Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОНГРЕСОТ НА ВМРО ДПМНЕ , КОНГРЕС ЗА ПРЕКИН НА ДЕЛБИТЕ ИЛИ НОВА ДЕЛБА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Димовски, Милошоски, Вељаноски: Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ да се одложи за два месеци - на него да има 5000 делегати

[Image: vmro-dpmnenovo.jpg?itok=VB0LEpVs]

19.12.2017
Дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ побара одложување на Конгресот и менување на правилата за игра. Нивното отворено писмо го објавуваме во целост.
„Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ,
Почитувани членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ,
Почитувани членови на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ,
Водени од желбата за побрзо консолидирање на нашата партија,
Водени од намерата за сеопшто обединување на сите структури и поединци од ВМРО-ДПМНЕ,
Водени од политичката одговорност да направиме чекори кои ќе ја зацврстат и сплотат нашата партија,
Водени од намера побрзо да создадеме услови за промена на неодговорната, неуспешната и неспособната власт предводена од СДСМ.
Ние долупотпишаните, се залагаме за принципи и вредности, а не за личности, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е една личност, не е група од неколку или повеќе личности, туку е идеја за слобода, демократија и напредок на Македонија.
Имаме обврска пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но имаме и обврска пред сите граѓани на Македонија што сакаат подобра иднина на оваа држава, да проговориме јавно за да обезбедиме демократичност и фер натпревар во рамките на нашата партија, како принцип и вредност за целата држава и сите нејзини граѓани.
Ние, долупотпишаните членови на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да укажеме на сериозните проблеми настанати во процесот на организирање и спроведување на Конгресот на Партијата, но и да понудиме решенија кои ќе бидат општоприфатливи за целокупното членство на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата има потреба од нов концепт на функционирање во кој ќе се почитува традицијата, успесите и вградениот труд на секој член, но и ќе се дава постојана шанса на нов и свеж потенцијал.
Концепт кој ќе биде гарант на демократијата во партијата и во државата. Сакаме да спроведеме Конгрес кој што нема да ја има хипотеката на демократски дефицит и нелојална конкуренција при изборот на Претседател.
Информациите од членството на терен говорат дека во спроведување на процедурата за избор на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ има еден кандидат кој е очигледно фаворизиран, помогнат и поддржан од целокупната партиска инфраструктура на републичко ниво. 
Се користат партиски ресурси само за еден кандидат. 
Се врши притисок врз добар дел од делегатите да се потпишат зад кандидатурата на еден кандидат.
Се праќаат и вистинити и лажни поздрави до делегатите од влијателни личности во врвот на партијата со цел добивање на поддршка за едниот кандидат.
Се користат закани за исклучување од партијата и од органите на партијата на лица кои ќе одбијат да дадат поддршка на едниот кандидат.
Се на се, жалиме што мораме да констатираме дека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 22 и 23 декември под овие околности не гарантира демократски и транспарентен процес за легитимен избор на Претседател на партијата. 
Пред да го објавиме ова јавно писмо, дел од нас, повеќе пати алармиравме и разговаравме со највисоките партиски функционери, но за жал до сега немаше никаква ефективна реакција.
Заради нашата одговорност и принципите во кои веруваме ги предлагаме следните решенија:
 
1. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да донесат одлука за зголемување на бројот на делегати на Конгресот од 544 на најмалку 5000 делегати, при што правото да делегираат делегати ќе го имаат Местните комитети на партијата, а тоа ќе значи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го бираат Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со најширок можен легитимитет;
 
2. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да донесат одлука за одложување на одржувањето на Конгресот за 24 и 25 Февруари 2018 година, (да се даде шанса за транспарентна постапка и демократски натпревар, а да се избегне чувството дека некој набрзина сака да избере однапред предодреден кандидат);
 
3.  ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да назначи колективно Претседателство од 3 до 5 членови кои ќе ја раководат партијата до одржување на Конгресот (за да се отстрани сомнежот дека предлогот е со цел одолговлекување на промените во ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време да се отстрани можноста од користење на партијата како поддршка на еден кандидат);
 
4. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да забранат користење на партиската инфраструктура за потребите на било кој кандидат (да се отстранат проблемите настанати во последните две недели);
 
5. ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да овозможат делегатите да ја пријават секоја принуда, закана или притисок од било кој кандидат или негови официјални претставници и да постапува за да ги расчисти и отстрани таквите појави (кандидатите мораат да покажат демократски капацитет и одговорност);
 
6.  ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ да забрани на официјални лица на раководни позиции да ја користат партиската инфраструктура во полза на еден кандидат;
 
7. Да се овозможи на актуелните претседатели на Општинските комитети и актуелните пратеници да бидат делегати на Конгресот.
 
