Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ НАЈАВИ ОСТАВКА-ПРИФАТЕНА ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:
[Image: gruevski-kurir-640x339.jpg]


КУРИР: Во Вашето последно интервју
кажавте дека се подготвува анализа за поразот на изборите. Во јавноста главното прашање е дали Никола Груевски ќе остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ или не. Дали тоа ќе зависи од исходот на таа анализа?

Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка.
Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа го мислев и тогаш на 15ти октомври вечерта, но заради актуелноста на изборите го кажав со политички речник. Тоа го мислам и сега, и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, и  можам да го кажам и најдиректно и понепосредно.
Овој чекор е дел од моите основни принципи и вредности.
Покрај ова се надевам дека тоа ќе помогне и во разрешувањето на целокупната полтичка атмосфера.

КУРИР: Кога очекувате дека ќе заврши анализата и дали оставката ќе уследи по неа?

За анализата веројатно ќе треба уште недела до две, а оставката може и не мора да е поврзана со нејзиното завршување, бидејќи не е поврзана со нејзиниот исход.

КУРИР: Кога ќе се одржи конгресот на партијата?

За тоа ќе одлучат органите на партијата.



За ниедна оставка не е предоцна. но според понудата кој сака да го замени Груевски ке биде онаа се ке биде исто само него го нема!!
(This post was last modified: 10-12-2017, 10:52 PM by ЈорданПетровски.)
01-12-2017, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Централниот комитет ја прифати оставката на Груевски


10.12.2017

[Image: 182906.jpg]
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет.
100 членови на ЦК гласале за вонреден конгрес за избор на нов претседател на 23 декември, 1 против и 10 биле воздржани.



10-12-2017, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Груевски побара да биде избран нов претседател и раководство кое ќе ја врати ВМРО-ДПМНЕ на власт

11 декември 2017
[Image: gruevski-1-740x449-640x388.jpg]

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе Одлука со која што 22 и 23 декември 2017 година ги утврди како датум на одржување на вонредниот 16-ти Конгрес. Вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово, а согласно Статутот на партијата на него ќе учествуваат 544 делегати од редовниот 15-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партија испратено до медиумите доцна вечерва.
Врз основа на Статутот на партијата, Централниот комитет усвои заклучок согласно кој кандидат за претседател на партијата може да предложат најмалку 30 делегати на Конгресот. Еден делегат може да поддржи само една кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатурите може да се поднесуваат најдоцна до 21 декември до 15 часот до правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во архивата на партијата.
-Оваа одлука беше донесена од Централниот комитет, откако претходно Претседателот Никола Груевски ја поднесе својата неотповиклива оставка. Во образложението до членовите на ЦК, Груевски истакна дека без разлика на фактот што анализите за изборните резултати се во тек, оставката ја поднесува како морален чин, бидејќи е природно човекот во кој сите имаат најголема доверба врз себе да ја преземе одговорноста за поразот и покрај сите фактори кои влијаеле. Груевски потенцираше дека овие избори беа едни од најнерегуларните каде што имаше еклатантни примери на притисоци, уцени, поткуп и заплашување, но исто така и разочараност меѓу дел од традиционалните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ. Токму заради детектирање и корегирање на сите слабости, Груевски нагласи дека мора да се земе сериозно деталната анализа на изборниот резултат. Груевски побара од членовите на ЦК да биде изгласан терминот за вонреден Конгрес и да биде избран нов претседател и раководство кое ќе ја врати ВМРО-ДПМНЕ на власт, се вели во соопштението.
Во дел од дискусиите кои следеа беше побарано да се расправа и да се гласа за оставката на Груевски. Со оглед на тоа што таква расправа не е предвидена во правните акти на партијата, на гласање се стави предлог барањето за организирање на вонреден конгрес.
-При првото гласање не беше постигнато потребното двотретинско мнозинство. Пред второто гласање од страна на Претседателот Груевски беше посочено дека не станува збор за гласање „за или против“ него, и со дополнителни аргументи ги убедуваше членовите на ЦК да поддржат одржување на Конгрес. Потоа во вториот обид огромно мнозинство членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа одлуката за одржување на вонредниот 16-ти Конгрес во Валандово, информираат од апртијата.
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше и за актуелната политичка состојба и најостро го осуди политичкиот прогон и монтираните обвиненија за измислен тероризам против пратеници, уметници, глумци, режисери и полициски службеници и генерално политички прогон на функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ.
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека сите притворени мора безусловно да бидат ослободени и конструираните обвиненија против нив да бидат повлечени, бидејќи ваквата политика на хунтата на власт оди на штета на државата и граѓаните и дополнително ги зоврива и продлабочува кризата.
11-12-2017, 02:54 AM
Reply