Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 13 Vote(s) - 2.54 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Стефан Влахов Мицов
Author Message
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

(02-06-2010, 05:28 PM)афион Wrote: Да им заблагодариме на Грците

Стефан Влахов Мицов

Позната е максимата: „Работете за своето име, а потоа тоа ќе работи за вас“. Примерот со Грците покажува дека може и друг да работи за твоето име, а ти да добиваш незаслужени придобивки. Денешните Грци треба да му се благодарни на Александар Македонски поради кого културата на античките Елини стана популарна во тогашниот свет. Ако не беа македонските воени походи на Исток, создавањето на огромната македонска империја и идејата на македонскиот владетел за синтеза меѓу западната и источната култура, достигнувањата на грчките полиси ќе имаа само регионално значење. Денешните Грци треба да бидат благодарни и на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен, кој во 19 век го измисли терминот „хелинизам“ и направи две шпекулации. Прво, го поистовети Александар Македонски со Елините и второ ја поистовети културата на целиот балкански свет со елинизмот. Знакот за равенство меѓу елинизмот и грчката култура ги оштети древните Македонци, Тракијци, Илири и останатите балкански народи. Фалсификатите на Фројзен биле мотивирани од тогашните актуелни политички собитија. Во 1832 година владетел на новосоздадената грчка држава станува Баварецот Фридрих Отон. Според член три од договорот меѓу Англија, Франција, Русија и Баварија, тој требало да ја носи титулата „крал на Грците“. Следната година, 1833 година, Дројзен ја објавил книгата за „првата обединета грчка држава“ во лицето на империјата на Александар Македонски. Поинаку кажано, новата грчка држава е објавена за наследник на Александровата и по истата логика Баварецот Дројзен го осуштествува Баварецот Отон како нов Александар. Типичен пример за тоа како политиката ја фалсификува историјата! Денешните се посилни гласови во Германија за притисок врз Грција да се откаже од претензиите кон македонската држава се и обид за корекција на некогашните глупости на Дројзен.
Грчките идиотизми во однос на Македонија имаат двоен ефект. Тактички Грција добива, но стратегиски - губи. Веќе можеме да кажеме дека Грција ја загуби војната и со денешна Македонија и за македонското наследство кое, впрочем, не и припаѓа. Фактот дека Грција губи на долгорочен план не е зачудувачки, едноставно затоа што таков е грчкиот менталитет. Менталитет на ситни балкански итроманци со ориентално поведение. Во практика не Турците туку денешните Грци се носители на ориентализмот, на мрзеливоста и далаверџиството. Предизвиканиот скандал од Грција со Република Македонија покажа бумеранг-ефект. Се помалку се луѓето во светот што не знаат за грчките претензии една суверена држава да си го промени името. Притоа, име кое нема ништо заедничко со тоа на Република Грција. Грчките дејства, ако тргнеме од грчката економска блокада кон Р. Македонија и дојдеме до ветото против членството на македонската држава во НАТО и во ЕУ, на почетокот се примаа со неразбирање, потоа со чудење, а денес со гнев и со се посилни повици да се покаже грчкиот шовинизам. Претчувството дека Грција полудела се потсилува од грчката криза, која беше предизвикана од традиционалните недостатоци на грчката државност и од незапрените фалсификати за грчката економија, со кои таа држава ги доведуваше во заблуда своите партнери од ЕУ. Денес, пак, сме сведоци на неадекватно поведение на грчкото општество кое ја бара вината за кризата надвор од себе. Случајот со Грција покажа дека во современиот свет дури и мала држава е во состојба да го урне економскиот систем на целиот континент. Грчкиот политички шовинизам, пак, носи застрашување за европската безбедност. Пред лидерите на ЕУ стои прашањето да излезат од економското и политичкото свлечиште во кое ги вовлече Грција. На економскиот фронт Евросојузот е подготвен да игра со до тогаш неверојатни парични средства. Во однос на скандалот со Р. Македонија значи удри на камен. Ако Македонија капитулираше, нештата ќе се решеа на задоволство на Грците и нивните покровители. Така, како што капитулацијата на Чехословачка во 1938 година го награди не само Хитлер туку и лажните пријатели на Чехословачка - Франција и Англија. Ако Чехословачка не подлегнеше на притисокот, сценариото за Втората светска војна ќе беше сосема поинакво. Одбивањето на Тито да го признае врховното водство на Советскиот Сојуз во 1948 година доведе до повторно пишување на сценариото за односот меѓу социјалистичкиот и капиталистичкиот блок и до никнување на Движењето на неврзаните држави. Одбивањето на Р. Македонија да капитулира не само што доведе до условот прво НАТО, потоа и ЕУ, одново да напишат свое сценарио не само за Балканот туку и за механизмите на функционирање на тие организации. Со два збора денес македонската држава ги држи клучевите за кои дел од тукашната политичка елита демонстрираат апсолутно незнаење. Затоа што Македонија во очите на светот може да изгледа како малечка топка, но сите знаат дека лавините се предизвикани токму од такви малечки топки.
