Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 15 Vote(s) - 2.13 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

Dve viduvanja.
Javno iskazan zbor od :

Долгогодишната аналитичарка на македонско-српските односи Лилјана Јаковлевска вели дека е нескриена намерата на Белград да се промовира во регионален лидер, шанса што ја имаше Македонија, но ја прокоцка.

- Србија проценува дека Македонија никогаш не била поранлива и затоа го користи моментот да ја преземе улогата на клучен арбитар, кој ќе ги решава регионалните прашања на добрососедство. Иницијативата не е искрена, но е прагматична - да се употреби силната позиција на Грција во ЕУ и слабоста на Македонија за Белград да се наметне како лидер на Балканот. Пред да заземам дефинитивен став, љубопитна сум да го слушнам коментарот на премиерот Груевски, со оглед на тоа што оската север-југ е исклучително активна за нашето прашање. Ако треба да се избира помеѓу Солана и Тадиќ, би го избрала Солана, зашто мислам дека Тадиќ ја води истата политика кон регионот како Милошевиќ, само со други средства - вели Јаковлевска.

I anonimen :

Македонски дипломат, кој инсистира на анонимност, смета дека не треба целосно да се отфрла оваа идеја. Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, но зошто да се испушти можноста да се отвори нов неформален канал за пренесување пораки, прашува тој и потсетува дека во изминатите неколку години имало примери на пренесување пораки меѓу властите во Скопје и во Белград за регионални прашања.

- Наместо да се плашиме дека ова е нов заговор против нас од традиционалните пријатели Грција и Србија, мислам дека претседателот Иванов веднаш треба да му се јави на Тадиќ и да го праша што навистина стои зад иницијативата и што разговарал со Папандреу. Мора да го правиме тоа затоа што сме дотерани до ќош. Тадиќ има коректен однос кон прашањето за името, пред се', поради заедничкиот живот во СФРЈ и тоа повеќепати го потврдил. Македонија мора да калкулира со фактот дека Србија отсега натаму ќе биде највидливата балканска држава во Европа - вели соговорникот на „Дневник“.

Zoshto anonimen,??? ako veruva vo toa shto go zboruva zoshto se krie. Ili pak .....
06-01-2010, 04:51 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - by mara-popara - 06-01-2010, 04:51 AM