Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЧНАА СО ПЛУКАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ФБ статус на Нонковиќ
 
Како зградата во Антверпен од седум милиони евра и докторатот во Монте Карло, а?
 
[Image: boban_jadiBurek-31phwrt93jz7fqrqrc78qy.jpg]
Драги пријатели,
Мојот став дека Никола Груевски е виновен за тоа што будала и квислинг како Заев е премиер на Македонија, заедно со неговата булумента од Влада, веќе неколкупати сум го образложил.
Уценет човек, па уште и политичар е полош од ѓаол, би рекле старите.
А, тоа е денес некогаш неприкосновениот македонски политички лидер Никола Груевски. Уценет со необјавените снимки и со затвор/притвор што му виси благодарание на од-него прифатениот СЈО, Груевски дозволи тригодишно претворање на Македонија во африканска Либерија, земја на правно-општествен хаос, со кулминација во т.н. договор од Пржино, па режирани парламентарни избори во декември 2016 година, согласност за инсталирање и мирно владеење на комуњаро-удбашко-балистичката банда која за неколку месеци го разори Македонизмот на парчиња и заклучно со лажираните локални избори, каде „шарената“ одродена булумента ги доби сите македонски општини на подарок, да прават со нив што сакаат.
Дека Груевски и неговата мала екипа околу него што остана продолжуваат да ја играат играта на сценаристот и режисерот на македонското сценарио и по сите овие дебакли, во кои ВМРО-ДПМНЕ е доведена во состојба да биде статист и немо да набљудува, па дури и да учествува во дел од сценариото, покажа и првото гласање во Собранието за промовирање на јазикот на албанската држава за државен јазик во Република Македонија.
Затоа и објавив на ФБ, дека сега Груевски со малиот тим на уценети касапски кучиња ќе продолжат со конструктивноста, се до завршување на преговорите што се најавени во куќата на Жан Моне во Париз, демек за промовирање на политичка култура во Македонија, а де-факто за договор и споделување на одговорноста на сите политички актери во македонското општество за промена на исконското име на државата.
Со оглед на тоа што изминатите четири години до најситен детаљ сум го погодил развојот на настаните во Македонија, огромен број на мои ФБ пријатели и поддржувачи, тоа мое мислење го прифаќаат и промовираат („шеруваат“) и тоа збодна очи кај Груевски и неговата мала свита на касапски кучиња околу него.
Па, така, најпрво следеше мое тестирање преку пријатели, во однос на тоа дали би се нафатил на некој нов, професионален и новинарски ангажман од Брисел (нешто као полу-дописник), со сигурна и навремена исплата.
Таквото тестирање на моето расположение за понатамошни директни преговори за професионален ангажман, веднаш го отфрлив ан-блок, со одговор дека Груевски и бандата околу него се сега дел од играта за распарчување на Македонија и дека било-каков ангажман со нив би значело мое учество во сценариото, вклучување во хорот што ќе ја отпее погребната песна за Македонија и уште еден џокер во нивните раце пред сценаристот и режисерот, дека нема да има против никој од општествено позначајните, признаени и препознати лица што ќе застане цврсто и ќе ги разобличува во нивната игра за разнебитување на Македонија.
И, откако одбив да лапам од паричките на Груевци за да им бидам поддршка во предавството, ете ти вчера одговор од „Белата куќа“ во центарот на Скопје.
И какво разочарување!
До кое дно спаднала некогаш моќната медиумска машинерија на раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
Одговорот, очекуван, откако не прифатив понуда, беше дека ќе дојде напад, ама некогаш разгоропадените фаци од ДПМНЕ, сега скриени како глувци во длабочината на „Белата куќа“ и зад лажни ФБ-профили, ми одговорија (ме нападнаа) преку за нив, а од мене никогаш очекуван начин, да злоупотребат лице со посебни потреби!
Имено, во текот на вчерашниот ден ме контактираа по ФБ неколку пријатели дека некој анонимус пишувал нешто против мене. Им одговорив дека тоа не е ништо ново и дека тоа трае со денови на социјалните мрежи. Ама, вечерта, ми пристига линк дека посочениот лик, во случајов нашиот John Doe со име Милан Стефаноски, освен што демек пишал на ФБ, неговото писание го преобјавува и интернет-порталот „Денешен“, под контрола на Груевски и неговите касапски кучиња (за улогата на порталот знам од линковите со разно-разните објави на него што до неодамна редовно ми ги испраќаше преку „Сигнал“ токму Никола Груевски!). И го прочитав писанието на анонимусот и веднаш препознав чиј е ракописот, но сакав да дознаам и повеќе за авторот.