Како членка на советите на НАТО и на ЕУ, Грција даде неколку автоголови за своите партнери. Колку повеќе европските лидери покажуваат притисок кон Р. Македонија, толку повеќе се дискредитираат заедно со организациите што ги претставуваат. Двојните критериуми за членство во НАТО и во ЕУ ги отвораат очите на светската јавност и за двојните стандарди во меѓународните односи. Проблемот со Македонија исфрли на површина и актуализираше многу неблагопријатни факти од историјата и на европската заедница и на атлантскиот блок, испровоцира прашања кои многумина до тој момент не си ги поставуваа. Светот стана сведок на нов вид државен тероризам осуштествуван од Грција и станува се поочигледно дека прокламираната борба од НАТО со тероризмот треба да се спроведе и на внатрешен план. Поинаку кажано, кризата во Грција, од една страна, и скандалот со Р. Македонија, од друга страна, излегоа од фазата на поединечното и локалното, од сферата на билатералните спорови и се претвораат во критериум за развојот на меѓународните односи, на принципите на меѓународното право, на современите вредности.
Грчката агресивност и вулгарност го насочија вниманието на меѓународната заедница и кон самата Грција, кон преосмислување на нејзиното место во организациите каде што членува. Фалсификуваните факти за грчката економија ја кренаа завесата и за грчките историски фалсификати. За широката публика станаа познати работи што досега беа познати само на специјалистите, кои ги толчат во прав и пепел не само грчките претензии кон Македонија туку и тие да биде лулка на европската цивилизација. На тој начин Грција си даде автогол и на своите државни интереси и ги освести своите западни покровители кои во последните векови ја создадоа грчката митологија.
Се повеќе набљудувачи и коментатори се навраќаат на грчката окупација на Македонија во 1912-1913 година и кон убиените и прогонети Македонци за времето на Граѓанската војна 1946-1949 година кон дискриминациската грчка политика кон етничките малцинства на нејзина територија. Тие собитија ги имав предвид одамна кога пишував дека времето не работи за Грција. Затоа ми се смешни коментарите дека Р. Македонија не можела да стане членка на НАТО и на ЕУ без промена на името. Или дека тие организации не биле подложни на промени и на трансформации. Ако македонската држава ги изигра добро своите асови, членството во нив е најмалку што може да постигне, вклучително и со признавањето на македонскиот идентитет, јазик и име. Ќе потсетам на една случка од минатото. Во 1949 година Сталин му наредува на Георги Димитров да оди на „лекување“ во Москва. Димитров знае дека ќе се врати од таму како труп, но нема можност да се спротивстави. Направи нешто друго. Одби да патува со авион и тргна со воз за Москва преку Југославија. На малата железничка станица Топчидер, предградие на Белград, го пречекал Тито со кого разговарале околу еден час. На крајот Димитров му рекол: „Држете се и ќе победите“. Една година пред тоа БКП и самиот Димитров официјално застанале на страната на Сталин во конфликтот со Југославија. Тоа го направиле и многу југословенски комунисти. Димитров, како и Тито, знаел дека Југославија, за разлика од Бугарија, има шанси да се избори за својата иднина.
Денешните Македонци треба да им бидат благодарни на Грците за нивниот шовинизам. Затоа што токму во последните две децении се осушестви тоа за кое Вазов пишуваше за Бугарите: „И за кратко време тајно и полека, народот порасна за неколку векови“. За времето на југословенската федерација Македонците во НР Македонија знаеја дека се Македонци, се чувствуваа Македонци и тоа им беше доволно. Само што едно е да знаеш дека си Македонец, друго е да осмислиш што значи Македонец. А веќе трето е да се бориш за тоа да бидеш и да си останеш Македонец. Дејствата на Грција ја актуализираа втората и третата фаза. На тој начин се оствари поврзаноста меѓу македонските поколенија. Старите живи Македонци, учесници во борбата против фашизмот и окупацијата, ја знаат цената на тоа да си Македонец. Но, родените подоцна ја восприемаат националната припадност како даденост, како неотуѓиво право. Денес, кога тоа природно право е загрозено, на повидок е ново преосмислување на содржината на „македонското“, кое официјална Грција и нејзините пријатели сакаат да ни го одземат. Грците го забрзаа зреењето на новите македонски поколенија. Македонецот на свој грб ја почувствува грчката блокада, лично ги истрада тешкотиите на визниот режим, отсуството на странски инвестиции и безработицата. Сите тие економски и социјални проблеми кои ги има денес Р. Македонија немаше да бидат присутни ако во почетокот на 90-тите години на минатиот век македонската држава, заедно со своите соседи, станеше членка на ЕУ. Борбата за македонското име и достоинство е неразделен дел од борбата за економски и социјален просперитет и мнозинството од македонските граѓани го разбираат тоа. Мудроста и решителноста на Македонецот се огледаа и во неговото сфаќање дека не можат да се водат преговори со Грција за прашања кои се однесуваат само за него, т.е. за неговото национално самочувство.
Грчкиот државен тероризам игра улога и на сито кое ги одделува зрната од плевата во македонското општество. Сплотеноста на една нација не се остварува со лозунгот, со наредбите, со закони. На истиот начин една нација не може да биде разурната со политички или со медиумски пропаганди. Во иднина, спојката меѓу македонските поколенија ќе стане уште поцврста. Затоа што и младите луѓе на возраст меѓу 18 и 29 години, кои сега веруваат дека може да се постигне компромис со Грција, ќе ја сфатат огромната разлика меѓу зборовите и делата. Ќе сфатат дека борбата која ја водат родителите нивни е во името на македонското човечко достоинство. Затоа што човечкиот живот не се сведува само на јадење и на спиење, туку што ќе направи човекот и што ќе остави зад себе. Благодарение на Грција, Македонија нема потреба од внатрешни и од надворешни непријатели. Тие веќе сами се преброија. Нема потреба од внатрешно делење на патриоти и на предавници. Тие сами се покажаа. „Тоа што не не убива, не прави посилни“ рече Ниче. На крај видовме фајде од Грците. Ни помогнаа да станеме посилни.

