Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ПАК ЈАДЕ „БАТИНЕ“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Сто дена влада – 26 години континуитет


[Image: 26.jpg?fit=480%2C360] 

Тодор Пендаров 08.09.2017
Можеби некој ќе рече што сум сакал да кажам со ваков наслов? Според моите „скромни“ разбирања на нештата во првите сто дена од новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев покажа многу повеќе континуитет на нашата 26 годишна (не)успешна транзиција. Тоа што барем мене ми се чини како голем недостаток на актуелната влада и премиерот Заев е фактот што не се чувствува вистински дисконтинуитет со владеењето на „фамилијата“ на чело со хазаинот Груевски. Некој ќе рече дека за сто дена не може многу да се направи. Точно, дури и јас со мојот стар птичји мозок тоа го разбирам, и јасно ми е дека за да дојде „животот во Македонија“ треба време. Ама за овие сто дена не видовме вистински потези и мерки од Владата кои би покажале дека е воспоставен систем за започнување на процесот за дегрујевизација како на државата така и на општеството. Ако се мисли дека со масовни кадровски промени и не баш многу среќни кадровски решенија (сетете се само на реакциите по социјалните мрежи) ќе се врати „слободата и животот“ во Македонија тогаш уште долго ќе ги чекаме. Навистина имаше и неколку конкретни мерки кои ајде да не бидам груб ќе ги именувам „социјално популарни“, како што е евтината струја, укинувањето на екстерното оценување, пензионерите владата и понатаму ќе ги „бања“, секако со буџетски средства и уште други како што реков „социјално популарни мерки. Зарем ова не ви личи на континуитет на популизмот на Гуевски. Понатаму Заев поточно неговите спин доктори продолжуваат со фолклорната медиумска сценографија кога премиерот опкружен со министрите држи прес конференции. Таква нешто не видовме ниту кај Бранко Црвенковски, ниту кај Љубчо Георгиевски, ниту кај Хари Костов или кај Владо Бучковски. Тоа го воведе Груевски а еве Заев сега одржува континуитет. Понатаму генералниот секретар на Владата зборува дека има цел куп вработени кои досега земале плата а не доаѓале на работа. Патем тоа го знаевме уште додека Груевски беше на власт. Ама сега очекувам конкретни законски мерки против овие буџетски паразити како и против оние кои донеле политичка одлука да бидат примени, а потоа и оние кои го направиле формалното примање бидејќи токму такви примери создаваат негативна перцепција до државната администрација. Понатаму, со право беа упатени критиките до Груевски и дека има цел куп „странски советници“ и дека за се нешто демек се консултира со странски експерти. Навистина сега засега премиерот Зоран Заев нема многу „странски советници“ ама таква тенденција има. И она што деновиве посебно ме шокира е фактот дека сега ќе сме викнале странски експерти кои ќе треба да оценат дали новиот Клиничен центар може да се гради кај стариот или е потребна нова локација. Па добро бе господа од власта зарем толку да ја потценувате македонската наука на полето на градежништво и архитектурата па сега ќе викате експерти од странство. Е ајде да го затвориме Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје!
Одреден континуитет се гледа и во медиумите. Ако до вчера Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беше прва вест сега тоа е Зоран Заев и СДСМ. Посебно ова е присутно  кај самонаречени демократски, професионални  медиуми и новинари. Во суштина овие медиуми, заедно со оние самопрогласени патриотски медиуми и новинари заедно, се две страни на ист медал кои се вика домашно фолклорен медиумски простор. Медиумски простор во кој има малку новинарски професионализам ама затоа многу лукративни интереси. Еве на пример погледнете го порталот на најдемократскиот нај професионалниот а богами и нај лукративниот новинарски сончоглед другарот Геровски. На пример само избројте колку вести има за Заев во последниве 2-3 дена. Само денеска(8 септември) на пример имате цела низа од вести за Заев, од тоа дека ќе оди на гробиштата во Бутел и ќе положи цвеќе на гробовите на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, па потоа најава дека ќе оди во Драчево па потоа вест дека положил цвеќе на гробовите на претседателите и така вестите за Заев се нижат. И замислете го тој професионализам. Во веста за полагање на цвеќе на крајот се вели дека цитирам „Во делегацијата со Заев беше и вицепремиерот Бујар Османи“. А на фотографијата многу јасно се гледа дека присутна е и министерката без ресор Зорица Апостолска. Ама изгледа за другарот Геровски таа е небитна фигура, како што за него е небитна фигура и младиот колега Гоце Михајловски на кој овој професионален демократ му посвети дури и две колумни докажувајќи дека Гоце Михајловски е небитна фигура која на лицето има глупава насмевка. Го знам Гоце подолго време а според мене сепак имаше храброст да признае зошто отишол во НОВА и зошто си отишол. Е па Гоце кога згасна А1 ја немаше онаа способност на другарот Геровски преку ноќ да се „снајде“ (лукративно мислам) а и како „небитна фигура“ не го вклучија во онаа невладина организација „ГЕМ“ (Граѓани за Европска Македонија). Гоце со својата „глупава насмевка“( као што пишува) Геро не доби пари за да формира свој портал. Понатаму за Гоце не слушнавме сѐ уште како некој му кажува што да пишува и како да пишува, а слушнавме како Геро добива инструкции и што да пишува а богами стана збор и за некои хонорари и пари. И да бидеме на јасно. Го познавам и Геровски и знам дека е доволно паметен да секој денар што го заработил го пријавил така да не обвинувам за некаков даночен криминал или слично. Ама затоа овој „најдемократски“ борец за слободата на Македонија со најдолг боречки стаж ама нема ниту трунка право да на некого а најмалку на Гоце Михајловски да му чита морални или професионални поуки. А со формулацијата глупава насмевка на лицето на Гоце само ја покажува својата провинциска политичка култура. Инаку како што беше и досега главните приватни електронски медиуми како што е онаа телевизија која до вчера прва дознава и уште некои други веќе полека се престројуваат односно газдите веќе по не знам кој пат ги менуваат дресовите. Зарем ова не е континуитет…
И така го одбележавме по дваесет и шести пат 8 септември, овој пат под мотото „Да живее слободата на граѓаните на Република Македонија“ Ако не се лажам пред две години на овој ден неговото Правосвештенство Митрополитот Пимен запиша „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата, но за жал сè повеќе Македонци изгрејсонцето го гледаме од запад. Боли тој поглед, но боли и погледот детски кога немаш да му дадеш ништо во испружената рака. Честит празник татковино! Те сакаме. Ти ништо не ни згреши. Ние тебе ти згрешивме. Прости“!
Тогаш на ова запишав. „Во право сте отец Пимен, ама Бог простува додека историјата и политиката по правило не простува“. За жал и денеска овие мисли на Митрополитот Пимен се актуелни …
Тодор Пендаров
p.s за полесно читање предлагам убава музика
09-09-2017, 11:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Бранко Героски фб одговор!!

