Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ОСУДЕН НА ДВЕ ГОДИНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Никола Груевски осуден на две години затвор во случaјот Тенк

[Image: gruevski-na-telefon-696x423-696x423.jpg]

Две години затвор за екс премиерот Никола Груевски, како обвинет во случајот Тенк, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра. Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски пак е осуден на шест години и шест месеци.
Судијката Добрила Кацарска образложувајќи ја осудителната пресуда истакна дека Груевски побарал од Гордана Јанкулоска да спроведе јавна набавка за мерцедесот, а таа го потикнала Ѓоко Поповски да ја фаворизира компанијата Мак Ауто Стар.
Таа истакна и дека Груевски ги потценил и омаловажил граѓаните бидејќи зад нивне грб во тајност го набвавил мерцедесот по лижна желба.
„Чест е да се биде носител на јавна функција, а особено премиер. Легитимитетот го добил од граѓаните па заради тоа требало да се грижи за нивните интереси. Но, наместо тоа тој ги омаловажил и потценил – истакна судијката Кацарската.
(This post was last modified: 23-05-2018, 04:18 PM by ЈорданПетровски.)
23-05-2018, 04:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: Grujo_presuda.png]










Човекот кој амнестирајки ги Албанците убијци на цивили Македонци и со тоа ја изневери Македонија и Македонците, продава лажен патриотизам.
(This post was last modified: 23-05-2018, 05:35 PM by ЈорданПетровски.)
23-05-2018, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3






Моето предупредување кое му го пренесов на Груевски се изполни многу пожестоко!

[Image: 90c8a860751b252e58c26f97e05856c4_XL.jpg]
04-09-2018, 05:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4






Quote:Апелација: Не се точни тврдењата на Груевски дека веќе е донесена осудителна одлука за него


 4 септември, 2018
Од
Mak Fax


Апелациониот суд Скопје, во целост ги демантира наводите изнесени на прес-конференцијата од страна на обвинетиот Никола Груевски, во врска со предметот „Тенк“.
„Наводите на обвинетиот се во целост невистинити, исконструирани и тенденциозни со цел да се дискредитира судот и да создаде лажна перцепција во јавноста, дека судството е под притисок на власта и носи нарачани одлуки. Тврдењето на обвинетиот Никола Груевски на прес-конференцијата дека поседува сигурни извори дека судиите на Апелациниот суд Скопје, биле повикувани поименично еден по еден кај ВД Претседателот на судот, дека подлегнале на притисоци и дека веќе е донесена одлука за негова осуда, за предмет за кој се уште е во тек јавната седница, претставува груба невистина и манипулација со јавноста“ се наведува во соопштението од Апелација.

Од таму ја информираат јавноста дека предметот е распределен кај судијата известител согласно АКМИС системот, а советот постапува според годишниот распоред за работа на судиите донесен од страна на Претседателот на судот, согласно Судскиот деловник.
„Јавната седница е закажана согласно Закон, по барање на обвинетите и нивните бранители, за која беа определени два дена, со цел одбраната и обвинетите да ги изнесат нивните наводи во врска со обжалената пресуда. Времетраењето на јавната седница одржана на 31.08.2018 година беше пролонгирано поради последователни- едно подруго поднесувани барања на одбраната за изземање на судиите, со јасна цел истата да не се одржи, поради која причина и се одолговлекуваше траењето на јавната седница, а која по нејзиното започнување беше прекината и за продолжението на истата дополнително беше определен уште еден термин, усогласен со одбраната и обвинетите“ се додава во соопштението.
(This post was last modified: 05-09-2018, 02:40 AM by ЈорданПетровски.)
05-09-2018, 02:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ГРУЕВСКИ: Апелацискиот суд денеска го потврди тоа што вчера го објавив
/ 05.09.2018

[Image: gruevski.jpg]

