Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВ ДОКАЗ ДЕКА НЕМА СВАРОВСКИ СУДСТВО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ДУИ го тера судскиот воз во ќорсокак, СДСМ глуми „невинаш“, Судски презрел за во пензија



24.11.2017
[Image: tn1_20171124_124035_os debar kancelarii.JPG]

Зошто, се тече, ама само во судството ништо не се менува?
По вчерашниот избор на судии, членовите на Судскиот совет покажаа дека поважна им е политичката нарачка, отколку вистинскиот и реален избор заснован на принципи кои се зацртани и не се менуваат на секои 5 минути, а телото, односно членовите во него, покажаа дека не се зрели, туку презереани за во предвремена пензија.
Да тргнеме од нај баналните работи, за да ја доловиме целата циркузијада, која трагикомичноста на глумење „профи„ на претседтелот Зоран Караџоски направи уште една карикатура од ова тело, кое е замислено, но само замислено како независно.
Во Основниот суд во Дебар требаше, но вчера не се избра Претседател на судот. Во судот во Дебар има само 4 судии, од кои, еден Македонец и тројца од националностите. Знаејќи дека ретко во Дебар судот да имал претседател Македонец, убеден сум дека судијата Дамјан Илоски, стружанец кој суди во Дебар, не сакал да си губи време и да плаќа непотребно за психолошки тест и тест за интегритет (околу 5 илјади денари кои одат од џебот на судиите) и не се пријавил, оставајќи им место на тројцата судии од етничките заедници, од кои, едниот бил еднаш веќе претседател, другиот е сега в.д.

[Image: OS%20DEBAR.jpg]

Двајца од кандидатите се оценети со највисоката оценка многу добар, а едниот добар. Но, ниту еден од тројцата кандидати вчера не беше по воља на членовите на Судскиот совет, иако ги исполнуваа сите услови и беа ставени на листа.
За еден од кандидатите, се сеќавам дека му реагирав на тогашниот министер за правда Иџет Мемети кој даваше мислење при изборот на судии и го прашав зошто вакви кадри предлагаат за судии, и дали некогаш би сакал да биде во ситуација таков правник да му суди нему? Мемети, за воља на вистината беше јасен дека кандидатот е слаб, но немаат подобар и тој, тогаш, пред речиси 15 години стана судија, а подоцна и претседател во Дебар, но вчера ниту еден од кандидатите не беше симпатичен да ја добие првата фотеља.
Што сака Судски совет да каже, дека на повторениот оглас ќе го натераат четвртиот судија да конкурира, дека има нов договор во Дебар да биде претседтел судија Македонец или пак сакаат да „увезат“ претседтел од друг суд во земјава? Ако им била таква намерата што не го сториле тоа до сега, па не мора да го повторуваат огласот? Која е крајната порака, дека добри се за судии, а лоши за претседтели на судот во Дебар тројцата судии: Оруч Абазовски, Мерсим Марку и Илир Исени?
Дебар го зедов како банален пример, да ја отсликам сервилноста на членовите на Судскиот совет, кои манифестираат единство таму каде што имаат налог, а глумат „поштење“ каде што немаат чисто наши и ваши кадри, па не прават избор.
Од вчера, судија во Врховен суд е Африм Фидани, судија на скопска Апелација, кој од адвокат дојде на таа позиција. Веќе е пишувано дека неговиот брат на предлог од ДУИ, од разрешен судија стана државен правобранител. Судијата Фидани можеби ги исполнува само формалните услови (број на години поминати во Апелација) но не и се друго што е потребно за еден судија на највисокиот суд во Македонија.

