Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЗАЕВИОТ ЗАКОН ЗА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Запален автомобил на пратеничка од СДСМ, полицијата цела ноќ дежурала пред домови на пратеници

[Image: Zapaleno-vozilo.jpg]

15.03.2018
Автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева, бил запален синоќа околу 1.20 часот, дознава Плусинфо.
Полицијата, пак, во текот на целата ноќ ги обезбедувало домовите на најголемиот дел на пратениците од владејачкото мнозинство.
По вчерашното изгласување на Законот за употреба на јазиците, па се во текот на ноќта, на профилите на социјалните мрежи на пратениците од СДСМ не престанале да пристигнуваа низа закаци, пцости клетви, дел јавно, дел преку пораки.



Дали пратениците на СДСМ сваќаат дека  полицијата неможе да ги чува цел живот. Што ке прават кога ке им помине мандатот.  Законот кои го донесоа допрва ке ствара револт кај неалбанците.
(This post was last modified: 15-03-2018, 11:51 AM by ЈорданПетровски.)
15-03-2018, 11:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Пратениците на СДСМ се договориле да седат дома за да не иритираат



15.03.2018
Ферид Мухиќ, независниот пратеник во македонското Собрание за „Макфакс“ изјави дека со пратениците се договориле да седат дома и како што вели, да не се движат премногу за да не иритираат. Ова откако вчера беше насилно изгласан Законот за јазици во Парламентот на Македонија.

– Со оглед на тоа што се случи на 27 април, со колегите пратеници се договоривме да седиме дома. Нема да побарам заштита, предраматично е да се размслува и да се зборува за ова. Најлошо е што може да има сериозни елементи, за кои треба да се размисли. Немав заштита изминатата вечер, но се договоривме да не се движиме многу во јавност, за да не иритираме – вели Мухиќ.
16-03-2018, 12:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Goran Momiroski
6 hrs · 


Срце камен. Акал ич. Креваш рака. Гласаш. Демек закон. Палиш кола. Одиш дома. Се криеш. Да не иритираш народ. Друг пали кола. Гасиш кола. Чадот смрди. Народ пред врата. Не е за арно. Те колне и пцуе. Ѕиркаш зад завеси. Полиција 24 часа. Се чувствуваш важен. За кратко. Специјалци. Само за тебе специјално. Интернет гасиш. Телефонот ѕвони. Француски амбасадор. Те прави подолу од гомно. И предавник. Европски. Датум за преговори не. Со рака си ги урнал. Нашминканиот лидер на ТВ. Демек живот за сите. Не си до толку глуп. Ти светна. Што всушност се случи. Клетва народна. Те мачи. Бараш чоек. Во себе го нема. Во Софија да. Бугарски пасош. Ти иде само. Да крикнеш. Еб.те се и вие и законот. Се мачиш. Се каеш. Доцна е. Бегаш во сонот. Немаш земја. Немаш мир. Колнеш денот. Кога рака си кренал. И ноќта црна. Назад нема. Ќосиња на сон. Или на јаве? Тука до тебе. Во сенката. Во мракот. Во чемерот. На твојата душа.
16-03-2018, 10:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:130 000 административци ќе се обучуваат на албански јазик, Османи очекува помош од Косово и Албанија, Владата треба да им обезбеди куќи и државјанство?

[Image: Bujar-Osmani-27-01-2017-550x330.jpg]

Ќе го донесеме законот за употреба на јазиците, тоа ќе биде голем предизвик за нас Албанците од Македонија што подразбира употреба на албанскиот јазик во сите централни институции, во Влада, Собрание, во министерства секаде каде што се Албанците во Македонија, и имплементацијата на овој закон ќе бара многу човечки ресурси, луѓе што знаат да го употребуваат стандардниот албански јазик, и Албанија и Косово можат многу да помогнат, рече тогаш Османи. Секако за тоа материјално ќе ги обезбедиме учителите.
Бујар Османи јасно порачува дека администрацијата ќе се обучува на албански јазик.

Не го интересира колку граѓаните ќе ги чини овој неуставно донесен закон, со оглед на тоа што не знае колкави финансиски импликации истиот ќе има.
Но, она што го порачува е дека 130.000 административци треба да се подготват за обуките на албански јазик.
-Сега ќе треба да се активираат сите институции и административните мотори, за да се стави во функција законот. Нормално дека ќе има потреба од финансии, министерот за финансии треба да биде запознат со обврските кои ги ниси законот, но треба да бидат свесни и раководителите на институциите и администрацијата околу тоа дека сега постои еден закон според кој албанскиот јазик станува официјален закон. Ова нема да биде лесен предизвик… Сега може да се запрашаме колку ние го употребуваме стандардниот албански јазик. Мислам дека во овој процес ќе бидат потребни и такви курсеви, нашата администрација немала искуство со употребување на стандардниот албански јазик на централно ниво, јас зборувам за Секретаријатот за интеграциски прашања. Станува збор за комплетно административен вокабулар, каде освен англискиот се употребува и македонскиот, сега ќе се употребува и албанскиот јазик, ќе има потреба од обука, истакна Османи за телевизија 21.

