Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МПЦ ЈА ПРИЗНАВА БПЦ ЗА ЦРКВА -МАЈКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Писмо на г.г. Стефан

Македонската православна црква и официјално побара бугарската црква да ѝ стане мајка

Владиката Наум во интервју за БТВ изјави дека Македонската православна црква -Охридска архиепископија испратила писмо до Светиот синод на Бугарската православна црква со барање да се дискутира прашањето за признавање на македонската црква и БПЦ да стане црква мајка. Бугарската државна телевизија БНТ го објави писмото испратено на 9 ноември.

[Image: mkd-350214.jpg?itok=mBSHh5no]

Ова е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти, рече митрополитот Наум.
Македонската православна црква- Охридска архиепископија ја признава БПЦ за своја црква-мајка, заклучува БНТ објавувајќи го писмото од 9 ноември, нарекувајќи го „историски документ“.
Во емисијата „Вера и општество” на бугарската државна телевизија БНТ се вели дека во писмото потпишано од македонскиот архиепископ Стефан, МПЦ-ОА зборува за нејзина црква-мајка. БПЦ на ова барање од МПЦ сѐ уште не одговорила.

[Image: mkd-350215.jpg?itok=7XRzkdqX]

Во емисијата се кажа дека поддршка на оваа идеја дал и дедо Пратениј, игумен на манастирот Свети Јован Бигорски. Освен тоа, беше кажано дека ако БПЦ се согласи на ова, треба да знае дека ќе се соочи со отпор од српската и руската црква, а тоа значи и од Вселенската патријаршија.
„Ова писмо е важна историска шанса за нашата црква, која не треба да биде прокоцкана. За првпат македонската црква ја признава бугарската црква за црква-мајка“, изјави водителот на емисијата.
Архимандритот Партениј неодамна го поздрави потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и изјави дека признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА треба да дојде од бугарската патријаршија. Отец Партениј смета дека канонската јурисдикција на територијата на која сега функционира МПЦ-ОА, последна ја имала Бугарската православна црква. Партениј ги охрабрува бугарските архиереи, во име на добрите односи меѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот, БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.
„Бугарската црква, како единствена вистинска и достојна мајка-црква, со широко срце треба да ја признае македонската црква, која, еве, веќе половина век успешно ја врши својата пастирска и евангелиска мисија во една мултинационална држава, и е прифатена од сите православни, без разлика на нивната национална припадност. Ете, на пример, во бигорското братство имаме еден монах Србин, друг Ром, трет Палестинец, а во моментот имаме и еден искушеник етнички Албанец“, вели архимандритот Партениј.
Во писмото од 9 ноември, меѓу другото се вели: 
„Бугарската православна црква – бугарска патријаршија, имајќи ги предвид единството на православната Црква и реалните духовни и пастирски потреби, да воспостави евхаристиско единство со возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија како мајка црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви.
Со потпишувањето на оваа согласност од поглаварите на двете цркви, да се воспостави евхаристиско единство и меѓу сите нивни епископи што ќе биде основа за непречено воспоставување на евхаристиско единство и со епископите од останатите помесни православни цркви.
За признавањето и воспоставувањето на евхаристиското единство, бугарскиот патријарх го известува Вселенскиот патријарх, како и поглаварите на другите помесни православни цркви.
Изразуваме надеж во Господа, дека овие наши предлози и барања ќе бидат прифатени од Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква, за радост на Свети Климент Охридски и за доброто на севкупната црковна полнота“.
20-11-2017, 07:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Кога почна ова пимплање на Црпнатиците со Бугарија реков дека една добра работа што може да излезе од сето тоа е ако издејствуваме Бугарската православна црква да ја признае Македонската православна црква како самојстојна и автокефална, што би ни ја подобрило позицијата во однос на другите православни цркви. Да дојдеме во ситуација Бугарија да притиска за признавање на МПЦ и донекаде да ги изолираме Србија (и Грција) во непризнавањето на МПЦ. Ваков чекор драматично ќе го подобреше угледот на Бугарија во Македонија (углед кој е на ниско ниво поради децениската пропаганда промовирана токму од комуњарите, а дополнително се влоши со бугарската одлука да и се приклучи на Грција во ветото за ЕУ и НАТО).
Но, поентата е да бараме признавање на самостојна црква, што, по логиката на православните цркви, кои се и национални цркви, индиректно значи и признавање на самостојна нација. Не да се нудиме да признаеме дека бугарската црква и е мајка-црква на српска!! Што е тоа различно од барањето на српската црква?!
Доколку Македонија има за цел да изгради самостојна и суверена држава на Балканот, нормално е дека треба да ги игра и балансира меѓу сите соседни држави со цел да издејствува остварување на своите интереси и цели. Но, очигледно е дека актуелната Влада на Македонија нема никаква намера да гради самостојна држава, туку ја интересира само распродажбата на македонските национални интереси по принципот ко да више. Како инаку да сфатиме ситуација во која СДС е целосно под контрола на своите удбашки структури, а прави отстапки кон Бугарија? Истите овие удбашки структури чија основна цел на постоење беше да ја држат Македонија во состојба на потчинетост кон Србија. Да ги гонат македонските патриоти кои се залагаа за независна држава и да ја чуваат и бранат „братската Југославија“, по цена на испраќање на македонската војска во Срем наместо на Солун, дозволување Срби да потпишуваат договори со Грција за статусот на Македонците, економско потчинување на Македонија во времето на СФРЈ, користење на Македонија како полигон на кој Србите ќе протеруваат Албанци од Косово како дел до големосрпските планови... Оваа удбашка багра, чија животна цел спектакуларно потфри со распадот на Југославија, чија поента на постоење исчезна откако предизвикаа граѓанска војна, извршија геноцид и невидени масакри, и пак не успеаа да си ја спасат зомби-државата, сега постои бесцелно, бара друг господар на кого ќе му служи, и очигледно не е пробирлива дали тоа ќе биде ЦИА, Могерини, Еди Рама, Бугарија, утре и на Русија или Ердоган ќе им се нудат, ко да више. Луѓе без идеали и вредности, чии татковци цел живот промовираа приказна за некаква нивна херојска борба против бугарските фашисти, и за тоа одземаа куќи на Водно за да се наградат како големи херои, а сега нивните деца мочаат на нивните гробови (што само по себе би било исклучително забавно, да не е оваа нивна глупост толку опасна по стабилноста на Македонија и целиот регион)

Цветин Чилиманов фб статус






Quote:И каква е бе таа глупост што сега ја верглаат комуњарите дека „МПЦ била изолирана како црква“ и поради тоа морал да се реши спорот со српската црква и да не' признаат братските православни цркви (со такви „браќа“, не ти требаат душмани). Ај да сфатам дека со ветото од Грција (подоцна и од Бугарија) сме изолирани од ЕУ (иако, до пред некоја година, Груевски буквално секој месец или ставаше камен темелник, или отвараше нова фабрика - инвестиција од некоја земја членка на ЕУ, а со укинатите визи и ефтините летови, не гледам стварно во што сме биле изолирани од Европа). Поради ветото, изолирани сме демек и од НАТО (иако Македонија учествува во сите мировни мисии, дури и во случаи како Ирак, кога членки на НАТО како Франција и Германија одбија да учествуваат). Но, што е проблемот да си изолиран од други цркви? Демек, на мене ми треба признанието од некој српски педофил во мантија за да ми се фати молитвата? Морам да добијам согласност од грчки владика за крштевка или за умирачка? Грчките владици кои во цел свет се познати по тоа како краделе пари од државата, како легло на криминал и корупција.
Овој спор е убедливо најглуп и најмалку битен од сите спорови што комшиите ги отвараат со нас, и единствената причина зошто некој воопшто би го решавал е да се нацица пари (сега ни е сигурно појасно она евро за Вицто, едно за црквата на Црпнатиот). Инаку, што им фали на Евреите што не се во унија со никаква друга верска заедница, или на Мормоните што по свое му се молат на Господ, или на било која друга помала верска заедница во светот. Гледам сега ќе се потепаат про-СПЦ комуњарите како Фрфљо фо Пљушинфо и про-БПЦ комуњарите. А во принцип, што знае комуњар за црква?

Цветин Чилиманов фб статус
20-11-2017, 07:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: d183d0bdd0b8d198d0b0-d0b8-d183d0bdd0b8d1....jpg?w=500]  [Image: d183d0bdd0b8d198d0b0-d0b8-d183d0bdd0b8d1....jpg?w=500][Image: d183d0bdd0b8d198d0b0-d0b8-d183d0bdd0b8d1....jpg?w=500]
20-11-2017, 02:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Единствено владиката Агатангел против признавањето на БПЦ за црква мајка: Актот е негирања и понижувања на македонскиот народ

[Image: Agatangel-520x283.jpg]

Деновиве, следејќи ги реакциите на јавноста, како и интересот на медиумите за неодамнешното барање до Бугарската православна црква за признавање на автокефалноста на нашата древна Македонска православна црква – Охридска архиепископија, чувствувам потреба јавно да ги соопштам своите лични ставови и несогласувања во врска со ова значајно духовно и национално прашање, наведува во денешното соопштение митрополитот Повардарски г. Агатангел во врска со барањето на МПЦ – ОА до БПЦ.
Моите размислувања на оваа тема, како што додава, се добро познати во јавноста и во повеќе наврати директно и темелно ги имам образложено и на претходните Синодски седници, но и непосредно во неофицијалните разговори со своите браќа архиереи, со своето свештенство и со своите духовни чеда.

