Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Димитар Талев
Author Message
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#1

[Image: Dimitar_Talev.jpg]


Димитар Талев Петров-Палисламов (1 септември 1898, Прилеп - 20 октомври 1966, Софиjа)
Димитар Талев (бугарски: Димитър Талев) бил македонски и бугарски
писател со потекло од Македонија. По доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија, тој е затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 год. во Софија. Признаен е за еден од класичните бугарски автори од 20 век, а во 2009 година неговиот роман „Железниот светилник“ е избран на 4 место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи.

Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.

Романи

* „Железниот светилник“ (бугарски: „Железният светилник“) 1952)
* „Илинден“ (бугарски: „Илинден“) (1953)
* „Преспанските камбани“ (бугарски: „Преспанските камбани“) (1954)
* „Самоил“ (бугарски: „Самуил“) (1958)
* „Хилендарскиот монах“ (бугарски: „Хилендарският монах“)
* „Гласовите ви ги слушам“ (бугарски: „Гласовете ви чувам“) (1966)

Оште информациjа за Димитар Талев: http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B...0%B5%D0%B2
30-12-2009, 04:41 PM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#2

Обеди ништожност, Младен Србиновски

ТАНГЕНТАЛНИ ДОБЛИЖУВАЊА ДО ДИМИТАР ТАЛЕВ

1.

Творештвото на Димитар Талев е достатно иследувано, оценето и класифицирано на бугарската пирамида на стојностите: на сите вас тоа ви е подобро познато од мене и секој мој обид за некакво ново читање токму денес, на стогодишнината од писателовото раѓање, ќе биде беспотребно и невкусно. Читателската публика која одамна се насладува од Талевата зборовна магија, денес собрана во негова чест во бугарскиот национален пантеон, нормално е во вакви моменти да нема трпение за критичарски досетки на дребно. Затоа, дозволете ми повеќе да говорам преку Димитар Талев за нас, отколку нападно фалбаџиски да зборувам за него. Годините и времето не го изладија и не го умртвија неговиот романескен квартет со македонски теми: "Железниот светилник", "Гласовите ви ги чувам" и "Преспански камбани" и "Илинден" и нивното читање постојано ќе биде досег до јадрото на македонското премреже каде што клокоти лавата од емотивна возбуда. Издржувајќи неговата уметност пред проверката на Времето, нам ни останува во вакви моменти преиспитување на нашата позиција спрема Талев. Без оглед дали од многу доближување до оган се изгоруваме, или од многу оддалеченост не се стоплуваме: има ли во себе енергија, огнот пламти. Си нагрбувам на себе неблагодарна тема, но заслужува да се обидам да позборувам за односот на македонската јавност спрема Димитар Талев.

Кога бев мал, кај нас идеше понекогаш една стара жена, тетка на татко ми. Беше од оние наши жени кои ги имаме денес само во спомените. Облечена во селска облека, препашана со голем појас преку половината, при секое идење нашата тетка Милја секогаш ќе извадеше по нешто од појас за мене и брат ми: некогаш две-три бонбончиња, другпат неколку костенчиња или ореви, но никогаш со празни раце не идеше. Тоа беа скромни подароци, но постојаното нејзино внимание создаде кај мене и кај брат ми Павлов рефлекс. Дојдеше ли нашата добра тетка, ние веднаш гледавме со што ќе не изненади од својот голем појас. Сепак, најголемиот нејзин подарок беше раскажувањето приказни. Од неа ја имам слушано и прекрасната приказна за златното јаболко. Иако сум сега во период кога јас дома раскажувам приказни, на неа немаше никогаш да се сетам ако пред две години во Скопје на пазарче не купев од една Бугарка, покрај други ситни работи, и две евтини и квалитетно илустрирани приказни. Едната од нив беше токму приказната за златното јаболко. Можете да си замислите колку се зарадував кога повторно ја читав приказната што ми останала во полусвест, приказна на која сум заспивал и сум растел.

Уметникот 'рти на емотивни подлоги, но без неговиот потрес од идентификацијата со таа колективна почва, тешко е дека ќе врзе вистински плод. Тоа се долги процеси на градење на сопствената духовна адреса, инструмент со кој дешифрираме човечки судбини и преку која други нас не одгатнуваат. Одамна македонски проблем е тоа што државата, со своите инструменти, однадвор го попречува нашето идентификување со колективното духовно наследство: тоа ако и профункционира, препорачливо е јавно да не се манифестира. Емотивната подлога не е опасна, приказните на нашата неграмотна тетка не се опасни дури се обезличени, опасноста иде подоцна кога сите нив ги пронајдов низ преродбенските зборници јасно озаглавени под бугарско колективно наследство. Консументот добива преку литературата моќ да се идентификува со ликови од која и да е средина, јазик или епоха, но не може да се нема резерва спрема учени што лесно ги препознаваат другите култури, а само за својата се трудат од петни жили да ја извртат.

Уметникот го интересира исклучокот, а ние во Република Македонија во овој поглед сме еден голем исклучок. Повеќе сме интересни како ликови и тема за уметност отколку со уметноста од оваа идеолошка поетика. Можам да продолжам со овој тон и да набројам безброј примери на доживеани непријатности на лица во Македонија за јавно изразената духовна идентификација, да прејдам во патос и да заличам на Талевите ликови од романите... за идеолошкото лицемерие на ниво на дискурс сум сосема јасен: за идеологијата отаде Крива Паланка јас сум бесрамен предавник, а за идеологијата одовде Кустендил се престорувам во најчесна личност: но, проблемот нема да го погодиме ако останеме на констатацијата за двојните аршини на идеолошко оценување во нашите две држави од кои најжесток е примерот токму со Талев. Затоа е потребно да се обидам накратко да го покажам внатрешниот механизам на функционирањато на македонистичкиот "бе" комплекс што одватре не обезличува.

