Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЕ Е ИСТО САМО НОВА ФАМИЛИЈА Е НА ВЛАСТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Камионите на Вице, братот на Заев, возат за РЕК Битола


[Image: C36590BF-E7C7-4D8F-9C23-166DEA13EDBD_w1597_n_r1_s.jpg]

30.04.2018
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно видео-обраќање рече дека компанијата на Вице Заев вози за РЕК Битола. Според неговите зборови криминалот и корупцијата сериозно го гушат општеството. Тој рече дека ова се случува во време кога во јавноста се наметнуваат теми кои внесуваат етнички поделби со цел да се одвлекува вниманието од случаи кои отвораат сомнеж за сторен криминал.
“Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, која пак претходно добива огромен бизнис во 4 очи. Од материјалот кој може да се види Фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила на кои како што се гледа од приложениот материјал се со јасна ознака на оваа компанија, но истите возила се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев” изјави Мицкоски.
Тој доплни дека во одреден временски период на почетокот на оваа година обвинителството треба да провери колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име, работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.
„Дали и низ каква постапка компанијата на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев врши услуги чии краен корисник е државна компанија? И зошто неговите камиони се со налепници на друга приватна компанија?Одговорност мора да има.“ рече Мицкоски.




(This post was last modified: 01-05-2018, 11:11 PM by ЈорданПетровски.)
30-04-2018, 10:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Точно е дека братучед ми е лиценциран производител на канабис

[Image: 0343C434-5669-42A4-96C9-277957C99946_w1023_r1_s.jpg]
26.04.2018
Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“ за да произведува канабис, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев и информира дека вкупната инвестиција ќе достигне повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе.
Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека е етички и со закон дозволено да се произведува лек од канабис, независно дали станува збор за член на семејството Заеви. Тој воедно апелира, секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна.
Тој лично, како што истакна, е поддржувач на вакви работи зашто од производство на лек од канабис државата очекува нови работни места и прилив од 100 милиони евра.
Заев рече дека досега се издадени осум лиценци за производство, а уште четири или пет се во процедура.
30-04-2018, 11:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ПРЕС НА ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА НА ВМРО ДПМНЕ: БАРАМЕ СЈО ДА ОТВОРИ ОБВИНИТЕЛЕН АКТ ПРОТИВ ЗОРАН ЗАЕВ!!!


05.05.2018 

[b][Image: presfrakcija.png]




Почитувани дами и господа [/b]почитувани претставници на медиумите

Добар ден и добро дојдовте на денешниов прес насловен како:

ЗОШТО СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА? – ЗА НЕКОГО КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, А ЗА ВЛАСТА СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ И УШИ!

       Сакаме јавно да прашаме сошто СЈО не постапува исто и со поранешниот градоначалник на Струмица, а сегашен премиер на РМ, онака како што постапува со предмет насловен како ,,Моќник” односно со градоначалникот на Македонски Брод.
ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Во предметот ,,Моќник” поднесено е обвинение за стореното кривично дело Злоупотреба на службената положба, сторено со купопродажба на земјиште по многу помала цена од онаа утврдена во ценовникот на општината. Се работи за купено земјиште во овој случај по 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање, иако со актите на општината – (Ценовник) пазарната вредност на градежно земјиште за тој регион е предвидена цена од 400 ден по м2.

Ја цитирам обвинителката Фетаи - ,,Наедно со анекс го купил и земјиштето по цена од 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање, иако со актите на општината – ценовник, според кој од одделението за оданочување се вршело утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за тој регион била предвидена цена од 400 ден по м2, со што второосомничениот платил 300 денари помалку од пазарната по метар квадратен и заедно, второ и третоосомничениот, нанеле значителна штета на општина Македонски Брод во износ од 1.176.000,00 денари” (околу 4.000м2)
 
        Во предметот „Поткуп“ Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица од некој си свој сограѓанин барал поткуп од 160.000 евра за дозвола за легализација (или купување – не е јасно од снимката) на земјиште.

      Значи општинско земјиште по пониска цена од утврдената се продавало (или легализирало) и во општина Струмица додека градоначалник бил Заев.
      Заев како градоначалник на Општина Струмица исто така продавал (или ЛЕГАЛИЗИРАЛ) општинско земјиште по значително помала цена од она која е одредена со ценовникот на општината. Тоа посебно е потенцирано во снимката од негова страна.
Ова е снимката од случајот ПОТКУП која е земена како Доказ во постапката







    На снимката од 0,35 секунда па до крај се гледа дека соговорникот на Заев,  го прашува: ,,По твое, што цени јас ќе имам, а Заев потпрашува... За земјиштето ли?..... Соговорниот вели: Од таму ми кажуваат по 70 динара.  И Заев кажува дека таму има цена од 438 денари, па се до 71 денар и прололжува со убедување на соговорникот зо зборовите:  И как ќе одлучам јас, така ќе е.....

