Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИМЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Џафери: Собранието е подготвено да поддржи име што ќе се договори

Билатералните односи во моментот, посочил Коѕијас, наликуваат на птица која е затворена во кафез и не може да полета.

[Image: dzaferi-kozijas-696x365.jpg]

23.03.2018
Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, изразил задоволство од динамиката на директните билатерални средби со Грција, како и од средбите во рамки на Обединетите нации за изнаоѓање решение на едно прашање кое ги попречува двете земји да влезат во подлабока соработка со децении.
– Резултат на позитивниот дух кој се внесе од премиерите на двете земји во изминатиот период и кој е општо присутен во билатералните односи е одблокирањето на учеството на Република Македонија во Јадранско-јонската стратегија и имплементацијата на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ – рекол Џафери.
Џафери потенцирал дека членството во НАТО и во Европската унија е мнозинска определба на сите граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност и дека актуелната Влада, Собранието на Република Македонија и тој лично како негов претседател, иако свесни за политичките последици што може да ги имаат на следните избори, решени се да постапуваат државнички, да ги заокружат поставените приоритети неопходни за членство во овие организации и да инвестираат долгорочно во унапредувањето на односите со сите соседи, вклучително со Република Бугарија и со Република Грција.
Тој ги охрабрил министрите во нивните идни чекори за изнаоѓање на решение и ја искажал подготвеноста на Собранието да го поддржи таквото решение.
-„И покрај сложените политички односи, Република Македонија и Грција имаат добра економска соработка. Грција е четврт најголем инвеститор во Република Македонија, но она што недостига е немањето директна билатерална соработка со Парламентот на Република Грција, освен на маргините на мултилатералните состаноци и на регионалните иницијативи“, се наведува во соопштението.
Во таа насока, претседателот Џафери иницирал трилатерална средба меѓу парламентите на Грција, Македонија и Албанија, на која ќе се дискутираат можностите и начините за интензивирање на парламентарната соработка на сите нивоа во иднина.
Министерот Коѕијас изразил задоволство за повторната средба со претседателот Џафери во Парламент во кој, како што посочил тој, се случува голем демократски напредок и се заблагодарил за можноста за размена на мислења за теми од заеднички интерес за унапредување на демократијата во двете земји. Истакнал дека лично ќе се заложи за иницијативата на претседателот Џафери, бидејќи работите кои им се оставени во наследство од минатото и кои ги спречуваат поблиску да соработуваат, ги мотивираат за изнаоѓање решенија кои ќе обезбедат плодна соработка во иднина.
Неопходна е потребата од поставување поширока рамка со која ќе се овозможат позитивни движења и процеси меѓу двете држави, бидејќи билатералните односи во моментот, како што посочил тој, наликуваат на птица која е затворена во кафез и не може да полета.
– За среќа, луѓето од двете страни на границите споделуваат многу заеднички вредности, традиции и обичаи и тие бараат од политичарите проблемите да се постават на реални димензии, а одличната соработка на многу полиња, како во полицијата и одбраната, да се прошири и во образованието, културата, размената на кадри и експертиза меѓу научно-истражувачките центри и универзитети и на други приоритетни полиња – додал Коѕијас.
23-03-2018, 09:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Професори порачуваат: Под итно да се прекинат преговорите за името со Грција

27 март 2018 - 16:20
[Image: %D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE_%D0%BF%D1...k=tBLUd5P5]

Грција нема проблем само со името на нашата земја, туку и со нашиот идентитет, односно нацијата, јазикот, културата и традицијата и затоа треба да се прекинат преговорите, е главната порака од јавната трибина на тема „Името и идентитетот: академски одговор“ што се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје.
„Наша катастрофална грешка беше што прифативме да преговараме за името, бидејќи има работи кои не се предмет на расправа. Со преговарањето само дозволуваме да проблематизираме нешто што не е проблематично. Преговорите ќе завршат онака како што почнаа – како лакрдија“, порача академик Витомир Митевски.  Тој нагласи дека расправата за името на еден народ и држава не е нешто ново и необично и не е чудно што некои земји во светот имаат не по едно, туку по две, три и повеќе имиња, односно ендоними – како сами се нарекуваат и егзоними – како други ги нарекле од надвор.