Давајќи му на јазикот сила на богоубиец и изустувајќи ја фамозната буква "б", дигнав рака врз идеолошкото табу на македонизмот, изговарајќи дума што на сите начини треба да ја избегнувам. Тоа е проблемот што делото на големиот Димитар Талев не може да прејде отаде Осогово: пишувајќи ја неговата Македонија и дефинирајќи ја нејзината духовност како бугарска, уште пред да биде одржавотворено идеолошкото табу на македонизмот - тој го убива. Како да ја премолчам големата возбуда од контактот со неговите книги кога во секој негов лик препознавам наши луѓе: нашата покојна тетка Милја е како пресликана во неговата Султана Глаушева.

Затоа не чудете се на гротескната сцена од мојата драма "Македонскиот Фауст" кога член од комисијата за кодифицирање на македонскиот јазик бара да се исфрли од азбуката буквата "б". Буквата "б" не беше исфрлена од азбуката, но интервенцијата беше изведена на многу подлабоко рамниште, исфрлајќи ја секојпат кога замирисува на бугарство. А може ли историски и духовно во Македонија "б" да мириса на нешто друго.

Театарските сали се погодни за авторски вообразии: на крајот на иронискиот XX век не знам дали не ќе беше подобро ако пред вас дојдев со огромна буква "б" и со помош на ларинголог да се обидувавме групно да ја изговараме.

Во моето село има еден постар човек кој по ништо не се разликува од другите, освен што не може даја каже правилно буквата "р". Да имало на времето ларинголози, можеби нешто и ќе можело да се исправи, но вака мајтапењата со неговата говорна мана направиле од него нешто неверојатно: друг човек - друго битие со друг јазик. Треба да се слушне како молневито избира зборови кај што ја нема "р" правејќи невозможни зборовни салта само да не ја спомне проклетата буква. Прочуен е неговиот опис за изгубениот црн овен кога сретнатиот соселанец го прашува: "Дали си видел небел овен со коски на главата, наместо: "Дали си видел црн овен со рогови".

Не сум стручњак да го објаснувам автоматизмот на новонаучениот јазик на посочениов кутрец кој никогаш не прави зборовни престапи и дали ја слуша несаканата буква со која секој момент е бомбардиран од околината. Фаталната буква прво ја слушал, ја научил, па откако не ја совладал, свесно ја заборава. Можете ли да го замислите него како писател. Јас можам. Македонските македонистички писатели и денес го ползуваат овој идеолошки парадокс во пишувањето. Во нашата општествена средина послушноста се покажува ако не се изустува ништо афирмативно на буквата "б": за македонските македонистички идеолошки хигиеничари Димитар Талев е целосен престап и најубаво е да се изигрува дека тој не суштествува, па макар се славел и под патронат на УНЕСКО.

Македонскиот македонист од духовниот речник прво го вади целиот корпус думи и значења на буквата "б", потоа ги треби сите букви кај другите думи во кои се содржи инкриминираната духовност, и, од тоа што ќе остане, се крпи новото тенко, дезинфицирано сознание на кое сум воспитуван и јас.

Затоа овој текст сакав да изгледа иронично и нетипично за еден ваков голем јубилеј, зашто сме одамна напикани во црната дупка на смешното, зашто сме смешно жални до болка, макар што нашите поединечни судбини изгледаат мачни и трагични.

Во времето во кое го прославуваме раѓањето на Димитар Талев, литературата се прави поинаку од што ја правеше тој: во негово време од човечката храброст и достоинство, денес од сопствената слабост и новите општествени преориентации кои ќе повлечат нови колективни митологии и ќе отворат нов период на созревање и сознателна работа за ревизија на целокупниот наш начин на живеење. Потрагата по соодветни форми на организациониот живот важи и за новата хиерархија на културните и литературни изрази. За провинциските писатели од Балканот тоа е надеж дека и нашата провинција со сета своја заплетеност ќе стане интересна за светот, предлагајќи го преку новопронајдената форма и сопствениот духовен дефект.

Умберто Еко во "Името на розата" измисли дека во еден манастир имало само еден егземплар од вториот дел од Аристотеловата "Поетика" посветен на феноменот на смеата и комичното. По бравурозниот заплет, на крајот ќе изгорат: и манастирот, и фратрите сосе книгата. Ако беше ова успешна Екоова фикција, време е ние на Балканот, особено во Република Македонија, сами да си напишеме сопствена поетика за смеата и иронијата ако сакаме некако да излеземе од црната дупка на смешното во која не напика Времето. Досега заличувавме на исплашените калуѓери од "Името на розата" што ги снемува во лавиринтот на балканскиот ужас, малку работејќи за создавање нишка од смеа и сарказам, потсмевање в лице на сопствената коравост, на своите сетила и слепилото што не турка во нови и нови трагедии. Време е да се престориме од балкански канибали во духовни канибали при што сето минато ќе го преџвакаме со тврд стомак, без разлика колку таа манџа идеолошки ни се допаша. Време е македонистичката идеологија да зема лекции за да го изговара течно нашето духовно "б", вслушнувајќи се во лекциите на најдобриот ларинголог за такви идеолошки комплекси, во Димитар Талев.

