кое побараа амнестија за настаните од 27 април и одредени гаранции за идентитетот во уставните амандмани.
Документи:
Документ 1: Договор со Центарот за развој на Југоистичниот плански регион, вредност: 7.120.133,00 денари (115.000 евра), добиен на само 4 дена пред референдумот – линк
Документ 2: Договор со Општина Сопиште, вредност: 581.472 денари (9.454 евра) – линк
Документ 3: Договор со Град Скопје, потписник Петре Шилегов, вредност:  2.256.207 денари (36.000 евра) – линк
 
 
 
 
(This post was last modified: 21-10-2018, 03:09 PM by ЈорданПетровски.)
21-10-2018, 03:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Василевски: Гласав за да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци


21.10.2018
Сашо Василевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше исклучен од партијата откако гласаше за пристапување кон измени на Уставот, во изјава за ТВ21 објаснува зошто гласал спротивно од ставот на партијата.
-Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон – вели Василевски.
Во изјава за телевизијата пратениците кои гласаа негираат дека биле поткупени, велат дека гласале според свое убедување и додаваат дека се 24 часа под полициска заштита поради заканите кои ги добиваат од петокот.



Lazgo Lazgo Lazgo
22-10-2018, 12:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска

Во врска со јавната расправа за уставните амандмани,

ОТВОРЕНО ПИСМО

до сите актери на нелегитимниот процес што срамно и во геноцидна форма се одвива во Собранието на Република Македонија
Почитувани граѓани на Република Македонија, пред нас е уште една фаза од нелегитимниот процес на уставни измени кои Владата на Зоран Заев во содејство со група одродени пратеници, дел потплатени, дел уценети, дел притиснати, ги туркаат на мускули, а навидум во очите на медиумите и странците во демократска и легитимна атмосфера. Сведоци сме дека и покрај неуспешниот референдум и недонесената одлука за прифаќање на Договорот од Преспа и менување на Уставот, Владата на Зоран Заев и натаму подолжува да врши силување на државата, да ги крши законите, да ги повредува нашите елементарни права и да спроведува класично политичко самоволие во системот без никаква грижа на совест и елементарно почитување на етичките вредности во политиката.
Во оваа прилика би сакала да го потсетам Заев и неговата дружина дека во член 30, став 2 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Сл. весник на РМ, бр. 81/2005) децидно стои дека „Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето во согласност со резултатите од референдумот“.
Со оглед дека на одржаниот референдум на 30. септември оваа година одлука не беше донесена, што беше констатирано и од страна на ДИК, а имајќи предвид дека согласно чл. 2, став 1 од Уставот на Република Македонија „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните“, резултатите од одржаниот референдум не го овластуваат ниту Заев, ниту кого било друг од власта да вршат промена на државното име и промена на идентитетот на Македонците.
Такво овластување нема добиено никој во власта, ниту кој било друг фактор од опозицијата. Такво овластување и мандат нема побарано ниту една политичка партија на последните парламентарни избори во 2016 година, па оттука ниту една партија нема добиено мандат, овластување, полномошно од нас граѓаните, носителите на суверенитетот за една таква тешка и комплексна операција.
А без овластување од суверенот никој не смее врата да отвори, а камоли да менува вековно име на еден народ, уставно име на држава, библиска историја на народ, личен и колективен идентитет на повеќе милиони Македонци кои живеат во Македонија и насекаде во светот.
Од овие причини, целата постапка што нелегитимно се тера од страна на нелегалното парламентарно мнозинство во Собранието на Република Македонија ја оценувам како геноцидна и како таква високо криминална по својата суштина.
За мене, како професор по уставно право е целосно правно и политички неприфатливо, спротивно од мнозинската волја на граѓаните да се организира постапка за уставни измени. Зошто?
Од едноставна причина затоа што уставните измени не можат да бидат резултат на некакво вештачки создадено парламентарно мнозинство во кое најголем дел се уценети, купени, исплашени пратеници кои би ја продале и сопствената мајка само и само да не одговараат за своите казниви дела сторени во минатото. Секаде во демократскиот свет, барем така не учи уставната пракса, Уставот и уставните амандмани се плод, се резултат најширок можен консензус срочен во заеднички правила на игра прифатливи за најголем дел од граѓаните во системот. Затоа што веќе две децении ги учам моите студенти дека народот, суверениот народ е единствениот носител на уставотворната власт и дека неговото мислење е најважно во процесот на креирањето нов Устав, но и во процесот на негови промени.
