Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
„ПОТКУП“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Снимката од Заев обезбедена со ПИ-мерки ќе биде доказ во случајот „Поткуп

[Image: potkup-snimka-696x522.jpg]

06/03/2018

Снимката која со употреба на посебни истражни мерки беше обезбедена за случајот „Поткуп“, а во кој за поткуп му се суди на премиерот Зоран Заев ќе биде употребена како доказ.
Оваа одлука денеска ја донесе судијата Дарко Тодоровски, бидејќи според него снимките биле обезбедени легално. Тој го одби предлогот на одбраната на премиерот Заев да бидат отфрлени посебните истражни мерки на обвинителството како незаконски и да не важат, бидејќи веќе беа објавени во јавност.
Одбраната на Заев претходно предлог за отфрлање на снимката од доказите поднесе до Апелациониот суд, но од таму случајот го вратија на повторно одлучување, по што судијата Тодоровски пресече.
(This post was last modified: 06-03-2018, 02:19 PM by ЈорданПетровски.)
06-03-2018, 02:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев: Невин сум за „Поткуп“, случајот е конструиран

Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ.

06.04.2018
Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата.
– Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено – рече Заев пред судот.
Според него, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР да се постигне целта, а тоа е тој како тогашен лидер на опозицијата да престане со проектот „Вистината за Македонија“, односно т.н., бомби.
Тој очекува дека со прегледувањето на доказите да се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на тој храм, што било прифатено од нив.
Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поктуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.
Претходно, и неговите адвокати истакнаа дека тој не е виновен и оти додека бил градоначалник на Струмица не направил никакво незаконско дејство согласно тогашните закони за откуп на градежно земјиште. Поради тоа, одбраната смета дека немало причина да се прими поткуп. Сведокот не му дал ниту едно евро на Заев и на неговото семејство, ниту пак дал пари за изградба на црквата.
Обвинетиот Заев и неговото семејство, пак, дале 50 илјади евра за изградба на црквата. Сведокот, според одбраната, бил запознаен за ова и сакал да создаде лажна слика дека Заев бара подарок за себе како услов за да се завршат постапките за откуп на земјиштето. Сведокот бил свесен дека станува збор за донација за црква, а не за поткуп.
Обвинителот, пак, го изнесе обвинението и рече дека ќе ја докаже вината на Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ.
Зоран Зоран во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
Николов денеска не дојде во судницата, и како што беше речено на рочиштето, немало доказ за уредна достава на поканата.
Судењето треба да продолжи на 19 и на 26 март со прегледување на доказите и ЦД-та.
 
06-03-2018, 02:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев: Не барав поткуп, тоа беше мотивирање за донации за црква


[Image: zaevisplasen.png?itok=A2t9eT-8]

Премиерот Зоран Заев очекува ослободителна пресуда во судскиот процес во кој се товари за поткуп, според она што го изјави пред судница.
-Драго ми е што го разобличивме целиот предмет и што го отворивме како пупкa презентирајќи ја видео снимката и преку исказот на сведокот. Се се гледa и веќе се е јасно. Ниту судот не треба да го замараме повеќе. Станува очигледно дека е местење и дека се работи за агент провокатор на коj му се заканувале неколку истраги против него, значи се работи за пазарење со цел Заев да биде спречен да ги објави бомбите – рече премиерот.
Вели не барал поткуп туку тоа бил процес за изградба на црква.
Како што рече, не барал поткуп туку се работи за мотивирање да се дадат донации за изградбата на црквата. 
-Ќе го разгледам секој можен начин за тие отсечени делови да ги пуштам во јавност. Се работи за мојот образ, чест и углед. Само судот ги поседува, но на било кој начин ако имаме право по закон некако да ги добиеме снимките ветувам дека јавно ќе ги објавам. Важно е пред се заради мене – додаде тој.
 








Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Lazgo Lazgo
(This post was last modified: 02-05-2018, 12:45 AM by ЈорданПетровски.)
01-05-2018, 12:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Судијката Кацарска и обвинителката Бислимовска нови „адвокатки“ на Заев во случајот „Поткуп“


[Image: tn1_20180507_182124_11.jpg]


Зоран Заев слободно може да ги отпушти неговите адвокати кои го бранат во „Поткуп“, бидејќи денеска доби две нови „адвокатки“, судијката Добрила Кацарска и обвинителката Валентина Бислимовска, кои од петни жили се трудеа да го одбранат Заев, што предизвика низа реакции кај новинарите и публиката во салата, која го следеше судењето против Заев.