Овој „дечко“, кој се вика Тошо Пендаров и кого на молба на Фрчкоски своевремено го прибрав во „Дневник“ затоа што од работа (со право) го избрка Гордана Стошиќ (да не расправам сега зошто), момак кој во раните деведесетти години навиваше за ЈНА (меѓу другото), за време на владеењето на Груевски беше „државен службеник“ во Собранието на РМ.
Идеален ви е да го земете во Владата! Од пред неколку месеци, тој го „растура“ Груевски и на сите ни продава некаков свој морал. Нашол будали да го викаат по телевизии, па се пени, чиниш Груевски му бил заколнат непријател, а не работодавец. Тежок фрик!
Да немам стари обврски кон него (односно кон другар му Фрчко) и да немам принцип да не тужам за навреда и клевета никого, би побарал гомнарот на суд да докаже колку и чии пари сум зел. „Лукративно“, демек.
Вака, кога ќе го видам на улица, лигушот само ќе го плукнам в лице! Ако случајно ме забележи, подобро нека се префрли од другата страна на улицата...


Quote:[Image: 936584_10153547485644877_801731583053541...e=5A19CFE0]
Todor Pendarov



Демократ - сончоглед


Е ајде да му одговарам на најголемиот демократскиот сончоглед Геро кој во својот одговор на мојата колумна освен со класични сталинистички дисквалификации и без ниеден аргумент туку со ноторни лаги се обидува ни јас не знам што? Да водиме полемика, тешко се води полемика со персона ала овој голем демократ сончоглед. Но сепак треба да му се одговори пред сѐ за оние кои не читаат. Ајде да одиме по ред. Точно Геро (како што вели) ме прибрал во Дневник кога Гордана Стошиќ ме избркала (оправдано) од МРТВ. Како класичен сталинист овој „сончоглед“ користи полувистини. Имено бев прибран во Дневник по „интервенција“ на професорот Фрчковски ама кај тогашниот прв човек на компанијата господин Срѓан Керим кој тоа го одобри а Геро како одговорен уредник (во заминување), добро знае на што мислам, навистина ме „прибра“. За жал и тука повторно ја покажува својата фолклорна култура бидејќи во својот одговор плетка други луѓе. Што се однесува до оправданото мое бркање од МРТВ овој сончоглед знае дека го добив работниот спор со МРТВ. Патем другарката Стошиќ избрка многу луѓе од МРТВ и сите кои тужеа преку суд ги добија работните спорови. Е сега за најголемата лага и манипулација на Геро карактеристична за пропагандите од времето на Гебелс и Сталин. Демек во далечната 1990 – 91 година сум бил за ЈНА. Еве му препорачувам на пример да ја погледа белградска Политика од ако добро се сеќавам некаде на крајот на јуни 91 год. која напиша прилог со наслов „Дописник МРТВ продао се Јанши“, (Дописникот на МРТВ се продаде на Јанша). Во написот се манипулира дека јас пред касарните во Љубљана на македонски јазик преку разглас сум ги повикувал војниците кои биле од Македонија да се предадат на Територијалната одбрана на Словенија. Овој демократ сончоглед можеше да го праша својот „пријател“ Градимир Јовановиќ - Киби кои на двапати ме „предложи“ да бидам казнет со намалување на платата за дваесет проценти бидејќи сум навивал за Словенците. Патем моето работење како дописник од Словенија и денеска е во сеќавање на многу (обични) луѓе и знаат да ме пофалат што лично ми е најголемо задоволство. Инаку би било добро да се види каде бил Геро 1989,90, 91 година и што овој демократ и сончоглед тогаш пишувал. Вели дека нема да ме тужи за клевета. Е па не знам дали добро разбрал ама јас напишав дека секој денар што го заработил како демократ и борец за слободна Македонија го пријавил и дека немам ниту сомнеж а камоли да го обвинувам за даночен криминал или какво било друго инкримирано дело.

