Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ФРЧКОВОТО КУФЕРЧЕ СО МИЛИОН ДОЛАРИ ПОТКУП ЗА ГЛИГОРОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Министерско куферче со милион долари


МАКИЛИКИС - Како Љубомир Фрчкоски го продаваше името на Република Македонија

[Image: frcko_0.gif]

Министерот Љубомир Фрчковски, - преку свои луѓе од македонската полиција во името на неидентификувани Грци, односно од грчкиот разузнавач генералот Николаос Грилакис, на претседателот Киро Глигоров му понудил еден милион американски долари што ќе му бидат оставени каде што ќе посака тој, во било која банка во светот, ако во отпочнатите преговори меѓу Грција и Република Македонија се откаже од уставното име на државата.Весникот Бизнис од денес па во наредните десеттина дена ќе објавува продолженија од текстови поврзани со некои , повеќе или помалку познати мистерии околу преговорите за името со Грција.Некои од документите ќе бидат објавени за првпат во македонската јавност.

Во првиот дел ќе биде објавена кривичната пријава што му е поднесена во 2002 година од полицијата на поранешниот министер за внатрешни и надворешни работи Љубомир Фрчковски и барањето за негов притвор. Вториот дел содржи неколку документи од македонското разузнавање во кои се опишуваат средбите на наши разузнавачи со грчки колеги во Солун и Букурешт, како и средби со богати грчки и други бизнисмени заинтересирани за решавање на спорот за името, односно за промена на името.

На крајот ќе објавиме и некои помалку познати детаљи поврзани со атентатот на претседателот Киро Глигоров во 1995 година и подоцнежната истрага.
Нашиот весник ќе се потруди да ги објави и сите пристигнати реакции на негова адреса, се разбира , доколку нив ги има.
Одредени делови од текстовите –кратки верзии- ќе објавуваме на нашата интернет страница – на следната адреса http://www.biznis24.com.mk
Што се однесува до самите текстови, ви соопштуваме дека се потрудивме да ги објавиме такви какви што се напишани во оригиналот.

Нашата интервенција е направена во техничко-новинското оформување,поточно во одделувањето по продолженија, ставањето на наслови, поднаслови и меѓунаслови. Должни сме да ве информираме дека во дел од докуметите нема да ги споменеме имињата на македонските оперативни работници и некои други имиња чие објавување не е дозволено. За разлика од тоа ќе бидат објавени конспиративните имиња на разузнавачите и конспиративните оперативни имиња.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Против д-р ЉУБОМИР Данаилов ФРЧКОВСКИ, професор на правниот факултет во Скопје, роден на 02.12.1957 година во Скопје, живее на ул.Рајко Жинзифов број 2 – Скопје, советник на претседателот на Република Македонија, вклучен да работи во експертскиот тим за меѓународно право и меѓународни односи за името на Република Македонија во преговорите со Р.Грција, поранешен министер на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за надворешни работи на Владата на Република Македонија. Против него се води истрага за кривично дело според член 353 став 3 од кривичниот законик, неосудуван, -

[Image: untitled_0.JPG]


Затоа што:

На точно неутврден ден и месец во 1993 и 1994 година, како службено лице на функцијата министер на Министерството за внатрешни работи на Владата на Република Македонија – (надлежен меѓу другото: во заштита на поредокот утврден со Уставот – државна безбедност; во заштита на животот и личната сигурност на луѓето; во спречувањето и откривањето на кривичните дела и нивното предавање на надлежните органи, одржување на јавниот ред и мир; во заштитата на определени личности и објекти; во други определени со закон итн; - според член 1 од „Законот за внатрешни работи“, Сл.Весник бр. 37 од 10.11. 1980 год, бр. 36 од 06.08.1991 и бр. 19 од 25.02.1992 год, одредби кои се идентични на оние од Законот за внатрешни објавен во Сл.Весник број 9/1995 год) – ја искористил својата службена положба и овластување, ги пречекорил границите на своето службено овластување, и не ја извршил својата службена должност. Имено, најпрвин не сакал да пристапи по бројните усни барања на претседателот на Република Македонија, г. Киро Глигоров (кој бил надлежен за вакви прашања, бидејќи според Уставот, ја претставувал Републиката, бил врховен командант на вооружените сили и претседател на Советот за безбедност на Република Македонија) – да не му одобрува незаконски престој во Скопје на шефот на известителните служби на Република Грција, г.Николас Грилакис, кој побегнал од Грција наводно под закана од некаков кривичен прогон од новиот режим во Грција и во спортивност на законската регулатива без да биде пријавен, без да добие азил или да му се даде статус на бегалец, се криел бесправно во еден стан на МВР во Скопје, а претседателот Глигоров стравувал да не се дознае за случајот и да не се создаде меѓудржавен проблем.


Пречекорени граници на овластувањата

Потоа, осомничениот, наместо да пристапи според барањето на претседателот Глигоров, или доколку со него не се согласувал, за истиот проблем да го извести премиерот г. Бранко Црвенкоски, или Владата, умислено да пристапи според неговите настојчиви барања и за да не ја изврши својата службена должност, од друга страна со намера и за себе да набави противправна имотна корист, а таква значителна корист набави и за претседателот Глигоров, најпосле, а тоа бил и најзначајниот мотив на осомничениот, и за да го „одоброволи“ претседателот Глигоров да се согласи во преговорите со Грција да се промени уставното име на Република Македонија, усмислено ја изместил својата службена положба и ги пречекорил границите на своето службено овластување на таков начин што направил четири противправни обиди да посредува за да се корумпира претседателот Глигоров, во што несомнено имал и скриена намера, да го наруши дигнитетот на претседателот Глигоров, да наштети на достоинството на Република Македонија, да им причини нематеријална штета на граѓаните на Република Македонија и да го загрози уставниот поредок, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Грилакис во Скопје

Ова го сторил на следниве начини:

1. Претседателот на Републиката, г.Киро Глигоров, вршејќи ги своите права и должности врз основа и во рамките на Уставот и законите, бидејќи дознал дека од соседна Република Грција во Скопје, во спортивност со законската регулатива, без да биде пријавен, да добие азил или статус на бегалец, се крие поранешен шеф на известувачките служби на Република Грција, г.Николас Грилакис, го повикал во својот кабинет осомничениот кој во тоа време извршувал функција на министер на Министерството за внатрешни работи на Владата на Република Македонија, и му објаснил јасно, децидно и сериозно дека не е во интерес, а е штетно за Р.Македонија лицето од Грција да остане со престој во Скопје, а МВР да го крие во еден од своите станови. Исто така, во една од бројните повторени средби за истиот проблем, му предочил дека тоа од него го бара како Претседател на Р.Македонија, под чија команда за време на војна е и тој, како министер на МВР.

