Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ ,ХЕРОЈ НА ТОТАЛИТАНА ИЛИ ХЕРОЈ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,297
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Интервју: Ѓорѓи Лазаревски – невидливиот херој од УБК зад бомбите

[Image: 8211-3.jpg]

август 31, 2017
Во тој период се создаде амбиент на приватизација на институцијата. Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно“, вели најпознатиот македонски свиркач Ѓорѓи Лазаревски.





Прв се охрабри тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Првата политичка „бомба“ пукна на 09 февруари. Јавноста слушна за масовни злоупотреби на државата за лични и партиски цели во размери кои беа застрашувачки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ја веќе воспоставената спрега помеѓу извршната власт и судството поведе случај против сите инволвирани во протекувањето на прислушуваните материјали од Управата за безбедност и контраразузнавање, како и против Заев и поранешниот директор на УБК и во тоа време дипломат во Рим, Зоран Верушевски.
Но, кои се вистинските дојавуачи на корупција и криминал или, популарно свиркачи? Обвинети беа и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски од УБК. Лазаревски 11 месеци остана во притвор. Тој беше човекот кој работел во службата, ги сведочел масивните злоупотреби на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата – професионалната администрација.
Истовремено, ова интервју со најголемиот македонски свиркач НОВАТВ го користи и како повод за да ја објавува и својата алатка за безбедно пријавување корупција и криминал, како и други злоупотреби во институциите, бизнис секторот и пошироко наречен „Свирни за Вистината“.  Ова е првата ваква комплетно безбедна алатка  направена по примерот на водечките светски редакции кои на своите читатели им овозможуваат анонимно и безбедно да достават документи, дојави и други докази за злоупотреби. Повеќе за проектот прочитајте на Свирни.мк.


Чуден е критериумот на Заев за патриот, луѓе кои работеле во ПЕТАТА УПРАВА луѓе кои биле во врвот на УБК во времето кога е извршен најголемиот атак  за разнебитување на партијата ВМРО ДПМНЕ, односно комплетно рекомпонирање на водството на партијата и  криминализирање на партијата Заев ги смета за херои!!
Ако господинот Лазаревски провел 30 години во УБК и во ПЕТАТА Управа , како не му пречело прислушкувањата во период 1991-1998 година. Говорам за тие прислушкувања бидејки постојат официјални докази дека тие прислушкувања биле НЕУСТАВНИ, поточно била злоупотребена службата за ПОТРЕБИТЕ НА СТРНСКА ДРЖВАВА! Тие прислушкувања, ако се пресметува бројот на прислишкувани граѓани според методологијата на Заев се за три до четири пати пообемни според опфатот на прислушкуваните граѓани од прислушкувањето во аферата „ПУЧ“.
(This post was last modified: 19-04-2018, 12:44 AM by ЈорданПетровски.)
31-08-2017, 10:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,297
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Свиркачите кои ги изнесоа „бомбите“ од УБК, надвор добиваат награди, дома оставени без работа






Автор: Петар Клинчарски |
01.04.2018
Звукот од автомобилската свирка одекнува силно поради отежнатиот сообраќај во центарот на Приштина. Причина е снегот. На само 100-тина метри оттука се одржува настан во чест на свиркачите, чии дела одекнуваат силно во одбрана на демократијата. Причина е Меѓународниот ден на свиркачите.

Меѓу присутните е и Ѓорѓи Лазаревски од Македонија. Овој поранешен вработен во УБК, во улога на свиркач, помогна стотици илјади телефонски разговори да стигнат до јавноста, како сведоштво за масовна злоупотреба на пари и моќ од претходната влада. Лазаревски во Приштина беше поканет да ја прими Наградата за слобода на говорот од Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа и Европскиот центар за правата на укажувачите.

- Пред се’, се чувствувам среќен, бидејќи целта ми беше да се обелоденат вакви работи за кои како што кажавте имаа извонреден ефект во општеството. Но, се чувствувам малку осамено и напуштено, но тоа што го чувствувам како придонес за општествената свест и самото подигање на свеста на народот и слободата што сега ја чувствува за мене е доволно за да бидам пресреќен – изјави Ѓорѓи Лазаревски.