Quote:– Барањето до БПЦ за признавање на автокефалноста на МПЦ – ОА сметам дека е само уште едно продолжение, една додадена страница од неодамнешниот договор за добрососедство кој го потпишаа македонската и бугарската влада. Овој договор во својата суштина наликува на повоен договор помеѓу победник и поразен. Сé уште не можам да разберам зошто ние без ниту една причина ја прифативме улогата на поразена страна. Веројатно, некоја следна генерација ќе даде одговор на ова прашање. Во ниту една точка од Договорот за добрососедство не е заштитен ниту македонскиот народ, ниту македонските национални интереси и затоа сметам дека ова ќе има далекусежни и погубни последици како за Македонците во Република Македонија, така и за македонскиот народ кој живее и во соседните земји, но и во дијаспората. За жал, со само еден потпис успеавме да згазнеме врз вековните страдања, омаловажувања, негирања и понижувања на македонскиот народ, што бугарската држава систематски ги има вршено и за време на окупацијата, но и потоа при спроведувањето на тивкиот геноцид во Пиринска Македонија, наведува г. Агатангел.

Бугарија, според него, пропушти историска шанса да се извини и да побара прошка за злоделата и ѕверствата кои биле спроведувани од нивните предци. Во контекст на тоа додава дека ова можеше да биде духовен лек и цврст темел на нашето братство и добрососедство.

Quote:– Мојата вознемиреност и моите несогласувања околу нашето барање до БПЦ се поттикнати од фактот дека живееме во време кога интензивно се работи на решавање на т.н. „македонско прашање“ кое, како краен резултат треба да избрише сé што е македонско од нашите сеќавања. Ако договорите кои ги потпишуваме го уништуваат националното чувство на македонскиот народ, тогаш тезата за „мајка – црква“ има за цел да го затне изворот и да го затрупа бунарот од кој нашиот народ се напива веќе два милениуми. Денес може некој ќе успее да го покрие македонското национално чувство, но сигурен сум дека нема да може да ја избрише библиската и свештената историја на македонскиот народ. Македонците, христијанството го примиле уште од апостолско време и за ова имаме бројни примери во Новиот завет на Светото писмо, па затоа е апсурдно да се тврди дека некој ќе нé роди во иднина. Нашите великодостојници и интелектуалци кои ја промовираат оваа теза пред петнаесетина години на истиот начин и со истите методи го бранеа Нишкиот договор. Не можеш да бидеш духовен и национален водач ако го повредуваш, понижуваш и разнебитуваш народот, тогаш го промашуваш основниот принцип на духовноста. Некои наши професори тврдат дека ќе имало „Соломонско решение“ на нашиот црковен проблем, кој по правило треба да биде втемелен врз мудроста и правдата. Ако црковното прашање се решава по примерот на договорот за добрососедство, тогаш не може да стане збор за „Соломонско решение“, туку многу повеќе за присила, брзоплетост и наивност. Се плашам дека на сличен начин и врз исти основи ќе бидат водени разговорите со БПЦ. Се надевам дека нема да бидам во право. Сметам дека неискреноста и прикриеното лицемерие ќе доведе до уште едно национално понижување и распалување на неединството кај македонскиот народ што секако задира во доменот на духовноста, па никој нема да може да ме обвини дека се занимавам со гола политика. БПЦ многупати досега можеше да покаже евангелска љубов и духовна величина и одлучно да застане на патот на неправдата и национализмот по кој се тргнати останатите соседни помесни Православни цркви. Доволно ќе беше да се повика на своето негативно искуство при долгогодишното чекање на прифаќањето на нивната автокефалност, вели г. Агатангел.

БПЦ и денес, како што додава, има извонредна можност да стекне огромен углед пред православните христијани во целиот свет и да постави пример на братска љубов на кој долго ќе се сеќаваат нашите потомци. Според него, ако постапуваме врз основа на искрена љубов, меѓусебно почитување и прифаќање, тогаш престојуваме во Христа и ја живееме и ја сведочиме Неговата спасоносна порака. На овие принципи треба да се држи и нашето признавање и нашата автокефалност.

Quote:– На крајот би сакал да порачам, македонскиот народ трпеливо, без ширење на омраза и без јад во душата да ги издржи сите искушенија. Праведниот Бог ги штити онеправданите и ги умудрува и охрабрува несилните. Ако можеле нашите црковни патријарси, во услови на отворена општествена негација да соберат сила и храброст да прогласат афтокефалност на МПЦ и да изградат Жива Црква – закрилничка на македонскиот народ, зарем тогаш ние кои што го живееме нејзиниот најслободен период сега отворено ќе ја погазиме оваа одлука и ќе го негираме сиот овој период во кој создадовме многу подобро организирана Црква во однос на некои наши соседски Цркви кои високо мислат за себе и претендираат да породуваат нешто што постои две илјади години, вели г. Агатангел.

Очекувам во иднина, додава тој, сосема неаргументирано и жестоко да бидат напаѓани, понижувани и расчеречувани сите оние кои ќе се осмелат да ги штитат националните и црковните интереси на македонскиот народ.

Quote:– Јас, уште сега им простувам на сите напаѓачи и го молам Бога да ги избави од бес и да им го покаже патот на вистинската човечност. Јас и во иднина во доменот на моите духовни сили ќе ги бранам интересите на нашата Црква и на нашиот народ. Слободата на мојата мисла не може никој да ми ја одземе. Сесрдно му благодарам на Бога за тој неизмерен дар, наведува митрополитот Повардарски. г. Агатангел.



Еден од малкумината владици кои ги брани Македонските интереси на секое поле!
21-11-2017, 08:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:СПЦ расположена за дијалог, МПЦ-ОА треба да каже датум


[Image: images(1078).jpg]
Владиката Петар очекува решавање во Цариградската патријаршија, а митрополитот Тимотеј очекува од СПЦ да ѝ томос на МПЦ.

Заинтересирани сме во најскоро време повторно да ги активираме преговорите и конечно да се реши црковниот проблем преку кој Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) би пристапила во литургиско и канонско единство со сите православни цркви, ексклузивно за „Слободен печат“ изјави епископот захумско-херцеговски и приморски г. Григориј, кој е еден од членовите на Комисијата за преговори на Српската православна црква (СПЦ).

Тој вели дека МПЦ-ОА треба да предложи датум за преговори, оти како што посочи, решавањето на црковниот проблем е од витален интерес за СПЦ, а според него, најголемиот интерес доаѓа поради тоа што свештеноначелството и верниците на Православната охридска архиепископија (ПОА), кои се во литургиско и канонско единство со сите православни цркви, се наоѓаат во исклучително неповолна положба во Македонија.

Од друга страна, пак, помеѓу тројцата епископи во МПЦ-ОА, кои исто така се членови на Комисијата за решавање на црковниот проблем, сè уште постои голема неусогласеност и некоординираност за ова прашање, бидејќи митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар очекува решавање на проблемот директно од Цариградската патријаршија, а митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј очекува од СПЦ да ѝ додели томос за автокефалност на МПЦ-ОА, додека, пак, митрополитот струмички г. Наум за бугарските медиуми изјави дека сака Бугарската православна црква (БПЦ) да ѝ биде мајка-црква на МПЦ-ОА.
 
Искрен и отворен дијалог


Многу комплексни фактори се вклучени во црковниот проблем, кој трае многу долго, а тие фактори треба соодветно да се разгледаат и на тој начин да се создаде подлога за разгово,р кој ќе доведе до конечен договор и конечно решение, вели епископот захумско-херцеговски и приморски г. Григориј.

- Самокритично признавам дека можеби од ниту една страна досега не сме биле сосредоточени на ова прашање колку што неговото значење тоа го бара. Се надевам дека во најбрз рок ситуацијата ќе се промени и лично сум подготвен да направам сè што е во моја моќ најпрво да дојде до дијалог, а потоа да дојде и до решение на проблемот – вели г. Григориј.

Според него, наместо политички, црквите треба да се раководат исклучиво од црковни, христијански и човекољубиви причини при донесувањето на какви било одлуки.

- Решавањето на проблемот на МПЦ-ОА е од витален интерес за СПЦ, а најмногу поради тоа што свештеноначелството и верниците на ПОА, кои се во литургиско и канонско единство со СПЦ и сите православни цркви, се наоѓаат во неповолна положба во Македонија. Ние сме раководени од грижата на свештенството и верниците на ПОА да им се овозможат нормални, а не подземни и катакомбни услови за изразување на нивниот црковен идентитет. Токму затоа многу сме заинтересирани да дојде до решавање на проблемот во најскоро време. Верниците на МПЦ-ОА немаат проблеми во сопствената држава, но сигурно не им е пријатно кога во дијаспората ги сметаат за членови на непризната, неканонска заедница, поради настаните за кои обичниот народ не носи одговорност и малку знае. Потребно е да ја оставиме политиката, па во интерес на народот да пристапиме кон искрен и отворен дијалог – вели г. Григориј.

Минатата година МПЦ-ОА прати официјално писмо до Соборот на СПЦ, со молба да продолжат преговорите за решавање на проблемот, кој МПЦ го има со сите православни цркви. Проблемот се состои во тоа што македонската црква нема литургиско и канонско единство со православните цркви, што, пак, претставува суштински израз на православната вера.

