Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДЕНЕШНИВЕ НАТОВЦИ НА ЗАЕВ ЈА ПАЛЕЛЕ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Подземната мрежа на СДСМ


Останува нејасно зошто американски амбасадор Лоренс Батлер, кој обожуваше да дели лекции на обвинителството и судството, дури изготви и 'црна листа' на судски случаи со маратонски тек, никогаш не го спомена предметот 'палење на американската амбасада', со на чуден начин забошотените кривични и прекршочни пријави.  А само од неколку написи во весниците последниве неколку недели, на директни учесници или инсајдери, може лесно да се склопи мозаикот. Ликот што излага е 'државникот' Бранко Црвенковски, разузнавачот Зечевиќ, 'осата' Бојчевски и надлежен за судството- Бучковски. Пироманот ќе треба да го идентификува Еско.

Пишува  Јадранка КОСТОВА

Можеби јавната преписка меѓу СДСМ-овските великодостојници околку  одговорноста на Бучковски за изборниот пораз ќе потраеше уште троа време, барем како што ја затераа амбасадорските дејци Ѓорѓи Спасов и Љупчо Јордановски доколку на теренот не истрчаше и претседателот на скопските социјалдемократи Есад Рахиќ. Влегувајќи во играта, Еско збрца 'тројка' со цел список на валканици врзани за криминалната транзиција, а кои јасно и недвосмислено беа упатени преку Спасов и на најтесната СДСМ-овска врхушка. И она што е занимливо, како трендовски стил, сите пикантерии беа дадени во прашална форма. И така, всушност серијалот прекина предвреме. Веќе никој не се огласи. Ниту прозваниот Спасов одговори на прашањата. Ниту пак Еско прифаќа да ги елаборира барем со подпрашања за Фокус. Иако сдсм-овски е 'некој прашања да не заслужуваат одговор', сепак на маса беа извадија сериозни 'рабоќе'. Но, евидентно е дека тоа и беше целта- сал да се испрати порака, и тоа предупредувачка, за се она што може да биде обелоденето доколку противниците на Бучковски продолжат да 'џавкаат'. И наеднаш веќе спласнаа дури и медиумските информации од 'доверливи извори' дека се спрема смена на Бучко. Дотука, Еско си ја заврши работата.
Секако, циркусот да биде покреативен се погрижи и ВМРО ДПМНЕ. Новиот пратеник Влатко Ѓорчев побара Јавното обвинителство да ја провери вистинитоста на изјавите на Рахиќ што се однесуваат на криминални активности за време на ембаргото кон СРЈ, како и палењето на Американската амбасада во Скопје во 1999 г, за кои Еско покажа дека знае побајаѓи. Велам циркусот, зашто да се бара од Александар Прчевски и Стерјо Зиков да испитуваат сдсм-овски марифетлуци е рамно на научно фантастика. Но, со оглед на тоа што времето на Груевски топрва, нели, доаѓа, ајде да видиме што ќе сторат новите дечки за расчистување на овие темни петна од нашата понова историја.

