Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОВТОРНО ЛАЖНИ РЕФОРМИ ВО УБК!?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Прислушувањето во Македонија, право на оперативниот центар

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRLz7eWsWDQyk3tY0ypxMQ...ZW-5yEOfcD]

08 септември 2017
Планот за реформи во Управата за безбедност и контраразузнавање предвидува целосно тргање на оваа институција од следењето на телекомуникациите, врз основа на искуството и законската регулатива на хрватската тајна служба. Со Препораките на Прибе, како што дознава Алсат, сега се дискутира за можно формирање на оперативно-технички центар, кој ќе служи како единствен овластен за прислушување. Следењето на комуникациите треба да биде само во интерес на кривичните истраги или за потребите за државната безбедност. Се предвидува на УБК да му се одземе улогата на посредник како што беше случај до сега, со цел да се спречи неговото мешање во независноста на другите надлежни органи.
Но, Оперативно технички центар, независно што во планот за реформи се вели дека неговите вработени можат само да ги следат телекомуникациите, но не и да ги слушаат разговорите, сепак ќе има директен и постојан пристап до опремата или до телефонските броеви во прислушувањето.
Оперативно техничкиот центар ќе биде формиран со владина одлука, како дел од органите задолжени за безбедност и контраразузнавање, иако во планот за реформи е гарантирано дека ќе биде независен орган. Улогата на овој центар ќе биде и техничко- оперативното координирање помеѓу понудувачите на јавните телекомуникациски мрежи и ќе има посредничка улога помеѓу вклучените органи во процесот. Барањето за следење на телекомуникациите во Јавното Обвинителство го праќа само раководителот на институцијата кој со закон е надлежен за прифаќање на мерката, што се органите на МВР. Тоа го усвојува судија на Врховниот суд, во случај на закана кон националната безбедност или тероризам. Одлуката на судот, Обвинителството ја доставува во ОТЦ.
Во планот за реформи во УБК се вели дека се очекува независност на овој оперативно технички центар од службите на системот за безбедност и контраразузнавање, која ќе гарантира полесна одбрана и функционирање на безбедносните служби. Според планот, директорот на ОТЦ го именува и разрешува владата. Неговиот мандат ќе трае пет години со право на реизбор. Претходно се зборуваше дека директорот може да биде избран од независен тим на експерти, за оневозможување на политичките влијанија кон овој орган. Извештајот за својата работа, ОТЦ го предава во влада и до надлежните собраниски комисии кои ќе играат улога на постојано следење и набљудување на неговата работа. Набљудувачи , според планот ќе бидат и претсавници на цивилното општество и експертите, но нивната улога не се прецизира. Реформата може да трае 12 до 18 месеци. Големото прашање кое стои кај временскиот период на спроведување на оваа реформа. Како што забележале експертите и странските амбасади, постои опасност од злоупотреба на мерките за прислушување и опремата за прислушување, било и од структурите внатре во УБК. Во планот за реформа не се спомнува како ќе се спречат партиските вработувања во управите на тајната служба, што беше присутно во минатото. Моментално, министерот за внатрешни работи Спасовски го вработил како началник во Втора управа сопругот на поранешната техничка министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, Јовче Ременски додека во Шеста управа, својот поранешен телохранител, познат од настаните на 27 април во Собранието, Сашо Тасевски.
Исто така, и понатаму останува енигма и судбината на Агенцијата за разузнавање, која неколку години по ред функционира како независна и надвор од другите органи на МВР, како што беше во минатото. Во текот на истрагите од СЈО за случаите на прислушување и уништувањето на опремата како и по настаните на 27 април, имаше гласини дека повеќе од десет агенти на УБК и функционери на МВР барале трансфер во Агенцијата , за да влезат под политичкиот „чадор“ на Иванов.





Зар да верувам дека СДСМ со луѓе, Фрчкоски, Верушевски, Зечевиќ, Николовски .... ке ги почитува промените на начинот на работа на ПЕТА УПРАВА! Да потсетам, Фрчкоски не го почитуваше самиот тоа што го напишал во Уставот , дека прислушкување е дозволено само со налог од судија!! 
Додека сите тие кои го кршеле Уставот и НЕУСТАВНО прислушкувале, следеле луѓе не бидат судени и добијат заслужени казни нема ништо од реформи на УБК. На ПРИБЕ ке му се понуди формата, еве прислушкувањсето не е веке во УБК и тој ке е задоволен од реформата и реформаторите а УБК ке си ја тера истата приказна како во изминативе 27 години.
(This post was last modified: 10-09-2017, 01:54 PM by ЈорданПетровски.)
10-09-2017, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СЈО се приклучува на работната група за следење на комуникациите
 
SHARE
TWEET
PIN
SHARE
[Image: MRUBK-1-777x437.png]
Специјалното јавно обвинителство станува дел од работната група за следење на комуникациите за имплентирање на препораките на Прибе, ова бече усвоено вчера вечер на владина седница со дополнување на одлуката за формирање работна група за примената на планот за спроведување на препораките.
Според владаата, оваа одлука е донесена откако е увидена потребата во работната група да бидат вклучени и претставници од Специјалното јавно обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство, кои ќе се повикуваат по потреба.
Пред вклучувањето на СЈО, владата формираше работна група за изготвување и следење на имплементација на планот на препораките од Прибе во врска со следењето на комуникациите од 2015- та година. За претседател е именуван Сиљан Аврамовски од Министерството за внатрешни работи.
Кој освен СЈО ја чини работната група
Работната група ја сочинуваат 29 лица, од кои 11 се вработени во МВР, двајца претставници од Министерството за одбрана, две лица од Министерството за финансии, четворица пратеници. По еден претставник од Министерството за правда, од Царинска управа, Финансовата полиција, Министерство за информатичко општество, Врховниот суд, Јавното обвинителство,  Основно обвинителство за гонење на организиран криминал, Кривичниот суд, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Народниот правобранител и еден универзитетски професор.
Ова е списокот на сите членови именувани во оваа работна група.
  1. Силјан Аврамовски
– претставник од Министерство за внатрешни работи, претседател;
  1. Славјанка Петровска
– претставник од Министерство за внатрешни работи, заменик претседател;
  1. Весна Доревска
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Нухи Незири
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Сашо Трајковски
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Даниела Јаковлевски-Ѓоршоска
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Лазо Јовановски
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Марјан Здравковски
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Светлана Влаховиќ-Димановска
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Снежана Петровиќ-Арсовска
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Јане Стојанов
– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;
  1. Никола Прокопенко
– претставник од Министерство за правда, член;
  1. Елизабета Калачоска
– претставник од Министерство за финансии, член;
  1. Горан Василески
– претставник од Министерство за одбрана, член;
  1. Трајче Касапинов
– претставник од Министерство за одбрана, член;
  1. Иван Спасовски
– претставник од Министерство за финансии – Царинска управа, член;
  1. Кире Темелков
– претставник од Министерство за финансии-Управа за финансиска полиција, член;
  1. Димитар Буковалов
– претставник од Министерство за информатичко општество и администрација, член;
  1. Ејуп Аљими
– претставник од Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, член;
  1. Лилјана Затуроска
– претставник од Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, член;
  1. Фросина Ташевска-Ременски
– претставник од Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;
  1. Трајчо Димков
– претставник од Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;
  1. Рахилка Стојковска
– претставник од Врховен суд на Република Македонија, член;
  1. Башким Бесими
– претставник од Јавно обвинителство на Република Македонија, член;
  1. Сузана Мирчевска-Кузмановска
– претставник од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, член;
  1. Весна Димишкова
– претставник од Основен суд Скопје1, член;
  1. Игор Кузевски
-претставник од Дирекција за заштита на личните податоци, член;
  1. Васка Бајрамовска – Мустафа
– претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија, член и
  1. Гордан Калајџиев
– претставник од научната и стручната јавност од областа на кривичната постапка, член.
Работната група има за задача да изготви План за реализација и спроведување на препораките на Прибе, да ги дефинира правните акти (закони, подзаконски акти, стандардни оперативни процедури) кои ќе треба да се донесат или изменат, со цел да се имплементира националниот модел и ги дефинира техничките и административни мерки за имплементирање на националниот модел, како и финансиските импликации за нивно реализирање.
 Што препорача Прибе во 2015  за реформи во УБК кои ќе спречат прислушувања без соодветен надзор 
  • Следењето на комуникациите за целите на кривичната истрага и прислушувањето за безбедносни цели треба да се сметаат за одвоени функции и одвоено да се регулираат за да ги одразат соодветните надлежности на засегнатите агенции. Генерално, надлежностите кои се однесуваат на спречување и откривање на криминал треба строго да се почитуваат. Надлежностите на УБК треба соодветно да се намалат, за да се фокусира на овие задачи.
  • На УБК треба да ѝ се одземе нејзината посредничка функција, за да не се меша во независноста на агенциите за спроведување на законот (Полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) кога се работи за следење на комуникациите;
  • УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува копирање на комуникацискиот сигнал. Сопственичките преклопници (свичови) треба да се преместат во просториите на провајдерите на телекомуникациски услуги. Провајдерите треба да ги активираат и пренасочат сигналите кон надлежните агенции за спроведување на законот (Полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) или безбедносните агенции (Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Агенцијата за разузнавање и Службата за воена безбедност и разузнавање во рамките на Министерството за одбрана) само по добивањето на релевантен судски налог и само за целите на законско следење на комуникациите. Во никакви околности УБК не треба да има практична способност за директно следење на комуникациите.
  • Разузнавачките служби вклучени во следењето на комуникации треба да дејствуваат само во согласност со јасни овластувања утврдени со закон, со кои се дефинираат и ограничуваат нивните задачи за целта на национална безбедност и највисокиот јавен интерес. Во никакви околности не треба да бидат овластени да собираат информации за политички или други цели.
  • Ангажирањето и изборот на персоналот треба да се заснова на строги критериуми на заслуга и интегритет, целосно да се има предвид чувствителноста на разузнавачката работа и заштитата од судир на интереси. Персоналот треба редовно да се обучува, вклучително и за почитување на правилата за заштита на податоци, основните човекови права и заштита на професионалната етика и интегритет.
  • Имајќи предвид дека опфатот на активностите на разузнавачките служби треба да се утврди според целта на нивните задачи и дека какво било мешање (како следење на комуникации) треба да се ограничи на она што е неопходно и пропорционално, треба соодветно да се распределат човечките ресурси и опремата. Со оглед на големиот број на вработени кои во моментов се на располагање во УБК, а релативно нискиот број на судски налози за следење на комуникациите кои се спроведуваат годишно, ова ќе значи значително намалување на ресурсите и опремата. Истовремено, треба да се распредели значителен број на функционални и добро обучени човечки ресурси за контрола и надгледување на разузнавачките служби.
  • Треба да се воведат алатки за управување со ризик за водење и управување со сите разузнавачки операции.
  • Треба да се зајакне безбедноста на податоците за да се спречи каков било ризик од неконтролирано и незаконско ширење на следењето на комуникациите, особено во рамките на Министерството за внатрешни работи, кое согласно Член 34 од Законот за следење на комуникациите треба да ги складира податоците според „специјален режим’.
  • Извештаите за следењена комуникациите кои се направени за безбедносни цели  треба да се избришат во рамките на разумна временска рамка (сегашниот лимит од 5 години е предолг) и според принципите за неопходност и пропорционалност.
Во врска со содржината на прислушувањата
  • Треба сериозно да се разгледа спроведувањето на истраги за криминално однесување откриено со прислушувањата, без двоумење и страв, на неселективен начин, давајќи им поголем приоритет на посериозните незаконски дела кои се чини дека се откриени.
  • За ефективна истрага може ќе биде потребно запленување на регистрите на податоци и сите расположливи архиви на регистри на податоци од УБК и провајдерите на телекомуникациски услуги и нивна споредба со издадените судски налози. Онаму каде што е потребно, истражителите може да размислат за барање на меѓународна поддршка и експертиза, на пример во враќање или утврдување на автентичноста на избришаните регистри.
Во врска со собранискиот надзор
  • Комисиите на Собранието за безбедност и контраразузнавање и за надзор на мерките за следење треба веднаш да се свикаат и редовно да се состануваат (со учество на сите избрани партии во Собранието) за да се осигура собраниска одговорност.
  • За бојкотот на Собранието, ако продолжи, може да бидат потребни ад-хок
  • решенија, најдобро во рамките на собраниските структури, одбегнувајќи ситуација во која собранискиот надзор е де факто застанат за пролонгиран период. Повлекувањето на малцинството членови на Комисијата не треба да се дозволи да го спречува извршувањето на нејзините законски функции и ако е потребно да се измени собранискиот Деловник за да се дозволи ова.
  • Потребата за безбедносен сертификат не смее да се користи како причина за одложување на работата на комисиите и процесот на доделување на безбедносен сертификат треба да се забрза за да се дозволи ова.
  • На членовите на Комисијата треба да им се дозволи да им помагаат технички експерти.
  • Собранието треба да инсистира институциите строго да ги почитуваат своите обврски за поднесување извештаи, на пример обврската на Комисијата за надзор на примената на техники за следење на комуникациите да известува еднаш годишно.