Соборот на СПЦ одговори позитивно на писмото на МПЦ, а за таа цел беше формирана Комисијата за преговори. Во меѓувреме, ПОА ја доби тужбата против Република Македонија, па согласно на одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе треба домашното судство да ја регистрира како официјална верска заедница.
 
Неусогласеност и некоординираност


Од СПЦ тврдат дека немаат ингеренции да ѝ доделат томос за автокефалност на МПЦ-ОА, туку како што велат, за да добие автокефалија една црква, потребно е да се согласат сите православни цркви, се разбира на чело со првопрестолната Цариградска патријаршија. Сепак, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј не се согласува со ова тврдење и вели дека воопшто не е важно дали СПЦ има или нема право да стори такво нешто.

- Нека ни ја дадат автокефалноста, па тогаш ќе видиме дали српската црква имала такви ингеренции или немала – рече г. Тимотеј.
Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар има различен став од г. Тимотеј и тврди дека МПЦ-ОА не бара томос за автокефалност од СПЦ, туку единствено бара да се прати абер до Цариградската патријаршија дека македонската црква е подготвена да се закити со автокефалност.

- Ние не бараме од нив да ни издадат томос за автокефалност, туку ние бараме да има разговори и да им кажеме дека тие треба да нè предложат кај Цариградската патријаршија и кај другите цркви за да се издаде томосот за автокефалност – вели г. Петар.

Митрополитот струмички г. Наум, пак, размислува во сосема друга насока и за бугарските медиуми изјави дека, ако Бугарската православна црква (БПЦ) ја признае МПЦ-ОА, тогаш ќе постојат големи шанси таа да им стане мајка-црква.

- Пративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавање на МПЦ-ОА. Чекаме одговор од бугарскиот Синод, а БПЦ има шанса со самото признавање на нашата МПЦ-ОА да стане наша црква-мајка. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти – рече г. Наум.

Според домашните познавачи на црковните прашања, таквото евентуално признавање би предизвикало другите цркви да го прекинат литургиското единство со БПЦ, односно да се случи раскол на Бугарската црква со другите православни цркви, исто како што моментално се случува со МПЦ-ОА.


Патот кон потпишување на Нишката спогодба се трасира полека. Трасата ке биде готова кога БПЦ ке одговори дека нема да ја признае МПЦ!
22-11-2017, 03:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: dositej_aleksej-1.jpg]

На 25 мај 1962 година прво што сторил по слетувањето на аеродромот во Охрид, Рускиот Патријарх Алексеј Први клекнал, ја бакнал земјата и рекол “Дојдов во вториот словенски Ерусалим!“ Потоа, на света архиерејска литургија во македонската црква “Света Богородица Каменско“ во Охрид, заедно чиноначалствувале тројцата поглавари: Рускиот Патријарх Алексеј Први, Српскиот Патријарх Герман и Македонскиот Архиепископ Доситеј.

Заедничкото чиноначалствување на поглавари на црквите е чин на признавање на црквата!
22-11-2017, 03:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Бугарската православна црква позитивно одговори на барањето на МПЦ

27/11/2017
Бугарската православна црква прифати да биде заштитник на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија и да се заложи пред православниот свет за признавање на нејзината автокефалност.

[Image: mac_3.jpg]

Синодот на Бугарската православна црква денеска одржа заседание во полн состав на кое било одлучено да се формира Комисија од шест членови која ќе преговара со МПЦ-ОА и со останатите православни цркви за конечно решение на статусот на МПЦ-ОА.
Во одлуката на Синидот на БПЦ нема конкретен податок дали во меѓувреме бугарските владици ќе почнат да сослужуваат со македонските архиереи.
МПЦ-ОА минатата недела испрати писмо до БПЦ во кое бараше да биде признаена како автокефална црква, а БПЦ да биде нејзината мајка-црква.
27-11-2017, 12:45 PM
Reply
Васил Offline
Junior Member
**

Posts: 21
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#8

Quote: МИА. Македонска Информативна Агенција
(www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/279/134050527)
(Копие на promacedonia)

 
ИНТЕРВЈУ
Архимандрит Партениј, игумен на Светата Бигорска и Рајчичка обител
 
[Image: mia_20180105_1.jpg]
 
Скопје, 5 јануари 2017
 
- Во пресрет на Бадник и големиот празник на Раѓањето Христово – Божик колку верниците ги почитуваат обичаите и традицијата?
 
- Последниве години во Македонија е забележлива една надежна појава – имено, на големите празници храмовите се преполни со луѓе, што, навистина, опитно ја практикуваат верата, и тоа покажува дека таа е суштински присутна во нивниот живот. Тоа секако се должи на повеќе фактори, меѓу другото и на обновата и нараснувањето на општежителното монаштво, кое несомнено многу придонесе за враќање на светотаинскиот и светопреданиски живот во Црквата. Тука помага и обемната православна духовна литература, потоа и современите методи за проповед на верата преку интернетот и медиумите, а драгоцен за правилното практикување на верата е и живиот пример во манастирите, кои се отворени за секого што сака попосветено да се информира за основите и суштината на својата вера, за древните обичаи коишто произлегуваат од Светото Писмо и светото предание, како и од добар дел на духовни свештеници. И гледам дека сето тоа позитивно се одразува кај луѓето: се зголемува интересот за духовниот живот, црковните сајтови се сѐ повеќе посетувани, народот се воцрковува и во голема мера се враќа на суштинските православни обичаи, кои, се разбира, го одразуваат правилното почитување на Бога. Тоа е тенденција што радува.
 
[Image: mia_20180105_2.jpg]
(Бигорски манастир)
 
- Поради брзиот начин на живеење верниците сѐ почесто ги посетуваат црковните храмови барајќи го својот духовен мир и спокојство. Се добива ли впечаток дека расне нивниот број? И што му е неопходно на секој верник за да може и надвор од црковниот храм да го најде својот духовен мир?
 
- На сите веќе ни е јасно дека брзиот начин на живеење и прекумерната, а со тоа и бесполезна употреба на технологијата, како што се телевизијата, социјалните мрежи и воопшто интернетот, толку многу сили и време им одземаат на луѓето, толку ги преокупираат, што тие веќе не смогнуваат сили и не наоѓаат време ни за Бога, ни за себеси, а камоли, пак, едни за други. Се занемаруваат празниците, исчезнуваат дури и семејните средби, убавите дружења. Јас се надевам дека тоа е само еден тренд што ќе помине, дека и технологијата ќе си го најде своето вистинско место во животот на современиот човек, оти нејзината злоупотреба ги остава луѓето празни и гладни за оној толку потребен духовен мир. Ова не е случај само со нашата земја. Целиот свет денес се наоѓа во една тешка духовна егзистенцијална криза, а човекот како битие е создаден секогаш да го бара излезот, внатрешната исполнетост, радоста и мирот. Нив, пак, ќе ги најде само во Оној, Чие светло Рождество сега го славиме. Он, Христос Бог, е единственото име кое ни е дадено за спасение под Сонцето, најголемиот Добротвор и Миротворец, Кој го вдахновува мирот и сите добродетели во човекот.
 
Значи, само Бог може да ни го даде тој мир што не може со ништо друго да се замени. Барајќи го, луѓето доаѓаат во храмовите, а Бог, бидејќи многумилостив, дури и на оние скептичните во поглед на верата, што само накратко ќе го посетат храмот да запалат свеќа, им дава мир, па тие, честопати, излегувајќи од храмот, велат: „Чувствувам некаков необичен мир, спокојство“. Следствено, се чувствуваат убаво, ја вкусуваат Божјата благодат. Е сега, замислете, како е кога човекот ќе започне да присуствува во храмот на неделните и празнични Литургии и длабоко ќе ја почувствува благодатта што извира од неа! Тогаш тој неискажлив мир, и радост, и љубов, коишто произлегуваат од евхаристиското соединување со Бога, ќе се вселат во неговата душа, а потоа постепено ќе навлезат и во сите сегменти на неговото живеење и ќе ги облагородат.
 
[Image: mia_20180105_3.jpg]
(Бадник верници)
 
- Која е вашата порака до верниците во пресрет на Божик?
 
- По 23 години духовно раководење на луѓе од најразлични категории, искуството ми покажува дека Божјото отсуство од срцето на човекот е една многу мрачна состојба. Просто човекот, лишувајќи се од Бога, запаѓа во страшна духовна бездна, живее стихијно и накрај се доведува до состојба на очај. Но кога повторно ќе се соедини со Бога, тој како да се пресоздава, станува, како што пишува свети апостол Павле, „нова твар“. А првиот степен на пресоздавањето е покајанието. Како што вели еден свет отец на Црквата, ваквото дејствително покајание ни се даде „единствено преку Гетсиманската молитва на Господ Исус Христос, преку Неговата крстна жртва и Воскресението“. Значи, Христос тоа ни го овозможил. На пример, разбојникот на крстот, кој во последниот час се покајал, постанал нов човек во Христа. Воедно, тој станал и прв жител на Рајот, се просветлил, иако немал повеќе ни време за правење добри дела. Всушност, ако размислиме посуштински, тој го направил најдоброто можно дело: преку покајанието Го спознал Бога во Личноста што висела до него на крст, во Христа. Токму затоа и доаѓа Христос на земјата – да го научи човекот на вистинското Божјо откровение и спознание, и на тој начин да го соедини со Себе и да го обожи. Ако ја следиме богослужбената литургиска логика, ќе забележиме дека Рождеството Христово не е само еден историски настан, туку и собитие кое, слободно можеме да кажеме, на благодатен начин секогаш одново се доживува, за сите поколенија и низ сите времиња. Богочовекот Христос се родил еднаш во скромната Витлеемска пештера, за да би можел одново да се раѓа во секое човечко битие, доколку, се разбира, луѓето го сакаат тоа, оживотворувајќи го и правејќи го нова твар. Токму така и треба да ја разбереме суштината на Божик - како едно дејствително соединување на небото со земјата. Зашто раѓањето води кон конечната цел на Христовото Воплотување, а таа е Распнувањето, Воскресението и Вознесението, односно целосното спасение и обожение на човечката природа. Би сакал сите луѓе да го почувствуваат Божик токму така. Да Го почувствуваат Христа толку близок, бидејќи Он, ни се приближи и како човек. Да Го побараме со вера, оти Он навистина е наш најблизок.
 
