Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ НА КОГО ВРШЕЛ ГЕНОЦИД ИЛИ КАКО И ОД КОГО АЛБАНЦИТЕ ЈА „ОСЛОБОДУВАЛЕ“ МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Онаа што не го сториле Македонските институции и историчари од само за нив познати причини,  во откривањето на многу битни сведочења за нашето блиско минато или како инаку би требело да се нарекува „Темните 150 години од Македонската историја“*,  ке се обиде да го стори Комитетот за Демократизација на Македонија, кој ја зеде врз себе таа тешке и полна со ризик обврска,  ризик од разно разни етикетирања прикажувања на филства  и фобства, но целта која ја има Комитетот и која  очекува дека ке ја постигне ги оправдува сите ризици. 
Преводите ги правиме за да помогнеме да си го осознаеме минатото од релевантни извори.  Ке преведеме неколку книги од Англиски и др автори. Писателите се луѓе кои биле во Македонија за времињата за кои пишуваат. Некои од книгите биле забранети во Југославија, некои свесно биле премолчувани во Македонија бидејки откривале непријатни вистини за причините за страдањата на Македонците,  за големината на тие страдањата на Македонците , за тоа од кого навистина најмногу страдале Македонците.
Првата книга, „ЦРНА РАКА ВРЗ ЕВРОПА“  од Адреј Пози е веке преведена и набргу ке оди во печат и ке се најде во продажба.
Втората книга,  е „ МАКЕДОНИЈА; НЕЈЗИНИТЕ НАРОДНОСТИ И НИВНАТА ИДНИНА“ од Хенри Ноел Брајлсфорд  и на која сега се работи превод и од која  заради актуелните собитија во Македонија, решив да објавам малку од преведениот дел досега од книгата, иако не е лекториран.



Quote:Каде што даночникот „жнее“, Албанецот ја прибира плевата за да неостане ништо за селанецот христијанин


Жандармеријата, којашто е воглавно составена од невработени разбојници, по правило наоѓа за сходно да прави спогодби со сите значајни ајдуци. Мудрото село го следи истиот курс. За извесна годишна сума албански главатар се обврзува да штити вазално село, или доколку селото е вон албанската сфера на влијание, тоа е генерално обврзано да си има свои местни ајдуци, коишто може но не мора да се Албанци. Доколку селото припаѓа на турски земјопоседник, тогаш овие чувари обично се избираат од неговите најменици. Тие се исто така познати под името бекчии, или рурални чувари. Овие се потребни бидејќи христијанското население е апсолутно невооружено и беспомошно. До извесна мера тие го чуваат селото од надворешни разбојници, а за возврат тие спроведуваат лиценцирана и модифицарана пљачка врз областа. Тие го поддржуваат турскиот земјопоседник против неговите христијански крепосници; додека во мешано село тие ги поддржуваат муслиманските селани доколку тие сакаат да прават измама или насилство врз нивните христијански соседи. Помеѓу нив секако има чесни луѓе коишто ги зачувале старите албански традиции на лојалност и кавалиерство. Но, генерално, нивното поведение е онакво какво што  е поведението на вооружени луѓе помеѓу беспомошно потчинето население и секогаш ќе биде. Руралниот чувар изнудува значителен откуп во готовина за своите услуги. За противуслуга тој често се обврзува да принуди неволен татко да ја даде својата ќерка на недобредојден додворувач. Тој налага одредени традиционални давачки—на пр. уцена по секоја невеста која што се мажи. Сумата варира спрема можностите на нејзиниот татко и сопруг да платат, а во случај да не ги исполнат своите обврски бекчијата го исполнува неговото jus primes nоctis („право на првата ноќ,“ заб. Д.П.). Впрочем искусен конзул во Монастир, способен човек којшто ја има изучувано земјата многу години, категорично изјави дека овие луѓе просто ги третираат селските жени како нивни харем. Над ова тие земаат колку им е мерак во храна или услуги. Во готовина нивните изнуди варираат соодветно со нивното реномѐ за свирепост. Мошне лесно се доаѓа до прецизни информации. На пример, селото Маврово имаше седум вакви паразити. Тие примаа од по 7 до 20 фунти стрелинг по глава. Со други зборови, просечното домаќинство со својот годишен нето приход од 10 фунти стрелинг исплаќаше околу 1 фунта и 10 шилинзи кон купувањето на добрата волја на овие домашни разбојници. 

