Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ОСУДЕН НА ДВЕ ГОДИНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Неколку мои мислења на фејс бук за барањето на азил на Груевски:








Quote:Емилија Лазаревска


10 hrs ·

ВМРО ДПМНЕ е злосторничка криминална организација и со бегството на Груевски тоа го потврдија дека низ годините е така. Тие сѐ ќе направат да ги заштитат криминалците и корумпираните во своите редови, како сега Груевски, а не помислуваат да се реформираат и да ни се извинат, нам на граѓаните за пљачката на векот што ја направи бегалецот со неговите пајташи. Тие сега ќе глумат жртви и ќе се повикуваат на меѓународната заедница. Море, мрш! Сега се разјаснува зошто МВР испрати да ги проверува околу партија, ама доцна се освестиле. Раскажувајте ми сега пак приказни дека телохранитеелите и судот се виновни Еве ги прашањата што сакав да ги поставам: ако од 8 ноември Груевски не побарал обезбедување од МВР, што по закон му следува, што презедовте да го обезбедите него да не избега во меѓувреме? Со каков пасош избега Груевски? Како и кој го пренел преку граница, а МВР и Царина да не знаат? Зошто дремевте и не објавивте веднаш меѓународна потерница и не ги зајакнавте контролите на граница? Зошто не побаравте ПИМ мерки? Дали знаете дека губите доверба на сите полиња? И да. Многу ми се смешни оние кои сакаат да ме понижат, омаловажат или исмејат заради мојата критичка мисла, па кога ќе ме испратат да си го гледам ѓубрето и кучињата, мислат дека нешто умно кажале. Морони едни! Јас се гордеам со тоа, абдали. Тоа говори за висока свест на една човечка индивидуа, што секако вие не можете да го разберете тоа. Уште два живота да имате. А сега. Одговорност мора да има.



Quote:Jordan Petrovski

Сега ке биде интересно. Во процесот за барање на азил Груевски ке треба да докаже дека наводите од барањето за азил му се вистинити. Не само заради него туку најмногу за Унгарија и Унгарските власти , бидејки светската јавност будно ке го следи процесот, посебно сосросоидните гласила и сосросовите платеници. Докази се надевам дека Груевски има понесено со себе и со доказите кои ке ги понуди ке го почне демонтирањето на УДБа и комунистичкиот систем. Онаа што не го стори додека беше премиер и ги имаше сите ЛЕГАЛНИ инструменти за растурање на УДБа и комунистичкиот систем .
Ако Груевски не ме послуша 2008 година , се надевам дека сега кога неговата кожа е во прашање а и угледот на Унгарија, ке влезе во беспоштедна битка против заробената држава.

пс. со барањето азил Груевски ке биде многу битен фактор во политичкиот живот во Македонија.
8h


Quote:Емилија Лазаревска

А ти навиваш да избега од лежење затвор и да добие азил?

8h



Quote:Jordan Petrovski

Емилија Лазаревска ако малку сте запознаени со процедурата на добивање азил тогаш ке немаше да ми поставите вакво прашање. Унгарија и Орбан нема да се изложат на ризик да одобрат азил без да имаат валидни докази. Моето барање азил , јас не бев ниту премиер ниту водач на некоја партија во Канада се разгледуваше 5 години. Имав две судења. Секој збор кој го бев напишал во барањето за азил требаше да го докажам. Истото ке мора да го стори и Груевски. Ако Унгарските институции го тераат процесот на одобрувањена азил само Македонија како држава може да има корист.

Јас го оправдувам овој потег на Груевски. Причина зошто го оправдувам леши во пресудата за дело , купување на мерцедесот, кое во ниедна демократска и правна држава не е казниво!

Луѓето од врвот на ЕУ, амбасадорите на западните држави во Македонија не рекоа збор на осуда за вакавата пресуда а која е само политичка.

Каде се судските процеси за милијардите кои ги „украла“ фамилијата, тоа е главното прашање. Нели Заев се расфрлаше со докази за се и сешто , од украдените пари па до убиствата на Нешковски, Смилковско езеро, Диво Насеље. Каде се Героски и дружината да го прашуват секојдневно Заев каде се доказите кои наводно ги имал.

пс.ако медиумите и НВО ата го третираа мојот азил како што беше третиран од Канадскиот суд , во Македонија одмна ке немаше неуставно прислушкување, ке немаше прогон на политички и идеолошки нестомисленици. Центарот на криминалот ке беше растурен и сите кои биле креатори и директни извршители на неуставните и незаконските дејаиа ке беа веке на исдржување на затвоексите казни.