Претседателот му истакнал дека може , доколку за тоа се дознае, да се растројат односите меѓу двете земји, Грција и Македонија, па дури Република Грција да превземе непредвидливи мерки против Република Македонија што би можело да и наштетат. Му предочил и на можноста шефот на известувачките служби на Грција
да е дојден во Скопје и со некаква скриена намера и да работи против интересите на Република Македонија. Го советувал да му го откаже „гостопримството“ и да го префрли во друга земја каде тој ќе посака.

Меѓутоа, осомничениот најпрвин не сакал да пристапи според барањето на претседателот Глигоров, а потоа со умисла пристапил во спротивност со своите службени овластувања на прв човек на МВР, така што за да го одоброволи претседателот Глигоров, да го промени својот став за „побегнатиот“ Грк, самиот да набави имотна корист, се обидел да посредува и дрско да му понуди на претседателот Глигоров да прими вредносни и парични подароци (наводно) испратени од Гркот во знак на благодарност што го оставил повеќе месеци да престојува во Скопје: скапоцена амфора извадена од некој потонат брод во Егејско Море, скапоцен саат со златна гривна и во куферче – сто илјади американски долари. Претседателот, во сите овие три случаи за корумпирање, со револт и гнасење одбил да ги прими предметите и парите, и му ги вратил на осомничениот, за да ги врати на Гркот.

Милион долари - понуда за Глигоров


2. Осомничениот, бидејќи не успеал да го корумпира претседателот Глигоров, со дејствија како под точка 1, умислено, но со намера, користејќи ги врските воспоставени од овластените лица на МВР, со истиот шеф на известувачките служби на Грција, преку него, воспоставувајќи врски со други неидентификувани Грци од Солун, по четврти пат направил обид да го корумпира. Му се јавил по телефон и побарал, за да не му појаснува по телефон, да ги прими и сослуша во својот кабинет двајцата полицајци на МВР, што му ги испраќа за кои нагласил дека се негови луѓе. Откако претседателот Глигоров се согласил и ги примил луѓето на министерот Љубомир Фрчковски, - тие со срамење и гледајќи во подот, во името на неидентификувани Грци, му понудиле еден милион американски долари што ќе му бидат оставени каде што ќе посака тој, во било која банка во светот, ако во отпочнатите преговори меѓу Грција и Република Македонија за името се откаже од уставното име. Претседателот, и во овој случај, пристапил како и во претходните три, - не го прифатил посредувањето да го прими „подарокот“, туку, и овој обид на осомничениот и Гркот за да биде корумпиран, со гнасење и револт го отфрлил, велејќи им на полицајците: „Значи, вие сметате дека вашиот претседател, ако му се даде еден милион долари, ќе се откаже од оваа земја, така ли е? Ве молам да си одите назад, таа работа не ја бива...“

Предлог – Фрчковски во притвор

Па така, со погоре опишаните дејствија (точка 1 и точка 2) осомничениот, во продолжен вид го сторил кривичното дело „злоупотреба на службената должност и овластување“, според членот 353 став 3 и кривичното дело „противзаконито посредување“ според членот 359 став 4, двете сторени во обид според членот 19 од Кривичниот законик (Сл.Весник на Р.М. од 29.07.1996год), односно според членот 177 став 2 и 3 и членот 183 став 4 во врска со членот 19 од Кривичниот законик на Р.Македонија, што тогаш бил во сила, но за кривичното дело според членот 177 став 3 бил построг од Кривичниот законик (Сл.Весник на Р.М. бр. 24 и 25/1992год).
21-10-2017, 01:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Судското сослушување и изјавите на претседателот Глогоров

Како Љубомир Фрчкоски го продаваше името на Република Македонија (2)

[Image: frckoski.gif]
фрчкоски
Осомничениот Љубомир Фрчковски во 1993 и 1994 година ја извршувал функцијата на министер на Министерството за внатрешни работи на Владата на Р.Македонија формирана од премиерот г.Бранко Црвенкоски. Како член на Владата, воедно како службено и одговорно лице, со свои службени должности, овластувања и обврски, за важни прашања од доменот на безбедноста и одбраната, меѓудругото, бил надлежен да разговара и да се договара со претседателот на Р.Македонија. Осомничениот, бил должен со него да разговара, го слушне неговото мислење, бил должен да го запознае со проблемот, со своето мислење и мислењето на претседателот Глигоров, премиерот Црвенкоски, евентуално и Владата на Р.Македонија и да ја издејствува нивната одлука.

Во тие контакти, осомничениот бил должен со почит да се однесува кон претседателот Глигоров. Во секој случај не смеел да го нарушува неговиот дигнитет. Мислењето на претседателот Глигоров од доменот на безбедноста и одбраната за осомничениот требало да бидат од посебна тежина, бидејќи според Уставот, по функција бил Врховен командант на вооружените сили и претседател на Советот за безбедност - надлежен да ги разгледува прашањата врзани со безбедноста и одбраната и да дава предлози на Собранието и Владата. Претседателот бил исклучиво надлежен да води посебна грижа и да донесува надлежно одлуки за преговорите со Република Грција во врска со прашањето за промената на името на Р.Македонија.

Обиди да се корумпира претседателот

Според тоа, осомничениот не можел лесно да ги отфрли неговите мислења, посебно за прашањата поврзани со промената на името на Р.Македонија. Осомничениот, имал обврски преку извршувањето на својата функција на министер на МВР да го заштитува уставниот поредок, суверенитетот и територијалниот интегритет на Р.Македонија, спрема претседателот на Р.Македонија да се однесува со респект, да се грижи за него и за неговата безбедност, да внимава да не биде нарушен неговиот дигнитет, да ги заштитува интересите на граѓаните на Р.Македонија итн. Преку исполнувањето на овие свои обврски, истовремено ја исполнувал и својата обврска за која се заколнал пред Собранието на Р.Македонија, дека ќе се грижи за безбедноста и одбраната на државата, за слободите и правата на граѓаните кои живеат во неа или некој друг начин се поврзани со неа.

Осомничениот, не бил овластен, ниту имал право, во свое име или во име на друго име, да му донесува и му ги нуди на претседателот Глигоров вредните предмети за да ги прими, поради наводно направена услуга на Гркот, или, уште полошо, лично или преку други свои луѓе вработени во МВР, да му нуди огромни парични износи како подароци од Гркот и други лица. Наспроти ова како прв човек на министерството бил задолжен да го спречи секој обид да се корумпира претседателот Глигоров, па дури и да нареди таквите луѓе да се приведат и против истите да се поведе кривична постапка за да бидат подведени под кривична одговорност.

Осомничениот како интелектуалец, професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, секако знаел, за тоа бил целосно свесен, дека секој обид за копрумпирање на претседателот Глигоров, е истовремено обид да се наштети на неговиот дигнитет и воедно да се изврши напад врз достоинството на државата. Исто така бил свесен дека со еден таков обид се создаваат услови да се нарушат: личната сигурност на претседателот Глигоров и на граѓаните на Р. Македонија, да бидат загрозени слободите и правата на граѓаните и нивната безбедност загарантирани со Уставот.

