ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
    
Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:По една недела размислување, одлучив да прифатам и од 1. Мај 2012 година започнав со мојата работа како дописник на МИА од Брисел (а поради несродност на медиумите, соработував за цело време и со ТВ Сител).
Ниту имав, ниту имам некаква блискост со никој од/околу раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најмалку со Никола Груевски, со кого за изминатите пет ипол години како дописник сум направил однос на формална комуникација и секогаш на „Вие“, но ги чувам хвалоспевите во вид на СМС, вибер, Сигнал или Имејл пораки од голем дел од нив за моите успеси во однос на новинарско-дописничката, но и во огромен дел дипломатска, па ако сакате и лобистичка активност, пред се во одбрана на Македонизмот и на Република Македонија. Ама тоа беше време кога имавме иста цел – одбрана на македонското име, јазик, националност, култура, традиција и фолклор. Сега, тие се на другата страна, со Заев, Бејли и останатите докажани анти-македонисти!
За тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ме наградил како дописник од Брисел.
- Најпрво, погоре погледнете го одговорот на првата дилема поставена од Груевци уште еднаш, за да видите дека Бобан не беше единствен македонски новинар-дописник од странство. Шест ипол години дописник од Брисел, но за МРТВ, беше и друга жена, која истото го правеше првата година и за МИА, пред јас да дојдам. Пет ипол години МИА имаше и дописник од Атина, исто како и МРТВ, а Македонската телевизија за истиот период си имаше дописник и од Вашингтон, исто како и МИА во 2012 и 2013 година. А, Агенцијата последниве две години имаше дописник и од Берлин. Е, сега, сите вие мои ФБ-пријатели и поддржувачи, но и Груевски и неговите касапски кучиња, паметите некој од нив? Освен, можеби Цветин Чилиманов, кој, ако се сеќавате, за жал само година-две дописникуваше од Вашингтон. Не, се разбира, не се сеќава никој. Ама сите го знаат Бобан Нонковиќ, така ;) . Тоа доволно кажува или да ви нацртам, што и како сум постигнал, самиот, без ничија помош, фрлен на 2.200 километри од мојата татковина.
Дали Бобан со текст или два дневно за МИА и прилог од три минути дневно за Сител правел многу или малку, најдобро ќе покаже тоа што во однос на атрактивноста на известувањето и одекот во јавноста, моето дописникување беше десеткратно поголемо од сите останати во исто време активни дописници од другите страни на светот.
А, кој повеќе профитираше, ВМРО-ДПМНЕ или јас од моето дописникување од Брисел, само ќе цитирам еден висок претставник на поранешната Влада на Груевски, кој на вечера во Брисел (кај Садула), на една нова комсомолка во кабинетот на Груевски која нешто се обидуваше да контрира за цело време на дискусијата, отсечно и порача: „Ти знаеш ли ма кој е Бобан Нонковиќ и што он има направено за партијата, благодарение на која ти си вработена во Влада?“. На мојата забелешка дека работам за државата, а не за партијата, тој пред сите, онака разгоропадено, ќе рече: „Па партијата е државата!“. Има осум сведоци на оваа случка, не еден!
За тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ме наградил да бидам дописник од Брисел.
- Абе Кире Б., Мартин, Иво, можеби Суле и Луке и пред се Никола Груевски. Кога ќе разберете дека државата Македонија, како и буџетот на републиката не беа во сопственост на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Иако така се однесувавте, а гледам и дека се уште не сте излезени од тој лош филм. И, да, вие не сте ме „збогатиле“, ниту наградиле со дописничкото место, бидејќи тоа беа пари на македонските данокоплаќачи, а не на Груевски и неговите касапски кучиња. Буџетот на Македонија е на народот, а вие го менаџира(в)те. Бобан Нонковиќ, малку его-трипично, но ќе го цитирам Миленко Неделковски - беше дописник на народот. Според реакциите до ден-денес, сие гледаме дека голема народна поддршка е останата зад мене и вашиот обид за моја дефакторизација нема да ви успее, оти јас, а и моите поддржувачи, тоа нема да ви го дозволиме, знаете ;) .
За моето останување во Брисел и ново работно место
- Дали вие Груевци, сметате дека имате право да раководите и со животите на луѓето? Вас ли треба да ве прашам што и како ќе правам во животот? Јас си дадов отказ во МИА, бидејќи не сакам да работам со новото раководство на агенцијата. Се што е избрано од Заев и Бејли е труло и гнило, анти-македонско во срж, што не би поднел со нив ни пет минути да дишам заеднички воздух, а не да соработувам. За жал, гледам дека и по дела, а и во душа, ниту вие Груевци не сте се разликувале од нив, само сте имале добра патриотска шминка. И сега, ако вие сте избрале да играте заедно со квислингот Заев во орото на Бејли, да го зомбифицирате народот што живее во Македонија, јас треба да си дозволам и себе си и семејството да ги вратам во таква Македонија, која сите вие на ангро ја распродавате?
Ги говорам официјалните јазици на земјата Белгија плус англискиот, не се срамам од никаква работа (кога ми се роди ќерка ми во 2007 година, освен новинар во Фокус, навечер работев и шанкер во кафулиња и не се срамам од тоа, туку, напротив, горд сум) што ќе ми донесе чесна заработувачка и да го обезбедам семејството. Јас, на било-каков, но пред се чесен начин, сум подготвен да работам и заработувам за живот, не да крадам од граѓаните и да купувам куќи на хрватско приморје, цела зграда од седум милиони евра во Антверпен (Белгија), да изградам партиска палата од штаб, да поседувам две банки во Македонија, половина стопанство и сл.
И, да, за моето формално образование сум се погрижил самиот, со скромни средства, а не како Груевски, на кого летово в лице му кажав во Брисел дека бриселските бирократи кои сакаат да го видат зад решетки ми соопштија дека тој е на докторантски студии во Монте Карло (Монте Карло, еј!), тој, зачуден дека го знам тоа, со широко отворени очи да ми каже: „Внук ми таму студираше со плаќање, а мене рекотрката ми понуди бесплатна стипендија“. Абе мераци на Принцот Алберт Втори да го стипендира образованието на македонскиот екс-премиер, што да ви кажувам =514; .
|
|