Авторот е универзитетски професор

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Ѓорче Петров-овој самороден титан,на македонската револуција,историјата ќе го признае за еден од четирите столбови во величавата епопеја на злосреќниот мал народ,во еден ред со Дамета Груев,Гоцета Делчев и Перета Тошев„
02-06-2010, 07:15 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#2

(02-06-2010, 05:35 PM)Път Wrote: Бре! Тој Мицов веќе не пишува антибугарски статии, туку острицата ја свртел кон Грција. Камо и останатите Бугари да го следеа неговиот пример. Icon_razz
02-06-2010, 07:17 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#3

(02-06-2010, 05:42 PM)афион Wrote: И за бугарите има материјал,ама одма будала го прават,па вака да одморат малку.Инаку тој се чувствува като Македонец а не като бугар.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Ѓорче Петров-овој самороден титан,на македонската револуција,историјата ќе го признае за еден од четирите столбови во величавата епопеја на злосреќниот мал народ,во еден ред со Дамета Груев,Гоцета Делчев и Перета Тошев„
02-06-2010, 07:18 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#4

(02-06-2010, 05:45 PM)Път Wrote: Стефан Влахов–Мицов е универзитетски професор и писател од Бугарија.[1] Роден на 6 февруари 1956 година, во Габрово, Бугарија. Тој вели дека неговата мајка е од македонско, a мајката на неговиот татко е од куманско потекло.[2][3] Семејното воспитување, но и фактот дека е од мешан брак го натерало да посака да ги осознае деталите во врска со својот идентитет и затоа себе си се смета за особено чувствителен по прашањето на националните малцинства на Балканот.[3]
02-06-2010, 07:19 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#5