Тука и дојде моето разочарување, бидејќи преку моите контакти во Скопје и Македонија, дознавам дека извесното лице Милан Стефаноски не е измислен, туку постоечки лик, но дека се работи за лице со психо-физичка спреченост! Судбината сакала тој и неговиот роден брат да се родат со таков проблем и да живеат како лица со посебни потреби, како Божје порамнување за злоделата на нивниот татко, познат полицаец-УДБаш од времето на СФРЈ во Скопје.
Затоа, за таквиот лик само ќе изразам жалење за неговата состојба, но неможам да го сокријам гадењето од потегот на Груевски и свитата околу него, да напишат тирада против мене (тоа и беше очекувано) и за тоа и да употребат лице со посебни потреби кое ќе го потпише истиот текст! Е тоа е дно под дното!
Ах бе, очајници од и околу раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотреба на немоќно лице е казниво и според Кривичниот законик на Република Македонија, не само од Бога, ако воопшто верувате во него, освен кога како порака го гледате на доларите, покрај еврата, што ги испокрадовте од граѓаните!
Но, вие сте во тешка паника и не знаете кај терате и тоа го знам. Имате пари, имате многу пари украдени од граѓаните (по приципот, на пример, 4.000 денари за лепење на паркет во Влада, наместо 300 денари, па тендери, рекет и сл), а не смеете да помислите да ги пипнете ако за тоа не ви дозволи стопанот од американската амбасада. Сега ги нудите оти малку ви ги одмрзнаа со оглед на вашата конструктивност за разнебитување на Македонизмот (заедно со бандата на Заев и Ахмети), а попушти и притисокот кон вас за затвор/притвор под Дамокловиот меч на обвиненијата на од вас избраното и изгласано Специјално обвинителство.
Е, сега, Кире Б., Мартин, Иво, можеби Суле и Луке и сигурен сум Никола Груевски, кои сте еден од (или сите заедно) авторите на текстот/ФБ-објавата против мене, најпрво да ви одговорам на директните обвиненија кон мене:
За тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ме испратил за дописник на МИА од Брисел.
- Ако добро се сеќаваме сите, МИА како агенција во стоотстотна сопственост на македонската Влада, испрати дописник во Брисел уште во 2010 година. Најпрво, тоа беше една од куртизаните на Груевски, на која и дадоа и дипломатски пасош и која една година само чекаше да дојде премиерот или било-кој од министрите во бриселска посета и да му удоволи. По една година испратија друга жена-дописник, која сама се фалеше со блискост со Груевски и неговите касапски кучиња, за при крајот на 2011 година да бидам повикан од неговата секретарка за состанок со тогашниот „лидер од сенка“ на македонската Влада и човекот отворено да ми каже дека „по она што го направивте ти со Мирка и Миленко во Брисел, нам, како на македонска држава, ни треба дописник во Брисел што ќе поставува прашања, ќе биде активен во одбрана на Македонија да не не изеде бриселската бирократија“. Одговорив дека јас немам ништо со партијата ВМРО-ДПМНЕ. Но, високиот ми рече дека тоа е новинарска функција и дека моето дописникување би било професионално и во интерес на државата и за државните, а не за партиските интереси. Ми рече, цитирам: „досегашниве дописнички беа катастрофа, не работат ништо, само шопингуваат“ и дека е потребен професионалец. Ми додаде дека во исто време ќе се испраќаат новинари-професионалци и за дописници од Атина и Вашингтон, а по некое време и во берлин, Москва и Пекинг.
(This post was last modified: 18-11-2017, 02:11 PM by ЈорданПетровски.)
18-11-2017, 02:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:По една недела размислување, одлучив да прифатам и од 1. Мај 2012 година започнав со мојата работа како дописник на МИА од Брисел (а поради несродност на медиумите, соработував за цело време и со ТВ Сител).