„Тоа се случувало во колонијалните земји кога колонизаторите им наметнувале име за надворешна употреба, а тие си имале за внатрешна. По завршувањето на колонијалното ропство си го врќале своето име и тоа било прифатено од меѓународната заедница. Нас не третират полошо и од колонијалните земји, бидејќи ни се наложува име не само за надворешна употреба, туку и за внатрешна. Како поминува времето апетитите на Грција само се зголемуваат. Решение е да се прекинат преговорите за името“, рече академик Митевски.
Според проф. д-р Михајло Поповски, евидентна е нетранспарентноста со која се водат преговорите под закрилата да не му се наштети на процесот. Евидентно, како што кажа, е и немањето план што да се прави во случај на неуспех на преговорите.






Проф. д-р Бранислав Саркањац вели дека проблемот со името со Грција во голема мерка се должи на еднолинеарната историја според која токму Грција е лулката на европската демократија и е идеал врз кој се градел идентитетот на Германија и на Британија.





Проф. д-р Билјана Ванковска порача дека сите се соучесници во тоа што се случува и додаде дека голем дел од академската фела молчи и преферира да не се впушта во дебатирање за да не бидат предмет на стигматизација и лов на вештерки.





„Во голем дел тоа го разбирам бидејќи политичките елити подржани од одредени универзитетски професори порачаа – вие подобро да молчите, ова е критичен момент за Република Македонија во процесот на решавање на името. Молчете, не бранувајте и немојте да го расипете процесот. Ниту една држава која е зрела не би се однесувала поданички како што тоа го прави Македонија. Ако ние не си го решиме нашиот проблем тогаш веројатно и понатаму ќе бидеме предмет на решавање на некој друг фактор“, рече Ванковска.

За проф. д-р Благоја Јанаков целта на наметнатиот проблем со името е да се разнебити македонскиот народ, а во тоа предничат САД и Британија силите кои и даваат поддршка на Грција исто како и НАТО и Европската унија. Фактори на разнебитување се и соседните земји.
„Грчките влади не прифаќаат постоење на македонски јазик и култура и во последните 100-тина години направиле многу злодела кон Македонците. Целта на грчката власт е укинување на македонскиот јазик и идентитет. Во Македонија има и внатрешни чинители за разнебитувањето“, рече Јанаков.
Проф. д-р Далибор Јовановски посочи дека сите пет предлози кои се дадени за името се лоши и неприфатливи за Македонија, а последниот предлог даден од медијаторот Метју Нимиц е убедливо најлош до сега, бидејќи во него се застапени сите грчки барања.
„Веќе 25 години преговараме за името. Уште од почетокот на преговорите Грците сакаат да ни го сменат идентитетот и велат дека името Македонија не може да се користи во етничка конотација. Тоа го прават заради себе за да го зачуваат нивниот идентитет бидејќи во 19-от век имале дилема дали се Ромеи, односно православни Византијци или Хелени, наследници на античките Грци. Имаат проценето дека нашата држава не е хомогена одвнатре и наметнуваат нелогични барања криејќи се зад „ни ја крадете историјата“ и бараат менување на нашиот идентитет односно на нацијата, јазикот, културата, традицијата“, посочи Јовановски.
Според него, проблемот нема да се реши доколку се согласиме на промена на привремената референца со некое ново име за меѓународна употреба, бидејќи, како што наведем, кога ќе дојде време за прием во ЕУ ќе решат дека не може со македонски јазик (macedonian language) како службен јазик да се влезе во Унијата.
29-03-2018, 12:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Се отвораат тешките прашања:






30-03-2018, 06:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24






Quote:Заев вели дека новото име ќе биде Горна/Маседониа?
Добро, што новинари имаме кога не знаат да слушаат, да размислат брзо и да постават прашање?
Заев вели дека националноста ќе биде согласно новото име или како пример 'граѓани на Горна/Масединиа'!
Буквално така рече, само што тој додаде повеќе опции место 'горна'. Со ова тој всушност вели дека новото име ќе биде всушност еден збор при што придавката ќе биде одделена со / од Македонија!? Дополнителна забуна внесува со тоа што горна или друга придавка не ги преведува, а Македонија ја преведува, додека потоа вели дека сеуште не е договорено дали името ќе се преведува.

фб статус Ace Serafimovski
14-04-2018, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:НОВОТО ИМЕ ДА СЕ ВНЕСЕ И ВО УСТАВОТ МОЖЕ ЛЕСНО И ЛЕГАЛНО ДА СЕ ПОНИШТИ!!