(02-06-2010, 05:48 PM)афион Wrote: Види во неговата книга,има еден дел за неговите маки заради оваа желба.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Ѓорче Петров-овој самороден титан,на македонската револуција,историјата ќе го признае за еден од четирите столбови во величавата епопеја на злосреќниот мал народ,во еден ред со Дамета Груев,Гоцета Делчев и Перета Тошев„
02-06-2010, 07:20 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

(02-06-2010, 05:50 PM)Път Wrote: Ама нешто ми е многу југоносталгичен.
02-06-2010, 07:21 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#7

(02-06-2010, 06:14 PM)афион Wrote: Можи јас не сум извлекол таков заклучок.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Ѓорче Петров-овој самороден титан,на македонската револуција,историјата ќе го признае за еден од четирите столбови во величавата епопеја на злосреќниот мал народ,во еден ред со Дамета Груев,Гоцета Делчев и Перета Тошев„
02-06-2010, 07:22 PM
Reply
Kasnakovski Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 18
#8

Quote:a мајката на неговиот татко е од куманско потекло

Универзитетскиот професор е уникален. Той е единствения човек в света, който знае, че има куманско потекло.

Това достатъчно говори за неговото психическо състояние.
До голяма степен то се препокрива с неговия изглед.
[Image: Stefan%20Vlahov%20Micov.JPG]
02-06-2010, 07:29 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#9