И сега за уште една голема лага на овој сончоглед демократ. Демек јас сум почнал да пишувам против Груевски откако овој ја изгубил власта. Со овој фалбаџија (кој ете самиот јавно се фали дека на Груевски му понудил да му „помогне“ во борбата со Лубчо Георгиевски, нормално од демократски побуди нели,) на 10.02. 2015 година учествував во Телевизијата 24 вести во емисијата Анализа. Тогаш јавно побарав Груевски да си оди од позицијата премиер секако пред тоа да ги разреши министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, и директорот на УБК, Сашо Мијалков. По емисијата овој демократ на својот Фејсбук профил напиша Тошке бара оставка на Груевски. Претпоставувам дека очекувал да бидам повторно избркан од работа заслужено (патем тогаш бев државен службеник). А еве сега продава некоја нова приказна дека од вчера сум почнал да зборувам против Груевски. Инаку навистина не сакам со овој сончоглед да полемизирам бидејќи тешко односно никако не можете да полемизирате со сталинистички методи ама сепак на тоа ме потикна неговите груби напади врз младиот колега Гоце Михајлоски а посебно кога напиша дека Гоце е небитна фигура…Ама сончоглед си е сончоглед кој во патем во својата колумна со наслов „Последен дојден прв услужен“ многу јасно ја покажува својата фрустрација…
Like
· 4 hrs ·


[Image: 18119015_1258285060959853_19015791324139...e=5A578274]
Branko Geroski Тошке, јас те прибрав во "Дневник" на молба на Фрчко. Керим немаше врска со тоа. Не лупетај! Чиста галичка врска е тоа...
Стошиќка беше во право што те избрка. Немој сега да објаснувам зошто, да не биде гадно по тебе. Ќе ти се смее цела нација, со гаранција. Ти потоа ја искористи позицијата во Собранието на РМ, кај што му беше лево маде на Љубиша Георгиевски, за да го добиеш спорот. Тоа го направивте на криминален начин.
Немој да глумиш дека во 1991-2-3 си бил за Јанша. Тоа на деца да раскажуваш. Не на мене. Ти си беше за ЈНА. Тоа го знаат сите твои колеги. Молчи, не се брукај.
Веројатно е точно дека на 10.02.2015 прв пат си се осмелил од Груевски да побараш оставка. Си го фатил последниот воз. На мртвога Германца шамар опалише[Image: 1f600.png]?
Тебе требаше до сега сто пати да те избркаат од работа во Собранието, бидејќи пишуваше лигави колумни и ср потпишуваше како "државен службеник". Е тоа е фрустрација, мој Тошке.
Јас немам зошто да бидам фрустриран. Од власта не очекувам да ме направи "државен службеник", "советник" или нешто слично. Имам кариера за која ти можеш само да сонуваш.

Like· 1 hr
10-09-2017, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ИЗВИНИ ГЕРОСКИ, НЕ БЕШЕ МОРАЛНО, АМА САМ СИ ГО БАРАШЕ...



[Image: goce-gero.jpg]


За новиот Закон за јазиците, секој си има свое мислење и став, па така и Бранко Героски, првото провладино перо, шеф на „Плусинфо“ и „Слободен Печат“, но и дежурен моралист во слободно време, кој, освен што дели лекции на сите – од премиерот, па се до „неважните“ луѓе, еве читаме деновиве, се заканува и со некакви тупи ножеви, колења и слично.
Неговиот став, секако погодувате, е афирмативен и крајно либерален.
Но, не било секогаш така.
Героски, на 18 јули 2001 година, во време на долгите и мачни преговори околу најтешкото прашање од Охридскиот договор – употребата на албанскиот, како главен уредник на „Дневник“ напишал знаменит коментар со наслов „МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЈАЗИЧНА ФЕДЕРАЦИЈА“. Во него, без калкулации и директно, ставот ни го соопштува веднаш на почетокот:
„Нема политичар Македонец што може да прифати разнебитување на националното ткиво на македонската држава. Македонија не може да биде никаква, па ниту јазична федерација. Ете тоа е крунскиот аргумент поради кој мора енергично да биде отфрлено албанското барање за службена употреба на албанскиот јазик на државно ниво“, пишува тогаш Героски.
Денес, сведоци сме, пишува и говори нешто сосема спротивно... спомна некој камелеони?
Инаку, анти-албанството на Героски има корени уште во времето кога пишувал за весникот „Комунист“, орган на СКЈ и СКМ. Ама за да не му стане непријатно, во оваа прилика не би цитирал ништо од неговите тиради (омилен негов термин што го употребува и кај што треба и кај што не треба) против „албанскиот шовинизам и сепаратизам“. Само би го прашал дали може и тој, како мене, да повика јавно, доколку има некаков новинарски производ во кариерата, спротивен на новинарските стандарди, да му биде предочен?
Врвното камелеонство на Героски е, сепак, што од врвен болшевик, 20 и кусур години се продава за голем демократ. Во време кога сите знаеле дека комунизмот е веќе пред распад, без срам и перде пишувал за режимското гласило на комунистите во кое последните години главно се занимавале со „деференцијацијата“ (очигледно од тоа време му останало, па и сега кажува „кој е подобен“), додека вистинските демократи од неговата генерација храбро ја најавувале демократската пролет, преку, на пример, Млад Борец на чело со Никола Младенов. Но, за ова можеби друг пат, ако имам време и живци... Јас можеби сум млад, ама има архиви, а богами и сведоци...
П.С. За тие што се заинтересирани линк од целата колумна на Героски од 2001-та...


