Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАЛЕВСКИ ВС ГЕРОСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Бранко Героски

Освен што компањонот на Палчо ми испраќа заканувачки пораки, пусти Палчо измислува дека сум му издавал стан на Родиќ на улица Никола Тримпаре. Колосална лага и глупост. Не му издавам никаков стан на Родиќ. А на Тримпаре воопшто немам стан. За се што пишува, вака ли лаже кутар Палчо?

Branko Geroski Другарчето на Сашо М.

[Image: 20992963_1378681072253584_55129639562440...e=5A5DAF9D]




Quote:МОЧКО ПО КАРАКТЕР , А ГЕРИЈАТРИЈА ПО ГОДОНИ

Бранко Геровски гледам пак се закачка, па ај да му одговорам: Геро, прво се курчеше дека вака било така било, притвор митвор, а видиш претставката за судијката Крстиќ, на Ратка Тетратка Камчева што потпишала налог понеделнички иде у судски совет.
Тоа е као за почеток, тужбата севте на новинар од мене и Александар Верушевски, а ти го пишеш компањонот, исто така ќе си ја имаш, неделава следна. Ова е конкретно, а не компилации, како твоите. Вчера, токму вчера , во Среда среќно да биде, ПОТПИША ДОГОВОР ЗА КОНСУЛТАНТ НА МРТВ И МИА, за да лапаш буџетски кеш во износ 1.500 евра месечно. На едната страна е потпишан Драган Антоновски, а на другата, пружач на услугите си ти бе Геро полицајче вечно.
Од Заев колку примаш у кеш не е битно за непроверени информации како тебе јас не лупам. Еве ти го износот, еве ти го буџетскиот орган, богами и датумот ти го пишав, СРЕДА , СРЕЌНО ГЕРО, со среќа да си ги трошиш од МИА кешот. Инаку БЦ инсистирал, а Зајко извршил веднаш.
Твојот пример е доказ за независно новинарство кое никогаш ниту било ниту ќе биде во твојот случај.
До сега никој не ти се посветил, а богами сега ќе ти биде посветено и простор и време, ама за разлика од тебе, со документи бе геро, за Хипо за Родиќ. Јас вчера шерував туѓа објава бе мочко, по карактер, а геријатрија по години. Твојата говорна мана не е битна, не треба да се екплатира, неееее ќе те покажеме, за приходи, не УЈП , ја бе Геро, од секоја општина колку кркаш, за ХИПО бе Геро за ХИПО има цел серијал дупљак полициски. Лангзам, бе Герице, не сум ти ја Миленко свињана, ќе си кркаш голема количина вистина за тебе. ЕДНО ОГЛЕДАЛЦЕ бе Геро, за да си викаш, кој е најзгоден на светот бе Геро. Овој пат Герице, слушајѓи го БЦ, оној што со Мијалков састанчи кај тебе у викендица во Матка, баш тој Герице, те насанка.

ПС: Ѓунер е по искусен, слободно, прашај.
24-08-2017, 11:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Герица ПЉУКАНИЦА и БЦ


Еве едно писмо од Герица пљуканица пишано лично и лигаво.

Здраво Бранко,
Претпоставувам дека си презафатен, па немаш време за средби, а ионака скоро се видовме. Но, има една важна новина кај мене, па затоа решив да ти пишам писмо.
Но, пред тоа, да изразам задоволство што изборите поминаа главно според очекувањата и оптимистичките претпоставки од нашиот последен разговор. Како што веројатно знаеш, јас резултатот од првиот круг веќе го оценив како определување на поголемиот дел од гласачкото тело за проевропските политики, наспроти изолационизмот на Груевски-Иванов. Подетална анализа ќе објавам во мојата колумна в сабота.
А сега, да преминам на главното. Решив да покренам политички магазин, неделник, пандан на „Фокус“ (тој обем, таа големина и квалитет на печатот, иста цена од 50 денари, тираж од 5.000 примероци за почеток). Основам фирма во која ќе бидам стопроцентен сопственик (размислувам подоцна 50 отсто да распределам на тројца мои помлади колеги, кои ќе ризикуваат и ќе дојдат со мене). Мој деловен простор, моја опрема.
Велија го поддржува проектот (веќе се фали на сите страни), нуди евтин печат и бесплатно рекламирање на А1 и во неговите весници, со голема помпа. За возврат очекува профитот да го делиме „братски“ – ако воопшто има профит, барем на почетокот. Како и да е, не бара ни формален ни неформален удел во фирмата, што за мене е поволно.
Патем речено, останувам присутен со моите остри коментарчиња на насловната на „Шпиц“ и по покренувањето на неделникот, сѐ додека мислам дека тоа има смисла и е потребно.
И ете, се заколнала свињата да не јаде... Решив да рескирам и да влетам во проектот. И двајцата знаеме како е со Велија, хировит е, можни се нагли промени, трае дур трае. Неодамна тој нѐ собра сите уредници на еден ручек со Фуере, со Валеро и со Ивица Боцевски и свечено објави пресврт во својата политика – од сега е за компромис за името, за ЕУ и НАТО, за Запад... Дури и јавно, пред сите, се извини што ме сменил. Го зел покрај себе и Димитров, ќе составува преговарачки тим. Хе-хе-хе... Двоцевски истрча од ручекот, како попарен, да јави кај шефот што се случува. Се пали детето, не му го знае тертипот на Велија. Како и да е, изгледа дека мојов проект совршено му одговара за новата приказна.
Нема потреба да ти кажувам како го замислувам неделникот. Како моето пишување. Ќе боде, ќе жари и пали... Сите новинари што ги капарисав се од една генерација, од МИМ, мои студенти, пелцувани (само оној Антевски ни е ептен левак, сака да ни направи комунизам, ама ќе го трпиме). Сега сум во потрага по колумнистички манги, познати имиња кои ќе му прават имиџ на весникот.
Првиот број ќе излезе на 1 Мај. Официјалната промоција ќе биде на првомајскиот протест, меѓу протестантите – ќе делиме сендвичи и сокчиња, а промоторите ќе говорат на мегафони.
Те молам за помош, колку што можеш. Еве што конкретно очекувам од тебе:
1. Размисли околу идејата да ми гостуваш со една анализа-есеј во три-четири продолженија. Мислам дека ќе легне добро, поврзано со твоето враќање во СДСМ (ако може Љубчо да пишуе, можеш и ти). Ако не ти фаќа око, очекувам барем мега-интервју за првиот број.
2. Размисли на кои од големите имиња во партијата на кои сметаш за во иднина, или на некои други блиски интелектуалци, би можел да „пукам“ за колумнисти. Би сакал во таа смисла една насока од тебе.
3. Ќе ми треба малку помош и да обезбедам реклами од некои луѓе (фирми) кај кои ти врви зборот. Ако не ти е тешко, би сакал да им кажеш некој убав збор за мене.
Е тоа... Се надевам дека ќе направам добар неделник, полн со енергија. Јас сум малку стар за вакви почетоци, ама уште не сум за фрлање, а мислам дека имам многу солидна и мотивирана млада екипа. Новиот производ ќе биде придонес кон развојот на критичкото мислење во јавноста, што ќе биде особено важно во периодот пред нас.
ПС. Мојата спремност и желба за соработка на оној план за кој зборувавме на нашата последна средба, се разбира, останува. И се зајакнува, де...