(04-08-2010, 02:17 PM)афион Wrote: Непретенциозни размисли

Стефан Влахов-Мицов

Дебело ќе подвлечам дека никогаш не сум имал амбиција за власт. Мојот интерес кон суштината и начините на владеење е од социјално-психолошки аспект. Отсекогаш, впрочем, ме зачудувал фактот што луѓе со претензии кон власта, нешто повеќе - такви, кои веќе биле во државната власт, сосема малку ја познаваат. И кон неа се однесуваат површно и со незнаење. Човек може да влезе во власта и без да ја разбира, доколку некој го постави таму. Било внатрешен или надворешен фактор. Но, доколку во меѓувреме не ја спознае, бргу ќе си ја загуби позицијата. За да се добијат избори, пак, не се доволни агитацијата и пцостите против актуелната власт. Главното е да се предложи алтернатива, притоа реална. И цената на таа алтернатива да биде поднослива за да може општеството да ја плати. Не е нужно да бидеш експерт за да видиш дека опозицијата во Република Македонија е слаба. Исто како опозицијата во Бугарија. Ја правам таа споредба зашто и во двете држави поранешните владетели во голем степен сами се погребаа. Во случајов нема значение што и во двете држави станува збор за социјалистички партии. Платформите денес го немаат она важно значење што го имаа во минатото. Има значење начинот на мислење, походот кон проблемите на општеството, интересите на нацијата. Во 2006 година СДСМ во Македонија ги загуби изборите уште пред тие да се одржат. Ги загуби со фалшиви ветувања кон општеството за брзо влегување во НАТО и во ЕУ. За секој нормален човек, кој гледа телевизија и чита весници, беше јасно дека тоа се глупави илузии. Уште повеќе ако се знае кои се соседите на македонската држава. Поинаку кажано, избирачите разбраа дека коалицијата на СДСМ ги лаже. Наместо тоа, коалицијата на ВМРО предложи „преродба во сто чекори“. Тоа значи не брз напредок, а чекор по чекор. Тој поход победи зашто беше реалистичен, а на Македонците им беше преку глава од лаги. Освен тоа, самиот термин „преродба“ означуваше вклучување на народот во владеењето. На изборите во 2008 година, веќе како опозиција, СДСМ повторно се самопогреба. Зашто заедно со фалшивото „брзо вклучување“ во НАТО и во ЕУ како услов за тоа го вклучи компромисот за името, што подразбира отстапки од македонскиот идентитет. Со нејзиниот однос денес македонската опозиција покажува дека ништо старо не заборавила и ништо ново не научила. Тоа го потврдуваат и резултатите од анкетите, кои и го одредуваат местото на вечна опозиција. Една партија може привремено да се самозаблуди дека привлечноста на лозунзите за НАТО и за ЕУ ќе ги надмине оние за името на државата. Иако, да правиш компромис со национален интерес за да се дојде на власт значи недостиг на зрелост. Но, ако продолжуваш да поддржуваш компромис кој општеството се повеќе го отфрла, тоа веќе е антинационално однесување и означува самоубиство. На ист глупав начин се убива и опозицијата во Бугарија, само што таму недостасува стапицата „идентитет“. Таму проблемот, шеговито кажано, е дека бившиот премиер Станишев, иако историчар, не ја прочитал впечатливата книга на Роберт Грин „33-те стратегии за војната“, а претпоставувам дека таа е практично помагало на актуелниот премиер Борисов. Барем ако судам според неговите дејствија. Авторот Грин предупредува дека слепото придржување кон досегашните стратегии може да доведе до пораз, доколку немаш креативно мислење. Ако сакам да бидам груб ќе кажам дека опозициите во Македонија и во Бугарија се некадарни и деградирани. Ако настојувам да бидам куртоазен ќе посочам дека тие не ја сакаат власта. Можеби затоа што не се уверени во себеси. Или, пак, сметаат дека оние што се на власт добро си ја вршат работата, па ги критикуваат, просто за да им го зголемат мислењето. Факт е дека и македонските и бугарските социјалисти практично работат за рејтинзите на Груевски и на Борисов. И двете опозиции пропагираат дека владеењето е катастрофално. За Бугарија тоа е сигурно, не треба да си специјалист за да го видиш. Тука наместо кауза има популизам. Наместо борба со корупцијата, криминалот и друго, има имитација на борба. Со два збора, популизмот и пропагандата ја заменија каузата, играат улога на кауза. Бугарската опозиција, впрочем, не предлага алтернатива. Зашто тоа ќе значи да се одрече од коруптивните практики, кои беа поврзани со нејзиното (и со на тие пред неа) владеења, односно, сама на себе да направи детално превреднување, што е поврзано со смена на раководната партиска елита. Куриозитет на ситуацијата во Бугарија е што неа ја определува фактот дека голем дел од денешните владетели, на чело со премиерот, се поврзани со различни етапи од претходното државно управување. Нивниот критичарски патос спрема актуелната власт потсетува на времето од култот на личноста. Во 1956 година Тодор Живков, кој во тоа време е прв секретар на ЦК на БКП, го обвинува својот началник и премиер Волко Червенков дека се самообожествил и го симнува од власт. На ист начин, 33 години подоцна, кон Живков се однесоа неговите колеги од Политбирото, кои се прикажаа како репресирани од него. Просто кажано, беспатицата во Бугарија е со истиот карактер како во Грција. И двете држави за да дојдат до суштествени промени, треба да ја смената целокупната политичка елита. Тоа не може да се случи и затоа се осудени да бидат црните овци во Европа. Големата разлика меѓу власта во Бугарија и во Македонија е дека ВМРО има кауза, која и дава шанси не само за долго владеење туку и да направи многу за македонската држава и за нејзините граѓани. Интересното е тука што фашизоидната позиција на Грција, наместо да и ги извади очите на Владата на Груевски, и црта веѓи, а ги ослепува приврзаниците на грчката позиција во СДСМ. Проблемот на македонската опозиција е што ја преценува улогата на меѓународниот фактор и неговото влијание врз македонската политика. А, во исто