Посебно „инспиративни“ беа двете вкрстени прашања на обвинителката, која праша: Дали од некој, било од кого имало ПОПЛАКА за работата на Зоран Заев како градоначалник на Струмица и дали имало некаква, нечија одлука, било чија дека тој работел незаконски?

Quote:На ваквото прашање почна да реагира Кацарска, па откако Заев одговори дека од него се жалеле Груевски, Мијалков, Јанакиески кои му поднеле обвинение за „Глобал“, се вклучи Кацарска и објасни дека обвинителката не мислела на тоа, туку дали некој граѓанин некогаш воопшто се пожалил на неговата работа, а не дали имало постапки и побара да ббиде појасна во поставувањето прашања.
[Image: %D0%91%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%...%D0%B0.jpg]

Нормално, одговорот беше „не“. Бислимоска се истакна со уште едно вакво јако вкрстено прашање, по што продолжи Кацарска, која е втор судија во случајов да ги разјаснува дилемите, како на пример: дали снимката објавена на Јутуб како Заев бара поткуп е идентична на таа што ја гледале во судница?

Quote:Заев рече дека не е идентична, бидејќи била извадена од контекст, па така, таму каде што се зборувало за „едно евро за Вицето“ всушност се зборувало „за цементо и градежни материијали“ за црквата.

По два и пол часа објаснување за процедури и како се знае со Иван Николов, судењето ќе продолжи во среда, кога треба да се гледа „сечената “ снимка на Јутуб од разговорот Заев-николов на кој се зборува за купување земјиште за едно евро и мито од 3 евра по метар квадратен.
Заев пред судот го објаснуваше како се утврдувала цената за приватизација на градежното земјиште, а за бараните пари за Црквата рече дека во Струмица се градел најголемиот храм на балканот, на кој тој и неговата фамилија биле најголеми донатори, а секаде се залагал секој да дава прилози, па често велел дека „30 денари од сиромав човек се повредни од 3 илјади евра на богат човек“.

Quote:Заев не крие дека ја нарушил секуларноста на државата и како градоначалник целосно се ставил во служба на собирање на пари за црквата. Дури и советниците утврдиле дека секој што сакал да купи земјиште требало да плати плус по 3 евра од метар квадратен за црквата. Заев тврди дека до сега биле инвестирани 650 илјади евра во струмичкиот храм, од кои, само 50 илјади биле од физички лица а сите други од фирмите.

Тие што давале, јавно се фалеле кој колку дал, за тоа да биде поттик да даваат сите во црквата. Во брањето пари се впуштил и струмички Комуналец, кој на секои два месеци со сметките за вода им доставувал и уплатници за донации, за на тој начин да извллечат што повеќе пари од граѓаните.

[Image: %D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2%20%D0%B8%D0%B7%...%D0%B4.jpg]

-Се одржуваа состаноци, беа споменувани пари и средства, дури и по едно, по две до три евра за метар квадратен од оние кои сакаа да купат државно земјиште. Оттука доаѓа разговорот како еден вид мотивација за сите граѓани кои не се газди во струмичкиот регион. После ваквите состаноци на завршување на еден од нив господинот Николов ми пристапи и почна да разговара за донирање во црквата. Ми рече: ‘Господин градоначалник, јас нема да можам д аги донирам трите евра кои ги ветив на состанокот оти се плашам дека власта тоа ќе го протолкува како поддршка за Заев’. Му возвратив: „Иво, тоа е меѓу тебе и Господ, колку милуваш толку дај“. Веројатно тоа е моментот пред да бидам снимен“, тврдеше Заев пред судот.

Quote:Според него, против Николов водела истрага Агенцијата за финансиско разузнавање, за перење пари во која тој бил осомничен, како и две постапки за градење без одобрение. Претпоставувам дека со одредени лица, како и со директорот на БЈБ, Митко Чавков кој е струмичанец почнало да се реализира одредено сценарио, рече Зоран Заев.