Сосема очекувано беше дека судот ќе ги демантира сознанијата изнесени во мојата денешна изјава. А што друго би направил, се огласи денеска поранешниот премиер Никола Груевски, преку својот Фејсбук профил.
– Но, од соопштението – демант на Апелацискиот суд, не само меѓу редови, туку и директно се чита пристрасноста на оној кој го креирал текстот на овој демант и се наѕира веќе донесената одлука за мое прогласување за виновен, иако ниту имам сторено кривично дело, ниту постојат докази за такво нешто, ниту судската постапка во прв степен е соодветна, ниту пак по закон можат да вршат гонење за нешто што има и релативна и апсолутна застареност а во корелација со член член 30 од КЗ. Судот си дозволил во одговорот јавно да се пресметува со мене, обвинувајки ме дека со остварувањето на моите права кои се сосема оправдани во правец на барање неколку изземања, всушност дека сум сакал да го одолговлекувам судењето. На пример за изземање на судија за кого е отворена постапка за одговорност веќе има и судска пракса за негово изземање од кога во 2017та истото се случи во Кривичниот суд, пишува Груевски.
Тој натаму додава:
– Притоа забораваат дека максимумот што го бараше адвокатот на другиот обвинет од името на сите адвокати беше одложување за еден работен ден, со цел наместо во петок, во понеделник да бидат присутни сите адвокати. Не може да стане збор за одолговлекување кога се бара изземање на судии кога се знае дека тоа се решава за еден час, како и што беше направено, или најмногу ден-два доколку се прифатеше барањето за изземање, вклучително и она за кое одлучува врховниот суд, додава поранешниот премиер на Република Македонија.
Со ова соопштение-демант, вели Груевски, за жал Апелацискиот суд само го потврди она што го објавив, а наскоро и на дело ќе го покаже тоа кога ќе ја објави одлуката.

05-09-2018, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Апелација ја потврди зарворската казна на Груевски за „Тенк“


[Image: gruevski_sud.jpg]


– Апелацискиот суд во Скопје како неоснована ја одби жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.

Судот делумно ја прифати жалбата на обвинетиот поранешен помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и го преиначи делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од четири години и шест месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
Кривичниот суд Скопје на 23 мај година за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.
Двајцата потоа поднесоа жалби на првостепената пресуда до Апелацискиот суд Скопје.
05-10-2018, 11:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Груевски: Затворот е политички прогон

[Image: 43224579_241757753168201_6325808591542419456_n.jpg]


25 минути - 5 октомври, 2018
Васко Маглешов


Затворот е политички прогон, нема да ги поддржам уставните измени и да го изневерам мојот народ, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот ,,Тенк”.
Тој вели дека ќе ги искористи правните лекови пред Врховниот суд и дека нема нови докази за пред највисокиот суд. Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница дури ги слушаше бомбите во ,,Титаник”.
05-10-2018, 12:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Груевски дефинитивно оди во затвор, Кривичниот совет му ја одби жалбата


09.11.2018
Екс премиерот Никола Груевски набрзо ќе треба да се упати во истражниот затвор „Скопје“, каде што треба да ја одлежи двегодишната казна, бидејќи и Кривичниот совет му ја одби жалбата со која бараше одложување на издржувањето на казната.
-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции, велат од Кривичниот суд.
Оттаму додаваат дека решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките. Ова значи дека штом Груевски ќе го прими решението, веднаш треба да замине во истражниот затвор „Скопје“.
09-11-2018, 07:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Од затворот во Шутка му пишале на судот дека Груевски не се појавил

МИА 12/11/2018

[Image: zatvor-sutka-2.jpg]

Поранешниот премиер Никола Груевски сѐ уште се нема пријавено во затворот „Скопје“ во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“, потврди директорот на затворот, Ѓоко Котевски.
Тој посочува дека од затворот утрово го известиле Кривичниот суд дека Груевски не се појавил доброволно во законски предвидениот рок.
Од Кривичниот суд, пак, велат дека денеска се прави нов обид да му се достави решението на  Груевски и оти останува на судијата за извршување санкции да одлучи за натамошните чекори.
Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.
Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.
Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.
Собранието на Република Македонија во петокот не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство што значи дека екс премиерот и да влезе во затвор ќе си зема пратеничка плата.
12-11-2018, 12:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Адвокатите прават последен обид да ја одложат казната на Груевски


Одбраната на Груевски и денеска ќе побара одложување на неговата затворска казна. Од судот најавуваат - ако се утврди дека тој избегнува да го прими решението, ќе побараат да биде спроведен со полициска придружба.
   
