Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧАЈ САЗДОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Обвинителството ќе ги гони тројцата осомничени за свирепо убиство на Никола Саздовски

[Image: obvinitelstvo-696x365.jpg]

Против тројцата осомничени за насилство извршено на 29 јуни во Автокоманда во кое почина младиот Никола Саздовски ќе се води истрага за свирепо убиство, соопшти Основното јавно обвинителство кое изврши преквалификација на кривичното дело за кое претходно беа осомничени три лица.
Соопштението го пренесуваме интегрално:
„По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка.
Имено, наместо за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело Убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
Ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални и материјални докази, односно беа испитани повеќе сведоци, беше прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судскомедицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.
Ова вештачење беше доставено во обвинителството на 16 јули 2018 година и од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај лицето Н.С., а се утврдува и причинскопоследичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход.
Одлуката за преквалификација на кривичното дело можеше да се донесе само откако јавното обвинителство ги обезбеди сите релевантни докази, меѓу кои и судско медицинското вештачење, и откако ги утврди фактите кои произлегуваат од тие докази.
Истражната постапка против тројцата осомничени ќе продолжи за кривичното дело убиство. Пред да биде донесена јавно-обвинителската одлука, двајцата осомничени кои се наоѓаат во притвор во Затворот Скопје ќе бидат доведени пред надлежен јавен обвинител за да дадат своја одбрана за ова кривично дело.
За третиот осомничен кој се уште е недостапен ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница.
Воедно, надлежен јавен обвинител во текот на истражната постапка, продолжува да презема и други истражни дејствија, меѓу кои ќе издаде и наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени“, соопшти ОЈО.
17-07-2018, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Под “соживотот” се крие страшна омраза – пишува Горан Момироски (ФОТО)





[Image: Screenshot_20180717-122745.jpg?resize=696%2C392]


17.07.2018
Вчерашниот протест на “Комитите” кои побараа правда за убиениот Никола Саздовски откри досега невидено ниво омраза меѓу Македонците и Албанците.
Страшната негативна енергија експлодираше за време на преносот во живо на протестот од страна на порталот А1ОН.
Јасно е дека не сите Албанци во Македонија размислуваат на ваков начин кон Македонците ниту пак сите Македонци ги мразат Албанците но самата омраза изразена без никаков страв од институциите, без страв од критика од “своите” покажува дека омразата има сериозна подлога во општеството кое што е толерантно за насилството на интернет.
Омразата не беше упатена само до “Комитите” или “Шверцерите” со што ќе можеше да се тврди дека се работи за навивачка пресметка.
Искажаната омраза беше насочена кон цели народи, мајки, сестри а како што ќе прочитате не се работи за банални пораки туку се користи дури и зборот смрт и тоа за цела нација.
А најстрашно е што интелектуалците и политичките лидери молчат и мислат дека ќе се спасат кога утре омразата ќе доминира на улиците.
Очигледно е дека не научивме ништо ниту во 2001, нити со малиот Алмир ниту со Саздо.
П.С.
Доколку навистина сака да спречи нешто пострашно МВР има законски можности да го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи што по дефиниција со време ќе се претвори во реално насилство. Ако воопшто сака и добие дозвола од племенските водачи во шумата Македонија.

Фотот: Принтскрин А1ОН видео
[Image: FB_IMG_1531823244610.jpg?resize=538%2C2048]

[Image: FB_IMG_1531823385508.jpg?resize=611%2C2048]
[Image: FB_IMG_1531823400870.jpg?resize=594%2C2048]
[Image: FB_IMG_1531823418716.jpg?resize=577%2C2048]
[Image: FB_IMG_1531823459355.jpg?resize=640%2C1745]



EKSPRES.MK
17-07-2018, 07:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,366
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Таткото на Саздовски пред МВР: Да нема местенки, правдата да излезе на виделина

[Image: Tatkoto-na-Sazdo-Pravda-za-Sazdo-696x371.jpg]


17.07.2018
„Комитите“ бараа правда за Саздо, потсетувајќи дека секој човечки живот, сечие дете, па и она на полицијата која со кордони се обидуваше да ги блокира се под опасност да ги снајде истата судбина. Бараа од полицијата почесто да „покажува сила“ во Чаир, на Битпазар и Јајапаша, наместо силата да ја употребуваат само онаму каде протестираат тие или друг мирен народ. Побараа и јавното обвинителство итно да ја промени правната класификација за делото од „насилство“ во „убиство“, инаку ветија радикализирање на протестите. Побараа МВР да работи неселективно и да ги спроведува законите во целост, но и да ги заштити нив како навивачка група наместо да ги гони.
Револтот е огромен, но со ваша помош правдата ќе излезе на виделина. Да нема местенки, рече таткото на Никола Саздовски, кој се обрати пред демонстрантите на протестниот марш на „Комитите“.
-Овие луѓе позади нас не ни се непријатели, така им е наредено. Ние можеме да влеземе во судир со нив, но тоа нема да биде воопшто правилно. Бидејќи ние овде бараме правда за Никола, додаде тој.
Претходно и Отецот Ивица Тодоров се обрати пред Основното јавно обвинителство и порача дека со соодветната казна за сторителите ќе се спречи идно пролевање крв на младите во Македонија.
– Тука сме собрани со една мисла. Повеќе во Македонија да нема невини жртви, да нема убиства по македонските улици без разлика од која страна доаѓаат– рече тој. Тодоров додаде дека од овој протестен марш Македонците покажале дека имаат достоинство и почит и оти тоа го бараат и од другите.


[Image: 4.jpg]


Правда за прерано починатиот член на „Комити“, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по неколкудневна кома предизвикана по физичкиот напад врз него од страна на три лица им подлегна на повредите, побараа на вечерашниот протестен марш членовите на оваа навивачка група и другите присутни граѓани, со цел, како што рекоа вакво нешто да не се повтори.
Учесниците на маршот побараа институциите да си ја завршат својата работа професионално, да ги најдат и казнат оние кои го претепаа до смрт Саздовски, за, како што рекоа, никогаш повеќе да не се случуваат убиства по македонските улици.
Протестниот марш почна на плоштадот во Автокоманда. Оттаму, учесниците се упатија кон Основното јавно обвинителство, каде запалија и свеќи за помен на починатиот Саздовски. Маршот треба да заврши пред МВР.

[Image: Komiti-pred-MVR.jpg]

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан дали МВР го пронашло третиот напаѓач на Саздовски кој беше претепан до смрт и дали е пронајдено возилото „мерцедес“ од кое излегле напаѓачите, посочи дека возилото и идентитетот на двајца од напаѓачите е утврден уште истиот ден.
– За третиот напаѓач веќе имаме конкретни сознанија и очекуваме многу скоро тоа да се случи – рече Спасовски и појасни дека кога ќе имаат можност да го обезбедат ќе го обезбедат и ќе информираат за тоа.
Саздовски бил претепан на автобуска постојка во Автокоманда, пред десеттина дена, по што бил хоспитализиран во Клиничкиот центар каде им подлегнал на повредите.
17-07-2018, 08:17 PM
Reply