 Иста награда доби и Звонко Костовски, колегата на Лазаревски, со кого заедно го документираа масовното прислушување во УБК. Но, Костовски не присуствуваше на врачувањето. Иако резултатот од нивното свиркање се 20 обвиненија против 100-тина високи функционери на претходната власт, и двајцата се без работа. Костовски и не може да се врати на работното место ниту да бара отштета, поради тоа што официјално има статус на осудувано лице по признанието, најверојатно, изнудено под притисок.

- Тоа што сум тука без него покренува низа прашања во мојата глава. Зошто е потребно толку време за свиркачите да добијат правда и признание? Зошто има одложување во лекувањето на раните? Би рекол дека е намерно одложување. Што е проблемот? Зошто сме игнорирани и напуштени? Иако можам да ги претпоставам одговорите, не сум оптимист дека некогаш ќе добијам официјално објаснување. Ова само покажува дека на системот и на општеството им е тешко да се справат со вистината и со луѓето кои ја зборуваат – рече Лазаревски.
(This post was last modified: 08-04-2018, 01:52 PM by ЈорданПетровски.)
08-04-2018, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,297
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Од 3 „свиркачи“ од УБК згрижен е само Верушевски, зошто Лазаревски и Костовски се оставени на улица?






Автор: Петар Клинчарски
03.04.2018
„Патриотите на Македонија ги обезбедија документите и доказите, тоа се патриоти луѓе, почитувани граѓани. Сакам да им оддадеме почит на овие храбри луѓе на кои им ја должиме „Вистината за Македонија“.

Вака говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за свиркачите од УБК, меѓу кои и Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, во времето кога одекнуваа „бомбите“ за тогашната власт на ВМРО ДПМНЕ. За храброста да се документира масовното прислушување, им оддаде признание со зборовите дека тие се „совеста на општеството и луѓе што ги ставија животите на коцка заради спас на државата“.
Три години подоцна, период во кој се случи и промена на власта, аплаузите и признанијата за овие луѓе се префрлија на меѓународна сцена додека дома се соочија со молк и заборав.
Од тројката што ги извлече илјадниците прислушувани разговори од УБК, згрижен е само Зоран Верушевски, како советник на премиерот Зоран Заев. Лазаревски и Костовски, пак, подолго време безуспешно бараат елементарна правда за себе – да се вратат на местата на кои го поминале работниот век. За Звонко Костовски тоа засега е невозможна мисија, бидејќи има статус на осудувано лице во предметот „Пуч“. Тој остана единствен осуден во овој случај, со ефективна 3-годишна затворска казна, откако прифати спогодба со јавното обвинителство под сомнителни околности. По преземањето на предметот,  СЈО се откажа од обвинението за „Пуч“ поради немање докази и иницираше Барање за заштита на законитоста за Костовски до Врховниот суд.
- Баравме поништување на спогодбата, затоа што не постоеја докази во конкретниот случај, врз основа на кои спогодбата се базираше, така што во тој случај одлуката, судската пресуда е донесена без воопшто да постојат докази и затоа баравме да се преиспита нејзината законитост – изјави обвинителката Ленче Ристовска во септември минатата година.
По извесно време Врховен пресече: Костовски не шпионирал за странски служби, но остана делот од пресудата за нелегално прислушување и затворската казна од 1 година, која Костовски веќе ја одлежа. Сега Костовски е на слобода, но преку гласниот молк испраќа порака дека нема да проговори се’ додека не му се „тргне“ статусот на осудувано лице и не се врати на работа.
- Кај Костовски има два основи да се бара повторување на постапката, бидејќи се докажа кој го вршел прислушувањето. Костовски е само сведок на незаконитото прислушување по налог на Мијалков и Јанкуловска. Не можете сведокот да го обвинувате дека тоа го правел – вели Слободан Богоевски.
Богоевски, кој е и екс-директор на УБК, смета дека неговите поранешни колеги мора да добијат соодветна сатисфакција - и лична и општествена.  
- Неприфатливо е да такви личности заради познатите состојби во судството, да бидат сега повторно жртви, да не можат да ги уживаат своите права, во процес каде невино се судени од претходната власт. Оттука, одговорот на општествениот однос кон ваквите случаи како Лазаревски и Костовски мора да биде соодветен на чинот на востанување на неправдата, смета Богоевски.
На иста линија со Слободан Богоевски е и независниот пратеник во Собранието, Павле Богоевски. Тој беше еден од предводниците на Шарената револуција, која беше реакција токму на прислушуваните разговори. Богоевски вели дека можеби има релевантни безбедносни околности што не и се познати на јавноста, но без разлика дали постојат правни пречки или не за нивно враќање во МВР, недозволиво е Лазаревски и Костовски да бидат игнорирани.
Мислам дека тие луѓе поради придонесот кој го имаат дадено, не смеат да бидат заборавени од државата, и дека ако на никаков начин не е возможно да бидат вработени во МВР, државата треба да направи се што може тие да немаат опасност по нивната егзистенција односно да бидат осигурано нивното секојдневно живеење, рече пратеникот Богоевски.
Но, за разлика од Костовски, кај Лазаревски воопшто не постојат правни дилеми за враќање во МВР. Ослободен е од обвинението во предметот „Пуч“. Тој сам даде отказ од позицијата главен оперативен инженер во 5-тата управа во УБК, во октомври 2013-та година. Работниот однос му завршил, како што тврди, под закана и притисок од повеќе безбедносни структури во и надвор од полицијата. Да останеше на работната позиција, од август минатата година Лазаревски веќе ќе уживаше во пензионерските денови.
Прашавме во Министерството за внатрешни работи - дали ги истражуваат околностите на заминувањето на Ѓорги Лазаревски од институцијата и дали е разгледувана можноста за негово враќање во УБК. Но, одговор не добивме, како продолжение на индикативниот молк и игнорирањето на овие луѓе.
08-04-2018, 01:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,297
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Свиркачот Лазаревски: „Патриотизмот е интимно чувство, исто како љубовта!“