Сите граѓани на оваа земја чиј претседател е подложен на корумпирање, немаат чест и достоинство, а таквата држава не може да просперира.


Што напиша Глигоров

Во својата книга „Македонија е се што имаме“, мемоарски записи, напишани во 2000 година, а објавени во 2001 година, поранешниот претседател на Р.Македонија, Киро Глигоров за прв пат се осврнува на случајот на обид да биде корумпиран преку осомничениот, со милион долари.

Во неа за случајот напишал:
„Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извондредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија....
Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари.

Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате – шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа воопшто некој си го замислил, тогаш јас не сум за ова место.“ Од мене избиваше голема лутина. Тие се згрчија, беше видливо дека им е непријатно, се гледаа меѓу себе: „Е нам ни рекоа, да ви пренесеме“

Им реков:„Да ви кажам – од тоа нема ништо. Одете си. Му кажав јас и на вашиот министер,“ (завршен цитат, според книгата во издание на „Издавачки центар Три“ 2000-2001, стр. 365 и 366)


Што кажа Глигоров во Судот

Во врска со ова претседателот Глигоров има дадено и официална изјава во Судот.Имено,од сведочкиот исказ на претседателот Глигоров, даден пред истражниот судија на Основниот суд Скопје 1, Скопје се добива јасна слика за однесувањето на осомничениот спрема својот претседател, кога ја извршувал функцијата министер на МВР. Ова може да се види преку обидите, на осомничениот, да се корумпира претседателот Глигоров.

Во својот исказ забележан на записник од 8.10 и 10.10.2001 год, претседателот Глигоров на прашање на истражниот судија, дека во тоа време министри во Владата (на Бранко Црвенкоски) биле, Љубомир Фрчковски, за внатрешни работи, Китаноски, за одбрана, Ханџиски, за надворешни работи...и посебно, дали би имало нешто да се оддели во службените или било кои контакти со овие лица, односно министри во Владата, меѓудругото оштетениот и сведок, г. Глигоров за осомничениот, го изјавил следното:

„Имав една непријатна работа со Фрчковски. Еден ден разбрав, а не ми беше тоа службено кажано, дека во Македонија се наоѓа шефот на обавештајните служби на Грција. Владата се смени, на изборите загуби Мицотакис и дојдоа социјалистите, односно Пасок. Е, тој што бил шеф на нивните обавештајни служби, ги има две или три, некој генерал, оддеднаш го виделе во Скопје, се шетал. Јас тоа го слушнав и го викнав Фрчковски. Велам, верно дека тој и тој човек е тука во Скопје? Вели, да тука е. Какo тука е? Зошто е тука? Па вели, знаеш како е, нашите овие од внатрешни работи, предложиле да имаат врски со нивните колеги од Грција и од време на време било во Солун, било тука се среќаваат и разменуваат информации.

Велам убава работа. А што бара сега овој тука? Па, вели, човекот е таму загрозен, ќе го суделе, овие сега што дојдоа на власт. И, вели, ја поминал границата и се јави, ние му дадовме едно станче од овие станови што внатрешни ги има. Тоа се станови во кој внатрешни ако некого не сакаат да го носат в затвор, па тука го распрашуваат, па можеби и го претепаат да не се гледа и да не се знае. Фрчковски, вели, тука е , ама ние му кажавме не може по град да се шета. Велам, ти нему да му кажеш тој да си оди од оваа земја. Еве, сме му дале гостопримство, иако не ми кажавте, меѓутоа, не може тука да седи. Штом шета по градот, луѓе го знаат, тоа ќе стане општ скандал, а кој знае па Грција што ќе направи тогаш?

Како да му кажам, вели, му дадовме азил. Е, па, велам, држава сме ние, има различни причини, надворешно политички, внатрешни, итн. Кажете му, ако треба дајте му и некој пасош, па нека оди во друга земја. Не беше многу среќен и отиде. После неколку дена ми вели, - му кажав. И што то одговори тој? Тој вели дека единствено во Румунија да оди, таму имал некои пријатели. Велам, -добро, во Румунија, дајте му некој пасош, нека отиде таму. Помина месец два, јас повторно слушам, тој се шета по Скопје. Му велам, малку лут, велам, Фрчко зошто ти вака се однесуваш? Нели ти реков, дека тој човек треба да си оди?

А, бе, јас му кажав, тој се сложи, ама не си оди. Е, сега, велам, досега разговаравме колегијално, сега ова ти го велам како претседател на оваа држава и врховен командант на вооружените сили, а ти спаѓаш во време на војна под таа команда, - веднаш да го префрлиме таму, кај што рекол дека има пријатели. Уф, уф, тоа ќе биде тешка работа, како да го натерам? Ваму, онаму, човекот пак седи. И тогаш веќе стана сериозна работата. Велам, Фрчко, ова последен пат ти велам. Јас ќе морам за оваа работа да му кажам на Бранко и тој нека си поведе сметка кого има во Владата. Немој, те молам, па јас таа работа ќе ја средам итн.

И пак уште месец два се маткаше, тој беше тука, и, после, она што е најгрозно, се обиде два пати тој генерал стар обавештаец...и, еден ден доаѓа Фрчкоски, носи една, како се викаат оние што излегуваат од морето, амфори. Една страшна амфора, извадена некаде од Егејот, од некој брод. Многу вели, скапоцена работа. Сака да ти се заблагодари, затоа што сме му пружале тука засолниште. И, велам, слушај, а ја донесе амфората, тешка, голема, еден полицаец, ја остави, после тој зеде ја отвори, вели, -што убава работа. Велам, полицаецот ако е тука, викни го да ја земе амфората, и да му ја врати и да му кажеш дека претседателот е навреден.

Тој мисли со една амфора.... вели, сигурно си отишол. Велам, добро, кога ќе се вратиш во својата канцеларија, да му наредиш да дојде, да си ја земе амфората и да ти ја донесе назад, а ти како знаеш, нему да му ја предадеш. Не помина месец дена, еден ден иде Фрчковски кај мене, вели, слушај, -гледај што ти носам. Што? Гледам луксузно...ја отворив внатре - Ролекс златен со златна нараквица.

Сакаш амфора, сакаш скап часовник


Вели, ова ти е подарок од него. Ти го даде, не си сакал да ја земеш амфората, еве еден часовник за спомен ти остави. Велам, ти сфати зошто ти ја вратив амфората? Треба ли тој, или оние што зад него, а јас се сомневам дека не е случајно дојден. Нели го затворија конзулатот тука, немаат свој луѓе, ако имаат некои, можеби некои илегално работата за нив, ама немаат човек конкретен кој може тука нешто да работи, да организира, затоа тој шета по чаршија. Велам, исто така, овој часовник да му го вратиш нему, и да му кажеш дека сега сум дибидус навреден.