[Image: mia_20180105_4.jpg]
(Божик)
 
- Верниците реагираат на високите цени на црковните услуги за венчавки, погреби, крштевања... кои се разликуваат од оние кои ги имаат другите верски заедници во Република Македонија. Вашиот коментар во врска со тоа?
 
- Ви благодарам за ова прашање, правилно поставено и во право време. Како монашка заедница ние неколкупати на нашиот официјален сајт сме испраќале апели и појаснувања на оваа тема. И просто се чудиме како може некои луѓе, или да не кажам, центри - не би сакал сега да си замислувам некакви заговори против Православието - да наметнат кај луѓето мислење дека, наводно, православната вера е најскапа. А, објективно гледано, вистината е токму спротивното. Сами велите дека нашите „ценовници“ се различни од оние на другите религии. Токму така, суштински различни! Зашто, додека останатите религиозни организации и институции имаат месечна или годишна тарифа, која нивните припадници не можат да ја избегнат доколку сакаат да бидат активни членови, кај нас, во православната Црква, работите стојат вака: најчесто еднаш во животот се венчаваме, до два-три пати сме кумови, можеби ќе крстиме две до три деца и тоа е сѐ. Да, може и еднаш годишно свештеникот дома да ни освети вода. Ако добро пресметаме ќе видиме, всушност, колку малку ја помагаме нашата Црква. И потоа ќе дојдат кај мене некои верници и ќе ми речат: „Отец, гледаме како се делат протестантски книги по градовите, и тоа какви луксузни изданија! Зошто нашата Црква не го прави тоа?“ Па како да го прави, кога од средствата што ги одбива од црковните треби, таа треба да издвои плата за свештениците, за својата администрација, за одржување на храмовите и црковните зданија..., а добар процент од тие средства одат за потребите на Православниот богословскиот факултет и Средното богословско училиште. Прашање е дали воопшто останува нешто за печатење на литература.
Жал ми е што во однос на ова прашање доаѓа до израз таа, да речам, склоност на нашиот народ да се препушта на предрасуди и да го слуша само она што му е скокотливо за ушите. Не само што не сака правилно да се информира, туку и кога ќе му се посочи вистината, тој едноставно не ја прифаќа, а тврдоглаво си останува на своето закоравено уверување. Но сега, во пресрет на овој убав празник, треба да зборуваме за убави нешта, а најубав е Спасителот Христос и Неговото Раѓање, кое нѐ просветлува со светлозарни зраци на божествена радост. Да Го молиме вечниот Богомладенец да ги просветли сите и да ги направи вистинољубиви, да сфатат дека материјалното одржување на нашата Црква се потпира на нивната добра волја, односно им дава слобода самите да решат во која мера ќе ја помогнат.
 
[Image: mia_20180105_5.jpg]
(Светиот синод на МПЦ)
 
- Дали во Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија воопшто има единство меѓу постарите и помладите митрополити?
 
- Вообичаено на староста се гледа како на негативна појава, како на еден непосакуван стадиум од човековото живеење, нешто што се пренебрегнува и не се цени, бидејќи таа е, тукуречи, синоним за заостанатост, излитеност, бесполезност и бесплодност, и прави јаз помеѓу помладите и поодминатите во години. Во преданието и животот на Црквата, пак, погледот кон староста е сосема поинаков, таму не постојат такви генерациски поделби, туку, напротив, повеќе се цени искуството на оние коишто цел живот го поминале, трудејќи се што повеќе да се соединуваат со Бога. Таквите низ годините значително го збогатиле својот духовен опит и поради тоа станале многу пријатно друштво за младите, имајќи многу полезни нешта со нив да споделат и што да ги поучат. Во нашата православна култура останува забележано дека младите отсекогаш ги почитувале и слушале советите на мудрите стари луѓе во семејствата, па и пошироко, бидејќи овие, борејќи се во текот на животот со своите слабости и искушенија, се издигнале на едно повисоко духовно ниво, стекнале благодат и со неа успешно го изминале патот што младите допрва треба да го врват. Ова особено важи за црковниот клир - оние што цел живот се труделе и духовно се бореле, стануваат духовни старци. И навистина, за нас е големо духовно богатство да ја слушаме мудроста и да го следиме животното искуство, на пример, на еден епископ којшто целиот свој живот Му Го предал на Бога. Тоа важи и за еден игумен на манастир, или за кој било друг добар свештеник или монах. Монасите, впрочем, макар и да се млади, биваат наречени калуѓери, т.е. 'добри старци' (од гр. καλόγερος = καλός +γέρος). „Чесната старост не е во долговечноста, ниту се избројува со бројот на годините. Мудроста - тоа се белите човечки коси, а непорочниот живот - возраст на староста“ – рекол мудриот цар Соломон (Прем. 4,8-9). Тоа ни укажува дека мудроста и староста се сопатници единствено ако до староста се стигнало со „непорочниот живот“, односно со борба со сопствените слабости и страсти, со стариот човек во себе. Таквиот духовно никогаш не старее, неговиот дух останува вечно млад. Заклучно, иако не сум дел од Синодот, сметам дека во него не би требало да има поделеност на генерациска основа, ниту непочит на помладите кон постарите и обратно.
 
 
- Постои ли усогласеност во ставовите во Синодот во однос на барањето и прифаќањето на Бугарската православна црква да ѝ биде Црква-Мајка на МПЦ-ОА?
 
[Image: mia_20180105_6.jpg]
(Светиот синод на МПЦ)
 
- Оваа тема предизвика големи реакции. Само што се спомна можноста дека и Бугарската црква би можела да биде Црква-Мајка на денешната возобновена Охридска архиепископија во лицето на МПЦ, веднаш се крена страшна фама и негативна пропаганда. И како одеднаш да се заборави тоа, дека педесет години откако сме прогласиле автокефалност и претходно дваесетина години борба на нашето свештенството - значи веќе 70 години, ние преговараме со Српската црква, која неповолните историски околности ни ја наметнаа како Црква-Мајка. Значи таа во никој случај не е класична Црква-Мајка, настаната по еден природен тек на нештата, туку сосема политички и насила наметната во едни исклучително тешки историски неприлики за нашата Црква, како што беа периодите после двете Светски војни. Затоа, не само што проблемот не е решен, туку, меѓу другото, доживеавме и трагичен раскол, зашто СПЦ остварувањето на своите интереси го виде во создавањето на паралелна ерархија, наречена Православна охридска архиепископија. Неодамна дури слушнавме и изјава од епископот Бачки Иринеј (Буловиќ), како, наводно, Охридската архиепископија во поновата историја била своина на СПЦ. Треба веќе еднаш јасно да ѝ се каже на македонската јавност, дека не само што тоа не е така, ами и обратно - самата СПЦ произлегла од Охридската архиепископија, односно вторава ѝ била Црква-Мајка на правата, бидејќи диецезата на ОА, до времето на Св. Сава, се протегала дури до Далмација. Имено, во 1219 година Св. Сава отишол кај прогонетиот во Никеја Цариградски патријарх, зашто тогаш Константинопол бил под латинска окупација. Со помош на парите што ги добил од неговиот татко Симеон, Св. Сава практично си купил Томос, а потоа самоволно си отцепил неколку епархии од Охридската архиепископија, прогласувајќи ги за Пеќска архиепископија. Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан возложил дури и шизма на тогаш формираната Пеќска црква и десет години немало сослужување меѓу нив. Набрзо, сепак, дошло до израз мајчинското чувство на тогашната ОА и само за десет години расколот бил надминат. Притоа, таа никогаш не побарала враќање на Пеќската архиепископија во статус на автономија и потчинетост, туку ја признала нејзината автокефалија и сослужувала со неа. Споредете ја сега оваа братољубива постапка на Охридската архиепископија, со доаѓањето на СПЦ во Македонија во 1918 година! Колку насилно тогаш била наметнувана нејзината јуриздикција на територијата на сегашна Република Македонија, и колку нехристијански биле сите нејзини понатамошни постапки - заминувањето во 1941 година, потоа нејзиното попречување на возобновата на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, условувањето за соработката на која бевме принудени од тогашните политички околности, негирањето на нашиот идентитет и сл. Односот на СПЦ кон нас, историски земно, е една невидена Голгота, една страшна нетолерантност и незаинтересираност за нашето прашање, крајно непастирско однесување, со исклучок на некои нејзини архиереи и духовници. Овие седумдесет години СПЦ ни наметна таква сурова изолација каква што досега не претрпела ни една друга Црква во историјата. И Бугарската егзархија беше седумдесет години во шизма, но не била лишена од сослужение со Руската црква итн. Или, еве, Православната американска црква денес, иако не е призната од Вселенската патријаршија, таа сослужува со сите Цркви, освен со оние од грчкиот блок, па дури има и случаи кога грчки архиереи сослужуваат со неа. Значи, подложени сме на невидена и страшна изолација.
 
