Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Панчевски ги снимал обвинителите на СЈО со тајна камера во неговиот дом!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,837
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основен суд Скопје 1, се фали преку медиумите блиски до опозициската ВМРО ДПМНЕ, со тајно снимен видео материјал во неговиот дом за време на истрагата на обвинителите и истражителите од СЈО.

[Image: Slikaaa_2017107174258-696x382.jpg]

Како што објави телевизија Алфа, ова е нов скандалозен видео материјал, којшто, според нив,  фрла ново светло врз упадот на СЈО и полицијата во домот на екс претседтелот на кривичниот суд Владимир Панчевски. На материјалот од домашниот видео надзор од домот на судијата се гледа како еден од службениците го зема домашниот клуч на судијата и го става в џеб, тврди оваа телевизија.
Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.
Според него, снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата со кои се служи СЈО:
„Не говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА-вели за Алфа Панчевски“.
,,На снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од мојот дом. Не станува сбор за случајност“,  вели Панчевски и прашува , дали за ова службеникот добил наредба од Катица Јанева или од претпоставените во МВР.
Тој сака да знае што планираат со клучот и дали може да очекува нови упади во неговиот дом.
Загрижен е за својата и безбедноста на своето семејство. Во исто време Панчевски тврди дека наредбата врз која е извршен претресот е незаконска.
Според него , чудно е што налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд каде што е општо познато дека Јанева има добри релации.
За него е крајно неразбирливо и тоа што наредбата за претрес  гласи за незаконско прислушување што ја сториле други лица, а во јавноста  Катица Јанева лажела дека станува збор за местење предмети преку судскиот систем-пренесува Алфа.


Владимир Панчевски се наоѓа под истрага на СЈО, заради сомнеж дека местел предмети на ова обвинителство да се паднат  на подобни судии. СЈО се сомнева дека постоел паралелен систем на електронско бирање на судиите , а со него раководел Панчевски. Запленет му е службениот компјутер, а извршен е претрес и во неговиот дом.




Што може на снимкава да е скандалозно. Домакинот се сомневал дека намерите на некои од гостите не се чесни и снимал. Неговите сомневања се потврдиле!!
07-10-2017, 06:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,837
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Најдов едно видео кое ке даде одговор на дилемата, дали постапката на Панчевски е легална и легитимна ако претресот се случил во САД, Канада ...... Имено снимена е полициска акција на апсење, полицијата не обвинува за снимањето и објавувањето  на снимката на  youtube туку обвинува за попречување на интервенцијата на полицијата. Еве го видеото, па сами просудете:





пс.за да не бидам погрешно разбран ке појаснам некои работи. Јас имам многу повеке лични причини да плукам по Панчевски ама не го правам тоа бидејки Панчевски открива една многу битна работа! Имено Панчевски знаел како се прават истраги и затоа снимал. Снимал,  за да се заштити себе но со тоа потврдил едно сомневање, сомневање кое го искажале многу обвинети досега,! сомневање за подметнување на докази, одстранување на докази, одземање на некои предмети од лица кои ги вршеле претресите. Инаку Панчевски ги спаси Фрчкоски, Верушевски, Богоевски, Чокревски, Аврамовски ..... од судски процес за НЕУСТАВНО прислушкување, поточно судски процес за се што сега се обинува МВР и УБК за време на владеењеето на Груевски!!
07-10-2017, 11:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,837
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Јанева: Од станот на Панчевски не е земен клуч, а тоа што снимал треба да биде предмет на психијатриска опсервација


9.10.17
Aпсолутно не е одземен клуч од домот на Панчевски. Ние кога имавме наредба од Судот да влеземе и да извршиме претрес во домот на Панчевски воопшто немаше потреба да земаме предмети без потреба. Ние можевме да одземеме се што се однесува на наредбата за претрес и тоа со записник за претрес го направивме, а тоа што претседателот снимал нешто во својот стан, тоа веќе треба да биде предмет на друга психијатриска опсервација, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

[Image: katica-janeva-1.jpg]

Според неа, за цело време претресот во станот на поранешниот претседател на Крвичниот суд Владимир Панчевски бил снимен од крим полиција од МВР, а биле снимени и други претреси, како што се во судот, во станот на Панчевски и на другите места кај што вршеле претрес.
– Многу пати во такви ситуации кога не напаѓале сме мислеле дека е поважно да ја вршиме нашата работа и да ги оставиме таквите маргинални работи сами по себе да се средат, бидејќи прво и основно е тоа што се знае зошто ние влеговме во неговиот стан, се знае и зошто отидовме и во судот, да видиме дали тој ја злоупотребува својата службена должност и овластување, односно дали оддава државна службена тајна. Тоа е важното прашање. А другото, не е воопшто важно, вели Јанева запрашана дали ќе поведе постапка за одговорноста на Панчевски бидејќи објавил снимка која е дел од предистражна постапка.