Па вели, и јас имам таков часовник. Велам, ти што имаш, што примаш, што не примаш, тоа е твоја работа, а јас како претседател, ваква работа, не можам да примам и точка. Еве, сега, одма, добро де, човекот ми рече, јас ти кажав, сега не сакаш, што да правиме? Е сега, тие врски што тие ги имале помеѓу себе, одвреме на време, пак имале некоја средба и, по телефон пак ми се јавува Фрчкоски и ми вели, Претседателе, те молам, да примиш двајца мои луѓе, да не ти расправам по телефон, не е тоа за по телефон, тие ќе ти кажат изворно што имаат да ти порачаат.

Седнаа, молчат, гледам непријатна ситуација, нешто лошо ќе ми кажат. Што е? Велат, бевме ние во Солун, имавме средба со овие од Грција, и шефот нанивната група ни кажа, пренесете му на претседателот, ако се откаже од името Македонија, нека каже во која банка, во која земја да му дозначиме милион долари. Тој што ми кажува, нему му е непријатно, гледа во кондурите. И што му одговоривте вие?

Е, па, ние рековме дека ќе му пренесеме на претседателот. Значи, вие сметате дека вашиот претседател ако му се даде милион долари, ќе се откаже од оваа земја, од името на оваа земја. Така ли е? Ве молам да си одите назад, таа работа не бива... Тоа беа луѓе од внатрешни. Јас не ги прашав како се викаат, тој ми ги прати како негови луѓе, а Фрчко ги знае. На крај кога овој си отишол, што беше шеф на обавештајците, еден ден дојде Фрчкоски со едно куферче. Ела, вели, не си видел олку пари.

Го отвара куферчето, полно до горе долари. Тука има сто илјади долари. Овој кога си заминуваше, ми рече, -јас морам да му се отплатам на претседателот што толку време бев тука, и, ми го даде ова куферче да ви го донесам. Тоа е негов подарок. Јас го гледам, а, бе, велам, Фрчко, зар не разбра ти онаа амфора кога ти ја вратив и часовникот, дека за таква работа, мене не ме бива. Добро, сега, човекот ги даде парите, сега што да правиме?

Јас не знам, што ќе правиш ти, ама од овде да ги однесеш. Што станало со тие пари не знам. Дали му ги вратил, како му ги вратил не знам. Тоа беше пред крајот, дури беше министер за внатрешни работи. После помина во надворешни работи. И таму ми се случи со него една нерпријатна работа. Бев во официјална посета на Франција, и, сега Ширак ми дава вечера. Гледам јас, таму пишува, Фрчковски од левата страна, но него го нема. После здравицата јас му одговорив... Мој Фрчко некаде здувнал. А тој бил со жена му. И добро, не била во Франција, му рекла, -јас морам да го видам Лувр. И ајде ја одвел во Лувр, а ручекот здравје...(завршен цитат, стр 15,16 и 21 од записникот за распит на оштетениот К. Г. )
(Продолжува)
21-10-2017, 01:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ГРКОТ ГРИЛАКИС - криен во стан во Скопје

Како Љубомир Фрчкоски го продаваше името на Република Македонија (3)
[Image: top_11.gif]

Меѓу другото, во постапката според оваа кривична пријава ќе се утврди дека на шефот на тајната полиција на Грција, Николаос Грилакис, воопшто не му бил даден азил, а осомничениот му рекол на претседателот Глигоров дека му бил даден азил. Затоа, основано е сомнението дека преку таквите свои дејства имал и прикриена цел, не само да го сокрие Гркот туку и да му овозможи противправно да дејствува во насока да ја разнебити Република Македонија.
Во архивата на МВР постои службен извештај под број 44 од 18.03.1993 година, кон кој е приклучено писмено со превод од писмото напишано од Николаос Грилакис до поранешниот претседател на Република Македонија г. Глигоров, од кое се потврдува во еден дел неговиот исказ. Писмото на Грилакис е со следната содржина:
[Image: nikolaos-grilakis.gif]
николаос гриалкис
„Господине Претседателе, ја преземам иницијативата да Ви испратам еден симболичен подарок кој произлегува од стар потонат брод во Егејско Море (лично не ги сакам бурите). Повторно се обраќам до Вас со апел да го прифатите францускиот предлог за арбитража откако сте согласни со името „Словеномакедонија“. Дојде часот, господине Претседателе да го ставите печатот за мирно сожителство меѓу Грци и Словеномакедонци и да ги спречите сништата за Ваше зачленување од страна на Турците и Албанците (Туркоалбанците) и Бугарите. Со почит Грилакис“.
(завршен цитат од преводот на писмото).

Значи, од мемоарскиот запис, од исказот на г. Глигоров даден пред овластен истражен судија, и од цитираното писмено се докажуваат противоправните дејства што ги извршил осомничениот.
Немало основа Гркот да му биде благодарен на претседателот Глигоров и преку осомничениот да му дава вредносни подароци, потоа и износ од сто илјади американски долари. Претседателот воопшто не се согласил Гркот да остане во Република Македонија, Во сите три случаи, осомничениот, претходно, не презел ниту едно дејство за да го предупреди претседателот Глигоров за намерата на Гркот да му ги предаде подароците и парите и за основите поради кои сакал тоа да го стори, а воедно и за опасноста која реално би се очекувала доколку Претседателот би ги примил подароците.

Во сите три случаи подароците и парите му ги донесувал лично во кабинетот, без претходна најава и со едно силно настојување претседателот Глигоров да ги прими. Особено настојувал, претседателот Глигоров да го прими куферчето со сто илјади долари, како значителна имотна корист.

Лажни информации за азилот

За карактерните својства, моралот и односот на осомничениот кон службената должност, кон Уставот и законите, јасно укажува и содржината на претходно поднесената кривична пријава против осомничениот, под Еб. СД бр. 07-1944/1 од 27.03.2002 година. Оваа кривична пријава сосема јасно вперува прст на осомничениот и укажува на сомнението дека тој бил подложен на корумпирање, значи дека немал никакви скрупули да го корумпира, или, да посредува да се корумпира, претседателот Глигоров. И последнава кривична пријава со сите четири случаи е потврда повеќе за сомнението дека осомничениот не само што бил склон кон корумпирање, туку, и дека умислено пристапил да го корумпира претседателот Глигоров, односно да посредува да биде корумпиран за да му прибави значителна имотна корист, таква имотна корист да прибави и за себе. Всушност да му нанесе неопислив срам и да го понижи, а на сите граѓани – Македонци, и на сите граѓани кои независно од нивната етничка и верска припадност, живеат во странство, а се државјани на Република Македонија, да им нанесе тежок срам и болка.

Меѓу другото, во постапката според оваа кривична пријава ќе се утврди дека на шефот на тајната полиција на Грција, Николаос Грилакис, воопшто не му бил даден азил, а осомничениот му рекол на претседателот Глигоров дека му бил даден азил.