[Image: 4146e53ad3135f7b51a909904808e7b3_L.jpg]


Jордан Петровски 16.04.2018
Заев и СДСМ, Мицковски и ВМРО ДПМНЕ,  според пресуда на Судот за Човекови Права во Стразбур а на која се повикува Венецијанска комисија, треба да бидат свесни дека првата влада на Р. Македонија која ке застане во одбрана на Македонските интереси а до такво нешто МОРА да дојде, ке се повика на тоа дека во Македонија, СДСМ на власт неколкупати дошол со државен удар и без проблем ке го поништи договорот за новото име кој ке го направи Заев па и да успее Заев да обезбеди двотретинско мнозинсто и да го смени и Уставот. 


Quote:Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била ВМЕШАНА ВО ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНИ УДАРИ во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во предвид историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале АНТИ-ДЕМОКРАТСКО држење! 


Оваа мислење на Венецијанската комисија да беше применето досега Македонија ке можеше да ги прекине на легитимен и легален начин преговорите со Грција и да побара пријем во ООН под името Македонија и да биде примена без проблем.
Да потсетам само на државните удари кои ги направи СДСМ :
1. Недоделувањето на мандат од страна на Глигоров на победничката партија ВМРО ДПМНЕ после првите повекепартиски избори 1990 година.
2. Непочитувањето на членот 10 од Уставниот закон 1992 година, кога беше изгласана недоверба на експерската влада:
 
[Image: ejbwnr.jpg]
3. Доделувањето 1992 година на мандат на СДСМ двапати едно подруго.
4. Изборниот криминал 1994 година., поточно прогласувањето на Глигоров за победник во првиот круг на изборите.
Ке прескокнам неколку настани кои би можеле без проблем да се третираат како државен удар и ке дојдам до случувањата со оваа влааст
5. Неделеовничкиот избор на Таљат Џафери за председател на собранието.
17-04-2018, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Коѕиас безмилосно ни ги урна надежите за НАТО


[Image: .jpg?resize=696%2C471]

18.04.2018
Откако денеска Јункер како шеф на ЕК ни најави неизвесни судбина за Еу и Атина не остана покуса за НАТО.
– Очигледно е дека ПЈРМ, во јуни нема да влезе во НАТО, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио 247.
Toj го објасни овој негов став со фактот дека договорот треба да се ратификува на различни начини, а веќе е април.
– Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата пријател на север, потребни се два месеци. Само за референдумот ќе дојде јуни. А откако ќе се заврши со референдумот, договорот ќе треба да оди во Собранието, а и за тоа треба половина месец или еден месец. Откако ќе стигне во Собранието, ќе треба тоа направи уставни измени. За да имаме договор ќе треба да се согласиме за уставни промени. Што значи ќе стигне есен, објасни шефот на грчката дипломатија, но додаде дека во НАТО одлуките може да ги донесат дури и постојаните претставници.
Во однос на разговорите и точките за кои се преговара, министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкото радио, рече дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите ќе стои „државјанин на таа и таа земја, државјанин на името за кое што ќе постои договор“.
– Идентитетот е прашање на самоопределување. Да го запомниме ова, затоа што не треба и ние да ги прекршуваме меѓународните закони, објасни Коѕијас.
Tој не сакаше јавно да коментира дали двете страни се блиску до договор за името „Горна Македонија“. Рече дека од петте предлози на Нимиц, отфрлено е името „Република Македонија (Скопје)“, а Грција остава на нашата земја да ја одбере одредницата.
Од моментот кога има сложена географската одредница немаме проблем, но оваа сложена географска одредница, треба да е и за внатрешноста на земјата, рече шефот на грчката дипломатија.
Категорично „не“ е одговорот на Коѕијас на прашањето дали без ревизија на Уставот и ерга омнес, може да се постигне договор. Министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто оваа негова позиција уште еднаш ја поткрепи со примерот со документите.
Рече дека од кај нас ги слушнал аргументите дека Грција не ја засега ако една општина во допис до друга општина го користи името Република Македонија.
На ова, одговорил дека постојат низа документи што ќе создадат проблеми во функционирањето, како на пример Уставот, доколку би се пратил во странство, а името што е вклучено нема да се смени и да биде новото, она за меѓународна употреба, туку ќе биде уставното, но преведено.
Ако не постои ерга омнес и употреба за сите меѓународни, меѓудржавни, билатерални односи, во меѓународните организации, а и во внатрешноста на земјата, ќе инвестираме во кавги и несогласувања во следниот век, ова се обидувам да ѝ го објаснам на ПЈРМ. Ќе излегуваат документи, дозволи, дипломи во странство со внатрешното име, ние ќе ги бркаме дека го прекршуваат договорот, а тие ќе велат дека се случи по грешка и ако денес имаме кавга за тоа кое име се користи во меѓународните организации, тогаш ќе имаме секојдневна кавга што ќе биде ќорсокак и ќе ги влошува условите меѓу двете држави, рече шефот на грчката дипломатија, додавајќи дека Грција бара договор што нема да создава, туку ќе ги решава проблемите.
Тој уште еднаш го повтори неговиот став дека прашањата во дипломатијата не може да се решаваат преку изјави и интервјуа и додаде дека сите, вклучувајќи го и него, треба да бидат поодговорни, потрезвени и посериозни.
18-04-2018, 01:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