Страдањето кое што следи на востание е ретка појава. Дури и посетите на даночникот се нечести. Албанските рации си ги имаат своите годишни времиња и граници. Единствениот вознемирувачки елемент којшто е постојан и неизджлив е оној од муслиманскиот сосед и муслиманскиот земјопоседник. Сериозно е тоа што од приход од 25 фунти стрелинг просечното селанско семејство е приморано да плаќа некои 15 на змјопоседникот, даночнокот, и руралниот чувар. Но за жал кога односите помеѓу селанинот и неговиот турски спахија се изнесени на овој црно-бел начин, само половина од вистината излегува на виделина. Не постојат пишани договори, спогодби за кирија, обичаи коишто суд може да ги наложи. Доколку чифликсајбијата и селанинот беа од исти сој и од иста вера, доколку тие признаваа заеднички морален закон, и доколку чувствуваа просто човечко сочувство во нивните дневни делувања, доколку постоеше полиција којашто би го направила насилството опасно по сторителот и правосудство коешто би ја направило измамата ризична за изманикот, овој матен однос сѐуште би го потчинувал селанинот на неподнослива економска тиранија. Тој е кираџија по туѓа волја; тој работи на милоста на неговиот господар; нема индустријализирани градови каде што тој може да си го однесе трудот доколку спахијата кон него се однесува нечесно. Во суштина, тој е слуга на странски поробувач, којшто едвај го признава нивното заедничко човештво. Не постојат судови на коишто тој може да се жали, затоа што тој не може да си го дозволи митото; а и не постои турски кадија којшто ќе се осмели да пресуди во полза на христијански селанин против муслимански земјопоседник. Селскиот полицаец (доколку бекчијата го заслужува тоа име) е бегов најменик и негов назначеник. Единствениот закон што ги релулира овие комплицирани и еластични односи е големиот револвер којшто спахијата го носи во неговиот појас.




„Темните 150 години од Македонската историја“* е периодот од 1850 до 2000 година, до денот кога станаа достапни досиеата кои беа водени на Идеолошките и Политичките противници на србокомунистичката власт и кои дадоа потврда дека се што е правено/сокривано во Македонија е правено за Српски интерси. Затоа и првата книга,„ЦРНА РАКА ВРЗ ЕВРОПА“  која веке, како што напишав погоре за некој ден ке оди во печат го обработува Српското влијаниена во Македонија во периодот  1913-1935 година
(This post was last modified: 30-05-2018, 02:01 AM by ЈорданПетровски.)
26-03-2018, 02:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Текстот го поделив на три дела, овој дел иако е краток го двојам како посебен , бидејки е дирктно врзан со насловот на темава.



Quote:Каков е во пракса овој однос? Тој несомнено варира од село на село, но преовладувачкиот фактор е секогаш насилието. Како прво, мал е бројот на муслиманските спахии коишто поседуваат тапија за своите имоти. Тие се просто „натрапници,“ чиишто татковци ги анексирале овие имоти како продолжение на некој местен масакар. Многу такви случаи се имаат случено не само во далечното минато туку и во постојната генерација. Посетив едно село (Треска), на само два часа јавање од Ускуб, коешто било бројно населена христијанска заедница пред педесет години (во период 1850-1860 м.з), кадешто селаните си ја поседувале земјата. Отприлика за времето кога ние „се кладевме на погрешниот коњ“ во Крим, некои предприемчиви Албанци најанале на селото, го масакрирале половина од населението, ги населиле нивните колиби и ја присвоиле земјата на преживеаните. Мажите од денешната генерација сечат дрво и влечат вода за синот на разбојникот од педесетите, којшто сега е значаен магнат. Тој им дозволува на селаните да си задржат половина од плодовите на нивниот труд на земјата којашто припаѓала на нивните татковци.2 Селаните се крепосници без слободно време, безбедност, или права. Грубо, има околу осумдесет дена во годината во кои добриот бугарин не би работел многу на неговото поле—неделите и празниците на поголемите светци. Бегот на Треска смислил генијален план при што ги присилува неговите селани да работат за него на неговите приватни ниви на секој од овие осумдесет дена. За оваа работа тој не плаќа ниту во пари ниту во натура, и не ги дели плодовите на трудот на селаните со нив. Селскиот полицаец е најменик на бегот. Половина од населението на селото сега е муслиманско. Овој дел од населението е изземено од ангарија, и нормално е подготвено да го ползува оружјето со цел да си ги држи невооружените христијански соседи потчинети.