ПРАШАЊА ЗА ЗАМОЛЧУВАЊЕ

Сега за сега, овој случај само уште еднаш потврди како функционира македонското транзиционо општество. Ќе се чудите зошто институциите не реагираат на сериозни теми, обвиниувања и индиции? Зошто обвинителството се пали на поситни аферчиња, а не и на сериозни скандали? Зошто медиумите доследно игнорираат одредени криминални случаи? И одговорот секогаш ќе го пронајдете во постоењето на инасталации на СДСМ во сите овие сегменти, што наликува на своевидна 'алкаеда'. Впрочем, без оглед на замолчувањето на Рахиќ после писанието му во Шпиц, останува на хартија дека и тој се согласи дека постои една подзамна структура чије раскринкување е неопходно. Од друга страна, се виде дека во СДСМ секој за секого понешто знае, непријатно, но тоа ќе се употреби колку за замолчување на противникот. И тоа е веќе видено.  
Сетете се само како контроверзниот разузнавач Зоран Верушевски, човекот од доверба на Црвенковски, во јануари годинава јавно обнароди дека му се подготвувала 'ликвидација од мафијашки структури што се занимавале со шверц со нафта и цигари'. И она што е уште позанимливо е дека фамозниот Веруш тогаш се закани дека ако не престане хајката против него, ќе ги отворел картите и ќе обелоденел многу работи. Патем и лично му предаде докази на обвинителот Прчевски, каде што имаа двоипол часовен муабет. Заканата со 'отворање на картите' упали. Скандалот експресно се издиша, а Веруш замина во конзулатот во Италија. За таму пак се знае чиј благослов ви треба. Ем од премиерот Бучко, ем од претседателот Бранко. Благодарам на прашањето, ама за материјалите предадени кај Прчевски ич не се секирајте. Веројатно си седат спокојни без никој да ги закачка. Неговиот, пак, син Александар Верушевски, иако требаше да се јави на 12 јули за издржување на двегодини затвор, остана недостапен за органите. И толку.
Во сличен дух беше и епизодата 'Латас версус Бучковски' и тоа неколку денови пред петојулското гласање. Откако премиерот го оквалификува како 'лидер на србизацијата во Македонија', Драган Павловиќ Латас преку 'Вечер', каде што е главен уредник му наведе дузина пикантерии во стилот 'империјата го возвраќа ударот'. Од сето тоа можеше да се заклучи дека Латас бил ептен близок до СДСМ-овската врхушка, дека знае многу, особено за врските со српските служби токму на Бучковски. А и во ова препирка палењето на американската амбасада се најде како тема. Сите овие детали секако беа спакувани во прашална форма, онака како што постапи и Еско контра Спасов. Со тоа што Латас на крајот од мега-прашалникот ќе навести дека после одговорите ќе следуваат нови прашања ама и документи. И оп, се скина лентата. Немаше ниту одговор, ниту документи. Напротив, Бучковски на еден ТВ настап уште го пофали Латас како успеал да издејствува три пратенички места за социјалистите на Ѕинго, сега како близок до Груевски, па дури и јавно му честиташе. Инаку 'евро-прашалникот' со латасов потпис не ги превзеде дури ни неговиот втор медиумски дом- ТВ Сител, а за другите медиуми ич муабет да не правиме.

КОПРОДУКЦИЈА НА СДСМ И КОС

Во секој случај, ваквите размени на пораки дадоа доволно штоф за обработка на одредени настани. Да го земеме за илустрација скандалозното палењето на американската амбасада во Скопје во 1999 година. Ем станува збор за најмоќната држава, ем за наш, нели стратешки партнер, а од друга страна нема никаков интерес да се расветли 'кој го тоа направи, дами и господо', што би рекол Ѕинго. Штом се забошотува, според нашето непишано правило, ќе да е во дешавката инволвирана оваа СДСМ-овска подземна структура. Впрочем, медиумскиот интерес е под нулата, а и обвинителско-судскиот- исто така. И еве, сега, кога дојде до расцеп на дворот, 'деталите' се користат колку да 'прими к знању' другата групировка дека 'имаме и ние коњ за трка'.
Да појдеме во анализата од уметничкото прашање на Есад Рахиќ до Ѓорѓи Спасов: Кој е пиротехничарот од краткиот документарец 'Спонтано палење на Американската амбасада'? Значи и Еско го знае, ама и Ѓорѓи го знае потпалувачот, ама ете нејќат да го споделат со нас ова драгоцено сознание. Сепак, барем е јасно дека двајица врвни функционери на СДСМ го знаат 'батката'. Дека оваа инсценирана 'спонтана' акција е крчкана во 'Бихачка' потврдува уште еден инсајдер- Латас. А дека и тој е дел од филмот се гледа од следново негово прашање до Бучковски: 'Дали е негова лична одлука или сугестија на југословенските служби, кон крајот на мај 1999 г. на состанок со Црвенковски, на кој присуствував и јас (Латас, н.з.) да инсистира на свикување на голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори? Дали потоа таков митинг е одржан?- го допрашува Латас. Еве, и овде школски да логицираме. На состанокот во мај '99 г. меѓу Бранко, Бучко и Латас, паднало идејно решение за анти НАТО митинг. Ќе да се авторските права на Бучко, ако е според Латас. Дилемата е дали е автентична или од српски 'произход' е сал привидна. Според оваа верзија, Бучковски понатаму е кој ургирал во судот за да се забошотат пријавите за 9 лица, кои учествувале во палењето на амбасадата, од кои 7 се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот партнер-партијата на Иван Стоиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Прашањето пак: Дали потоа случајот е навистина забошотен, е излишно затоа што барем тоа е неспорен факт. Ниту кривичните ниту прекршочните пријави немаа судски епилог. А ваква моќ врз судството може да пројави сал СДСМ и нивната мрежа без оглед кој персонално се јавил со урегенцијата.  
Но скандалот 'амбасадата во пламен' барем во сценаристичкиот дел уште пред неколку недели преку серијалот во Шпиц ја дополни и Јанко Бачев, кој во време на случката работи во ДБК. Неговата верзија за Фокус ја потврдија и други фактори кој работеле на настанот. И тој се согласува со тезата за српско замешателство, па за ФОКУС вели дека документарецов 'палење на амбасадата' е реализација на тајниот центар на СДСМ  во копродукција на безбедносните структури од Белград и инсталациите на КОС во македонската СДБ, и тоа во мошне чуствителниот период на големо антинатовско расположение поради нападите врз СРЈ'. Сепак Бачев ги збогатува мотивите, па покрај дигање рејтинг (Бучковски според Латас), ќе наведе и дека важна улога имала и 'суетноста и осветољубивоста на Црвенковски, кој беше незадоволен од тоа што во тој период американскиот амбасадор Кристофер Хил имаше одлични односи со премиерот Георгиевски'.