Народот се расправа кој е патриот а кој предавник а СЛУЖБАТА-УДБа И КОС ги пљачкосува. Правосудството е катастрофа, суди по диктат на  СЛУЖБАТА-УДБа И КОС. Политичките и Идеолошките неистомисленици се прогонуваат СЕУШТЕ по истите линии на работа како и пред 1991 година. Медиумите ги контролира СЛУЖБАТА-УДБа И КОС! Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот, Најчевска, Фрчковски, Верушевски, Бошковски, Трајановски, Милчин, Пендаровски, Јанкуловска, Мијалков, Калачџиев, Пировска,  ....... долг е списокот, предолг за жал!

 
18-11-2017, 02:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ОТА е новата УДБА

[Image: 21617932-cf42-4e85-b129-7be894a9d71c-4f3...-02(1).jpg]

ОТА ќе ја контролира опремата за прислушување, мобилните оператори мора да соработуваат, а граѓанскиот сектор ќе може да ги контролира ПИ мерките.

Уредите преку кои се вклучува, управува и исклучува сигналот за следење на комуникациите, уредите преку кои се овозможува пристапот на органите до податоците од мобилните оператори и целата техничка координација за прислушувањето ќе биде под надлежност на ново независно тело кое ќе се вика Оперативно-техничка агенција (ОТА). Со други зборови, опремата со која располага Петтата управа во УБК, ќе биде изнесена оттаму и со неа ќе раководи ОТА.
Формирањето на оваа агенција е дел од предвидените реформи во безбедносните и разузнавачките служби и за неа е подготвен сосема нов закон. Тој доаѓа како резултат на препораките на експертската група на Рајнхард Прибе. Покрај овој, подготвен е и нов предлог-закон за следење на комуникациите во кој најголема новина е што контролата, покрај досегашната собраниска комисија, ќе ја вршат уште четири други институции од кои едното ќе биде сосема ново тело – Совет за граѓанска контрола.
Овие две засега се најголемите промени што се предвидуваат со двата нови закона, меѓутоа во безбедносните и разузнавачките служби во иднина ќе треба да се спроведат уште многу други реформи. Една од нив, како што најави и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е да се утврдат положбите на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), која е во рамки на МВР, и на Агенцијата за разузнавање, која е под надлежност на претседателот. Ќе се разгледува дали треба да останат какви што се, дали УБК треба да биде надвор од МВР, дали треба да се спојат УБК и Агенцијата и да функционираат како едно тело итн.
Додека дојдат на ред овие промени, деновиве се актуелни новите закони, за ОТА и за следење на комуникациите. Достапни се и на јавен увид на веб-страница ЕНЕР. По завршувањето на рокот за јавен увид, тие треба да се најдат на владина седница на 18 декември, по што се очекува да бидат доставени и до Собранието.
Според Предлог-законот за ОТА, најдоцна тој во целост треба да почне да се применува до 1 ноември 2018.
 
Директорот на ОТА: Информатичар, правник, економист

На чело на ОТА треба да застане директор кој ќе биде избран од Собранието, а ќе го предложи собраниската Комисија за прашања на избори и именувања. Мандатот ќе му биде пет години и нема да има право повторно да аплицира за таа позиција. Тој, според критериумите, треба да има најмалку четири години високо образование и десет години работно искуство.
„За директор може да биде избрано лице кое има стекнато образование во следните области: информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, безбедност, правни или економски науки“ пишува во законот.
Тој ќе има обврска и да доставува годишен извештај за работата на ОТА до Собранието.
Вработените, пак, во Агенцијата ќе имаат статус на раководни, стручни или оперативно-технички работници.
И директорот и сите вработени ќе бидат должни да ги чуваат како тајна податоците до кои дошле при работата, како за време на мандатот, така и кога ќе им заврши работниот однос или кажано со други зборови, за она што ќе го откријат додека работат во ОТА ќе треба да молчат цел живот.
При екипирањето на ова тело, ОТА може да преземе сè што му е потребно од МВР, односно сета неопходна техничка и друга документација и дел од вработените.
За својата работа агенцијата ќе мора да води евиденција. Електронска за преземените активности, а пишаните документи ќе мора да ги чува во архива 10 години.
 
Шема: Обвинител-судија-обвинител-ОТА

Новиот Закон за следење на комуникациите, пак, се однесува на постапката за спроведување на ПИ мерките односно на прислушувањето и следењето на другите електронски комуникации, а се утврдуваат и обврските на ОТА и на мобилните оператори. Исто така, се пропишува и начинот на извршување контрола во спроведувањето на овие мерки со цел спречување на нивна злоупотреба.
Барањето за следење комуникации и понатаму ќе го поднесува јавен обвинител, а дозволата да се прислушува некој ќе мора да ја даде судија кој мора да одговори на барањето во рок од 48 часа. Кога обвинителот ќе ја добие дозволата, односно наредбата од судијата, ќе ја однесе во ОТА од каде ќе го притиснат копчето за следење и снимање на комуникациите на одредено лице.
 
Граѓанскиот сектор ќе врши контрола на прислушувањето

Собраниска комисија од четири члена (двајца од мнозинството и двајца од опозицијата) и претседател од редовите на најголемата опозициска партија во парламентот, досега беа единственото тело кое можеше да контролира дали се прислушува законски или пак, се злоупотребува. Пратениците и понатаму ќе бидат контролен механизам кој ќе може да изврши надзор без најава, но покрај нив со новиот Предлог-закон се предвидуваат уште четири други институции: Народниот правобранител, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекцијата за лични податоци и Советот за граѓанска контрола кој дополнително треба да биде формиран.
Лицата од овие тела, исто како и вработените во ОТА, ќе имаат обврска цел живот да ги чуваат како тајна класифицираните информации до кои дошле при извршување на надзорот. За да може да го вршат надзорот сите ќе добијат безбедносен сертификат со соодветен степен за пристап до класифицирани информации.
Советот за граѓански надзор, кој е една од најголемите новости, ќе биде составен од претседател и шест члена, а сите ќе ги избира Собранието.
„Собранието на Република Македонија распишува јавен оглас за назначување на претседател и шест членови од кои тројца членови се претставници од невладините организации (здруженија на граѓани) од областа на заштитата на основните човекови права и слободи, безбедноста и одбраната“, пишува во предлог законот.
Нивниот мандат ќе биде три години, а и тие ќе треба да поднесуваат годишен извештај за сработеното до Парламентот.
Овој Совет ќе постапува врз основа на барања на граѓани и фирми кои забележале незаконско постапување, односно злоупотреба на ПИ мерките, а за да изврши контрола во ОТА или во операторите ќе мора претходно да се најави.
 
Мобилните оператори треба да обезбедат лицето кое се прислушува да не забележи

Мобилниот оператори, исто како и ОТА, си имаат свои обврски со предлог-законот за следење на комуникациите. Тие се должни да ги обезбедат сите услови за следење и на свој трошок да обезбедат опрема, да воспостават комуникациски водови до ОТА итн.
„Операторите треба да обезбедат лицето чии комуникации се следат или друго неовластено лице да не забележи каква било промена во квалитетот на комуникациската услуга која може да биде предизвикана со спроведување на мерките за следење на комуникациите. Функционирањето на следената комуникациска услуга треба да остане непроменето за лицето чии комуникации се следат“, предвидува законот.
Уште една обврска која ја имаат операторите, според овој предлог, е кога имаат воведено компресија или крипто-заштита на комуникацискиот сообраќај, да ја отстранат.
 




Што побргу се почне со рушење на власта на Заев ке се спречи и можноста Груевски да се врати на власт.
28-11-2017, 03:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Предлог закон за прислушување како од филмови



27 November, 2017 -
[Image: prislusuvanje_2.jpg]

Вака сме гледале на филмови, но со новиот предлог закон за следење на комуникации предвидени се и вакви постапки. Во делот за прислушување заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата, од МВР предлагаат не само да се следат телефонски и електронски комуникации како досега, туку и во внатрешност на објекти и звучно и филмско снимање на јавни места.
Член 17 од Нацрт Закон за следење на комуникации
Мерки за следење на комуникациите заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата се:
1. следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации;
2. надзор и техничко снимање на внатрешноста на објекти, затворени простории и предмети и влез во тие објекти, затворени простории и предмети, заради создавање услови за спроведување на мерката;
3. следење и набљудување со светлосно снимање на лица на отворен простор и на јавни места и
4. следење и набљудување со звучно снимање на содржината на комуникациите на лица на отворен простор и на јавни места.
Досега вакви во филмови гледани постапки за прибирање информации никогаш не биле регулирани и дозволени со закон. Во делот за прислушување за безбедност на државата оставени се уште неколку „прозорци“ низ кои може да се протне злоупотреба. Првин во такви можности се остава и превентивно прислушување за да се спречат евентуални насилни инциденти и терористички напади. Државниот обвинител може да бара, Врховниот суд да одобри и тоа прислушување да трае до 6 месеци, а во законот не е предвидено обвинителот да изврши проверка дали законски се прислушува.
Тоа е сосема спротивно од постапката за прислушување во кривични истраги кога обвинителот има законска можност за проверка како се прислушува. Покрај тоа за безбедносно прислушување, дозвола ќе бараат лица поставени од политички фигури, од министрите за внатрешни работи и за одбрана додека во анти-криминалното следење на комуникации – дозвола бара оној што ја води истрагата. Оставена е и можноста обвинителството да бара мета податоци за мобилен телефон, нешто што Европа веќе го има укинато.
Вкупно 5 закони ќе го регулираат следењето, покрај нов закон за следење на комуникации ќе има и потполно нов Закон за оперативно техничка агенција, скратено ОТА. Односно по УБК сега ќе има ОТА во неа според првичните најави ќе има 50-тина досегашни вработени во УБК. За сите работни места по систематизацијата на ОТА за кои се предвидени овластени службени лица, нема да има конкурс за вработување. Така, ќе нема јавен оглас за сегашните вработени во УБК кои ќе добијат трансфер во новата агенција ОТА. Овие решенија се донесени и сега се претставени пред јавноста, невладините го критикуваат и тој момент - зошто МВР кое е обвинето за злоупотреби само го избра моделот и ги напиша законите без да вклучи невладин сектор и експерти.
Најголем проблем остана и тоа што законодавецот повторно овозможува целиот сообраќај да биде префрлен кон службата ОТА, а истата таа можност досега ја имаше УБК.
Позитивната измена е подобрениот надзор на прислушувањето, оценува Николов. Пратениците ќе имаат можност кога сакаат да го надгледуваат процесот, а ќе има и граѓански совет за надзор.