26-03-2018, 02:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Пред да си заминам од ова село во кое што непостои недела, во дневната обиколка на бесполезниот труд, наидов на живописна илустација за начинот на живот којшто селаните го водат. Еден старец, снажно изграден, но облечен во крпи и со елан на измачен скот, којшто сите овие селани го носат сѐ дури не им се даде пушка и не се придружат на востаничка чета, ми пријде како јас се готвев да заминам. Мислејќи дека имам некаква медицинска вештина, старецот ја откри раката и ми покажа гадна рана којашто беше почнала да гнои. И потоа, со двајца негови соседи кои ја потврдија неговата приказна, ми објасни како дошол до раната. Два дена порано работел во неговата нива, кога Турчин од соседното поле го свикал безусловно да му помогне. Бугаринот не можел да остави што работел во тој миг, и понудил да намине кај Турчинот за пет минути. Турчинот, збеснат од оваа демонстрација на независност, скокнал и го избол со нож. Тоа утро Бугаринот почнал да куца накај Ускуб за да побара медицинска помош за раната. Турчинот го пресретнал по пат, и го приморал да се врати назад. Му понудив да го однесм во град со мене, но тој не смееше да тргне—зашто не можев да му гарантирам безбедност од последователната освета на неговиот непријател. Приказната на овој човек беше несомнено вистинита—кога бугарскиот селанин лаже, тој не кажува вакви тапи приказни. Тука, значи, беше еден мал пример за дневниот живот во Треска. Не претполагам дека бегот и неговите наемници често се приморани да ги ползуваат своите ножеви. Знаењето дека тие можат да прават што сакаат, без ризик од казна, или освета, е веројатно доволно да го направи нивното господарство почитувано. Од време на време можеби е потребно да се тепа, ранува, или убива, за потоа старата обиколка на банална злоба, ситна пљачка, и вулгарна страст да си продолжат со својот нормален тек. Конзулите не слушаат ништо за ваквите ситни селски трагедии—украдениот кожуф, осакатениот вол, исеченото дрво, сменетиот тек на река, жената навредена, или дури и обесчестена додека мажот работи на нивата. Тие минуваат незабележани од ден на ден, и само кога странец седнува на тенане во селска куќарка, и ја надминува срамежливоста и сомнителноста на нејзиниот сопственик, тогаш тој може да разбере за сите секојдневни злоупотреби. Тие не се ниту интересни ниту сензационални, но токму оваа секојдневно домашно угнетување, многу повеќе одошто запрепастувачките и топтан насилија, се она што го дроби македонското селанство, го разбива неговиот дух, неговиот интелект, неговата човечност, и го прави она што тоа е денес—збудален народ на робови, подготвен да сторат секаков злстор, да претрпи секаква тортура, само доколку може да се оттараси од ситните полски тиранчиња, коишто му го јадат лебот, му го пијат трудот, и му ја погубуваат душата.