[Image: sudski3%20karadjoski.jpg]

Ако ги прашате судиите кривичари од судовите на скопското подрачје, ќе ви речат дека се задоволни што веќе не е во Апелација, бидејќи им укинувал пресуди со банални образложенија, но секако се разочарани од агендата на ДУИ да го вози судскиот воз во ќорсокак, додека СДСМ глуми невиност, а членовите на Судски совет како нојот, ја забиваат главата во песок и исполнуваат наредби, глумејќи дека тоа не е видливо.
Затоа, тие треба веднаш да бидат разрешени, но слушајќи, кој се сака да биде нов член и кој од сегашните сака да биде претседател поради линкови преку нивните деца со вицепремиери во Владата, ме фаќа страв дека не чека уште полошо.
Муабетите кои ги паметиме меѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков за поделба на судиските функции, вчера се репризираа, со тоа што сега има некој нов Сашо и нов Муса кои го верифицирале договорот.
На толку пријавени кандидати, со толку поголем број поени да ја изберат Мелек Елези судија од работни односи во скопска двојка, за судија во апелација на граѓанско е навреда на самите нив, а потоа на кандидатите кои беа пред Мелек, ама, многу пред Мелек, и по години, и по стаж и по квалитет. Но, поранешната секретарка од Рамковен договор во Влада, за која, како вчера да беше кога во договор ВМРО ДПМНЕ - ДУИ беше избрана и пишував, сега ги „претрка“ колешките со над 30 годишно судиско искуство. За ваков избор, човек треба да се срами што го гледа (како дел од јавноста во Судски совет, нели).
На толку пријавени, дури 33 кандидати, вчера не беше избран втор судија во кривично во апелација Скопје. Затоа, Судски мора да одговори што ги прави неквалитетни тие кандидати, наспроти милениците, како што е пуленот на Зоран Караџоски од Битола, кој како академец од втората генерација замина во Апелација Битола, оставајќи ја зад себе колешката Мери Радевска на пример, со 30 годишно искуство, безмалку, колку што има години новиот судија.
Изборот на Зоран Герасимоски за апелација Скопје, кој беше 9-ти на листата, и судија од друго подрачје е исто така дискутабилен, бидејќи не се случило туку така, на толку пријавени од скопското подрачје да се избере во скопскиот, а не во гостиварскиот суд, кој му е матичен. Герасимоски велат бил во кумовски врски со функционер на СДСМ. Искрено, не верувам дека некогаш би го избрале, да не е така, нели?!

[Image: Apelacija-mart-2017.jpg]
Претседател во Судот во Тетово стана последниот на листата, а само еден од членовите Албанци на Советот јавно го декларира својот став дека него не го интересираат само поените и тој ќе гласа и според другите стручни и човечки квалитети кои ги поседуват кандидатите. Чудно, вчера се виде и пазарот за Куманово, каде што се избра  претседателка Македонка, што не беше случај во последниве 15 години најмалку, отако Јованка Никодиновска од Скопје 1, беше пратена како принуден управник да го гаси „пожарот“ во кумановскиот суд.
Се на се, ДУИ си ја тера шемата полнејќи ги повисоките судови со кадри, па така, во скопскиот апелациски суд соодносот Македонци-Албанци е речиси пола-пола, а интересен е и новиот распоред на силите во Врховен, каде што сега од 6 судии во Кривично (ако остане Рахилка Стојковска) ќе бидат тројца Македонци и тројца Албанци.
Вчера Советот требаше да каже зошто не им одговараат Цветанка Периќ или Едита Насковска кои ги утврди на листата, но да не се направи избор од судии кои се дел од судството, се праќа јасна порака дека или не чинат судиите или нешто им фали на овие што избираат.

[Image: vmro-dpmne-sediste.jpg]
ВМРО ДПМНЕ во чие време ревносно се уриваше кредибилитетот на судството полнето со несоодветни кадри произлезени од „тефтерчето“ се јави со реакција. И замислете, се појави некоја „девојчица“ да праша зошто не се избирале првите на листа, на пример, истиот тој Лазар Нанев кој беше прв на листатата, а во времето на ВМРО беше одбиен најмалку 10 пати за позиција во Апелација и во Врховен. Искрено, очекував да ја видам Гордана Јанкулоска со реакција која ќе кажеше дека новото тефтерче на СДСМ и ДУИ не одговара по боја на европскиот дух, наспроти нејзиното кое било во тој дух.
Само така, да не беше трагично ќе беше смешно. Вака, е повеќе од траги-комично. Утре пратениците ќе го изменат Законот за судски совет со кој ги обврзуваат членовите во иднина да кажат за кој судија зошто ќе гласаат „за“ или “против“. Многу сум љубопитен дали со подзаконски акт може да се предвиди и детектор на лаги кој ќе пишти по „признанието“.
Џабе ни се нас и Прибе со неговите извештаи и забелешките на Венецијанската комисија и ЕУ и Советот на Европа, се додека си имаме некој „Михајло Маневски“, независно дали е од ВМРО, СДСМ или ДУИ.
(This post was last modified: 05-01-2018, 01:18 AM by ЈорданПетровски.)
25-11-2017, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Судија Антоанета Димовска со отворено писмо: Зошто молчиме за скандалозниот избор на судии?