[Image: 5575BDA0-D647-4360-8557-E7951DC8DC8A_w650_r1_s.jpg]


„Се боревме да нема семоќни личности, кои се над законот и над останатите граѓани. Се надевам дека со нив расчистивме, сега е поважно да не се создадат нови...“, вели Ѓорѓи Лазаревски, еден од двајцата „свиркачи“ кои ги обезбедија материјалните докази за скандалот „Бомбите на Заев“.

„Патриотизмот е интимно чувство, исто како љубовта! Треба да покажеш и докажеш дека го имаш, а не да го декларираш постојано и гласно!“, вели во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик, Ѓорѓи Лазаревски, тивок човек, поранешен главен инженер во Управата за безбедност и контраразузнавање, кој стана еден од хероите на борците на Шарената револуција што се одвиваше под мотото „Нема правда нема мир“.
Минатиот месец, при доделувањето на Наградата за слобода на говорот за Лазаревски и за неговиот колега Ѕвонко Костовски, од Коалицијата за заштита на укажувачите/свиркачите, составена од 30 граѓански организации и групи од 13 држави од Југоисточна Европа, Макс Ворт, координатор и директор на оваа регионална организација која е посветена на правната заштита на укажувачите и на истражување на случаите на корупција и на прекршувања на законот кои произлегле од нивните информации, потенцираше дека „случајот на свиркачите Лазаревски и Костовски е еден од најзначајните“.
Лазаревски пак, скромно смета дека слушајќи ја совеста, ја исполнил професионалната должност, а дека сите тешкотии што ги претрпеле тој, Костовски и нивните семејства, не биле залудни - во споредба со обезбедувањето на материјални докази за масовното прислушување, кои спречија „најлошиот случај на автократија“ во Македонија, според него, да прерасне во диктатура!

Глас на Америка: На македонската јавност ѝ станавте познат како еден од свиркачите, двајцата професионалци од МВР, кои обезбедија докази/снимки за незаконското прислушување на политичките противници, но и на илјадници граѓани, од раководството на МВР во време на Владата на Груевски. Зошто се одлучивте за таков ризик кој можеше да резултира и со лична и семејна жртва?

