Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НАЈАВА ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА ТАЉАТ ЏАФЕРИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,590
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ИЛИЈА ДИМОВСКИ: ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ТАЉАТ ЏАФЕРИ Е ПОДГОТВЕНА


До некаде го разбирам г. Талат Џафери, иако направи класично прекршување на деловникот, ценам дека за себе мисли дека водел митолошка битка заедно со пратениците од неговата партија, но не можам да ги разберам пратениците од СДСМ. Мислам дека дел од пратениците на СДСМ се свесни дека процедурата е надвор од здравиот памет и дека самиот закон е надвор од Уставот, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во интервју за “Вечер”.

-Во тензична атмосфера и без разгледување на ниту еден од илјадниците амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ минатата недела беше донесен Законот за употреба на јазиците. Како го коментирате начинот на кој беше донесен законот?


Тој ден таа постапка беше целосно надвор од правните норми. Претседателот на Собранието беше предупреден од моја страна во процедуралното обраќање на сите правни аспекти, но и покрај тоа тој одлучи да ја тера партиската агенда на ДУИ, а не Уставот на Република Македонија. За жал, СДСМ немо тоа го одобрија и го прифатија и го поддржаа. Прекршени се најмалку четири члена од Уставот на Република Македонија, прекршени се членови од законот за Собрание, Деловникот што практично се граничи со недозволиво со правниот поредок во Република Македонија. Досега во Собранието имало различни настани и ситуации, но вакво силување на правдата и на Деловникот досега не е забележано. Затоа овој закон може да се смета како недонесен, а интерпелацијата за Талат Џафери е веќе подготвена. Не смее во државата да се дозволи на ваков начин да се донесат правни прописи. Тие се правдаат дека од тоа зависат реформите, јас велам доколку од тоа зависат реформите, тогаш ништо нема да видиме од таквите реформи.
Сите правни средства ни стојат на располагање за да се спротивставиме на ова правно насилие во Парламентот. Така почна овој мандат, за жал, така и продолжува. Во моментов во Собранието нема услови за да се вратиме и да го продолжиме нашиот ангажман како пратеници и да постапуваме во интерес на граѓаните во Република Македонија.
Целата постапка за законот за јазици беше апсолутно спротивна на Деловникот на Собранието на Република Македонија во неколку сегменти.
Погрешно беше поставено знамето на Европска Унија. Затоа што нема европска регулатива со која овој закон треба да се усклади. Тој што го пратил овој закон со европско знаме ги прекршил процедурите.
Но и тој што дозволил таков закон да биде во процедура, а тоа е г. Џафери, исто така го прекршил Деловникот. Спротивно на одлуката за формирање на работните тела на Собранието, овој закон беше доделен како надлежност на комисијата за европски прашања каде што е претседател пратеникот Артан Груби, а всушност требаше да биде на комисијата за политички систем. Не беше дозволена никаква јавна расправа во организацијата на Собранието, од сите претставници на владејачкото мнозинство. Во текот на второто читање кога ВМРО–ДПМНЕ имаше 83 суштински амандмани Артан Груби како претседател на комисијата поддржан од неколку други пратеници на ДУИ, направија класично блокирање на можноста комисијата да се произнесе по кој било амандман. Додека траеше расправата, г. Артан Груби не дозволи дискусија по ниту еден амандман. До некаде го разбирам г. Талат Џафери, иако направи класично прекршување на деловникот, ценам дека за себе мисли дека водел митолошка битка заедно со пратениците од неговата партија, но не можам да ги разберам пратениците од СДСМ. Мислам дека дел од пратениците на СДСМ се свесни дека процедурата е надвор од здравиот памет и дека самиот закон е надвор од Уставот.

-По носењето на законот, групи од стотици граѓани протестираат пред домовите на пратениците кои го поддржаа законот, а во исто време и пратениците од СДСМ одлучија да не се појавуваат во Собрание за, како што велат, да не провоцираат.
Ние лично разговаравме со пратениците од СДСМ пред донесувањето на законот за јазици и му укажавме дека постапките во кои влегуваат се надвор од Деловникот и дека не одат во интерес ниту на граѓаните ниту на нивната политичка партија, но, за жал, тие одлучија да бидат неми послушници на својата партија. Јас жалам, Собранието треба да обезбеди услови за пратениците да ги обавуваат своите работи, но државата треба да се грижи и за сите пратеници подеднакво. Она што го гледаме откако СДСМ е на власт е класичен прогон против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека овој момент ќе е добар за да се разбере дека Собранието мора многу понезависно и многу посамостојно да функционира, на пратениците треба да им се овозможи да не зависат од политичките одлуки на Влада за да можат да функционираат во согласност со своите убедувања. Ги поздравувам одлуките на пратениците кои решија да се спротивстават и не гласаа за овој предлог–закон. Тоа е правецот во кој треба да се движи македонскиот народ.