Колку пати да кажам, как да ти нацртам. Шо.....страа, Сашо што трансформира, земјиштето беше.”
    И понатаму снимката продолжува дека веќе на неколкумина им има завршено на таков начин и се си тече како што е договорено. На некој Сашо Ваа...нта,   две парцели по околу 66.000-67.000 м2,  па се споменува Жито Струмица, некој краварник, па Мирче свињарот и др.  случаи.
     Значи се работи за повеќе случаи на продажба (или легализација)  на парцели во општина Струмица, онака како што ќе кажел Заев, а не по ценовникот на општината. Како што вели самиот ЗАЕВ – ,,Значи, сакам исто така да знаеш, значи кога говорам за сериозни работи, јас не сум пљунал никаде дек што сам дадел збор. Значи никаде не сум пљунал. Така да ја завршиме работата, однапред мислам што да преземам”.
ЗАТОА:
  1. Бараме од СЈО или ОЈО да отвори истрага за можна злоупотреба за продажба (или легализација) на земјиште во општина Струмица, врз основа на кажувањето (самопризнание) во оваа снимка по многу пониски цени од оние кои се утврдени со ценовникот на општината. Јавнста мора да знае дали во овие случаи важеле цените утврдени во ценовникот или пак било онака како ќе одлучел Заев. Односно онака како што сам вели на снимката - Как ке одлучам јас, толку ќе е.....?!!!!!!!
  2. Дали превземените постапки од страна на поранешниот градоначалник на Струмица се спроведени во согласност со законот?
  3. 3.   СЈО или ОЈО да утврдат дали и колку е направена штетата на државата и општината со досега продадените (или легализираните парцели) во општина Струмица, доколку продажбата (или легализацијата) се правени по пониска цена од онаа утврдена во ценовникот на Општината Струмица – бидејки е мошне индикативно кажувањето ,,Јас како ќе одлучам... така ке биде....
       Овде не се работи за приватен имот, туку за имот на граѓаните на РМ и затоа законите мора да важат за сите па дури и за Заев иако сега е премиер на РМ.

         Второ кое сакаме да го потенцираме е изјавата на Заев во емисија со новинарот Мухамед Зекири каде тој јавно кажува дека се поднесени кривични пријави од СДСМ, против Бујар Османи, Муса Џафери и други лица за сторен криминал.
Бараме Заев јавно да каже што стана со поднесени кривични пријави за овие лица или пак СДСМ ги повлекле кривичните пријави против сега вицепремиерот во Владата на ЗЗ - Бујар Османи, Муса Џафери и останатите високи функцинери.
Исто така сметаме дека за оваа работа треба јавно да се произнесе и ОЈО до кај е со поднесени кривичните пријави.
Ја претпочитаме презумпцијата на невиност, но дали е етички ваков човек да имате за вицепремиер, во кој и самиот премиер се сомнева дека сторил криминал и затоа поднел кривична пријава?!
И трето, премиерот соопшти дека се води предистражна постапка за двајца министри во владата. Редно е јавноста да знае за кои лица се работи и до каде е постапката или пак од позиција на власт и за мир во коалицијата се сопрени истрагите?.
СЈО, ОЈО и премиере, јавноста со нетрпение го очекува одговорот на овие прашања. 
Демократска фракција на ВМРО ДПМНЕ
 
(This post was last modified: 05-05-2018, 07:01 PM by ЈорданПетровски.)
05-05-2018, 06:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ЗАЕВ ВО 2014 ГОДИНА ПРОДАЛ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ КОЕ ЗАВРШИЛО ВО РАЦЕТЕ НА БРАТ МУ ВИЦЕ, ТВРДИ МИЦКОСКИ

[Image: hristijan-mickoski-23899328.jpg]
Лидерот на опозицијата праша како токму братот и братучедот на премиерот добиле дозвола да градат на тоа место и дали тоа не е конфликт на интереси. - Од видео обраќањето на Христијан Мицкоски (Фото: Фејсбук/принтскрин)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека премиерот Зоран Заев, како градоначалник на Струмица, во 2014 година продал државно земјиште и по неколку постапки тоа земјиште завршило во рацете на неговиот брат Вице Заев. Во видео обраќање на Фејсбук, тој побара од Јавното обвинителство да го испита случајот.
„Премиерот Зоран Заев, тогаш градоначалник на Струмица, продава државно земјиште каде по повеќе постапки завршува во рацете на неговиот брат Вице Заев, чија компанија денес таму гради згради со цел енормно зголемување на личното богатство. На 29 декември 2014 година, одржано е јавно наддавање за оттуѓување градежно земјиште во Општина Струмица. На аукцијата се јавува само еден понудувач, лицето Сашко Брндевски, бизнис партнер на Вице Заев. На лицитација е постигната цена од 2.300 денари за метри квадратен, а парцелата е со вкупна површина од 18.462 метри квадратни. Истиот месец 2016 година, Сашко Брндевски потпишува договор за пренесување на право на градење со правните лица ’Тотал инженеринг‘, во сопственост на Вице Заев и ’Пелагонија Струмица‘, во чиј управен одбор тогаш е братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев. Како надоместок, Брндевски добил стан од само 40-тина метри квадратни. Значи, еден стан за локација на која се гради зграда со нето површина од 6.888 метри квадратни, профит од над милион евра за братот и братучедот на Зоран Заев“, кажа Мицкоски.
Лидерот на опозицијата праша како токму братот и братучедот на премиерот добиле дозвола да градат на тоа место и дали тоа не е конфликт на интереси.
„Јавното обвинителство да испита дали се работи за постапка во која однапред се знае добитникот на парцелата, под кои услови е отстапено правото на градење и да го испита потеклото на парите на Брндевски, околу 700 илјади евра кои се уплатени на сметка на општината“, апелираше Мицкоски.
08-05-2018, 02:13 PM
Reply