Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВМРО ДПМНЕ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВМРО-ДПМНЕ нема да учестува во работата на Собранието


[Image: prazna-sala-sobranie-696x391.jpg]

12/12/2017
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека нема да учествуваат во парламентарните тела и заседанија посочувајќи дека во ситуација кога шестмина нивни колеги се во притвор нема соодветни услови за тие да партиципираат во работата на Собранието.
– Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група, односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот – изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски



Исправна одлука но бајаги задоцнета!!
(This post was last modified: 13-12-2017, 03:06 AM by ЈорданПетровски.)
13-12-2017, 03:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВМРО – ДПМНЕ не се враќа во Собранието 

[Image: -бојкот.jpg?resize=645%2C331]

27.12.2017
Опозицијата не се враќа во Собранието и го продолжува бојкотот на закондавниот дом. Оваа одлука на ВМРО – ДПМНЕ е донесена попладнево откако судот одлучи да го продолжи притворот за обвинетите за тероризам на 27 април.
Вчера новиот лидер на ВМРО – ДПМНЕ најави дека денеска ќе биде објавена одлуката дали пратениците на опозицијата ќе се вратат во Собранието. Најверојатно лидерот Христијан Мицкоски сакаше да види дали судот за кој смета дека е под политичко влијание на владата на СДСМ ќе ги пушти од слобода да се бранат обвинетите за тероризам кои што се во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.
Откако кривичниот суд Скопје 1 донесе одлука за уште 30 дена да го продолжи притворот на уапсените меѓу кои се оперскиот пејач Игор Дурлоски и актерот Владо Јовановски ВМРО – ДПМНЕ останува со бојкот на парламентарниот дом.
27-12-2017, 07:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Одлуката е донесена: ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собрание



9 јануари 2018,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на Парламентот. Оваа одлука е донесена на денешниот координативен состанок со партискиот врв што заврши околу 11 часот, јавува МИА.

Од партијата не наведуваат детали зошто тие донесоа ваква одлука, само посочуваат дека претседателот на партијата Христијан Мицковски во 13 часот ќе одржи прес-конференцикја на која таа ќе биде образложена
09-01-2018, 02:12 PM
Reply