Пред извесно време, за албанска телевизија, Османи порача дека очекува помош од Косово и Албанија.
-Ако некогаш Албанија и Косово интервенирале за политичките права на Албанците, сега Албанија може да влијае за подигнување на квалитетот на албанското образование. Ќе го донесеме законот за употреба на јазиците, тоа ќе биде голем предизвик за нас Албанците од Македонија што подразбира употреба на албанскиот јазик во сите централни институции, во Влада, Собрание, во министерства секаде каде што се Албанците во Македонија, и имплементацијата на овој закон ќе бара многу човечки ресурси, луѓе што знаат да го употребуваат стандардниот албански јазик, и Албанија и Косово можат многу да помогнат, рече тогаш Османи.
16-03-2018, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 29249799_413658989060159_768622272788299...e=5B311B69]
16-03-2018, 10:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Игор Савиќ


Шчо напраивте и шчо требит да ви се напраит!
Возев низ Драчево, и во тоа уличките се згрозив. 20-25 (можеби и повеќе, кој да ги брои дур вози) полицајци, распоредени долж улицата (30тина метри) мрак, со ламбите светат во мене ко да сум терорист. Ме гледаат со сомнеж, потенцијална опасност, ваљда знаат дека незнам кој е пратеник од Гази Баба па можда сум тргнал кај драчевскиот, а не бев.
Волови ни едни комуњарски, колку луѓе стаивте во доброволен притвор? 40? Гниди низаедни, 25 полицајци по платеник, 100 луѓе во смена. Та да се собереме и да тргнеме со тенџериња да лупаме во знак на протест вие ќе пратите уште по 25 под борбена опрема, ете ти 200 во смена. Опрајте се во тоа главите бљувотини едни мрсни, кој ги плаќа тие луѓе (и чуварите и чуваните)?
Од кого толку ги чувате?
Од тие што ги гласале бе мајмуни непрокопсани.
У време бугарско не се пазеле вака бре, а вие од својот народ во дупка се криете.
Сигурен сум дека не сте ни свесни каков безбедносен проблем направивте?
Утре ќе се тргнат тие полицајци, платенициве кај ќе одат? Им го учукавте на луѓево до балчак! А и тие глуперди, слатки парите, ако, ќе ви требаат за лекарства, та не е животов 3 дена, многу апои ќе се изнапиете, што за смирење, што за желудник и нема да ви пројде, до крај у агонија ќе бидете.
Туку, тенџерињата в раце и лупање, да се чуе, џамои да им се тресат, ѓубриња платенички.
А вие, вие што ги гласавте ... вие си знаете, но јас пак ќе ве сакам. (сакањево се однесува на родата моја, тие што не ми се род можат слободно да минат на другата страна од улицата)
Ептен лоша слика другари, ептен. Ќе почнат да ги изнесуваат у вреќи од дома, сами ќе се бесат, за на децата срамот да не го пренесат, образ да им зачистат.
(This post was last modified: 16-03-2018, 10:45 PM by ЈорданПетровски.)
16-03-2018, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ШТО ИЗЈАВУВА Али Ахмети за Законот за употреба на албанскиот како втор официјален јазик во РМ, прочитајте внимателно - особено за тоа ги замолувам оние сентиментални душички кои сето ова го гледаат низ призма на „човекови права“, а не низ призма на суровиот национал - шовинизам на ДУИ (УЧК) и ним сличните:
“Тоа е големо достигнување, вистинско историско достигнување за Албанците во Македонија, но исто така и за Албанците кои живеат во нивните простори во Косово и во Албанија. Овој јазик ќе им служи на сите Албанци, а исто така е во корист и на нашите македонски сограѓани, бидејќи секој втор граѓанин на оваа земја зборува поинаку од јазикот на нашите сонародници. Усвоениот закон е во интерес на стабилноста и мирот. Со овој закон е затворено многу важно поглавје од Охридскиот договор, кое произлезе од жртвувањето и отпорот на албанскиот народ. За овој јазик има херои, маченици кои ги дадоа своите животи во 2001 година “, истакна Али Ахмети за РТК.
Во врска со предупредувањата на македонскиот претседател Иванов дека нема да го потпише законот, Ахмети истакна дека Иванов е должен да го потпише законот, во спротивно го крши Уставот на оваа земја.
“На господинот Иванов му испратив порака да го потпише овој закон уште после второто гласање. Тој не можеше да се надмине себеси за да биде легитимен претседател на сите граѓани во оваа земја. Со изгласувањето на третото гласање во македонскиот парламент, г. Иванов има уставна обврска да го потпише законот, бидејќи во спротивно тој ги крши уставот и законите на оваа земја. Сметаме дека тој сега држи политичка страна и антиалбански став. Законот ќе стапи на сила, потпишан или не потпишан од Иванов “, додаде Ахмети.
Жестоката акција на македонската опозиција за време на донесувањето на законот, Ахмети ја опиша како реакција на ВМРО-ДПМНЕ да се оправда пред гласачите.
“Реакцијата на опозицијата собранието нема да и помогне на ВМРО-ДМНЕ да го подобри нејзиниот имиџ, ниту нејзиниот електорат, ниту ќе му служи на ВМРО за подобрување на имиџот кај Албанците во Македонија. Не ни очекував од ВМРО да го гласа или пак да аплаудира на законот за употреба на албанскиот јазик. Сметам дека ваквата реакција на македонската опозиција беше само за да се оправда пред гласачите “, истакна Ахмети. /РТК/
17-03-2018, 12:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Без Албанци нема Македонија, почитуван претседател Иванов!