[Image: 43899183_303.jpg]

12.11.2018
„Каде се изгуби поранешниот македонски премиер?“; „Ако не се пријави, присилно ќе биде донесен во затвор“; „Чека ли Груевски помош од Иванов?“ Овие прашања што се поставуваат во македонската јавност, се најдоа и во наслови на регионалните медиуми. Откако минатиот петок судски доставувач во три наврати не успеа да го пронајде и да му го врачи упатот за издржување на двегодишната затворска казна, Груевски исчезна од видикот. Го нема во јавноста, го нема на социјалните мрежи, каде претходно честопати се огласуваше, а за време на викендот не се појави ни на седница на Комисијата за уставни прашања, чиј член е и тој. Како прва можност Груевски да се појави во јавноста се сметаше за денеска закажаното рочиште за „Титаник“, но тоа во меѓувреме е одложено за в среда, што неизвеснота ја прави поголема.
Во јавноста се отвора и прашањето како е можно никој да не знае каде е Груевски, кога како поранешен премиер тој има законско право на постојано полициско обезбедување и барем неговите обезбедувачи треба да знаат каде е. Но, како што објаснуваат од МВР, тој на пример, може да побара да го обезбедуваат од точка А до точка Б, но не и потоа, така што по негово барање тие не мора да се покрај него 24/7.
Од друга страна, судски извори повикувајќи се на искуството од долгогодишната практика, велат дека осудените лица најчесто ескивираат да примат упат за издржување казна пред деновите од викендот. 
„Потребата да го искористат тој последен, слободен викенд пред почетокот на казната, се потврдува во повеќе од 90 отсто случаи. Многу ретко се случува некој да почне со издржување на затворската казна во сабота или недела. Обично по викендот го примаат упатот и се јавуваат во казнената установа“, објаснуваат нашите соговорници.


Ако не дојде, ќе биде спроведен!
Дали ќе биде така и случајот со Груевски? Имајќи ги предвид изјавите од неговиот адвокатски тим, се чини дека одбраната повторно ќе се обиде да го пролонгира почетокот за издржување на затворската казна. Бидејќи адвокатите ги исцрпеа правните лекови, најавуваат дека ќе побaраат од Основниот суд Скопје 1 самиот да го одложи извршувањето на пресудата од причините кои се наведени во вонредниот правен лек до Врховен суд. Исто така, потсетуваат и дека Комисијата за заштита од дискриминација минатата недела даде препорака, и очекува во рок од 30 дена Судот и судијката Добрила Кацарска да ја известат Комисијата какви дејствија ќе преземат за утврдена дискриминација кон Груевски во предметот „Тенк“.


[Image: 19277264_401.jpg]

На Груевски нема да може да му помогне Комисијата за заштита од дискриминација, сметаат правни експерти
Но, според неофицијални најави, Судот нема да го чека рочиштето за „Титаник“ во среда, за тогаш да му биде врачено решението на Груевски. Доколку судските доставувачи и денеска не го пронајдат, и доколку се утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, Судот ќе побара тој да биде спроведен со полициска придружба или ќе биде издаден налог за апсење.
Правни експерти се сомневаат дека на Груевски може да му помогне Комисијата за заштита од дискриминација, каде тој поднел претставка жалејќи се на дискриминаторски однос од судијката Кацарска. Комисијата минатата недела излезе со оценка дека „се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Владата и поранешен претседател на политичка партија (...) поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје“.
Но, Комисијата не беше едногласна во ваквата оценка. Членовите Ирфан Дехари и Беким Кадриу објавија дека таа одлука на Комисијата е политичка. Тие напишаа издвоено мислење и ги образложија причините зошто не се согласуваат со ставот дека Груевски е жртва на дискриминација, особено што мнозинството во Комисијата со ништо не докажало дека Груевски имал понеповолен третман од другите обвинети во „Тенк“.
Меѓу другото, фактот дека тројца од членовите на Комисијата важат за јавни поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително ја стави под сомнение донесената одлука.

