Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
7 НОВИ ИСТРАГИ НА СЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЈО со истраги против поранешни министри и пратеници



Објавено на 19 декември 2017
[Image: sjo1.jpg]

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги во кои 17 лица се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злупотреба на службената положба, измами во службата и други. Меѓу осомничените се јавуваат поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димов и други лица.
Засега, СЈО нема можност да поднесува обвиненија по овие предмети, а специјалниот јавен обвинител Љубомир Лапе не прецизираше какви ќе бидат понатамошните чекори на обвинителството во однос на новите истраги со оглед на тоа што периодот за поднесување обвиненија е завршен.
„Ние сме Јавно обвинителство и должни сме да гониме – сè додека имаме докази, ќе постапуваме по нив“, рече тој.  
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пак, побара СЈО по истекот на мандатот во 2020 година да функционира во рамките на Јавното обвинителство за да „гони корупција од висок профил“, додавајќи дека тие се подготвени да поднесуваат обвиненија доколку за тоа се најде институционално решение. 
Овојпат, имињата на истрагите на СЈО не започнууваат на буквата „Т“, како што досега беше практика.

Случај „Странски служби“
Осомничени се две лица, едниот како директен извршител, а вториот како поттикнувач за злоупотреба на службата, бидејќи во текот на октомври – ноември 2014 година, по барање на еден од осомничените кој тогаш бил началник за оперативна техника на МВР, ангажирал странска компанија за да изготви извештај дека на територијата на Град Скопје масовното прислушување било вршено од „странски служби“.  
Ваквиот извештај требало да ја потврди тезата на тогашниот премиер Никола Груевски кој на прес-конференција соопшти дека странски служби со жолти комбиња преку дупли базни станици го вршеле масовното прислушување.
Во декември 2014 година, еден месец по изготвувањето на извештајот, компанијата, надвор од законот за јавни набавки, преку дејствијата на двајцата осомничени, го добила тендерот за набавка на опрема за потребите на МВР.
Постапката по оваа јавна набавка е по иницијатива на вториот осомничен, началникот, кој побарал да се спроведе набавка, а второосомничениот донел одлука и формирал комисија за спроведување на набавката. За неколку дена, била завршена целата работа, а опремата била донесена и инсталирана во мај 2015 година.

Случај „Друмарина“
[Image: 133487236-300x300.jpg]
Силвана Бонева

Во истрагата на СЈО, поранешната пратеничка Силвана Бонева се сомничи за измама во службата за направените патни трошоци. Таа, според СЈО, во периодот од јуни 2011 до декември 2015 година преку лажни фискални сметки приложувала дека патува од родниот град Струмужица до Скопје за да присуствува на собраниските седници, иако веќе имала сместување во Скопје.
Според сметките, таа патувала 843 пати со сопственото возило од Струмица до Скопје, а според пресметките и анализата, доколку патувањата реално требало да помине околу 235 илјади километри, иако километражата на возилото покажувала дека се поминати 100 илјади километри помалку.
„Ова е дополнителен показател дека осомничената реално не ги направила прикажанатите трошоците и го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконска исплата на средства за патни трошоци“, рече специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.  
Бонева се сомничи за прибавена противправна корист од 100.000 евра.

Случај „Рентген“
[Image: 133019689-300x300.jpg]
Никола Тодоров

Случајот „Рентген“ е поврзан со случајот „Висарис“ кој се однесуваше на набавка на медицинска опрема односно рентген апарати од страна на Министерството за здравство.
Доминантен сопственик на фирмата „Висарис“ беше новинарката Ивона Талевска, а девет дена откако бил распишан милионскиот тендер од страна на Министерството за здравство, Талевска се повлекува од фирмата и му ги предава акциите на малцинскиот партнер, Марко Петровиќ. Потоа компанијата конкурира на тендерот и за четири месеци го добива милионскиот бизнис за набавка на рентген апарати.
СДСМ во 2014 година објави документи според кои само шест месеци од добиениот милионски бизнис, во фирмата „Висарис Мкд“ Скопје се враќа Ивона Талевска, преку нејзината мајка Лимба Талевска, а самата Ивона Талевска е лице за контакт.
По обелоденувањето на овој случај во јавноста, тогашниот министер за здравство Никола Тодоров го поништи договорот со „Висарис“, но според СЈО, тој спротивно на Законот за јавни набавки склучил договор со второрангираната фирма, иако требало во целост да ја поништи набавката. За овој случај, според СЈО, направената штета врз буџетот изнесува 860 илјади евра.   

Случај „Продуцент“
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски се сомничи за злоупотреба на службата, бидејќи, според СЈО, во во ноември 2009 година склучил договор со фирмата Смарт Центар ДООЕЛ Скопје во вредност од 50.000 евра. Според договорот, фирмата настапувала како продуцент на емисијата „Боја на парите“ која се емитувала на ТВ Сител.
Инаку, фирмата Смарт Центар повеќе не е активна, а последен сопственик и управител е новинарката Ивона Талевска, која беше и водител на емисијата.  
СЈО го сомничи Димовски дека процесот бил направен без спроведена јавна набавка, односно ваква јавна набавка можело да се нарача само од телевизиска куќа, но не и од фирма.

Случај „Лидери“
Случајот, според СЈО, се однесува на рушење на евентуално бесправно изградени објекти кои биле договорени помеѓу двајца лидери на политички партии (најверојатно мислејќи на Никола Груевски и Али Ахмети).
Делото е бесправно градење, а како осомничен е инвеститорот на објектот, изграден спроти Американската амбасада во Скопје. Објектот е изграден во периодот од ноември 2011 година до февруари 2013 година и е со површина од 1000 квадратни метри.   

Случај „Тарифа 2“
Шестата истрага „Тарифа 2“ е фактички продолжение на истрагата „Тарифа“ и во неа повторно е осомничено лице кое е обвинето во претходната, под сомнение за злоупотреба на службената положба при имплементација на ЕРП софтвер во АД ЕЛЕМ. Со новите кривични дела, ова лице е осомничено дека предизвикало штета од околу 220 илјади евра, со неосновани исплати на средства за конзорциум од Чешка.

Случај „Транспортер 2“
Случајот е продолжение на предметот „Транспортер“ кој се води против поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и против 10 други лица вклучително и секретарот на општината, превозници како и тројца директори на основни училишта, а е поврзан со злоупотреби на превозот на ученици од градот.
Талески и секретарот на општината се сомничат за злоупотреба на службата, а останатите се осомничени како нивни помагачи.
19-12-2017, 03:02 PM
Reply