Македонија за последниве сто години со многубројните собитија: ВМРО, Илинден, Мис Стон, Балканските војни, Првата световна, Марсеј..., медиумски била топ-тема и ударните вести во средствата за масовни комуникации често биле резрвирани за неа. Таа била интересна за светот преку политичкото, актуелното, преку медиумите: интересна преку заборавањето. Од собитие до собитие, од војна до војна и пак никој и ништо не знае за Македонија, а и самите внатре не знаеме што се случува со нас. Европа се потсетува на Македонија на секои два-триесет години само кога ги попарува прстите од нејзиниот вриеж на емоции. Природата на медиумите е обратна од сензибилитетот на уметноста. Медиумите се склони кон униформност, а тоа значи кон заборавање, но уметноста се интересира за поединецот, за помнењето.

Тука е големината, неодминливоста и трајноста на делото на Талев. Сите пожолтени страници со вести од Македонија од почетокот на веков денес се само мртов, безопасен архивски материјал, но Талевите романи тоа бурно, гордо и херојско време го расветлуваат како комплекс на појави и судбини што и денес живо пулсираат и греат. Средствата за комуникации имаат куси одговори за сe': уметноста на Талев е стрпливо испитување и бележење.

Од неговата литература лесно може да се претположи што претскажале пред сто години наречниците за новата рожба во прилепскиот род Палисламовци: на весниците што ловат површни македонски актуелности, Димче ќе им спротивстави големи уметнички производи против заборавот. Педантниот хроничар на возрожденска, предилинденска, илинденска и постилинденска Македонија, престорен денес во чувар на Атлантида, не дозволува македонистички магарштилаци за обезличување на нашето колективно помнење.

Убаво е што денес Талевата уметност нe' собра на овој голем јубилеј во неговиот житејски град Софија, град во кој македонските бежанци препознавајќи го своето јато, од грди пајчиња се престоруваа во чудесни лебеди, раскрилувајќи ја својата дарба до несфатливи височини, но уште поубаво ќе беше ако деновиве и Прилеп, градот на неговата литература, му организираше едно вакво чествување на својот голем сограѓанин и со неговото име почестеше некоја институција или булевар. Нашата гротескност прави најталентираните синови од нашиот род што го воодушевуваа светот од: Милетич, Арнаудов, Балабанов, Георгов, Снегаров, Јордан Иванов, Борис Христов... па се до Талев, сe' уште да се попречени од идеолошката македонистичка брана на провинцијализмот. Подигање биста на Талев во Прилеп за државната идеологија е подигање споменик на прохибираната буква "б". Колку што ја сакам, толку ја презирам мојата Македонија која не се срами што мрази, обично мразејќи го најдоброто од себе: колку е сончева, толку е нетрпелива, исклучива и мачна.

Бидејќи јас дојдов на гости, сакам на крајот да завршам како нашата тетка Милја кога при секое идење кај нас ни вадеше нешто од појас: ете и јас Ви вадам нешто што може да Ве насмее, а мене, од корен да ми го одрече текстот. Ова е еден од трите Талеви романи преведени на македонски и купен на безценица од уличен продавач на книги во Скопје. За оваа книга не знаат оние што се занимаваат со пишување, а не е ни заведена во книжевни каталози зашто и самата нема лични податоци: ниту кој е преведувач, која е издавачката куќа или уредник... Единствените податоци кои ги содржи оваа фантом-книга се: тираж две илјади примероци и годината на отпечатувањето, април 1964. Дали е отпечатениот тираж лага со две нули или пак никогаш не е пуштен во продажба, не можам да одговорам... Кој рече дека Димитар Талев не можел да се помакедончи.
30-12-2009, 04:45 PM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#3












(This post was last modified: 28-01-2010, 12:01 AM by Пеницилин.)
30-12-2009, 04:48 PM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#4

30-12-2009, 05:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

Почнав да го читам Железниот светилник. Прекрасна книга. Просто ми е срам што ова книга ја откривам после толку години.:sekrie:
04-01-2010, 09:08 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#6

Mnogu mi e zal sto pisatelite kako Talev, Venko Markovski morale da begaat vo Bugarija i da tvorat tamu. Za zal izgleda vo Makedonija se slavat pogresni pisateli koi go velicat komunistickiot rezim.
06-01-2010, 06:45 PM
Reply
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#7

(04-01-2010, 09:08 PM)hristo Wrote: Почнав да го читам Железниот светилник. Прекрасна книга. Просто ми е срам што ова книга ја откривам после толку години.:sekrie:

Така е Христо....има личности за коj не се знае ништо во Мк....за жал!

Еве оригиналниот глас на Димитър Талев:

http://mk-bg.hit.bg/DimityrTalev.mp3
(This post was last modified: 06-01-2010, 08:07 PM by Pirinec-Vrhovist.)
06-01-2010, 08:05 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#8

Стефан Влахов Мичков има многу добра статија за овој македонски автор.
12-02-2010, 11:12 PM
Reply
vargo Offline
Member
***

Posts: 133
Joined: Feb 2010
Reputation: 0
#9

(12-02-2010, 11:12 PM)mungos Wrote: Стефан Влахов Мичков има многу добра статија за овој македонски автор.