-Токму кај што кажувам „цементо“ на струмички за цемент и за друг градежен материјал што ако милува, може да ги даде Николов како придонес за храмот, таму е исечена снимката на Јутјуб за моја дискредитација и политички линч“, -рече Заев.
Во текот на судењето престана да работи компјутерот за што беше дадена пауза, а Заев можеше и практично да се увери какви реформи спроведува преку телото што го предводи, ако во новиот Кривичен суд немаат еден нормален компјутер на кој можат да работат. Разгласот не работи, па по бурни реакции на новинарите дека ништо не се слуша доаѓаше техничко лице да провери како да обезбеди тон во судницата и во галеријата.

И денеска обвинителката Бислимовска седна веднаш до судиите, во намерно згрешениот распоред во судницата, но по интервенција на судиите, мораше да се премести и да седне во ист ред со обвинетиот и неговите адвокати.

СВЕДОК
07-05-2018, 09:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Обвинителката бара пресуда за Заев за барање а не за примање поткуп

На рочиштето на кое обвинителството и одбраната на Зоран Заев во случајот „Поткуп“ требаше да ги дадат завршните зборови, обвинителката Валентина Беслимовска направи измена и дополнување на обвинителниот акт. Наместо за примање поткуп таа даде обвинителен предлог Заев да биде осуден за кривичното дело 357 став два односно за барање поткуп. За ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години.
Таа рече дека во текот на судењето не било докажано дека Заев примил поткуп, како и дека сведокот бизнисменот Иван Николов самиот кажал дека ниту тој дал ниту Заев зел пари, односно дека обвинетиот Заев побарал, а сведокот ветил.
Исто така, таа рече дека Николов неколку пати го менувал исказот. Прво рекол дека за приватизација за земјиште му се биле побарани 3 евра дополнителни по квадрат, па дека едно евро за Заев, едно за СДСМ, едно за црквата, потоа по едно евро за Заев и едно за црквата.
Нема константност во неговото сведочење, но во сите искази се протнува една нишка дека Заев барал да изврши службено дејствие кое морал да го изврши и за тоа барал награда. Донацијата која претставува слободна волја на граѓаните никако не треба да се поврзува со службено дејствие кое е должност да се изврши – рече обвинителката.
Откако таа направи промена судечкиот совет се повлече да го разгледа предлогот, а и адвокатите на Заев побараа пауза од 15 минути пред и тие да ги кажат завршните зборови.
За делото примање поткуп предвидена е казна од 4 до 10 години.
15-05-2018, 12:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6






Quote:Заев не беше ослободен ниту зашто судот се реформирал, ниту зашто немало докази - да не се лажеме!

Зоран Заев се ослободува од обвинение затоа што обвинителот не ги докажал сомневањата, рече судијата Дарко Тодоровски, објавувајќи ја пресудата, чиј тек на процесот претходно го прераскажа од 2015 до денеска со 20-тина рочишта, од кои половина одложени поради отсуство на обвинетиот Заев.
Во овие три години се сменија и судиите и обвинителите во предметот, а отпадна од игра и еден од адвокатите на Заев. Јас пак, како автор на коментаров, бев присутен на речиси сите рочишта (со мало отсуство од едно две, процесно одложени-неважни) па еве накратко, да контрирам на ставот на Заев дека бил ослободен затоа што немало докази и затоа што судот се реформирал.


Quote:Да бидам директен, ниту судот се реформирал, ниту пак снема докази во предметот! Тоа што со преквалификација на делото отпаднаа ПИ-мерките е друга приказна, но вербалните докази останаа. Снимката веќе не е доказ, но нејзината содржина, која во најголем дел беше објавена во јавност, не може да фрли поинакво светло дека ослободителната е поради „недокажаност“.
[Image: zaev%20objava%20presuda.jpg]