[Image: goce-gero.-1.jpg]


Гоце Михајловски фб статус
13-09-2017, 09:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:А кога Героски навистина замина во партизани?

[Image: Untitled-1-25-600x300.jpg]

Во времето, кога живеевме во заробена држава под окупација на Груевски и Фамилијата, сметав дека е исправен ставот дека додека душманот нѝ е заеднички не се потребни кавги помеѓу борците од нашата страна на барикадата. Сега, кога сонцето на слободата е изгреано над Македонија, во право се оние кои тврдат дека таквата монолитност, внатре во демократските кругови, повеќе не е потребна, односно, кажано со лексиката на комунистите, потребна нѝ е и „другарска“ критика. Со полн ризик дека таквиот полемички и критизерски дискурс би одел во прилог на тврдењето на „бандата криминална“ на Груевски дека за шарените, соросоидите и комуњарите не е потребно тие да ги напаѓаат и критикуваат. Доволно е да им се даде малку демократија и самите меѓу себе ќе се испокараат и испоплукаат.
Повод за оваа моја реакција е полемиката помеѓу новинарите Бранко Героски и Гоце Михајловски, која од својот Фејсбук профил, Героски ја пренесе на страниците на медиумите кои тој ги раководи, а која подоцна се прошири и со „писмо на поддршка“ од Златко Теодосиевски.
Мотивот да се вклучам во оваа полемика накратко би го опишал со модификации на две, често употебувани, фрази, едната позајмена од секојдневната комуникација – кој за што, Героски за чесноста (о поштењу) како десет години се борел против режимот на Груевски, и втората (дел од наследството на античката филозофска мисла) – мили ми се борците против режимот на Груевски, но уште помила ми е вистината.
Последниве години, Героски, не само што преку (зло)употреба на медиумите кои ги раководи врши нималку скромна себепрезентација како бил голем демократ и жесток противник на аполутистичкиот режим на Груевски во десетте години негово владеење, туку, по падот на режимот, тој си зема за право и да евалуира кој каде бил и што правел кога се „гинело“ на барикадите, т.е. кој одел во партизани, а кој во четници во 1945. Во идеализирана биографија, без сомение, тој за себе би напишал дека заслужува најмалку партизанска споменица од 1941, ако не и споменик или маузолеј да му се подигне за живот, бидејќи е убеден дека тој е еден од гигантите на македонската борба за демократија.
За негова жал, неговата улога во годините на вмровска окупација му е сепак поразлична, не толку блескава и не баш прикладна за ордени да му се редат на јуначките гради. (За тоа какво му е новинарското „вјерују“ на Героски јас можам да судам само преку личното искуство кое го имав со него додека пишував за медиумите кои тој ги раководи (Плусинфо и Слободен печат), но за таа лоша епизода не би ги замарал читателите. Барем, не во оваа колумна.) Би се задржал на прашањето кога навистина Героски заминал во партизани, односно дали пред тоа можеби и тој не соработувал со окупаторот?!
Доаѓањето на Груевски на премиерската функција во летото 2006., Героски го затекнува на позицијата главен уредник на дневниот весник Шпиц, при што првиот антивладин гест му е регистриран некаде во половината на 2008 година, кога ја напишал првата колумна против владата на Груевски. Причината за револтот на Героски не била поради лошото владеење на власта, популистичката политика, недомаќинското трошење буџетски средства, антидемократските методи, туку тоа што во предвидената распределба на пари за медиумски реклами на владините политики, владата за Шпиц предвидела помалку пари отколку за Дневник и Утрински весник. Аргументацијата во колумната му била дека Шпиц е најтиражен дневен весник во државата и од тие причини требал да добие највеќе владини пари за реклами, додека Владата се водела од критериумот квалитет, а не кванититет (точно дека Шпиц бил најтиражен, но тој тогаш бесплатно се делел или според цената бил петпарачки во однос на сè уште сериозните изданија на МПМ). Својата вехементна колумна, Героски ја завршил со достоинствена порака до владата дека на Шпиц воопшто не му требаат пари од владата, и повеќе немало да се пријавувал на владините повици кога на ваков начин го потценувала (му доделувала помалку буџетски пари од тоа колку Героски сметал дека требала да му даде). По само неколку дена од овој напис, на целата ударна трета страна од весникот Шпиц осамнала реклама во која се величеле владините политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Буквално за едно деноноќие Героски си го сменил гордиот став, воден според српската изрека „дај шта даш“ или „боље ишта него ништа“. Толку за принципиелноста, достоинството и чувството за одговорност кон парите на граѓаните, за што Героски, во годините потоа, континуирано ги критикувал другите вмровски медиуми.