Таа уште еднаш подвлече дека не е одземен клучот од станот на Панчевски.
– Апсолутно не е одземен клучот. Можеби ви изгледа на камерата како да го одзема, но тоа не е така и тоа мислам дека во еден момент ќе биде објаснето и самата еуфорија што се навлече во јавноста во врска со претресот. Сакавме колку што можеме да бидеме професионални и тајни во тој дел на предистражната постапка и самото наметнување од страната на Панчевски како работи СЈО мислам дека ја доведува неговата загриженост или незадоволство од тоа дека ние професионално си ја вршиме нашата работа, вели Јанева.
Таа нагласи дека во овој момент извршен е попис на сите предмети што се одземени и ќе се почне со нивна анализа од страна на адекватни стручни лица од полицијата па потоа, вели, ќе се премине во друга фаза.
(This post was last modified: 10-10-2017, 12:36 AM by ЈорданПетровски.)
09-10-2017, 06:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,837
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



Quote:-Незаконитата процедура на крај заврши со кражба на клуч, што се гледа од снимката од видеонадзорот што го доставив до медиумите. Снимката е таа, може да ме распнат, да ме судат и да ме осудат. Панчевски е со чиста совест за сè досега, како претседател на Основниот суд Скопје 1 и како судија во тој суд. Сум постапувал секогаш чесно, во согласност со закон и никако поинаку. Генерално, морам да кажам дека се плашам за личниот живот повеќе, со овој мрак на правдата. Не е битно дали ќе водат постапки за Панчевски, Панчевски е веќе осуден и лежи казна затвор во нечија глава. Тие ќе ги реализираат своите намери и слободно можат да ги реализираат, јас сум со чиста совест и не се плашам, вели Панчевски.

Прашан дали ги предупредил обвинителите на СЈО дека има видеонадзор и околу законитоста на снимањето, Панчевски вели дека тој не бил должен да предупредува за тоа.
09-10-2017, 07:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,837
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Дали Палески ќе му пресуди на Панчевски? Претресот поради хард дискот со прислушувани разговори?



10.10.17
Претресот на Специјалното јавно обвинителство кај екс претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски е поради најдениот и одземен хард диск со прислушувани разговори кај бизнисменот Љупчо Палески, објави Алсат-М.
[Image: pjimage-670x447.jpg]
Иако ова не го потврди СЈО, судската наредба за претрес на Панчевски издадена од гевгилискиот суд јасно укажува на поврзаноста на двата случаја. Во образложението стои.
Судска наредба за претрес кај Владмир Панчевски:
„Постојат сознанија дека релевантни докази се наоѓаат кај лицето Љупчо Палески, дека при претресот одземени се поголем број на електроснки докази за кои во тек е вештачење во МВР. Првичните анализи покажуваат дека осомничениот на 14.8.2017 година вршел бришење и криптирање на електронските податоци“.
СЈО се сомнева дека Палески извршил три кривични дела – Злоупотреба на службена положба, Оддавање службена тајна и Помагање сторител по изврешено кривично дело. Во образложението на судот се посочува дека токму со претресот кај Панчевски ќе се обезбедат докази за случајот со одземените прислушувани разговори кај Љупчо Палески.

Судска наредба за претрес кај Владимир Панчевски:
„Во домот и кај лицето Владимир Панчевски може да се пронајдат компјутери компјутерска опрема, преносни мемориски уреди – екстерни хард дискови, УСБ, ЦД, ДВД и други уреди кои служат за собирање и пренос на податоци, телефонски апарати кои содржат релевантни податоци за предметната истражна постапка, односнои дека ќе бидат пронајдени траги на кривичното дело и предмети важни за кривичната постапка“
Јанева минатиот четврток внимаваше да не открие детали за претресот на судијата Панчевски, но напомна дека е поради друга предистражна постапка. Посочи дека местел случаи кај судии за кои сметал дека се подобни и дека во АКМИС системот имал пристап и од дома.
Прашање: „Претресот произлегува од прислушуваните разговри од така наречените бомби овој случај?
– Не, ова е поврзан со друг предмет што произлегува со телефонските разговори на лицата кои беа на оперативно следење и се поврзани со друг предистражен предмет, одговара Катица Јанева, СЈО.
Екс шефот на Кривичен, Владимир Панчевски ги негираше тврдењата на Јанева и поврзаноста со бизнисменот Љупчо Палески. Обвини дека брутално бил претресуван. Му биле одземени два мобилни телефони и компјутерите, но и дека истражители на СЈО му го украле клучот од домот. Најави кривични пријави за Катица Јанева, Ленче Ристоска и судијката Злата Попова која ја издала наредбата за претрес.
10-10-2017, 11:38 PM
Reply