Со надеж и силна желба за единство кон нови победи, очекуваме ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на претходно закажаните седници за оваа среда и овој четврток неделава да ги уважи и прифати овие добронамерни предлози. 
 
Доколку бидат прифатени овие предлози на крајот победници ќе бидат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, сите Местни и Општински комитети. Победници ќе бидат сите граѓани на Македонија зошто ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гарант за побрзиот напредок, подобриот стандард и побрзото евро-атлантско интегрирање на Македонија.
 
На Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а тоа може да биде силно само ако е обединето, демократско и базирано на носечката темелна идеја за добробит на Македонија.
 
ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека е демократска партија.
ВМРО-ДПМНЕ мора да биде обединета партија.
ВМРО-ДПМНЕ мора да биде победничка партија.
 
 
 
 
Потписници:
 
 
 
Борис Змејковски, с.р. - основач на партијата
Владо Трнталовски, с.р. - основач на партијата
Васил Наумов, с.р. - основач на партијата
Дијана Трнталовска, с.р. - основач на партијата
Драги Арсов, с.р. - основач на партијата
Ѓорги Боев, с.р.
Ѓорги Наумов, с.р.
Трајко Вељановски, с.р.
Антонијо Милошоски, с.р.
Илија Димовски, с.р.
Иван Иванов, с.р.
Благоја Деспотоски, с.р.
Крсто Јовановски, с.р.
Жарко Караџоски, с.р. 
Никола Бакрачески, с.р.
Борче Стамов, с.р.
Марта Арсовска Томовска, с.р.
Илчо Захариев, с.р.
Трајчо Димков, с.р.
Магдалена Манаскова, с.р.
Слаѓана Митовска, с.р.
Ристо Манчев, с.р.
Павле Саздов, с.р.
д-р. Александар Колев, с.р.
д-р. Горан Манојловски, с.р.
д-р. Александар Митов, с.р.
Нола Исмајлоска Старова, с.р.
д-р. Милан Ристевски, с.р.
Нада Ципушева, с.р.
Невенка Стаменковска
21-12-2017, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВМРО-ДПМНЕ го разгледува барањето за одложување на Конгресот

19/12/2017
ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето на дел од членовите на партијата за одложување на Конгресот што треба да се одржи викендов во Валандово.








„Станува збор за внатрепартиско прашање и партиските органи ќе одлучат дали ќе се одложи конгресот“, изјави Дарко Косотовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на обвинувањата за фаворизирање и трошење партиски пари за еден кандидат за претседател на партијата, Костовски вели дека и тоа е внатрепартиско прашање за кое ќе се дискутирало во, како што рече, убава атмосфера на партиските органи.
Триесет високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ обвинија за нелегитимен и нетранспарентен процес за изборот на претседател на партијата. Во отворено писмо тие бараат одлагање на конгресот за февруари, а дотогаш предлагаат со партијата да раководи колективно тело со три до пет члена.
Во писмото меѓу потпишаните се Борис Змејковски, Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски и други функционери на партијата.
21-12-2017, 02:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Груевски одговори на барањето за одложување на Конгресот: Сите гласавте ЗА, никој не се побуни за датумот