ЛАЗАРЕВСКИ: Основна причина за реакција беше чувството на одговорност. Целиот работен век дотогаш, над 20 години, го имав поминато во Управата за безбедност и контраразузнавање, сектор/оддел за оперативна техника. Работев со коректни и стручни колеги, во здрав амбиент, каде се ценеше знаењето и се напредуваше според учинокот. Не дека го идеализирам тој период, но тоа што се случи во 2006 година, при промената на власта, дотогаш го немав видено. За многу кратко време средината се смени, се донесоа премногу нови луѓе, други луѓе беа прераспределени на несоодветни работни места, многумина од нив, по извесно време поднесоа оставки, средината стана непрепознатлива... Единствен критериум за сите смени беше лојалност кон одреден центар на моќ, а се пренебрегнуваше стручноста и минатиот труд. Се создаде атмосфера на страв, мобингот стана нормална појава, непотизмот исто така... Раководната функција се доживуваше како сопственост врз институцијата, а не како одговорност.
Во таков амбиент, деградиран на ниво на почетник, бев многу разочаран од тоа што се случуваше, но бев силно мотивиран да ги докажам моите вредности и затоа работев професионално. Со секој изминат ден, сè повеќе сфаќав дека институцијата се злоупотребува на разни начини и дека е комплетно заробена. Но, истовремено бев свесен дека имам одговорност да најдам начин да се спротивставам. Кога дојде вистинскиот момент, тоа и го сторив, иако бев свесен за ризикот кој го преземам и притоа ги загрозувам моите најмили.

Глас на Америка: Како одмазда на тогашната власт, 11 месеци бевте во притвор, поголемиот дел од тој период - во самица. Во тоа време, имавте и чувствителна семејна ситуација... Која беше Вашата идеја – водилка, што Ве држеше во живот?

ЛАЗАРЕВСКИ: Јас бев единствениот линк кој ги поврзуваше најавените „бомби на Заев” и УБК. Доколку јас не укажев дека сум соработувал со Зоран Верушевски (екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање), „бомбите“ ќе останеа да висат како паднати од небо, создадени во „жолтите комбиња“! Во тие моменти имав екстремно чувствителна семејна ситуација, поради сериозни здравствени проблеми на член на моето семејство, но најтешкиот период веќе беше преброден и јас го направив тоа што ми го налагаше совеста. На 7 февруари 2015, мојот колега Ѕвонко Костовски ми организираше состанок во МВР, на којшто укажав на надлежните дека во Одделот за оперативна техника се врши нелегално тонско снимање, дека во подолг период заедно со Ѕвонко собиравме докази за нелегалните активности и дека тие докази јас му ги предадов на поранешниот директор на УБК Верушевски. Инаку, јас и Ѕвонко, заеднички решивме дека токму Верушевски е човекот кому треба да му укажеме за нелегалните активности кои ги забележавме, а одлуката како тоа да стаса до јавноста на безбеден начин и како да се обезбеди судска разрешница, му ја препуштивме нему.
По нашето укажување во МВР, без проверување на вистинитоста на нашите тврдења, јас и Ѕвонко на 8 февруари 2015 година бевме уапсени и бевме одведени во притвор. На 9 февруари 2015 пукнаа првите „бомби“ кои предизвикаа огромно внимание во јавноста, а мислам дека за тоа сериозно придонесе и фактот дека при нашето апсење, јавно беше обелоденето дека нелегалните снимки потекнуваат од системите за снимање во УБК.
Товарот на истрагата беше речиси целосно насочен врз Ѕвонко, бидејќи тој беше актуелен вработен во МВР, а јас 16 месеци пред тоа, дадов оставка под притисок и закани, но тоа беше и тактичка одлука која ја донесовме заедно со Верушевски.
Притисокот врз Ѕвонко, како што подоцна разбрав, бил сериозен, но според сите мои анализи, тој рационално се справи со ситуацијата и бргу донесе една мудра одлука, која подоцна ќе се покаже клучна за расчистување на институционалната криза во Македонија. Тој прифати да биде осуден на 3 години затвор со спогодба која само ја покажа пристрасноста на Обвинителството, беше сериозно нотирана во Извештајот на Прибе и мислам дека беше клучна за засиленото внимание на меѓународната заедница. Со таа спогодба, привремено во јавноста се спинуваше дека случајот е решен, но многу бргу се виде дека тоа бил очајнички обид вината да се префрли на друг. Не знам дали некој ќе ми верува, но во истиот момент кога ја прочитав пресудата на Ѕвонко, знаев дека нема да бидам осуден. Тоа ми даде комоција да ги охрабрам вистинските сторители да помислат дека го избрале вистинскиот пат кон избегнување на одговорноста. И мене ми беше понудена спогодба, јас се согласив да се појавам пред судија и таму демонстративно ја одбив одговорноста, со образложение дека не сакам да прифатам туѓо кривично дело. Тоа задоволство го платив со 10 месеци самица, но верувајте, вредеше!
Инаку, за илустрација дека имаа и други опции, ќе употребам твит од еден истакнат правник: Замислете, по првите „бомби“ да заиграа паметно, да сменеа 5-6 души, отвореа 3-4 истраги, започнеа „реформи”... Уште ќе беа на власт, тешко нас!
Моја идеја-водилка во истражниот затвор беше дека сум невин и дека само прашање на време е кога ќе излезам. Успеав да се изолирам од непријатната средина со многу читање литература и следење вести со транзистор, дневен печат, неделници... Го делев времето од посета до посета на најмилите, најбитно ми беше да ги видам дека се здрави, дека цврсто се држат и веруваат во мене. Заедно ја чувствувавме позитивната енергија која се создаде во јавноста, со ширењето на „Вистината за Македонија“ и покрај медиумската блокада. Во срцето знаев дека наскоро пак ќе бидеме заедно и дека ќе биде се во ред!