објавено: 24.11.2017 17:36:00
[Image: tn1_20171124_175037_antoaneta dimovska.jpg]

Судијката Антоанета Димовска од Основниот суд Скопје 2, денеска отворено реагира на вчерашниот избор на судии од страна на Судскиот совет. Димовска, која беше на листата на судии, кандидати за судии во граѓанскиот оддел на Апелациониот суд пишува за скандалозниот избор и прашува зошто молчат судиите и нивното здружение. Ви ја пренесуваме реакцијата на судијката Димовска.
 
Отворено писмо до Судскиот совет, колегите судии, Здружението на судии и целата демократска јавност во Република Македонија
На 24.11.2017 година се случи уште ден скандалозен и срамен избор на судии.  Дека во судството има големи проблеми е нешто што сите го знаат и секако дека нема да кажам ништо ново ако го кажам тоа. Тоа го кажаа многу домашни експери , за жал се доведовме во ситуација тоа да ни го кажат и странски експерти и за поголем жал со полна уста се најавуваа реформи во судството кои сите ние ги чекавме како жеден вода.
Граѓаните ги очекуваа реформите затоа што очигледно не се задоволни со начинот на функционирање на судството. Јас како судија можам да кажам дека до пред извесно време кое се мери во неколку години наназад тврдев дека судиите се на висината на задачата со некои мали исклучоци што не се за оправдување, но за жал присутни. Веќе неколку години неможам да тоа да го тврдам  од едноставна причина што пред фактите кои се многубројни молчат и боговите, а не судиите.
Но, сега да се вратиме на изборот!
Зошто овој избор е најсакнадалозен?
Имено се изнаслушавме дека судиите се бираат по разни “тефтерчиња“, дека тоа веќе нема да биде така, дека мора да се почитува професионалноста, интегритетот и знаењето како единствени критериуми при изборот.
Експертската јавност упати критики на постојниот “мерит систем “ кој сите ние судии го оценивме како апсолутно неадекватен за унапредување на судиите но никој не се обиде едноставно да објасни што точно тоа значи. За информација на граѓаните појаснувам што значи мерит системот. Тоа значи дека работата на судијата се бодува, по квантитет, односно вкупно завршени предмети, по квалитет-укинати или преиначени одлуки од повисокиот суд, при што пресуден е квантитетот, однсно најмногу бодови носи квантитетот.

Quote:Затоа да не се чудиме што многу судии имаат оценка многу добар, која е највисока оценка, но има голема разлика во бодовите, па така некој има 200, а некој 260. Имено доколку судијата работи на материја која квантитативно има голем број на предмети секако дека ќе има повеќе бодови. Тука доаѓаме до тоа дека распоредот во судовите не е направен така што речиси подеднакво сите судии ќе имаат ист обем на работа, да работат на материја која приближно е еднакво сложена и сл.

Потоа да го додадам она што е мошне значајно, а тоа е дека со овој систем судиите “се стимулираат“ да отстапуваат од своите правни стојалишта, затоа што ако ги прифатат стојалиштата на повисокиот суд нема да им биде укината одлуката, а со тоа нема да им бидат пресметани негативни бодови.  Правото е наука која секојднево се менува, затоа што се менуваат законите, општествените прилики и сфаќања, но судиите очигледно со овој систем не се стимулирани да носат одлуки согласно со фактите кои ги утврдиле и да го применат правото онака како што тие мислат. Мора да се напомене дека ваков систем не познава ниту една држава но ние сме познати по ексклузивитети.
За воља на вистината при примена на  одредба од член Член 46 од Законот за судовите и членот 41 од Законот за судскиот совет,  јасно е дека покрај бодовите постојат и други критериумим кои Судскиот Совет треба да ги почитува, па доколку двајца кандидати подеднакво ги исполнуваат условите ќе, биде избран оној кој има најмногу бодови. Ете тука е тоа што граѓаните и судиите не го слушнаа.
Судскиот совет ниту при изборот на 24.11.2017 година ниту при било кој друг избор не кажа од кои причини се бира кандидатот, за разлика од останатите кои имаат повеќе или помалку бодови. Судскиот совет впрочем сесрдно ја убедуваше јавноста дека со најновите измени на законите мора да се бираат судиите исклучиво во согласност со бодивите кои ги оствариле. Ние судиите тврдевме дека така не произлегува од законот, за потоа Судскиот совет да ретерира и да прави избор на судии, без да се избира оној судија кој има најмногу бодови, но без да се даде образложение зошто тоа го прави.

