Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
27.04.2017 Е КОПРОДУКЦИЈА НА СЛУЖБАТА, СДСМ И ДУИ-ЕКСПОЗИТУРТА НА БЕОГРАД
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Касами: 27-ми април беше сценарио за кое знаеја и Заев и Ахмети



[Image: Bilal-Kasami.jpg]

27.10.2017
Јас нема да му простам на премиерот ако знаел. А, знаел зошто тој договорил со Ахмети да не биде во Собранието дента. Тој воопшто не ни кажа што се спрема, кажа Билал Касами , лидерот на движењето „Беса“ во гостување на Канал 5, во врска со случувањата во македонскиот парламент на 27 април, годинава.


Quote:Ние кога завршиме, ни кажаа дека можеме да си одиме, и затоа се повлековме полека и си заминавме од Собранието. Во истиот момент тие држеа прес конференција, а во тој момент влегоа демонстрантите. Ние не знаевме што се случува надвор. Ако се гледа целата снимка, а мислам дека тоа е намерно монтирано, дури и специјалците не притрчаа зошто и тие не знаеа што се случува. Можеше да се избегне целата таа работа, се знаеше дека се собираат демонстратнтите околу 6, односно времето кога го избираа спикерот, вели Касами.


Тој посочи дека се изиграни од СДСМ. Вели дека „Беса“ дала потписи без никакви усови, но Зоран Заев го заборавил тоа и се здружи со Али Ахмети.
Според Касами, Зоран Заев требаше да биде доследен на неговите политики и затоа очекувањето на „Беса“ било дека ќе имало реформска влада за да се даде придонес за новите реформи, а не со сегашните министри на ДУИ, кои според Касами немаат ни „Р“ од реформите.


Јас одамна се сомневам дека зад настаните од 27.04.2017 стои СЛУЖБАТА.


[Image: cebb10bf-7f53-46a5-b991-29b724665133.png]



[Image: bb617ce8-2c88-4e0b-b1c6-5c0d7f5f7d0d.png]
27-10-2017, 11:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ахмети: Вознемирен сум што Села ме обвинува за негова ликвидација





Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека е многу разочаран и вознемирен што лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, го вперил прстот во него дека тој е нарачател на обидот за убиство на Села на 27 април во собранието.







-Многу сум разочаран поради погрешната страна што ја презема Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап во правец на процесите. Села не е подготвен за големи процеси. Уште повеќе сум вознемирен од вчерашната изјава на Села дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа да го елиминираме и политички. Би сакал Села да биде поконструктивен, рече Ахмети на денешната средба со новинарите.
Ахмети очекува победа на изборите в недела упатувајќи критика кон политичките противници Алијанса за Албанците и Беса, дека и тие како и ВМРО-ДПМНЕ воделе погрешна политика и поради тоа бележеле лоши изборни резултати. Додаде дека очекува мирен изборен ден, фер и демократски, во средините каде што се води тесна битка за гласови.
-Јас не сум тој кој урива, потпалува и гази. Тоа ќе се случи од страна на граѓаните на 29 октомври. Јас очекувам мирни и демократски избори, луѓето да гласаат без заплашувања и притисоци, вели Ахмети.
Ахмети не сакаше да го коментира присуството на Љубе Бошковски на средбата во Тетово, тој се правдаше дека се работело за митинг на СДСМ, а не на ДУИ и тие, според него, имале право да поканат кого сакаат. На новинарски прашања за консензуален претседател на државата, Ахмети рече дека сè уште не разговарале со Заев на таа тема, но не ја исклучува можноста тоа прашање да се отвори. Лидерот на ДУИ додаде и дека не е заборавена Декларацијата на Албанците, таа, како што рече, веќе се спроведува преку Законот за албанскиот јазик, кој е во собраниска процедура. Ахмети зборуваше и за учеството на албанскиот фактор во спорот со Грција, реформите во судството, а ги повика и Обвинителството, СЈО и меѓународната заедница да отворат истрага за сите функционери на ДУИ и ако има сомневања и индиции дека направиле криминали од 2002 година, па сè до денес, да бидат изведени пред лицето на правдата.
Г.Н.Р
28-10-2017, 01:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Покренато обвинение против 30 лица за „крвавиот четврток“








Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд го поднесе обвинителниот акт за настаните на 27 април лани во Собранието. Со него обвинети се 30 лица од вкупно 35 првично осомничени и опфатени со истрагата.
Нема прекфалификација на кривичното дело, соопшти јавниот обвинител Љубомир Јовески, па 28 од вкупно 30 лица сега веќе обвинети се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок, дело за кое според Кривичниот законик на Република Македонија е предвидена минимална казна затвор од 10 години. Две лица се обвинети за помагање на истото дело.
Од обвинение се спаси само пратеничката Жаклина Пешевска за која, посочија од обвинителството, не се пронајдени докази дека на каков било начин учествувала во настаните. За четворица од 35-те кои беа опфатени во истрагата, е запрена постапката бидејќи тие се во бегство и истата, според најавите, ќе продолжи откако тие ќе бидат пронајдени.
– Обвинителството е уверено во оваа правна квалификација на кривичното дело и во доказите со кои располага. Претпоставувам ова во постапката ќе биде оспорувано од страна на одбраната, но обвинителството е уверено во доказите со кои располага – рече Јовески, кој соопшти и оти побарале продолжување на мерките притвор  куќен притвор за обвинетите.
Покрај обвинетите, посочија од обвинителството, истрагата утврдила дека во организацијата на настаните од 27 април биле вклучени и одреден број засега непознати лица, за што во наредниот период ќе продолжат истражните дејствија.
Истрагата на обвинителството покажала дека обвинетите ивршиле повеќе поврзани и усогласени дејствија, го мобилизирале членството на неколку здруженија со цел насилно да влезат и извршат насилство во Собранието.
При презентацијата на резултатите од истрагата, 30-те обвинети беа посочувани во неколку групи зависно од дејствата кои ги преземале на „крвавиот четврток“. Меѓу нив е и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.
Така, меѓу нив се тројца вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) кои имале златна и сребрена команда. Според обвинението, иако биле известени дека е загрозен животот на пратениците, новинарите и вработените во службите на Собранието, тие не издале наредби за распоредување на дополнителни специјални полициски сили, а подоцна не дале ниту наредба за евакуација.
Во групата обвинети се и едно лице кое дента околу 14.30 часот на 27 април телефонски било известено да ја започне акцијата откако претходно со други обвинети го мобилизирле членството од Скопје и другите градови однапред знаејќи дека Собранието нема да биде заштитено од полициските сили.
Десетмина од обвинетите, пак, се лица кои делеле фантомки на поголема група луѓе и по телефонски повик две минути пред 19 часот на „крвавиот четврток“ се упатиле кон влезот на Собранието.
Четворицата организатори на протестите од движењето „За заедничка Македонија“ (Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски, Владо Јовановски и Борис Дамовски) со потпалувачки говори ја разгорувале нетрпеливоста на собраните граѓани.
– Поттикнатите граѓани, заедно со групата која носела фантомки ја прескокнале заштитната ограда околу Собранието, и се обиделе со туркање, удирање и кршење насилно да ја отворат влезната врата, но поради безбедносната заштита не успеале – соопшти Елизабета Недановска, самостоен јавнообвинителски советник за односи со јавноста во обвинителството.
Истовремено, додаде таа, еден од пратениците телефонски контактирал со лице кое било пред собраниската врата, а потоа сите петмина пратеници (Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски) со тројца обвинети од собраниското обезбедување ги отвориле вратите. Лицата од обезбедувањето се тие кои ги насочувала граѓаните и насилниците кон пленарната сала и кон прес-центарот во Собранието. Во тоа им помагале уште двајца вработени во Собранието и еден Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.
– Во прес-центарот додека траело насилството и нападот од страна на обвинетите, еден од обвинетите се насочил кон оштетениот пратеник Зоран Заев, посегнал по пиштолот кој го носел со себе, но не испукал затоа што оштетениот бил заштитен од обезбедувањето и од други присутни лица – рече Недановска.
Уште еден детал од истрагата кој беше соопштен на денешната прес-конференција е дека обвинетите додека вршеле напад користејќи ги сите можни предмети кои им нашле пред раце, поставиле и две импровизирани експлозивни направи под работните бироа во ве канцеларии.
Улогата на двајцата обвинети за помагање – вработени во МВР, пак, била во тоа што додека траело насилството тие одзеле два хард диска со цел да ги прекријат трагите и да не се откријат регистрираните дејствија од упадот.