телма

Миомир Серафиновиќ
30-11-2017, 03:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Можноста за масовно прислушување останува и со новите закони




Предложените реформи на следењето на електронските комуникации не се она што надевавме, или да цитирам пријател - не беше баш реално да очекуваме дека во ова доба некој ќе се претргне да размонтира ефективен систем за масовно прислушување, пишува блогерот Новица Наков во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.
Има (барем) четири поенти што треба да се направат во врска со реформите за следењето на електронските комуникации.
Прво, дека формирањето на Оперативно техничка агенција (преку Предлог-законот за оперативно техничка агенција) не е спектакуларна реформа како што претставниците на Владата сакаат да ја прикажат и да нѐ уверат. Кога Рајнхард Прибе во неговиот веќе легандарен извештај од 2015 година (на стр. 8) вели дека УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема за следење, тој всушност вели дека не доликува во модерна демократска република од 21 век тајната полиција да има пристап до овие уреди, бидејќи тоа потсетува на некое друго време, можеби од 20-тиот век, Студената војна, и пропратниот декор. Во реалноста на Македонија одлуката УБК да има пристап до следењето на електронските комуникации за потребите на кривичната постапка е донесена некаде на ниво на влада или министерство. Ниту тековниот Закон за следење на комуникациите, ни тековниот Закон за електронските комуникации не пропишуваат дека тоа треба да биде УБК. Малку поинаку организирано Министерство за внатрешни работи би можело да има, да речеме, Оперативно техничка дирекција (наместо нова Оперативно техничка агенција) која ќе работи независно и стручно и УБК ќе нема директен пристап до опремата. Поради ова, Предлог-законот за оперативно техничка агенција не носи некакви посебни новости, освен конечното признание на македонската влада дека, навистина, тајната полиција не би требало да се занимава со сторителите на кривичните дела онака како што ги дефинира законот, туку тоа би требало конечно да му припадне на некој друг помалку брутален државен орган.
Второ, дека во предложените реформи владата го игнорира останатиот и многу поважен дел од препораката на Прибе (т.е. втората реченица од истиот параграф каде се наоѓа погоре споменатата препорака против УБК): дека свичовите треба да бидат во просториите на операторите, а потоа операторите да бидат тие што ќе го пренасочат сигналот до соодветниот државен орган. Дека владата го игнорира овој дел од препораката може да се види во членот 60 од Предлог-законот за следење на комуникациите, којшто по содржина е сличен на членот 175 од тековниот Закон за електронските комуникации за којшто Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста по долг период на чување на иницијативата во фиока, а владата предложи да не се укине, којшто пак е сличен со членот 115 од стариот Закон за електронските комуникации за којшто Уставниот суд донесе одлука за поништување во далечната 2010 година. Ако Уставниот суд држи до себе, тој би требало да ги поништи и член 175 од тековниот Закон за електронските комуникации и членот 60 од идниот (ако остане ваков) Закон за следење на комуникациите. Вакви одлуки од Уставниот суд не би биле посебно радикални бидејќи една таква е веќе донесена и патем во голема мера е поткрепена со пресуди од Европскиот суд за човекови права. Во меѓувреме, можеме да заклучиме дека владата нема намера да се откаже од тоа некој нејзин орган (во случајот Оперативно техничката агенција) да има директен пристап до електронските комуникации на граѓаните (во членот 3 од Предлог-законот за оперативно техничка агенција стои дека таа е таа што активира следење на комуникации). Дополнително овде треба да се укаже и на тоа што Владата планира клучните детали во врска со начинот на вршење на работите за следење на комуникации да ги решава со подзаконски акт кој по природата на нештата е изложен на многу помалку проверка и контрола, а особено не од Собранието.
Трето, дека реформите воопшто не се занимаваат со прашањето на задолжителното задржување на податоците од страна на операторите, моментално пропишано во членот 176 од Законот за електронските комуникации, т.е. членот 176 останува таков каков што е таму каде што е. Овој член е домашна примена на директива на ЕУ којашто во меѓувреме беше доведена во прашање од Судот на правдата на ЕУ. И иако овој суд (за разлика од Европскиот суд за човекови права) нема надлежност во Македонија, сепак не би било премногу да се очекува една реформски ориентирана влада која ита да ја внесе Македонија во ЕУ да ги земе како насоки пресудите на овој суд коишто велат дека државите не можат да наметнат генерална обврска на провајдерите на електронски телекомуникациски услуги да ги задржуваат податоците на корисниците.
Четврто, дека предложените нови, исто како и тековните важечки закони кои се занимаваат со прашањата за електронски комуникации се прават глуви и слепи за технологиите со кои располага Министерството за внатрешни работи, а за кои не е потребна правна или техничка соработка со телекомуникациските оператори. Овие технологии ја напаѓаат мобилната или интернет мрежа и овозможуваат директен пристап до уредите и содржината на корисниците. Молчењето на домашните власти вреди малку кога овие технологии странците ги најдоа во Македонија и на техничко ниво (во истражувањето на CitizenLab од 2013 година), и на купопродажно ниво (во истражувањето на ComputerWeekly објавено пред неколку дена). Чудно е за една реформски ориентирана влада, којашто се залага за заштита на човековите права, да не предложи мерки и проверки за овие технологии во реформите на законите за следење на електронските комуникации.
Во заклучок, предложените реформи на следењето на електронските комуникации не се она што надевавме, или да цитирам пријател - не беше баш реално да очекуваме дека во ова доба некој ќе се претргне да размонтира ефективен систем за масовно прислушување. Сигурно има и други поенти кои треба да се направат во врска со предложените законски измени – но последна овде и веројатно со пристојна доза на иронија е тоа дека, со оглед на потребното 2/3 мнозинство во Собранието за некои од овие закони, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе соработуваат или не, со вакви предлози можноста за масовно прислушување останува или со новите или со старите закони.
09-12-2017, 06:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Стариот монопол на УБК ќе се препакува во новата ОТА?


Реформата се прави без намера за создавање систем кој ќе биде имун на злоупотреби и со механизми за заштита на човековите права, велат од Работната група која ги анализира предложените реформи во безбедносниот систем

[Image: 18215612_303.jpg]

Утре (14.12) завршува јавниот увид и дебата за предложените законски решенија со кои се предвидени реформи во безбедносните и разузнавачките служби, според итните реформски приоритети зацртани во Извештајот на Прибе.  Најголемата новина во нив е тоа што опремата со која досега располагаше Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) се „сели“ оттаму и со неа во иднина треба да раководи Оперативно-техничка агенција (ОТА). Под надлежност на ова ново независно тело треба да бидат уредите преку кои се вклучува, управува и исклучува сигналот за следење на комуникациите, уредите преку кои се овозможува пристапот на органите до податоците од мобилните оператори и целата техничка координација за следењето на комуникациите. Покрај ова, подготвен е и нов предлог-закон за следење на комуникациите. во кој најголема новина е што контролата, покрај досегашната собраниска комисија, ќе ја вршат уште четири други институции, од кои едно сосема ново тело - Совет за граѓанска контрола. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека нема да ги потпише законите ако не гарантираат заштита од незаконско прислушкување.
„Сè додека не поминат сите дебати околу овие законски решенија, сè додека во јавноста не се прифати дека ова е вистинското решение што ќе обезбеди заштита од злоупотреба на системот за прислушување, нема да потпишам таков закон“,  вети Спасовски.

[Image: 17203539_401.jpg]
Наместо суштинска реформа - само декор и политички поени?

Нов центар на моќ
Какви се забелешките по увидот и анализата на законските предлози?
„За жал, начинот на кој што државата се зафаќа со овој процес само делумно одговара на препораките. Најпрвин беше избран модел во процес во кој немаше вклученост на граѓанското општество, за потоа преку скратена дебата да преминеме кон усвојување на предложените измени и дополнувања на повеќето закони“, вели Андреја Стојковски од граѓанскиот Центар за европски стратегии „Евротинк“, една од шесте организации во Работната група што го анализира предложениот модел на реформи.
Нацрт-текстовите беа објавени на ЕНЕР (Единствениот национален електронски регистар на прописи) пред неполн месец. Рокот за нивното коментирање истекува утре, а веќе во понеделник (18.12) ќе се најдат пред Владата за усвојување.
„Како во само три денови ќе се сумираат сите примени предлози и препораки останува непознаница. Работната група за контрола на полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање во рамките на документот Предлог за итни демократски реформи (Blueprint) изготви предлог измени кои ќе ги достави до МВР и до Владата. Во нив предлагаме најпрвин зајакнување на дебатата, заради подобрување на законските текстови, а потоа и суштински промени во неколку од текстовите“, вели Стојковски.
Првата забелешка се однесува на формирањето на ОТА, Агенција која ќе биде тело на Владата, а нејзиниот директор ќе го именува Собранието.
„ОТА ќе треба да ги пренесува наредбите до операторите и да ги обезбедува пренасочените сигнали од комуникациите. На овој начин, според предлагачот, се одзема надлежноста на УБК, но сепак не се задоволува барањето на експертската група на Прибе. Според итните реформски приоритети, прислушувањето треба да го прават самите оператори на барање од надлежен орган и наредба од Суд. Оттаму, според мислењето на Работната група, ОТА ќе претставува само формирање на нов центар на моќ именуван од истото мнозинство кое го избира и министерот, без доволни гаранции дека нема да се прислушува незаконски и за приватни потреби“, посочува Стојковски.
Во однос на формирањето Граѓански совет за контрола, забелешката на Работната група е дека нацрт-законот не содржи никакви одредби за операционализација на тоа контролно тело. Стравуваат дека тоа нема да заживее, бидејќи не е предвидена стручна служба, начин на  работа, ни основа за постапување. Не е предвиден ни надомест за вршење на функцијата, што го сметаат како индикатор дека нема интерес за вистинска работа на тој совет, односно дека истиот е предвиден за декор и политички поени.

[Image: 36158728_401.jpg]

Упад во приватноста преку мета-податоците
Забелешки има и во однос на планираното задржување и користење на мета-податоци.
„Според европската практика, задржувањето на мета-податоците особено за географската положба и времето, се сериозна интрузија на приватноста, и според предложените мерки на регулативата на ЕУ - се забрануваат! Според македонското законодавство се предвидува задржување на мета-податоците до една година наназад, без притоа да се гарантира како ќе се користат, а со отворено утврдување дека до истите може да се дојде со просто писмено барање, но не и со судска наредба. Предлогот на Работната група е да се предвиди преоден рок во кој постапно ќе се намалува временскиот период на задржување на мета-податоците, како и да се предвиди постапка во која ќе мора да се обезбеди судска наредба за нивното користење“, објаснува Стојковски.