Па овой "македонски " автор -явно не знае да говори( и пише) на -македонски....VozbudVozbudSmeshkoSmeshko
Времето е в нас и ние сме във времето!!! В.Левский
21-02-2010, 04:56 PM
Reply
Sava Offline
Member
***

Posts: 151
Joined: Feb 2010
Reputation: 0
#10

(21-02-2010, 04:56 PM)vargo Wrote:
(12-02-2010, 11:12 PM)mungos Wrote: Стефан Влахов Мичков има многу добра статија за овој македонски автор.

Па овой "македонски " автор -явно не знае да говори( и пише) на -македонски....VozbudVozbudSmeshkoSmeshko

Абе личи си македонския акцент много ясно (не казвам, че не е български) и как се опитва да говори на литературен български, който не му идва баш отръкиIcon_wink
(This post was last modified: 21-02-2010, 05:08 PM by Sava.)
21-02-2010, 05:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#11

Еве што дума Младен Србиновски на тема-Димитар Талев

Обеди ништожност, Младен Србиновски
ТАНГЕНТАЛНИ ДОБЛИЖУВАЊА ДО ДИМИТАР ТАЛЕВ

1.

Творештвото на Димитар Талев е достатно иследувано, оценето и класифицирано на бугарската пирамида на стојностите: на сите вас тоа ви е подобро познато од мене и секој мој обид за некакво ново читање токму денес, на стогодишнината од писателовото раѓање, ќе биде беспотребно и невкусно. Читателската публика која одамна се насладува од Талевата зборовна магија, денес собрана во негова чест во бугарскиот национален пантеон, нормално е во вакви моменти да нема трпение за критичарски досетки на дребно. Затоа, дозволете ми повеќе да говорам преку Димитар Талев за нас, отколку нападно фалбаџиски да зборувам за него. Годините и времето не го изладија и не го умртвија неговиот романескен квартет со македонски теми: "Железниот светилник", "Гласовите ви ги чувам" и "Преспански камбани" и "Илинден" и нивното читање постојано ќе биде досег до јадрото на македонското премреже каде што клокоти лавата од емотивна возбуда. Издржувајќи неговата уметност пред проверката на Времето, нам ни останува во вакви моменти преиспитување на нашата позиција спрема Талев. Без оглед дали од многу доближување до оган се изгоруваме, или од многу оддалеченост не се стоплуваме: има ли во себе енергија, огнот пламти. Си нагрбувам на себе неблагодарна тема, но заслужува да се обидам да позборувам за односот на македонската јавност спрема Димитар Талев.

Кога бев мал, кај нас идеше понекогаш една стара жена, тетка на татко ми. Беше од оние наши жени кои ги имаме денес само во спомените. Облечена во селска облека, препашана со голем појас преку половината, при секое идење нашата тетка Милја секогаш ќе извадеше по нешто од појас за мене и брат ми: некогаш две-три бонбончиња, другпат неколку костенчиња или ореви, но никогаш со празни раце не идеше. Тоа беа скромни подароци, но постојаното нејзино внимание создаде кај мене и кај брат ми Павлов рефлекс. Дојдеше ли нашата добра тетка, ние веднаш гледавме со што ќе не изненади од својот голем појас. Сепак, најголемиот нејзин подарок беше раскажувањето приказни. Од неа ја имам слушано и прекрасната приказна за златното јаболко. Иако сум сега во период кога јас дома раскажувам приказни, на неа немаше никогаш да се сетам ако пред две години во Скопје на пазарче не купев од една Бугарка, покрај други ситни работи, и две евтини и квалитетно илустрирани приказни. Едната од нив беше токму приказната за златното јаболко. Можете да си замислите колку се зарадував кога повторно ја читав приказната што ми останала во полусвест, приказна на која сум заспивал и сум растел.

Уметникот 'рти на емотивни подлоги, но без неговиот потрес од идентификацијата со таа колективна почва, тешко е дека ќе врзе вистински плод. Тоа се долги процеси на градење на сопствената духовна адреса, инструмент со кој дешифрираме човечки судбини и преку која други нас не одгатнуваат. Одамна македонски проблем е тоа што државата, со своите инструменти, однадвор го попречува нашето идентификување со колективното духовно наследство: тоа ако и профункционира, препорачливо е јавно да не се манифестира. Емотивната подлога не е опасна, приказните на нашата неграмотна тетка не се опасни дури се обезличени, опасноста иде подоцна кога сите нив ги пронајдов низ преродбенските зборници јасно озаглавени под бугарско колективно наследство. Консументот добива преку литературата моќ да се идентификува со ликови од која и да е средина, јазик или епоха, но не може да се нема резерва спрема учени што лесно ги препознаваат другите култури, а само за својата се трудат од петни жили да ја извртат.

Уметникот го интересира исклучокот, а ние во Република Македонија во овој поглед сме еден голем исклучок. Повеќе сме интересни како ликови и тема за уметност отколку со уметноста од оваа идеолошка поетика. Можам да продолжам со овој тон и да набројам безброј примери на доживеани непријатности на лица во Македонија за јавно изразената духовна идентификација, да прејдам во патос и да заличам на Талевите ликови од романите... за идеолошкото лицемерие на ниво на дискурс сум сосема јасен: за идеологијата отаде Крива Паланка јас сум бесрамен предавник, а за идеологијата одовде Кустендил се престорувам во најчесна личност: но, проблемот нема да го погодиме ако останеме на констатацијата за двојните аршини на идеолошко оценување во нашите две држави од кои најжесток е примерот токму со Талев. Затоа е потребно да се обидам накратко да го покажам внатрешниот механизам на функционирањато на македонистичкиот "бе" комплекс што одватре не обезличува.