Ниту имав, ниту имам некаква блискост со никој од/околу раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најмалку со Никола Груевски, со кого за изминатите пет ипол години како дописник сум направил однос на формална комуникација и секогаш на „Вие“, но ги чувам хвалоспевите во вид на СМС, вибер, Сигнал или Имејл пораки од голем дел од нив за моите успеси во однос на новинарско-дописничката, но и во огромен дел дипломатска, па ако сакате и лобистичка активност, пред се во одбрана на Македонизмот и на Република Македонија. Ама тоа беше време кога имавме иста цел – одбрана на македонското име, јазик, националност, култура, традиција и фолклор. Сега, тие се на другата страна, со Заев, Бејли и останатите докажани анти-македонисти!
За тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ме наградил како дописник од Брисел.
- Најпрво, погоре погледнете го одговорот на првата дилема поставена од Груевци уште еднаш, за да видите дека Бобан не беше единствен македонски новинар-дописник од странство. Шест ипол години дописник од Брисел, но за МРТВ, беше и друга жена, која истото го правеше првата година и за МИА, пред јас да дојдам. Пет ипол години МИА имаше и дописник од Атина, исто како и МРТВ, а Македонската телевизија за истиот период си имаше дописник и од Вашингтон, исто како и МИА во 2012 и 2013 година. А, Агенцијата последниве две години имаше дописник и од Берлин. Е, сега, сите вие мои ФБ-пријатели и поддржувачи, но и Груевски и неговите касапски кучиња, паметите некој од нив? Освен, можеби Цветин Чилиманов, кој, ако се сеќавате, за жал само година-две дописникуваше од Вашингтон. Не, се разбира, не се сеќава никој. Ама сите го знаат Бобан Нонковиќ, така [Image: 1f609.png];) . Тоа доволно кажува или да ви нацртам, што и како сум постигнал, самиот, без ничија помош, фрлен на 2.200 километри од мојата татковина.
Дали Бобан со текст или два дневно за МИА и прилог од три минути дневно за Сител правел многу или малку, најдобро ќе покаже тоа што во однос на атрактивноста на известувањето и одекот во јавноста, моето дописникување беше десеткратно поголемо од сите останати во исто време активни дописници од другите страни на светот.
А, кој повеќе профитираше, ВМРО-ДПМНЕ или јас од моето дописникување од Брисел, само ќе цитирам еден висок претставник на поранешната Влада на Груевски, кој на вечера во Брисел (кај Садула), на една нова комсомолка во кабинетот на Груевски која нешто се обидуваше да контрира за цело време на дискусијата, отсечно и порача: „Ти знаеш ли ма кој е Бобан Нонковиќ и што он има направено за партијата, благодарение на која ти си вработена во Влада?“. На мојата забелешка дека работам за државата, а не за партијата, тој пред сите, онака разгоропадено, ќе рече: „Па партијата е државата!“. Има осум сведоци на оваа случка, не еден!
За тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ме наградил да бидам дописник од Брисел.
- Абе Кире Б., Мартин, Иво, можеби Суле и Луке и пред се Никола Груевски. Кога ќе разберете дека државата Македонија, како и буџетот на републиката не беа во сопственост на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Иако така се однесувавте, а гледам и дека се уште не сте излезени од тој лош филм. И, да, вие не сте ме „збогатиле“, ниту наградиле со дописничкото место, бидејќи тоа беа пари на македонските данокоплаќачи, а не на Груевски и неговите касапски кучиња. Буџетот на Македонија е на народот, а вие го менаџира(в)те. Бобан Нонковиќ, малку его-трипично, но ќе го цитирам Миленко Неделковски - беше дописник на народот. Според реакциите до ден-денес, сие гледаме дека голема народна поддршка е останата зад мене и вашиот обид за моја дефакторизација нема да ви успее, оти јас, а и моите поддржувачи, тоа нема да ви го дозволиме, знаете [Image: 1f609.png];) .
За моето останување во Брисел и ново работно место
- Дали вие Груевци, сметате дека имате право да раководите и со животите на луѓето? Вас ли треба да ве прашам што и како ќе правам во животот? Јас си дадов отказ во МИА, бидејќи не сакам да работам со новото раководство на агенцијата. Се што е избрано од Заев и Бејли е труло и гнило, анти-македонско во срж, што не би поднел со нив ни пет минути да дишам заеднички воздух, а не да соработувам. За жал, гледам дека и по дела, а и во душа, ниту вие Груевци не сте се разликувале од нив, само сте имале добра патриотска шминка. И сега, ако вие сте избрале да играте заедно со квислингот Заев во орото на Бејли, да го зомбифицирате народот што живее во Македонија, јас треба да си дозволам и себе си и семејството да ги вратам во таква Македонија, која сите вие на ангро ја распродавате?