Глас на Америка: Што е за Вас патриотизам? Ваша дефиниција за професионалност, посветеност на службата, лојалност?

ЛАЗАРЕВСКИ: Патриотизмот е интимно чувство, исто како љубовта! Треба да покажеш и докажеш дека го имаш, а не да го декларираш постојано и гласно. Мислам дека секој кој вистински ја чувствува љубовта, го чувствува и патриотизмот како една форма на љубов. По таа аналогија, професионалност е љубов кон професијата, посветеноста и лојалноста се љубов кон службата и институцијата на која ѝ припаѓаш.
Во мојата кариера, уште како приправник, презедов обврски да воведувам нови технолошки решенија, неразбирливи за претходната генерација инженери, мои раководители... Потоа, станав предводник на новата генерација инженери и техничари, со кои несебично го споделував знаењето и создавав тимски дух. Секогаш гледав да им овозможам на помладите стручно да напредуваат и ги поштедував од стресни ситуации, преземајќи дел од обврските. Во кариерата напредував без никакви протекции и исклучиво со свој труд и заслуги. Мислам дека придонесов за зголемување на капацитетот на службата и од технички и од функционален аспект.
Од септември 2006, иако деградиран, со голем ентузијазам работев на имплементација на Системот за контрола на патници и возила (СКПВ) на граничните премини. Не сум нескромен кога велам дека тој систем профункционира заради мене, иако немав раководителски ингеренции, ниту стручни соработници. Имам впечаток дека ми беше дадена задача - со цел да не успеам. Бев истовремено растоварач на опремата, распакувач, склопувач, мрежен интегратор, систем инженер, администратор, тренер, одржувач, консултант, контакт со производителот, контролор на квалитет, дизајнер на софтверски решенија, спроведувач на надградби... На сите гранични премини беше оставен мојот телефон, како прва опција при проблеми со системот и добивав јавувања во вистинска смисла на зборот - 24/7. Моја најголема сатисфакција е што по сите адаптации кои ги извршив за функционалноста на системот, особено по отклонувањето на причините за забелешките на инспекциите испратени од Европската унија, системот ги задоволи критериумите - Република Македонија да добие безвизен режим! За тој успех добив и унапредување во главен инженер во март 2012.
Ете, тоа јас го сметам за патриотизам, професионалност, посветеност, лојалност!
Но, премолчувањето на криминал не спаѓа во горенаведеното. Јас сметам дека секој што е сведок на криминал, а од различни причини не укаже или посведочи, е соучесник, подеднакво одговорен како извршителот!

Глас на Америка: „Бомбите“ сè уште немаат разрешница… Груевски е неофицијален лидер на опозицијата, според медиумите, неговиот роднина Мијалков, поранешен прв човек на УБК е сè уште моќна личност во државата, а Вие и по пет години, и понатаму сте без работа...