Повеќе на темата:
Прибе: Eдна форма на заробена држава не смее да се замени со друга
Опседнатоста на Груевски со „жолтото комбе“ не била случајна?
Година и пол затвор за Грујевски, СЈО задоволно
Сомнежи се поврзани со претходната постапка за изрекување Посебни истражни (ПИ) мерки и заштитата на правото на приватност. Работната група констатира дека предлог- законите утврдуваат постапка за одредување на ПИ мерки по веќе добро познатиот систем без притоа да се води сметка за приватноста, а обвинителот може да го злоупотреби и институтот „усна наредба“, без притоа истата да биде заведена, и подоцна, во прецизен рок, заменета со барање и писмена наредба.
„Сето ова наведува на помисла дека реформата се прави без да се има вистинска намера во создавање на систем кој ќе биде имун на злоупотреби и со доволно механизми за заштита на човековите права“, констатира Стојковски.

[Image: 39791814_401.jpg]
Препораките на експертската група на Прибе не се испочитувани

Прибе стана незадолжителен!
Ако се спореди предложениот реформски модел со препораките на Прибе, се забележува дека тој е различен од препораките за реформи што ги дала неговата експертска група.
„УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува отсликување на комуникацискиот сигнал. Сопственичките преклопници (свичови) треба да се преместат во просториите на провајдерите на телекомуникациски услуги. Операторите треба да ги активираат и пренасочуваат сигналите до надлежните органи (Полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) или до безбедносните органи (Управата за безбедност и контраразузнавање, Агеницијата за разузнавање и одделот за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана) само по добивањето на релевантна судска наредба  и само за целите на законското прислушкување. Под било кои околности УБК не треба да има практична можност за директно пресретнување на  комуникациите“, се вели во препораките на Прибе.
Исто така, по критикуваниот ексклузивитетот на УБК, која следењето го врши и набљудува во свое име, но и во име на полицијата, Царинската управа и финансиската полиција, засега нема одговор - дали преку свичерите на ОТА тој ексклузивитет и натаму останува во УБК?
13-12-2017, 08:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Македонската тоталитарна матрица”
 
 
 [Image: Totalitarianism.jpg]
 
 
 
11.03.2015

Хана Арент,  вели дека природата на злото е најчесто банална, и подредена на фактот дека без размислување се потпираме на клишеа, без притоа да се преиспитува конретно во случајот со Ајхман – природата на нацистичките закони на кои тој недвосмислено им се приклонил и служел…..Неговата негативност не ја детектира како “глупост/глупавост” туку целосно отсуство на “мислење/расудување”.
Ваквата констатција отвара многу прашања кои не се единствено, правни прашања поврзани со судирот помеѓу позитивно право и природно право, а кои се најголемиот проблем на современата терорија на човекови права,  туку чепка и во пошироки нормативни и онтолошки сегменти, кои кога ќе се стават во релација со целокупниот нејзин труд и дела, го отвара прашањето на “човек” и “човештво”…затоа, и во голема мера сите нејзини трудови се фокусираат на мислењето/расудувањето кое го развива до форма на систем или етика во своето последно, и за некои нецелосно завршено дело “Животот на Умот”.
Каква врска има сево ова со Македонија денес, и македонскиот систем – ако може така да се нарече? Иако забелешките на Хана Арент се однесуваат на некој кој се соочувал со индивидуална кривична одговорност за злосторствата кои ги причинил, несомнено има нераскинлива и огромна врска поради безброј паралели кои можат да се повлечат.
Првата, и најосновната е мислењето/расудувањето. Современото македонско општество размислува/расудува или поточно неразмислува/нерасудува, и тоа  колективно…или, попрезицно е поделено на неколку колективни кругови на “не-размислување/не-расудување”. Метафорички ги нарекувам кругови, иако посоодветно би било  да бидат именувани како “квадрати на нерасудување”, заради елементот на некакво очекувано врамување.
Првиот е поврзан со, и има своја генеаологија од комунистичкото минато, односно имплантирана омраза кон комунизмот или комунистичкиот режим. Друго е прашањето колку и зошто, тоа би било и до која мера оправдано. Во некои поединечни  случаи веројатно  би било, заради тежината и големината на страдањата и доживеаните лични судбини.
Дргиот круг, би се однесувал на оние кои се омразени заради својата приклонетост и соработка со комунистичкиот режим, со што своето неразмислување/нерасудување го рефлектираат како автоматски антагонизам кон оние кои тоа не се…затоа што не припаѓаат на групата. Овие се во суштина и елитисти. Сепак нивниот автоматски анатагонизам, е одговор- одбрана од имплатираната омраза кон нив. Секако лустрацијата која во секој случај беше паушална и одмаздничка, го продлабочи тој јаз и судир.
Помеѓу нив посотојат останати кругови, кои се приклонуваат или помалку приклонуваат на едните и/или на другите. Постојат и исклучоци, но тие се доста ретки.
Паралелата е јасна, овде влегуваат и двете најголеми  македонски политички партии…кои не, само што се идеолошки различни (иако сметам дека идеологијата на партиите во Македониија е сведена на локален провинцијалијам), туку се и генеaолошки различни. Единствената заедничка одлика им е дека двете функционираат со тоталитарна/и матрица/и. Целокупната состојба во која се наоѓа македонското општество е резултат на оваа/овие тоталитарни матрици кои се пресликани од осамостојување до сега. Постои временски континуитет на хранење и оддржување на тоталитарна/и матрица/и, и ако навистина сакаме веродостојно да разговараме треба да се вратиме во транзицијата. Оттука започнува македонската сага. Транзицијата однесе човечки судбини и физички и метафорички, ја однесе надежта за создавање на цврсто општествено јадро. Од таква позиција, каде се движи денес Македонија? Па, нормално во тоталитаристичка/и матрица/и, и тоа во сите сегменти на постоење.

Една од најочигледните последици денес (иако ги има безберој, за кои е потребна посебна студија) е скандалот од невидени размери – некои се шокирани, некои очекувано не-изненадени – заради масовното присулушување, на како што се тврди 20.000 луѓе. Резултатот е, дека ова претставува дел од таа тоталитарна матрица која се протега со децении наназад, и воопшто е небитно прашањето од каде и како се набавени овие материјали. Таа, тоталитарна/и матрица/и е виновник за состојбата во правосудството, во медиумите, во граѓанскиот сектор со исклучок единствено на студентското движење денес, во уметноста во културата, и ако сакате во секодневието. Исто така таа, тоталитарна колективна матрица, се забележува дури и на социјалните мрежи.
Во сета оваа ситуација, и медиумско лудило сепак основните прашања некако изостануваат. Дали овие два доминантни модели, кои секако не може да се наречат политика/политики, туку  локал-провинцијализам на тоталитарни матрици, е всушност излезот? Нормално дека не е. Зошто? Затоа што Македонија ако сака да го искорени овој автоматски имплатиран колективен тоталитарен ум од сите сегменти на постоење, мора да се зафати за еден мошне сериозен и одговорен чекор, кој не подразбира рехабилитација и амнестија туку напротив соочување со цел криминал, од осамостојување до сега. Не лажно политичко лустрирање, туку вистинско правно политичко и морално соочување со блиското минато и сегашноста. Тоа подразбира дека  буквално цел криминал и злоупотреби, и тоа на највисоко политичко ниво мора да се процесуира.
На тој начин, ќе се пренесе порака дека никој и ништо, не може да биде амнестиран/о и рехабилитиран/о. Секако некој ќе запраша, како тоа би се остварило, кога е повеќе од позната катастрофалната ситуација во правосудството, и која денес е јасно, дека е најголем прислужник на извршната власт. Тоа би можело да се оствари преку оранизирање специјални хибридни судови, со за жал, помош на странски правосудни експерти (бидејќи македонското правосудство е неспособно). Иако ваквите судови се забранети според Устав сепак со амандмани, возможно е да се  отвори пат за такво нешто – за пример служи Охридски Рамковен договор.
Очигледно е дека стратегијата на Заев за излез за жал води, и со која не можам на никое ниво да се согласам, кон амнестирање и рехабилитирање (иако проформа се поднесени дел од материјалите до крајно изполитизираното јавно обвинителство), на оние кои ги причиниле овие грозоморни дела, бидејќи веројатно гради ПР кампања за добивање на избори, или во некаква мера преговори за надминување на политичка криза. Ова не е криза, ова е комплетен пад на систем.  Врпочем најзастрашувачкото нешто, е дека овие два блока се во суштина соработници, и имаат “џентлментски” договор на континуирана рехабилитација и амнестија. Тоа мора да прекине еднаш засекогаш, ако сакаме некакви промени.
Од друга страна пак, да биде ситуацијата уште пострашна и поапсурдна е фактот дека македонското општество страда од непостоење на автентично граѓанско движење кое би било мотор, срцевина на некаква промена. Граѓанското движење во Македонија, ако може така да се нарече…страда од млитавост, идеологизираност и недостаток на визија (со исклучок на студентското движење). Дополнително на тоа е комплетно узурпирано од одредени поединци или помали групи кои му направија повеќе штета отколку што го развија и унапредија. Сите тие на некој начин се соработници во градење и одржување на оваа колективна тоталитарна матрица. Така што ситуацијата на многу нивоа е, шах-мат. Единствениот излез е соочување и процесуирање на сите злодела од транзиција до сега, и тоа на највисоко политичко ниво.

Јана Лозаноска

***Авторката е докторандтка на ООН Универзитетот за Мир, Костарика***
15-12-2017, 12:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:РЕИНКАРНАЦИИТЕ НА АБАЗ, БЕРИЈА, ЧАШУЛЕ, МАРИНА И РАНКОВИЌ ЌЕ ГИ ПРАВАТ РЕФОРМИТЕ КОИ ГИ БАРА ПРИБЕ