Ставот 2 од кривичното дело „поткуп“ во кој беше преиначено и ублажено обвинението, од примање во барање поткуп, е исто така казниво.
Тоа што на судот не му било јасно, била контрадикторноста на сведокот кој прво зборувал за 3 евра побарано мито за метар квадратен купена земја, а потоа кажал 2 евра, е исто така само судска небулоза, која треба да правел некој лоботомија претходно за да не сфати што зборува сведокот.
Текот на работите за кои зборува сведокот Иван Николов беа многу јасни и со следен редослед: на 8 ноември Заев му се јавува на Николов во 21 часот, го повикува во неговиот градоначалнички кабинет и така почнува муабетот, за да откупи градежно земјиште, поранешна сопственост на веќе непостоечка конзервна фабрика во Струмица, може да го стори тоа по поволна цена од 71 денар за м2, но ако за секој купен квадрат плати уште по 3 евра, едно за Црквата, едно за СДСМ и едно за Заев, а кои треба да ги однесе во менувачницата на Вице Заев. и сето тоа, за само краток рок до крај на тековната година, за отприлика 50-тина дена.
Ниту обвинителството, а уште помалку судот направи напор да провери дали е вистина тврдењето на Николов дека Заев му се јавил и така почнале контактите, откако тој дознал за неговиот интерес за купување на земјиште.
Се понатаму, вклучувајќи го и тврдењето дека не зборувале за пари туку за „цементо“ на струмички е навреда за интелегенцијата на сите кои можеби не зборуваат струмички дијалект, но доволно го познаваат.
Николов тврдеше дека на сите средби одел сам, а ги имало повеќе, а само на една од нив бил и неговиот постар син, инаку другар со Трајче Заев, братучедот на Зоран.
Ни обвинителот, ни судот, а уште помлку адвоктите на Заев побараа да дојде и синот па да посведочи што барал во кабинетот на Заев и дали отишол таму само да си поразговараат за неговото и другарството со Трајче, без никаков повод и причина или наместо пари, да понудат материјал за изградба на црквата.

Quote:Заев тврдеше дека во Струмица се гради најголемиот храм на Балканот, на кој тој и неговото семејство се најголеми донатори, а тој барал од сите бизнисмени да донираат средства. Дури и на граѓаните им праќале бланко уплатници за донации со сметките за вода.

Екс струмичкиот градоначалник Заев се гордее што ќе се изградел најголем храм, во секуларна држава, во која градоначалникот директно работи на штета на секуларноста, па нека е општината и со 97 проценти православно население како што вели. Никогаш и никаде сите граѓани не се верници, а посебно па во Струмица каде што е познато дека само во едно село има по 7-8 верски заедници!
Но, самото впуштање на Заев да бара пари во име на Господ, а кои треба да се остават во менувачницата на Вицето, треба да биде основа за негово казнување. тоа што сега го прави Заев, во своие иили во име на МПЦ, бидејќи храмот утре ќе премине во нивна сопственост, не е ништо поразлично што го правеше еден друг премиер со барање пари преку една Фондација, што таму парите ги бараа владиците, додуша истите со кои сега Заев заедно со крсти.


[Image: %D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2%20%D0%BF%D0%BE%...D0%B51.jpg]

Но, да го оставиме судијата Дарко Тодоровски, кого го оставија сам во минута до 12 демек да вади врели костени, да ја напише пресудата и да не споменуваме дека сигурно нема да му биде лесно да ја образложи, но, сега барем тоа може да го стори барем формално порастерен од постапката што ја водеше Судски совет за негово разрешување, бидејќи истатта е запрена.
Но, не би било лошо да го искоментираме само тремаџиското читање на текот на претресот во овие 3 години, проследено со директен телевизиски и интернет пренос. Медиумите овој пат не само што добија дозволи за снимање, туку и посебно место во судница за да вршат директен претрес од објавата на пресудата.

Quote:А, само кога ќе се сетам дека Заев и неговите адвокати од почетокот не сакаа да бидат снимени во судница, се прашувам од каде вака наглата транспаретност. Значи, некој морал да знае дека ќе биде ослободителна и сето тоа медиумски да го поткрепи.