време ја потценува зрелоста на македонскиот народ. И во двата случаја тоа значи дека во СДСМ и неговите коалициски партнери има криза на идентитетот. За жал, таа не е партиска туку вредносна, и е поврзана со македонските националните интереси. Конфликтот на Грција со Македонија не може да се изедначува ниту со пограничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, ниту со меѓусебните односи меѓу Србија и Косово. Зашто и во двата случаи станува збор за територијален спор. Проблемот со Грција е многу потежок со тоа што македонскиот идентитет е залог. Многу векови Македонија немала држава, но македонскиот идентитет не бил доведен под сомнеж. Изворите од античноста, низ средновековието до денес се јасни и категорични. Денес на удар е самата македонска суштност, а тој предизвик не може да се проголта по ниедна цена. Пред него отстапува и борбата за власт, и членството кое и да е, и највисокиот животен стандард. Ако македонската опозиција има барем малку ум во главата, треба да обрати сериозно внимание на анкетите со македонските граѓани и посебно на последната анкета. Според 36,8 отсто од анкетираните, доколку есенва има избори, ќе победи ВМРО, а 10,7 отсто се определиле за победа на СДСМ. Тоа е разлика поголема од трипати. Во исто време, на прашањето кој подобро би се справил со економската криза, 29,2 отсто кажуваат ВМРО, а 14,5 отсто СДСМ. Тука разликата е точно двапати. Сетики, не сум експерт на опозицијата, и тука ќе застанам. За Владата на Груевски слабата македонска опозиција е нож со две острици. Додека ВМРО ја отфрла идејата за компромис со македонскиот идентитет, а СДСМ го поддржува, рејтингот на власта ќе биде многу повисок од тој на опозицијата. Негативната варијанта е доколку Владата го искористи тој факт и борбата за македонското име и идентитет од кауза ја претвори во популизам. Таква ситуација нема да доведе до приближување на рејтинзите на двете главни политички сили, туку ќе предизвика политичка криза, хаос и преструктуирање на македонскиот политички простор во непредвидливи правци. Од друга страна, политичка криза може да дојде и доколку ВМРО се реши на компромис за македонскиот идентитет. На тој начин и двете македонски партии може да излезат надвор од играта. Власта треба да знае дека во очите на македонските граѓани, предноста пред СДСМ е главно во заштитата на националната кауза. Значи, секакво, и најмало отстапување во таа насока е самоубиство. Решителната позиција за името треба да биде само база за понатамошните процеси. ВМРО успеа да обедини огромен дел од етничките Македонци (според некои анкети околу 90 отсто), т. е. не само што ја надмина членската маса, туку и своите приврзаници. Во тие 90 проценти влегуваат и членови на СДСМ, и на други политички партии. Сега се укажува идеална шанса власта да ги придобие тие луѓе во свои поддржувачи, штом одговараат на нивните интереси и надвор од името и од идентитетот. Поинаку кажано, да преминат во претставници на волјата на целиот македонски народ. Досегашниот огромен притисок врз Владата однадвор и однатре не успева токму поради поддршката што и ја дава македонското општество. Таа поддршка ќе стане уште поголема доколку се најдат начин и форма за пошироко вклучување на македонските граѓани во владеењето. Најавениот референдум за името покажа дека Владата на Македонците гледа како на врховен суверен во државата. Така, и според Уставот, но важно е тој да се додава на практиката. Борбата за името и за идентитетот нема да заврши брзо. Од таа причина Владата може да отвори прием (и да им даде интернет-адреса) за писмени предлози од страна на македонски граѓани за одбрана на македонскиот идентитет. Ќе биде многу интересно да се споредат идеите на граѓаните со тие на експертите. Носителите на најзначјаните идеи да бидат искористени во стручни комисии, екипи итн. Ние често ги нарекуваме стручњаци луѓето кои дошле до диплома и до медиум, иако зборуваат и пишуваат глупости. А, потребно е се пошироко да се воведуваат механизмите на директна демократија во владеењето. Директна демократија, но, подвлекувам, во име на македонска Македонија. Во таа смисла од исклучително значење е да се активира соработката на политичко и на економско рамниште со македонската дијаспора. Не е толку значајно колку директни инвестиции ќе дојдат од дијаспората. Сегашните инвестиции под форма на пари за блиските во Македонија се околу милијарда. Важна е меѓусебната поддршка држава - дијаспора, важно е поддржувањето на македонскиот дух. Доколку во Македонија се предложи принцип на народовластие, тоа ќе се динамизира, ќе се ослободи од негативни или од болни симптоми. Крајно време е членовите на македонското општество да бидат тестирани за нивната одговорност кон македонската држава и идентитет. И тој критериум да биде главен при заземањето општествени и државни позиции, вработување и слично. Огромната поддршка што ја има власта за одбрана на идентитетот, и овозможува да го воведе тој критериум и во сопствената партија ВМРО. Партијноста не може да биде индулгенција за некадарноста. Напротив. Наместо да се бара работа за партијци, за членови треба да се поканат луѓе со способности и со висок македонски дух. И тие да добиваат работа и позиции. А, некадарните, кои сметаат само на партиското членство, да бидат избркани од работа и од партија. Истиот критериум за лојалност кон државата и кон македонските интереси треба да биде воведен и за малцинството во Р. Македонија. Со оглед на тоа што само 20 отсто од македонските Албанци се за одбрана на македонскиот идентитет и против менување на името, само од тие средини треба да се пополнува албанската квота за државни службеници. Александар Македонски направи голема империја зашто го следеше принципот „секому според заслугите“. Неговата империја се распадна кога наследниците го нарушија тој принцип. Тоа е поука за нас.