А уставотворната власт е оригинерна и неограничена власт.
Ниту една друга власт, ниту надворешна сила не е посилна и поважна од народната уставотворна сила. Затоа што ако најважните цели на Уставот се да се зацврсти националното единство во земјата, да се засили моќта на граѓаните и да се заштитат нивните лични и колективни права, ако смислата на Уставот е да се заштитат националните вредности и да се зајакне легитимитетот на највисокиот правен акт во земјата, тогаш како тоа ќе се постигне ако народот не се прашува за уставните измени, ако насилно се буткаат октроирани решенија што не се прифатлив од страна на уставотворната суверена власт?
Како поинаку да се дефинира овој насилен и наметнат процес на уставни измени освен како геноциден и самоукинувачки акт?
Како поинаку да се разберат тапоглавите политички моќници кои преку ноќ сакаат да избришат нашата вековна историја, нашата традиција, нашето име, идентитет, освен како навиени марионети кои спроведуваат туѓи агенди спротивно на интересите на својот народ?
За мене, а верувам и за најголем број Македонци во земјата и во светот, кои веруваме во силата на правото и правдината, одлуката донесена на 8. септември, 1991 година е се уште во сила и ќе остане така се додека граѓаните не донесат поинаква одлука на референдум со која ќе се укине дејството на првата одлука од 1991 година. Само нова референдумска одлука со поинаква содржина може да ја укине важноста на одлуката донесена на 8. септември, 1991 година. Референдумската одлука од 1991 година не може да биде укината со ниту еден од предложените уставни амандмани, затоа што силата на референдумот е неприкосновена и е над силата на неовластените од никого пратеници да вршат промени какви што ги тераат во моментов во Собранието.
За мене е важна одлуката на ДИК објавена во „Службен весник на РМ“ во која стои дека референдумот одржан на 30.09.2018 година е неуспешен, што значи дека одлука за имплементирање на Договорот од Преспа нема, па оттука нема ниту овластување од граѓаните за овој циркус наречен уставни амандмани. Одлуката донесена на последниот референдум е задолжителна за сите органи, институции во државата, вклучително и за Владата и пратениците во Собранието на РМ.
Фактот дека овие институции не ја почитуваат волјата на граѓаните и не го почитуваат суверенитетот кој произлегува и кој им припаѓа на граѓаните укажува уште еднаш на суровата вистина дека власта легитимира незаконие и дивеење во системот како главна карактеристика на своето владеење.
Зоран Заев и неговите поддржувачи во власта или не знаат или едноставно не им е грижа дека согласно меѓународното право правниот идентитет на државата Република Македонија e инхерентно поврзан со суверената и независна волја на граѓаните и дека овој идентитет изворно потекнува од народот и од правото на НАРОДОТ на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ како апсолутно и неоттуѓиво лично и колективно право на секого од нас.
Начелото на самоопределување на правниот идентитет како изворно народен идентитет на државата е поврзано со суверената власт на народот која има право да го САМООПРЕДЕЛИ и САМООДРЕДИ државно-правниот идентитет, односно државното име и народниот идентитет на начин како што чувствува и како што сака, без наметнувања, без надворешни притисоци.
Правото на самоопределување и самоидентификација на секој народ е поврзано со независното право на државно самоодредување (Self-determination) кога се работи за основните елементи на државата како правен субјект.
Концептот на ООН и Повелбата на ООН е базиран на НАРОДЕН СУВЕРЕНИТЕТ (односно на доктрината на ВРХОВНАТА ВЛАСТ НА НАРОДОТ која се однесува и на самодефинирањето и самоодредувањето, односно самоопределувањето. Последиците од овие правила и принципи е дека:
1. Не може со употреба на странска сила, или каква било надворешна регулација или акт надвор од државата да се одреди, креира или укине постојниот правен идентитет на државата, односно нејзиното државно-правно име.
2. Не може со надворешна регулација или акт донесен надвор од државата да се одреди, креира или укине националниот или народниот идентитет кој е предмет на самоопределување.
3. Преку негирање на националниот идентитет, вклучувајќи го и самонегирањето на сопствениот идентитет, познато како авто-шовинизам, се УСКРАТУВА ПРАВОТО НА ПОСТОЕЊЕ НА ЕДЕН НАРОД!
Правото на постоење на еден народ заедно со правото на негово име и идентитет се најосновните права на луѓето признати во меѓународното право, кои се изедначуваат со правото на самоодбрана на народот и на државата.
Имајќи ги предвид погоре наведените аргументи, сметам дека целата постапка на уставни промени не заслужува натамошен коментар, бидејќи е бесмислена во својата суштина, но со оглед дека власта упорно ги турка процесите во Собранието, дозволете да кажам неколку збора и во врска со предложените нацрт-амандмани.