[Image: EDI-RAMA.jpg]
17.03.2018
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој одби да го потпише Законот за јазиците.

,,Г. Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов“, напишал Рама.
(This post was last modified: 17-03-2018, 12:32 PM by ЈорданПетровски.)
17-03-2018, 12:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9






Група на граѓани вечерва се собра пред домот на пратеникот на СДСМ од скопско Сопиште Далибор Богдановски кој се најде на листата на пратеници од Македонска националност кои учествуваа во силеџиското изгласување на законот за двојазичност на срамниот 14. март во Собранието.

Соседите на Богдановски пред неговата куќа скандираа „Предавник, предавник“, а пееа и Македонски патриотски песни.
19-03-2018, 11:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

[Image: aerodrom-protest-700x394.jpg]

[Image: aerodrom-protest2-700x394.jpg]


Граѓаните на Аеродром се собраа на протест пред домот на пратеникот Диме Велковски, да го искажат својот револт од неговата одлука да ја изгласа неуставната двојазичност
19-03-2018, 11:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Протест пред куќата на Фросина Ременски





(This post was last modified: 19-03-2018, 01:00 PM by ЈорданПетровски.)
19-03-2018, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Лудиот Заев пак се обидува да ја одбегне сопствената одговорност за случувањата!!







Заев првин треба да одговори зошто се овие реакции. Па потоа да се расфрла со закани и ефтино душегрижништво за децата на пратениците.
Да го потсетам Заев и СДСМ протестираше пред домот на Груевски, зар во тој дом не живееа деца.
Сега ке напишам збор два за битното .
Дали Заев се запрашал зошто се овие реакции.? Дали Заев ке објасни како да реагираат луѓето на постапката на Заев околу овој закон?
Законот за јазици не беше најавен во предизборната програма на СДСМ значи не бил оценуван од граѓаните.
Законот со лага дека е препорака на ЕУ беше донесен со Европско знаменци и така беше оневозможена расправата за законот. Од 85 амандмани комисија разгледа само еден, бидејки председателот на комисијата Груби ја опструираше работата на комисијата.
Заев можеше да ја исправи грешката што законот не беше дел од предизборната програма на СДСМ со тоа што пратениците на СДСМ пред донесувањето на законот требаше да организират трибини со граѓаните и од таму да дознаат дали граѓаните го подржуваат носењето на ваков закон.
Ако има грам морал Заев треба да си ја прифативи вината за случувањата кои нека биде сигурен дека со употреба на репресија , полиција , кривични пријави само ке ескалират и ке направат уште поголеми проблеми и штети. Излез од оваа е оставка на Заев и формирање на техничка влада која ке организира предвремени парламентарни избори.
(This post was last modified: 19-03-2018, 02:15 PM by ЈорданПетровски.)
19-03-2018, 01:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(19-03-2018, 01:07 PM)ЈорданПетровски Wrote: Лудиот Заев пак се обидува да ја одбегне сопствената одговорност за случувањата!!