Затоа, основано е сомнението дека преку таквите свои дејства имал и прикриена цел, не само да го сокрие Гркот туку и да му овозможи противправно да дејствува во насока да ја разнебити Република Македонија. Логично се заклучува дека тој што давал толку многу пари од свое име и од името на Грците за да се корумпира претседателот Глигоров, секако бил подготвен и дал пари и на други личности, на пример, на тие кои посредувале во сите овие дејствија.

Впрочем од исказот на г. Глигоров произлегува дека кога осомничениот, го убедувал да го прими златниот часовник со златна гривна, како подарок, му признал како и самиот имал ист таков златен часовник со златна гривна. Значи, тој веќе примил таков подарок. Затоа, со оваа последна кривична пријава се заокружува сликата на мозаикот за осомничениот во времето кога ја извршувал својата функција на министер на Министерството за внатрешни работи на Владата на Република Македонија, оформена од премиерот Бранко Црвенковски и како ја извршувал. Бидејќи бил професор на Правниот факултет на Катедрата по меѓународно право во Скопје, ги познавал законите.

Фрчкоски на страната на Гркот

Но, како министер на Министерството за внатрешни работи, во наведените случаи постои основано сомнение дека не само што не се грижел да постапува разумно, во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, не само што не се грижел за дигнитетот и безбедноста на претседателот на Република Македонија, достоинството, безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, не само што работел наспроти интересите на граѓаните на Република Македонија, туку, дека се обидел сериозно да наштети на својата земја, да ја разнебити државата Република Македонија, на претседателот да му оствари значителна имотна корист, но, всушност, преку тоа да му нанесе најголем пораз во неговиот живот, да го понижи трајно и да го посрамоти, да ја посрамоти и Република Македонија, а преку тоа и со губење на достоинство, нему а и на граѓаните на Република Македонија, да им нанесе значителна нематеријална штета.

Имено, директно напаѓајќи го дигнитетот на претседателот Глигоров, всушност удирал на достоинството на државата Република Македонија.
Основано е сомнението дека осомничениот, не само што не презел мерки да го спречи Гркот, да го корумпира претседателот Глигоров, не само што и самиот на опишаниот начин преку исказот на поранешниот претседател посредувал во корумпирањето, туку, со тоа што го убедувал да ги прими подароците, всушност самиот настојувал да го корумпира.

Со тоа, јасно покажал на себе дека се определил, дека му е сеедно какво име ќе има Република Македонија. Во тоа се состои неговиот обид и на граѓаните на Република Македонија, на сите нив да им причини штета, изразена како огромна, неопислива, голема и трајна болка, која би настанала доколку претседателот Глигоров за несреќа на осомничениот, и се согласил да го промени името. На таков човек е многу опасно да му се верува и дава шанса повторно, овој пат озваничено од претседателот г. Борис Трајковски, да преговара за името на Република Македонија.
(Продолжува)
21-10-2017, 01:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Опасност по Глигоров, опасност по Борис Трајковски

МАКИЛИКС: Како Љубомир Фрчкоски го продаваше името на Република Македонија

[Image: bor_0.gif]
bor

Притворот што го бара полицијата за осомничениот Љубомир Фрчкоски го бара поради следното : Како што е познато во земјава се присутни странски фактори, дел од кои со свои средства, во Република Македонија, основаат и такви „независни“ медиуми или крепат такви поединци и „независни“ (наводно) невладини организации.
Разно-разни „независни“ групи, (а всушност длабоко зависни од своите ментори и од средствата што ги добиваат и трошат за однапред предвидените дејности), во кои, за раководни личности се поставуваат луѓе, кои барем како во изминативе две години, неретко дури приоритетно на место да ја бранат ја напаѓаат Републиката.


Фрчкоски и војната во 2001

Така на пример, некои од нив беа ориентирани да ги бранат терористите и сите оние кои ја напаѓаа Република Македонија и настојуваа таа да биде разнебитена.



Од друга страна, истите тие во името на некаква квази демократија, најчесто тенденциозно и сосема без основа ги напаѓаа бранителите на земјата, без оглед на тоа што бранителите на земјава војуваа со броен, претходно добро подготвен за герилско војување и добро наоружан непријател, со добра воена, логистичка и материјална поддршка од странство и користејќи го месното население како штит (со деца, старци и жени), без оглед на фактот што многу од бранителите ги изгубија животите на свиреп и подмолен начин кога ја бранеа својата земја, Република Македонија.

Меѓу другото, овие исти квази демократи неосновано и без потребни докази фрлија тешка клевета врз македонскиот народ и врз државата Република Македонија, дека постои организиран криминал во земјава и таму каде што тој воопшто не постои, меѓу другото, дека и војната (наводно) била договорена од Владата (мислејќи на македонскиот фактор) за да се одржи на власт.

Оваа пласирана глупост токму од вакви „независни“ медиуми веројатно е беспримерна и веројатно ќе остави траен лош белег врз државата и народот во неа уште многу долг период на време, што ќе биде препрека за натамошен непречен демократски развој и просперитет, без оглед на тоа кој ќе ја има власта во државата. За секој добронамерен набљудувач и коментатор не му е тешко да заклучи дека тој што ја има власта нема ама баш ниту една причина да договара војна или воени дејствија преку кои ќе се ја дестабилизира државата а со тоа и својата власт.

Кога се купувало оружјето

Секој разумен знае дека оружјето за една ваква војна не се набавува преку ноќ и спрема тоа дека набавката на оружје и другите припреми биле во еден подолг временски период многу пред 1998 година, значи во време кога имало друга Влада и дури многу многу пред тоа, 1991,1992 и 1993 година.

Оружјето се купувало и се пренесувало преку граница со години и се складирало во селата. За тоа има бројни докази и во архивите на МВР. За тоа се знаело а се преземале и акции од онаа друга Влада да се спречи ескалацијата на набавката и вооружувањето на Албанците ( да ги споменеме само прогласот на „Илирида“ или судскиот процес за „Паравојската во Тетово“, бројните постапки против поединци за трговија со оружје и организиран криминал од оној најопасен вид, насочен кон уривање на Република Македонија.

Но, имало и друг организиран криминал. Се случи штедилницата „ТАТ“, се случија катастрофите и со другите пропаднати штедилници, и тогаш премиерот Бранко Црвенковски јавно призна дека криминалот е веќе „октопод“. Да не зборуваме за серијата на уништени стопански субјекти и нивното разграбување од директорите и другите околу нив и појавата на некои нови богаташи и осиромашување на поголемиот дел од населението. Дека тогаш имало огромен и организиран криминал сведочи лично и поранешниот претседател Глигоров во исказот што го дал пред истражниот судија кога бил распитан како оштетен и сведок (погоре цитиран). Тоа му го рекле тогашните челници на МВР.

Оценки за прислушкувањето

Но, од денешен апсект би било крајно несериозно да се поставува прашањето, на пример, зошто осомничениот министер на МРВ купуваше темни наочари за своите полицајци и скапи коњи „Липицанери“ на место оружје, кога веќе знаеше дека онаа друга страна се наоружува? Или зошто АРМ не поведе никаква сметка да се наоружува? Или зошто АРМ не купуваше ниту чевли за своите војници а да не зброуваме дека не поведе никаква сметка да се наоружа.