Во текстот пред нацрт-амандманите предлагачот го навел следново „Овие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од страна на Република Грција“.
И покрај тоа што Зоран Заев во целиот процес тврди дека амандманите нема да стапат во сила ако Договорот од Преспа не биде ратификуван и не влезе во сила и во Република Грција, Владата, односно предлагачот на нацрт-амандманите нема предложено ниту еден нацрт-амандман во кој ќе биде содржана оваа гаранција.
Зошто предлагачот нема предложено нацрт-амандман во кој ќе биде содржана ваква гаранција за заштита на македонските интереси во случај Грција да не го ратификува, односно во случај Договорот да не влезе во правна сила во Грција, како што беше случајот со Времената спогодба останува непознато.
Владата на РМ нема обезбедено ниту една уставна гаранција во случај Грција да не ги исполни обврските содржани во Договорот. Ниту еден нацрт-уставен амандман не е предложен во таа насока и покрај тоа што Договорот од Преспа дава таква можност.
Оттука, барам Заев јавно да им објасни на граѓаните зошто во преодните и завршни одредби на Уставот не е предвиден, ниту е подготвен нацрт-амандман за заштита на македонските интереси во случај на неуспех на Договорот од Преспа.
Понатаму, Зоран Заев треба да даде одговор на прашањето согласно кој член од Уставот на РМ ја отвора постапка за промена на името на државата и идентитетот на Македонците кога се знае дека власта нема ниту мандат, ниту уставно овластување, надлежност да менува име, а најмалку колективен и личен идентитет на Македонците кој е со апсолутен карактер и е заштитен со меѓународното право.
Ако се погледнат уставните надлежности на Владата и на Собранието на Република Македонија ќе се види дека ниту една власт нема овластување, ниту надлежност да менува име на држава ниту да менува идентитет на народ.
АМАНДМАН XXXIII
1. Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.
Предлагачот се одлучил да пристапи кон менување на Уставот и да пишува нацрт-амандмани со употреба на до сега непозната уставна номотехника. Пристапува кон промена на зборовите „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“, и на зборот „Македонија“ со зборовите „Северна Македонија“ само со еден нацрт-амандман што е непозната пракса на менување на уставни одредби. Од номотехнички аспект оваа интервенција е крајно дилетантска, несериозна и до сега неприменета во пракса. Ако се има предвид фактот дека во досегашната пракса на измена и дополнување на законите, а посебно на Уставот секогаш се применувала методологијата на прецизно наведување што конкретно се брише, менува, или дополнува во правниот акт, ново воспоставената техника на уставни измени комплетно излегува од досегашниот контекст на уставни измени. Секоја промена во текстот на Уставот мора да биде прецизно наведена и содржана во уставните амандмани, бидејќи само таквиот процес може да ја гарантира правната сигурност на граѓаните во системот и почитувањето на начелото на владеење на правото. Се друго што оди спротивно на оваа пракса го сметам за обична импровизација на штета на највисокиот правен акт во државата.
Исто така, предлагачот на нацрт-амандманите нема кажано ниту збор што ќе се случува со придавките македонско/македонска/македонски во Уставот кога е јасно дека согласно чл. 7 од Договорот од Преспа истите мора да бидат дообјаснети во Уставот.
Вордингот во Договорот е прецизен и вели дека придавките македонско/македонска/македонски мора да бидат дообјаснети во Уставот како придавки кои не припаѓаат на хеленската цивилизација, култура, традиција и богатството на тој регион од антиката до денес. Исто така, и кај македонскиот јазик, како што стои во чл. 7, точка 4 од Договорот, предлагачот на уставните амандмани треба јасно да каже дека се работи за јазик од групата на јужнословенски јазици.
АМАНДМАН XXXIV
Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.
Со амандманот 34, предлагачот ги брише одлуките на АСНОМ како конститутивни акти во процесот на создавањето на Република Македонија како држава, и на нивно место го вметнува единствено Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и Охридскиот рамковен договор.
Власта со еден амандман одлучи да ги избрише 9-те историски одлуки на АСНОМ, од кои 4 одлуки имаат државотворно значење за Македонија. Така, власта одлучи да ги избрише:
1. Решението на АСНОМ како врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија,
2. Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија,
3. Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава,
4. Правилникот за работа на АСНОМ,
5. Решение на АСНОМ за формирање Законодавна комисија при Президиумот на АСНОМ,
6. Решение на АСНОМ за формирање Државна комисија за утврдување на престапите на окупаторите и нивните соработници,