Quote:Дарко Јаневски ФБ статус

За да се види колку е „издржана“ квалификацијата за „тероризам... “ за настаните од 27 април ланската година, доволен е овој цитат од вчерашната прес конференција на Јовевски и портпаролката:
„Обвинителството утврди дека обвинетите со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на РМ, да оневозможат избор на претседавач и претседател на Собранието на РМ, предизвикале акт на насилство... и притоа создале чувство на страв и несигурност кај граѓаните... Сите имале иста цел, да се оневозможи натамошното функционирање на новото парламентарно мнозинство и натамошното функционирање на Собранието на РМ“.
Е, ајде сега да почнеме од последната реченица во овој цитат: „Сите имале иста цел, да се спречи натамошното функционирање на новото парламентарно мнозинство...“ Од ова произлегува дека обвинетите имале намера наредните четири години да дежураат таму и да ги спречуваат Заев и Ахмети да формираат коалиција, односно ново парламентарно мнозинство, што изгледа прилично несериозно за еден обвинителен акт за вака тешко дело. Како го утврдиле ова, само тие си знаат. За делот од реченицата кој вели - „да се спречи нормалното функционирање на Собранието на РМ“, не вреди ни да се разговара.
Но врв на се е всушност почетокот каде стои дека обвинетите имале намера да го спречат „изборот на претседавач и претседател на Собранието на РМ“ и со тоа го „загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ“. Одговорот што овде недостига е:
1. Што се случило со претседавачот на Собранието (Трајко Вељановски) кој 30 минути пред тоа го затвори продолжението на седницата за тој ден;
2. Кога тој закажал седница за избор на нов претседавач што обвинетите го спречиле и
3. Која е таа седница кога се стигнало до моментот на гласање за претседател на Собранието, што обвинетите исто така го спречиле.
А, ако немало легално закажана седница на 27 април за избор на претседавач (не ни можело да има зашто таква седница зашто претседавач - Вељановски - веќе имало) и согласно тоа нема легално избран претседател на Собранието, тогаш кој уставен поредок го нарушиле обвинетите?
Дополнителен факт е што Обвинителството мисли на изборот на Горан Мисовски за наводен претседавач и на Талат Џафери за наводен претседател на Собранието, но и тука ја утнало работата, зашто обвинетите влегоа внатре откако Мисовски и Џафери беа избрани, а не пред тоа, на фалсификат седница за која нема и не може да има документи. Како тогаш обвинетите имале намера да спречат Мисовски и Талат да бидат избрани кога тие веќе биле избран, и како го попречиле нормалното функционирање на Собранието, ако тоа, функционирало, што се гледа и од изборот на Џафери кој за Јовевски е легален, останува нејасно. А со тоа и квалификацијата за тероризам со која Обвинителството продолжува срамно да се брука.
(This post was last modified: 28-03-2018, 01:20 AM by ЈорданПетровски.)
28-03-2018, 01:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Повторно приведени дел одобвинетите за настаните од 27 април

 
28.03.2018
Пет лица обвинети за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година, ноќеска повторно се приведени и пренесени во Истражниот затвор Скопје, по налог на Кривичниот суд.

Нивното приведување следува откако вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека до Кривичниот суд е поднесен обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

Врховниот суд во понеделникот одлучувајќи по жалби на осомничените, реши за дел од нив да ги укине мерките притвор и куќен притвор. Од затворски притвор беа пуштени поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои добија мерката куќен притвор.
28-03-2018, 01:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Постојат основи за нови притвори

28.03.2018
 Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески смета дека по вчера поднесениот обвинителен акт, има основи за нови мерки притвор за дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година.  