Дали овие факти се елементи за заклучок дека воените дејствија биле однапред договорени меѓу онаа друга влада (СДСМ и ПДП) и албанскиот фактор? Дали кон тоа да се додаде како во време на воената криза ПДП и СДСМ заеднички настапуваа скоро по сите клучни прашања, а против Владата? ПДП дури бараше да се преговара со оние од Косово за границата за која веќе се договорија СР Југославија и Република Македонија и да се преговара со терористот Али Ахмети, а СДСМ молчеше.

Тие имаа причина да се собори Владата на Љупчо Ѓоргиевски. Развиваа шеми, вклучувајќи ја и шемата за прислушкувањето во најкризното време за Македонија. Дали ова се елементи за обвинение дека тие (СДСМ и ПДП) ја договориле војната, за да предизвикаат нестабилност во земјава и да падне Владата? Одма ќе кажеме од аспект на МВР, како институција која се наоѓа во центарот на секоја една држава, дека е глупаво и штетно за земјата да се развиваат вакви тези и за нив јавно да се расправа.

Развивањето на едни вакви тези не само да е крајно најпотребно да се поработи на навионалното единство, а не да се шират дефетизам, лаги и омраза.
Како што е извесно војната во Македонија беше наметната од северозападниот сосед и од разно разни криминални структури од земјава и од странство, со поддршка и од некои моќници од странство кои не ја сакаат Македонија како суверена земја, заради прекројување на територијата на Република Македонија и разнебитувањето на земјата, за создавање на некаква „Голема Албанија“. „Голема Албанија“ е неотсонуван сон на Албанците, што го сонуваат повеќе од 100 години. Значи договорот за воените дејства во нашава земја ако треба да ги бараме ќе ги пронајдеме во 19 век во времето на основањето на „Призренската лига“. Ова веќе не е никаква тајна, Значи војната не беше поведена заради остварување на некакви човекови слободи и права.

Кој ја договори војната ?

Затоа, несериозно, деструктивно, глупаво, но, крајно опасно и штетно за Македонија звучат сегашниве искажувања на „независни“ медиуми и некакви невладини организации, на дел од опозицијата дека војната била договорена од Владата. Без оглед што во Владата партиципира ДПА како Албанска политичка партија. Застрашувачки е и да се помисли за тоа какви силни аргументи а на штета на земјава и граѓаните кои живеат во неа им предаваме на тацна на оние во светот што не ја сакаат Македонија како самостојна и суверена земја. Дали ова навистина се прави само за да се освојат гласовите на граѓаните?

Зарем се нема други поинакви аргументи за да се освои власта? Веројатно ова ќе биде неповторено во историјата на човештвото.
Граѓани на Република Македонија, свесно или несвесно (излажани) сеедно да зборуваат необјективно, злонамерно и крајно штетно против интересите на својата земја, всушност против сопствените интереси. Ако се прифатат овие опасни тези за Република Македонија, би можело да испадне, дека сме немале две завојувани страни, дека всушност во оваа војна војувале вработените на МВР и војниците на АРМ против себе си, односно едните против другите.

Какви апсурдни тези излезени од „кујните“ на оние што ја рушат Македонија. Како ли ќе работи ново избраната Влада на Република Македонија, со ваков црн белег, оставен со вакви исконструирани и монструозни измислици на дел од политичките партии или на гласилата кои се протежирани од нив?

Но, во интерес на другите институции на системот вршејќи ги своите службени должности и овластувања, поведуваа основани кривични постапки против извршители и нивни соучесници на криминални дејствија, некои од нив и за организиран криминал, против терористи итн, МВР и правосудните институции беа грубо и недолично напаѓани од дела на истите тие „независни“ медиуми и од дел на некои квази „невладини“ организации, по таков начин, што наспроти нивната обврска вистинито и непристрасно да ги известуваат граѓаните, веднаш преку своите гласноговорници брзоплето ќе заклучеа за (наводната) „неоснованост“ на кривичните пријави, за (наводната) јалова и незаконска работа на правосудните органи, дека постапките се преземени пристрасно и за да се наштети на опозицијата, за Владата да се одржи на власт итн.

Без притоа да за тие исти преземени овластени службени дејствија и поднесени основани кривични пријави им препуштат на институциите на системот да си ја завршат работата, според Уставот и законите, во со закон потпишаната постапка.

Впрочем, во изминатиов период, бевме сведоци како некои од „независните“ медиуми се произнесоа и за кривичните постапки во врска со атентатот врз поранешниот претседател на Република Македонија, (03.10.1995), итн. Дел од нив, неосновано ги нападнаа институциите на системот, посебно МВР, дека води некаква „хајка“, пречејќи на институциите на системот во мирна и доследна законска постапка, преку правни средства и правниот систем што е во важност да профункционира и правната држава, за да биде донесена и потребната правда.

Во врска со ова основано се поставува прашањето, зарем навистина има луѓе во Република Македонија кои не сакаат да се расветли атентатот врз поранешниот претседател Глигоров, за да се правилно утврдат сите правно релевантни околности и правилно согледа кога, во кое време и зошто всушност државава беше нападната и отпочна да тоне? Кои се тие што пречат да се утврди вистината и од какви мотиви се раководат?

Во врска со атентатот основано се поставува прашањето зошто не беа сменети оние работници на МВР кои директно беа одговорни да го заштитуваат претседателот Глигоров, а не го заштитија, туку уште учествуваа во разрешувањето на случајот со атентатот, зошто не се дозволи на Собранието на Република Македонија да не расправа за неефикасноста во истрагата, зошто беа направени серија пропусти и од другите правосудни органи вклучени во истрагата итн.

Чувствителност за притворот

Еве зошто постои чувствителност во врска со прашањето за притворот, а таа се наметнува и поради тоа што во спрега со дел од „независните“ медиуми и невладините организации, стојат и нивните основачи или финансиери од земјава или странство, односно луѓето и симпатизерите на осомничениот и на неговото „дело“, а за очекување е како и до сега, дека сите тие во името на некаква квази „демократија“ и заобиколувајќи ги институциите на системот, дека ќе развијат широк фронт на одбрана на осомничениот, кој како прв човек на МВР, во времето на атентатот врз поранешниот претседател на Македонија, не само што не поднесе оставка и не беше тогаш повикан на одговорност, туку од премиерот беше назначен на уште поодговорна функција, министер за надворешни работи на Република Македонија.

Во својот исказ пред истражниот судија од погоре наведената дата, претседателот Глигоров за осомничениот го изјавува следното:

„Кога тој си даде понуда за оставка, тој не даде оставка, туку, тој му напиша писмо на Бранко Црвенковски, дека со оглед на тоа што се случи со атентатот и некои други настани, доколку ти сметаш, му вели на Бранко, дека јас треба да дадам оставка, јас не би имал ништо против. И го доведе до позиција човекот да не одлучува за неотповикливата оставка, што не е вообичаено.