7. Решение на АСНОМ за одобрување на решенијата, наредбите и задолженијата издадени од Главниот штаб на НОВ и ПОМ и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ,
8. Решение на АСНОМ за оддавање признание и благодарност на Народноослободителната војска, и
9. Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен државен празник на македонската држава.
Овие акти имаат исклучително важно конститутивно значење за Република Македонија и истите не смеат во никој случај да бидат избришани, а уште помалку заменети само со Прогласот на АСНОМ. Прогласот никогаш немал, ниту може по својата природа да има конститутивна важност за државата. Со Прогласот македонскиот народ се известува дека е одржано првото заседание на АСНОМ и дека се удрени темелите на македонската федерална држава во новата Демократска и Федеративна Југославија. Едновремено граѓаните мора да знаат дека со овој нацрт-амандман се брише значењето на Второто и на Третото заседание на АСНОМ, односно тие веќе и не постојат во Уставот, бидејќи со предложениот нацрт-амандман се потенцира важноста само на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ што претставува чин на класично бришење на националната историја на државата и промена на историските факти по мерка на власта.
Од друга страна, ако амандманите значат операционализација на Договорот од Преспа, зачудува фактот што Охридскиот рамковен договор се внесува во Преамбулата и покрај фактот што за негова целосно имплементација беа изгласани посебни уставни амандмани во 2001 година и истите се составен дел на Уставот цели 17 години.
АМАНДМАН XXXV
1. Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
2. Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3.
Амандманот 35 е целосно непотребен ако се има предвид фактот дека секоја држава преку обврската да го почитува меѓународното право има обврска да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
Во член 8, став 1, алинеа 11 од Уставот, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија е наведена обврската на РМ да ги почитува општо прифатените норми на меѓународното право. Овие задолжителни норми се веќе содржани во Повелбата на ООН, во Декларацијата на ООН за немешање во внатрешните работи на државите и заштитата на нивната независност и суверенитет и во други акти од меѓународен карактер кои РМ е должна да ги почитува како субјект во меѓународните односи. Оттука, сметам дека овој амандман е непотребен и треба да биде повлечен.
АМАНДМАН XXXVI
1. Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.
2. Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.
3. Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.
4. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
5. Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија
Спорен е и уставниот амандман бр. 36, посебно во точка 4 каде се упатува на грижа на Републиката за нашите државјани кои живеат во странство со додавка дека тоа ќе се прави без РМ да се меша во суверените права на другите држави и во внатрешните работи на другите држави. Станува збор за опасна формулација која дозволува под превезот на заштита на суверените права на другите држави и нивните внатрешни работи да ни биде попречена постојаната соработка и одржување блиски односи со нашите сонародници во странство. Практично со овој амандман Македонија наместо мостови за соработка и зближување со Македонците ширум светот ќе направи ѕид меѓу нас, бидејќи Бугарија, Грција или Албанија во секое време, поради која било причина и во каква било форма можат да ни забранат да се грижиме за културните, социјалните и другите права на нашите сонародници. Овој амандман е во целосна спротивност со политиката на заштита на националните малцинства позната како Kin-state policies, политики кои се веќе признати и разработени од Високиот претставник за националните малцинства при ОБСЕ, добрите практики кои се разработени од страна на Венецијанската комисија и од Парламентарното собрание на Советот на Европа.
И на крај, сакам да подвлечам дека сите пратеници кои ќе учествуваат во гласањето на нацрт-амандманите тоа ќе го направат НЕ КАКО НАШИ ПРЕТСТАВНИЦИ, туку како обични граѓани, бидејќи најголем дел од Македонците не ги гласаа на избори да ни го менуваат името и идентитетот, туку да обезбедат подобра економија во земјата, да ни обезбедат подобар животен стандрад, подобри здравствени услуги, подобро образование, почист воздух, подобар живот во секоја смисла на зборот.
Со оглед дека постапката на уставни измени го нема потребниот легитимитет, ниту потребниот легалитет, ЗА МЕНЕ ОВИЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМААТ НИКАКВО ЗНАЧЕЊЕ.
СО ИНДИГНАЦИЈА ГИ ОТФРЛАМ И ИСТИТЕ НЕМА ДА ГИ ПРИМЕНУВАМ!
04-12-2018, 09:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:Постигнат договор со Алијанса за Албанците за уставни измени