Српските националистички настроени архиереи никако не сакаат да прифатат дека возобновувањето на ОА била волја и на свештенството, и на монаштвото, и на православниот народ. И до ден денес е така. А токму таа борба за возобнова на ОА одиграла, можеби, клучна улога и во создавањето на современата независна македонска држава. Можеби некој поради ова би нè обвинил за етнофилетизам, но, напротив – отпорот на нашето духовенство бил единствениот начин да се спасиме од нивниот национализам кој е евидентен до ден денес. Бидејќи, замислете, доколку кај нас до 90-те години имаше некаква автономна Црква под јуриздикција на Српската, нашите манастири, согласно политиката и начинот на дејствување на СПЦ во минатото, најголем дел ќе беа запоседнати од политички инструирано монаштво, коешто, за жал, како и Српската црква ќе беше бастион на српството и ќе ширеше просрпска пропаганда. Тогаш, се прашувам, дали ние ќе имавме воопшто волја за самостојна држава? Следствено, ние не смееме да се враќаме во никаква автономија под СПЦ. Исто така, крајно неоправдано е барањето на СПЦ да се вратиме под неа, да се извинуваме за нешто што го направиле нашите богољубиви и вистинољубиви предци на Црковно-народниот собор во 1967 г., на чело со Архиепископот Доситеј. Овој наш архипастир направил, навистина, свето и блажено црковно и народно дело. Затоа неговото име останува врежано со златни букви во нашиот колективен спомен како православен сенароден пастир и духовен великан. Нека му е вечен споменот!
 
А во однос на БПЦ, пак, долгогодишната пропаганда и набивањето омраза против нашиот источен сосед, против нашиот братски бугарски народ, за жал, придонесе за сегашниве погрешни и злонамерни заклучоци дека, наводно, правиме страшен грев и предавство што побаравме друга Црква-Мајка наместо Српската. А ќе кажеме тука дека БПЦ-БП има многу поголемо црковно и историско право да ѝ биде Црква-Мајка на МПЦ-ОА, затоа што со неа нѐ поврзува долгогодишна заедничка црковна историја, почнувајќи од Охридската архиепископија, а потоа и заедничката Егзархија. Така што и во самиот Устав на денешната БПЦ-БП постојат цврсти основи таа да биде Црква-Мајка на Охридската архиепископија, како и да го бара нејзиното признавање од Цариградската, т.е. Константинополската патријаршија. Зашто, Цариградската патријаршија се нарекува Црква-Мајка скоро на сите православни Цркви и накрај добивањето на Томос доаѓа секогаш од неа. Тука би сакал да им одговорам и на оние кои неоправдано стравуваат дека МПЦ-ОА ќе стане потчинета црква. Напротив, со добивањето на автокефален црковен статус, што ние го бараме, со БПЦ-БП стануваме две рамноправни сестрински Цркви. Никако не смееме да го занемариме тој братољубив одговор на Бугарската црква: таа веднаш излезе во пресрет на нашето барање и оформи комисија, којашто веќе во два наврати се состана со комисијата на нашата Црква. Тоа ни дава благонадежност дека конечно ќе се реши нашето црковно прашање. Природно, и Србите не треба да изостанат во решавањето на нашиот статус, бидејќи тие ни се православни собраќа, наши соседи и сега треба да излезат со конструктивни постапки, а не да слушаме изјави од типот на онаа на г. Иринеј Буловиќ, дека ова што сега се случува со МПЦ-ОА е рушење на Православието. Таквиот анахрон пристап е навистина смешен. Православието треба да го проповедаме и браниме онака како што нѐ учи Христос, со Неговата љубов, а не да шириме раздор и омраза, да применуваме некакви инквизиторски методи, како што е, на пример, одлачувањето од света Причест на еден цел народ итн. Следствено, архиереите од СПЦ треба да се запрашаат дали со игото на изолација што му го наметнуваат на православниот народ во Македонија и сите историски неправди врз нашата Црква, одат во полза на Православието, или, пак, на неговите противници...
 
За крај ќе нагласам дека МПЦ, односно Охридската Архиепископија, како некогаш, така и денес е Црква на многу православни националности. Како таква, поддржана е од сите народности во нашата татковина со православно вероисповедание, без разлика дали се Власи, Роми, Срби, Грци и др., - сите тие непречено ги исполнуваат во неа своите црковни потреби и ѝ ја сведочат својата верност.
 
[Image: mia_20180105_7.jpg]
(Oтец Партениј)
 
- Сметате ли дека Српската православна црква и Грчката православна црква можат да го блокираат овој исклучителен потег на БПЦ, која треба да ја информира и Цариградската патријаршија, потег кој треба да доведе до признавањето на автокефалноста на МПЦ?
 
- Веќе го спомнав тоа континуирано блокирање од страна на СПЦ, кое ни донесе само пониженија, страшна изолација и нерешено црковно прашање. Еве, нашите контакти на лична основа со Грчката православна црква се големи, имаме соработка и со Света Гора, но боли тоа што не смееме јавно да служиме, да се причестуваме, токму поради таа нетолерантност на СПЦ, која реагира на било каков контакт со друга Црква. Голема е нашата благодарност до ГПЦ, која благослови наши студенти да изучуваат теологија на Православниот теолошки факултет во Солун, како и кон Светата Гора Атонска, која пред триесетина години ги отвори вратите за нас и ни овозможи повторно да го стекнеме светогорското монашко предание што беше прекинато. Без тоа не ќе можеше да се возобнови општежителното монаштво кај нас.
 
Обиди за да се блокираа процесот секако ќе има, но се надеваме на Божјата милост и просветление на архиереите од споменативе Цркви, та вистината и љубовта да надвладеат. Исто така, сметам дека богомудриот Патријарх Вартоломеј и овој пат ќе се покаже како вистински пастир на Великата вселенска Црква-Мајка, и ќе го направи правилниот чекор за решавање на овој проблем - онака како што треба за да се исцели оваа голема рана на Православието. Сите негови поранешни изјави одат во тој правец. Дури во една прилика, кога можеби и не беше момент за тоа да се зборува - погребот на блаженоупокоениот патријарх Српски Павле - тој упати порака до идниот српски Претстојател дека треба поскоро да се реши проблемот со Црквата кај нас. Но СПЦ не го послуша.
 
Секако дека особено голем проблем за решавањето на македонското црковно прашање е создавањето на паралелната ерархија на автономната Српска црква на чело со поранешниот Повардарски митрополит Јован Вранишковски, за која јавноста треба да знае дека не фигурира во диптихот на православните Цркви и не е признаена од Вселенскиот патријарх како посебна, туку како дел од Српската. За жал, може да се констатира дека тие станаа жртва на погрешната српска црковно-национална хегемонистичка политика. Затоа што во Македонија тие се една фиктивна Црква, неподржана од народот, иако сакаат да се пофалат со своето присуство во православната екумена. Досега овој чин на создавање на паралелна ерархија на Српската црква послужи само за голема штета на православната Црква во Македонија, бидејќи со ваквиот потег, многу луѓе изгубија доверба во Православието воопшто.
 
Сепак, се надеваме дека на крај ќе преовладее братољубието, зашто сите ние сме ученици на Христа, Кој е Љубов и Кој ни рече: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13,35). Да се молиме смирено и со љубов, не само ние монасите, туку и сите православни христијани во Македонија и насекаде во светот, да надвладее љубовта кај архиереите за конечно да се залечи оваа рана на Православието.
 
    Рената Пепељугоска
09-01-2018, 11:42 AM
Reply
Васил Offline
Junior Member
**

Posts: 21
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#9

Quote:Нова Македонија, 06.01.2018 12:05
(Ед. бр. 24236)
(www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Бигорското-светилиште-се-претвора-во-витлеемска-пештера
)
(Копие на promacedonia)

Ексклузивно божиќно интервју со архимандрит Партениј
Бигорското светилиште се претвора во витлеемска пештера

[Image: nm_20180106_1.jpg]

Quote:
    [Image: nm_20180106_2.jpg] Киро Кипроски
Во интервјуто за нашиот весник игуменот на бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ говори за празнувањата на Божиќ, плановите за одбележување на 1.000-годишнината на Бигорскиот манастир, како и за односите со сестринските цркви


Колку манастирот е посетен за Божиќ и како се подготвувате за празникот?
 

- Бигорски одамна стана едно од омилените места за собирање на православните верници за време на големите празници, секако поради тоа што манастирот има многу свои духовни чеда, од кои дел доаѓа и на празничното бдение за Рождеството Христово. Но би сакал да напоменам дека голем дел од нашите духовни чеда за големите празници остануваат и во своите градски храмови, бидејќи кога сите би дошле одеднаш, сигурно е дека манастирот би бил премал за да ги собере. Тие веќе активно учествуваат во духовниот живот во своите парохии, некои од нив се основачи и на црковни хорови и непосредно се ангажирани во достојната прослава на поголемите празници и неделните литургии, но се и квас за воцрковување на многу други, да кажам, номинални православни Христијани.