Ги говорам официјалните јазици на земјата Белгија плус англискиот, не се срамам од никаква работа (кога ми се роди ќерка ми во 2007 година, освен новинар во Фокус, навечер работев и шанкер во кафулиња и не се срамам од тоа, туку, напротив, горд сум) што ќе ми донесе чесна заработувачка и да го обезбедам семејството. Јас, на било-каков, но пред се чесен начин, сум подготвен да работам и заработувам за живот, не да крадам од граѓаните и да купувам куќи на хрватско приморје, цела зграда од седум милиони евра во Антверпен (Белгија), да изградам партиска палата од штаб, да поседувам две банки во Македонија, половина стопанство и сл.
И, да, за моето формално образование сум се погрижил самиот, со скромни средства, а не како Груевски, на кого летово в лице му кажав во Брисел дека бриселските бирократи кои сакаат да го видат зад решетки ми соопштија дека тој е на докторантски студии во Монте Карло (Монте Карло, еј!), тој, зачуден дека го знам тоа, со широко отворени очи да ми каже: „Внук ми таму студираше со плаќање, а мене рекотрката ми понуди бесплатна стипендија“. Абе мераци на Принцот Алберт Втори да го стипендира образованието на македонскиот екс-премиер, што да ви кажувам =514; .
18-11-2017, 02:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:За демек-македонските патриоти и што летово сум саботирал нивен протест за некаква поддршка
- Ај сега да расчистиме, оти гледам уште некои вмровски ботовии и празни лејки се обидуваат нешто да ми префрлат во тоа. Најпрво, ако едни масовни протести пропаднале, бидејќи Бобан објавил пост на ФБ, тогаш, благодарам, ама (пак ќе го цитирам Миленко) ми се влече до земја! =514;
Во мојата ФБ-објава ви објаснив кои се и чиј производ т.н. „Тврдокорни“ и што беше идејата, т.е. сценариото за злоупотреба на тие протести.
Е, сега, да ги отвориме картите до крај. Ќе признаете ли Груевци, вие негови касапски кучиња, за „бедемот“ од луѓе во подготовка на собраниските настани од 27. април? Пред се тука мислам на улогата на дел од нив со делење на пари во плико и на маски-фантомки на неколку часа пред тие крвави настани кои го направија квислингот Зоран Заев херој во очите на меѓународната јавност и политика, оти сликите со неговата крвава глава му донесоа хвалоспеви и наслови од типот: “Со крв ја одбрани македонската демократија“. Вие со една рецка на неговата глава (и ништо повеќе), значи добро организирано и оркестрирано, направивте херој од будала и непрокопсаник!
А, потоа, познато е како Груевски ги остави на цедило и на судот на удбашко-комуњарско-балистичка власт и до ден-денес гледаме што им се случува на дел од актерите во собраниските настани.
Е, сега, што е линкот со протестите организирани од т.н. „Тврдокорни“ за некој од тие затворените за собраниските настани. Ќе признаат ли Груевски и неговите касапски кучиња кој уште лани им земаше мерки на нормалните патриоти во Македонските патриотски здруженија за да им сошие уноформи! Униформи!? Да. Црни! Кога еден од водачите на МПЗ-ата тоа ми го кажа, онака радосен, минатото лето му реков да не помислат тоа да го прифатат и дека истото е казниво дело, дури и само да ги поседуваат, не да ги носат. Им реков: „Ве подготвуваат за да ве наместат“. Они ми послушаа, но за другите не знам.
По една година следуваше местенката во Собранието на 27 април 2017 година, а на протестите на „тврдокорните“ потоа, за што предупредив, требаше и тие да продефилираат со униформи од Оливер Спасовски обезбедени, а за што ќе се ставеше вечен срам и ќе се погребаа патриотските здруженија за навек!