ппс. на криминалци не се одобрува азил, тоа мора да го знаете.
8h
14-11-2018, 12:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Спасовски го подучува Орбан на ЕУ правила и дали да му даде азил на Груевски


November 13, 2018
[Image: -Спасовски.jpg?resize=640%2C322]


Министерот за полиција Оливер Спасовски им сугерира на унгарските власти да го одбијат барањето на Груевски за азил.

“Единствено што сметам дека е исправно е тоа да се одбие барањето за азил и Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија и да ја извршува казната. Тоа е принцип за кој сите ние се залагаме и тоа се европски принципи за кои секојдневно разговараме и во Република Македонија”, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Спасовски вели дека не само што е чудно, туку е и жално, држава-членка на Европската унија да биде место во кое дошол поранешен премиер на Република Македонија, кој е осуден поради криминал.

„Недозволиво е една земја-членка на ЕУ да дава поддршка на вакви лица.  Никола Груевски нема апсолутно никаква друга закана која е политичка или закана по неговиот живот од политички аспект за тој да бара азил. Досега во ниту еден момент ниту Никола Груевски, ниту членовите на неговото обезбедување немаат пријавено во МВР дека некој им се заканува“, рече Спасовски.

Истакна дека треба да се размисли сериозно во однос на одлуката за азил дали вреди, дали е добро да се носи таква одлука во услови кога не само поради ова кривично дело, не само поради правосилната пресуда, туку и поради тоа што треба да се земе предвид дека против него се водат уште многу постапки во судовите.



Пред да јаде гурабии министерот Сапаоски требал да ја прочита изјавата на Европската Комисија:

Quote:Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип.

-Владеењето на правото е темелен принцип на Европската унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат  СТРОГО ВО СОГЛАСНОСТ СО РЕЛЕВАНТНИ ПРАВИЛА , велат од Европската комисија додават дека ова е „судска процедура која не смее да се политизира“.
14-11-2018, 01:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

[b]Катица Јанева: Груевски не е политичар и неможе да бара политички азил!
[/b]









Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud

Лице со ваков ум го води СЈО!??
(This post was last modified: 10 hours ago by ЈорданПетровски.)
14-11-2018, 01:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена




Напишано од МИА  14/11/2018
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија, според унгарските закони, може да побара азил врз основа на два услова – ако има статус на лице под заштита или статус на прифатено лице, а постапката би траела до 90 дена.
Со оглед на законски пропишаните одредби за роковите за спроведување на целата процедура и искуствата од пракса, унгарските власти треба да се изјаснат за барањето на Груевски за азил во рок од осум, односно 15 дена, а за остварувањето на правата од азил за 45 до 90 дена.
Според унгарскиот и меѓународниот закон, во земјата секој странец има право да побара азил доколку во неговата земја бил изложен на прогон, тортура или сериозно му биле нарушени човековите права. Пропишани се три основи за добивање азил во оваа централно европска земја.
Доколку е бегалец (ако личноста ја напуштила својата земја поради оправдан страв од злоставување поради својата раса, религија, националност, политичка определба или припадност на одредена социјална група), ако има статус на лице под заштита (личност на која во неговата земја му се заканува реална опасност од смртна казна, тортура, нехуман или деградирачки третман или казна и ако се соочува со сериозна закана по животот заради оружен конфликт). Третиот услов е доколку станува збор за лице кое има статус на прифатено лице, кое има оправдан страв од прогон, тортура, нехуман или деградирачки третман или смртна казна, но кое не може да ги ужива бенефициите на статусот бегалец, односно на посебна заштита, на пример поради обвинение за сериозно злосторство.
Можноста да побараат азил законот им ја дава и на лица кои илегално влегле на унгарско тло и илегално престојуваат во земјата. Доколку ги исполнуваат условите за добивање азил нивниот статус во Унгарија ќе стане легален. Важно е притоа веднаш штом влегле во Унгарија илегално или со лажни исправи да се обратат доброволно до емигрантската служба или до полицијата.
Процедурата за добивање азил се состои од два дела – процедура за усвојување на барањето за азил после која може да почне процедурата за остварување на правото на азил. Процедурата за усвојување на барањето на азил трае најмногу 15 дена од датумот на поднесување на барањето. Можно е да трае и подолго, а доколку барањето биде поднесено на аеродром, тогаш емигрантската служба треба да го заврши процесот на негово усвојување за осум дена. Барањето ќе биде одбиено ако станува збор за лице граѓанин на земја членка на ЕУ, ако е веќе прифатено како бегалец или е со статус на бегалец во друга земја членка на ЕУ или повторно го поднесува барањето за азил откако еднаш веќе бил одбиен без да наведе нови аргументи.
Доколку емигрантската служба го одбие барањето за азил лицето има право на жалба  во рок од три дена. По жалбата одлучува Метрополитен судот во Будимпешта во рок од осум дена, но, ова во пракса трае подолго особено ако лицето побара да сведочи на судот. Во реалноста процедурата за усвојување на барањето за азил во најдобар случај треба да биде завршена за две недели, а може да трае и до шест месеци.
Ако се помине процедурата за усвојување на барањето за азил следи вториот дел од постапката, а тоа е процедурата за остварување на правото за азил. Во овој дел од процедурата емигрантската служба испитува дали лицето ги исполнува условите за статус на бегалец, статус на прифатено лице или статус на лице под заштита.
Предвиден е разговор со службеник на емигрантската служба по што можно е да биде повикано на разговор и од Службата за национална безбедност. Рокот за решавање на процедурата за остварување на право за азил е 60 дена, а законски може да биде продолжена за уште 30 дена. Емигрантската служба одлуката ја донесува во рок од 45 до 90 дена. По завршувањето на вториот дел на процедурата за азил емигрантската служба може да донесе одлука за доделување статус на бегалец, статус на лице под заштита или признавање на статусот на прифатено лице, но и одлука за одбивање на барањето, а доколку лицето „исчезне“ во текот на процедурата тогаш таа се прекинува и се затвора.
По однос на одлуката на емигрантската служба лицето може да поднесе жалба во рок од 15 дена.
Доколку лицето добие статус на лице под заштита, тоа обично трае пет години, но властите можат повторно да го разгледаат или да го укинат порано. Статусот на прифатено лице е во траење од една година, но властите исто така можат повторно да го разгледаат или да го укинат порано. Лицата кои имаат статус на бегалец и статус на лице под заштита не може слободно да патуваат во други земји членки на ЕУ. Кај лицата со статус на прифатено лице исто така не можат слободно да патуваат во други земји членки на ЕУ.
Лицата кои се стекнале со право на азил по сите три основи може да ги доведат членовите на нивното семејство во Унгарија.
Поранешниот премиер Никола Груевски по кого е распишана меѓународна потерница за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, вчера преку Фејсбук објави дека избегал во Унгарија и оти ќе бара азил поради „политички прогон“.



Процесот кој јас го имав во Канада а за кој верувам дека е стриктно според конвенциите за бегалци е многу поразличен од она што е опишано во текстов. Денеска ке се обидам да го побарам Унагарскиот закон и да го погледнам.
14-11-2018, 12:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Груевски, така се загрозуваат и другите лица кои се мета на прогон


[Image: 21086-se-pokazha-deka-vmro-dpmne-e-pod-p...k=zMTgI77r]

 Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,
Денес јасно се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта.
Беспотребно беа вознемирувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, беа претресувани недолжни граѓани, без налог, без посебна наредба која никогаш не беше презентирана во јавноста. Провокација за нов меѓумакедонски конфликт.







Од фотографии достапни во јавноста се гледа дека спротивно на закон, беше ангажирана и воена полиција која е под надлежност на министерството за одбрана со која раководи министерката Радмила Шекеринска. Се покажа дека она што треба да бидат професионални институции работеа под чисто политички диктат.
Политичкиот притисок и прогон е евидентитен. Мотивите се политички и средствата што се употребуваат се политички. Прогонот се прави врз лица на партија кои се следени, прислушувани, под константен притисок.
Почитувани, е сега треба, и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски и Зоран Заев да одговорат кого лажат и кого замајуваат. Тие имајќи ги во раце неограничените ресурси на државната безбедност и под едни вакви услови сакаат и уште сакаат лажно да прикажат дека не знаеја, или не знаат за движењето на Никола Груевски? Тоа е дилема која треба тие да ја одговорат.
Што се однесува со самиот чин, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон.
Во оваа држава мора да престане самоволието на власта. Оваа власт го донесе најцрното време на Македонија, најцрното време во кое се менува име, идентитет, се качуваат даноци, се монтираат случаи, се одземаат институциите од граѓаните и се киднапираат од власта, се прогонува опозицијата и нејзината критичка мисла.
Токму оваа власт ја киднапираше државата, ја уништува демократијата.
Колку повеќе притискате толку повеќе губите, а ќе паднете, ќе паднете многу брзо.
14 ноември, 2018
14-11-2018, 03:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:ЕК: Земја членка може да додели адхок статус на лице кое не се квалификува за азил

На прашања на МИА за тоа дали пребегнувањето на Никола Груевски ја става под прашање солидноста и безбедноста на надворешните граници на Европската Унија, и дали барањето за азил на Груевски е основано, Европската Комисија потсетува кои се европските правила.