Тој мене ми го кажа тоа, а дојде и Фрчковски, да ми каже дека понудил оставка. Јас тогаш му реков: Слушај Фрчковски, или се дава оставка и тогаш нема назад, таа се вика неотповиклива оставка, а не да се нуди, за да друг одлучи дали да дадеш или да не дадеш оставка. Јас не знам каква ти била намерата, дали си сакал да покажеш еден гест кон Бранко, па тој нека одлучи, но во такви ситуации кога си на одговорна функција во Владата тие работи не одат така“.

Опасност за претседателот Борис Трајковски

Сега во поново време, бидејќи осомничениот може да се види како се почесто е во друштво со претседателот на Република Македонија,сметаме дека е коректно ако му се овозможи на претседателот г. Борис Трајковски, земајќи ги предвид искажувањата на поранешниот претседател г. Глигоров и другите докази, самиот правилно да оцени за потребата, дали ќе го држи осомничениот како советник покрај себе, и посебно дали ќе има потреба од неговиот „експертски“ придонес во преговорите со Грција, дали навистина е неопходен, или пак, ќе биде штетен во тие преговори, односно дали тој поради неговите поранешни погоре одбележани активности и однос кон својата функција, всушност воопшто е потребен на Република Македонија.

Во кривичната постапка според оваа кривична пријава, веројатно дополнително, ќе се расветлат и други правно релевантни факти, за тоа што претходело и како се работело во еден од најважните владини реосори на Владата на г. Бранко Црвенковски, во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, пред атентатот врз поранешниот претседател г. Киро Глигоров, но и по атентатот, зошто осомничениот не поднел неотповиклива оставка и зошто бил назначен на друга поодговорна функција, откако му се случила хаварија со неговиот МВР, односно воопшто како ли се работело во Владата на Република Македонија, пред и по атентатот, ако се земе предвид само инсертот дека министерот за надворешни работи на таа Влада не сакал да го почитува протоколот на претседателот на Франција кога бил на посета во таа земја, го посрамотил својот претседател итн, најпосле и за тоа како настанале криминалните основи, а потоа, како врз нив се надоврзал и се случил свирепиот крвав криминален атак врз претседателот Глигоров а со тоа и врз Република Македонија како држава.

Од сето погоре наведено, несомнено произлегува основаното сомнение, дека осомничениот ја злоупотребил службената должност и овластување, ги пречекорил границите на своето службено овластување, ја искористил својата службената положба и влијание за да посредува поранешниот претседател г. Киро Глигоров да не си ја изврши својата должност на претседател и тоа по таков начин, што настојувал и посредувал да биде претходно корумпиран, да се скрши неговиот отпор и така претседателот Глигоров потоа се согласи да се промени уставното име на Република Македонија, како прв но не и дефинитивен чин на разградување на Република Македонија.

Ако ова сомнение се потврди, се чини дека со многу мака преседателот Трајковски ќе го задржи покрај себе осомничениот.
Поради горното и се предлага како во диспозитивот.

(Продолжува)
21-10-2017, 01:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ОБВИНИТЕЛСТВО: Поткупот потврден – делото застарено

Како Љубомир Фрчкоски го продаваше името на Македонија (5)


Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава поради застареност на делото, затоа што делото било направено во текот на 1993-94 година, а пријавата е поднесена дури во 2002 година. - По проучувањето на наводите во поднесената кривична пријава и кон неа приложени списи, наоѓам да описот на дејствијата преземени од пријавениот наведени во кривичната пријава можат да се подведат под кривично дело - Давање поткуп од чл.358 ст.1 од КЗ - се вели во решението на заменик јавниот обвинител.
Во денешниот број, почитувани читатели, објавуваме неколку различни прилози. Почитувајќи го редоследот на настаните го донесуваме Решението на основното јавно обвинителство по повод поднесената кривична пријава од страна на Бирото за јавна безбедност на Министерствто за внатрешни работи.

Потоа , објавуваме само краток дел од рекацијата на Бирото до повисоките инстанци на Јавното обвинителство. Тој допис е испратен на 3.10.2002 година и тоа е последниот документ до кој што дојде редакцијата на весникот ‘‘Бизнис‘‘ поврзан со обидите на министерот Фрчкоски да го убеди тогашниот претседател Киро Глигоров да прими парични и други подароци и да се согласи со промена на уставното име на Република Македонија.

Како што е познато, на парламентарните избори оддржани на 15 септември 2002 година триумфално пбеди коалицијата предводена од СДСМ, партија која состави нова влада. После тоа, овој случај како да падна во заборав.

Денеска почнуваме со објавување на неколку документи од водени разговори на наши разузнавачи со грчкиот генерал Николаос Грилакис , водени во Солун и во Букурешт , како и некои други разузнавачки средби или контакти. Бришани се имињата на нашите разузнавачи. Сето друго го објавување онака како што пишува во документите.

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Х КО бр. 2326/2002
Скопје, 25.09.2002 година

Врз основа на член 144 став 1 од ЗКП, Основниот јавен обвинител од Скопје, донесува

РЕШЕНИЕ

СЕ ОТФРЛА кривичната пријава поднесена од МВР – Биро за јавна безбедност – Скопје СД.бр.07-1944/3 од 11.08.2002 година против Љубомир Данаилов –Фрчковски од Скопје, за кривично дело – ДАВАЊЕ ПОТКУП од чл.107 ст.1т.4 од Кривичниот законик.

-бидејќи настапила застареност на кривичното гонење во смисла на чл.107 дт.1 т.4 од Кривичниот законик.

Образложение

Од страна на Министерството за внатрешни работи -Биро за јавна безбедност, Скопје до ова Обвинителство поднесена е на 10.09.2002 година кривична пријава против Љубомир Данаилов Фрчковски за кривично дело - Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.3 вв ст.1 вв чл.19 од КЗ и кривично дело – Противзаконско посредување од чл.359 ст.4 вв со ст.2 бб со чл.19 од КЗ, во која се наведува да пријавениот во текот на 1993 година и 1994 година, во точно неутврдено време, како службено лице Министер на Министерството за внатрешни работи во Владата на Република Македонија и покрај бројните укажувања на тогашниот Претседател на Република Македонија – Киро Глигоров, дозволил на поранешниот Шеф на известувачките служби на Република Грција - Николаос Грилакис подолг период незаконски да престојува во Скопје, ставајќи му бесправно на располагање – стан на МВР, а се со цел во овој период да се влијае врз претседателот Киро Глигоров да се согласи во преговорите со Република Грција за промена на Уставното име на Република Македонија.

За оваа цел во три наврати, пријавениот во кабинетот на Претседателот му донел скапоцени подароци – најнапред скапоцена амфора извадена од потонат брод од Егејското море, а потоа и златен часовник „Ролекс“ со златна гривна, како и 100.000 американски долари, сместени во куфер кои му ги дал Гркот за да му ги даде на Претседателот за „наводна“ благодарност за одобрениот престој во Република Македонија.

