Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО КЕ ДОНЕСЕ СРЕДБАТА КАЈ ИВАНОВ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев и Груевски вечерва се сретнаа кај Иванов


29.11.2017 | 00:38

[Image: 181758.jpg]

Доцна вечерва се одржа средба помеѓу претседателот Иванов, премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Средбата беше во кабинетот на претседателот и се одржа по барање на претседателот - дознава тв 24.
Се разговарало за актуелните случувања, но и за решение за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Според информациите, целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси, а присутните ја оставиле можноста разговорите ги продолжат и во иднина.


јЈас сум уверен ништо значајно.
29-11-2017, 01:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Иванов и вечерва ги собра Заев, Груевски и Ахмети




[Image: 181981.jpg]

01.12.2017 | 00:20
Нова средба во вилата Водно. Тв 24 дознава дека во тек е средба помеѓу претседателот Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Ова е втора средба кај Иванов, сега дополнета со Ахмети и Џафери откако Јавното обвинителство го отвори случајот за Крвавиот четврток.
01-12-2017, 12:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев, Груевски, Џафери и Ахмети на средба кај Иванов

01/12/2017 - 01:20


[Image: sredba-ivanov.jpg]

Синоќа во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно” се одржа средба на која присуствуваа претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски и претседателот на политичката партија ДУИ, г. Али Ахмети.
Средбата се реализира како резултат на претходно започнатите разговори.
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвикува загриженост кај граѓаните.
Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија.
За прашањата кои предизвикаа интерес на оваа средба, разговорите ќе продолжат и во иднина.
01-12-2017, 02:07 AM
Reply