Македонскиот проблем е очаен во главно бидејќи е прелеан со апстракции. Зборуваме за „неволја на Балканите,“ за востанички ексцеси, и за турски злостори, без да сватиме дека овие повремени и запрепастувачки феномени се производ на мизеријата која е толку постојана колку што е неинтересна—и неподнослива. Ние го замислуваме турското несовесно владеење како изолиран и нерационален факт, без да разбереме дека е високо организиран и мошне интелигентен систем, констуриран да промовира профит на мало малцинство на службеници, даночници, и спахии. Се заслонува на значителен темел на корумпирани и анти-општествени интереси. Лошто политичко управување е најмалото од сите зла што ги произведува. Реалноста за сета оваа збрка на етнички конфликти, над шовинизмот на балканските народи и калкулациите на поголемите Сили, е пренебрегнатиот македонски селанин, истормозен, експлоатиран, заробен, незаинтересиран за националните програми, нестрплив само за дента кога ќе може да си го задржи топлиот кожув на својот грб, да ја даде својата ќерка на маж без срам, и да си го јаде на мир лебот на својот непрестаен труд. Сите наши напори да му дариме идеална влада може да пропаднат. Но политиката е, после сѐ, прост фрагмент од животот. Додека Сервија го заработува презирот на цивилизираниот свет сервијанскиот селанин сее со надеж и жнее на мир, чувајќи ги за зимските квечернини приказните за убиените прадедовци, и обесчестените прабаби. Додека Бугарија го протерува нејзиниот принц и нејзината престолнина врие од вознемирувачката борба помеѓу партиите, нејзиното селанство засекогаш жнее свежи полиња под својот плуг, оттарасено од старите стравови коишто ја парализираа неговата енергија и го поробуваа неговиот дух. Простата работа на владата, нејзините тешкотии, интриги, и реформи коишто ги ангажираат пратениците и го возбудуваат печатот, немаат влијание врз мирната обиколка на селанскиот живот. Домашната тиранија на туѓо владение е она што го засега. Да се оттараси од оваа секојдневна опсесија би била вистинска еманцијпација.
26-03-2018, 02:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Уште малку од „ МАКЕДОНИЈА; НЕЈЗИНИТЕ НАРОДНОСТИ И НИВНАТА ИДНИНА“ од Хенри Ноел Брајлсфордна  на која сега се работи превод.   Заради актуелните собитија во Македонија, решив да објавам малку од преведениот дел досега од книгата, иако не е лекториран.


Quote:Лесно е за грчкиот патријарх во Константинопол и грчките министри во Атина да прават сојузи со Турците против бугарските „волци,“ и да им проповедаат на своите верници да ги денунцираат и предаваат своите бугарски соседи на турските власти. Но изолораните влашки села како Писодери и Клисура во крајната пресметка треба да живеат помеѓу овие „волци,“ и тие го сметаат нивното пријателство за попрофитабилно одошто нивната одмазда. И без да им придаваме на Власите никакви возвишени или каваљерски мотиви, кои и онака не оформуваат некој значителен дел од нивниот карактер, тие несомнено се „добри соседи,“ чијашто природна љубезност не била подриена од „култивираната“ посветеност кон политичките апстракции.
Кога бугарските села околу Клисура беа спалувани од Турците со благословот на грчкиот владика од Касторија, и помошта на грчка андартска чета, Власите им дадоа засолниште на обездомените бегалци, и вдомија околу две илјади души преку зимата. Значајно спротивно беше поведението на правите Грци од Касторија, кои едвај примија дваесетина бугарски бегалци.
Друго влашко село, кое ќе го наречам „Икс,“ беше на уште поблиска линија со бунтовниците. Без скрупула ја снабдуваше четата на Чакаларов со намирници. Дотолку повеќе, тивко се беше вооружило за секој случај, и ме уверуваше дека има складирано пет стотини пушки на безбедна но блиска локација.
На почетокот на востанието дури размислуваше и да им се придружи на Бугарите. Но со својствена влашка претпазливост причека да види во која насока ќе кренат работите. Доколку востанието понудеше изглед за успех, тогаш, и покрај сите свои грчки училишта, грчки свештеници и филхеленски традиции, селото ќе ѝ се придружеше на посилната страна. Но не чекаа сите Власи. Шеесет души од збир влашки села близу Монастир навистина им се придружија на четите. Други од Флорина и Монастир им ги зголемија бројките, и додека грчките офицери во Атина му ги нудеа своите мечеви на Султанот, овие момчиња маршираа против Турците по тактот на грчката воена музика. Но и покрај оваа влашка легија, и фактот што Власите, Питу Гуле [Гули], кој ги предводеше крушевските чети и едниот од најповерливите полковници на Чакаларов, Митре Влахо, сторија сѐ што можеа да ги разбудат своите сонародници, би било грешка да претпоставиме дека некој голем број на Власи отворено им се придружиле на Бугарите. Тоа ќе се случи само тогаш кога Бугарите ќе бидат на прагот на победата.
20-05-2018, 02:03 AM
Reply