Давајќи му на јазикот сила на богоубиец и изустувајќи ја фамозната буква "б", дигнав рака врз идеолошкото табу на македонизмот, изговарајќи дума што на сите начини треба да ја избегнувам. Тоа е проблемот што делото на големиот Димитар Талев не може да прејде отаде Осогово: пишувајќи ја неговата Македонија и дефинирајќи ја нејзината духовност како бугарска, уште пред да биде одржавотворено идеолошкото табу на македонизмот - тој го убива. Како да ја премолчам големата возбуда од контактот со неговите книги кога во секој негов лик препознавам наши луѓе: нашата покојна тетка Милја е како пресликана во неговата Султана Глаушева.

Затоа не чудете се на гротескната сцена од мојата драма "Македонскиот Фауст" кога член од комисијата за кодифицирање на македонскиот јазик бара да се исфрли од азбуката буквата "б". Буквата "б" не беше исфрлена од азбуката, но интервенцијата беше изведена на многу подлабоко рамниште, исфрлајќи ја секојпат кога замирисува на бугарство. А може ли историски и духовно во Македонија "б" да мириса на нешто друго.

Театарските сали се погодни за авторски вообразии: на крајот на иронискиот XX век не знам дали не ќе беше подобро ако пред вас дојдев со огромна буква "б" и со помош на ларинголог да се обидувавме групно да ја изговараме.

Во моето село има еден постар човек кој по ништо не се разликува од другите, освен што не може даја каже правилно буквата "р". Да имало на времето ларинголози, можеби нешто и ќе можело да се исправи, но вака мајтапењата со неговата говорна мана направиле од него нешто неверојатно: друг човек - друго битие со друг јазик. Треба да се слушне како молневито избира зборови кај што ја нема "р" правејќи невозможни зборовни салта само да не ја спомне проклетата буква. Прочуен е неговиот опис за изгубениот црн овен кога сретнатиот соселанец го прашува: "Дали си видел небел овен со коски на главата, наместо: "Дали си видел црн овен со рогови".

Не сум стручњак да го објаснувам автоматизмот на новонаучениот јазик на посочениов кутрец кој никогаш не прави зборовни престапи и дали ја слуша несаканата буква со која секој момент е бомбардиран од околината. Фаталната буква прво ја слушал, ја научил, па откако не ја совладал, свесно ја заборава. Можете ли да го замислите него како писател. Јас можам. Македонските македонистички писатели и денес го ползуваат овој идеолошки парадокс во пишувањето. Во нашата општествена средина послушноста се покажува ако не се изустува ништо афирмативно на буквата "б": за македонските македонистички идеолошки хигиеничари Димитар Талев е целосен престап и најубаво е да се изигрува дека тој не суштествува, па макар се славел и под патронат на УНЕСКО.

Македонскиот македонист од духовниот речник прво го вади целиот корпус думи и значења на буквата "б", потоа ги треби сите букви кај другите думи во кои се содржи инкриминираната духовност, и, од тоа што ќе остане, се крпи новото тенко, дезинфицирано сознание на кое сум воспитуван и јас.

Затоа овој текст сакав да изгледа иронично и нетипично за еден ваков голем јубилеј, зашто сме одамна напикани во црната дупка на смешното, зашто сме смешно жални до болка, макар што нашите поединечни судбини изгледаат мачни и трагични.

Во времето во кое го прославуваме раѓањето на Димитар Талев, литературата се прави поинаку од што ја правеше тој: во негово време од човечката храброст и достоинство, денес од сопствената слабост и новите општествени преориентации кои ќе повлечат нови колективни митологии и ќе отворат нов период на созревање и сознателна работа за ревизија на целокупниот наш начин на живеење. Потрагата по соодветни форми на организациониот живот важи и за новата хиерархија на културните и литературни изрази. За провинциските писатели од Балканот тоа е надеж дека и нашата провинција со сета своја заплетеност ќе стане интересна за светот, предлагајќи го преку новопронајдената форма и сопствениот духовен дефект.

Умберто Еко во "Името на розата" измисли дека во еден манастир имало само еден егземплар од вториот дел од Аристотеловата "Поетика" посветен на феноменот на смеата и комичното. По бравурозниот заплет, на крајот ќе изгорат: и манастирот, и фратрите сосе книгата. Ако беше ова успешна Екоова фикција, време е ние на Балканот, особено во Република Македонија, сами да си напишеме сопствена поетика за смеата и иронијата ако сакаме некако да излеземе од црната дупка на смешното во која не напика Времето. Досега заличувавме на исплашените калуѓери од "Името на розата" што ги снемува во лавиринтот на балканскиот ужас, малку работејќи за создавање нишка од смеа и сарказам, потсмевање в лице на сопствената коравост, на своите сетила и слепилото што не турка во нови и нови трагедии. Време е да се престориме од балкански канибали во духовни канибали при што сето минато ќе го преџвакаме со тврд стомак, без разлика колку таа манџа идеолошки ни се допаша. Време е македонистичката идеологија да зема лекции за да го изговара течно нашето духовно "б", вслушнувајќи се во лекциите на најдобриот ларинголог за такви идеолошки комплекси, во Димитар Талев.