Јовески во изјава за Дојче веле, наведува дека одлуката на Врховниот суд пред два дена за притворите, се однесува за жалбите доставени во делот на истрагата, а новите мерки се побарани откако Обвинителството и официјално подигна обвиненија за 30 лица за случувањата од 27 април.

- Обвинителството смета дека постојат основи за притвор. За секоја од побараните мерки за обезбедување има поединечни околности кои се ценат - дали лицата се вработени, семејно-материјалната состојба, нивни релации со роднини во странство - вели Јовески и потенцира дека Обинителството располага со доволен број докази да го докаже ова обвинение пред Судот.

Тој не обелоденува кои се основите за барањето притвор, но посочените околности сугерираат дека во најголем број случаи се превенира можноста од бегство, односно да се обезбеди можност тие да бидат достапни за време на судскиот процес.

Петмина обвинети, на барање на ЈОРМ, ноќеска се приведени, а Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор.
28-03-2018, 01:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Oбезбедувањето на Груевски, нарачател на тепачите од “Крвавиот четврток”

НН лице, што користело телефонски број во сопственост на Службата за општи и заеднички работи, му јавил на Александар Василевски Нинџа, да мобилизира тепачи за насилство

[Image: -акт-750x430.jpg]

Судство.мк екслузивно  објавува делови од Обвинителниот Акт Ко.бр.66/17 за крвавиот четврток, во кој се содржани информации кои вчера не беа соопштени од државниот обвинител на одржаната прес конференција.
Александар Василевски Нинџа по налог на лице од обезбедувањето на Груевски кое било со него, примило повик во 14ч30м за да мобилизира 68 насилници, кои се собрале подоцна во ресторан на кејот, каде им биле поделени фантомки.
Во 18ч58м, во обвинението повторно не се изнесува кој му се јавил на Никола Митрески- Кољо за да извршат насилен упад.
Во обвинителниот акт на 15 стрни е наведена хронологија и опис на дејствија , а во наредните 17 се наведни доказите на кои се темели обвинителниот акт, а кој според листата на докази се 422.
Целиот овбинителен акт, интегрално ќе биде ексклузивно објавено на нашиот портал Судство.мк во наредните неколку минути.
28-03-2018, 11:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:68 насилници со фантомки биле главни во упадот во Собранието, Ги водел Нинџа

Во обвинението се вели дека Александар Василевски-Нинџа собрал 68 лица во кафебар во Скопје на кои Горанче Анѓеловски-Ќосето им делел маски-фантомки за да си го прикријат лицето. Обвинетите Борис Дановски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски ги повикале граѓаните од пред Собранието кон вратите на објектот.
[url=http://www.sudstvo.mk/author/desk/][/url]
Јавното обвинителство за гонење на криминал во обвинителниот акт против 30 обвинети за „крвавиот четврток“, навел дека од 14.30 до 22.30 за време на констутивната седница на собранието на РМ обвинетите биле со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на Македонија.
При тоа сакале да спречат избор на спикер а предизвикале страв и ги загрозиле животите на пратеници, новинари, полицајци и вработени во Собранието. Сега обвинетите според ОЈО, мобилизирале членство од здруженијата „Тврдокорни“, „Черноземски“, „Ченто“ и „Ќосето“ на кои им делеле маски и фантомки, при тоа подготвувајќи за упад во Собранието.
ОЈО открило дека голем дел од обвинетите телефонски контактирале и се договарале бидејќи знаеле дека тој објект дента немал соодветна полициска заштита. Според ОЈО Митко Чавков, Митко Пешов и Душко Лазаров овозможиле непречено толпата да изврши насилен упад во собранието. Во обвинението се вели дека Александар Василевски-Нинџа собрал 68 лица во кафебар во Скопје на кои Горанче Анѓеловски-Ќосето им делел маски-фантомки за да си го прикријат лицето. Обвинетите Борис Дановски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски ги повикале граѓаните од пред Собранието кон вратите на објектот.
Петмина пратеници според ОЈО и началникот на обезбедување на Трајко Вељановски директно учествувале во отстранувањето на заштитните бариери на влезните врати од Собранието. Дел од обвинетите вработени во кабинетот на Трајко Вељановски ги носеле насилниците кон Прес сала бр.3 каде бил Талат Џафери а обвинетиот полицаец Горан Ѓошевски-Леви со службена картичка ја отворил вратата од холот.
Јане Ченто со нога го удрил Зоран Заев по стомакот а потоа дел од насилниците почнала да тепа пратеници, новинари, камермани а меѓу новинарите најтешко минал Димитар Тануров од „Мета“. Додека со часови полицајците од Собранието барале помош од МВР сега обвинетите шефови од МВР не презеле ништо за да спречат насилство.
Се поставува прашање, зошто не се опфатении со обвинението и патриотските, т.е. граѓанските здруженија.
29-03-2018, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(28-03-2018, 01:13 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Повторно приведени дел одобвинетите за настаните од 27 април