Подготовката за празникот, не само за монасите туку и за сите христијани треба да е, пред сѐ, духовна. Сепак, не изостанува ни оној дел, веќе добро познат на народот, што вклучува целосна подготовка на монасите за што поубаво да се испеат прекрасните божиќни песнопенија создадени од познати црковни химнографи. Тука влегуваат и напорите на еклесијарсите за што подостојно украсување на храмот и сите оние нешта што ги предвидува монашкиот атонски типик во однос на богослужението. Сите тие напори се крунисани со едно византиско благолепие на бигорското светилиште, кое придонесува подобро и на вистински начин да се почувствува величината на самиот празник. Тогаш храмот навистина се претвора во витлеемска пештера, во која присутните верници земаат удел во радосното торжество за Богомладенецот, кој на благодатен начин се раѓа во нивните смирени срца.
 

Последниве недели пред Божиќ гледаме дека сѐ поактуелно станува објавувањето на овој голем празник преку бадниковите поворки. Знаеме дека иницијативата потекна токму од вас, па би сакале да ни кажете нешто за самите почетоци на возобновувањето и како се развиваше низ годините за да прерасне во ова што е денес.
 
- Имено, изминативе години на нашиот сајт сме напишале неколку написи за постоењето и потеклото на една древна православна традиција, која била особено присутна кај православните народи на Балканот, а во Македонија постоеше некаде до 80-тите години на минатиот век, но со многу слаб интензитет. Јас тоа како дете го затекнав во Битола, зашто, благодарение на ревноста со која таа традиција била негувана во Битола и во Охрид, единствено таму беше задржано ваквото навестување на Божиќ, макар и само како бледа сенка на некогашното торжество. Веројатно затоа токму во Битола започна и возобновувањето на оваа прекрасна божиќна манифестација, и тоа најпрво со спот, кој покажуваше како се правело тоа некогаш и во кој учествуваше нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски. Потоа од година на година иницијативата стануваше сѐ помасовна и се рашири во сите градови. Насекаде децата одговорија со љубов на ваквиот серадосен повик, така што годинава, на голема радост, дојде до едно навистина најшироко досега детско учество во нешто што денес се нарекува бадникови поворки и што ги слеа сите во една заедничка прослава. Притоа, на самите почетоци голема поткрепа ни беше и благословот на нашиот почитуван владика г. Тимотеј, при поворката во Охрид, која во тоа време беше најмасовна. Сега со големо задоволство ќе нагласам дека таа манифестација не е повеќе работа само на манастирот туку и на многуте духовни чеда, вероучители, свештеници со добра волја, многу познати луѓе од општеството, од музичката сцена, културата, уметноста и спортот, така што ние се радуваме што тоа стана една сеопфатна граѓанска иницијатива и што во полн сјај се врати преданието онака какво што било некогаш. Минатата година и неговото блаженство, нашиот архиепископ г.г. Стефан, со задоволство ја поздрави оваа иницијатива, што е од суштинско значење за целиот наш народ.

Што се однесува, пак, до песната што се пее, „Вечниот Бог“, таа сама по себе на соодветен православен и теолошки исправен начин го објавува рождеството Христово, а покрај објавата, целта на овие поворки е и повикувањето на верните кон литургиско славење на празникот во храмовите следниот ден.


За две години Бигорскиот манастир ќе одбележи голем јубилеј, 1.000 години од постоењето. Дали ја подготвивте програмата за оваа прослава и што содржи?

- Бигорскиот манастир стои пред еден многу значаен јубилеј - илјада години од неговото основање и оваа годишнина нераскинливо е поврзана со првиот архиепископ на Охридската архиепископија, Јован Дебарски. Тоа е особена чест и за нас како обител, но и за целиот македонски народ, бидејќи Бигорски е манастир во кој илјада години во континуитет се чува словенската традиција, почнувајќи уште од неговото создавање, во 1020 година, па до денешни дни. Малку се оние што можат да се пофалат со толку долго присуство на еден простор. Притоа, не смееме да ја занемариме ни неговата особено важна улога во 19 век, кога во Македонија започнува преродбата, толку пресудна за нашето опстојување и за нашиот идентитет. Сведоштво за примарната улога што ја одиграл манастирот во тоа време наоѓаме во сознанието дека познатиот бигорски игумен, архимандрит Арсениј бил духовно поврзан со голем дел од нашите преродбенски дејци, како што се Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, браќата Миладиновци, но и духовен отец на Анатолиј и Партениј Зографски, кои направиле многу за народното будење во тие тешки години на отоманскиот период, кога и самиот наш опстанок бил доведен во опасност. Значи, нашиот манастир направил многу за народната преродба, неговото влијание врз текот на тоа движење било многу големо. Од последното писмо што еден наш пријател го пронајде во Народната библиотека во Софија видовме дека врските на манастирот со зографското светилиште биле многу подлабоки отколку што се претпоставуваше. Имено, таму имало многу игумени што потекнувале од Бигорскиот манастир, а и многу монаси што биле директно одговорни за одржување на манастирот, па дури и на некои скитови. Така, на пример, и во скитот на манастирот „Ксенофонт“ имало извесен број бигорски монаси.

Значи, ова е голем и не многу чест јубилеј и за да можеме најдостојно да го прославиме, потребна е голема помош. Ние веќе започнавме со различни активности и иницијативи. Имено, веќе стапивме во контакт со сегашниот министер за култура, го информиравме и ја побаравме неговата соработка на тој план, а и многу наши духовни чеда активно учествуваа во целокупната организација на настанот, според која се предвидени забрзана обнова на бигорските параклиси и скитови, издавање значајна стручна литература, спроведување повеќе научни симпозиуми, од кои подоцна можеби ќе произлезе и еден обемен зборник. Но тука ќе нагласам дека јубилејот, и покрај својот црковен карактер, треба да се сфати и поддржи и како своевидна државна манифестација, затоа што, вклучувајќи се со свој ангажман во тековните подготовки за прославата, државните институции во голема мера ќе ги потврдат и промовираат оние вредности што се од голем национален, културно-историски и државнички интерес, зашто веќе рековме дека овој јубилеј го засега и самиот наш ентитет.


Во 1995 година дојдовте во древното македонско светилиште - бигорски манастир „Свети Јован Крстител“ и ја започнавте мисијата за обновување на монаштвото. Запознајте нѐ со реализираните активности за зголемување на духовноста на верниците, за зачувување на црковното наследство, како и за обнова и реконструкција на црквите и другите црковни објекти, изградбата на нови.

- Секогаш и на сите им кажувам дека јас не го избрав Бигорскиот манастир, туку самиот св. Јован ме избра мене. Доаѓајќи во манастирот во 1995 година затекнав едно запуштено светилиште, кое долги години функционираше како културно-историски музеј - запуштени, претежно нефункционални згради, празен и запоставен храм. Почетокот на возобновата на монашкиот живот не беше нималку лесен, но, и покрај сите тешкотии, никогаш не се вртев назад, туку секогаш гледав само напред и се трудев колку што можам да му послужам на Бога, творејќи, заедно со моите браќа, што повеќе дела во слава божја. Сега, пак, по повеќе од 20 год., правејќи некаква ретроспектива, на духовен план, гледам стотици, па и илјадници верници што се воцрковија токму поради трудот на нашето монашко братство. Ова не го зборувам заради себе, туку за да го истакнам тој пожртвуван труд на браќата, но и на сестрите, кои денес се населени во три манастири, па и на целото монаштво во нашата татковина. Сега, знаете, со благослов на митрополитот Тимотеј, под мое духовно раководство се 4 манастири - Бигорскиот и Рајчичкиот и уште две монашки сестринства што произлегоа од последниов: Пречистанското и Кнежинското. Затоа ја користам можноста да ги замолам сите духовни чеда, сите верници да се молат за нас, Господ да ни дава сила да продолжиме по тешкиот пат на спасението и на духовната преродба на нашиот народ, да растеме заедно едни покрај други.

За реконструкцијата на обителот и околните храмови сме зборувале многупати досега и во тој поглед многу е направено, но сега сакам да ја споделам радоста за манастирот во Рајчица, зашто денес таму се случува уште една голема архитектонска преродба. Имено, уште пред неколку години почнавме да откупуваме објекти и земјиште од непосредната околина и сега, со помош на една наша блиска пријателка и голема православна верничка, а можам слободно да кажам и прекрасна личност, која веќе станува генерална ктиторка на манастирот, г-ѓа Елена Пандева, се гради чудесно убав конак во византиски стил, кој ќе биде идно сместувалиште за гости, но и за работилниците за сестрите, бидејќи Рајчица, како манастир-мајка, или расадник за другите женски манастири, е веќе претесен.