Но, како сегашната омраза, така и поранешната љубов помеѓу Героски и Груевски си имала своја предигра и флерт и таа не започнала со оваа јавно искажана алчност за народните пари од владините реклами. За првото душкање и врзување на опашките помеѓу Героски и Груевски, тој самиот има напишано барем две-три колумни, чија содржина би ја оценил според народната „она од што паметниот се срами, будалата се гордее“. Така, тој самиот јавно има напишано дека некаде во 2006 година (или порано), го поканил Груевски со Боркица во неговата викендичка на Матка, каде со неговата сопруга го угостиле со ручек и му ги понудил/отворил страниците на својот весник за целосна медиумска поддршка на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори. Ова јавно сведоштво за неговиот однос кон Груевски не е ништо друго туку подлизурско и клиентелистичко новинарство од најдолен вид, презирано и од човечки и од професионален аспект. Полтронство кое во кариерата на секој новинар би било срамно и кое би требало да го одмолчи, Героски јавно го соопштува (фали?) како да е вообичаена, па и пожелна пракса во медиумскиот бизнис. Или можеби ужива да се пофали на читателите дека со водечките политичари во државата често пати бил на заедничка софра, имал однос на ти, дека и самиот е величина кога е прифатен од општествената елита да биде дел од неа. На каков подбив беше изложен од опозициската јавност кога јавно побара прием кај претседателот Хорхе, за да го посоветувал како да ги оправи работите. Да, и тоа е Героски, кој мал милион пати имал напишано за себе дека бил и професор по новинарство (според кои академски квалификации???) и дека учел млади новинари на кредибилно и професионално новинарство.
Меѓутоа, во 2006 година Героски со Груевски го направил она што, повторно, според сопствено јавно сведочење во колумна, го направил и во 1998 година со Љубчо Ѓеоргиевски – дал личен придонес, преку уредувањето на Дневник, власта да била сменета. Нешто што Героски и сега упорно, но за среќа не успешно, се обидува да го направи со новата влада на Зоран Заев и СДСМ: им се нуди на послужавник (како да е локум, а не пелин) и им ги нуди страниците и просторот на медиумите кои се под негово раководство, за да објавуваат провладини текстови; прогласува мораториум во првите сто дена за секаква критика на Владата, мораториум кој не подразбира и истовремена забрана за фалење и апологетство кон истата таа влада. Напротив, самиот потпишува колумни со наслови кои, веројатно, и на премиерот и на министрите им е срам да ги читаат. Како епик примери за без’рбетство му се насловите на колумните „Браво Заев!“ и „Јавно и отворено поддршка за Кочо Анѓушев“, но и најновиот текст за посетата на Заев на Израел, насловен „Триумфална посета на Израел на македонскиот премиер Зоран Заев“. А што тек следи под насловот, тоа е да поцрвени човек од неговиот срам. Наслови и содржини за кои мислевме дека се минато, и се дел од најмрачниот период на македонскиот журнализам, својствени за Курир, Сител, Канал 5, Инфомакс, Нетпрес, повторно се повампируваат преку перото на Бранко Героски. Текстови од кои сигурно му се повраќа и на менаџментот на Адриа медиа група, кога со иста содржина ќе ги прочита во белградските Информер и Пинк за Александар Вучиќ. Прашање на ден е кога и самиот Зоран Заев ќе му порача: „Аман, Геро, не ме брани веќе, само штета ми нанесуваш!“.
Професионалното кредо на Героски е толку лесно читливо и е препознатливо во зборовите на Амди Бајрам: „Јас сум секогаш со власта“. Героски тоа го прави малку посуптилно иако веќе и влас(т)ите се сетиле да го прочитаат: се врзува со секоја нова власт во првата половина од нејзиното владеење, за во втората половина да се ориентира кон опозицијата, помагајќи ѝ со медиумите кои ги уредува да победи на изборите, за потоа тоа добро да го наплати. И хронологијата на неговото уредникување го потврдува тоа: поддршка на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 до 2000., со избори одржани во 1998 год. (две години опозиција и две години власт), поддршка на СДСМ од 2000 до 2004, со избори одржани во 2002. (исто 2 опозиција + 2 власт), поддршка на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 до 2008, избори одржани во 2006 (2+2) и лимбо период од тогаш до денес, кога упорно очекува, се надева и се нуди на бившата опозиција, а сегашна власт, повторно да го играат. Но полтронската и калкулантска улога му е прочитана, колку и да се обидува во своите текстови да се претстави дека е партизан уште од 1941. Секако дека не заминал во шума на крајот од војната, во 1945 година, но и одењето во партизани по Сталинградската битка во 1943 се сметало за опортуно, бидејќи победникот веќе се наѕирал на фронтот. Кај партизаните, соработка со окупаторот била непростива.
Му посакувам на Героски да истрае во својата борба за боречка пензија. Двајца сведоци сигурно ќе најде. Едниот веќе се јави да го поддржи („И не дека Героски не е во право. Во право е сто посто!“).

