Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МИЦКОВСКИ ВС ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,767
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1







Quote:Мицкоски го кани Заев на тв – дуел за името


[Image: zaev-mickoski-696x383.jpg]

16.05.2018
Цениме и сигурни сме дека лидерска средба во присуство на претседателот на државата ќе биде од огромно значење и можеше да биде и поддршка во целокупниот овој процес за надминување на проблемите околу нашето уставно име што го има нашиот јужен сосед, и ценам дека одбивањето е чин на голема неодговорност, покажување на пркос, на лажни основи, покажување на непочит кон Македонскиот народ, непочит на оние луѓе кои што ги гласале тие политичари, без разлика дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, другите парламентарни партии, претседателот на државата, но и непочит кон сите останати институции во оваа држава, од кои што може да се научи како што е МАНУ, универзитетски професори, уметници, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за поканата од премиерот Зоран Заев за тет а тет средба.
-Ние бевме прилично јасни во нашиот став и кажавме дека вака сериозни прашања одговорни политичари, државници кои што и мислат добро на својата татковина, кога станува збор за едно вака сериозно прашање е логично да отворат фронт на консултација со што е можно поголем број на целни групи. Една таква целна група е и ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија но и сите политички партии што се парламентарни, бидејќи е логично да тие партии одлучуваат понатаму за некаков евентуален, хипотетички договор помеѓу Република Македонија и нашиот јужен сосед – рече Мицкоски.
Според него, прашањето се банализираше на прашање дали има претседателот на влада и Заев време да го прими на тет а тет средба или нема.
– Како човек како претседател на најголемата опозициона партија и најорганизираната политичка сила во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја искористам оваа прилика еве и да му одговорам на претседателот на владата на неговата покана на тет а тет средба. Истата можам да ја прифатам, но наместо во неговиот удобен кабинет да го повикам на телевизија да можеме да се соочиме на една тет а тет средба пред граѓаните на Република Македонија. Да дискутираме за ова прашање да може он да ги информира граѓаните Република Македонија, како преговара за што преговара. Но, и да дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики кои што се случуваат оваа измината една година, така што еве можност да можат граѓаните да видат за каква политичка гарнитура станува збор, а ние се разбира да можеме да слушнеме да видиме и да ја дознаеме конечно таа лекција која што така одамна ја најавуваше само да можат граѓаните да ја слушнат, па можеби и ќе научиме нешто -рече Мицкоски.
Прашан дека се најавува лидерска средба и дали тој е  поканет, Мицкоски одговори дека нема покана.
– Утре патувам во Софија имаме Самит на Европската народна партија, веќе се потврдени неколку средби, ќе биде јавноста навремено информирана за тие средби и за содржината на разговорите кои ќе се водат на тие средби. Така што, до овој момент нема никаква информација за евентуална лидерска средба во петок. Јас како што знам во петок во Охрид сум поканет во 19.30  часот на завршна вечера која што е дел од процесот така наречен Жан Моне кој што ќе се случува во Охрид, на наше инсистирање, за време на посетите во Брисел, но и посетите на евро- тројката во Република Македонија, така што не знам зошто во јавноста проструи таква дезинформација, но имајќи во предвид од кои кругови доаѓа и е за очекување на една таква дезинформација. Не станува збор ако мислите на тој настан за евентуална лидерска средба, напротив станува збор за една завршна вечера на која што ќе присуствувам, која што ќе биде во времетраење претпоставувам не подолго од еден час и каде што повеќе или помалку ќе дискутираме за формални работи, а не за суштински – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

+ИНФО


Мицковски повлече уште еден одличен потег, го покани Заев на тв дуел. Ако прифати Заев ке мора јавно да ги брани тој самиот неисполнетите ветувања атоа значи сериозен пад на инака никаквиот рејтинг . Ако пак го одбие дуелот ке покаже дека кога не е зад него службата* тој е плашливец.

пс. се појасно е од каде му беше храброста на Заев во бомбите, службата цело време била зад него , тоа се покажа највоочливо на 27.04
(This post was last modified: 16-05-2018, 02:07 AM by ЈорданПетровски.)
16-05-2018, 02:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,767
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев ја прифати поканата на Мицкоски за ТВ дуел

[Image: zaev-mickovski.jpg]

Премиерот Зоран Заев ја прифаќа поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за дуел на телевизија, потврдија за МИА од Владата.

– Отвореноста е еден од основните принципи според кои работи претседателот на Владата на Република Македионија Зоран Заев. Постојано комуницираме со јавноста на отворен и двонасочен начин, преку одговори и прашања, но и дебати и дуели. Така што премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата е отвореноста и подготвеноста да се соочиш со политичките опоненти, изјави за МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
(This post was last modified: 16-05-2018, 12:09 PM by ЈорданПетровски.)
16-05-2018, 12:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,767
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:[Image: 29103267_931330560375737_136666968920143...e=5B85E6DE]Hristijan Mickoski

Подготвен сум во текот на наредната недела, во среда, во 20.00 часот на јавниот државен сервис Македонска Телевизија, без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се оддржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања. Јавноста заслужува одговори, а јас немам што да кријам, затоа што во политиката влегов со чест, принципи и достоинство. Така и ќе продолжам во иднина, затоа што вистината нема цена, а граѓаните заслужуваат многу подобро!
17-05-2018, 04:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,767
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



01-07-2018, 02:08 PM
Reply