Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 15 Vote(s) - 2.13 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#8

(06-01-2010, 04:51 AM)mara-popara Wrote: Dve viduvanja.
Javno iskazan zbor od :

Долгогодишната аналитичарка на македонско-српските односи Лилјана Јаковлевска вели дека е нескриена намерата на Белград да се промовира во регионален лидер, шанса што ја имаше Македонија, но ја прокоцка.

- Србија проценува дека Македонија никогаш не била поранлива и затоа го користи моментот да ја преземе улогата на клучен арбитар, кој ќе ги решава регионалните прашања на добрососедство. Иницијативата не е искрена, но е прагматична - да се употреби силната позиција на Грција во ЕУ и слабоста на Македонија за Белград да се наметне како лидер на Балканот. Пред да заземам дефинитивен став, љубопитна сум да го слушнам коментарот на премиерот Груевски, со оглед на тоа што оската север-југ е исклучително активна за нашето прашање. Ако треба да се избира помеѓу Солана и Тадиќ, би го избрала Солана, зашто мислам дека Тадиќ ја води истата политика кон регионот како Милошевиќ, само со други средства - вели Јаковлевска.

I anonimen :

Македонски дипломат, кој инсистира на анонимност, смета дека не треба целосно да се отфрла оваа идеја. Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, но зошто да се испушти можноста да се отвори нов неформален канал за пренесување пораки, прашува тој и потсетува дека во изминатите неколку години имало примери на пренесување пораки меѓу властите во Скопје и во Белград за регионални прашања.

- Наместо да се плашиме дека ова е нов заговор против нас од традиционалните пријатели Грција и Србија, мислам дека претседателот Иванов веднаш треба да му се јави на Тадиќ и да го праша што навистина стои зад иницијативата и што разговарал со Папандреу. Мора да го правиме тоа затоа што сме дотерани до ќош. Тадиќ има коректен однос кон прашањето за името, пред се', поради заедничкиот живот во СФРЈ и тоа повеќепати го потврдил. Македонија мора да калкулира со фактот дека Србија отсега натаму ќе биде највидливата балканска држава во Европа - вели соговорникот на „Дневник“.

Zoshto anonimen,??? ako veruva vo toa shto go zboruva zoshto se krie. Ili pak .....

Од Тадиќ не бива олеснувач

- Ја слушнав изјавата на Папандреу и добив впечаток дека понекогаш грчката страна го говори тоа што сака да го слушне Брисел, а го прави тоа што сакаат да го видат грчките граѓани - рече премиерот Груевски. Предлогот на Тадиќ аналитичарите го оценуваат како провокативен. Србија на тој начин сака да се самопромовира пред Европската унија како држава што е извор на стабилност во регионот. Според експертите, ваквата понуда има скриени намери имајќи го предвид односот на Србија кон Македонија во минатото. Поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ пред 17 години му понуди на тогашниот негов грчки колега, Константин Мицотакис Србија и Грција да ја поделат Македонија. Дека српско-грчкиот сојуз на сметка на Македонија не е мртов потсетија и неодамнешните изјави на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој рече дека неговата држава е на страната на Грција и дека „има целосно разбирање“ за грчките ставови во спорот за името. На оваа изјава реагираше македонскиот државен врв, по што следеше официјална изјава на Белград дека не ја променил политиката кон Македонија, односно дека ја признава под нејзиното уставно име. Македонија и Србија имаат отворено прашање во односите меѓу црквите, и тоа ја прави Србија неповолен „кандидат“ за посредништво, предупредуваат експертите. Неодамна, на средбите со македонскиот врв, Тадиќ се понуди и да посредува во црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ, но тоа помина без ефекти.
- Кога ќе видите дека ние и покрај добрите односи со Србија имаме едно поле на затегнатост што се нарекува Косово, кога ќе видите дека со Грција имаме ирационален проблем што го загрозува постоењето на државата, како можете да очекувате во еден таков контекст, кој било од двајцата, особено Белград, да ви се најде и да ви помогне - вели аналитичарот Слободан Чашуле.
Според него, играта на Тадиќ за сопствена потреба, „колку и да звучи наивно на едно ниво, ако фати корен, може да биде опасно“.
Celiot tekst :Од Тадиќ не бива олеснувач

Makedoncite poleka no sigurno se "treznat" od "pijanstvoto"......
08-01-2010, 03:08 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - by mara-popara - 08-01-2010, 03:08 PM