Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Зошто токму сега Хаџиристески ќе одговара за криминал?
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#1

Според мене Хаџиристески е најголемо зло што можеше да му се случи на македонскиот спорт. Од ФФМ направи пералница за пари, го уништи фудбалот, а овозможи да се богати една мала група. За местењето на натпреварите заслужува најстрога казна.

Како одеа работите. Најпрвин власта преку Орце Камчев (или Орце Камчев преку власта) сакаше да го сруши Харалампие. Се дигна голема џева и тој успеа да се спаси. После да кажеме дека се случи нешто како затишје, за на крај да дојде до хемија меѓу Грујо и него. Почна соработка, се смири војната, Ѕинго беше прогласен и за почесен претседател, и не заборавајте дека цело време во Управниот одбор во ФФМ има луѓе од ДПМНЕ.

Во последниве денови има една реклама од СДСМ во која се напаѓа Грујо, а темата е неговата соработка со Хари. Поточно, Хари си доби нов заштитник. Очигледно дека тоа беше главниот повод за да се покренат овие кривични пријави и да се покаже дека сето тоа нема врска и дека Грујо не затвора очи, па макар било тоа и неговото ново другарче Хари.

Проблем е што во Македонија немаме поставено нормален правен систем, туку се работи на инцидент. Грујо за да врати на една реклама на СДСМ, која му носи штета, решава да се справи со човекот кој што до денес ни мува не го лазеше!

Груевски праќа јасна порака, може да соработуваме во матните работи и да замижам на криминал, но кога тоа ќе биде премногу штетно за мене ќе настрадате само вие...

28-05-2010, 04:34 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
28-05-2010, 06:06 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#3

28-05-2010, 06:08 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#4

Hadziristeski trebase od porano da se zatvori sega da ne e malku kasno za toa.
28-05-2010, 06:09 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

(28-05-2010, 04:34 PM)acko Wrote: Според мене Хаџиристески е најголемо зло што можеше да му се случи на македонскиот спорт. Од ФФМ направи пералница за пари, го уништи фудбалот, а овозможи да се богати една мала група. За местењето на натпреварите заслужува најстрога казна.

Како одеа работите. Најпрвин власта преку Орце Камчев (или Орце Камчев преку власта) сакаше да го сруши Харалампие. Се дигна голема џева и тој успеа да се спаси. После да кажеме дека се случи нешто како затишје, за на крај да дојде до хемија меѓу Грујо и него. Почна соработка, се смири војната, Ѕинго беше прогласен и за почесен претседател, и не заборавајте дека цело време во Управниот одбор во ФФМ има луѓе од ДПМНЕ.

Во последниве денови има една реклама од СДСМ во која се напаѓа Грујо, а темата е неговата соработка со Хари. Поточно, Хари си доби нов заштитник. Очигледно дека тоа беше главниот повод за да се покренат овие кривични пријави и да се покаже дека сето тоа нема врска и дека Грујо не затвора очи, па макар било тоа и неговото ново другарче Хари.

Проблем е што во Македонија немаме поставено нормален правен систем, туку се работи на инцидент. Грујо за да врати на една реклама на СДСМ, која му носи штета, решава да се справи со човекот кој што до денес ни мува не го лазеше!

Груевски праќа јасна порака, може да соработуваме во матните работи и да замижам на криминал, но кога тоа ќе биде премногу штетно за мене ќе настрадате само вие...

Демократите од тип на Груевски така се однесуваатShok
29-05-2010, 08:51 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

Обемната истрага на полицијата дека Харалампие Хаџиристески со уште неколку поранешни челници на ФФМ во изминатиов период правеле разни матни зделки, резултираше со две кривични пријави.

Првиот човек на фудбалската федерација, Хаџиристески кривично ќе треба да одговара за повеќе од половина милион евра. Толку според пресметките на МВР и финансовата полиција тежи криминалот со кој освен буџетот на државата е оштетена касата на федерацијата и на УЕФА.

МВР го сомничи Хаџиристески, дека заедно со Реџеп Беџети, поранешниот потпретседател на ФФМ и бившиот генерален секретар Лазар Митревски во 2004 година платиле столчиња, за фудбалски трибини кои веќе и биле подарени на ФФМ како донација од Нинберг Германија.

МВР овде регистрирала сомнителните трансакции на Хаџи-Ристески и на потпретседателот на ФФМ Реџеп Беџети. Фирмата на синот на Беџети „Артал-Д“, се јавува како набавувач на веќе подарените столчињата.
Иво Котевски

„Функционерите на ФФМ преку изготвување на фиктивна документација, со парите добиени од УЕФА практично ги исплатиле овие седишта кои им биле бесплатно донирани и парите ги префрлиле на фирма во која што како ко-сопственик се јавува близок роднина на еден од осомничените, односно од поранешните високи функционери на ФФМ“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Но малверзациите на Хаџиристески и федерацијата според полицијата не завршуваат овде финансова полиција денеска утврди уште еден криминал на првиот човек на федерацијата. Според финансова Хаџиристески го оштетил буџетот на државата за 252 илјади евра, а на ФФМ за околу 197 илјади евра.

Парите кои УЕФА ги од периодот јануари 2005 до февруари годинава Хаџиристески заедно со Александар Забрчанец првиот човек на ФК Победа, пари од УЕФА префрлале на трета сметка на пионерска фудбалска школа од Прилеп, бидејќи сметката на Победа е блокирана од 1995 година во времето уште кога Хаџиристески бил претседател на клубот.

Хаџиристески и Забрчанец парите ги користеле за свои потреби, и за нив не плаќале обврски кон државата. Штетата според финансова која ја направиле тежи 449 илјади евра.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
29-05-2010, 09:40 AM
Reply