 
28.03.2018
Пет лица обвинети за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година, ноќеска повторно се приведени и пренесени во Истражниот затвор Скопје, по налог на Кривичниот суд.

Нивното приведување следува откако вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека до Кривичниот суд е поднесен обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

Врховниот суд во понеделникот одлучувајќи по жалби на осомничените, реши за дел од нив да ги укине мерките притвор и куќен притвор. Од затворски притвор беа пуштени поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои добија мерката куќен притвор.




Quote:Повторното апсење на обвинетите од 27 април е непочитување на Врховниот суд

Основниот суд се прави попаметен од Врховниот кога е во прашање повторениот притвор за дел од учесниците во насилниот упад во Собранието, смета адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.
Според него, Обвинителството е привилигирано во постапката бидејќи додека бранителите спијат, судот преку ноќ, во црни темници заседава и носи нови решенија и не остава можност за одбрана на обвинетите.

[Image: cento_policija.jpg]

Синоќешната акција покажува конфузија и хаос, не се знае чија одлука треба да се почитува. Евидентно е непочитување на одлуката од Врховниот суд, која е сменета за еден ден. Тука имаме и селективна примена на законот. Обвинителството побарало притвор за сите лица на кои мерката притвор им е заменета за куќен притвор, а од Судот одобрено е во повторен притвор да заминат само припадниците на МВР“, рече адвокатот Давидовиќ.
Тој смета дека повторното притворање е правно издржано во смисла на закон.
„Ние, правниците, учиме дека треба да се почитува одлуката на Врховен суд, кој ја проценил состојбата и утврдил дека треба куќен притвор. Трипати понизок суд вели Врховниот суд нема поим, ние знаеме повеќе“, додава Давидовиќ.
Според адвокатот, судот си игра со човечките судбини постапуваќи со двојни аршини.
„Обвинителството е една од странките. Имате ситуација во која судот постапува по барање на Обвинителството, а бранителите спијат. Тука немаме правен механизам. Што ако сакавме да дадеме гаранција или, пак, некој човек е смртно болен? Немате еднакви права. ОЈО e привилигирано во конкретниот случај, но и во сите постапки“, коментира Давидовиќ велејќи дека и Стразбур упатил критика за прекршувањето на човековите права и слободи.
Двојните аршини на судот се гледале и преку различните постапувања кога се во прашање предметите на ОЈО и СЈО, тврди Давидовиќ, кој вели дека Стразбур не е благонаклонет на ваквото постапување.
Одреден 30 дневен притвор за Чавков и уште четири лица обвинети за настаните од 27 април

[Image: Screenshot_1-28.png]