Quote:-Некои од вашите прашања треба да им ги упатите на унгарските власти, велат од Европската комисија.


Портпаролите на ЕК посочуваат дека правото на ЕУ предвидува дека меѓународна заштита се доделува на лице кое се квалификува како бегалец или за субсидијарна заштита.
Основите за таква заштита, според правото на ЕУ се следните:


Quote:-Лице се квалификува за бегалски статус таму каде властите оценуваат дека тој или таа има основен страв од прогон врз основа на вера, националност, политички ставови или членство во посебна социјална група и е оневозможено или поради таков страв не сака да се врати во својата земја, доколку не е предмет на исклучување, како на пример во случај на воени злосторници, велат од ЕК.


Quote:-Доколку некој не ги исполнува критериумите за меѓународна заштита, велат од ЕК, земјата членка сепак може да ја разгледа можноста да му додели на лицето некаков вид национален статус, доколку таа опција постои во земјата членка.


ЕК потсетува дека според правото на ЕУ и меѓународното право, земјата членка е надлежна да одлучи за индивидуални барања за азил.
Европската комисија не одговори на прашањата на МИА за тоа дали се бараат објаснувања од Унгарија, ниту дали постои загриженост дека надворешните граници на ЕУ не се доволно обезбедени со оглед на тоа дека Груевски можеби ги преминал на нелегален начин.
МИА праша и дали ЕК смета дека Никола Груевски се соочува со опасност ако биде вратен во Македонија или дали постои загриженост дека таму нема да биде изложен на фер и правично судење, ниту дали сметаат дека неговото барање за азил е оправдано.
Од ЕК потсетуваат на нивната изјава од вчера дека од земјите членки како и од земјите кандидати се очекува почитување на принципот на владеењето на правото и бараат оваа судска процедура да не се политизира.
Yesterday, 02:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Будимпешта: Груевски побарал азил во амбасада надвор од Македонија


Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека поранешниот македонски премиер изразил желба да аплицира за азил во унгарска амбасада надвор од Македонија


   
[Image: 46274194_303.jpg]


Намерата да поднесе барање за азил во Унгарија, експремиерот Никола Груевски ја изјавил во унгарска амбасада надвор од Македонија, тврди шефот на кабинетот на унгарскиот премиер во изјава за агенцијата Ројтерс.
Ѓергели Ѓулијаш одби да каже во која држава се наоѓала амбасадата во која Груевски го побарал азилот, а одбива и да објасни како Груевски стигнал директно до Будимпешта каде се наоѓа Канцеларијата за имиграции и азил, и каде ги поднел документите за азил и бил сослушан.
Ѓулијаш вели дека Унгарија сѐ уште не добила официјално барање за екстрадиција на Груевски од македонските власти.
Тој ги демантира и пишувањата во некои медиуми дека Груевски престојува во земјата како гостин на премиерот Орбан. Ѓулијаш тврди дека Груевски и Орбан воопшто не се сретнале досега. 
Унгарските власти преку изјава од кабинетот на Орбан вчера потврдија дека Груевски престојува во таа земја и дека поднел барање за азил. Во истото соопштение се тврдеше дека унгарските власти веќе нема да коментираат ништо за „случајот Груевски“ додека не заврши постапката за азил. 
Од македонското Министерство за правда велат дека кај нив се подготвува потребната документација за екстрадиција на Груевски назад во земјата, каде треба да одлежи двегодишна затворска казна, а му се суди и во уште четири други предмети. 


Дојче Веле
Yesterday, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:Остра осуда за пропустите и неажурноста на институциите кои резултираа со бегство на осудениот Н. Груевски

[Image: soopstenie-slika-250x140.jpg] [Image: cea_logo_black.jpg]



15/11/2018
Најостро ги осудуваме пропустите, неажурноста и непочитувањето на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи, кои резултираа со напуштање на земјата од страна на осуденото лице Никола Груевски и неможност да се изврши правосилната пресуда по случајот познат како Тенк, со која Груевски беше осуден на двегодишна казна затвор.
 