Македонија за последниве сто години со многубројните собитија: ВМРО, Илинден, Мис Стон, Балканските војни, Првата световна, Марсеј..., медиумски била топ-тема и ударните вести во средствата за масовни комуникации често биле резрвирани за неа. Таа била интересна за светот преку политичкото, актуелното, преку медиумите: интересна преку заборавањето. Од собитие до собитие, од војна до војна и пак никој и ништо не знае за Македонија, а и самите внатре не знаеме што се случува со нас. Европа се потсетува на Македонија на секои два-триесет години само кога ги попарува прстите од нејзиниот вриеж на емоции. Природата на медиумите е обратна од сензибилитетот на уметноста. Медиумите се склони кон униформност, а тоа значи кон заборавање, но уметноста се интересира за поединецот, за помнењето.

Тука е големината, неодминливоста и трајноста на делото на Талев. Сите пожолтени страници со вести од Македонија од почетокот на веков денес се само мртов, безопасен архивски материјал, но Талевите романи тоа бурно, гордо и херојско време го расветлуваат како комплекс на појави и судбини што и денес живо пулсираат и греат. Средствата за комуникации имаат куси одговори за сe': уметноста на Талев е стрпливо испитување и бележење.

Од неговата литература лесно може да се претположи што претскажале пред сто години наречниците за новата рожба во прилепскиот род Палисламовци: на весниците што ловат површни македонски актуелности, Димче ќе им спротивстави големи уметнички производи против заборавот. Педантниот хроничар на возрожденска, предилинденска, илинденска и постилинденска Македонија, престорен денес во чувар на Атлантида, не дозволува македонистички магарштилаци за обезличување на нашето колективно помнење.

Убаво е што денес Талевата уметност нe' собра на овој голем јубилеј во неговиот житејски град Софија, град во кој македонските бежанци препознавајќи го своето јато, од грди пајчиња се престоруваа во чудесни лебеди, раскрилувајќи ја својата дарба до несфатливи височини, но уште поубаво ќе беше ако деновиве и Прилеп, градот на неговата литература, му организираше едно вакво чествување на својот голем сограѓанин и со неговото име почестеше некоја институција или булевар. Нашата гротескност прави најталентираните синови од нашиот род што го воодушевуваа светот од: Милетич, Арнаудов, Балабанов, Георгов, Снегаров, Јордан Иванов, Борис Христов... па се до Талев, сe' уште да се попречени од идеолошката македонистичка брана на провинцијализмот. Подигање биста на Талев во Прилеп за државната идеологија е подигање споменик на прохибираната буква "б". Колку што ја сакам, толку ја презирам мојата Македонија која не се срами што мрази, обично мразејќи го најдоброто од себе: колку е сончева, толку е нетрпелива, исклучива и мачна.

Бидејќи јас дојдов на гости, сакам на крајот да завршам како нашата тетка Милја кога при секое идење кај нас ни вадеше нешто од појас: ете и јас Ви вадам нешто што може да Ве насмее, а мене, од корен да ми го одрече текстот. Ова е еден од трите Талеви романи преведени на македонски и купен на безценица од уличен продавач на книги во Скопје. За оваа книга не знаат оние што се занимаваат со пишување, а не е ни заведена во книжевни каталози зашто и самата нема лични податоци: ниту кој е преведувач, која е издавачката куќа или уредник... Единствените податоци кои ги содржи оваа фантом-книга се: тираж две илјади примероци и годината на отпечатувањето, април 1964. Дали е отпечатениот тираж лага со две нули или пак никогаш не е пуштен во продажба, не можам да одговорам... Кој рече дека Димитар Талев не можел да се помакедончи.
07-03-2010, 08:18 AM
Reply
Sava Offline
Member
***

Posts: 151
Joined: Feb 2010
Reputation: 0
#12

Димитър Талев си е чист Македонец. Това, че ние ние го сметаме за Българин и това, че той самиот се е сметал за Бугарин, не го прави по-малко Македонец.
Той е рожба на Македония. Това е безспорно!
07-03-2010, 02:37 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#13

Дааа Талев е голем македнец за ове нема спор ...туко е бил свестен дека македноците са дел от Бугарите како тракийците и мизийците Icon_wink
07-03-2010, 06:18 PM
Reply
ИВАНА Offline
Junior Member
**

Posts: 16
Joined: Mar 2010
Reputation: 0
#14

(07-03-2010, 06:18 PM)ivan mihajlov Wrote: Дааа Талев е голем македнец за ове нема спор ...туко е бил свестен дека македноците са дел от Бугарите како тракийците и мизийците Icon_wink

Токму така приятели.....

Ги купив сите книги на Димитър Талев и ги прочитав....особеноми остави впечаток трилогията и 3-томниот роман Самуил....
Богатство е да се имаат тие книги во домашна библиотека....
А пък друга работа е що човекот навистина прекрасно,толку лесно пишува....
Тодор Александров.........„КОЙ КЕ КАЖЕ ДЕКА НЕ СУМ МАКЕДОНЕЦ, КЕ МУ ГО ПРЕСЕЧАМ ЯЗИКОТ,
И КОЙ КЕ КАЖЕ ДЕКА НЕ СУМ БЪЛГАРИН, КЕ МУ Я СКИНАМ ГЛАВТА“.....
14-03-2010, 11:49 AM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#15

Хубаво интрвю мисля ,че трябва да се знае и во Р.Македния :

http://e-vestnik.bg/2493
27-03-2010, 10:58 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#16

(06-07-2010, 09:25 PM)demmian Wrote:
(05-07-2010, 10:06 PM)Paradigm Wrote:
(05-07-2010, 09:04 PM)Път Wrote: А зошто ме нарече „Брут“, затоа што кажав ли дека таа „славна мисла на Гоце“ е всушност мисла земена од РОМАН, значи од ЛИТЕРАТУРНО ДЕЛО, кое што не може да се третира како историски извор, и згора на тоа, внимавај сега; МИСЛА ИЗВАДЕНА ОД КОНТЕКСТ!!!!