Јордан и Душан Петровски 11.11.2017
Да се разбереме: главниот проблем со Службата за државна безбедност не е во прислушкувањето, туку во репресиите—односно угнетувањето. Службата угнетува во име на зачувување на придобивките на социјализмот—утопистичка идеологија заснована на сите најлошите квалитети на човековиот карактер, која ветува мед и млеко а испорачува глад и страдање. Затоа придобивките на социјализмот се придобивки се за една мала гарнитура којашто владее со Македонија од крајот на Втората светска војна до денес, а којашто релано не ги поседува способностите ниту да управува со стадо овци, а камо ли со држава. Тука станува збор за јадрото коешто постојано ги контролира образованието—особено високото—судството, извршната власт, економијата, културата, и секако Тајната идеолошка полиција.
„Бобмите на Заев“ само нѐ потсетија дека УДБа ни бдее над сите. Но, тие се само продолжена примена на оперативната мерка „Полог“ на сила на македонските простори околу 99 години, наменети за исполнување на планот Западен Балкан (Букурешко решение на македонското прашање). „Полог“ е еден од начините на кој се разнебитува македонскиот дух и се двои од она што некогаш бил. „Полог“ е една од мерките со која оние што сакаат да нѐ уништат го работат тоа. Целата игра е Македонија да ја снема и на крај „Стара Србија“ да се припои кон Србија и од Македонците ништо да не остане, и на тој начин да се затвори Македонското прашање.
Продолжената примена на мерката „Полог“ сугерира продолжено постоење и применување на далеку посериозните практики, односно мерки и активности на службите на државната безбедност. Тие се дел од преведувањедо на народот жеден преку вода, начин на кој народот се одржува на границата на гладот. Денес во Македонија повеќе не се гладува, но Македонецот е најсиромашниот Европеец. Тоа е дел од планот кој Заев задоволно го прогласи со „победата“ на локалните избори: дека национализмот бил мртов. Тука Заев мисли на смртта на желбата за независна македонска држава, но незнам дали самиот е свесен за сериозноста на неговите зборови, зашто смртта на македонскиот национализам значи смрт на македонскиот народ.
Тоа е резултат на  политиката на изгладнувањето на народот во 1950тите, односно нејзин одраз во денешницата. Македонецот останува еден од најтешко задолжените жители на држава на европско тло, и во соживот со добро развиен државен шверц, со цел да се поддржат „придобивките на социјализмот“. Угнетувајки, Службата се осигурува дека Македонецот ке остане верен и покрај тоа што е принуден да живее како второстепен граѓанин. Односно Македонецот да остане мирен и покрај тоа што му се сече приликата да слободно да напредува. Во 1950тите, гладувајки народот научил да зависи од држвата соработувајки со Службата, а таа зависност оттогаш наваму генерациски се пренесува од колено на колено. Македонецот е комплето зависен од Службата, односно од нејзиното вреднување за неговото „држење“: пријателско или непријателско.
До распадот на Југославија економијата отворено беше речиси целосно во рацете на државата низ маркситичкото начело на државната сопственост на средствата за производство. Морално-политичката подобност—т.е. „политичка коректност“—одредуваше дали човек може да опстојува и напредува во општеството, односно дали човек може да се образува, вработува, да остане вработен, и дали ке биде шиканиран или ке учсествува во шиканирањето на неговиот сосед. Од 1991ва година навака, економијата е божем пазарна и приватизирана, но морално-политичката подобност е сѐуште решавачкиот фактор во успехот на приватниот бизнисмен, а секако и на приликата за вработувањето во најголемата и најсигурна бранша на економијата—државната администрација, инаку позната како служба.
Изјавите на луѓето од Комисијата за спроведување на реформи во судството, луѓето кои се ново-избрани да ја раководат Тајната полиција, односно УБК, како и луѓето избрани како советници на премиерот Заев по прашање на безбедноста, ме натера да го напишам овој текст. Текстов, како и многу други мои текстови, има за цел да даде јасно до знаење дека е воочена уште една лага на титовите Комунисти: овој пат онаа дека ке ги спороведат реформите на Прибе. Но, зар спротивното е можно? Зар човек со здрав разум може да поверува дека комунсти ке се самораспуштат, односно ке се самоказнат, ако знае дека тие се луѓето кои неизбирајки методи—разни видови на насилие од психолошко до физичко—биле и се чувари и спроведувачи на комунистичката идеологија!
Да почнам по ред.


Quote:Еве што предлагаат, односно што најмногу ги засега експертите од Комисијата за реформа на суството. Третата точка на нивниот нацрт-план за реформи вели:
Втората поголема новина се однесува на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност (познат како Закон за лустрација), кој беше укинат во 2015 година. Работната група констатира дека штетните последици за лицата кои беа жртви од овој закон, остануваат и денес.

Заради нивна општествена рехабилитација, како и заради заштита на нивниот личен интегритет и достоинство ќе биде воспоставен правен основ за поништување на мерките преземени кон нив.
 
 
 
 
[Image: reformi_sudstvo-lustracija.png]
 
  НАЦРТ- СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР     
Од ова се гледа дека Комисијата за реформи на судството како приоритетна задача ја поставува личната рехабилитиција на дел од членовите на Комисијата и рехабилитација на партиските и идеолошки „другари“ со кои го извршувале злосторот, односно репресијата и пљачката на македонскиот народ.
Во нивните излагања против лустрацијата како идеја, застапниците на македонската „граѓанска“ левица—кои денес се префрлија од „невладиниот“ во владиниот сектор—зборуваа за фактот дека прогласувањето на независност на Република Македонија и донесувањето на новиот „модерен, плуралистички, и демократски“ Устав автоматски ја ислкучувале потребата од лустрациски процес за периодот по 1991 година. Додуша истата фела ја убедуваше македонската и меѓународната јавност, но и судската елита, дека од лустрација немало потреба ниту за периодот на отворениот диктат на пролетаријатот, односно на Комунистичката партија/Сојуз на комунисти на Југославија (1945-1991 година) зашто прекршувањата на човековите и уставните права биле вршени за потребите на владите. Тука можеме да бидеме дарежливи и да им отстапиме на Милчиновци дека кршењата на уставните права на граѓаните било неопходно, пред сѐ поради тоа што, како што забележале дипломатите на САД, југословенскиот „систем содржи вродени слабости коишто, во отсуство на лидер од големината на Тито (некој чиешто влијание далеку ќе ги надмине неговите уставни овластувања), може да се покаже како нефукционален.“ Прведено на македонски, пионерите на Тито отсекогаш свесно го уредувале устаниот поредок на начин којшто мора да се крши со цел да функционира—за потребите на владејачката гарнитура, се разбира.
Но, додека Мичиновата повраќаница дека уставните и човековите права можеле да се кршат во име на потребите на владите минува како валиден аргумент во свињарникот наречен македонско правосудство, светот ја отфрли таквата безмислена аргументација уште во далечната 1945-6 година со Нирмбершкиот процес, а подоцна и со судењата на Адолф Ајкман, и конечно со Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа. Потребите на владите, во националната држава, не можат да ги надминат правата на граѓаните во чиишто раце лежи суверенитетот на истата. Милчин и неговата србокомунистичка банда ја мешаат демократијата со робовладетелскиот феудализам—што е предвидливо ако знае дека тие се деца на Титовиот систем.
Правилата за работа на Тајната полиција за времето на комунистичка Југославија не беа во согласност со демократските начела на кои божем ја втемеливме независна Република Македонија, зашто Службата беше уредена да се справува со „контрареволуционерните“ појави коишто можат да го загрозат државниот поредок. За време на периодот на отворената диктатура на КПЈ/СКЈ една од основните задачи на службите за државна безбедност беше заштита на „придобивките на социјализмот,“ односно задржување на комунистичката гарнитура на власт по секоја цена—што значи дека воведувањето на вистински плурализам ке биде невозможно доколку СДБ продолжи да се уредува со слични или исти правила за работа.
 [Image: frck.jpg]
Од приложеново решение јасно се гледа дека МВР водено од реформаторот Фрчкоски и во 1994 година работело според „демократските“ закони на Комунистичка Југославија, покрај тоа што тие закони се закони додесени во едноумениот тоталитатрен систем и закони кои не биле во согласност со Уставот на Р. Македонија!! Значи, правилата кои ја уредувале Службата во 1990тите години ја усмерувале нејзината работа кон истите цели како и пред прогласувањето на независноста и донесувањето на новиот Устав.
 
 [Image: neustavni_16-24.jpg]
 
Во Законот за работа на СДБ од 1980 година, во член 16 се говори за заштита на ПОРЕДОКОТ УТВРДЕН СО УСТАВОТ на земјата, а таа земја во конкретниот во случај е ЈУГОСЛАВИЈА!!
Исто така во законот од 1984 година за работа на СДБ во член 24 се говори за потребите за безбедноста на СФРЈ!!
Од приложеното се гледа дека Фрчкоски го користи Уставниот закон и по носењето на новиот Устав на Р. Македонија, а со цел да ја користи СДБ како идеолошка полиција! 

[Image: neustavni_5.jpg]
Членот 6 од Уставниот закон е јасен:
[Image: Neustavni_odluki-3.png]
Но реформаторот Фрчкоски тоа не го почитува, и не ги усогласува законите за работа на СДБ со Уставот на Р. Македонија! Фрчкоски и понатака ги користи законите донесени за време на отворената диктатура на Сојузот на комунисти на Југославија, поточно ги применува сѐ до 1995 година, кога и нему а и на политичкото ПРОЈУГОСЛОВЕНСКО водство на Македонија им станува јасно дека Србија е поразена во Хрватска и во Босна 
Но Уставот за денешниов реформатор неважел тогаш, а треба да веруваме дека ке важи денес!? Тоа што Комунистите имаа целосен медиумски монопол до пред некоја година, како и целосно покритие врз доктирнарното крило—образованието и културата—ги охрабрува погрешно да мислат дека целата македонскат јавност е малоумна.
И од двата документа што ги содржат членовите 16 и 24 кои сега за прв пат ги објавувам се НЕПОБИТНИ докази дека СДБ, се разбира заедно со Глигоров и останатите од политичкиот врв кој бил избран од Белград, работела за зачувување на Југославија!
Понатаму се гледа и голото кршење на Уставот—чишто автор е токму тој—дека Фрчкоски бил тој што потпишувал решенија за отстапување од начелото на неповредловост на тајноста на комуникацијата, наместо судот, како што налагал Уствот во член 17:


Quote:        Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

 
Понатаму, објавата на Правилата за работа на СДБ објавени во „Посебен (таен м.з.) службен весник“ 10/92, исто така е спротивно на Уставот!


Quote:Член 52
        Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.
        Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
  
Но бисерот на уставописецот/реформаторот Фркоски со кој тој јасно става до знаење какво ке биде судството после неговите реформи е најуваво објаснето во оваа негова изјава:





Докторот на правни науки и РЕФОРМАТОР на судството вели:

Quote:„Ниеден не е невин, апсолутно!! Тоа можат да го потврдат сите што биле вклучени не само јас.“


А во истрагите биле вклучени, од инспекторите па сѐ до директорот на СДБ. Реформаторот Фрчкоски јасно ни укажува на методот на идеолошката полиција: тој како налогодавач на неговите потчинети им заповедувал или да спроведат веке смислено сценарио со кое ке се „докаже вината“ на жртвата или пак тие да смислат и исконструираат обвинение, и во улога на сѐмоќни да ја донесат и пресудата, односно да потврдат дека тоа што тој го говори е единствената вистина. Па според овие бисери на реформаторот на судство Фрчкоски, реформата на судството би требело да биде укинување на судството, затоа што УДБа/УБК е таа која и истражува, и гони, и пресудува, и ги извршува казнено-поправните мерки. А тоа значи многу поевтина држава, нема судови, нема адвокати, нема правни факултети! Ке има само Иделошка полиција и вечерни школи за производство на соработници, инспектори, началници, директори на УБК, министри, раковододители на НВОа и граѓански здруженија. Инаку речено, сѐ да продолжи да фунцкионира и понатака како што било досега.

Дека сето она што го напишав погоре—дека целта на Комисијата за реформи во судството е зачувување на тоталитарниот комунистички сиситем—е така слободно го тврдам затоа што Комисијата не предлага како да се спроведе лустрација по препораките од Советот на Европа за сите посткомунистички држави и, иако секретарот на Венецијанската комисија во изјава за Комитетот за демократизација на Македонија посочи дека на Македонија лустрација ѝ е потребна и тоа не само за период 1945-1991 туку и за периодот после 1991 година (засновано на параграфите 26 и 27 од Мислењето на Венецијанската комисија). Од снимката од разговорот со секретарот на Венцијанската комисија ке добиете појасна слика. 