Пропусти врзани со извршувањето на правосилната одлука

Хронологија на настани:
  • На 26.10.2018 на осуденикот Никола Груевски му беше врачен упатен акт за отслужување на затворската казна, согласно кој осуденикот имаше рок доброволно да се јави во затвор најдоцна до 8.11.2018.
  • На 29.10.2018 Груевски поднесе молба за одложување на казната затвор до судијата за извршување на санкции, кој имаше рок од 3 дена од приемот на молбата да донесе одлука.
  • Судијата за извршување на санкции на 2.11.2018 ноември донесе решение со кое ја одбива молбата на Груевски.
  • По добиеното решение, Груевски и неговата одбрана на 6.11.2018 поднесоа жалби против решението со кое беше одбиена молбата за одлагање на извршувањето на казната затвор.
  • Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по споменатите жалби на 9.11.2018 донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции. Ова значеше дека осуденикот требаше да се јави во затвор веднаш по приемот на конечниот и правосилен упатен акт.
  • Судскиот курир на Основниот суд Скопје 1 Скопје, на 9.11.2018 прави три обиди за доставување на конечниот упатен акт на домашна адреса на осуденикот, но трите обиди завршуваат неуспешно, бидејќи осудениот Никола Груевски не бил дома и не можел да го прими упатниот акт.
Според член 87 од Законот за извршување на санкции, доколку осудениот не се јави во зададениот рок со упатниот акт, установата (затворот) е должна да го извести судијата за извршување на санкции, кој треба веднаш да издаде наредба до МВР за приведување на лицето. Доколку лицето не е достапно на органите на прогон, Министерството за внатрешни работи треба да издаде потерница.
Согласно информациите од медиумите, директорот на Затворот Скопје – Скопје, Ѓоко Котевски го известил Основниот суд Скопје 1 Скопје, дека осуденикот не се јавил доброволно на отслужување на затворска казна на 10.11.2018, еден ден после трите неуспешни обиди за доставување на упатниот акт.
Во овој момент се јавува најголемиот пропуст на судот и прекршување на одредбите од Законот за извршување на санкции.
Апсолутно е нејасно зошто Судот не постапил во согласност со закон и го игнорирал начелото на итност од став 3 на чл 87 од Законот за извршување на санкции, па за издавање на наредба за приведување на осуденикот, чекал два дена од добиеното известување од директорот на затворот и истата ја издал до СВР Скопје на 12.11.2018 во 16:30 часот, со барање за издавање на национална потерница.
Во конкретниов случај, во смисла на наведениот член, судот воопшто не ни требало да чека известување од установата за издржување на казна затвор, бидејќи веќе било поминато времето за доброволно пријавување во затворот на осудениот Груевски. Веднаш по неуспешниот обид за достава судот морал да издаде наредба за пронаѓање и спроведување на осуденото лице на издржување на казна затвор, впрочем како што досега во сите претходни случаи се постапувало.
 
Пропусти во обезбедувањето на осудениот Никола Груевски

Бидејќи во случајот станува збор за поранешен Претседател на Владата на Република Македонија, истиот согласно членот 6 од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување на Владата на Република Македонија, се обезбедува со редовни мерки и активности за обезбедување.
Согласно членот 200 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи („Службен весник на РМ“ бр. 149 од 10.12.2007г.), „Полицискиот службеник кој врши редовно обезбедување не може да се оддалечи од личноста односно објектот кој го обезбедува“, освен во исклучителни околности, но притоа личноста која ја обезбедува не смее да остане необезбедена. Согласно член 201 од истиот правилник одговорниот службеник кој го организира редовното обезбедување, изработува план за обезбедување, согласно кој се врши обезбедувањето.
Ова упатува на фактот дека лицата задолжени за обезбедувањето на Никола Груевски, согласно овој правилник, не смееле да го остават ова лице необезбедено односно воопшто да немаат контакт со него од 8.11.2018  па се до 12.11.2018.
 