[Image: 31841509_10216546547515594_6735658998269...e=5B8D51ED]



Значи само 14.1% од граѓаните се да се прифати Грчкото барање!!


Да не ме обини некој дека оваа е некоја пристрасна анкета! Еве од каде е:

[Image: 31841626_10216546648918129_2392542395871...e=5B9C1A25]
(This post was last modified: 02-05-2018, 08:38 PM by ЈорданПетровски.)
02-05-2018, 08:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:ТЕЛМА (Телевизија за манипулации) мораше да ја спинува дури и сопствената анкета.


Во среда сто пати новинарот и гостите мораа да потенцираат дека повеќе се оние кои што се за некаков компромис, отколку оние што не прифаќаат било каков компромис. Но, во тие што се за компромис ги имаа и оние што се за двојна формула и оние што се за ерга омнес. Финтата е што тие што се за двојна формула (за цел свет Македонија, а само за Грција ново име) се поблиску до оние што не прифаќаат никаков компромис, отколку до оние што се за ерга омнес!
А тие што се против било каква промена и што се за двојна формула, вкупно се преку 60%. Е сега, кога на овие ќе ги додадеме и оние што се за ново име само во меѓународните организации, тогаш добиваме некаде 75% на оние кои се ПРОТИВ ОНА ШТО ГО ЗАСТАПУВА ВЛАДАТА, односно само 24% се за ново име кое ќе се користи и билатерално или ерга омнес. Димитров и Заев веќе изјавија дека сме прифатиле ново име за вкупна меѓународна употреба.
Ова се поразителни бројки за министерот и премиерот кои ги туркаат овие преговори.
Овие бројки сакаат да се покријат преку одговорите за референдумското прашање. Но, од прашањата не можеме да добиеме точен одговор, затоа што не знаеме што точно мислат луѓето под промена, односно кој ќе биде опсегот, иако новинарот го допрецизираше, ова прашање е невешто поставено и е збунувачко. Но и на такво прашање, повеќе од 50% се изјасниле негативно. А и кога ќе се врзе со ЕУ, разликата на оние за и против е во рамките на статистичка грешка.
Како да се направи компромис на вакво суштинско прашање, кога според бројките ние сме поделени? Но, уште поголем проблем е што мнозинството Македонци се против. На крај ќе излезе дека Албанците им го смениле името на Македонците при евентуален референдум. Ова ќе доведе до поголема радикализација кај Македонците и дури тогаш ќе се појават разни екстремни движења и партии, кои што можат да предизвикаат разни проблеми и потреси во едно кревко општество како што е нашето. Не ми е јасно како тој исход не го гледаат овие што туркаат решение по секоја цена или можеби такво нешто и посакуваат?
Понатаму, во двете емисии се форсираа тези дека Македонците се изманипулирани и неразумни суштества. Небаре ние сме глупаци кои правиме проблеми таму каде што ги нема. Зошто? Па затоа што сме глупи! И поради тоа, елитата треба да ни ги отвори очите, а ако не успее, тогаш ќе треба на сила да ни помогне и да направи работи кои не ги сакаме, но се за наше добро.
Интересна ми беше и дебатата за споменикот на Александар Македонски, затоа што тоа е и идентитетско прашање. (Релатизивирањето околу идентитетските прашања сега нема да ги коментирам.) Тука се форсираше тезата дека Македонците не биле поврзани со Александар и дека се противеле од инает. А токму на тоа прашање се гледа дека огромниот број на Македонци, можеби тука беа и најмногу сплотени, го чуствуваат Александар Македонски како дел од своето наследство и како дел од својот идентитет! Чудно, но оние што изјавуваат дека нема да има никој проблем Македонците идентитетски да се изјаснуваат како сакаат, сега го ограничуваат тој идентитет. Односно им го дефинираат и кажуваат каков треба да биде. Јас никогаш не би си дозволил да дефинирам идентитет на Албанец или Грк. Иако прашањето за идентитетот е многу покомплицирано во врска со преговорите од овој дел кој вечерва ми се виде интересен.
И да, не верувам премногу и на ова истражување, затоа што кај нас, а се повеќ3 и во светот, се прават со цел да го обликуваат јавното мислење, а не да го измерат.

