Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ Е НОВА КОЛОНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: albanski_alert.png]

Пишува Душан Петровски 24.11.2017
 
Полиглотот Заев на дело ја докажува глупоста—односно погубноста—на идејата за двојазичност (мултијазичност?) која ја турка.
Лично јас немам проблем со малцинските заедници во приватниот живот да си го ползуваат мајчиниот јазик, па дури и да општат на истиот. Како македонски Канаѓанин јас секојдневно ја ползувам таа слобода, односно привилегија, во мојата нова домовина.
Но, еве како ќе излгеда официјалното наметнување на јазикот на една малцинска заедница врз целото општество—навидум хаос, но во суштина, дискриминаториски. Во клипот подоле многу јасно се гледа дека претставникот на мнозинската заедница станува исклучената странка.
 




На тој начин на сцена се враќа турскиот феудализам, каде што една малцинска група—привилегирана поради својата религија и јазик—управува со уздите на државата и го угнетува останатиот дел од населението.
Односно, мнозинското население е она кое ги произведува приходите на државата од коишто што се прибираат даноците коишто ја финанситаат државната администрација, а малцинската елита е онаа којашто ги пополнува работние места во администрација.
Во суштина проблемов за Македонците постои од многу поодамна. Тука ќе се послужам со едно сведочење на Јордан Петровски за случка стара речиси дваесет години:

Quote:Ке наведам еден пример од мое искуство. Мисијата на ОБСЕ во Македонија во 1999/2000 година користеше исклучиво Албанци за преведувачи. Екипата која беше во Куманово беше составена од еден Французин и еден Шпанец доаѓаше кај мене во ресторан на ручек, па така се спријателив со нив. Мојот постар син одлично говотреше англиски па така можевме и да комуницираме без проблем.
Праксата им беше кај мене во ресторанот да доаѓаат без преведувач. Но еднаш дојдоа пред ручек и дојдоа со преведувачка. Почнавме разговор а им преведуваше нивната преведувачка. Муабетот беше дека тие имале сознанија дека на Албанците им се кршени верските права, со тоа што не им давале да градат џамии. Јас реков дека тоа не е точно и дека треба да појдат низ селата каде што има Албанци во кумановскиот крај и ке се уверат дека не е така. Преведувачката тоа не им го преведе. Синот кој беше тука реагираше и ја праша на англиски зошто не го преведе тоа, таа се збуни бидејки мислеше дека освен неа друг тука на масата не го владее англискиот.
После тоа разговорот прекина и тие заминаа. После неколку часа пак дојдоа набљудубвачите и ме замолија да ги поведам и да им покажам дека тоа што го говорев е точно. Беа со нивниот службен џип. Направивме обиколка низ неколку села и тие се уверија дека јас сум ја говорел вистината. За жал, набргу после таа случка дојде до нивна редовна смена.

Лошата слика за Македонците, односно сликата за обесправеноста на Албанците во Македонија е и од тоа што преведувачи во амбасадите, мисиите на странските држави се само Албанци заради наводното познавање на двата јазика. Како е сега незнам.
Законот за јазиците ќе осигура дека говорниците на албанскиот јазик ќе се здобијат со монопол над државната администрација, каков што истите држеа (верувам сѐуште држат) врз преведувачките позиции со меѓународните мисии.
Патем, случката објаснета погоре беше една од причините зошто моето семејство беше трн во окото на режимот, и зошто се вршеа секакви притисоци врз нас или да замолчиме или да се гониме по ѓаволите.
На крајот ќе го оставам читателот со една мисла: Сите знаеме за колонизацијата на Индија од страна на Велика Британија за време на деветнаесеттиот век. Но, помалку познато е дека Британците не ги покориле Индијците по пат на војна. Индијското општество од антиката па до независноста од ГБ и прогласувањето демократија, отсекогаш било статично класно општество кадешто една мала елита владеела со остатокот од населението, при што не постоела социјална мобилност. Колонизицијата на Индија се случила при тоа што индијската елита ја продала својата лојалност на Британците за провизија од експлоатацијата која ја вршеле новите господари.
(This post was last modified: 24-11-2017, 03:12 PM by ЈорданПетровски.)
24-11-2017, 03:07 PM
Reply