Quote:Секој судија има своја биографија која ја градел со години, во која има светли моменти, не многу светли или пак и неможе да се каже дека придонел многу во градењето на судската пракса и носењето на законити и правични одлуки. Некој судија во стручните кругови искажувал мислења, ставови со кои можеби некои и не се согласувале, но поттикнале расправа која вродила плод, се со цел на изнаоѓање на најдобри решенија при разрешувањето на споровите.
Судии кои секојдневно се едуцираат вложуваат во своето знаење и се ценети од своите колеги.  Мора да истакнам дека апсолутно се согласувам и со фактот дека нечие работно искуство од 20 година како судија и вкупен стаж во судството од речиси 30 година и не гарантира дека заслужува да биде унапреден, но секако дека треба да биде предмет на сериозна оценка од страна на Судскиот совет кога ќе се даде предност на судија со многу помало работно искуство. Со ваквиот избор останаа многу неодговорени прашања, огорченост и чувство дека за нашето судство нема лек.
Секако дека под итно треба да се престане со етикетирање на судиите дека се партиски настроени само затоа што биле избрани во време кога била на власт некоја партија. Неможе некој да биде етикетиран дека припаѓа на некоја партиска провиниенција само затоа што некој негов близок е член на партија или партиски функционер и тоа да му биде пречка за напредување во кариерата. Евентуелната партиската наклонетост на судијата е многу суптилна, перфидна и загрозувачка за државата. Тоа значи дека тој судија секогаш ќе се раководи во одлучувањето спрема тоа кој е на власт или која партија е блиска на странката. Е ова е вистинскиот проблем. Секој судија мора да биде унапреден согласно со неговото знаење, интегритет, работно искуство и постигнати резултати.
За да се оствари тоа мора секој граѓанин да слушне што го одвојува  судијата кој е унапреден, од останатите   кандидати кои ги исполнуваат сите наведени критериуми како и избраниот. Уште повеќе зачудува и фактот што од седумдесетина кандидати Советот неможеше да избере уште еден кандидат кој ги исполнува условите да биде избран за судија во Апелациониот суд Скопје, а што стана вообичаена пракса во изборот, ако се имаат предвид досегашните избори .
Пред фактите и боговите молчат но судиите уште повеќе!
 
М-р Антоанета Димовска
Судија во Основен суд Скопје 2 Скопје

СВЕДОК
25-11-2017, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ПОСТОЕЊЕТО НА СВАРОВСКИ СУДСТВО УШТЕ ЕДНА ЛАГА НА ТАЈНАТА ИДЕОЛОШКА ПОЛИЦИЈА



[Image: 24c01e452493eba0f9e741ef09a2d61a_L.jpg]


14.10.2017

 Народот се расправа кој е патриот а кој предавник а СЛУЖБАТА-УДБа И КОС ги пљачкосува. Правосудството е катастрофа, суди по диктат на  СЛУЖБАТА-УДБа И КОС. Политичките и Идеолошките неистомисленици се прогонуваат СЕУШТЕ по истите линии на работа како и пред 1991 година. Медиумите ги контролира СЛУЖБАТА-УДБа И КОС! Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот, Најчевска, Фрчковски, Верушевски, Бошковски, Трајановски, Милчин, Пендаровски, Јанкуловска, Мијалков, Калачџиев, Пировска,  ....... долг е списокот, предолг за жал!
 