[Image: 41135252_404.jpg]
Судството е партизирано, обвинува ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ тврди дека судовите денес се независни институции

Обвинувања за партиско судство
Но, тоа не беше пречка опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се повикува на оваа одлука, и да критикува дека во Македонија нема судство, туку судии кои изрекуваат политички нарачани пресуди.
„Случајот со актуелниот пратеник Никола Груевски, почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер е чист класичен пример за политички мотивиран судски процес, кој во иднина ќе се изучува на правните институти. Тоа е најголемиот политички мотивиран процес, воден од партиското 'Кацарска судство'“, обвини опозицијата.
„Притисоците и мешањето во нивната работа заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, реплицираа социјалдемократите. 
„Судовите денеска се независни институции кои постапуваат и работат по закон. Македонија е правна држава. Секој оној за кој низ судска постапка се докажало дека ги прекршил законите мора да понесе одговорност“, порачаа од СДСМ.
DW.COM

Катерина Блажевски
12-11-2018, 12:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Полицијата го бара Груевски, откако два пати не го најде дома

[Image: mvr-poternica-2.jpg]


12/11/2018
Полицијата продолжува да трага по поранешниот премиер Никола Груевски по вечерашните два неуспешни обида да го пронајде во неговиот дом и да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
Од МВР велат дека полицијата продолжува да постапува по потерницата распишана по Груевски и дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.
Потерница од МВР беше распишана на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.
Во меѓувреме, МВР на веб – страницата ја објави потерницата со фотографија од Груевски.
Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за „Тенк“.
12-11-2018, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:ВМРО-ДПМНЕ обвини за медиумски линч врз Груевски нарачан од Заев


12/11/2018
Однародената и криминална власт вечерва го допре дното и потврди дека Република Македонија нема институции туку само инструменти на криминалниот картел кои се злоупотребуваат за политички пресметки, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски за да кулминира хајката врз него. Медиумските загари на аболицираниот Заев имаат зелено светло за линч на секој што не се согласува со неговата капитулантска и антимакедонска политика.
Ваква злоупотреба на институциите и медиумите не е видена во ниту една европска држава.
Ваквиот јавен линч е најдобар доказ дека предметот е политички монтиран со една единствена цел, а тоа е отстранување на Никола Груевски од јавниот живот и заплашување на сите кои би помислиле да се спротистават на криминалниот картел.
Доколку Секторот за внатрешна контрола при МВР и Народниот правобранител не утврдат кој е режисерот на оваа медиумска хајка и кој ги повикал новинарите, односно им дал информации кога ќе биде упатен тим од потраги во неговиот дом, ќе значи потврда дека станува збор за нарачка токму од аболицираниот Заев.Ваквото „Кацарска судство” во спрега со полицијата и медиумите е најдобар доказ дека во Македонија се сведоци на политички прогон и за овој скандал ВМРО ДПМНЕ ќе ги информира своите меѓународни партнери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
12-11-2018, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Груевски на фотографија од потерницата на МВР

 [Image: 46062511_1923409501105854_3452967519151718400_n.jpg]

12/11/2018 19:38
Фотографија од поранешниот премиер Никола Груевски е објавена на интернет сајтот на Министерството за внатрешни работи, каде што се објавуваат сите лица по кои е распишана потерница.
– Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ, е тексот со кој е проследена фотографијата.


[Image: gruevski-poternica.jpg]
12-11-2018, 10:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:„Алфите“ влегоa во седиштето на ВМРО-ДПМНE – се бара Груевски


[Image: poi_2.jpg?itok=z6RZ8Myq]

Припадниците на МВР, односно единицата „Алфи“ ја продолжија потрагата по Никола Груевски.
Откако по втор пат не го пронајдоа во неговиот дом, сега во тек е голема акција во седиштето на ВМРО ДПМНЕ каде што се врши претрес на секој автомобил што излегува од паркингот.

Од она што може да се забалежи, припадниците на МВР ги претресуваат сите возила кои излегуваат од паркингот и притоа ги легитимираат возачите и оние кои се во возилата.