За пари, да, се е за пари
- Со оглед на тоа што завчера ми завршија работните обврски во МИА, од професионални причини/обврски не смеам две години да објавувам детали од мојот договор. Сепак, само ќе кажам дека ако околу 2.000 евра месечна плата се многу пари за некој што со цело семејство живее и работи во најскапиот европски град, во Брисел, тогаш ви посакувам на сите со истите да дојдете и да живеете овде!
Ама, кога сме кај парите, Груевски и неговите касапски кучиња само ме обвинуваат за плата (плата, еј!) што најчесно и посветено, со секојдневна работа сум си ја заработувал и која била иста како и на останатите дописници од Берлин, Атина и Вашингтон (пак ќе прашам, некој се сеќава на нив? =514; ) можат да ми се фатат. Тешко дека можат Бобан да го уценат со на пример снимки од канцеларијата на високиот секретар како на новинари, аналитичари, професори, културни уметници, во пликоа, кеш им исплатува „благодарност“ на партијата за тоа што примателите на кешот во јавност излегувале со мислењето на касапските кулиња (не со своето, се разбира, оти се џубокс и пејат колку ќе им платиш). Нема такво нешто за Бобан, нели, оти Бобан никогаш, ама НИКОГАШ не зел пари од никого, освен официјално, на банкарска сметка за завршено дело за што е претходно потпишан договор за дело или (со)работ(к)а, камоли од политичка партија (пу, пу, скраја да е!). Инаку, немаше да има потреба да ми пишуваат тиради против мене на ФБ ако бев (пот)купен, нели? [Image: 1f609.png];)
Ама според молчењето, па дури и јавната одбрана на Груевци од страна на некои од примателите деновиве, гледам дека примателите на кешот се во незгодна позиција (ако, трпете си оти кај си јал маст, ќе јадеш и стап!).
Туку, сега демек што глумат дека се против договорот за добрососедство со Бугарија, со кој стануваме Бугари како Македонци и целата наша историја бугарска, раководството на ВМРО-ДПМНЕ да признае каква му беше улогата во заедничката намера да се направи историски континуитет на Македонската православна црква со Бугарската ПЦ. Сега гледаме дека духовникот на Заев отворено признава дека и црковното прашање е дел од договорот со Турко-монголите отаде источната граница и дека е „историска шанса Бугарската да стане црква-мајка на Македонската црква, што го играат со Партениј од Бигорски манастир. Груевски да каже што правеше на почетокот на годинава, коа со неговиот џандар, тогашен директор, во едно познато македонско ловно место, тајно примаа намесници на Антиохиската црква од Сирија, кои демек како една од трите најстари во светот на православието ќе и додели томос за автохтоност на МПЦ, а во позадина повторно беше Бугарската црква, која ќе се наметнеше како мајка-црква и ќе ги заменеше Србите (а Срби, а Бугари, исти ку*ац). Тоа не им успеа на Груевци, а во позадина исто така беа само пари, а сега, ете на брат му на Вицето и неговиот духовник им успева!

А, да, да не заборавам, Груевски и касапските кулиња, сега ја играат играта на режисерот и сценаристот за пари (заштита на парите, народните, кои се по нивни џебови) и тоа се необјавените „бомби“ со кои ги држат, а не некакви сексуални, оросписко-педерски комбинации и слично!
18-11-2017, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:За мое, демек, кокетирање со СДС и Заев
- Јас сум новинар цели 18 години (18 години, еј!), а не од вчера. Моите ставови биле, се и ќе бидат стамени како карпа и тоа нема никогаш да се промени. Јас сум тврдокорен десничар, клерикалец (посветен на црквата), близок до народот и човек од народот. Тоа се коси со се она што е и го застапува СДС од неговото постоење (од 30-тите години на минатиот век, т.е. од СКМ)! И мојата борба против нив и нивната идеологија датира од моето професионално постоење (18 години). А, со оваа банда на Заев и Бејли ќе се борам додека сум жив! Само што сега во нивнито тим е и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, уценетото и тоа е она што кај касапските кучиња и Груевци по дифолт ме прави кокетен со комуњаро-удбашите, оти нели, ги напаѓам нив =514; .