Авторот е универзитетски професор

Афион ке те замолам во иднина да внимаваш каде што постираш.
04-08-2010, 04:19 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#10

Да во една своя автобиография во 1989г. преди да стане горд македонски патриот и етнически македонец Мицов пише дека бил дете от майка влах и баща от стар кумански род....е па кое е вистина ? ...май двете са лажа.Icon_lol
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

04-08-2010, 04:33 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#11

(04-08-2010, 04:33 PM)ivan mihajlov Wrote: Да во една своя автобиография во 1989г. преди да стане горд македонски патриот и етнически македонец Мицов пише дека бил дете от майка влах и баща от стар кумански род....е па кое е вистина ? ...май двете са лажа.Icon_lol


Опортюнист въртиопашка. Политическа курва на витрина.

Ако гърците му платят повече утре ще го видиш да громи фиромската пропаганда.
04-08-2010, 05:24 PM
Reply
braniteli Offline
Member
***

Posts: 132
Joined: May 2010
Reputation: 3
#12

(04-08-2010, 04:33 PM)ivan mihajlov Wrote: Да во една своя автобиография во 1989г. преди да стане горд македонски патриот и етнически македонец Мицов пише дека бил дете от майка влах и баща от стар кумански род....е па кое е вистина ? ...май двете са лажа.Icon_lol


Brat,ocigledno e deka krizata so tvojot identitet se poveke se manifestira,ne mozes da razberes zasto eden dovcerasen BUGARIN,sega stanuva MAKEDONSKI PATRIOT ( Stevan Vlahov Micov ) i toa GOLEM i PAMETEN PATRIOT.
Me raduva sto se poveke Bugari gi baraat svoite koreni vo Trakiskiot gen,koj ocigledno e prisaten vo najgolem procent vo denesniot Bugarski narod. Isto taka vistina e deka se poveke Bugari i Evropjani,prifakaat deka Grcite se najgolemite istoriski i mitski falsifikatori.
Vidi " ROBERT GRAVES " "THE GREEK MYTHS " izdanija od 1958 do 1972 godina.
P.S
Na ovoj forum ima nikovi koi se prestavuvaat deka se bugarski,no vsusnost se pripadnici na Grckite tajni sluzbi,koi na sekoj nacin nastojuvaat sto poveke da gi skaraat Makedoncite i Bugarite.
04-08-2010, 07:00 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#13

Бранители овой Мицов беше избракан от бугарските уневерситети оти пиел и неодел на работа ако сите ви македонски патриоти са како него жална и майка на Р.Македония.Мицов е роден во Габрово и е докажано дека нема корен от Македония овой е платен македонец ама щом вкави македонци ги сакате халал да ви са Icon_lol
Туку за добрите односки между българи и македоци вакви како Мицов го развалят повеке околкото некой грък-провокатор.
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

04-08-2010, 09:43 PM
Reply
BURGIJA
Unregistered

 
#14

Opaaaa se otvorija arhivite na DS ( durjavna sigurnost ) odma se izvadija podatoci koj kakov bil, kolku piel, od kade e izbrkan, shto mu e namesteno za da se proglasi za nepodoben, kolku bil budala i.t.n... Kolku li mu e bilo teshko na toj covek da zivee vo BG (gabrovo) ? Samo toj moze da kazi...
04-08-2010, 11:17 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#15

Оххх мори майко BURGIJA каде ги виде пак ДС .Мицов сам си ги кажува работите само требе да си чел негови автобиографии туку за пиенето и неоденето на работа се знае не е нужно да го коаже ДС.Интерсна е ена друга работа Мицов се вели за македонец и член на ОМО работи за Р.Македония туку никога не побарал македонско държавсво и си остана етнически българин ,защо ли ????
Во македонската укипедия пише дека е българин туку дека майка му е македонка а татко му от кумански род во автобиографията си во 1989г. истиот господин Мицов(далеко преди да се осека како етнически македонец) пише дека майка му е влах а татако му от кумански род.Интерна е ва работа ..ми се чини дека много фантазира овой гоелм учен не случайно има повеке от 1200 публикации 98% "гола вода" и фнтазии ан един луд човек.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Стефан_Влахов_Мицов
"Който ми каже дека не съм македонец ке му го скинам езикот, който ми каже дека не съм българин ке му секам главата"
Тодор Александров