20.12.2017
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, преку својата Фејсбук страница одговори на барањата на повеќе истакнати поранешни и сегашни функционери на партијата за одложување на конгресот и поставување привремено претседателство, како и на обвинувањата за притисоци врз делегатите токму од актуелниот врв на партијата и фаворизирање на генералниот секретар Христијан Мицковски. Статусот ви го пренесуваме во целост:
Одлуката на извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ за предлог до центрaлниот комитет (ЦК) на партијата за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на ден 22-ри и 23-ти декември во Валандово, како и бројот на делегати беше донесена на седницата на ИК на 03 декември 2017-та ЕДНОГЛАСНО, без ниту еден глас против, откако на 1ви декември јас како претседател најавив оставка во интервју за порталот Курир.
Едногласно и без било какви коментари или забелешки од било кој член на ИК. По дискусијата следеше гласањето, на кое СИТЕ членови на ИК кренаа рака и гласаа ЗА без притоа било кој да приговори за датумот или бројот на делегати, и без било кој да оспори било што во врска со тоа.
Статутот уште од основањето на партијата предвидел и никој досега тоа не го отворил како прашање и не побарал промена, дека во случај на вонреден Конгрес, делегати се истите делегати од последниот редовен конгрес.
Со цел потсетување кои биле делегати на последниот редовен конгрес делегатите беа прочитани на седницата на глас еден по еден.
Вкупно 560 колку што биле на редовниот конгрес во 2015-та.
Слични или помали бројки на делегати биле на сите досегашни конгреси на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање до сега. Статутот предвидува дека не треба да се помалку од 250 делегати на Конгресот, а горната граница не ја ограничува. И кога се одредуваа делегатите за редовниот Конгрес во 2015-та никој немаше никаква забелешка за бројот на кандидатите, иако статутот не бил пречка за тоа.
Сличен или помал број на делегати имало и на конгресите на сите други партии во Македонија од независноста до денес.
На 10-ти декември 2017 се одржа седница на ЦК на која се потврди датумот на одржување на конгресот и бројот и имињата на делегати, при што заради законска пречка за која бевме известени од правната комисија (вработени или функционери во МВР, МНР и регулаторни тела, не можат да имаат партиски функции, како и едно починато лице) бројот на делегати се одреди да биде 544. Сите 15 делегати кои изостанаа самите поднесоа писмени оставки со цел да ги запазат законите и да не им се загрози работното место или функцијата.
Одлуката за одржување на конгресот на 22-ри и 23-ти декември со 544 имиња на делегати ЦК ја изгласа речиси ЕДНОГЛАСНО.
Само едно лице гласаше против, од сосема различни причини кои претходно ги образложив неповрзани со датумот на Конгресот и бројот и составот на делегати на Конгресот.
Ниту еден член на ЦК или некој од поканетите гости не даде никаква забелешка или противење за датумот на одржување на Конгресот или бројот на делегатите.
Ниту еден од присутните не предложи колективно претседателство.
За се останато се произјаснив во мојот претходен статус на оваа тема во 8 засебни точки на 14-ти декември како и во уште еден таков три дена пред него. Ова произјаснување е продолжение на тие две.
Одлуката за одржување конгрес со сите содржини во неа меѓу кои и датумот и бројот на делегати се носи со најмалку 2/3 од бројот на членовите на ЦК. Согласно ова, и евентуална промена на ваква одлука може да се носи само со двотретинско мнозинство од членовите на ЦК.
За назначување на колективно претседателство потребни се неколку услови и чекори:
1. Одлука на најмалку 2/3 од членовите на ЦК со кои се поништува претходната одлука за одржување вонреден конгрес од 10-ти декември
2. Промена на статутот на партијата со кој би се овозможило колективно раководство, што е во надлежност на ЦК.
3. Посебен Конгрес на кој би се назначило колективното раководство, доколку Конгресот тоа го прифати.
4.Потоа уште еден – нов Конгрес на кој би се бирал нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи колку што разбрав идејата е колективното раководство да е времено решение
Тое се фактите за досегашните одлуки и процедурата.
А сега неколку мои коментари.
Јас како Претседател на партијата дадов максимум што е во моја моќ да останам неутрален во процесот на избор на претседател на партијата. Иако немам таква обврска, тоа е мој личен избор.
Статутот и другите акти со ништо не ми попречуваат да застанам зад некој кандидат. Јавно, со изјава, со потпис, говор, политичка агитација, лична вклученост во нечија кампања и слично. Сепак проценив дека најдобро е да останам неутрален и причините јавно ги објаснив во претходните два статуси на оваа тема минатата недела.
Во 2003-тата тогашниот Претседател постапи поинаку, излегувајќи со јавна поддршка за мене како прв потписник на мојата кандидатура. Тоа беше негово право и личен избор исто како што сега е и мое право да одлучам дали ќе постапам исто или ќе се определам за неутралност.