(This post was last modified: 12-11-2018, 10:45 PM by ЈорданПетровски.)
12-11-2018, 10:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:ПОСЛЕДЕН ПАТ ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ ГРУЕВСКИ ГО ОСТАВИЛЕ ДОМА ВО ЧЕТВРТОКОТ НАВЕЧЕР, ОТТОГАШ НЕ ГИ ПОВИКАЛ


12.11.2018
Телохранителите на осудениот Никола Груевски, кој од петокот ги избегнуваше судските органи да му го врачат конечното решение за издржување на затворската казна, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори.
„Колку што знаеме, неговите телохранители пред одделот за потраги во МВР кажале дека последен пат го виделе во четвртокот навечер, на 8 ноември, кога го оставиле дома. За да го обезбедуваат, тој треба да ги повика нив ако излегува. Во петокот не ги повикал воопшто, што се случувало и порано, бидејќи не излегувал задолжително секој ден. Не го повикал обезбедувањето ни викендот, а ни денеска, до распишување на потерницата“, ни изјавија од Основниот суд Скопје 1, чиј доставувач го бараше три пати во петокот и еднаш денеска и не го најде дома.

Пред зградата на Груевски во Кисела Вода, има и полициска куќичка, во која има лице кое го чува објектот. Службените лица кои се менувале од четвртокот до денеска, неофицијално, пред органите на потргата кажале дека не го виделе дека овие денови ја напушта зградата. Но, укажале дека секој од станарите може незабележано да излезе со возило од подземните гаражи и тоа од куќичката да не се види.

Во петокот, на доставувачот неколку пати на адресата што ја пријавил Груевски по лична карта и која стои во сите негови обвиненија во Основниот суд Скопје 1, на судските органи врата им отворила Боркица, сопругата на Никола Груевски. Денеска кога судскиот доставувач заѕвонил на истата врата, веќе немало никој. Одвнатре од станот се слушал само лаеж од куче.
Ако не го најде Груевски полицијата, ова ќе биде четвртиот бегалец обвинет во случаите на СЈО. Сѐ уште во бегство се Горан Грујевски и Никола Бошкоски, главните обвинети за масовното прислушување и за уништување на опремата на МВР со која нелегално се прислушувало со години. И обвинетиот Сеад Кочан избега и се врати кога Врховниот суд му го укина притворот.
С. К. ДЕЛЕВСКА
12-11-2018, 11:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16







Quote:Hristijan Mickoski
1 hr ·
Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа неколку месеци од убиството на младиот навивач Саздо и редица други убиства за кои сторителите се во бегство, а нивните лица не се знаат во јавноста.
Немаше вакви спектакли како вечерва, а требаше да има, затоа што таму некаде, во некое ќоше или улица, вечерва шета осомничениот за одземање на човечки живот. А вие наместо да трагате по нив се занимавате со хајка, политичка хајка врз ВМРО-ДПМНЕ.
Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи?
Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот.
Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа?
Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите.
Како водач на ВМРО-ДПМНЕ немам намера да се жалам и правдам, ниту да се прикажам за жртва, бидејќи јас чувствувам само мал дел од она што стотици, илјадници граѓани го чувствуваат секој ден. Велите дека сте победиле режим, а по што се разликувате од она што толку драматично го опишувавте дека сте се бореле против. Па вие сте тој режим и хунта која слободата ја ограничува.
Приберете ги вашите партиски силеџии од СДСМ со полициска значка, нивниот срам е и ваш срам.
Сакате да не понижите, да не прикажете за злосторничка дружина, за криминалци, ние кои ја кажуваме вистината.
ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и критичката мисла. Тврдина на народот кој ја сака оваа земја. Можете да забраните да говориме, да забраните да дејствуваме, но не може да ни го забраните ВМРО затоа што тоа му служи на народот, а јас сум прв повикан да им служам и да ги чувам тие 4 свети букви.
Македонија ќе победи. Колку повеќе ќе притискате толку повеќе ќе губите. Нема да не исплашите, ниту поколебате.
И сега на крај, треба да знаете и дека вака ќе ве победиме, ќе паднете, затоа што љубовта кон нашата земја е посилна од вашата злоба, затоа што нема да ја покриете сиромаштијата која ја правите на народот, а грабежот на нацијата нема да биде заборавен. Ќе паднете!
Македонија ќе победи!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија!
(This post was last modified: 13-11-2018, 12:58 AM by ЈорданПетровски.)
13-11-2018, 12:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Спасовски: Јас не сум виновен ако Груевски избега!