[b]-Дали, според Вас, бојкотот во овој момент е единствено решение, во време кога во земјава се одлучува за клучни прашања?[/b]
Бојкотот на Собранието никогаш не е добро решение. Затоа што пратениците се избрани да бидат на своите функции на своите работни места и да ги застапуваат интересите на граѓаните кои им ја дале поддршката. Но во овие услови СДСМ и парламентарното мнозинство прават се да ја избркаат опозицијата, да нема опозиција во македонското собрание. Ова е единствен начин како до крајна ироничност да се покаже пред граѓаните и пред меѓународната јавност каква е оваа политика што СДСМ во Собранието и надвор од Собранието ја спроведува, политика во која не е спремна да слуша критики. Јас сум свесен дека нашето неучество во Собранието не е добро, но, за жал, е единствено возможно решение во овој момент. СДСМ и парламентарното мнозинство треба да разберат дека нивниот тесен број на мнозинство во Собранието не значи апсолутност во носењето на одлуки, ниту па значи апсолутност во давањето на право на мислење.
Тоа е катастрофално однесување што ќе остави длабоки преседани во идното парламентарно функционирање.

[b]-Во ваква атмосфера во државата, можно ли е да го убедиме Брисел дека демократијата е функционална?[/b]
За жал, не покажуваме сериозен капацитет за демократско, институционално и уставно управување со Република Македонија и тоа како проблем ни се провлекува сите 27 години. Нарушување на правилата на игра и правилата на системот, се случувале и претходно, но оваа што сега се случува добива катастрофални размери. СДСМ ветуваше дека ќе градат еднакво општество за сите, еднаква држава за сите, но апсолутно во секоја смисла, граѓаните се повеќе гледаат дека третманот не е еднаков. Токму за новогодишните и божикните празници над три илјади луѓе останаа без работа и за само две недели на нивно место се вработија луѓе кои се исклучиво членови на СДСМ и на нивните коалициони партнери. Едноставно, се што не е СДСМ мора да ја напушти работата за да се вработи оној кој е член на СДСМ.

[b]-Дали процесот „Жан Моне„ ќе ги помести разликите? Дали опозицијата е под притисок на меѓународната јавност?[/b]
Опозицијата се обидува да го подобри својот впечаток и пред домашната и пред меѓународната јавност затоа што беше изложена на сериозна антикампања во изминатите 4-5 години. Затоа опозицијата во овој момент има одговорност и обврска да прецизно и јасно го презентира своето работење пред граѓаните и меѓународната јавност како би била перципирана како сериозна алтернатива на оваа катастофално владење на СДСМ. Мислам дека би биле добри чекорите во насока на отворање на партијата спрема граѓаните демократско управување со партијата како пример како би се управувало со државата доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие обврската од граѓаните. Сето тоа треба да биде врз база на принципи и вредности кои ВМРО- ДПМНЕ ги носи од своето основање, а тоа е демократија.
Ние имаме процес Жан Моне секојдневно. Во Собранието имаме неформална комуникација со СДСМ со ДУИ со Беса и останатите пратеници. За мене е најприфатливо секоја политичка комуникација и дијалог да се остварува во рамки на институциите на Република Македонија, пред се во Собранието затоа што тука го имаме легитимитетот да ги претставуваме граѓаните. Секаква инцијатива која што ќе значи надминување на разликите е прифатлива за нас, но потенцираме дека секој дијалог треба да се базира на принципи и вредности. И на она што граѓаните очекуваат. Доколку власта е спремна да градење на консензус, треба да е спремна и за градење на компромис. Но тоа не значи и дефицит на критики на јавна сцена тие се два паралелни, но и различни процеси.

[b]-Познавачите на политичките прилики велат дека Зоран Заев е под притисок на германската канцеларка Ангела Меркел за спорот за името. Кој е Вашиот впечаток?[/b]
Ги слушнав тие тврдења, не доаѓаат од случајни луѓе туку доаѓаат од луѓе кои се добро информирани. Она што недостига во Македонија е познавање на грчката политичка сцена и на грчките национални стратегии. Мислам дека многу малку луѓе бевме пред неколку месеци кои велевме дека целата онаа позитивна клима што се обидуваат Заев и Димитров да ја наметнат за спорот за името е непотребна и дека нема да донесе ништо добро. Мислам дека и тие самите се денеска свесни дека е така. Колку повеќе покажуваме спремност и подготвеност за решение, толку повеќе се зголемуват барањата од Грција. Јас навистина имам дилема дали без сериозен меѓународен притисок врз владата во Атина би можело да се реши ова прашање. Во мојата перцепција навистина немам расчистено дали Грција навистина сака решение или едноставно стратегијата е овој проблем да трае долго. Нашата влада и да ги прифати сите барање на грчката влада, грчката страна ќе презентира уште нови барања за да не се пронајде решение за овој спор. Меѓународната заедница треба да ги резгледа сите овие аспекти и да го насочи притисокот на вистинското место. Македонија, без разлика, кој и да беше на власт во изминативе 20 години, направи клучни чекори кои значеа компромис. Го менувавме Уставот, го сменивме државното знаме ја прифативме привремената референца, а од Грција не постојат такви чекори, напротив барањата со секоја следна влада се зголемуваат.