А, замислете, макар и само фигуративно замислете да беше осудителна? Каква можеше да биде реакцијата на премиерот, кој ја слуша пресудата а цела држава гледа директен пренос.
Јас се сеќавам на едно такво судење на сегашниот владин партнер на Заев, Амди Бајрам, кој, кога ја слушна пресудата за 6,5 години затвор во штипскиот суд, толку силно се удри по глава, што мене, мислам дека уште би ме болела глава, а не саиот Амди. тогаш, во судница бев само јас новинар со камерата на „Сител“. Тогаш снимателот Душан Кардалески направи таква снимка за која се испотепаа да ја позајмат сите можни телевизии. Затоа, чудна е моќта на камерата во судница, никогаш не знаеш што може да се случи.
Но, за да нема изненадувања, СВЕДОК во март ја прогнозираше одлуката и улогата на судиите во тоа и барем засега се се потврди, а маневарот со судијата поединец наместо овет во последен момент не менува ништо во „уметничкиот дојам“!
Од тука, слободно ќе заклучам дека во судот не се сменило ништо. тоа што наместо Дијана Груевска сега беше Добрила Кацарска или Дарко Тодоровски, а наместо обвинителот Влатко Милошевски, Валентина Бислимовска е доказ дека судиите им се омилени на политичарите само додека се на власт, зашто се сигурни дека ќе носат одлуки во нивна корист, како верни слуги кон Дворот.

Quote:Се сеќавате како се жалеше Заев од судот, како бараше милиони начини и измислуваше средби со божемни дипломати само за 2 години да не иде на судење. За сега, откако почна да го води Советот за реформи на судството да не можеш да го избркаш од судот. Таму почна да држи целочасовни пресконференции на кои одговара за се живо во државава.

Не за друго, тоа сигурно го прави за да бидат „покредибилитетни“ изјавите! Кој не би поверувал на премиер кога дава изјава, а зад него гордо стои „Палата на правдата“, таа истата од која се уште не е симната шарената боја од Револуцијата на која одекнуваше слоганот „Нема прада - нема мир“.


[Image: zaev-bislimovska-3288932(1).jpg]

Сега, слушате и Груевски дека ја повторува прогнозата на СВЕДОК дека Заев ќе биде ослободен, а тој осуден, што барем за нас ниту е ново, ниту невообичаено во македонски услови, туку само една веќе видена ситуација.
Од тука, трдењето на Заев дека судството се реформирало и не е како во времето на Грууевски, ќе биде толку разочарувачки за сите граѓани, кои надевајќи се дека се Заев, ќре очекуваат „правда за сите“. Но, кога нема да ја добијат, ќе сфатат дека не се „премиер на држава“, ниту дека од нив зависи изборот, напредувањето и разрешувањето на судиите.

Quote:Се смени само, што вели една моја пријателка, адресата од која сега доаѓа Заев. А со тоа, нели, и розевата перцепција. додека доаѓаше на судење од екс Бихаќка, судот не чинеше. ама, откако се пресели на Илинденска и тој само што не побара канцеларија во судот од што е толку задоволен од реформираното судство.

А, Никола Груевски пак, откао ја напушти Илинденска е се поразочаран од судиите кои нели, судеа „по закон и устав“ сега смениле страна и слушаат политички наредби.
Ма не бре, се сменија само улогите на Заев и Груевски, судиите се исти. И во тоа време сегашната фаворитка за апелација имаше желба да биде Врховен судија, а сега има амбиција да ја унапредат бар до шеф на апелација.Значи, важно е само адресата да биде Илинденска!
Затоа, намалете со емоциите. Судството не само што не се подобри, туку и се влоши. Но, за тоа во друга прилика. Сега само за тврдењето за „реформиран суд и немање докази“.

[Image: zaev%20sudenje%20potkup.jpg]
Се си имаше и докази и дело, но се нема храброст да не се суди по звучност на имињата и функциите! Ем з`ш така, би прашале охриѓани?! Е, з`ш така ТРЕБИТ! Па кај се видело премиерот да биде осуден, а лидерот на опозицијата ослободен. Па тоа го нема ни на филмови. Затоа, нека не се чуди ниту Груевски, ниту пак Заев да се фали.  Доволно видовме што направија или прават и едниот и другиот. За сите судството не чини кога се во опозиција, но ја фатат ли власта, одма се изреформираа и тоа за само 9 месеци.
Ако некој ги сретне спроведените реформи од Планот 3-6=9 се моли да ги врати на прав пат. Во спротивно, Заев ќе биде ослободен, Груевски осуден, а ние заробени во нивното судството, кое цвета само во корист на власта, кога, било која власт е на власт!
(This post was last modified: 23-05-2018, 12:00 AM by ЈорданПетровски.)
22-05-2018, 07:44 PM
Reply