Ненад Живановски
13-09-2017, 09:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:А кога Героски навистина замина во партизани? 2

[Image: Untitled-1-25-600x300.jpg]
Свесен дека секоја јавна полемика може да забега во досадно четиво за инволвираната публика, ако се нема мерка кога да се дигне рачна, ова е мое второ (изнудено) и последно навраќање на случајот „Кога Героски навистина замина во партизани?“. Во овој текст, повеќе ќе се занимавам со неговиот демант, кој тој го почнува со констатацијата дека сè што сум напишал се лаги, нудејќи им на читателите факти (негови, но не и објективни).
Во својот демант, Героски го изнесува првиот „факт“: „Прво, не е вистина дека мојот „прв антивладин гест“ против владата на Груевски, од позицијата уредник на „Шпиц“, е регистриран во половината на 2008 година. Напритов, тоа се случува уште во 2005 година, кога го водам неделното издание на „Време“. Веројатно воден од силната желба да се претстави за што е можно постар борец против режимот на Груевски, Героски ги помешал брзините/годините, па испаѓа дека бил против владата на Груевски уште во време кога премиер бил Бучковски. Владата на Груевски е избрана во август 2006 год., и Героски само ако користел временска машина можел да ја критикуваш уште во 2005 година.
Во истиот параграф, повторно конфузија со годините: „…во 2009 година бев сменет од позицијата главен и одговорен уредник на „Шпиц“. Не Геро, сменет си во септември 2008 година и тоа си можел лесно да го провериш по архивите на интернет. Јас ли треба да ти ја средувам боречката биографија и да те бранам од мене самиот!? Конечно, му личи ли вака непрецизно и неконцентрирано да пишува бивш студент по новинарство со просек 9,70., професор по новинарство по предметот Пишување, автор на три книги по новинарство (патем, најискрено би сакал да ја прочитам книгата – ако сакаш прати ми ја во Пдф!), и создавач на успешни медиуми?
Првиот точен факт му е дека никогаш не се сретнал со Боркица Груевска. Бидејќи не му ја знам хронологијата на промени на брачниот статус на Никола Груевски, можно е да е превид наместо да се сретнал со сегашната сопруга, тоа да била бившата на бившиот премиер. Но средба имало и за таа средба во една од своите колумни Героски јавно признал дека згрешил и им се извинил на читателите. Ако навистина била толку беновелентна средбата, како сега ја прикажува, зошто потребата од толкава патетика и јавно обзнанување? А и зошто Героски би имал право да се извини за поранешните (не)дела, а тоа право им го ускратува на другите?!
Героски понатака пишува: „Второ, лаже Живановски кога вели дека „Шпиц“ земал буџетски пари. Буџетски пари за весниците не се делат уште од 2000-2001 година. А точно е дека се бунтував поради корупциските распределба на народните пари за кампањите за јавните политики во медиумите. Се бунтував со право, бидејќи „Шпиц“ беше далеку најтиражниот и највлијателен македонски дневен весник – и кога беше бесплатен и кога беше со цена од 5 денари. Тоа со рекламите е системско прашање, кое не е решено до ден денешен“. Овој дел ми е фејворит во целото писание на Героски. Не знам дали е потребно да објаснувам во што му е грешката во правдањето, или таа е толку очебијна, па да оставам читателите сами да судат и носат заклучок? Би го парафразирал Николче Младенов (лесна му земја!) кој за доделувањето народни пари за владини реклами јасно рече/напиша дека тоа е суптилна корупција на владата со медиумите за да ја купи нивната лојалност и од тие причини Фокус ниту земал ниту ќе земе такви валкани пари.
За разлика од Николче, непобитен факт е дека Героски земал народни пари за величење на „јавните политики“ на Груевски и владата на ДМПМЕ во Шпиц, и од каде, во годините потоа, го црпи кредибилитетот да им суди и ги обвинува останатите вмровски медиуми за нешто што и самиот го правел!? Воедно и да му објаснам: не била корупциска распределбата на парите како тој пишува, туку корупциски бил самиот проект за реклами на владините политики. Героски е искусен новинар во медиумскиот бизнис, а не француска собарица, па да е толку наивен и не го разбере тоа; туку, едноставно, не е гадлив на парите и за него парите немаат боја: дали се црвено-црни или сини.
„Во целата оваа тирада на Живановски против мене, вистина е само едно – дека тој имаше лошо искуство со мене додека пишуваше за Плусинфо и Слободен печат. Додуша, ниту една колумна не му е цензурирана, бидејќи јас не цензурирам колумни. Ничии. Никогаш. Нека се јави некој колумнист да ме демантира! Лошото искуство на Минхаузен Живановски веројатно е во тоа што во еден момент одбив да ги објавувам неговите колумни. Искрено, во овој момент, никако не можам да се сетам зошто сум го одбил. Но, што и да било причината, добро сум сторил, бидејќи ноторните лажговци не заслужуваат да пишуваат колумни. Барем не во медиумите кои јас ги раководам“. За мојата лоша епизода во соработката со Героски и неговите медиуми во минатиот напис не сакав да ги замарам читателите бидејќи ја сметам за општествено ирелевантна, но бев сигурен дека тој ќе се упеца како клен на мушица и ќе почне да ме навредува и клевети за тоа. Бисер му е “не се сеќавам зошто сум го одбил, но добро сум сторил“. Вака ли аргументираат успешните новинари?