ЗЕЧЕВИЌ АНИМИРА, БОЈЧЕВСКИ АКТИВИРА

Но еве ја веќе објавената верзија на Бачев, со уште некои дополнителни детали :
- Легендираното покритие за реализирање на сценариото беше организирањето протестен митинг на Србите во Македонија. Црвенковски притоа дава виза членството на СДСМ да се активира за учество на овој протест. За овие детали ќе биде задолжен Миле Зечевиќ, сегашен директор на СДБ, инаку со силни семејни релации со луѓе од југословенските безбедносни структури. Сценариото перфектно ќе функционира. Во даден момент голем број граѓани ќе дојдат пред амбасадата на САД за насилно да влезат во неа. Во тој момент тајните структури на СДСМ во СДБ, кои цело време се на врска со т.н.оперативен штаб на опозицискиот СДСМ, кој го раководи Црвенковски со своите тогашни најблиски партиски соработници, оценуваат дека е потребно да се изнајде начин еден дел од полицискиот кордон пред амбасадата да се повлече, а останатите да се пасивизираат и да не го попречуваат народот да влезе во амбасадата. Црвенковски му издава таква наредба на Бранко Бојчевски, кој е дел од оперативниот штаб на СДСМ. Бојчевски, пак, му се јавува на својот човек Борко Марковски од скопската полиција, кој раководи со полицијата пред амбасадата, и му ја пренесува наредбата. Истовремено, специјални лица од СДБ од порано веќе инсталирани во службата преку свои агенти шират психолошка пропаганда помеѓу полицајците во стилот 'кого браните', 'оваа предавничка влада е готова' и слично. Во еден момент добар дел од полицијата и ќе потпадне под оваа психолошка пропаганда и фактички самите полицајци обилно им помагаат на 'демонстрантите' да ја прескокнуваат високата ограда со тоа што прават 'живи' скали за да прескокнуваат 'демонстрантите'. За да биде 'легално' повлекувањето на дел од полицијата од пред амбасадата, смислена е варијанта дека е потребно да се одведе дел од полицијата пред хотелот 'Александар Палас' за, наводно, да се заштитат возила на странските претставништва од 'разулавената' маса граѓани- ги објаснува  Бачев улогите на главните актери.
Од ова се гледа дека тајната мрежа на СДСМ функционирала перфектно и кога биле опозиција. Имаат свои луѓе во полицијата, свои кадри во судството да заташкаат, и се разбира свои новинари на битни уреднички места за да се прават мутави дека овој скандал беше во нивна режија. А и ефектите нели им биле добро пресметани. Со еден куршум повеќе зајаци: ем одмазда кон Хил, ем девалвирање на новата вмро-овска власт која се покажа некадарна да ја заштити американската амбасада, ем малку да си кренат рејтинг шлепајќи се на емоциите на населението на антиамериканска основа заради воената кампања против Србија. Што би рекол Латас, така Бучко, Бранко и он на состанок проценувале. Еско пак го знае и пироманот, ама ете за сега не го кажува. Потоа задачата во обвинителството и судот ја одработува Бучко и филмот добива 'хепи енд'.

ЗОШТО МОЛЧЕШЕ БАТЛЕР?