Судејки според персоналните назначувања во Комисијата за реформи во судството и нивните приоритети, од однесуањето на истите за време на расправата на темата лустрација во изминатите години, од манипулацијата на Уставниот суд во нивното барање на мислење од Венецијанската комисија по прашањето за лустрација, како и од двата документа кои сега за прв пат ги објавуваме—а се работи за НЕПОБИТНИ докази—јасно се гледа дека СДБ работела за зачувување на Југославија—односно разнебитување на македонскиот дух!!
Лустрацијата која ја спроведе владата на Груевски беше базирана врз закон кој во самата основа беше закон којшто ке попречи вистинска лустација—лустрација во согласност со Резолуциите на Советот на Европа 1096 и 1481. За закон кадешто процесот на лустрација нема до се одвива во институција единствено легитимна да донесе правослина пресуда—судот—да потсетам, гласаа и пратениците на СДСМ.
Јасно е дека побудата на пратениците на СДСМ за ваквиот чин било убедувањето дека таквиот закон ке овозможи строго контролирана лустрација и дека со тоа лустрацијата како процес се става исклучиво во функција на задскривање на вистинското решавање на проблемот со употребата на тајната идеолошка полиција во партиски и идеолошки цели. Но, тука треба да бидеме внимателни за да од ова погоре не добиете погрешен впечаток дека досега лустрираните—говорам за луѓето кои работеле во службите за државна безбедност—се невини, зашто вистината е дека тие се виновни како лисици во кокошарник. Проблемот е во тоа што нивната вина не беше прецизно дефинирана за целата македонска јавност да може да ја увиди—а и во тоа што иситите останаа кримнално неодговорни. Денеска директор на УБК е Горан Николовски, човек кој најголемите унапредувања во Службата ги добил во период 1991-98 година. Раководител на комисијата за Реформи на УБК е Силјан Аврамовски, човек кој во Тајната идеолошка полиција е од првата половина на осумдесетите години на минатиот век. Значи тврдокорен воспитаник на Белград и син на своевремен началник на Петата управа.
 
[Image: runtev-jas-1.jpg]
 
Моето тврдење за нивната вина го темелам врз основа на пресудата на судот за бегалци во Канада, којшто ми одобри азил на основ на доказите воочени во моето полициско досие водено во периодот 1992-98 година, од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини. Министер за внатрешни работи најдолго во тој период бил членот на Комисијата за реформи на судството проф. д-р Љубомир Фрчкоски, кој ги потпишувал решенијата за НЕУСТАВНО прислушкување, следење, сузбивање, и репресирање. Според изјава на директорот на Државниот архив на Р Македонија дадена во 2010 година, подложени на НЕУСТАВЕН прогонот од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини—односно прогонувани и репресирани—биле близу четири илјади луѓе. Според мои истражувања таа бројка е неколку пати поголема!! Зошто повеке верувам во моето истражување? Од простата причина што моето досие денеска го нема во историскиот Архив иако во 2000 година постоело и МВР за тоа ми издаде официјален документ, а и извадок од истото!
За ниту еден од тие прогонувани десетина и повеке илјади луѓе, Тајната полиција не подигнала обвинение, бидејки таа има еден специфичен начин на работа. Имено, Службата прогонот не го прави за да на прогонетиот (предмет на „Претходна обработка“) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да покрене обвинение со кое доказите кои ги прибрале ке ги стават на проверка на судот и судот или ке го осуди или ослободи осомничениот. Ова Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што, прво, Тајната полиција неможела да обезбеди такви докази, бидејки лицата кои ги одбрала за прогон не сториле никакво кривично дело.
Всушност, Тајната полиција и онака не се занимава со дела од криминална природа, туку со дела од „контрареволуционерен“ карактер. „Вината“ на сите тие луѓе—по внатрешниот жаргон на УДБа, „незадоволници“—била во тоа што тие имале по некоја основа углед (успешни во работата, во уметноста, спортот и др.), а со тоа и влијание врз некоја група од граѓанството. Тоа за Службата за државна безбедност е најголема опасност, бидејки со тоа некој може да понуди погледи за животот, и поими за слободата и човековите права што се надвор од строго контролираното толкување на тие поими од страна на СИСТЕМОТ!!
Затоа ке нема ниту еден извештај од НВОата—конктретно Хелсиншки комитет за човекови права во Македонија—за прогонот на луѓе од ПОЛИТИЧКИ и ИДЕОЛОШКИ причини, иако во 1999/2000 тогашната власт донесе закон со кој ги отвори досиеата на луѓето кои биле прогонувани и репресирани по идеолошко-политичка линија, со што доказите за кршењето на човековите права од страна на УБК станаа достапни до сите, па и до Хелсиншкиот комитет за човекови права!! Кога говорам за нереагирањето на Хелсиншки комитет во периодот кога се отворени досиеата, да споменам дека тогашниот негов председател, професорката Мирјана Најчевска, денеска е член на Комисијата за реформа на судството!!
Втората причина за прогонот на Службата на Македонците е тоа што целта на системот на работа на идеолошката полиција е апсолутна асимилација на целокупното население во наративот на владејачката гарнитура дека сето она што го работи власта—особено онаа од комунистичка провиненција—е во име на македонските национални интереси, иако таа во сашност безуморно работи кон разнебитувањето на последната ронка од македонскиот дух. Инаку речено, основната задача на Тајната полиција е да се осигура дека апсолутно секој граѓанин духовно и интелектуално се потчинува на режимските лаги и ја прифаќа режимската виртуелна реалност—инаку позната како „политичка коректност“—како „правата истина“.  На индивидуално ниво тоа значи дека во секој случај Службата работи со цел да се здобие со нов соработник при што од секој перцептиран противник—„незадоволник“—прави свој човек. Бидејќи, целта е Едноумие!
За да се здобие со нов соработник, Тајната идеолошка полиција не избира средства или начини. Најчест метод се уцените со нешто од што жртвата—предметот на  „Претходна разработка“—се плаши да излезе во јавноста—прељуба, ситен криминал, лична тајна и слично; како и местенка на некој проблем за кој Службата на предметот на претходната обработка ќе му понуди помош за решавање—на пример, задолжување кај лихвар, стопирање на судски предмет и слично. Секако, не треба да го изоставиме шиканирањето—психолошката војна—како основна мерка на репресија. Тука пред сѐ се мисли на изолацијата на „незадоволникот“ од средината во којашто живее, на тој начин створање на животни услови на робија на отворено. Откако службата ке го добие новиот соработник—народно познат како „кодош“—таа почнува со „поставување на задачи“ кон истиот, т.е. тој да послужи во „обработката“ на нов предмет, зашто тоа е конечниот испит на неговата новопечена лојаност. Лојалноста на овие превртени некогашни „непријатели“ секогаш останува под знак на прашање од страна на Службата, зашто таа никогаш не е сигурна во резултатите на нејзуините казнено-поправни, односно превоспитувачки напори. Заради ваквиот метод на обезбедување на соработници, многу малку луѓе успеале да оддолеат на притисоците на Тајната идеолошка полиција и да не станат нејзини соработници. А тоа резултира со нивниот молк и страв од лустрацијата! Затоа и законот за лустрација беше правен за да првенствено ги „откие“ соработниците, а не извршителите и налогодавачите.
Третата, но не и најмалку битна причина зошто органите на државната безбедност не ги носат своите истраги до судска разврска е поврзана со меѓународната финансиска помош—тука спаѓа и меѓународното задолжување—со која се финансира целата оваа рашомонијада што Комунистите ја спроведуваат од 1950тите па навака. Отсуството на политички затвореници—нивниот последен бран завршува во 1960тите—погодно на Западњаците им сигнализира дека југословенскиот „мек комунизам“—Титоизмот—фунцкионира на најхуман начин, па според тоа нема причина зошто да се секне финансиската гага од Запад. Слично погодно, на лажните застапници на човековите права како Најческа и Калајџиоски, им дава изговор да тврдат дека во Македонија немало кршење на човековите права, зашто полицијата не тепала ниту затворала луѓе на политичко-идеолошка основа.
За да добиете груба слика колкав е бројот на соработниците придобиени преку мерките и активностите на Службата—а не и на оние кои автоматски станале соработници на осонова на нивното „пријателско држење“—ке изнесам пример. Имено во прогонот на секое лице Тајната идеолошка полиција користела од 10 до 30 соработника од различен калибар (пријателска врска, оперативна врска, интимна врска, оперативна позиција, итн.). Ако земеме дека просекот на соработниците е 15 и го помножиме со бројот на досиеа на прогонуваните даден од Директорот на историскиот Архив доаѓаме до бројка од ШЕЕСТ ИЛЈАДИ соработника! Од тие шеест илјади соработника ако има (лустрациска) судска постапка неверувам дека повеке од 1 отсот ке бидат осудени како виновни, зашто виновни за злодело се само оние кои по налог на Службата учествувааат во местенки, и даваат лажни изјави со кои се полнат досиеата на прогонуваниот и со тоа ѝ овозможуваат на Службата да „обезбеди“ доказ за „вината“ на прогонетиот, односно ѝ даваат покритие за нејзините продолжени репресии врз „незадоволникот“.
Дека не постоела вистинска желба кај власта и кај политичките партии за демократизирање на Македонија и укинување на идеолошката полиција најдобро говори попречувањето на обидите на троица репресирани до разрешница на нивниот прогон да дојде по судски пат и на тој начин да се открие неуставната работа на УБК/СДБ. Имено, јас и уште дваица прогонети независно едни од други имаме поднесено кривични пријави за неовластено прислушкување и други злоупотреби од страна на тајната полиција. Судот ги отфрли кривичните пријави како застарени. Интересно е што едната кривична пријава е поднесена неполна година по последната Службена белешка—односно поднесена е во моментот кога е добиено досието—и втората, мојата, е поднесена после 9,5 години од последната службена белешка. И двете кривични пријави се отфрлени заради застареност. Од овие два примери кои ги наведов се гледа дека судот застареноста ја толкува како што сака, а со цел да недозволи судската постапка да отпочне!! 
Судијката Маргарита Цаца-Николовска бивш судија во судот за човекови права во Стразбур а која исто така е член на Комисијата за реформи на судството вели дека основен пропустите од лустрацијата на владата на Груевски е времето кога е спроведена. Но таа иако провела осум години како судија во судот за човекови права не споменува дека постоеле Резолуции за осуда на тоталитарните комунистички системи кои ги донел Советот на Европа и кои власта во Македонија требело да ги прифати и според нив ја спроведе лустрацијата. Па судијката Николова вели:


Quote: Требаше веднаш по промена на државниот систем да се спроведе лустрацијата. Кај нас таа се случи дури 18 години подоцна. Реваншизмот е секаде присутен во одлуките за лустрираните. Во ниедна одлука не е констатирано дали им е прекршено некое човеково право на лустрираните. Ние лустрираме шефови во МВР кои си ја вршеле законската работа. Ќе мора да се направи ревизија на целиот процес и да се даде правен лек на оние што се жртви од лустрацијата да имаат право на надоместок на штета. Жално е што јавноста не ги дозна последиците за лустрираните бидејќи имаме последици болест, смрт, а тоа не смее да се занемари.