Кога веќе тој ја отвара и оваа (за мене небитна) тема, мало потсетување и освежување на меморијата: јас со Героски прв и единствен пат во животот се имам сретнато во октомври 2014., во локал до зградата каде им беше редакцијата. Бидејќи веке 5-6 месеци пишував за медиумите кои тој ги раководи, посакав и побарав и лично да се запознаеме. Не можам да тврдам, но верувам, дека тој во својата глава си замислил дека сум сакал да се видиме како би му побарал хонорар за пишување колумни, па, веднаш, по првото с’ркнување сок (тривија: јас честев :-)), ми предочи: „Во Слободен печат немаме пари за хонорари, но би сакал да продолжиш да пишуваш за нас. Ако парите не ти се мотив за соработка, те молам да пишуваш, бидејќи колумните ти се одлични“. Малку ме збуни со наметнатата тема бидејќи ни на крај на ум не ми било да му барам хонорари. На средбата дојдов подготвен со мојата книга „Говор на омраза“ да му ја подарам и лично да се запознаеме. И толку. Наметнатата тема ја апсолвиравме: јас пари не барав, само побарав слободен простор каде би ги публикувал про боно моите размислувања и ставови, што и го добив.
Три месеци по оваа средба (јануари 2015 година), мојата соработка со медимите кои тој ги раководи за прв пат беше доведена во искушение. Повод беше мојата колумна која се однесуваше на терористичкиот напад на редакцијата на Шарли Ебдо. Неа Героски одби да ја објави со објаснување дека сум изнесувал „чудовишни тези“ во кои сум го „релативизирал терористичкиот чин“ (?!?!?!?!?!). Умот не ми веруваше што очите ми читаат. Јасно ми беше дека проблемот беше во суетата на Героски, која му беше повредена, бидејќи пред тоа тој се имаше фотографирано со лист Je suis Charlie, а доби колумна која донесуваше студиозен и аналитички пристап, со различни агли на гледање од неговите кон целиот настан. Без проблеми колумната ја објавив во порталот А1он (кој сака може да ја прочита тука, за да се увери колку Героски бил во право кога нашол во неа моја релативизација на исламскиот тероризам). Мене ми остана горчлив вкус дека за прв пат во животот сум бил подложен на цензура.
Оваа лоша епизода со Героски се обидов да ја заборавам и да продолжам со соработката, по неколку недели испраќајќи му ја мојата нова колумна, која се однесуваше на Валентина Божиновска и моето откритие дека во исто време била платена од најмалку 4 различни места. Големиот борец против режимот на Груевски од 2005 година (!), одби да ја објави и оваа колумна, со писмено образложение: „не би сакал да се влечкам по судови за минорна фигура каква што е Божиновска“. Писмото Героски го завршува со: „Останувам на располагање за други твои колумни во иднина“. Ете Героски, така си го завршил последниот контакт со, како што го нарекуваш, ноторниот лажго кој не заслужува да пишува колумни кај тебе.
Колумната ја објавив повторно во А1он и поради неа сопственикот не се влечкаше по судови (достапна е да се прочита тука за да се види од што се уплашил Героски). Веќе не ни помислував да соработувам со него, бидејќи уредничкиот став му се косеше со моето новинарско „вјерују“ дека единствен критериум за нешто да биде објавено или не е дали е добро (аргументирано) или лошо напишано, а не да зависи од суетата или стравот на оној кој ја има моќта да одлучува. Толку за тоа кој ја прекинал соработката.
На крајот, целата оваа преписка помеѓу Героски и мене е помалку битна, било-поминало. Побитно е нешто друго, што како спотер ми се јави и го регистрирав овие неколку денови, а што може да биде проблем за во иднина. А тоа е каква нѝ е состојбата во медиумите, сега, кога Груевски повеќе го нема да мава шамари, Мартин Протуѓер да се заканува со ендеци, Илија Димоски да спружува на насловни, а Центарот за комуникации да прегледува новинарски текстови. Првиот напис „А кога Героски навистина замина во партизани“, пред да се објави во порталот Мактел, им беше понуден на пет други портали, сите од ред декларирани и препознаени за демократски и либерални. И сите од ред одбија да го објават текстот, некои и без да го прочитаат. Едно од образложенијата беше: „Еј, друже, дај не заеб…ј, кој сега ќе се закача со Геро, па одма после ќе опичи по нас, а не по тебе“.
Драги друже Геро, ако навистина си убеден дека си гигант на македонската демократија дај одговор зошто колегите од, условно кажано, нашата страна на барикадата, толку ти се плашат!? Зошто кај нив може да се објави текст и против премиер, и против министри, и против патријарх, и против папата, и против Господ, но ти си заштитен од било каква критика, како да си света крава мумбајска? Вистина ли е дека има акумулирано таква злоба во тебе, да веднаш омрзата ја усмеруваш кон порталот, а не кон авторот? Деновиве се закануваш дека ќе си „кољал со туп нож“ и „ќе си пукал како Максим по дивизија“. По нивната бетонска плоча и Ќосето, тоа ли е твојот идеал за кој си се борел? Што друго да ти се порача, освен – пукај, бе, братучед, пукај и кољај, ама глеј да не биде со зелено џамче! Иако, и после сè, јас сум убеден дека ти немаш лоша душа, само си егоманијак долг на јазик, краток на ум, кој, како маргарин, во сè се меша.
Завршувајќи ја оваа преписка со тебе само да ти објаснам: немој да те мачат паранои и конспирации за иницијаторите на моите текстови и да ми инсинуираш дека сум жалел по Бранко Црвенковски кого ти си го сменил во 1998. Па, јас, било со старото или со новото раководство на СДСМ имам толку допирни точки, колку што имам допир и со високата масонска ложа во Улан Батор. Зошто мислиш дека зад секој јавно изнесен став мораат да стојат скриени намери? Верувај ми, сè што напишав беше водено само од мои професионални, етички и демократски убедувања. И, да – за да се разоткријат камелеоните. Тука се согласувам со тебе.