Во тој контекст морам да кажам дека сега, во пресрет на илјадагодишнината, од особена важност, не само за Бигорскиот манастир туку и за целиот овој крај, кој премногу ѝ дал на нашата татковина во однос на духовното, народното будење, црковната уметност, писменост, е да се создаде еден таканаречен музеј на сакралното преродбенско творештво. Знаете, крајов изобилува со преубави храмови во кои, за жал, во изминатиот период се случија ужасни грабежи на иконите, при што многу од нив беа изнесени надвор од Македонија и не знаеме каде се наоѓаат денес. Затоа би сакале некои од иконите што превентивно беа однесени во митрополијата во Охрид, како и оние привремено сместени во Бигорскиот манастир, да се вратат и да се сместат во овој преродбенски музеј, што за таа цел би се направил во Рајчичкиот манастир, кој во случајот е најпогоден за тоа. Овој предлог, за кој се согласува и нашиот надлежен митрополит г. Тимотеј, е веќе доставен до сегашниот министер за култура. Со тоа иконите ќе си останат таму каде што биле создадени, сведочејќи пред целата светска јавност за нашиот идентитет, за духовното богатство на овој прекрасен дебарско-мијачко-рекански крај, бидејќи двата манастира се доста посетувани од страна на странските туристи.


Како ги оценувате процесите и настаните што се случуваат помеѓу БПЦ-БП и МПЦ-ОА и зошто нашиот синод побара БПЦ-БП да ѝ биде црква-мајка на МПЦ-ОА?

- Имајќи ја предвид долгата заедничка црковна историја со нашите најблиски браќа Бугарите - најпрво мисијата на светите сесловенски рамноапостоли Кирил и Методиј, личноста на св. рамноап. Борис-Михаил, кој, патем, одиграл клучна улога во реевангелизацијата на голем дел од Балканот и придонел да успее мисијата на светите кирилометодиевски ученици и започнатата словенска писменост, Охридската архиепископија, заедничката света егзархија, која била последната канонска јерархија на територијата на денешна Р. Македонија (1941-1945) пред возобновувањето на ОА - сметам дека нашата црква направи еден навистина многу важен дипломатски и единствено исправен чекор, и од историски и од црковно-канонски аспект. Зашто, благодарение на божјата семудра промисла, денес се создадоа поволни општествени околности, кои на нашата црква ѝ дадоа слобода конечно да го побара своето признавање од таму од каде што тоа најпрвин треба и да дојде и да им се обрати на оние што можат и треба да го направат тоа, за најпосле вистината и правдата да восторжествуваат.

Но за да можеме да го расветлиме нашиот долгогодишен црковен проблем, треба да се вратиме на самите почетоци, непосредно пред создавањето на македонската држава во 1944 година, кога се јавиле и првите никулци на самостоен организиран црковен живот, од кои подоцна израснала обновената Охридска архиепископија, добивајќи, според примерот на другите околни цркви, и национален предзнак - Македонска православна црква. Членовите на тогашниот иницијативен комитет за обновата на ОА во лицето на МПЦ биле клир или верници и приврзаници на светата Бугарска егзархија и во никој случај не сакале враќање на српската црковна јерархија. Така, првата влада на новата федерална македонска република во рамките на тогашната ФНРЈ, во чиј состав имало многу наши свесни и разбудени родољупци, заклучила дека обновата на Охридската архиепископија е неминовен и народнопосакуван процес, па затоа и го потпомагала. Едноставно, тогашното македонско духовенство и паства жолчно се бореле и не дозволувале враќање на српската црковна јерархија во Македонија, до толку повеќе што таа никогаш не им излегувала во пресрет за задоволување на нивните духовни потреби, како што ѝ прилега на една црква-мајка, ами само служела како инструмент за србизација. Под закана дека доколку не им се задоволи барањето за ракополагање на домородни владици, ќе побараат висок клир од Бугарската црква, по потекло од Македонија (во тоа време голем дел од свештенството и монаштвото во Бугарија биле родум или по потекло Македонци), нашето свештенство, по повеќе од 20 години родољубива борба, успеало да издејствува во Македонија да биде пратен тогашниот топлички епископ г. Доситеј, по род Македонец. На Вториот црковно-народен собор во Охрид, во 1958 година, свечено била обновена Охридската архиепископија, а за прв нејзин поглавар бил избран г. Доситеј. На своето заседание во 1959 година, САС на СПЦ донел позитивна одлука дека се согласува со одлуките на Вториот црковно-народен собор, потврдувајќи дека трите епархии во Македонија „се издвоиле во самостојна Македонска православна црква, која се управува според Уставот донесен на тој собор“.

Понатаму се вели дека „со оваа одлука престануваат да важат прописите од уставот на Српската православна црква за епархиите и архијереите на територијата на НР Македонија“, што значи дека самата СПЦ констатирала дека територијата на Македонија повеќе не принадлежи на нејзиното канонско поле. Набргу потоа биле ракоположени и домородните митрополити Климент и Наум и конституиран Синодот на МПЦ. Но, за жал, Српската црква продолжила да ја злоупотребува автономијата на Македонската за понатамошно србизирање и негирање, како и за узурпирање на црковната територија. Затоа, во 1967 година, во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, била прогласена автокефалноста на Охридската архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. По тој чекор, од страна на Српската црква било прекинато сослужението, а било побарано тоа да го направат и другите православни цркви, со едно циркуларно писмо од тогашниот српски патријарх Герман. Така, Српската црква, во историски контекст, се покажа навистина како една црква што нема чувство за пастирските потреби на православниот народ во Македонија, туку само неволно, поради барањето на македонската паства изразено и преку тогашните власти, придонела да се конституира Синодот на обновената ОА во лицето на МПЦ. Па дури и последниве 50 години, нашата егзистенцијална борба за признание на автокефалноста беше сосема игнорирана - просто, како да немаме право да постоиме. За жал, наместо решение, состојбата дополнително се влоши со создавањето паралелна црковна јерархија, српската експозитура на чело со поранешниот митрополит повардарски г. Јован Вранишковски.

Затоа, ако погледнеме подлабоко, единствено БПЦ-БП го има правото да се застапува и бори за признание на автокефалноста на нашата црква, со оглед на тоа што таа, според нејзиниот устав, се јавува како наследничка и на Охридската архиепископија. А штом БПЦ-БП е признаена од сите помесни православни цркви, тоа значи дека сите тие го признаваат и нејзиниот устав и не смеат да ѝ се мешаат во однос на ова прашање. Фактот, пак, дека БПЦ-БП според својот устав е наследник и на Трновската патријаршија, како и тоа дека во извесен временски период (речиси два века) Охридската архиепископија и Трновската патријаршија коегзистирале паралелно како две посебни автокефални цркви, ни укажува на тоа дека автокефалноста на МПЦ-ОА не претставува никаков канонски проблем.

Бидејќи во јавноста се појавија доста полемики за последниве црковни случувања, при што доста неосновано и неуко се манипулираше со терминот црква-мајка, би сакал да дадам дополнително објаснување за што, всушност, станува збор. Имено, доколку некоја помесна црква се одвојува како автокефална, или, пак, во одреден историски момент била укината, а во друг повторно се обновува, за да влезе во канонско единство со другите православни цркви, тогаш кога нејзината црква-мајка ќе благоизволи и благослови, ќе треба да ја претстави пред другите помесни цркви, како и да ѝ издејствува томос за автокефалност од Вселенската патријаршија. Последнава, пак, историски гледано, се јавува како црква-мајка на сите цркви на Балканот - таа така и се нарекува. Во однос на томосот за автокефалност останува да важи стариот обичај: правото да го даде тој томос го има константинополскиот патријарх, со оглед на тоа што на соборот во Крит не се направи никаква промена на процесот за добивање автокефалија. Се појавија и такви што манипулираат со предлозите за промена на овој обичај, разгледувани на сеправославното советување во Шамбези, но треба да се знае дека никаков предлог што се однесува на обичајното право за автокефалност не беше усвоен и ратификуван во Крит, што значи дека старата практика останува во сила.

Значи, формулацијата црква-мајка се однесува на онаа црква од која обновената црковна јерархија произлегува или под чија јурисдикција се наоѓала. Конкретно во нашиов случај, досега како црква-мајка во православниот свет, заради еднострано и површно толкување на ова прашање, се водела Српската црква. Исто така, конечно треба да престане споредувањето на нашиот црковен проблем со украинскиот или со кој било друг во православието, затоа што тука се работи за сосема посебно прашање. Се разбира, како што веќе образложив, најголемо историско и канонско право, во однос на другите цркви, да ни биде црква-мајка има Бугарската црква.

Сметам дека Бугарската црква тоа добро го разбира и нејзиниот Свет синод, возглавен од богомудриот патријарх Неофит, ќе се потруди, како што и самиот изјави, да направи сѐ што е неопходно за да се исправи историската неправда со Охридската архиепископија. Чекорите што бугарските архијереи досега ги презедоа одат во прилог на тоа. БПЦ-БП навистина се постави како црква-мајка, со високоразвиено чувство за пастирска грижа за своите православни браќа во Македонија, во духот на Христовата љубов. За разлика од СПЦ, која веќе 70 години го игнорира нашиот проблем и непастирски се однесува кон македонската паства, БПЦ-БП веднаш по историското писмо од страна на нашиот Свет синод, формира комисија и ги повика нашите архијереи за заеднички да го договорат понатамошниот тек на процесот за признавање на автокефалноста на МПЦ-Охридска архиепископија. Самото тоа е показател за нивното големо братољубие и евангелска пожртвуваност.
Добро би било да се разјасни тука и тоа дека МПЦ-ОА, по признавањето на нејзиниот автокефален статус, станува сестра во семејството на сите автокефални помесни православни цркви. Тоа значи дека таа и БПЦ-БП ќе бидат две рамноправни сестрински православни цркви во тоа големо семејство, со тоа што свештената благодарност и почитта на МПЦ-ОА кон БПЦ-БП ќе остане вечна и ќе биде уште еден непобитен сведок за нашата историска блискост.
 