[Image: 31949145_10217047762294505_1693281527779...e=5B90681A]

Аце Серафимовски  фб статус
04-05-2018, 10:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Најголем процент од граѓаните би прифатиле Република Горна Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ


[Image: annnn-696x522.jpg]

Анкетата на МЦМС објавена на телевизија Телма покажува дека мнозинство од граѓаните, односно 71,4 отсто сметаат дека треба да има референдум при евентуален договор со Грција за спорот за името.
Интересно е што на прашањето дали се согласувате со промена на името во Република Горна Македонија, кога земјата ќе стане членка на ЕУ, поголемиот дел од граѓаните, односно 47,6 отсто одговориле да, додека 45 отсто одговориле не.


[Image: an.jpg] [Image: ann.jpg]

ФОКУС


Quote:МАНТРАТА ПРОДОЛЖУВА!
КОЛЕКТИВНОТО ПЕРЕЊЕ МОЗОЦИ, ИСТО ТАКА!
ПРОПАГАНДАТА СТАВЕНА НА 300!
Абе како не разбирате дека СЕ ВИ Е ПРОЧИТАНО, како селски буквари сте!
Вашиот влез во ЕУ ќе биде на Свети Никад, а Можда Ни Тад, што значи нема ГОРНИ, СЕВЕРНИ, ВАРДАРСКИ ИЛИ КАКВИ И ДА СЕ ГЛУПОСТИ!
Ајде сега оставете не да дишеме без вашите канцерогени супстанци!
Ако толку ВИ СЕ МОРА да правите анкети на глупи прашања, потсетете се на вашата метреса и нејзината изјава дека НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОРИ!

Тања  Каракамишева фб статус
04-05-2018, 11:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Фити во „Само Вистина“: Владата да не прифаќа да преговара за идентитетските прашања


Гостин во вечерашното издание на емисијата ,,Само Вистина,,беше претседателот на МАНУ, Таки Фити кој ги изнесе ставовите на Академијата во поглед на актуелните случувања поврзани со процесот за името, политичката криза, законот за употреба на јазици

Владата не смее да преговара за идентитетските прашања , не треба да прифати ерга омнес како и менување на уставот, рече Фити кој смета дека ако дојде до промена на уставното име и ако Грција настојува да се промени името на јазикот националноста  итн, тогаш МАНУ веќе нема да се вика како што се вика, ниту НБРМ или другите институции кои во своето име го содржат терминот Македонски, Македонска, Македонија. Апсурдни се барањата на Грција за едно име со геогравска одредница па споено во едно име на англиски а читање како што пишува, тоа е небулоза смета  првиот човек на МАНУ, Околу политичката криза Фити смета дека таа е зад нас, но вели најголеми виновници за истата се политичките партии посебно двете најголеми партии и нивните лидерства, изминативе 27 г. независност. Околу Законот за употреба на јазиците, Фити го задржа ставот постигнат на претседателството на МАНУ на 20-ти март дека секоја заедница има право да бара унапредување на јазичните праа, но дека единствен интегрирачки фактор и натаму е Македонскиот јазик. Фити во Само Вистина зборуваше и на економски теми, поврзано со економските политики на владата. Според него, инсистирањето на власта за прогресивен наместо рамен данок Фити смета дека се должи и од економски но пред се од чисто идеолошки причини.Тој смета дека е можна стапката на раст за Македонија да е до 4.30%  и тоа да се постигне за година до две.Погубно е во услови на пазарна економија државата да биде најголем инвеститот и работодавач, смета Фити додавајќи дека носители на развојот треба да се приватните фирми и капитал. 
09-05-2018, 03:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Бачев со писмо до Ципрас






15-05-2018, 02:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА!!



