Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 15 Vote(s) - 2.13 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#10

(08-01-2010, 06:57 PM)hristo Wrote: За жал, во однос на Србија, некои Македонци станаа алкохоличари, што ке каже неизлечиви случаиParty1

Neznam Hristo dali si go videl tekstov i fotografijava:

Традиции: марионетски македонизам

Стисокот на “братската” српска прегратка

[Image: tadic-gruevski.jpg]


Заебаваат Србите. А што да се прави кога им се може. Српската политика сосема оправдано, тргнувајќи од авторските права што ги има врз едно од лицата на македонизмот, во нивниот случај она грдото “made by Novakovic, Garasanin, Pasic & co.“, минатата недела преку нивниот претседател Борис Тадиќ во истот, патем речено времеснки континуиран заебантски дух, ни се препорача како нов медијатор во македонско-грчкиот спор со нашето име. Дури при таквата препорака Тадиќ додал дека “и Србија сака да биде дел од решението“!? Овде, за волја на вистината се искоментира тука и таму по медиумите, не и од политичарите, за медијаторскиот предлог и со биран, ама строг речник предлогот дури беше отфрлен (Груевски и Црвенковски не бекнаа), додека за забелешката дека “и Србија сака да биде дел од решението“ не чувме ниту прочитавме некој овдешен став. Појела маца језик - што би рекле Србите. Секако цинизмот на предлогот на Тадиќ можеби не лежи во толкава мера во неговата (српска) желба да биде медијатор, колку во намерата тие да биле некакво решение на проблемот којшто токму српската политика, како своевиден духовен ментор на актуелниот македонистички систем (Грците ни доаѓаат како негов материјален дел, тело...), активно работи никако да не се реши! Добро што беше Тадиќ, оти ако го пуштеа оној јуноша Јеремиќ, кој веќе длабоко зафаќајќи се со кумството, можеше назочниот така забрефтан да го прекрсти и Скопје во, на пример, Букефал Сити. Нејсе, ваквите позици на актуелната српска политика се сосема разбирливи. Србија во изминативе неколку години успеа во голема мера да го редефинира својот меѓународен политички статус приближувајќи се до Западот, без којзнае колку во иста мера да се оддалечува од “стратешкиот“ (или подобро кажано зависничкиот) партнер Русија. Пред таа политика, која што истовремено е свртена и кон какво-такво внатрешно економско и политичко консолидирање, останаа отворени неколку важни прашања – Хашкиот трибунал, односно испорачувањето на генералот Младиќ, состојбата во дејтонска Босна и Херцеговина и најгорливото, Косовската независност. Тадиќ, во моментов како неспорен српски лидер, силно наметнувајќи ги евроинтеграциите како национален приоритет, сепак со овие прашања ќе мора да се соочи доколку сака да нема попречувања во евроинтегративната агнеда за неговата земја. Најоптимистичките прогнози на западноевропските аналитичари говорат дека тој процес на српско асоцирање во ЕУ би траел од пет до осум години. Но велиме тоа се најопстимистички предвидувања. Во таквите околности Тадиќ се одлучува на задржување на актуелното динамично или иницијативно темпо во односите со Западот балансирајќи меѓу внатрешните и надворешните коњуктури, по однос на главните препреки што се испречени пред таа држава. Српското влијание во Босна, Косово и Македонија, за Тадиќ е аргументација којашто тој, како што се гледа и од неговата посредничка понуда во нашиот случај, има намера максимално да ја исползува во рамките на натамошното приближување на Србија кон Унијата. Само наивните и неупатените, а такви, плус будали, има мнозинство во Македонија, можат да се сомничат во тврдењето дека ова што од почетокот на деведесетите наваму и се случува на Македонија не е плод, меѓу другото, и на конкретните српски политички замешателства во македонцките политички рабоќе. И тоа како сме им големи “должници“! Според тоа, посредничкиот предлог на Тадиќ треба да се разбере и како тренд, насока кон која што цели српската политика во регионот: додека Босна или Косово или Македонија се движат, ако воопшто се движат, во своите реформски, западно интегративни, процеси со брзина на полжав, Србија, тоа го прави, споредено со нив, далеку позабрзано, и на нивна сметка, демонстрирајќи истовремено сила да влијае и во пошироки политички контексти. Се разбира, евидентно е дека и меѓународната заедница е свесна за ваквите состојби и тенденции, па оттаму за српската политика е мошне важно како и со што ќе излезе на пазарење со Унијата. Во тој смисол, Македонија треба да се разбере како соодветна трговска марка чија што употребна вредност се обидува да ја исползува српската политика како своевиден регионален фактор. Затоа, јасно е дека “посредничката“ иницијатива на Тадиќ не е толку адресирана овде колку кон Брисел или Вашингтон – фино спакувана порака за регионалната “моќ“ на Србија (со разни фусноти внатре што кој како сака може да ги толкува, некои дури и како закана), по стариот руски (путиновски) рецепт за политичко пазарење на сметка на потенцијални политички проблеми. Што да се бафтаат со Младиќ кога имаат доволно “капацитет“ да им го свртат фокусот на интерес на Европејците кон падни-стани државата ФИРОМ или по нашки Република Македонија. На крајот на краиштата српските потези што во изминатиов период се прават на сметка на македонската иднина, токму се насочени во правец на дерогирање на овдешните евроинтегративни дострели и нивно ставање во редот на спрските проекции за тоа каков треба да биде редот во западниот Балкан.
(This post was last modified: 13-01-2010, 03:40 AM by mara-popara.)
13-01-2010, 03:38 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - by mara-popara - 13-01-2010, 03:38 AM