Неопходни се итни и темелни истраги

Бараме да се спроведат итни и темелни истраги во кои ќе биде утврдена одговорноста за пропустите во постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје и на Министерството за внатрешни работи од аспект на тоа дали се постапувало согласно  планот за обезбедување на Никола Груевскии и дали се постапувало согласно тој план проценката за ризик. Соодветно на резултатите од истрагата, бараме да бидат санкционирани сите раководни лица и службеници кои не ги почитувале законските и подзаконските акти, особено од Законот за извршување на санкции, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и Планот за обезбедување, со што помогнале осуденото лице Никола Груевски да ја напушти државата и да избегне издржување на казна затвор.
Ова е четврто лице осудено во високопрофилираните кривични постапки, кое поради неажурност и некоординираност на судските власти и органите на прогон, успеало да избега од државата и да го избегне издржувањето на казна затвор определена со правосилна и извршна пресуда, што укажува на итната потреба од преиспитување на функционалноста на органите на прогон, граничните служби и судските власти.
Сметаме дека само со ваков сериозен пристап за утврдување на вистината ќе може целосно и финално да се спроведе правдата која граѓаните долго ја очекуваат, а на која ние, долупотпишаните граѓанските организации инсистираме.
 
Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
Фондација Отворено општество- Македонија
Цивил- Центар за слобода
Центар за економски анализи
НВО Инфоцентар
Коалиција сите за правично судење
Евротинк
Македонско здружение на млади правници
Институт за европска политика
Младински образовен форум
Институт за демократија Социетас цивилис- Скопје
Транспарентност Македонија
Транспаренси Интернешнл



Центар за економски анализи



Центар за економски анализи , толкува правни работи.

Јове Кекеновски во свој статус на фејсбук открива многу битна работа:

Quote:Jove Kekenovski
5 hrs ·

БЛЕДОТО ,,ПЕРЕЊЕ" НА ЗАЕВ
Премиере ЗОРАН ЗАЕВ со бледото и неиздржано ,,перење” за бегството на Груевски, се повеќе наликувате на Груевски. ,,Нема никаква одговорност, Никој нема вина” – беа често употребувани зборови на Груевски додека беше премиер.
Да се разбереме:
1. Значи и до Вас и до министерот Спасовски допреле гласините дека осудениот ќе бега и не сте превземале ништо.
2. Не е точно дека немало упатен акт за во затвор, туку точно е дека упатниот акт му бил врачен, истиот бил обжален и потврден од страна на судот и се чекало три дена да му се врачи потрдениот упатен акт.
Или што би рекол нашиот Кили: ,,Ма дај немој да не е....ш. во здрав мозок".
Одговорност има и тоа кривична и морална
(This post was last modified: Yesterday, 04:04 PM by ЈорданПетровски.)
Yesterday, 02:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Сијарто до Димитров: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

15/11/2018
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска телефонски разговарал со неговиот македонски колега Никола Димитров за случајот со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој пребега и побара азил во Будимпешта, соопшти МНР на Унгарија.
Сијарто му кажал на Димитров дека барањето на Груевски за азил во Унгарија е правно, а не политичко прашање и дека унгарските власти ќе одлучуваат целосно според меѓународното право.
Во разговорот што бил инициран од македонска страна .
Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак, вчера потврди дека Груевски поднел барање за азил.
– Со оглед дека 10-тина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и да биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграции и азил во Будимшпешта, соопштија од кабинетот на Орбан, нагласувајќи дека продолжува унгарската поддршка за Македонија која, како што е наведено, е стратешки пратнер и сојузник на Унгарија.
Yesterday, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Стејт Департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја
 

[Image: stejt-department-777x437.jpg]
Фото: Politico

15.11.2018
САД сметаат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да си ја отслужи затворската казна во својата земја, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за порталот „Политико.еу“.
-Во правен и транспарентен процес Никола Груевски беше осуден од македонскиот суд за злоупотреби на службената должност и осуден на две години затвор. Пресудата беше потврдена и од други судски инстанци. Дополнително, Груевски е обвинет во уште четири кривични предмети. Ние сметаме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат, а Никола Груевски да одговара пред македонскиот правосуден систем, вели неименуван претставник на Стејт департментот за Политико.



Lazgo Lazgo
Yesterday, 02:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Започната предистражна постапка во врска со бегството на Груевски


[Image: javno-obvinitelstvo-banskoliev-7-696x463.jpg]
Фото: Игор Бансколиев


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет  по допрен глас.
-Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија, стои во соопштението на обвинителство.
Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка  издадени се Наредби за прибирање податоци поврзани со настанот.
Yesterday, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:Советник на Јанева би пратил луѓе да го вознемират Груевски во Будимпешта



November 15, 2018
[Image: .jpg?resize=696%2C419]


Советникот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и адвокат Александар Тортевски на дебата на Телевизија Телма, побара на експремиерот Никола Груевски, кој побегна и побара азил од Унгарија, да му се пратат луѓе во Будимпешта.
Тортевски вели дека ако Македонија е сееиозна држава треба на Груевски да му прати неколку луѓе за да го вознемири.
Според советникот на Јанева Груевски ќе се плашел затоа што пред 5 години на гостување на телевизија се исплашил од пукната сијалица.
Екс претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски оваа изјава на Тортевски ја оценува како скандалозна.