Синоќешниот чин на повторно притварање на истите луге кој пред само неполни 24 часа им беше укинат притворот кај народот предизвика немир и растројство и огромен  револт .
Инаку за информација на јавноста ,Митко Чавков и Оливер Поповски,  одбивале да примат храна и во знак на протест од тортурата која намерно им се прави ,стапиле во ШТРАЈК СО ГЛАД дознава МЕДИА24.
За тортурата врз Чавков и останатите зборува и фактот кога пред да излезе од притвор ,неговиот адвокат чекајки ја пресудата на Врховен суд изјави дека здравствената состојба не е добра на Митко Чавков и дека затворската управа воопшто не се грижела за здравјето на неговиот клиент,а сега со овие дополнителни психички растројства кои му ги прават на Митко Чавков и останатите , па и на нивните семејства, само го покажува односот на власта директно кон нив  .
Дали позади ова тортура има некаква друга позадина, останува да видиме.
29-03-2018, 12:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9







Quote:Ако според Нухиу на 27 април постоела терористичка вооружена група во Чаир, тогаш што преземаат МВР и ОЈО за тоа ?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното негово гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија истакна дека обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27-ми април во Собранието е премногу конфузно и нејасно.
Како што рече тој, обвинител треба да ги преиспита изјавите на Агим Нухиу тогашен прв човек на МВР бидејќи тој имал златна команда, а не преземал ништо за случувањата во Собранието.
– Излезе Јавниот обвинител и го образложи обвинението. Но она што загрижува во целиот тој процес, а бевме сведоци на вашата телевизија на емисијата „КОД“ каде што беше цитирана изјавата на тогашниот министер за внатрешни работи Нухиу, каде што тој, иако има златна команда ништо не презема. Второ има индиции дека во истиот тој момент додека траат случувањата во Собранието имаме групирање на терористичка вооружена група во општина Чаир и во неколку други места во Република Македонија, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ следствено праша зошто изјавата на Агим Нухиу не е дел од обвинението и зошто Јавниот обвинител посериозно не се заинтересирал да ја истражи оваа изјава. Според него она што дополнително загрижува е што МВР не покренало истрага за тоа кои се вооружените лица кои се групирале за време на настаните, дали нивното поседување на оружје е легално, од каде е потеклото на оружјето и зошто Нухиу како прв човек на тоа министерство не ги преземал потребните процедури за да се спречи тоа.
-Ако ние за така краток рок имаме група која се мобилизира и се вооружува така подготвена да иницира воен конфликт, а притоа министерот тоа го знае и ништо не презема, логично е дека со ова се охрабруваат овие луѓе и во иднина да се случува. Каде е тука правната држава, каде е тука одговорноста на министерот, каде е одговорноста на Јавното обвинителство, каде е одговорноста на сегашниот министер и органите кои се под него, заклучи Мицкоски.
03-04-2018, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10



05-04-2018, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

[Image: 32105615_10212321025722999_7525777425607...e=5B88D82D]
08-05-2018, 01:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Од емисијата "КОД" дознавме дека за некои обвинители чинот на "изборот" на Талат Џафери за претседател на Собрание НЕ БИЛ КРИВИЧНО ДЕЛО ниту ПРОТИВУСТАВЕН АКТ затоа што внимавајте "пратениците имале право да гласаат по слободно уверување" и нивното гласање со две раце, надвор од утврдената процедура, без донесен и усвоен записник, без стенограм, без пренос на седницата на собранискиот канал и без многу други задолжителни процедурални дејствија НЕ БИЛО КРИВИЧНО ДЕЛО и сево ова можело да биде обжалено само пред Управен или пред Уставен суд?!