ЛАЗАРЕВСКИ: Околу разрешницата, не би се согласил со вас во целост! Покренати се многу обвиненија, многу истраги се во тек... Не треба да се брза, побитен е квалитетот на постапката, отколку избрзана пресуда. На крајот на краиштата, секој има право на фер судење, дури и оние кои тоа им го ускратиле на другите.
Јас искрено се надевам дека и актуелната опозиција ќе расчисти со оние луѓе кои ја доведоа во ситуација да ја загубат власта заради нивната неодговорност и криминално однесување.
Ние сите се боревме да нема семоќни личности, кои се над законот и над останатите граѓани. Се надевам дека со нив расчистивме, сега е поважно да не се создадат нови.
Јас сум зачуден што моето враќање во МВР е блокирано, без никакви правни пречки. Сите знаат дека јас поднесов оставка во „МВРО“, а не во МВР. Баш би сакал некој да ми објасни што е проблемот, дали пораката е дека сите што не се спротивставија се добрите, а јас сум го оцрнил образот на службата!

Глас на Америка: На 23 март, Меѓународниот ден на свиркачите, за време на Неделата на слободен говор (19 до 24 март), во Приштина, во Косово, ја примивте Наградата за слобода на говорот од Марк Ворт, координатор и извршен директор на Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа. Што за Вас значи таа награда?

ЛАЗАРЕВСКИ: Многу ми значи наградата затоа што доаѓа од европска организација за заштита на правата на свиркачите, од три причини.
Прво, заради подигање на свеста во македонската јавност дека свиркачите мораат да бидат заштитени и да бидат охрабрени, да не се плашат. Пријавите треба да бидат сериозно процесуирани и потребен е поголем капацитет на државата да се справи со криминалите на кои ќе се укаже.
Второ, чувствувам дека со нашето дејствување, ние навистина придонесовме за поголема слобода на говор во Македонија. Името – „Награда за слобода на говор“ е сосема соодветно на ефектот на ослободување од самоцензурата кај граѓаните, особено на социјалните мрежи.
Трето, Звонко Костовски е најголемиот јунак во оваа македонска приказна, а истовремено и најголема жртва. Тој сè уште има статус на осудувано лице и ја чека правдата која во неговиот случај е бавна. Ми беше голема чест што се согласи да ја примам наградата во негово име. Се надевам дека следната ќе ја примиме заедно!

Глас на Америка



Дали кај Лазаревски и Костов се работи за патриотизам??
Еве дефиниција за патритизмот:


Quote:Патриотизам е поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ од страна на поединци или групи.
Патриотизмот има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена ГРУПА или ПАРТИЈА.

Ако пред 2006 немало неуставно прислушкување или ако Лазаревски и Костов не биле вработени во Петата Управа пред 2006 година тогаш донекаде ке држи карактеризирањето на нивната постапка како патриотизам. Зошто велам донекаде? Велам затоа што материјалите морале да бидат дадени на субјект кој нема да калкури што ке објави. Материјалите се дадени на политичка партија која при одбир на онаа што ке објави и по според некои сериозни индиции и што ке предаде на СЈО, првин ги ставила своите интереси и со тоа го попречила докрај процесот на рачистување со неуставното прислушкување. бидејки со непредавањето на сите материјали Заев ги заштитил луѓето блиски до СДСМ од судски прогон за НЕУСТАВНИ прислушкувања кои ги правеле тие во период 1991-1998 година.
18-04-2018, 11:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,297
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Лазаревски: Ја запревме разулавената машина која патуваше без компас


Горд сум што се создаде критична маса за промени во заробеното општество, вели Ѓорѓи Лазаревски, еден од двајцата „свиркачи“, кои ги обезбедија доказите за масовното незаконско прислушување во Македонија.