Quote:[Image: yF4tDeQG_normal.jpg]


Владимир Панчевски / Vladimir Panchevski @VladimirPanche6

ВРВ НА ЗАБЕГАНОСТ!!! Слушнете го концептов и методиве што ги предлага адвокатов!

9:14 АМ  Ноември 2018

(This post was last modified: Today, 12:06 AM by ЈорданПетровски.)
Today, 12:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:МВР на Албанија официјално: Груевски со дипломатско возило избегал преку Албанија кон Црна Гора



15.11.2018
Поранешниот премиер Никола Груевски на 11 ноември илегално ја поминал границата со Албанија и се упатил директно во унгарската амбасада во Тирана. Албанската полиција доцна попладнево потврди дека вечерта на 11 ноември Груевски ја напуштил Албанија и влегол во Црна Гора преку премин кај Скадарското езеро, но за екс-премиерот нема електронска евиденција од каде и кога влегол во Албанија.
Соопштение од МВР на Албанија:

Quote:„Државјанинот Никола Груевски на 11.11.2018 година околу 19:11 часот излегол од територијата на Република Албанија на граничниот премин Хан и Хотит кон Црна Гора како патник во возило со регистарска табличка CD1013A во сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана. На 11.11.2018 година за граѓанинот Никола Груевски немало никакво соопштение на границата или известување дека е лице по кое се трага.“


Груевски на овој граничен премин како што пренесуваат албанските медиуми ја искористил својата лична карта и бил евидентиран во албанскиот систем само на излез од границата. Следниот ден Груевски се јави од Будимпешта и објави дека бара азил во Унгарија. Како што истражуваат албанските медиуми, според нивните информации, од Црна Гора, потоа Груевски преминал во Србија од каде влегол во Унгарија со помош на унгарски диполомати. Официјалнот став на унгарската амбасада во Тирана за ваквите информации е дека не коментираат за настани кои што се во тек.
Инаку, првичните шпекулации во јавноста беа дека Груевски за Унгарија избегал преку Србија и тоа преку нелегални премини на македонската северна граница.



Quote:Црногорската полиција потврдува: Груевски влегол и ја напуштил Црна Гора истиот ден


15.11.2018
Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот, Никола Груевски на патот кон Унгарија, поминал низ Албанија, по што влегол во Црна Гора.


Quote:– По повод наводите кои се објавени во медиумите, како и интересирањето на медиумите по ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дали поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, поради вистинитоста на информирањето на јавноста го објавуваме следново: Никола Груевски ја напуштил Црна Гора истиот ден кога влегол во нашата земја. Црногорската полиција во целост ги испочитувала законските процедури- се наведува во соопштението на управната полиција во Црна Гора.


Во соопштението нема детали од кој граничен премин Груевски заминал од земјата.
Претходно албанската полиција соопшти дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за Црна Гора на патот кон Будимпешта. Албанската полиција јави дека Груевски ја поминал границата преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, во возило во сопственост на унгарската амбасада во Тирана.
Албанската полиција додаде дека во периодот кога Груевски ја поминал границата, немало издадено меѓународна потерница по него.
11 hours ago
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Комисијата за заштита од дискриминација утврди: Кацарска врши политичка елиминација на Никола Груевски


07.11.2018
Државната комисјата за заштита од  дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.
Директната дискриминација врз поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Никола Груевски, извршена е и од страна на Основниот суд Скопје 1 и од страна на судијката Добрила Кацарска, која во крајно контроверзна и незаконска експресно водена постапка со брзина како за никој друг претходно во Република Македонија и со огромен број прекршувања на постапките, како и непрофесионално однесување без валидни докази, го осуди Никола Груевски на две години затвор стои во образложението на мислењето на КЗД.