НЕ ПОСТЕЛА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!!!
Според обвинителите целата режија на злосторничкава група не било кршење на УСТАВНИОТ ПОРЕДОК, ако воопшто знаат што е тоа!
Значи вие обвинители кои очигледно сте го преспале, или сте го полагале со врски предметот Уставно право на факултет, вам ви пишувам куса лекција по Уставно право!
Пратениците согласно Уставот, Законот за Собрание и Деловникот на Собранието СЕ ДОЛЖНИ да ги почитуваат правилата поврзани со работата и функционирањето на Собранието и се должни да работат и да се однесуваат согласно правните правила!
Пратениците не се надвор ниту се НАД уставниот поредок!
Тие мора да делуваат согласно правилата содржани во уставниот поредок!
Ако не знаете што е уставен поредок тогаш срам и резил ЗА ВАС!
Уставен поредок е со Устав и со други правни правила утрден ред и востановен поредок во државата, наједноставно кажано за да може и прваче да ме разбере!
Ако пратениците не треба да ги почитуваат правилата за работа на Собранието и ако тие можат да прават што сакаат и како сакаат во Собранието, затоа што нели тие имаат право на слободно уверување, според вашите кажувања, тогаш Собранието може да се дефинира како арена на незаконие, како место на пратеничка анархија, на безредие затоа што така пратениците одлучиле врз основа на нивното слободно уверување?!
Според вашето гледање на работите утре пратениците од опозицијата или кој било друг би можеле да ја запоседнат масата на Џафери и не би му дозволиле да раководи со седниците, би можеле да не ги почитуваат правилата од Деловникот, би можеле да скокаат од маса на маса затоа што такво е нивното слободно пратеничко уверување!
Би можеле да ги блокираат влезовите во Собранието, би можеле да не го дозволуваат почетокот на ниту една пленарна седница, на ниту една комисија, би можеле КОМПЛЕТНО ДА ГО БЛОКИРААТ СОБРАНИЕТО ЗАТОА ШТО ТИЕ ТАКА САКААТ!
И ТОГАШ НЕМА ДА ИМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА НИКОГО???
БРАВО ЗА ПРАВНОВО ТОЛКУВАЊЕ!
СО ВАКВИ ПРАВНИЦИ ТЕШКО И ГОРКО НА ГРАЃАНИТЕ И НА ДРЖАВАТА!!!
08-05-2018, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Скандалозната седницата на Парламентот од 27 април формално не постои

[Image: safe_image.php?d=AQDa49bb-gY1NiXX&w=476&...rNsPG01_tg]

Џафери призна за Алфа, записник од т.н. седница на 27 април лани на која тој нелегално беше избран, официјално нема.
09.05.2018 16:49:10
Џафери призна за Алфа, записник од т.н. седница на 27 април лани на која тој нелегално беше избран, официјално нема. Записникот наводно бил напишан ама никогаш не бил усвоен оти не бил ни ставен на седница, тврди собранискиот спикер,  иако помина и повеќе од година дена. Ова практично значи дека седницата официјално е нелегитимна, а во меѓувреме Џафери го раководи Собранието како да е законски избран.
„Тој е напишан ама не е ставен на седница. Не е ставен на дневен ред до сега оти немаше услови за тоа. Кога ќе биде ставен не знам, веројатно кога ќе се создадат услови“ вели Џафери во кус телефонски разговор за Алфа.

Ова значи и дека собранискиот спикер директно ја опструира работата на Обвинителството, од каде велат дека процесуирањето на кривичната пријава против него и други пратеници, токму заради нелегалниот избор, не може да мрдне, оти Собранието не им го дава овој но и другите документи од тој ден.

„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Здружение на граѓани за почитување на прописи - Битола, во неколку наврати достави барање до Собранието на Република Македонија за обезбедување документација, меѓу кои и за доставување на записникот од одржаната собраниска седница на 27 април 2017 година. Согласно чл.105 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, записникот треба да биде усвоен на пленарна седница што до овој момент не е сторено“, велат од обвинителството за Алфа.
Џафери пак вели им ги дале документите, иако стопроцентно не е сигурен.

„Другите документи веројатно службите во Собрание ги дале, тие подобро знаат“, додава спикерот.

Обвинителството досега молчеше за тоа до каде е постапката. Познавачите тврдат дека до сега морале да обезбедат записник или да лоцираат одговорност за Собранието оти не го дава.
Кривичната пријава ја поднесе битолското Здружение за почитување на прописите, овен против Џафери и против Горан Мисовски,Ферид Мухиќ и 64 други пратеници за злоупотреба на положбата, велепредавство, противзаконско посредување, лажно претставување. 

Искра Коровешовска



Зар треба поголем доказ дека изборот на Таљат е незаконски.
(This post was last modified: 12-05-2018, 11:43 PM by ЈорданПетровски.)
12-05-2018, 11:42 PM
Reply