Ама ај, поконкретно. Мене, ако на некаков начин нешто ме направило близок до ВМРО-ДПМНЕ, тоа е проектот „Скопје 2014“ и воспоменичувањето на градот со ликови од славната македонска историја, величањето на античкиот карактер на Македонија и Македонците и се она што ВМРО го правело во одбрана на Македонизмот. Сега, раководството на партијата рака-под-рака со Црпнатиот работат на уништувањето на Македонизмот и тука сме веќе на спротивни страни. И тука, за ова од моја страна нема компромис, братко, нема!
Затоа, јас ќе продолжам со кариерата во друга насока, надвор од новинарството, бидејќи Бејли стави шака над македонските медиуми и истите ќе работат про-уништување на Македонизмот, па за мене нема леб таму. Но, потребна ми е само да обезбедам (да, макотрпно, мачно) една основна егзистенција за семејството и повторно ќе застанам контра тајфунот што сака да ја оддува мојата, нашата Македонија. Се надевам тоа ќе биде за брзо време, а дијаспората е поле за широк натпревар, посебно што мене ми е водилка тоа што на пример Хрватската држава е создадена од хрватската дијспора. Така, да, имам идеи и мислам дека за брзо време, токму со моето делување во дијаспората, ќе успејам да се вратам силно на браникот на татковината.
Дотогаш, ќе се читаме, гледаме, само тука, на ФБ, јбг.
Конец филма
- Се што Никола Груевски кажа, вети изминатите три години, не се оствари! Тоа, ма колку и да е уценет, сепак е интелектуалец, мора да си го признае, макар сам на себе. Затоа, неговата политичка кариера е завршена. Тој сега е само, како што еднаш кажав, политичар за поткусурување и дневно малтретирање, нов Љубчо Георгиевски, кој само е во политика за да одработи за слобода и да му останат парите, а не заради повисоки идеали. Инаку, тој ќе си заминеше уште на 11 декември 2016 година вечерта, знаеме [Image: 1f609.png];) Јасно е дека Груевски е прегорд за да го трпи ова, но што е политичкиот капитал (кој го истроши до крај) и јавниот морал наспроти слободата и удобниот живот обезбеден со многу пари, нели? [Image: 1f609.png];)
Сепак, раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја земе историјата како учител (да, да, istoria magistra vita est) оти со Панорама (тепање на криминалците на групите на Груевски против групите на Георгиевски во борбата за лидерското место во партијата во 2004 година) Груевски дојде на чело на ВМРО-ДПМНЕ, а како што стојат работите со Панорама и ќе си замине. Освен ако продолжи вака со Заев и Бејли да продолжи да работи (ок, он одработува, не работи толку активно) на распарчување на Македонизмот, што може не Панорама, туку да му ги донесе оние правите тврдокорни Вмровци, со влакна под носот (не платените пилиња на Бејли во ликот на т.н. реформатори), па да го фрлат од шестиот кат на „Белата куќа“ (не дај Боже такво крваво сценарио!).
Обидот за градење на Понтонски мост за останување во сенка на чело на партијата преку инсталирање на ГМО-политичарот Христијан Мицковски за претседате на ВМРО-ДПМНЕ, само ќе го забрзаат процесот фрлање од шести кат, да се разбереме!
И сега, за да нема недоразбирања.
Сакам, кога ќе сакате да се пресметувате со мене, вие Груевци да излезете јавно, со име и презиме и став, а не како глувци да се криете во ходниците по „Белата куќа“ и да пишувате постови на кои ќе се потпишуваат лица со спреченост во психичкиот развој. Тоа е неморално, нечесно, но и незаконски (Злоупотреба на немоќно лице).
Знаеме дека имаме уште муниција да пукаме, ова е само една граната, која, искрено, не планирав да ја испукам, бидејќи сум борец-витез и не сакам да „вадам нож на умрен Германец“, ама први почнавте да мавате под појас.
Знае Груевски, како бивш боксер, дека е потребно витештво за да бидеш почитуван, а не да се служиш со нечесни удари, а во исто време да се криеш.
Освен ако не си уценет, нели [Image: 1f609.png];)



Сите кои му дадоа подршка на Груевски во и по 2011 година, кога ги прифати и исполнуваше уцените од Ахмети за да направи влада, односно остане на власт, денеска немат право да го критикуват и да се дистанцираат од Груевски . Тие, Миленковци, Мирки, Јади Буреци, Нонковиќи, .... сите треба да заминат на ѓубриштето на историјата заедно со Груевски
18-11-2017, 02:20 PM
Reply