 Но Бачев укажува на еден особено важен момент од палежот на амабасада  кој сугерира дека 'сдсм-овскава алкаеда' поседува современа техника.   
 - Најинтересно во случајов е што во еден момент настапи целосна блокада на сите полициски комуникациски средства (радиостаници-телефони), кое нешто траеше околу шеесетина минути. До ден-денес не е расветлен овој многу битен момент, односно, кој е тој субјект што во критичниот момент имал таква извршна или технолошка моќ и знаење да го блокира системот за комуникации во МВР и да направи невидена диверзија во системот на комуникација, токму во моментот кога беше потребна непрекината и постојана врска помеѓу припадниците на МВР.
     Овој детал, за прекин во комункациите, телефонски ни го потврди и Павле Трајанов, кој тогаш беше Министер за внатрешни работи. Инаку дел од заслужните кадри во подготовката и реализирањето на овој 'филм' веднаш по смената на власта беа унапредени. Марковски доби чин на полициски генерал, Бојчевски стана директор на јавна безбедност, а Зечевиќ е сега главен на Управата за безбедност и контраразузнување.  Сепак, заслужува внимание податокот дека снимки од протестите И учесниците ги има и американската амбасада. Останува нејасно зошто, барем ревносниот американски амбасадор Лоренс Батлер, кој обожуваше да дели лекции на обвинителството и судството, дури изготви и 'црна листа' на судски случаи со маратонски тек, никогаш не го спомена овој предмет, со на чуден начин забошотените кривични и прекршочни пријави.  
Ете, само од неколку написи во весниците последниве неколку недели, на директни учесници или инсајдери, како може да се склопи мозаикот. Ликот што излага е 'државникот' Бранко Црвенковски, разузнавачот Зечевиќ, 'осата' Бојчевски и надлежен за судството- Бучковски. Пироманот ќе треба да го идентификува Еско. Се разбира, доколку се покрене сериозна истрага може некои работи да бидат нешто поинакви, или пак постојната да се дополни со нови детали. Важно дека сите досега објавени наводи, некои преку прашања де, не беа демантирани. Скандалозното палење на американската амбасада од 1999 г. барем може да биде тест за новата власт колку има воља да расчисти со оваа подзамна структура, за што иницијатива преку Фокус веќе покрена нивниот коалиционер, либералот Стојан Андов.
Д-р Миодраг Лабовиќ кој долги години работел токму во МВР, бил и главен републички инспектор за организиран криминал и корупција, а сега веќе е професор на Факултетот за безбедност, значи човек И со практично и со научно- теоретско искуство, ги лоцира причините за оваа 'алкаеда' на следниов начин:   
- Генералниот концепт на системски корумпираната политика и концептот на медијаторната политичка корупција имаат свои специфични облици во Македонија изразени преку концептот на организирање на државата како профитно друштво и концептот на практикувањето на власта како партиска и лична сопственост. Впрочем, тоа се ненародните и антимакедонски концепти на владеење што ги промовираше и наметна Б. Црвенковски токму преку тајните структури за кои зборува г-динот Андов. Ваквите концепти на владеење систематски продуцираа системско-ендемски размери на корупцијата во нашето општество, буквално разјадувајќи ги сите сфери на јавниот живот, по вертикала и хоризонтала. Знаете ли што значи тоа сега? Нема полоша состојба од оваа кога речиси сите поединци во едно општество, освен секогаш присутните пречесни исклучоци, суптилно се принудени или навлечени во тој маѓепсан круг на корупцијата заради одржување на елементарната егзистенција за себе и својата фамилија. Сите ние, сакаме да признаеме или не, станавме, помалку или повеќе, 'подржувачи' и 'тајни' агенти на посочените структури, без воопшто да сме свесни за тоа, без воопшто да сме имале било каков контакт со било кого од овие структури- вели Лабовиќ.
Но, за методите на работа на оваа подземна мрежа, во следниот број на ФОКУС.



Quote:Јанко БАЧЕВ:

ИМАМЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА 30-СЕТИНА КРУПНИ КОДОШИ