Заев првин треба да одговори зошто се овие реакции. Па потоа да се расфрла со закани и ефтино душегрижништво за децата на пратениците.
Да го потсетам Заев и СДСМ протестираше пред домот на Груевски, зар во тој дом не живееа деца.
Сега ке напишам збор два за битното .
Дали Заев се запрашал зошто се овие реакции.? Дали Заев ке објасни како да реагираат луѓето на постапката на Заев околу овој закон?
Законот за јазици не беше најавен во предизборната програма на СДСМ значи не бил оценуван од граѓаните.
Законот со лага дека е препорака на ЕУ беше донесен со Европско знаменци и така беше оневозможена расправата за законот. Од 85 амандмани комисија разгледа само еден, бидејки председателот на комисијата Груби ја опструираше работата на комисијата.
Заев можеше да ја исправи грешката што законот не беше дел од предизборната програма на СДСМ со тоа што пратениците на СДСМ пред донесувањето на законот требаше да организират трибини со граѓаните и од таму да дознаат дали граѓаните го подржуваат носењето на ваков закон.
Ако има грам морал Заев треба да си ја прифативи вината за случувањата кои нека биде сигурен дека со употреба на репресија , полиција , кривични пријави само ке ескалират и ке направат уште поголеми проблеми и штети. Излез од оваа е оставка на Заев и формирање на техничка влада која ке организира предвремени парламентарни избори.



[Image: 29386971_2053805358222995_56309744088026...e=5B384C61]
19-03-2018, 02:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:15 прилепчани во станица за протестите против двојзаичноста


[Image: 2921671210214028218932535433483649515950...k=ELaMJ_Xx]


21.03.2018
Петнаесетина граѓани вечерва се повикани на разговор во полициска станица за протестите против двојазичноста. Сите се сомничат дека со протестите го нарушиле јавниот ред и мир.

Сепак тоа не ги поколеба прилепчани. Тие и вечерва со блокирање на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп протестираа поради донесувањето на Законот за двојазичност, за кои тој значи разнебитување на македонскиот народ.



Со сила никој не владеел долго.
(This post was last modified: 20-03-2018, 10:07 PM by ЈорданПетровски.)
20-03-2018, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Прилепчани одлучни: Полицијата не може да не исплаши - двојазичност во Прилеп нема да има

[Image: 32d.png?itok=bzRqrrd9]

Во Прилеп скоро секој ден се протестира против „Законот за Двојазичност на Република Македонија“.
Вечерва учесници на протестот со покани од МВР во рака се пожалија дека се повикани на информативен разговор во Полиција.
Порталот Инфо Компас објави и видео од вечерашниот протест, каде во разговор со учесниците се гледа атмосферата во градот под Марковите Кули.



20-03-2018, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Милевски денес бил нападнат на скопскиот плоштад

[Image: Goran-Milevski.jpg]

25.03.2018
Лидерот на ЛДП и републички пратеник, Горан Милевски, попладнево бил физички нападнат на плоштадот во Скопје.
Случајот е пријавен во полициската станица Центар, а пратеникот побарал медицинска помош.
“Во 16,30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштад Македонија бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување  на случајот”, велат од МВР.


Кога гласаше што ти се чонеше Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
Пратенициве на Заев ке барааат по два полицја да ги чуваат кога одат низ град.
25-03-2018, 11:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Непознато лице ми удри неколку тупаници по главата


25.03.2018
„Додека се движев на плоштадот Македонија непознато лице се доближи до мене и започна да ме удира со тупаници по главата. Успеа да ме удри неколку пати по што го оттргнав од себе.Присебноста не ми дозволи да му возвратам во тој момент и добро е што избега, бидејќи не знам како ќе завршеше целиот настан“, вака претседателот на ЛДП Горан Милевски за ТВ 24  го опишува  инцидентот во кој бил физички нападнат.
Лидерот на ЛДП вели дека целиот настан се случил многу брзо и без никаков повод.

[Image: 193392.jpg]

Милевски добил телесни повреди по што отишол во болница, аслучајот го пријавил и во полиција. Оттаму го потврдуваат настанот.
„Во 16:30 часот Г.М пријави дека додека се движел по плоштадот  „Македонија“ бил нападнат од едно лице. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 
26-03-2018, 01:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Ме нападнаа поради изгласувањето на законот за јазиците

26.20.2018
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, вчера на плоштадот „Македонија“ беше нападнат од страна на непознато лице додека зборувал на својот мобилен телефон.
Милевски е без сериозни повреди, но смета дека овој напад кој доаѓа по протестите пред домовите на одредени пратеници од владејачкото мнозинство треба да се сфати мошне сериозно.
– Сметам дека нападот што се случи вчера е поради нервозата што доаѓа од изгласувањето на законот за употреба на јазиците. Не можам да коментирам дали е организирано сето ова, вклучувајќи ги и протестите пред домовите на пратениците, но во секој случај треба да се сфати сериозно, вели за „А1он“ и „Макфакс“ претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
26-03-2018, 02:36 PM
Reply