08.01.2019
Прифатени се дел од амандманите на Алијансата за Албанците и БЕСА кои беа услов за подршка на уставните измени. Промена ќе претрпи Преамбулата, а зборот „граѓани“, нема да се споменува два пати. Се брише зборот „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и се набројувауваат сите заедници.
Лидерот на Алијансата Зијадин Села е задоволен од договореното но не одговара конкретно дали ќе гласаат за уставните измени. Тоа ќе се знае на чинот на гласање.
За Владата прифатлив е амандманот кој се однесува на дијаспората и во него покрај македонскиот народ ќе бидат наведени и другите етнички заедници. Прифатливо е и Косово да биде наведено како петта држава со кога граничиме. Формално правно во овој момент не може да се разговара албанскиот јазик да биде официјален јазик на целата територија а во однос на државјанството се уште темата е отворена.
Деновиве ќе се одржат и неколку средби на работни групи на Владата и претставници на БЕСА на Касами. Нивните барања се совпаѓаат со оние на Алијансата.
Третата финална фаза од уставните измени започнува утре. ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата. Очекувањата се дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство и целиот процес ќе заврши до крајот на неделава.
Јулијана Пешевска




09-01-2019, 04:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Траат преговорите за двотретинско мнозинство

09.01.2019
Договор за обезбедување 2/3 мнозинство за уставните измени се уште нема информираат од крилото на Беса на Касами. Преговорите запнаа кај амандманот на Беса кои бараат да се избрише зборот македонско државјанство и да стои државјани на Северна Македонија. Работните групи на Владата и претставници на Беса се во  постојан контакт и незивесно е каков епилог ќе има до почетокот на пленарната седница. Од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ брифираат дека доколку се направат какви било остапки во делот на државјанството тогаш тие нема да дадат подршка на амандманите затоа што токму тоа се смета како придобивка на нашата држава при склучувањето на Договорот од Преспа. ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата и присуствува на седницата. Од пред законодавниот дом се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој соопшти дека тие нема да дадат легитимитет за менување на Уставот и дека отпорот е единственото нешто што им останува.
СДСМ смета дека ВМРО ДПМНЕ  нема да го попречи членството во НАТО и ЕУ. Оптимисти се дека уставните измени ќе имаат подршка од 80 пратеници.
И ДУИ се убедени дека третата финална фаза од уставните измени ќе го добие потребното мнозинство.
 
Јулијана Пешевска



09-01-2019, 05:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Заев и Џафери во паника: Им извиси двотретинското мнозинство, немаат доволно гласови за да го сменат Уставот?

[Image: Screenshot_20190109-185812_Chrome-960x556.jpg]


09.01.2019
Одложена за утре е седницата на која денес требаше да се гласаат уставните измени во Собранието на Република Македонија.
Владејачката СДСМ беше убедена дека над 80 пратеници ќе гласаат ЗА, со што ќе го обезбедат двотретинското мнозинство кое е потребно.
Пред пратениците се обрати премиерот Зоран Заев, каде тој побара од пратениците да дадат поддршка за уставните измени, велејќи дека со тоа ќе помогнат за прогресот на Македонија кон НАТО и ЕУ, а во обратен случај би довеле до изолација.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по говорот на Заев, на изненадување на сите, ја одложи седницата велејќи дека им дава на пратениците време да го прочитаат резимето на премиерот. Овој потег изгледаше како паничен обид да се купи време и да се избегне она што тие сигурно не го посакуваат-недоволно гласови.
Пред да дојде оваа точка на дневен ред, владејачкото мнозинство се “преброи“ при гласањето за точките за усвојување на дневниот ред. Резултатот не им се допадна.