[Image: 43465410_303.jpg]

20.04.2018  Катерина Блажевска
Ќе беа ли можни промени и реформи во Македонија, ако не беше откриен најголемиот скандал од независноста на земјата, со кој најдиректно се демаскираше и соголи начинот на кој една недемократска врхушка владееше 11 години? Одговорот го знае демократската јавност, онаа која со денови протестираше откако ја слушна содржината на „бомбите“. Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, деновиве повторно ги врати во фокусот лицата кои обезбедија докази за масовното незаконско прислушување и без кои не ќе беше можен почетокот на крајот на таквото владеење. Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, некогаш вработени во МВР, денес се сметаат за многу повеќе од „свиркачи“ - херои на битката против узурпираните и заробени институции. На 8 февруари 2015 година двајцата беа уапсени и притворени со обвинението од „Пуч“. Во тој период Лазаревски веќе 16 месеци е надвор од МВР, откако под притисок на закани си дал оставка, но Костовски сѐ уште работи таму и врз него паѓа поголемиот товар на обвиненијата. Еден ден по нивното притворање, опозицискиот СДСМ ги објави првите „бомби“. Оттогаш до денес Македонија помина три бурни политички години на патот од „заробена држава“ до земја со реална европска перспектива.
Лазаревски денес со задоволство ги споделува впечатоците од ваквиот извонреден пресврт.
„Оценките во Извештајот на Европската Комисија се голем ден за секој што искрено ја сака Македонија, бидејќи Европската Унија нѐ извести дека конечно се вративме во шините на вистинскиот колосек, од којшто бевме испаднати“, ги споделува Лазаревски првите впечатоци по надежта што ја отворија оценките од Брисел.
„Важно е дека најтешкото помина. Сега перспективите за земјата и за граѓаните постојат и да се надеваме дека вакви хаварии никогаш веќе нема да се случат. За жал траеше предолго, отидовме предалеку, а штетите кои со години ќе ги трпиме никој не може да ги процени“, вели тој.

[Image: 43465428_404.jpg]
Лазаревски: Најтешкото помина

Тешки години и тешки одлуки
Во разговорот се враќаме на почетоците, во времето кога малкумина знаеле што се случува зад блиндираните врати во УБК. Тоа е период во кој државата тргнува во најлош можен правец, а за Лазаревски почнуваат најтешките лични и професионални моменти и предизвици.  
„Имаше многу тешки моменти, но никогаш не почуствував дека сум во безизлезна ситуација. Најтешко беше кога не знаев каква одлука да донесам, па одолговлекував или се колебав. Колку и да си сигурен дека тоа што го правиш е исправно, не можеш да избегаш од логичниот заклучок дека единствено нешто што сигурно те очекува е неизвесност! Секоја одлука која ја носев имаше импликации кон туѓи судбини. Од друга страна, индивидуалната судбина не смее да има предност пред колективната. За среќа, ниедно индивидуално страдање не достигна фатални размери. Засекогаш ќе останат последици, но колективните придобивки се непроценливи. Можам да констатирам дека иако донесов многу одлуки за кои не бев сигурен, крајниот исход е извонреден и не би сменил ниту една од одлуките. По 'црниот понеделник', 24-ти декември 2012 година, многу тешка беше целата 2013 година. Разумот бараше да се откажеме, а срцето бараше да продолжиме. Токму 2013 година ги донесе најважните бомби“, се потсетува Лазаревски.
[Image: 18306827_404.jpg]
СДСМ ги објави првите „бомби“ еден ден по притворањето на Лазаревски и Костовски
Вели дека се гордее со тоа што го направиле заедно со Костовски, но и дека не може да побегне од фактот дека судбините на нивните семејства биле ставени на ризик - и во критичниот период на обезбедување докази, и подоцна - по притворањето. 
„Знам дека немав право на тоа. Навистина не знам дали би можел да продолжам да живеам ако некому нешто се случеше. Најмногу ми е жал што ги изложив на чуство дека никогаш нема да се вратам. Во тоа време, под такво обвинување, од таква власт, под таква пропаганда, моето притворање подразбираше и осудување на долгогодишна затворска казна. Да не зборуваме за стравот дека луѓе можат да се удават во кофа вода или да им се случи некоја бизарна несреќа. И медиумската хајка на режимските гласила си одигра своја улога. Семејствата се распаѓаат во такви услови. За среќа моето остана цврсто, но не без лузни“, вели Лазаревски.