Quote:„СМК поднесе тужба поради незаконскиот избор на претседател на Собранието до Управен суд! 26.05.2017“
„Поднесена претставка до Уставен суд за изборот на Талат Џафери 10.05.2017“
 
Дали Управниот или Уставниот суд кои според мегафоните на СДСМ се под целосна контрола на Груевски и Фамилијата се  огалсија со пресуда односно прифаќање на представката?? Не!! Молчат како да не постојат!! Ваквата постапка на Управниот и Уставниот суд јасно укажува на фактот дека тие судови не се под влијание на Груевски и Фамилијата, туку дека се под влијание на друг центар на моќ. Центар кој ја има вистинската моќ!
Да се вратам малку поназад во времето кога Груевски имал „неприкосновена“ моќ врз судовите и ке посочам две судски одлуки:
 
Првата е попречувањето да отпочне воопшто судски процес против „најголемите непријатели“ на Груевски: Фрчкоски, Верушевски, Богоевски итн. Првин кривичната пријава е одфрлена со дрзок фалсификат.Фалсификат кој е воочлив и за лаик во правото. Имено за да Кривичната пријава се отфрли како застарена Јавната Обинителка Михајловска свесно не го зема последниот датум од моето досие. Еве да се уверите и сами во вистинитоста на тоа што го говорам:
 
 
[Image: mihajlova.jpg]
Бидејки мојата битка за правда ја продолжувам користејки го правниот лек посочен во решението за отфрлање на кривичната пријава создавам нови маки на судството на Грувески во битката да го заштити Фрчкоски и дружината. Првин мојата „тужба“ седи со месеци нераспределена од тогашната председателка на судот Кацарска. Па после моите интервенции конешно бива распоредена кај Владимир Туфегџиќ, превејан манипулант, тој го води предметот неколку месеци и ЗАПОЧНУВА истрага и повикува на сослушување еден од обвинетите. Но ја прекинува истрагата и таа му е доделаена на истражен судија Басотова која е пред пензионирање. И таа не се ни обидува да постапи по предметот туку купува време со манипулации и лесно воочливи лаги. Еве еден пример: 
 
[Image: Bosotova.jpg]
Истражниот судија Босотова во мај 2010 година ме известува дека се пратени покани за сослушување до обвинетите за да после ПЕТНАЕСЕТ месеци ми испрати барање да и доставам одреси на обвинетите. На моите поплаки Судскиот Совет остана глув, а нели и тој бил на Груевски?? 
Босотова заминува во пензија и конечно судот во ликот и делото на истражната судика Софче Гаврилова Ефремова наоѓа „храбра“ и НЕГРУЈОВИСТИЧКА истражна судика која откако од председателот на судот Горан Бошевски ке го осмисли решението и ке ме запознае со него ТРИ месеци пред одлуката да ја донесе истражната судика Софче Гаврилова Ефремова. Еве да го видите и тоа чудо: 
 
 
[Image: boshevski-sofche.jpg]
Да не го оптоварувам текстот со многу скенови  ке прескокнам неколку работи и ке го посочам составот Кривичниот Совет кој ја отфрли мојата жалба на одлуката на истражната судика Софче Гаврилова Ефремова:
 
[Image: 4-1.jpg]
 
И тука се е Грујовите сваровски судии?? 
И уште еден пример, овој од мојата тужба за клевета против Фрчоски во којашто судијата игра улога и на адвокат на тужениот.
Quote: 
[Image: presuda_jordan-frcko_poenta-1.jpg]
Многумина ке ми забележат дека текстов не ја одсликува реално состојбата и како пример ке го посочат однесувањето на Мијалков при апсењето на Љубе Бошковски, укажувајки дека Љубе Бошковски е уапсен и осуден по желба на Мијалков а причина се навредите  кои во предизборието Љубе ги изкажа. Но ке ги потсетам на еден факт имено и Ване Цветанов неше жесток плукач по власта во тоа предизборие, па мораше да „бега“ од Македонија и по него да биде распишана потерница од МВР. Но Ване на денот кога Љубе беше уапсен се врати во Македонија иако имало потеница по него тој не беше ниту приверден ниту апсен!! Апсењето и осудувањето на Љубе е затоа што Љубе го прекршил договорот со УДБа!!  
25-11-2017, 02:28 PM
Reply