Ненад Живановски
13-09-2017, 09:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Финтата на шнауцерот

Вчера, на пример, дознавам шокантна вест – еден од овие лигуши, кој јавно се фали дека уште во „далечната“ 2015 година побарал оставка од Груевски (хахахах!), едно типче кое пишуваше огавни колумни кај Крамарска во „Утрински весник“ и се потпишуваше како „државен службеник“ (и тоа без срам!), сè уште, иако сега тазе пензионер, тезгарел кај Талат Џафери. Замислете! Додека млади деца, вистински заслужни за поразот на режимот на Груевски (како извесен Владимир Христовски од Велес, момче на 20 години, активист на СДСМ од Велес) јавно и доблесно се откажуваат од советнички места и велат дека ќе продолжат да се борат на улица, овој шнауцер лиже каде што плукал, лапа парички и тоа – поминува! Друже Талат, ма јели то могуче?

Нејсе. Деновиве со неколку такви ликови водам жестоки кавги на Фејсбук, но само таму, бидејќи не сакам да ве оптоварувам вас, читателите на „Слободен печат“. Сепак, должен сум да ве известам дека тоа се случува (веројатно некои од вас читаат и се чудат). Морав да ви ги објаснам и моите мотиви, а сакам и да ви се извинам што сум принуден во тие кавги свесно да го спуштам нивото на „дебатата“ до најниски можни гранки, до кочијашки пцости, бидејќи со луѓе што не знаат ништо друго освен да навредуваат и да клеветат (шнауцерот дрско го клевети и „семејството Героски“, за што ќе биде посебно казнет од моја страна!), нема друг начин да се разговара, а да те разберат.

Конечно, моите кавги навистина се мои, лични, како и времето и страста што ги вложувам во нив, но сите мора да бидете свесни дека импактот на темата е многу поширок и ве засега сите вас, кои се залагавте за промени и за подобар живот. Оти, да не бидете изненадени кога ќе слушнете дека многу слуги на режимот на Груевски и на баграта веќе наголемо уживаат во придобивките на промените и во подобриот живот. А вие сè уште си ги оближувате усните, додека ги следите овновите мадиња што на тенко се држат и онака заносно се клатат, небаре ќе паднат секој миг, за вие да ги лапнете.

Бранко Героски
17-09-2017, 02:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:На денот на демократијата македонски новинари закажаа тепачка

[Image: %D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%...=300%2C145]

16.09.2017
Македонски новинари светскиот ден на демократијата го прославија со јавно закажување тепачка.
Физичкото насилство како модел за решавање на проблемите го закажаа уредникот на весникот Слободен Печат и порталот Плусинфо Бранко Геровски и новинарот Тодор Пендаров кои што в понеделник пред кафулето Манда во центарот на Скопје ќе ги расчистуваат своите нерасчистени прашања.
Во пост на социјалните мрежи Геровски вчера напишал: „ПОКАНЕТ СУМ НА ТЕПАЧКА ПРЕД “МАНДА” ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО 12 ЧАСОТ – ДОАЃАМ!!!“
„Сакам да ги известам сите заинтересирани дека по уредно пријавената закана што ја добив од Љупчо Палевски, во пост на неговиот ФБ профил, тој сега, повторно со пост на неговиот профил, ме кани во понеделник во 12 на тепачка во “Манда”.
Еве, јавно обзнанувам дека во назначеното време ќе бидам ПРЕД “Манда”, но не ВО “Манда”. На газдата Маниќ му ветив дека нема да му го бербатам локалот.
Тодор Пендаров во закажаното време да биде присутен, бидејќи јас него го барам. Како ќе се однесува Палевски, тоа е негов проблем. Веројатно и проблем на институциите.
Значи, се гледаме пред “Манда” во понеделник во 12 часот“, напишал Геровски на својот профил на Фејсбук.
Најавената пресметка е закажана откако Геровски во преписка на социјалните мрежи го обвини Пендаров дека изнесол лаги во врска со настани од минатото во кои биле вклучени тој и неговата сопруга.
Предходно Пендаров му се обрати на Геровски во врска со неговата преписка со Гоце Михајловски кој си замина од ТВ Нова.
Според најавата на Геровски тој до МВР ги пријавил заканите кои преку фејсбук му ги упатил Љупчо Палевски – Палчо, некогашен сопственик на ТВ Скопје и претседател на градската организација на СДСМ во Скопје во времето на Бранко Црвенковски.
Палевски пред десетина дена беше приведен од страна на полицијата на барање на СЈО. Беше пуштен на слобода по испрашување од страна на полицијата во врска со прислушувани материјали кои што беа објавени на Јутјуб.
17-09-2017, 02:38 AM
Reply