"Македония без Българи огин ке я гори "
Иван Михайлов

05-08-2010, 01:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(05-08-2010, 01:50 PM)ivan mihajlov Wrote: Оххх мори майко BURGIJA каде ги виде пак ДС .Мицов сам си ги кажува работите само требе да си чел негови автобиографии туку за пиенето и неоденето на работа се знае не е нужно да го коаже ДС.Интерсна е ена друга работа Мицов се вели за македонец и член на ОМО работи за Р.Македония туку никога не побарал македонско държавсво и си остана етнически българин ,защо ли ????
Во македонската укипедия пише дека е българин туку дека майка му е македонка а татко му от кумански род во автобиографията си во 1989г. истиот господин Мицов(далеко преди да се осека како етнически македонец) пише дека майка му е влах а татако му от кумански род.Интерна е ва работа ..ми се чини дека много фантазира овой гоелм учен не случайно има повеке от 1200 публикации 98% "гола вода" и фнтазии ан един луд човек.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Стефан_Влахов_Мицов


Тука е постирана колумната на Влахов и треба за неа да дискитираме. Дали тој пиел, дали бил влав.....не е битно за онаа што го напишал.

А напишаното во колумната многу малку коресподира со реалноста.
05-08-2010, 02:02 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#17

Читајќи ја колумната на Мицов не ми беше јано дали човеков живее во некоја друга реалност или пак е сатиричар. Како може човеков да каже дека ситуацијата во Македонија е подобра од оние во Бугарија и Грција? Со какви факти го поткрепува тој аругмент? Дали GDP-то во Македонија е повисоко од она кај соседите? Дали Македонија е во НАТО и ЕУ? Дали Македонија стана Европски првак во нешто? Дали повеќе луѓе на светот занајат каде е Македонија а незнајат каде е Грција?
Колумната ми личи на пропаганда од времето на Тито - можеби кај нас е тешко, ама кај комшиите е за никаде; целиот свет се распаѓа, само кај нас е арно.
На крај: За каква предност во преговорите со името зборува Мицов? НАТО и ЕУ јасно ни кажуваат дека нивното трпение со нас е на крај. За каква тактичка и стратегиска предност зборува човеков.
Очигледен ње фактот дека колумнава е нарачана од владата на Rocky.
05-08-2010, 02:35 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#18

(05-08-2010, 02:02 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(05-08-2010, 01:50 PM)ivan mihajlov Wrote: Оххх мори майко BURGIJA каде ги виде пак ДС .Мицов сам си ги кажува работите само требе да си чел негови автобиографии туку за пиенето и неоденето на работа се знае не е нужно да го коаже ДС.Интерсна е ена друга работа Мицов се вели за македонец и член на ОМО работи за Р.Македония туку никога не побарал македонско държавсво и си остана етнически българин ,защо ли ????
Во македонската укипедия пише дека е българин туку дека майка му е македонка а татко му от кумански род во автобиографията си во 1989г. истиот господин Мицов(далеко преди да се осека како етнически македонец) пише дека майка му е влах а татако му от кумански род.Интерна е ва работа ..ми се чини дека много фантазира овой гоелм учен не случайно има повеке от 1200 публикации 98% "гола вода" и фнтазии ан един луд човек.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Стефан_Влахов_Мицов


Тука е постирана колумната на Влахов и треба за неа да дискитираме. Дали тој пиел, дали бил влав.....не е битно за онаа што го напишал.

А напишаното во колумната многу малку коресподира со реалноста.

В македонския имате ли думата "халтура"? Това е моят коментар.
05-08-2010, 04:05 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#19

(05-08-2010, 04:05 PM)Вовата Wrote: В македонския имате ли думата "халтура"? Това е моят коментар.

Не, што значи?
05-08-2010, 09:57 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#20

Халтура е когато пишеш нещо, което предварително знаеш, че ще се хареса и ще ти донесе похвали, позиция и най-важното пари. Също кога сликар по време на комунизмот црта петокраки. Интелектуален курварлък.
(This post was last modified: 06-08-2010, 12:01 AM by Вовата.)
06-08-2010, 12:00 AM
Reply