[Image: 46190030_1971461313146991_36321303361476...e=5C65F5C9]

Истиот суд се подготвува деновиве да ја одбие жалбата по решението за одложување на извршување на санкцијата и можеби до петок, или најдоцна  понеделник експресно да го испрати Груевски во затвор.
И самиот Никола Груевски, но и бројни правни експерти во повеќе наврати јавно потенцираа дека поранешниот премиер и актуелен пратеник е изложен на видлив и класичен политички прогон, на политичка хајка во која обвинителството СЈО и судот се само инструмент и беспоговорен извршител на актуелната власт за негово политичко елиминирање, понижување, тортура и преку монтиран судско-политички процес негово ставање во затвор.
Мислењето на независната Комисија за заштита од дискриминација е прва официјална и институционална реакција и правен став на независен државен орган одговорен пред македонскиот парламент.
Утврдена директна дискриминација од независна државна комисија за заштита од дискриминација, од страна на судот, врз поранешен долгогодишен премиер и пратеник од опозиција, во секоја нормална држава е скандал од невидени размери, кој не смее да се релативизира или затскрие и не може да заврши без соодветна реакција на судските надзорни органи, но и поширока општествена и институционална реакција.
Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Владата на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4  од Законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на  судијката Добрила Кацарска до Основниот суд 1 Скопје.


Quote:“Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за  спречување и заштита од дискриминација поради поставување во непожелна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје“, стои во мислењето на Комисијата.


Вечерва во 19 часот пред Основен суд Скопје 1 е закажан мирен законски протест во поддршка на Никола Груевски против  политичкиот прогон кон него и барање правда за него.
[Image: Screenshot_20181107-083115_Word-520x736.jpg]
(This post was last modified: 59 minutes ago by ЈорданПетровски.)
9 hours ago
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Заев тотално одлепил!!


Quote:Заев: Груевски да каже дали доволно заминал или бил киднапиран


16.11.2018
Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.
,,Јасно е дека избегал со дипломатско возило од Унгарија. Сите докази ќе бидат споделени со јавноста, ќе ги предадеме со Унгарија, но и на Европската Унија”, рече Заев.
Сомнежите дека е киднапиран, Заев ги образложи со тоа што Груевски побегнал со димпломатско возило на странска амбасада.
,,Секоја амбасада е екстериторијална, таму нашиот систем и полиција неможе да делува таму. Од тој аспект прашувам дали доброволно заминал или бил киднаиран. Одговорот на прашањето ќе разјасни многу работи, вели Заев.
Во врска со бегството на Груевски и информациите кои што се појавија во јавноста, тој потврди дека е точно дека тој преку Албанија и Црна Гора избегал во Будимпешта каде што побарал азил. Но, Заев е дециден дека Груевски ,,лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”.
Во врска со случајот тој вели дека постои добра соработка со албанските и црногорските власти, со кои се разменуваат информации.
41 minutes ago
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,772
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура




 16 ноември, 2018
Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани за неговиот живот и прашања поврзани со неговите судења. На прашањето дали Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија, од унгарската влада велат дека тоа е правно прашање, а тамошните власти не добиле официјално барање за екстрадиција по што додаваат дека, доколку добијат барање, тие ќе ја следат правната процедура. Владата на Унгарија тврди дека Орбан не се сретнал со Груевски од моментот кога експремиерот поднел барање за азил.
„Станува збор за поединец што повеќе од десет години ѝ служеше на својата земја и побара политички азил. Ова е невообичаена ситуација, па во овој случај со преседан се разгледуваат невообичаените околности. Од безбедносни причини релевантните унгарски власти – но не унгарската влада – одлучија дека на поранешниот премиер Груевски може да му се дозволи да поднесе барање и тоа да се разгледа во Будимпешта“, велат од владата на Унгарија.
Во однос на тоа како ја напуштил Македонија, унгарската влада нема никаква поврзаност, тврдат оттаму.
„Важно е да кажеме дека тоа не е познато. Новинарите прават превид на моментот дека граѓаните во овој регион може да патуваат меѓу земјите без пасош, односно со лична карта“, додаваат од владата од Унгарија.
Новинарите на Унгарија прашаа и за тоа како може Унгарија да ја смета Македонија за безбедна земја, каде што постои владеење на правото, а сега се разгледува барањето за азил на ескпремиерот Груевски по што владата на Унгарија негира.
„Не. Унгарија доби барање и го разгледува. Тоа е правно прашње. Одлуката ќе се донесе според двата закона, а тоа се унгарскиот и меѓународниот. Владата на Унгарија и унгарските државни власти, со тоа што го добиле барањето на ниеден начин не реагирале против институциите или официјалните одлуки на Македонија“, велат оттаму констирајќи дека унгарската влада не се става над македонскиот правен систем.
(This post was last modified: 4 minutes ago by ЈорданПетровски.)
38 minutes ago
Reply