13.11.2018
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не размислува за оставка откако полицијата направи неколку безуспешни обиди да го пронајде осудениот екс-премиер Груевски. Спасовски вината што Груевски стана недостапен за органите на прогонот ја гледа кај судската власт.


Quote:-Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела- рече Спасовски додавајќи дека полицијата работи врз основа на судските наредби.





Ако Груевски избегал надвор од државара вината е на МВР. Судот не ги контролира граничните премини!!
(This post was last modified: 13-11-2018, 02:25 PM by ЈорданПетровски.)
13-11-2018, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Заев: Сѐ уште не знаеме дали Груевски е надвор од државата

Сѐ уште не се знаеме дали се работи за бегство или не. Да оставиме службите да го решат случајот. Прво треба да се утврди дали Никола Груевски е надвор од државата, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната расправа по предлог буџетот за 2019 година во Стопанската комора.
Заев рече дека очекува институциите да ја завршат работата без да бидат повредени негoвите човекови права и без повреда на законските процедури и беше дециден дека Владата нема намера да се меша во работата на судот.
Во однос на случувањата од петокот кога е донесена одлуката за Груевски, до распишувањето на потерницата, премиерот рече дека, не може да лоцира одговорност кај институциите зашто и во овој случај судот постапил како и во други случаи.


Quote:– Судот и овој случај работел исто како и за другите случаи кога одлуката е донесена во петок секогаш се остава перидот до понеделник да се јави на издржување на казната. Полицијата без налог не смееше ниту да го следи ниту пак да му се доближи на Груевски ниту пак да презема некакви активности, изминатите денови. За тоа постојат судски наредби. Сега има налог за потерница која е распишана. Институциите верувам дека ќе ја завршат работата без да ги повредат неговите права и без да биде повреден законот – рече Заев.


Заев, сепак, потсети дека Груевски треба да ги почитува своите изјави и да се јави на издржување на казната.
13-11-2018, 02:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Груевски: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил!


13.11.2018
Поранешниот премиер и сега почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на неговата фејсбук страница објави дека се наоѓа во Унгарија, во градот Будимпешта, каде што побарал политички азил поради прогонот кој му се случува во Македонија.


Quote:-Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.
Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.– пишува Груевски.


Ова го објави по потрагата која против него во изминатите два дена ја организираат властите во Македонија, откако тој не беше достапен за да му се даде решението со кое треба да издржува затвор од 2 години, поради набавката на владиниот мерцедес – дело во кое нема никаква корупција, ако се знае дека сеуште го користи Владата на Република Македонија.




[Image: image.png]



Јас го оправдувам овој потег на Груевски. Причина зошто го оправдувам леши во пресудата за дело , купување на мерцедесот, кое во ниедна демократска и правна држава не е казниво!

Луѓето од врвот на ЕУ, амбасадорите на западните држави во Македонија не рекоа збор на осуда за вакавата пресуда а која е само политичка.

Каде се судските процеси за милијардите кои ги „украла“ фамилијата, тоа е главното прашање. Нели Заев се расфрлаше со докази за се и сешто , оф украдените пари па до убиствата на Нешковски, Смилковско езеро, Диво Насеље. Каде се Героски и дружината  да го прашуват секојдневно Заев каде се доказите кои наводно ги имал.
(This post was last modified: 13-11-2018, 02:40 PM by ЈорданПетровски.)
13-11-2018, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип.

-Владеењето на правото е темелен принцип на Европската унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните правила, велат од Европската комисија додават дека ова е „судска процедура која не смее да се политизира“.
14-11-2018, 12:27 AM
Reply