Што ќе кажеш на тоа? Пред пак да ме наречеш Брут, да те потсетам само на случаите на Коперник и на Џордано Бруно- сепак се врти Icon_razz
Много си прав Път.Всеки истински македонец требва да се бори с всички сили за да се дознае истината за Македония и да се разобличи лъжата.
[Image: 25666_104589392910629_101815173188051_55...5816_n.jpg]
Всъщност Гоце никога не го казал това,а тази толко прословута мисъл е привзета от романа Илинден на великия македонски писател Димитър Талев роден в Прилеп.За жал тая книга,както и целото творчество на Талев е забранено в Македония.И това ако не е парадокс един световно признат писател,чийто творби са преведени на десетки езици в цел свет е забранет в неговата родина,а наместо това сърбокомунистическата власт в Македония манипулира текстове от неговите книги за да шират лажни пропаганди и да ве прават на маймуни...
[Image: 25666_104589396243962_101815173188051_55...2807_n.jpg]
За всеки,който е чел тетралогията на Талев(Железният светилник,Илинден,Преспанските камбани,Гласовете ви чувам) е ясно защо е забранета в Македония...
[Image: 25666_104589399577295_101815173188051_55775_10983_n.jpg]


И бугар,што те чуди толку?!

Јас два пати ја имам прочитано тетралогијата на Талев,и од неа заклучив дека во нараторскиот стил,кој што Талев го користи терминот ,,бугарин,, како да е пишуван доста ,,колебливо,,

Второ,точно таа тетралогија ме натера да не верувам на лагите од источната сосетка,како што и ме натера да помислам дека македонци и бугари не две ами петсто различни поими се.

Талев добро ја опишува индиферентноста од една страна,како и хегемонистичкиот апетит на Бугарија кон Македонија од друга страна.

Кој не верува нека го прочита ,,Илинден,, и ќе се увери кои гнаси биле ,,горните бугари,, како што Талев ги нарекува.Како и тоа дека Талев доста жестоко ги критикува врховистите,кои според него и нанесуваат голема вреда на Македонија.



А,најважното е што Талев во својата тетралогија повеќе фрла акцент на моралот,според кој треба да се води секој нормален човек во текот на својот живот.А,не фрла акцент толку многу на поимот ,,бугари,, затоа што тој поим може да биде заменет и со аргентинци и со кенијци ако сакате.

Значи не е битна националноста,битни се моралните вредности,кои секој еден нормален човек треба да ги уважува во текот на својот живот.
06-07-2010, 09:49 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#17

(06-07-2010, 10:06 PM)Paradigm Wrote: Деммиан,кoга толко го почиташ делото на Талев оти не поемеш инициатива в Македония за "реабилитиране" на Талев,колкото и парадоксално да звучи това?
Не е ли парадокс световно признат поет да е забранет в собствената му родина и да не смее човек и дума да обели за него понеже вече е заклеймен като "контроверзна личност",демек неговия живот и дела се тема табу в Македония.Не е ли парадокс да се превеждат творби на един македонски писател за да можат днешнита македонци да разберат какво писал?Македония е страна на парадоксите...
Ти пак ги извърташ работите с твоята патетична омраза към България и всички българско.Тука не е работата што писал Талев и какво искал да каже.Всеки може да прочете неговото творчество и сам да си прави заключения. Работата е ,че умишлено се използват текстове от негови романи, вадат се от контекст и се изкривяват до неузнаваеост,като се приписват на исторически личности за да се шири лъжлива пропаганда.И това не е изолиран случай.Ти като си толко голем македонец би требвало да се засрамиш от тие манипулации на историята и ширене дезинформации кои са се превърнали в официална политика на Р.Македония. Лъжата оди по-бърже,ама не стига далече...
06-07-2010, 10:33 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#18

(06-07-2010, 10:28 PM)demmian Wrote:
(06-07-2010, 10:06 PM)Paradigm Wrote: Деммиан,кoга толко го почиташ делото на Талев оти не поемеш инициатива в Македония за "реабилитиране" на Талев,колкото и парадоксално да звучи това?
Не е ли парадокс световно признат поет да е забранет в собствената му родина и да не смее човек и дума да обели за него понеже вече е заклеймен като "контроверзна личност",демек неговия живот и дела се тема табу в Македония.Не е ли парадокс да се превеждат творби на един македонски писател за да можат днешнита македонци да разберат какво писал?Македония е страна на парадоксите...

Додека бев ,,зает,, со делата на Талев постојано ми стануваше смешна една единствена работа:јазикот,кој Талев го користи.А бре то од авион се чувствува (пази тоа се чувствува само ако си Македонец по националност,а го познаваш истовремено и бугарскиот јазик) дека Талев од петни жили се обидува на прилепскиот говор (кој тој го има за ,,преспански,, во тетралогијата) да му внуши некаква сличност со бугарскиот литературен,ама некако не се поклопуваат прилепскиот дијалект со бугарскиот литературен јазик.