[Image: Screenshot_20190109-185929_Chrome-1-480x277.jpg]
Од 97 присутни пратеници, ЗА гласаа 78. Се уплашија ли Џафери и Заев дека и за уставните измени нема да имаат 80 гласа, па побрзаа да си купат уште еден ден за убедување или други мерки со кои би дошле до потребното мнозинство?
Изгледа СДСМ и ДУИ не ја добија доволната поддршка од народните избраници, па двотретинското им виси на конец.
Заев ова го покажа и во дел од својот говор каде им се заблагодари на пратениците кои ќе гласаат ЗА уставни измени, а имаше и паничен обид да ги предомсили останатите да гласаат за реализација на штетниот договор со Грција.
Паниката кај првите луѓе на македонската Влада и македонското Собрание е сигурно поголема бидејќи се соочени со резултатите од референдумот каде граѓаните со бојкот кажаа дека промена на името не дозволуваат.
09-01-2019, 11:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Љубчо Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ да му даде два гласа на Заев за да престанат уцените од Албанците



09.01.2019
Поранешниот Премиер на Република Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски вечерва гостуваше на ТВ 24 и направи ретроспектива на спорот за името, но и потсети колку години сме загубиле напразно, бидејќи тој уште во неговиот мандат сакал да го реши овој спор, но тогаш СДСМ се противеле.
“Сега дојдовме во ситуација Албанските гласови да бидат клучни и тие да се во позиција да уценуваат со дополнителни измени во уставот на Република Македонија. Сето ова е како резултат на тактизирањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со својот рејтинг, наместо да бидат државотворна партија”, потенцираше Георгиевски.

Тој даде предлог како да се разреши најбезболно оваа ситуација:
“ВМРО-ДПМНЕ, доколку е загрижена навистина за Република Македонија и тоа Македонскиот народ да добие што повеќе од овој договор, треба да му даде два гласа на СДСМ и да ја разреши оваа ситуација, во која Албанските партии, во случајов БЕСА, се во позиција да уценуваат.
Бидејќи, што ќе добие ВМРО-ДПМНЕ и Македонскиот народ ако Заев биде притиснат дополнително да даде нови отстапки? Ништо, само ќе имаат аргумент плус да кажуваат дека направил предавнички договор, но ние сите ќе бидеме зијан”, рече Георгиевски.




Стиска јако тоа менгемето на УДБа, па така секој полжав (лигуш) си ги покажува роговоте, односно ја пее песната што УДБа ке ја нарача!
(This post was last modified: 10-01-2019, 04:47 PM by ЈорданПетровски.)
10-01-2019, 12:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:Зоран Заев вечерва за ТВ Сител одговори дали има 80 пратеници

09.01.2019
Премиерот Зоран Заев, вечерва во интервју за Сител објави дека двотретинско ммнозинство во моментов нема, а дали ќе има ќе се знае на самиот чин на гласање. Сепак изрази верување дека целиот процес ќе помине и во Македонија, но и во соседна Грција, бидејќи двете земји сакаат конечно да се стави крај на речиси тридеценискиот спор.
Појасни дека секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство.

Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство. Истакна дека целиот процес на уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа е инклузивен.
Нагласи дека барањата на Алијансата на Албанците биле од технички аспект и тие се прифатени, а во однос на останатите барања, за кои се разговара, појасни дека се бара најдоброто решение за граѓаните од албанско етничко потекло.
-Во однос на останатиот дел за кој се разговара апсолутно се бара решение, затоа што во државјанството пишува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, да не бидат номинирани како Македонци оти се Албанци, а сепак се граѓани на Република Северна Македонија или досега Република Македонија. Во една ваква констелација верувам дека ќе изнајдеме решение, тука се бара начинот, истакна Заев.
Во врска со незадоволството на оние кои протестираат, на опозицијата, на граѓаните од дијаспората и дали доколку се врати назад повторно би го прифатил Договорот, Заев одговори дека Македонија 27 години се обидувала да се реши прашањето и оти од таа гледна точка сега конечно е направен обид да се затвори прашањето.
-Ќе имаме држава признанеа од сите, народ, кој никој повеќе не го спори, македонски јазик признаен од сите, нешто за што се бореле нашите татковци, дедовци и прадедовци. Конечно немаме билатерално прашање отворено со никој, вели тој и додава дека е мала бројката на оние граѓани кои се противат, а опозицијата која не го прифаќа ова решение не нуди никаква алтернатива.
Со Договорот, додаде Заев, се заштитува Македонија во едно време кога се решаваат прашањата на Балканот.
10-01-2019, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33