[b]-Опозицијата обвинува за партизација на судството. Гледате ли политика во судските процеси што се водат против вашите членови?[/b]
ВМРО-ДПМНЕ е партија која е под силен притисок од страна на државата. Над 300-400 луѓе се инволвирани во судски процеси и доколку дојдеме во фаза во која ќе бидеме сигурни дека судските инстанци ќе решаваат врз база на докази и факти, тогаш немам никаква дилема дали тие процеси треба да течат. Сигурен сум дека треба да се одговори на тие дилеми, но политичката тенденција очигледно е насочена. Секако дека секој оној што направил финансиски криминал и злоупотреба на државни фондови треба да одговара, но тоа не смее да биде на ваков тенденциозен начин.

[b]-Работните групи меѓу двете најголеми партии се во тек, но се шпекулира дека за клучните прашања ќе има таен договор на највисоко ниво? Поставивте ли услов за да има договор, да заврши притворот за пратениците?[/b]
Самиот факт дека Македонија е единствена држава каде што има пратеници во притвор доволно говори колку е недемократска. И тоа притвор кој се случува 8-9 месеци по настани за кој пратениците се товарат, без притоа да има какви било докази дека пратениците се обиделе да ја напуштат државата или дека било како би можеле да ја нарушат постапката. Никој нема ништо против да се истражат работите, но да се истражат објективно и двострано и сето тоа да си помине низ регуларна постапка во која ќе се гарантираат човековите права, но и уставните одредби. Има извештај од народен правобранител дека не е почитуван Уставот при постапувањето спрема пратениците, и се надевам дека ден поскоро ќе разберат дека одат во погрешен правец.

-Каква е атмосферата во ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новото раководство? Има ли можност партијата повторно да се обедини, по разногласието помеѓу старата и новата постава во извршниот и управниот одбор?

Разногласие е добра работа, тоа е последица што долго време се криеја таквите работи и од јавноста и внатре во партијата. Партијата мора да биде отворена и да биде спремна и за самокритика и мора да најде начин преку своето внатрешно функционирање да го презентира моделот како ќе управува и со државата кога ќе се врати на власт. Дискусиите внатре во партијата се обемни во овој момент околу концептите има разлики што не е лошо но јас се надевам дека многу скоро партијата ќе најде начин да го избере вистинскиот концепт и да чекори кон добар правец.
Притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ е многу голем за да се реформира како партија и да наметне нов концепт за граѓаните да имаат алтернатива. Ние имаме разлики во поимањето на политиката, дури и во некои идеолошки елементи, но она што сето тоа го спојува е добробитта за Македонија. Од тој аспект, секогаш, а и во минатото, сум поддржувал обединување на ВМРО и не сакам да се спротивставувам на кое било укрупнување на ВМРО низ призмата на партија, но тоа мора да е врз база на вредности и на нов концепт.
[img=286x0]http://vecer.press/vecer_content/uploads/2018/03/GIO_0661-300x234.jpg[/img]

[b]-Политичката кариера ја започнавте со неполни 26 години и сте еден од пратениците со најдолг пратенички стаж во ВМРО-ДПМНЕ. Бевте директор на Центарот за комуникации, координатор на пратеничката група, ја добивте довербата од гласачкото тело во централна Македонија… Се гледате ли себеси како лидер на партијата?[/b]
Јас и пред Конгресот кажав дека ја немам таа амбиција и дека немав намера да се кандидирам за претседател на партијата, но ќе продолжам да се борам партијата да наметне вредности и концепт кои ќе значат алтернатива за граѓаните и кои низ сопственото функционирање ќе значат сигурност кај секој еден граѓанин, дури и кај оние граѓани кои на последниот или претпоследниот циклус се разочарале од ВМРО-ДПМНЕ, иако долги години не поддржувале. Повеќе ми значи успехот на ВМРО-ДПМНЕ од каков било елемент од каков било елемент на лична кариера. Доколку сум бил оптоварен со лична кариера, веројатно и во минатото ќе се сум се борел и за други функции. Јас останувам во ВМРО-ДПМНЕ и ќе се борам партијата да го добие оној лик што го заслужува мора да го има врз основа на историското наследство што го носи.
[b]Јованка Царулеска Груевска[/b]
[b]фото:S. Плавевски[/b]
 
(This post was last modified: 19-03-2018, 09:21 PM by ЈорданПетровски.)
19-03-2018, 07:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,590
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



25-04-2018, 11:25 PM
Reply