Судиката заборава дека  Венецијанската комисија е на мислење дека државниот систем не е променет!! Но ставот на судиката Маргарита Цаца-Николовска дека „ние лустрираме шефови во МВР кои си ја вршеле законската работа,“ е врв на нејзина пристрасност во одбрана на нејзините креатори, Тајната идеолошка полиција!! Неможам да верувам дека судија од калибар на Николовска не е запознаен со Нирмбершкиот процес, и со начелото дека одбраната заснована на арументот дека офицерите на државата само си ја вршеле работата е отфрлен како неоснован. Исто така неможам да верувам и дека судија кој бил судија во судот за човекови права во Стразбур може да има толкаво и такво незнаење и да заборава дека сите закони, уредби и правилници за работа на државните органи според македонскиот Устав МОРА да се во склад со Уставот. Како тогаш потпишувањето на НЕУСТАВНИ налози за следење, прислушкување и други репресивни мерки, Маргарита Цаца-Николовска ги смета за исправно делување? Како може Николовска при здрав разум да  тврди дека шефовите во МВР само си ја вршеле законската работа без да се заинтересира дали тие закони биле во склад со Уставот? Неможам да верувам дека судија од судот за човекови права во Стразбур нема да каже ниту збор за жртвите од НЕУСТАВНИОТ прогон вршен од идеолошката тајна полиција, а ке лее крокодилски солзи за лустрираните—околу 300 на број во споредба со десетиците илјади жртви на прогонот на УДБ—чиишто страдања во споредба со жртвите на неуставниот прогон е срамно да се споредуваат.

Да потсетам дека и Комисијата за лустрација работела според закони кои ги донело Собранието!! Тогаш според логиката на Николовска, нема простор за ревизија на нејзината работа.
Интересно е и мислењето на професорот Гордан Калајџиев—кој исто така е член на Комисијата за реформа на судството, а е и актуелен председател на Хелсиншкиот комитет—искажано на панел дискусија за реформите во судтвото и во УБК, а мислење коешто го издава менталитетот на старо-новото јадро кое тргнува во мисија повторно да го пренесе народот жеден преку вода:


Quote:Бараме итни и темелни реформи во целиот сектор, безбедносниот систем. Не може да сме задоволни од пристапот на Владата дека они се „добри момчиња“ и сега системот за следење на комуникациите кој лесно можеше да биде злоупотребуван од друга власт, нема да биде злоупотребуван само затоа што имаме нова гарнитура. … Се бараат гаранции и соодветен механизам дека нема повеќе да опстојува политичка полиција, туку функционални и транспарентни безбедносни служби.


Професорот Гордан Калајџиев кој е актуелен председател на Хелсиншкиот комитет, исто така никогаш не посочи дека имало НЕУСТАВНО прислушкување во периодот 1991-2000 година. Како тоа до вчера немаше политичка полиција—и покрај досиејата на УБДа достапни до јавноста, и моите лични контакти со него низ изминатава деценија коишто сугерираа на спротивното—но, сега одеднаш имало политичка полиција, ама таа како што оди импликацијата била на сила само за периодот 2006-2016 година? Се поставува и прашањето, зошто Калајџиев нема проблем ниту со членувањето на еден од главните спроведувачи на полициската држава за клучниот период на македонската независност, ЉД Фрчкоски, во Комисијата за реформи во судството, или пак за раководењето на Силјан Аврамовски со Комисијата за реформи во УБК.

Државата, односно нацијата, не е играчка со која можат да се играат деца и абдали а таа да може сето тоа да го издржи и преживее. Државата е сериозна работа, за сериозни луѓе кои што имаат на ум што значи управувањето со едно домакинство како појдовна точка на едно општество. Гарнитурата која што владее со Македонија е јадро на параспури и паликуќи, луѓе коишто немаат ниту приближно допирна точка со сериозниот живот, со домакинското управување, и со реалните потреби на реалниот свет. Македонија е сѐ што имаме, а со неа си поигруваат незериозни, неадекватни шалабајзери и хохтаплери потекнати од најобични бандити, љубоморници, нарцисоиди, и нихилисти, луѓе без морален компас и со неограничена желба да доминираат, па макар и тоа да значи дека се буквални шефчиња на кенефчиња. Овие неспособници коишто владејат со Македонија немаат чувство на историја и традиција, тие живеат со Титовата мантра: „После мене потоп.“ Тие немаат намера да остават подобра држава за своите деца, па затоа го принудуваат и народот, кој потекнува од домакинска традиција, да трне во нивниот самоунишувачки марш заедно со нив.
Веке 27 години народот се расправа кој е патриот а кој предавник, додека Тајната идеолошка полиција ги пљачкосува: материјално, душевно, и најмногу, духовно. Правосудството е катастрофа, коешто, единствено разгледува тужби со зелено светло од Службата, кога истите можат да се применат како дел од репресивните мерки и активности коишто таа ги превзема против „незадоволниците“; инаку правосудството небаре не постои. Политичките и идеолошките неистомисленици се прогонуваат сѐуште по истите линии и со истите методи на работа како и пред 1991 година. Медиумите, како и образованието ги контролира Тајната идеолошка полиција! Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот!! Затоа на Македонија ѝ е очајно потребно раскинувањето со идеологијата и праксата на луѓето како Фрчоски, Најческа, Калајџиев, Николовска, и Аврамовски. Инаку, не само што ке ја изгубиме државата, ке ја изгубиме и нацијата.
(This post was last modified: 15-12-2017, 12:51 PM by ЈорданПетровски.)
15-12-2017, 12:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9






Рефори на УБК ни на сон!!
19-12-2017, 02:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Ех, таа УБК...време е да пораснеме

Македонската "тајна" полиција, денес позната како Управа за безбедност и контраразузнување (УБК), е служба која во секој поглед и во секој сегмент идентично се развиваше и растеше како и добро познатата нејзина некогашна југословенска мајка - УДБА.

Во принцип, сите тајни полиции во светот користат идентични средства, оперативна техника и методи и имаат исти задачи - заштита на уставниот поредок, борба против тероризмот, борба против организираниот транс-национален криминал кој се однесува пред се на трговијата со луѓе, опојни дроги и широк спектар на оружје. Во таа насока, нужно е да остварува соработка со сродните служби од земјата, регионот и пошироко, бидејќи со развојот на технологиите, тероризмот станува глобална закана за мирот и за се она што претставува цивилизациска придобивка - слободите и правата на граѓаните.
Сето горе кажано убаво звучи, но само до моментот додека тајната полиција не се инструментализира и не стане алатка во рацете на поединци за остварување на своите политички амбиции, детски хирови или лични фрустрации. Тогаш, од служба која треба да биде во функција на граѓаните, се трансформира во служба која има амбиција да ги контролира граѓаните, да стави се под своја контрола и да биде во функција на гарнитурата на власт или попрецизно, таа самата да биде власт.
Шокантни се информациите што со години на назад ги среќаваме низ медиумите за зулумите што ги правеле поединци, а биле вработени во тајната полиција (каква е таа тајна полиција кога сите ги познаваат и знаат дека работат таму), но верувам секој граѓанин  си поставува бројни прашања, за чии одговори се уште се чека.

До денес не е јасно зошто во 2001 година, тогашната УБК не ги пресретна подготовките на УЧК за воени дејствија?!
Зошто таа служба не се реформира веднаш после воениот конфликт, бидејќи очигледно, таа како институција не одговори на предизвикот на времето и не успеа да ги оствари своите основни функции, а немаме информации ни за тоа дека заради таквите крупни пропусти некој беше земен на одговорност?!
Зошто од осамостојувањето на Република Македонија до денес, УБК е целосно затворена дури и кон институциите и нивните органи и тела кои согласно Уставот и законите се должни да имаат контрола и увид во нејзината работа?!
Зошто не беше сериозно разгледан материјалот со препораки за реформи во УБК од 2000 година, изработен од трочлена експертска група, која компаративната анализа и препораките за реформи по европски терк, уредно си ги наплати?!
Зошто кога работната група работеше на изготвување на Законот за внатрешни работи во 2008/09 година, претставникот од УБК одби секаква интервенција со која би се одзеле класичните полициски овластувања кои ги имаа нивните припадници, кога секаде во демократскиот свет полицијата е таа која ги врши полициските работи во име и на УБК и во тој контекст одби да згаснат оние служби во УБК кои се дуплираат и се со идентични надлежности со тие кои по природата на нештата и секаде во светот ги извршува полицијата?!

Што и од кого има да се сокрие?!
Зошто никој, ама баш никој од Собранието или од Владата на Република Македонија не побара одговорност од некој од министрите за внатрешни работи или кој било од досегашните директори на УБК за игнорантски однос и оневозможувањето да се направи контрола на законитоста во нејзината работа?!
СЈО има покренато обвинение за уништување на скапо платената софистицирана опрема за прислушување, но зошто екс челниците на МВР и екс премиерот, дури и оној техничкиот, не се заложија и не го поддржаа СЈО за таа работа да се истера до крај, туку со опструкции и сеење магла се обидуваат да го заташкаат целиот случај...веројатно таму биле сокриени нивните амбиции, хирови и фрустрации?! Можеби. Првите неуспешни обиди на СЈО легитимно да дојде до податоците од УБК за тоа кои лица биле легално прислушувани, оставија и отворија стравичен сомнеж не само за злоупотребите на службата, туку и за обемот на тие злоупотреби.
Во тоа време слушавме по електронските медиуми некои од велеекспертите на тогашната власта (С. К.) дека Чавков, Андонов биле обучени да ја штитат државата...а од кого тоа, од легалната процедура да се дојде до докази за сторено кривично дело?!
Сега, во јавноста многу актуелна е реформата на УБК, барем така го нарекуваат обидот да се симне срамот од аферата со незаконското прислушкување на граѓаните, од срамот кој оддекна во јавноста дека добиените податоци се користени за уцени, за рекет, па дури и за потребите на некои приватни "детективски" агенции, при што се вадени целосни транскрипти од телефонски разговори, најчесто за нечии вон брачни релации, и продавани на клиенти што можат да си дозволат тоа добро да го платат.
Срамот не може да се симне со шминка, туку со целосна и сериозна реформа на УБК. Решението кое се нуди како модел за контрола на прислушувањето со отварање на нова Агенција (ОТА) претставува само лоша шминка. Власта тврди дека таа Агенција ќе биде независна (?!) и можностите за злоупотреби на прислушувањето ќе се елиминираат.
Меѓутоа, се заборава на основното правило, дека додека извршната власт во затворени кругови ја креира "независноста" на новата Агенција и истите луѓе треба да го работат истото тоа што до сега го работеле, само на друга локација, просторот за злоупотреби е непроменет.
Засегањето во сферата на приватноста, како едно од најсензибилните прашања од корпусот на човековите слободи и права, мора да биде прашање кое ќе биде под постојана контрола од добро осмислени и етаблирани механизми: политички - од законодавниот дом; судски; граѓански - сочинет од компетентни претставници на граѓанскиот сектор; и независен експертски, сочинет од технички и правни експерти под раководство на посебен јавен обвинител.
Без вакви механизми нема гаранции дека извршната власт или поединци од неа и по трет пат нема да ги повторат грешките од минатото.
Владата го избрала овој модел...нормално, кој е тој што е подготвен да се откаже од можноста да има алатка во своите раце со која ќе може да ја контролира електронската комуникација, во име на реформите власта животно е заинтересирана да остави некоја подотворена вратичка, за недај боже, големото уво да го има на своја страна.
И додека разузнувањето во поблиското и подалечно опкружување оддамна темелно се обедини и се реформира, оддамна фокусот го стави на прашањата на глобалниот тероризам, ние во Република Македонија глумиме реформи во безбедносниот сектор кои кога тогаш ќе не вратат на позициите од пред нивниот почеток. За тие што не веруваат, нека ги прочитаат двата извештаи од д-р Рајнхард Прибе и работите ќе бидат појасни, а одговорот на прашањето зошто, сам ќе се наметне. Време е да пораснеме.
Воислав Зафировски
20-12-2017, 03:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Иванов: УБК е жариштето на секоја политичка криза во Македонија