Quote:На вториот ден од протестите пред Законодавниот дом

Бачев: Тројца пратеници се заклучени во Собрание и врз нив се врши невиден притисок

Тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени, обвини лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.


[Image: mkd-404982.jpg?itok=CAiP7qNv]

10.01.2019
„Имаме информации дека седницата е одложена бидејќи тројца пратеници не сакаат да ги прифатат барањата на Беса и одбиле да гласаат, сега тие тројца пратеници се заклучени во Собранието, каде што е дојден и Дејвид Стивенсон и врз нив се врши невиден притисок", изјави пред демонстрантите Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија.
Тој го повика Јавниот обвинител веднаш да дојде во Собранието бидејќи се случува државен удар, ни и претседателот Иванов, бидејќи човек на американската служба, односно Стивенсон е присутен во Собранието и врши притисок врз пратениците.
Група граѓани и покрај студното време и снегот и денеска излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните измени. Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство".
На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира", „Христијанско братство", партијата „Единствена Македонија", „Твордокорни".
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.
(This post was last modified: 10-01-2019, 03:11 PM by ЈорданПетровски.)
10-01-2019, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Беса против македонско државјанство – не попушта


January 10, 2019
[Image: d0b1d0b5d181d0b0-d0b8d181d0bfd180d0b0d18...C392&ssl=1]

Ни денеска не е постигнат договор околу барањето на Движењето Беса која се противи државјанството да биде македонско бидејќи тоа не било прифатливо за Албанците.
Од друга страна, премиерот Зоран Заев не прифаќа во Уставниот закон државјанството да биде определено како : „државјанство на Македонија/државјанин на Република Северна Македонија, како што бара Беса.
Какко што дознава Алсат, Беса прифатила дека  македонското државјанство е валидно за Македонците, но не и за Албанците.
10-01-2019, 04:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:СЕДНИЦАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОДЛОЖЕНА ЗА УТРЕ ВО 12 ЧАСОТ, УШТЕ СЕ ПРЕГОВАРА СО БЕСА НА КАСАМИ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
[Image: demonstranti.jpg]


10.01.2019
Седницата што требаше да почне во 13 часот, не почна затоа што нема двотретинско мнозинство оти уште се преговара за барањата на тетовското крило на Беса на Билал Касами; - од протестите на „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ (Фото: К. Попов)

Собраниската седница за уставните измени согласНо Договорт од Преспа со Грција, по неколку денешни одложувања, конечно е одложена за утре во 12 часот. Неофицијално, седницата што требаше да почне во 13 часот, не почна затоа што нема двотретинско мнозинство оти уште се преговара за барањата на тетовското крило на Беса на Билал Касами.

[Image: mickoski-sobranie-2.jpg]

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше на протестот пред Собранието (Фото: К. Попов)
Пред Собранието и денеска протестираат од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“, а на посебна импровизирана бина  говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски, во придружба на дел од партискиот врв, повторно ги одби уставните измени за кои смета дека ќе донесат промена на уме и на идентитет на македонската нација. Рече дека ги разбира оние пратеници кои ќе гласаат за уставните измени оти се уценети и притиснати, ама не ги оправдува и рече дека единствениот политички противник на ВМРО-ДПМНЕ е Зоран Заев и СДСМ. Тој го обвини Заев дека тргува во Парламентот за да обезбеди 80 пратеници за промена на името на земјата.

Премиерот Зоран Заев денеска за преговорите со Беса на Касами рече дека се разговара околу техничката формулација на државјанството „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“ во уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа. Како што кажа Заев, станува збор за игра на зборови.