Според вас, кога би можеле да го очекуваме признанието на автокефалноста на МПЦ-ОА?

- Верувам дека семудриот наш Бог сѐ добро устројува и се грижи за спасението на сечија душа. Погледнете само како по негова промисла, на нашиот архиепископ Доситеј и тогашните архијереи и целокупното духовенство им се укажала историската шанса да ја прогласат автокефалноста на возобновената Охридска архиепископија, точно 200 години по нејзиното неканонско укинување од османските власти. Сега, пак, се надеваме дека по илјада години (1018-2018) од нејзиното официјално признавање во времето на византискиот василевс Василиј Втори и првиот архиепископ охридски Јован Дебранин (кој, патем, е и ктитор на свештениот Бигорски обител), ќе се случи и нејзиното прифаќање од другите помесни православни цркви, преку мајчинското застапништво на БПЦ-БП. Да се молиме на Бога љубовта и вистината да надвладеат, та да се собереме сите заедно во древниот престол на нашата архиепископија - прекрасниот соборен храм „Света Софија“ во Охрид, на литургиско единство меѓу охридскиот архиепископ и бугарскиот патријарх, а се надевам и на други поглавари и архијереи од преостанатите помесни православни цркви.
 

Дали ви е познато како на сето ова реагира Синодот на СПЦ?
 

- Неодамна, непосредно по нашето барање упатено до БПЦ да се застапи за нас како мајка-црква, епископот захумско-херцеговачки г. Григориј самокритично изјави дека не „биле фокусирани на ова прашање, колку што неговото значење го бара тоа“, изразувајќи подготвеност да направи сѐ за наскоро да дојде до дијалог и идно решение на проблемот. И замислете, зарем тоа не е навистина сериозен проблем - повеќе од два милиони верници (вклучувајќи ја и дијаспората) да бидат одлачени од заедница со православието?! Па дури беше донесена и одлука на Светиот синод на СПЦ, а на барање на Синодот на ПОА, според која православните верници од Македонија не можат да се причестуваат со светите тајни во другите православни цркви! Крајно анахроно, инквизиторски и далеку од духот на Христовото братољубие! Значи, со исклучок на споменатата благонадежна изјава, претежно она што на тој план ни доаѓа од Синодот на СПЦ се само опструкции и навреди. Очигледно е дека тие прават некаква деструктивна тајна дипломатија, користејќи ги контактите на пријателска основа со архијереите од другите цркви, а сѐ со цел да го опструираат чинот на признавањето на МПЦ-ОА, која за нив е само една расколничка организација. И тоа се прави со години. Еве и последнава изјава на бачкиот епископ г. Иринеј Буловиќ, кој, сепак, важи за голем и почитуван теолог во православието, недвосмислено покажува дека во тој поглед кај СПЦ ништо не е сменето. Тој во своето неодамнешно интервју почнува да зборува за некакви конспирации и се окупира со апокалиптични размислувања. Така овој наш обид да влеземе во лоното на Православната црква, според него е сојуз, своевиден заговор, за уништување на православието. И покрај сѐ, ние немаме ништо против него, како ни против Српската црква, дури и сега, доколку таа покаже добра волја, секоја добра иницијатива од нивна страна ќе биде благонаклоно пречекана од нас. Но таа треба навистина активно да се потруди да направи нешто за најпосле да се залечи оваа долгогодишна рана, а и пред Бога и луѓето да се оправда за повеќето неправди направени кон православниот народ во Македонија и кон МПЦ-ОА, особено со создавањето на паралелната црковна јерархија, која стана причина за уште поголемо заладување на односите и за соблазна и раздор меѓу верниците.
 

На самиот крај, каква порака сакате да им испратите на православните верници за празникот Божиќ?
 

- На денот на самото Христово раѓање ангелите над Витлеем торжествено ја разгласија многу познатата порака до светот: „Слава на Бога во висините, на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“. Современиот човек денес особено копнее по мир, а вистинскиот мир е само оној што доаѓа од висините. Него на земјата го донесе токму Христос, кој смирено се роди во Витлеемската пештера. Секогаш кога нему со смиреност му пристапуваме, во нашето срце доаѓа тој неискажлив мир. Како и секогаш, така и денес, мирот во светот е најпосакуваното нешто, посакуван е од сите нас. Но за да можеме да го внесеме мирот во светот, најпрво треба ние лично да се потрудиме да го стекнеме внатре, во нашите срца. Затоа на сите христијани им порачувам да не го празнуваат Божиќ само формално, со преполнети празнични трпези, атрактивни туристички понуди и хотелски аранжмани, лишени од духовни содржини, туку евхаристиски во храмовите и со срца преполни љубов кон миротворецот Христос и кон сите луѓе. Да се вслушаме, значи, добро во ангелската божиќна песна: „Слава на Бога во висините, на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“, да ги врежиме нејзините зборови длабоко во нашето срце и да дејствуваме според нив, славејќи го Бога и љубејќи ги во мир сите луѓе, без разлика на нивната верска, национална и политичка припадност. Амин!
 
[Image: nm_20180106_3.jpg]
[Image: nm_20180106_4.jpg]
(This post was last modified: 09-01-2018, 11:47 AM by Васил.)
09-01-2018, 11:44 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#10

(20-11-2017, 07:43 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote: Истите овие удбашки структури чија основна цел на постоење беше да ја држат Македонија во состојба на потчинетост кон Србија. Да ги гонат македонските патриоти кои се залагаа за независна држава и да ја чуваат и бранат „братската Југославија“, по цена на испраќање на македонската војска во Срем наместо на Солун, дозволување Срби да потпишуваат договори со Грција за статусот на Македонците, економско потчинување на Македонија во времето на СФРЈ, користење на Македонија како полигон на кој Србите ќе протеруваат Албанци од Косово како дел до големосрпските планови... Оваа удбашка багра, чија животна цел спектакуларно потфри со распадот на Југославија, чија поента на постоење исчезна откако предизвикаа граѓанска војна, извршија геноцид и невидени масакри, и пак не успеаа да си ја спасат зомби-државата, сега постои бесцелно, бара друг господар на кого ќе му служи, и очигледно не е пробирлива дали тоа ќе биде ЦИА, Могерини, Еди Рама, Бугарија, утре и на Русија или Ердоган ќе им се нудат, ко да више. Луѓе без идеали и вредности, чии татковци цел живот промовираа приказна за некаква нивна херојска борба против бугарските фашисти, и за тоа одземаа куќи на Водно за да се наградат како големи херои, а сега нивните деца мочаат на нивните гробови (што само по себе би било исклучително забавно, да не е оваа нивна глупост толку опасна по стабилноста на Македонија и целиот регион)

Цветин Чилиманов фб статус
Се извинувам на предолгиот зимски сон.

Малку ме буни овој пост на Чилиманов во овој дел:
1.Дали овој Чилиманов мисли дека навистина пропадна животната цел на УДБ-ашите(откако си ги присвоија за себе сите домашни банки)?
2.Дали Чилиманов навистина мисли дека Србите за време на СФРЈ имаат некаква реална моќ?
Пардон Чилиманов, што си земам право место тебе да дадам одговор на ова прашање: Со Србија и во време на СФРЈ, и СРЈ, и сегашна Србија владеат ЈУГОСЛОВЕНИ а не СРБИ...
3. До кога македонецот ќе излегува со тој став ко да више?
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
21-01-2018, 08:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,292
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Бугарската „црква-мајка“ ја одби МПЦ за 1.000 години Охридска архиепископија


[Image: -синод.jpg?resize=696%2C332]

14.05.2018
Светиот Синод на Бугарската Православна Црква ја одбил поканата истратена од Македонската Православна Црква со која Архиепископот Стефан кани бугарски владици да учествуваат на одбележувањето на 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија кое ќе се случи во Охрид.
Синодот на БПЦ гласал во врска со писмото број 231 испратено од МПЦ – ОА на 9ти мај а на барање на Русенскиот митрополит Наум кој предложил претставници на БПЦ да не учествуваат на настанот закажан за 27 мај.
Против давање благослов за бугарски претставници на одат во Охрид гласале митрополитите: Ловчански Гаврил, Доростолски Амврозиј, Западно- и Средноевропски Антониј, Варненски и Великопреславски Јоан, Неврокопски Серафим, Русенски Наум, Врачански Григориј, и владиката Видински Данил.
За одење во Македонија биле митрополитите: Сливенски Јоаникиј, Великотрновски Григориј, Плевенски Игнатиј, Пловдивски Николај и Старозагорски Кипријан.
На истото заседание синодот на БПЦ разгледувал уште еден предлог кој гласел „за заминување во Охрид“ поднесен од митрополитот Кипријан кој што бил одбиен со мнозинство од владиците на бугарската црква.
МПЦ – ОА лани побара а БПЦ се согласи Бугарската црква да биде мајка црква на Македонската.
Одлуката за неодење во Охрид БПЦ ја носи по силниот притисок од страна на Руската Црква и цариградскиот патријарх Вартоломеј кои на барање на СПЦ и блокот грчки цркви побараа БПЦ да не се меша во односите меѓу СПЦ и МПЦ – ОА.
14-05-2018, 08:05 PM
Reply