На ниту еден делегат од сите 544 не му дадов било каква насока во однос кој кандидат да поддржи.
Дел од моите долгогодишни најблиски соработници охрабруваа кандидат кој колку што сум информиран се откажа од кандидатура. Со ништо не ги попречив во тоа. Напротив.
Покрај ова, одговорив на неколкуте директни до мене пораки и барања од еден од потенцијалните кандидати кој ги побара имињата и телефоните на сите делегати и претседатели на ОК и МК како би имал директен пристап за претставување, политичка агитација и лобирање што е легитимна работа во ваков изборен процес.
Одржав лични состаноци со потенцијалните кандидати и во рамките на моите статутарни ингеренции направив се што е во моја моќ и овластувања согласно статутот да делувам кон надминување на забелешките и несогласувањата.
Јас, сега на 24 часа пред истекот на рокот, уште еднаш ги повикувам сите заинтересирани кандидати да ги соберат потребните потписи и да се кандидираат во предвидениот и заеднички изгласан рок од ИК и ЦК, а делегатите ги повикувам слободно да одлучат согласно она што го напишав на статусот на 14-ти декември. Повеќето од нив, знам дека за неколку часа можат да соберат не 30, туку дупло од тоа потписи, или повеќе.
Уште еднаш повикувам доколку некој го злоупотребува моето име во лобирањето да бидат свесни дека се работи за лажно повикување и согласно тоа да го дадат или повлечат својот потпис, и слободно да гласаат на тајното гласање на Конгресот.
Секоја евентуална закана, заплашување, уцена, лажно повикување или слично да ги отфрлат и доколку сакаат и да ги казнат преку тајното гласање на Конгресот.
Напоменувам дека некои од поплаките на потенцијалните кандидати не беа поткрепени со докази и не се потврдија при проверките во нивно присуство. Тоа не значи дека тие сакале да ме излажат, но, може да значи дека добиле неточни, невистинити или непроверени информации од теренот. Има и такви случаи каде што лицето кое информирало за некое несоодветно однесување на некој од кандидатите или неговите поддржувачи едно им вели ним на оние кај кои информирало, друго или спротивно на други кои го проверуваат истото. Во некои од случаите при образложувањето на забелешките не се откриваа имиња со цел да се заштитат лицата кои за нешто ги информирале, што е легитимно, но тоа попречува било каква проверка и утврдување на фактите во ситуација кога конкурентот го негира истото. Ова значи дека забелешката може да е точна, а може и да не е точна, но нема начин да се утврди вистината.
Дел од забелешките беа за вклученост во кампањата на други партиски лица, сегашни или поранешни функционери и лица кои имаат поголемо влијание или авторитет во партијата, на една или друга страна од потенцијалните кандидати, што е легитимно право на секој партиски член и не може да се забрани никому, се додека не го пречекори статутутот, законите и етичките норми.
Една од најчесто повторуваните забелешки е што еден од кандидатите ден по одлуката на ЦК за одржување вонреден Конгрес изненадил со брзината и подготвеноста, како и екипираноста при собирањето на потписите за поддршка, и за неколку дена собрал многу потписи, додека други потенцијални кандидати сеуште немале започнато со истото.
Во услови кога јас објавив оставка на 1-ви декември, а веќе на 3-ти декември ИК го одреди предлог датумот на конгресот, кој конечно се усвои на ЦК на 10-ти декември, се чини дека тука нема било какви статутарни или други прекршувања. Сите имаа доволно време да се подготват и екипираат за уште првиот ден да го започнат собирањето потписи за поддршка.
Но напоменувам, и оној кој собрал 30 потписи, и ако некој собрал 100 или 200, или повеќе потписи за поддршка, колку и да му прави тоа психолошка предност, сепак на конгресот се почнува од нула, бидејќи гласањето е тајно. Таму секој кандидат ќе има право да се претстави пред сите делегати и да ја изложи својата програма и визија пред сите делегати пред да се гласа.
Доколку е точно дека некои од претендентите за претседател и нивните поддржувачи се однесувале дрско, арогантно, заканувачки, уценувачки, иритирачки, надмено или било како несоодветно, се соглссувсм дека тоа е за осуда и дека многу говори за личноста која претендира за претседателска функција. И најавува дека така може и да продолжи ако стане претседател.
Но, тоа сегашно однесување доколку било навистина такво е одлично за противкандидатот или противкандидатите на денот на гласањето. Секој нормален делегат и да дал и да недал потпис за поддршка на личност со такво однесување, при тајното гласање на Конгресот има можност да го казни кандидатот кој така пристапил: нема да гласа за негова поддршка.
Уште еднаш повикувам и апелирам да се внимава со јавните изјави кои се упатуваат кон органите на партијата и истовремено тоа се прави преку медиумите или социјалните мрежи со цел да не се направи политичка штета на партијата.
За се останато, за се во врска со било какви забелешки и за евентуални предлози за промени на веќе изгласаната одлука може да се одлучува само ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе има седница пред одржување на конгресот. На истата седница на ЦК секој ќе може да изнесе свои аргументи и предлози токму пред партиското тело кое ги носи најважните одлуки од овој тип.
21-12-2017, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Извршниот комитет на ВМРО ја отфрли иницијативата на Димовски, Милошоски, Вељановски за одложување на конгресот