Екс разузнавачот Јанко Бачев, сега претседател на Народното движење целосно ја подржува идејата за расчистување на улогата на тајната полиција во демократска Македонија и во таа насока да се формира собраниска комисија на вистината која јавно ќе ги објави соработниците на тајната полиција. При тоа, тој го нуди и целокупниот материјал со кој располагаат, а особено за 'крупните кодоши':
- Во однос на т.н. крупни кодоши на тајната полиција, ние во Народно движење за Македонија располагаме со список на триесетина лица, но, во моментов, од разбирливи причини не ги објавуваме оти овие крупни кодоши во моментов се добро заштитени со закон што не смеете во јавноста да им ги споменете имињата, бидејќи ќе се соочите со казнена одговорност за нарушување на нивниот 'углед'. Затоа, најискрено посакуваме во собранискиот дом Андов да ја преточи спомнатата идеја во законски текст, затоа што јавноста има право да ги дознае соработниците на тајната полиција од општествената елита во Македонија, односно, и т.н. крупни доушници од редот на олигархиските бизнисмени, банкари, новинари, универзитетски професори, писатели, министри поранешни и сегашни, политичари од власта и од опозиција и слични. Инаку, добар дел од овие 'признати и угледни' личности со висок статус во државата, од самите почетоци на својата кариера се во соработничка врска со тајната полиција и всушност токму овие релации за добар дел од нив ќе бидат основа за градење на висок општествен статус.




Quote:Д-р Миодраг ЛАБОВИЌ:

СПЛЕТКАРОШКИТЕ ВЕШТИНИ НА ЦРВЕНКОВСКИ ИМАА ПОГОДНО ТЛО

Според Д-р Миодраг Лабовиќ откривањето на соработниците на тајната полиција од 1945 до 1990 е актуелно прашање, и поради таквиот тренд во посткомунистичките земји, но и од хумани, цивилизациски, па дури и идеолошки причини. Сепак смета дека на ова прашање треба да се пристапи со максимална претпазливост, поради понекогаш тенденциозно фабрикувани  материјали, кои што не секогаш можат да бидат проверени.
За него е многу поинтересен феноменот на 'тајната подземна мрежа' од осамостојувањето до денес:
- Г-динот Андов во основа точно, иако делумно површно го лоцира проблемот кога вели дека една подземна, тајна структура, врзана пред се за Бранко Црвенковски ги контролира судовите, обвинителствата, добар дел од медиумите, финансиските институции. Тој точно констатира дека овие структури не се автономни, туку се врзани регионално од времето на 'комунизмот' и оној 'мафијашки' период од времето на Милошевиќ. Не знам зошто испуштил да ја спомене и спрегата меѓу домашната криминална бизнис олигархија и политичките елити, како клучен фактор во функционирањето на оваа тајна мрежа којашто ги кординира и контролира најзначајните процеси во Македонија. Како и да е, ваквиот пристап на лоцирање на проблемот е релевантен за употреба на аналитичко-оперативно и конкретно-персонално ниво, со оглед на тоа што тој останува само на надворешните, манифе¬ста¬циони облици на анализирање на појавите, процесите и односите што ја кочат Македонија и не и даваат да се одлепи од дното. Меѓутоа, ако се обидеме подлабоко да ги анализираме работите, не сум склон да верувам дека на Б.Црвенковски, би требало да му препишеме толква невообичаена способност и моќ, затоа што во сплетот на околностите во кои што тој тогаш се најде, неговата инаку, неспорна политикантска вештина и сплеткарошка способност најде погодно тло да дојде до целосен израз поради многубројните специфични детерминирачки фактори на македонскиот досегашен неуспех.



Quote:Д-р Ѕвонко ЈАНКУЛОВСКИ:

ДА ГИ СОГОЛИМЕ ОВИЕ ТРАНЗИЦИОНИ СТРАШИЛА

И д-р Ѕвонко Јанкуловски е ЗА обелоденување на имињата на соработниците на тајните служби, по примерите на Хрватска, Словенија, Чешка, Унгарија. А меѓу нив, се согласува, има академици, научници, политичари, амбасадори, уметници, писатели, па дури и новинари, кои маскирани во човечки облик го загадија демократскиот амбиент во независна Република Македонија. Затоа на новата власт и предлага под итно реформа на тајната полиција:
- Но за да успее сето ова системот мора да се ослободи од мрежата доушници за која опоменува Андов. Од онаа тајна мрежа манипуланти со луѓето, нивните стравови и судбини, која се активира секогаш кога треба да се освои, оддржи или по потреба сруши власта и слободномислечките поединци. Колку побрзо ги соголиме ваквите транзициони страшила, побрзо ќе го амортизираме стравот кај граѓаните и ќе го демистифицираме минатото, кое за жал, како што вели Андов, е наша сегашност. Затоа време е некои луѓе да се соочат самите со себе и со народот.
(This post was last modified: 03-08-2018, 02:09 AM by ЈорданПетровски.)
03-08-2018, 02:06 AM
Reply