„Во делот на процесите на преговорите повеќе учествувам како претседател на СДСМ. Да не бидат лошо пренесени пораките во јавноста, уште еднаш ќе кажам дека БЕСА е принципиелно поставена, како што се и осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои се први, не е единствени, заштитници на идентитетот македонски. Суштината на БЕСА е преку формулацијата ’македонско/граѓани на Република Северна Македонија‘ да не се остави впечаток дека Албанците Турците, Србите Власите Бошњаците и Ромите ќе бидат Македонци. Се изнаоѓаат техничките аспекти на решението. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. БЕСА не бара да се смени идентитетот. Како државјанството за сите да биде ’македонско/граѓани на Република Северна Македонија‘, а сепак Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, бидејќи не се Македонци. Македонците не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бара да биде загрозен идентитетот. Истовремено, па и ние Македонците немаме намера нечија етничко припадност или етничко чувство да го нарушиме. Во тој дух се движат разговорите. Играта на зборовите е важна. Ќе се обидам да ги парафразирам зборовите: ’маќедонис‘ не е исто како ’македоник‘, на албански како се преведува, дали си Македонец или си ’на Македонија‘. Ако бидеме креативни ќе го најдеме решението, како тоа да биде формулирано“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешното доделување на првиот сертификат за овластен економски оператор, и не даде конкретен одговор дали ќе има двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени на денешната седница во Собранието.
Осуммината независни пратеници, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ откако гласаа за потребата од донесување уставни измени, се против барањата на Беса.
Г. ТРПЕНОСКИ
(This post was last modified: 10-01-2019, 04:55 PM by ЈорданПетровски.)
10-01-2019, 04:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ против барањата на БЕСА: Со Грција се договоривме, а не можеме меѓу нас

[Image: iskluceni-pratenici-696x343.jpg]

10.01.2019
Пратеничката група, составена од осумтемина пратеници на опозицијата кои гласаа за отворање на Уставот, е против барањата на БЕСА. Од таму сметаат дека не треба да се менува она што е Договорено со Грција, односно дека треба да остане државјанството „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.
Доколку се прифати барањето на БЕСА, да се избрише „македонско“, осумтемина пратеници најверојатно ќе се повлечат и нема да ги поддржат уставните измени.
-Не отстапуваме од она што е од договорено со Грција, односно државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Тоа е нашиот краен став. Тоа е најголемата придобивка и јакнење на идентитетот. Со Грција се договоривме, сега ќе го распрчуваме договореното меѓу нас – велат од пратеничката група со која координира пратеничката Елизабета Канческа-Милевска.
Премиерот, Зоран Заев, денеска изјави дека државјанството ќе остане онака како што е договорено со Грција. Сепак седницата која на дневен ред ги има амандманите беше пролонгирана за 15.00 часот, а шпекулациите се дека пратениците на Билал Касами не отстапуваат од своите барања.
-Не прифаќаме никакви отстапки во имплементацијата на Договорот кои се однесуваат на државјанството и тука нема дискусија. Не прифаќаме никакви чепкања во уставниот законик во однос на преговорите, а кои би се однесувале на државјанството – велат од независната пратеничка група за „Фокус“.
М.В.
10-01-2019, 05:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Quote:Мицкоски се обрати пред Собрание: Ветуваа брда и долини, а Заев се колнеше во најмилото дека нема да го промени Уставот!

10.01.2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на присутните демонстранти пред Собранието. Според него, Заев ја измамил македонската јавност, кога се колнел во најмилото дека нема да го промени Уставот на Република Македонија.





„Ќе остане запишано дека оваа неправда на народот, ја прават оние кои ветуваа живот, брда и долини. Тоа го правеа само да се доведат до власта, измамнички и за да го направат тоа што го прават денеска. На власт се доаѓа со труд и посветеност. Единствен билет за останување на власт е оваа промена на името и иденитетот. Тој билет не е за народот, туку за власта. Се колнеше Заев во најмилото дека Уставот нема да го смени. За тоа ли се колнеше? Овие луѓе се измамници и така опстојуваат на власт, без чест и образ-ѓон. Сето ова почна преку насилен избор за претседател на Собранието и не победија на парламентарните избори. Дадоа гаранции дека нема да го менуваат карактерот на државата. Рекоа дека нема да го менуваат уставното име, а луѓе заглавија во затвор, поради тој 27 април“, истакна Мицкоски денеска на своето обраќање.
10-01-2019, 10:34 PM
Reply