После тоа,во ,,Преспанските Камбани,, толку многу обрнав внимание на делот кога учителката Руменова (дојдена во Преспа од Шумен) ја учи бабата Султана за ,,коледните,, адети во Шумен.Токму тогаш старата Султана отсечно ја прави диференцијацијата меѓу типичната Македонка (ликот на Султана во случајов) и типичната бугарка (ликот на Руменова во случајот)

Смешното е колку многу бугарите се кефат на Талев,ама кој не го знае Талев скапо го плаќа,затоа што според нараторскиот стил на Талев,секогаш треба да биде читан меѓу редови.Жално е ако го земаш во прав текст неговото четиво.



(06-07-2010, 10:06 PM)Paradigm Wrote: Ти като си толко голем македонец би требвало да се засрамиш от тие манипулации на историята и ширене дезинформации кои са се превърнали в официална политика на Р.Македония. Лъжата оди по-бърже,ама не стига далече...

А бре бугарине,нормално дека сум Македонец,сега не знам дали голем или мал,битно сум Македонец,на кој му се сосема ненужни бугарските пропаганди,покриени со маската на ,,вистинитост,,

И што ако Талев користи ,,бугари,, во своите дела?!И поимот ,,аргентинци,аргентинско,, да го користел дури,тоа не ги менува нештата.Македонија е земја на Македонци во денешни времиња.И Америка била индијанска,па сега е американска,колку на некој да не му се сака.

А,за делот од историјата,па никој бре бугари низаедни не ви забранува да ги славите македонските херои.Штом толку сте сиромашни на историја-давајте славете ги! Не претставува проблем.Присвојувајте си кој сакате лик од македонската историја.И мајка Тереза ако сакате присвојте ја,штом ве дрма патетика.

Ич не ми дреме,јас со две раце би ви потпишал да си ја земете вашата бугарска историја од Македонија.Славете си све,но во Бугарија! Во Македонија немате работа бре!!!
И не плачете за заедничко славење на историјата- нема такво животно!!!Ние сме ние,вие сте вие!
На Македонија не и се потребни бугарските глупости!!!
06-07-2010, 10:33 PM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#19

Ай па ти какво си зейнал бугар,па бугар.Аз имам толко общо с Македония колко и ти(ако не и повече).Имам рода и от трите дела на Македония и знаеш го ти това много добре.С кое право ти ми казваш да се откажа от Македония?Кой си ти?Никой,еден обичен дришльо.
Искал Талев да го побугари прилепския диалект,глупости на търкалета.Така се говорило тогава там,така и писал човека.А сега вие и Талев и Мисирков и всичките преродбеници требва да ги превеждате за да разберете какво писали.Марко Цепенков отдека е?
Да не би да не пишеше той "Лоши ,арни сите българи наши сме си"?
Това поне го има издадено и в Македония,па може да се види от всеки.
Истината за македонския българин требва да излезе наяве и ни ти ни кой да е друг можете да го запрете тоя процес!
Ти можеш ли да спреш гората да се разлиства? Nee_takaIcon_coolIcon_wink
06-07-2010, 11:32 PM
Reply
demmian
Unregistered

 
#20

(06-07-2010, 11:32 PM)Paradigm Wrote: Ай па ти какво си зейнал бугар,па бугар.Аз имам толко общо с Македония колко и ти(ако не и повече).Имам рода и от трите дела на Македония и знаеш го ти това много добре.С кое право ти ми казваш да се откажа от Македония?Кой си ти?Никой,еден обичен дришльо.
Искал Талев да го побугари прилепския диалект,глупости на търкалета.Така се говорило тогава там,така и писал човека.А сега вие и Талев и Мисирков и всичките преродбеници требва да ги превеждате за да разберете какво писали.Марко Цепенков отдека е?
Да не би да не пишеше той "Лоши ,арни сите българи наши сме си"?
Това поне го има издадено и в Македония,па може да се види от всеки.
Истината за македонския българин требва да излезе наяве и ни ти ни кой да е друг можете да го запрете тоя процес!
Ти можеш ли да спреш гората да се разлиства? Nee_takaIcon_coolIcon_wink

А бре ******* бугарине,ќе ти стане ли тебе јасно дека јазикот во Македонија никогаш не е менуван?!

Талев го користи бугарскиот литературен во своите дела, и секој еден кој живее и твори во Бугарија мора по дифолт да го владее бугарскиот и да борави со него.Таков е случајот со Талев.

Прави наудрени други,мене не можеш.
Јас знам дека моите додека престојувале во Софија бугарскиот го користеле како службен јазик,а дома си цепеле на македонски,истиот овој македонски кој и јас денеска го зборувам.

На луѓето им фатиле камен нозете,пак затоа требало да се сообразуваат со бугари и да комуницираат на бугарски јазик,Тоа е нормално бре,штом живеат во Бугарија.

Емигрирај и ти во Шпанија да речеме,на бугарски ли таму ќе комуницираш или на шпански?!
Во Америка на бугарски или на англиски ќе комуницираш?!Одговори на овие прашања бугарине!!!

А,не тука демагог изиграваш.

А,иначе колку и да си мислиш ти од Македонец М буквата ја немаш!Ти си само еден ******* бугар,ништо повеќе!
06-07-2010, 11:41 PM
Reply