21/12/2017
[Image: vmro-prat-gr-696x438.jpg]

Од ВМРО-ДПМНЕ официјално излегоа со соопштение дека Извршниот комитет на партијата ја отфрлиле иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери.
– Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата. Извршниот комитет ја разгледа и информацијата околу подготовките за одржување на Вонредниот 16 Конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие на вчерашната седница ги осудија нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам.
-Ваквиот однос на властите кон притворените е директно кршење на човековите права и газење на нивното достоинство и претставува уште еден доказ дека не станува збор за правен случај, туку за класична политичка одмазда кон неистомисленици и луѓе кои не се плашеле гласно да го кажат своето несогласување со актуелните политики. Извршниот комитет одлучи дека партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи – продолжува понатаму во соопштението.
 
21-12-2017, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Валандово
На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа Милошоски, Димовски, Ставрески, Попоски, Пешевски...


Дел од поранешните министри во владата и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ вчера не присуствуваа на првиот ден од партискиот конгрес што се одржува во Валандово.

[Image: mkd-355363.jpg?itok=jiYAUNc4]

Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Трајко Вељановски... не присуствуваат на конгресот. Два дена пред одржувањето на конгресот тие побараа одлагање на конгресот, но таа иницијатива не беше прифатена од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Попоски, Милошоски и Димовски, иако беа споменувани, одлучија да не се кандидираат за претседател на партијата.
Единствен кандидат за таа позиција остана генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Во Валандово како делегати присутни се и Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска...
Од вкупно 544 делегати на конгресот присуствуваат 411. За денеска е предвидено на делегатите да им се обрати досегашниот лидер Никола Груевски.
По гласањето за избор на нов претседател на паетијата се очекува и негово обраќање.
23-12-2017, 06:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски: Мојата визија за Македонија е земја на среќни луѓе

[Image: hristijan-mickovski1.jpg]


23/12/2017

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, по изборот изјави дека да се биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ е голема чест и задоволство.
-Сега е време да станеме заедно, ВМРО го очекува тоа од нас, а државата го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија. Ова што сега го гледаме не е ниту светлина, ни надеж, туку темнина и разочарување”, рече Мицкоски.
Тој додаде дека неговата визија за Македонија е земја на среќни граѓани.
-Силна економија со домашно стопанство и крупни инвестиции. Земја со стабилен бруто домашен производ. Граѓаните заслужуваат подобро здравство. Корупцијата, политичките притисоци и одмазда мора да станат минато. Правичноста е најважна. Мора да растат платите на граѓаните. Во надворешната политика планот 3-6-9 нема резултат. Деветката ќе дојде, тројката не ја ни почнавме. Младите ја губат перспективата. Македонија е се подалеку од ЕУ,” рече меѓудругото Мицкоски.
23-12-2017, 11:39 PM
Reply