Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЦУЦУЛОВСКИ - МИЛЧИН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА

Катастрофална грешка е целата политика да се подреди на постигнувањето договор со Грција заради почнувањето преговори со ЕУ и поканата за НАТО. Зошто? Зашто Грција не преговара, Грција уценува. Грција сака наша капитулација. Грција сака да ни го издиктира Уставот. Што е многу, многу е! Ултиматумот треба да се одбие јасно и гласно.


Да, нам ни се важни и НАТО и ЕУ. Но, во актуелниот светски политички контекст во кој доминира Путиновата офанзива, Македонија не им е неважна на НАТО и ЕУ и тие би требало да ја притиснат Грција да не ја опструира безбедноста на Балканот така што ќе го спречува влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Не верувам дека тие се без аргументи и "аргументи" со кои ќе ја омекнат Грција.


Владимир Милчин фб статус




Quote:ЛОНЕЦ И ЛОКОМОТИВА


[Image: 31162277_958380414327268_221521603817216...e=5B6102BD]



Со Владимир Милчин се знаеме од училишни денови. Во личните (приватните) средби му се обраќам со Владе, а тој мене со Љупчо. Откога се знаеме – а тоа се повеќе од пет децении – никогаш (барем лично) не ме навредил, ниту јас (верувам) сум го навредил. Тоа не значи дека во сѐ согласуваме. Напротив, постоеле (и постојат!) многу нешта за кои имаме не само различни, туку и спротивставени мислења. Сепак, тоа не довело до меѓусебни вулгарни или непресметливи навреди. Затоа, и си дозволувам на овој начин да му се обратам:

Добро е, Владе, што почна отворено да се дистанцираш од потезите/одлуките на одредена политика, сеедно која партија (или партии) стојат зад неа. Но, сѐ ми се чини (нека и грешам) дека тоа требаше да го направиш порано. Ова не значи дека Твоето јавување е сосема задоцнето, дека сѐ е готово, завршено и довршено, туку дека реагираш (така барем мислам) после долга временска задршка. Верувам дека вицот што ќе го кажам го знаеш. Сепак, ќе го кажам, зашто на некои работи вреди човек да им се навраќа. Во една малечка земја (сеедно која) еден домаќин решил да си го модернизира животот. За таа цел, си купил експрес-лонец. Во моментот кога лонецот почнал да пишти, испуштајќи снажен млаз пареа, неговиот сосед, со секира во рацете, се пуштил да го разбие. Прашан од домаќинот зошто сака да го скрши лонецот, соседот одговорил дека треба навреме, додека е уште мал, да се уништи, бидејќи кога ќе порасне ќе стане локомотива, која е многу поопасна и која многу потешко се сопира, отколку кога постои како мал и безопасен лонец/локомотива.
Верувам дека моево обраќање нема да го сфатиш погрешно. Но, дури и да биде така, ништо страшно – луѓе сме, со сите мани и доблести. Во секој случај, ова не е време за ликување и меѓусебно „докажување“ кој и кога бил во право, како што многумина, за жал, би сакале да го сфатат.

[Image: 27545236_919358504896126_749679060259281...e=5B99A4DC] Љубомир Цуцуловски фб статус
23-04-2018, 10:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Бивш владин портпарол го прогласи Милчин за конвертит

Доајенот на македонското новинарство Зоран Иванов, кој беше портпарол на Владата на СДСМ и на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, вели дека е време да се реформира и „Сорос“ додека старите кадри докрај не го деградирале, затоа што, според него, „како тргнале, на добар пат се“.
Иванов, кој беше новинар и уредник на Македонско радио, на „Утрински весник“ и на телевизиите Алфа и Сител, вели дека „треба да се сменат насловот на Уставот и именките во него, да ги зачуваме придавките како идентитетски белези, на Грција да ѝ го дадеме ерга омнес и, конечно, на граѓаните да им се отвори патот за НАТО и за ЕУ додека не ја снемало државата, додека не бидеме Македонци без институции, како пред АСНОМ 1944 година“.
„Се зареков дека ќе молчам зашто е веќе сè кажано за сè и сега само повторувања, досадни повторувања без визија.
Но, не можам да им се изначудам на конвертитството на луѓето, нели, интелектуалци, уредници со вселенски погледи и на нивните мали големи богови, на бушавите театарски режисери и на уште по некој соросов следбеник. На нивните нагли вртења за 180 степени.
Се фатиле сега контра своите довчерашни прокламации за името на државата, ги шиткаат своите довчерашни НАТО и ЕУ заложби, веројатно, поради грст суета и поради понекоја недобиена позиција, привилегија и државни пари од новата власт.
И наместо на луѓето што ги читаат и што ги слушаат во недебатните дебати да им објаснат дека ‘ерга омнес’ е идентитетското име на државата, а не идентитет на народот и на нацијата, наместо да им кажат дека и пасошот и другите акти и документи, па и самиот Устав, се само употребни алатки за ИДЕНТИФИКАЦИЈА, а не за ИДЕНТИТЕТ, се бламираат, манипулирајќи пред историскиот предизвик.
Но, што да се прави, непријатно ми е кога гледам како големите борци, всушност, се мали луѓе и што сè пониско и во ‘солза грчев стил’ се прпелкаат во заслугите на своето минато“, пишува Зоран Иванов за Владимир Милчин и за неколку други лица кои не можат јасно да се идентификуваат во неговиот став.
Пред една недела Милчин јавно ја критикуваше Владата на СДСМ за погрешна политика за името.




05-05-2018, 01:51 AM
Reply