http://p.dw.com/p/2v6qK
СЈО преслушува 606.555 аудио фајлови

Една битка е извојувана
По таа голгота, среќен е што Македонија од заробена држава денес чекори кон светли перспективи.
 „Се надевам дека со моите постапки помогнав да се запре разулавената машина која патуваше без компас. Горд сум што учествував во еден процес кој доведе до будење на заспаната граѓанска свест и што се создаде критична маса за верижна реакција која ослободи доволно енергија да се направат позитивни промени во заробеното општество. Прочитав дека претседателот на Франција изјавил дека, по сѐ изгледа, постои европска граѓанска војна меѓу либералната демократија и растечкиот авторитаризам! Ние штотуку извојувавме една битка против авторитаризмот, но не сум сигурен дека го победивме. Исто така не сум сигурен дека сме либерална демократија. Важно е дека во нашето општество граѓаните докажаа дека знаат да расудуваат, знаат да препознаат девијантни појави. Подигнат е прагот за аларм и за бурни реакции кон недолично однесување на поединец или институција“, констатира Лазаревски.

[Image: 19209314_401.jpg]
Архивска фотографија (Протести против владата на Груевски, 23.04.2016)

Имајќи го предвид искуството од минатата деценија и созреаната граѓанска свест, Ѓорѓи потенцира дека никој веќе не смее да ги изневери граѓаните.
„Очекувањата на јавноста се големи, притисокот за резултати е огромен! Јас само се надевам дека нема да се повторат грешките од минатото, да се испорачуваат потемкинови села, неуспесите да се слават како успеси, да се создава лажен впечаток дека нешто се работи, да се замижува пред корупција, да се толерира непотизам, да се создава лажна слика преку пропаганда. Оваа заробена држава ја ослободија граѓаните откако ја дознаа 'Вистината за Македонија'. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината независно колку тешко таа може да ги погоди. Но, не смееме веќе да живееме во имагинарниот свет на Баронот Минхаузен“, вели тој.
Повеќе:
Жолтото комбе го доведе Мијалков на суд
„Бомбите“ на Заев сѐ уште без правна завршница

Магистерскиот труд - автобиографски
Во последниов период Лазаревски е посветен на работа врз својот магистерски труд. Насловот открива дека е посветен на тема што добро ја познава.
„Малку е смешно што на 55 години пишувам магистерски труд, но одбрав тема која беше составен дел од мојот живот и имам желба да го завршам. Работен наслов е 'Следењето на комуникациите во Република Македонија'. Ги проучувам последиците од тоа што во првиот Устав на РМ не беше предвидена можност да се следат комуникаците. Потоа давам свои идеи како во практика од технички аспект треба да се спроведе новиот закон за следење комуникации, со акцент на форензичка контрола. Ако го завршам, ова ќе биде магистерски труд кој може да се нарече и автобиографски“, објаснува Лазаревски.
И додека тој е релативно присутен во јавноста со изјави или интервјуа, тоа не е случај и со Звонко Костовски. Ѓорѓи дава објаснување зошто е тоа така.
„Звонко Костовски реши да не се појавува во јавноста сѐ додека има статус на осудено лице. За среќа нема здравствени проблеми и има безрезервна поддршка од семејството. Ако ова општество треба да има благодарност кон некого, тоа е токму Звонко. Не е далеку моментот кога конечно ќе ги добие признанијата кои ги заслужува!“, дециден е неговиот колега и пријател.

[Image: 18215612_401.jpg]
Работен наслов на магистерскиот труд на Лазаревски - „Следењето на комуникациите во Република Македонија“

Двајцата неодамна беа добитници на „Награда за слобода на говорот“ што ја доделува Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа и Европскиот центар за заштита на правата на свиркачите, која им беше доделена во Приштина, но Костовски не присуствуваше на врачувањето. Изминативе денови од повеќе страни биле мотивирани да конкурираат за наградата на Европскиот Парламент што годинава е посветена на новинарката Дафне Каруана Галиција од Малта, која минатата година беше убиена во експлозија во нејзиниот автомобил. Наградата е наменета за новинари или свиркачи кои биле заплашувани и судени.
„Мислам дека Звонко и јас ги задоволуваме условите да бидеме номинирани, особено како добитници на наградата за слобода на говор. Се надевам дека некое новинарско здружение или невладина организација ќе нѐ номинира. Тоа би било големо признание за нас и афирмација на Република Македонија“, порачува Лазаревски.

ДВ
(This post was last modified: 20-04-2018, 01:35 PM by ЈорданПетровски.)
20-04-2018, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,297
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



23-06-2018, 03:04 AM
Reply