19-05-2018, 10:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:Илинка Митрева

И кажавме збогум на двојната формула тоа беше одличен инструмет.Нимиц е маргинализиран. Промена на Уставот не смее да има и не смее да се прифати грчката позиција за ерга омнес. Не знам кои се црвените лини на преговарачите но моите црвени линии се да се сочува достоинството на народот и на јазикот, без промена на Уставот, решение кое нема да предизвика фрустрации и незадоволство кај граганите, изјави Митрева.
Смета за предлогот кој и да е треба да се изјаснат граѓаните на референдум. Ако прифатливата опција е Република Илинденска Македонија  тоа нас не доближува до Бугарија. Она што од нас го бара Грција е без преседан. Ако не се дојде евентуално до договор привремената спогодба останува на сила, и во даден момент би можело повторно да се вратиме на нејзините одредби. Кога се бориш за својата држава се бориш со сите аргументи, изјави поранешната министерка за надворешни работи.








(This post was last modified: 19-05-2018, 10:50 PM by ЈорданПетровски.)
19-05-2018, 10:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Поповски: Прекинете го исмејувањето на татковината

19.05.2018
Поранешниот министер за финансии и пратеник од редовите на СДСМ, Никола Поповски, на својот ФБ профил побара да престане понижувањето на земјата со преговорите кои се водат на несериозна основа и укажа на подбивањето на функционери од источниот сосед со Македонија:

[Image: Untitled-15.jpg?resize=405%2C232]
„За да сфатиме на која несериозна основа се водат државните преговори со Бугарија и Грција требаше да дојде до денешната катарза во која имаме срамни лицитации и одобрување на подбивни имиња за сопствената татковина и најнепријателски изјави на високи бугарски функционери кои се ситат на нашата целосна политичка изгубеност и си тераат свои агенди.
Им дозволија заеднички да се сликаат, смеат и прегрнуваат истовремено додека тие се подбиваат со нас и секојдневно не навредуваат.
Или прекинете го натамошното понижување и исмејување на татковината или повлечете се од тој процес“, напиша Никола Поповски.
19-05-2018, 10:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:И Ципрас ја одби „Илинденска Македонија“



[Image: 307614-cipras-grcija-kje-ima-ili-progres...60x437.jpg]

 
19.05.2018
Грчката Влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“.  Само еден час откако премиерот Заев по лидерската средба изјави дека тоа е опцијата која може да биде решение за спорот, од Кабинетот на Ципрас испратија соопштение во кое пишува:
„Го поздравуваме тоа што македонската страна прифати дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби. Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи, да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц.
Само неколку часа претходно Ципрас ги информираше парламентарните лидери и претседателот на Грција за последниот предлог за името, но не доби подршка за „Илинденска Македонија“. Сите опозициски  лидери го отфрлија предлогот оценувајќи дека со него „се зајакнува иредентизмот“.
На Самитот во Софија, Ципрас се согласил со предлогот „Република Илинденска Македонија“.
Премиерот Заев по лидерската средба рече дека  овој предлог е можен компромис за спорот за името и дека со пакетот решение се зацврстува идентитетот и јазикот кој останува македонски. Тој упати и порака до Грците дека со ова решение се прави и јасна дистинкција од регионот Македонија во Грција.
 
19-05-2018, 11:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Председателот Иванов е јасен до крај!!



20-05-2018, 01:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Мицковски и тој јасен до крај.




20-05-2018, 01:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Во делов од видово Заев кога вели примена на името РИМ и за внатрешна употреба тој признава дека договори проемна на идентитет, јазик !!




20-05-2018, 02:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Две диаметрално спротивни изјави за една година










20-05-2018, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

Quote:Левица ќе поднесе кривична против Заев за загрозување на независноста

[Image: apasiev-levica-696x399.jpg]
Политичката партија Левица ќе поднесе утре кривична пријава против премиерот Зоран Заев до Основното јавно обвинителство – Скопје, за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ („Загрозување на независноста“).
„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање“, велат од Левица.
Од таму додаваат дека детали од наводите во пријавата ќе бидат изнесени утре на прес-конференција.



Bravo Bravo Bravo
Дојде време јас на ЛЕВИЦа да и аплаудирам. Се се изместило!
20-05-2018, 10:50 PM
Reply