Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИМЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:ТЕЛМА (Телевизија за манипулации) мораше да ја спинува дури и сопствената анкета.


Во среда сто пати новинарот и гостите мораа да потенцираат дека повеќе се оние кои што се за некаков компромис, отколку оние што не прифаќаат било каков компромис. Но, во тие што се за компромис ги имаа и оние што се за двојна формула и оние што се за ерга омнес. Финтата е што тие што се за двојна формула (за цел свет Македонија, а само за Грција ново име) се поблиску до оние што не прифаќаат никаков компромис, отколку до оние што се за ерга омнес!
А тие што се против било каква промена и што се за двојна формула, вкупно се преку 60%. Е сега, кога на овие ќе ги додадеме и оние што се за ново име само во меѓународните организации, тогаш добиваме некаде 75% на оние кои се ПРОТИВ ОНА ШТО ГО ЗАСТАПУВА ВЛАДАТА, односно само 24% се за ново име кое ќе се користи и билатерално или ерга омнес. Димитров и Заев веќе изјавија дека сме прифатиле ново име за вкупна меѓународна употреба.
Ова се поразителни бројки за министерот и премиерот кои ги туркаат овие преговори.
Овие бројки сакаат да се покријат преку одговорите за референдумското прашање. Но, од прашањата не можеме да добиеме точен одговор, затоа што не знаеме што точно мислат луѓето под промена, односно кој ќе биде опсегот, иако новинарот го допрецизираше, ова прашање е невешто поставено и е збунувачко. Но и на такво прашање, повеќе од 50% се изјасниле негативно. А и кога ќе се врзе со ЕУ, разликата на оние за и против е во рамките на статистичка грешка.
Како да се направи компромис на вакво суштинско прашање, кога според бројките ние сме поделени? Но, уште поголем проблем е што мнозинството Македонци се против. На крај ќе излезе дека Албанците им го смениле името на Македонците при евентуален референдум. Ова ќе доведе до поголема радикализација кај Македонците и дури тогаш ќе се појават разни екстремни движења и партии, кои што можат да предизвикаат разни проблеми и потреси во едно кревко општество како што е нашето. Не ми е јасно како тој исход не го гледаат овие што туркаат решение по секоја цена или можеби такво нешто и посакуваат?
Понатаму, во двете емисии се форсираа тези дека Македонците се изманипулирани и неразумни суштества. Небаре ние сме глупаци кои правиме проблеми таму каде што ги нема. Зошто? Па затоа што сме глупи! И поради тоа, елитата треба да ни ги отвори очите, а ако не успее, тогаш ќе треба на сила да ни помогне и да направи работи кои не ги сакаме, но се за наше добро.
Интересна ми беше и дебатата за споменикот на Александар Македонски, затоа што тоа е и идентитетско прашање. (Релатизивирањето околу идентитетските прашања сега нема да ги коментирам.) Тука се форсираше тезата дека Македонците не биле поврзани со Александар и дека се противеле од инает. А токму на тоа прашање се гледа дека огромниот број на Македонци, можеби тука беа и најмногу сплотени, го чуствуваат Александар Македонски како дел од своето наследство и како дел од својот идентитет! Чудно, но оние што изјавуваат дека нема да има никој проблем Македонците идентитетски да се изјаснуваат како сакаат, сега го ограничуваат тој идентитет. Односно им го дефинираат и кажуваат каков треба да биде. Јас никогаш не би си дозволил да дефинирам идентитет на Албанец или Грк. Иако прашањето за идентитетот е многу покомплицирано во врска со преговорите од овој дел кој вечерва ми се виде интересен.
И да, не верувам премногу и на ова истражување, затоа што кај нас, а се повеќ3 и во светот, се прават со цел да го обликуваат јавното мислење, а не да го измерат.

[Image: 31949145_10217047762294505_1693281527779...e=5B90681A]

Аце Серафимовски  фб статус
04-05-2018, 10:28 PM
Reply


Messages In This Thread
ИМЕТО - by ЈорданПетровски - 28-01-2018, 02:38 AM
RE: ИМЕТО - by ЈорданПетровски - 04-05-2018, 10:28 PM