26.12.2017 |
[Image: 184535.jpg]


Жариштето на секоја политичка криза е лоцирано во Управата за безбедност и контраразузнавање и нејзиниот оддел за техничка поддршка. Предложените законските решенијаенија за следење на комуникациите не ја острануваат можноста за злоупотреба и несовесно работење, смета македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Тој во своето годишно обраќање пред македонското Собрание истакна дека со овие законски решенија не се отстрануваат ниту забелешките на претставниците на ЕУ. Од 2015 година до денеска, смета тој, препораките на Прибе не се имплементирани, а тоа, како што рече е основа да се сомневаме дека се уште постои злоупотреба на системот, дека се уште се монтираат случаи и дека се уште надлежни институции не постапуваат во согласност со своите законски надлежности.
„Второ, гледаме парадокс: оние кои треба да се реформираат сега ни ги водат реформите. Оние кои доаѓаат од театарот на генерирање кризи сега ни нудат решенија за излез од кризи“, рече претседателот Иванов.
Додаде дека семејните врски и конфликтот на интереси на персоналот во УБК се основа за злоупотреба и несовесно работење во службата.
Научените лекции од минатото, како што рече, посочуваат дека отсуство на ветинг процедури и кодекс на професионална етика во комбинација со семејни врски меѓу високите политичари и високите функционери во УБК е формула за злоупотреба на службената положба и несовесно работење.
Тој побара правда за случувањата на 27 април.
„Неопходно е да биде утврдена одговорноста и за оние кои го предизвикале насилството во Собранието на 27 април. Кој постапил спротивно на Уставот и законот треба соодветно да одговара. Но, одговорноста не смее да се генерализира. Освен обврски, граѓаните имаат и права кои мора да се почитуваат - правото на одбрана, имунитет и пресумпција на невиност кои се во основата на секоја демократија. За жал, видовме пратеници со лисици без симнат имунитет и граѓани од „Заедничка Македонија“ обвинети за тероризам. Не можам, а да не ги поддржам оние кои повеќе од два месеци на мирен и достоинствен начин искажуваа грижа за државните интереси на Република Македонија. Бидејќи, дел од нивните барања беа и мои барања“, истакна претседателот Иванов.





Доцна се свести Иванов.
(This post was last modified: 26-12-2017, 02:49 PM by ЈорданПетровски.)
26-12-2017, 02:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Калајџиев: владата лаже, манипулира


Значи една Влада која наговестува нов почеток, демократија, транзиција, реформи, почнува со бедни лаги - рече професорот Калајџиев.
10.01.2018

[Image: kaladziev-ubk.png]
10-01-2018, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Сиљан Аврамовски најсериозен кандидат за директор на ОТА

[Image: 20180421091151.png]
21 Април, 2018

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), министер за внатрешни работи, заменик-директор во УБК, одговорен за соработка со тајните служби на пријателски земји во времето на Сашо Мијалков, Сиљан Аврамовски е најсериозниот кандидат на Владата за прв директор на новата Оперативно техничката агенција (ОТА), дознава МКД.мк.
Аврамовски како претставник на МВР беше претседател на работната група, составена од 29 членови, за спроведувањето на реформите во системот за следење на комуникациите.
На 12 април Собранието со 87 гласа „за“ го усвои Законот за формирање на Оперативно техничка агенција и Законот за следење на комуникациите.
Со овие законски измени Управата за безбедност и контраразузнавање ќе функционира во рамките на МВР до ноември 2018. Од наредната година, опремата за прислушување ќе се премести во Оперативно техничка агенција со што ќе биде заменета досегашната УБК која беше посочена како главен виновник за масовното нелегално прислушување.
Новата ОТА ќе има сопствен буџет, a директорот на агенцијата ќе се избира во Собранието со 2/3 мнозинство од пратениците. Во образложението за новиот Закон за ОТА се вели дека со одвојувањето на УБК од МВР ќе се спречи техничката можност за нелегално прислушување. Во ОТА ќе бидат сместени медијациски уреди кои треба да го направат поврзувањето помеѓу операторите и МВР. Информациите содржани во судската наредба за прислушување ќе бидат заверени под број, а не под идентитет.
Покрај досегашната собраниска комисија, контролата на работата на ОТА ќе ја вршат уште четири други институции од кои едното ќе биде сосема ново тело – Совет за граѓанска контрола. Овој Совет практично треба да биде неофицијален омбудсман и ќе се обраќа до надлежните доколку се посомнева во работењето на ОТА, Царинската управа, финансиската полиција или МВР.
ОТА ќе биде и физички одвоена од MВР, но сѐ уште не се соопштува каде ќе биде сместена.
Според биографијата на Сиљан Аврамовски, се работи за професионалец во службата, кој од дипломирањето на Факултетот за безбедност во Скопје целата своја кариера ја поминал во МВР, односно во УБК. Важи за експрет за антитероризам.

За него на Википедија пишува дека е близок до СДСМ.
Аврамовски во МВР работи од 1983 година, веднаш по дипломирањето на Факултетот за безбедност во Скопје. Бил инспектор во Карпош, главен инспектор во Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност (СДБ), началник на Управата за контраразузнавање во ДБК, помошник-директор за оперативни работи на Управа за безбедност и контраразузнавање.
Од февруари 2003 до јуни 2004 година Аврамовски е директор на Управата за безабедност и контраразузнавање, а потоа (2 јуни 2004 – 17 декември 2004) и министер за внатрешни работи.
2006 година до денес, и за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, останува на висока позиција во УБК. Функцијата заменик-директор во УБК ја извршуваше и за време на директорувањето на Сашо Мијалков со службата.
Апсењето од страна на македонската полиција на германскиот државјанин со либанско потекло Калид ел Масри беше извршено (31 декември 2004 година) додека Аврамовски беше привремен директор на УБК. Ова апсење беше извршено по директна наредба на ЦИА, за што Македонија потоа, со пресуда на меѓународните судови, плати големо обештетување. Аврамовски отсекогаш во службата важел како близок човек на американскара служба ЦИА.
Во октомври 2013 година, Силјан Аврамовски беше лустриран за случајот „Темел“. Станува збор за следење на организаторите на студентските протести и членови на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 години, кога Аврамовски бил началник на првата управа во УБК.
Според образложението на Комисијата за лустрација, тој давал или одобрувал дејствувања со кои се кршени основните човекови права и слободи на граѓаните од идеолошко-политички причини.



Кога ја читаш Мирка од тоа време а го слушаш Фрковски денеска кога вели: "дел од работата на СДБ/ДБК бил сузбивање на противуставни активности" ја разбираш поентата на заложбата на Мирка за лустрација. Мирка јасно порачува, треба да се лустрираат истите оние кои биле прогонувани, за кои таа пишувала. И така е !!! Зар можел да згреши еден Јордан Мијалков, патриотиште, борец за самостојна Македонија уште од прво оделение, кога 1991 година како министер на полиција ја продолжил праксата на УДБа да прогонува Македонци кои биле за Самостојна и Демократска Македонија!!
Зар можел да згреши син му на Јордан Мијалков кога го зел за заменик Силјан аврамовск, човекот кој по се е идеен творец на линијата за прогон Македонски Екстремизам и Врховизам и тоа во "самостојна" Македонија ... Зар можел да згреши внукот на Јордана, Груевски, кога за дворски ТВ Уредник го одбрал Латаса... Ке се сложите дека неможеле да згрешат. Затоа наместо лустрација која ке го изнесе на виделина злосторот кој е правен врз Македонци и Македонија, имаме ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА веке видена игра од комуњарските драмолетки во изминатите скоро 70 години!
21-04-2018, 01:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Николовски: Реформата на УБК ќе зависи од политиката


Од исклучително значење е реформскиот процес во безбедноста кој во Министерството за внатрешни работи (МВР) е веќе започнат за да добиеме одговор на прашањето што е тоа што предизвика толку големо и масовно кршење на човековите права во изминатиот период, изјави денеска Слободан Богоевски, почесен претедател на Комитетот за заштата на правата пред почетокот на Конференцијата на тема „Реформи во безбедносниот сектор, владеење на право и механизми за пристап до правда“.
Тој оцени дека иако МВР не е единствената институција која е одговорна за тоа сепак, како што рече тој,  реформите во ова министерство се едни од клучните во пакетот реформи на безбедносните институции.

[Image: nikolovski_1-150x150.jpg]

Директорот на Управата за безбедност и контраразуанавање (УБК) Горан Николовски посочи дека првата цел на УБК е да ја врати довербата кај граѓаните и да ја подобри транспарентноста.
УБК беше злоупотребувана 70 години и затоа меѓу народот сме познати како тајна полиција. Целата фама што се крева околу Управата не’ донесе до оваа состојба во која што се наоѓаме денес. Затоа првата цел ни е да ја вратиме довербата меѓу граѓаните“, рече Николовски.
Според него проблемот на УБК е борбата против двата концепта – концепт на централизација на моќта и концепт на децентрализација на моќта а решението го гледа во расчистување на прашањето како државата сака да ги постави институциите.
Разузнавањето и полициските овластувања не одат заедно. Тоа е рецепт за злоупотреба на УБК. Ние сме институција која се занимава само со прашањата на безбедноста на државата. Затоа мора Управата да се оддели од МВР и затоа ние го застапуваме концептот на децентрализација на надлежностите. Нашиот дел во следењето на комуникациите ќе биде само во делот на безбедноста на државата и работење на кривични случаи само во делот на дела против безбедноста на државата. Сепак кој модел ќе биде избран ќе зависи од политиката“, посочи Николовски.


Политички осудените имаат една година рок за прибирање на доказите

Според податоците на Комитетот за заштата на правата во оваа организација до сега се пријавени околу 25 судски случаи за кои обвинетите и осудените тврдат дека се политички монтирани но и дека има многу поединечни случаи за кои јавноста не знае дека постојат. Затоа, рече Богоески втор чекор во реформите е обезбедување на ефикасни механизми за пристап до правдата.
Богоевски им препорача на засегнатите да се групираат при поднесувањето на барањата  за, како што рече, да биде ефикасен процесот, но, додаде, тоа не значи дека сакам, а и никој нема право да ви го ограничи вашето право сами да поднесувате поединечно барање.

[Image: ristovski-150x150.jpg]

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски рече дека министерството утврдило дека преку 800 предмети, повеќето од нив во кривичните случаи биле давани на рака без да пројдат преку АКМИС системот.
„Доколку сметате дека некој од вашите предмети се водел на тој начин можете да побарате информација дали било тоа така сторено или не. Истрагата која е отворена во Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) ќе покаже што навистина се случувало, особено во Основниот суд Скопје 1“, рече Ристовски.
Тој им препорача на заинтересираните веднаш да почнат со постапката заради ограниченото траење на работната група од само една година за да можат да ги добијат бараните информации по поднесувањето на барањата.
Владата на 15 мај годинава го усвои барањето на Комитетот за заштита на правата, за преиспитување на политичките монтирани случаи.
23-06-2018, 03:01 AM
Reply