Понатаму се наведува да во наведениот период пријавениот телефонски договорил средба помеѓу Претседателот и двајца припадници на МВР, кои при остварената средба му кажале дека во контакт со лица од известувачките служби на Република Грција, лично биле задолжени да му пренесат дека тие се подготвени доколку се откаже од името Македонија да на негова сметка во која сака земја и банка му дозначат 1.000.000 американски долари. Подароците и парите донесени од пријавениот и понудата пренесена од од двете лица од МВР, Претседателот ги одбил.

Како поткрепа на наводите во кривичната пријава во прилог се доставуваат фотокопии од страна 365 и 366 од мемоарските записи „Македонија е се што имаме“ издадена 2001 година чиј автор е Киро Глигоров, фотокопии од страна 15, 16 и 21 од записникот за сослушување на Киро Глигоров во својство на сведок – оштетен во постапката за преземање одделни истражни дејствија против непознат сторител во врска со обидот за атентат врз Претседателот Киро Глигоров од 03.10.1995 година која се води пред Основниот суд Скопје1 , Скопје Уд.бр. 176/01 и фотокопии од дел од весникот „Утрински весник“ од 05.09.2002 година.

По проучувањето на наводите во поднесената кривична пријава и кон неа се приложени списи, наоѓам да описот на дејствијата преземени од пријавениот наведени во кривичната пријава можат да се подведат под кривично дело - Давање поткуп од чл.358 ст.1 од КЗ.

Ова од причина што според наодите во пријавата, пријавениот контактирал со шефот на известувачката служба на Република Грција, Николаос Грилакис, кој му дал скапоцени предмети – амфора, златен часовник марка „Ролекс“ со златна гривна и пари – 100.000 американски долари да му ги даде на Претседателот Киро Глигоров за во рамките на своето службено овластување изврши службено дејство што не би смеел да го изврши – да се согласи со промена на името на Република Македонија. Ваквите дејствија на пријавениот од кривично правен аспект се квалификуваат како посредување за давање на поткуп, што е санкционирано во член 358 став 1 од КЗ.

Јавниот обвинител, без да се впушта во образлагање дали во преземените дејствија се содржани сите битни елементи кои го сочинуваат битието на ова кривично дело и постоење на основи на сомнение да пријавениот истото го сторил, имајќи во предвид временскиот период за кој се тврди дека дејствијата се преземени – 1993 и 1994 година и со Закон предвидената казна за кривично дело – Давање поткуп од чл.358 ст.1 од КЗ - од шест месеци до пет години, наоѓам дека е настапена застареност на кривичното гонење, согласно чл.107 ст.1 т.4 од Кривичниот законик.



ЗАМЕНИК ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Елизабета Ристеска
21-10-2017, 01:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Се огласи Фрчковски со реакција ама во реакцијата нема збор за тоа за што го обвинува Глигоров!! 



Quote:Љубомир Д. ФРЧКОСКИ

Прашање за милион долари

Треба човек да е искомплексирана будала за да тврди дека пребег, на такво дереџе, чии пријатели од Нова демократија (во опозиција тогаш) не успеале да го спасат од кривичниот прогон во својата земја, би бил во тајна мисија и уште би му дале милион долари (нешто поевтино можело ли?) за да преговара за името со соседната држава и да ги корумпира нејзините функционери!?
Прашање за милион долари, драги мои, е: Во каква позиција на очај мора да сте пропаднале, кој страв мора да ве опседнува за да морате вакви будалаштини за „продажба на името за милион долари“ да спинувате?

Дпмневците, како што предвидовме, докрај ќе ја заострат внатрешната пресметка по повод катастрофата за спорот за името, која им бега од контрола. Ќе се обидат да го покријат својот длабок и очигледен пораз завршувајќи во целосна изолираност на државата и со внатрешен, реформски пораз буквално на сите полиња. За сиве овие години потрошени во лутање и пропаѓање мора, во логиката на очајник, да најдат виновник.

Но, дпмневците ќе бидат одговорни за мафијашкиот стил на пресметка што го применуваат со ваквите кампањи во јавноста кон политичката алтернатива. Бестијалните кампањи, говорот на омраза - некаде, во некое време со некое судство - ќе им се скршат од глава.

Разбирам дека им е потребен крик на очај и истурање врз некој „виновник“ за овие бедни политики да продолжат уште некое време. Мора да се дојдени на сериозно дереџе, да попуштаат сите морални обѕири и кочници за да загребуваат вака по дното на септикот и да маваат со содржината наоколу - по оние на кои им завидуваат и во однос на кои секогаш чувствувале инфериорност и скриен восхит, и со тоа длабоко ги мразеле! Нивниот страв и политичката инфериорност ги разбирам, но не ги прифаќам!

Има многу сведоци, драги мои, како пребегот Грилакис се најде кај нас тие дамнешни години, бегајќи од кривичниот прогон во својата држава, по смената на власта.

Некој вид победа е за секоја служба и држава кога висок функционер на противничката страна ќе се понижи и ќе пребега кај вас. Тоа и сега не би го одбиле, а не тогаш кога имавме сериозен судир со Грција. Него го работеа нашите служби скоро една година, заедно со службите на нашите стратегиски пријатели, тогаш со разузнавачки центар лоциран кај нас.

Треба да е човек искомплексирана будала за да тврди дека пребег, на такво дереџе како него, чии пријатели од Нова демократија (во опозиција тогаш) не успеале да го спасат од кривичниот прогон во својата земја, би бил во тајна мисија и уште би му дале милион долари (нешто поевтино можело ли?) за да преговара за името со соседната држава и да ги корумпира нејзините функционери!? Човек навистина се депримира од количеството идиотизам и злобна наивност на сплеткарите кои ова го спинуваат во Македонија.

Како на ова се смеат полицајците што го работеа Грилакис, кои беа со него сето време? Како разузнавачите, странци од тоа време кои го работеа?

Посебно безочно и трагично прашање е политичкото искористување на разнишаната меморија на нашиот возрасен претседател, која никому не може да служи на чест!

И конечно, драги мои: јеб.. .. држава во која Бизнис и Панде може да создадат и спинуваат афера!

Но нејсе, дпмневците и треба целосно да се покажат во вистинско светло. Тие и во оваа историска ситуација, пред која е исправена македонската држава (спорот за името, влез во НАТО и преговори со ЕУ), ќе седат во магарешка клупа и со завист на лош ученик и локален силеџија од школските дворови - ќе гледаат како паметните и способни ќерки и синови на Македонија ги решаваат премрежјата на својата држава. И тоа на начин: не губејќи ништо од идентитетот и не променувајќи го Уставот на земјата. Нивната казна за неспособноста и за лошотилакот ќе биде таа. А тоа е страшна казна - да се наоѓаш постојано во ауспухот на транзицијата!
21-10-2017, 01:14 AM
Reply