Quote:Палчо, џабе се закануваш. И глумиш лудило...

Слободно тужете ме ти и Александар Верушевски. Но прво, за да не си ги арчите парите, нека ти објасни адвокатот нешто околу активна и пасивна легитимација.
Второ, тврдиш дека во средбата сум потпишал некаков договор да бидам консултант на МРТВ и МИА за 1.500 евра месечно. Ако имап муда, покажи го договорот. Таковнема, но ти велиш дека има. Покажи го.
Покажи ги сите документи за мене, за Хипо и за Родиќ. Такви документи нема. Ама ти покаќи ги. Само не се заебуј како со лагата дека сум му издавал на Родиќ непостоечки стан на улица Никола Тримпаре. Веднаш те фаќам во лага.
Покажи колку тоа пари „кркам“ од општините. Бап да видиме!
Мијалков со некого состанчел кај мене на Матка? Па зар и таква глупост си смислил? Ај замоли го Мијалков да потврди, Може и ќе бидне.
Палчо Минхаузен, за навредите, не се секирај, нема да те тужам. Жал ми е. Сега си имап поголема мака.
ПС. Ти благодарам што го објави она мое писмо до Црвенковски, Си сторил кривично дело (некако си ми ја следел електронската комуникација), но тоа писмо навистина е автентично. Тоа покажува од кога и како се бориме за промена на режимот на Грујо и на другар ти Сашо. Така, пишува во посмото - нема кешови, нема договори, зборуваме за колумнисти, за млади новинари, за критичко мислење... Фала ти за тоа.
ППС. Не се лепи на Ѓунер. Прочитан си од сите. Гледај си ги маките.
24-08-2017, 11:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Почитувани ФБ пријатели и непријатели,

Простете што ви се обраќам заеднички, но читам дека и едните и другите интензивно ја коментирате мојата одлука утре во 12 часот да се појавам пред „Манда“, каде што лицето Љупчо Палевски ме повика на физичка пресметка. Тоа што тој тоа го нарекува „провокација“ од моја страна и слично, тоа може на други прикаски да раскажува, евентуално утре на суд, ако работата дојде до таму - еве, на фотографијата што ја постирам, можете и самите да видите дека станува збор за класична закана од негова страна (шамар, селфи).
Го ценам тоа што повеќето од вас ме одвраќаат од мојата намера да се појавам на закажаниот „дуел“ (како и да го замислил Палевски), но јас нема да ја сменам својата одлука и сакам пријателски и човечки да ви објаснам зошто.
Пред се, како што веројатно знаете, јас имав жестока кавга на Фејсбук со од неодамна поранешниот државен службеник Тодор Пендаров, од една едноставна причина – во еден свој пост на Фејсбук, меѓу другите лаги, клевети и безобразлуци изречени за мене (кои емотивно не ме допираат), Пендаров го наклевети „семејството Героски“ за вмешаноост во аферата „Фабрика“. Сите знаете дека тоа е една од ретките документирани и расчистени афери од времето на Бучковски (се водеа дури и судски процеси) и никаде не се спомна ниту еден член на „семејството Героски“. Зошто? Затоа што „семејството Героски“ нема никаква врска со оваа афера или со било која друга. 
За мене семејството е една од поважните работи во животот, па затоа водев кавга со Пендаров на ниво кое тој единствено го разбира и му навестив дека за таа клевета посебно ќе се расправаме. Но, ниту во таа кавга, ниту во било која претходна, јас го немам спомнато Палевски. Обратно, тој мене ме спомнува и ме навредува речиси секој ден на неговиот ФБ профил, а изврши и едно кривично дело против мене, за што е уредно пријавен таму каде што треба. 
Според тоа, да нема дилеми – јас Палевски не го предизвикувам! Јас само одгварам на предизвикот. Некој, пак, со право, ќе праша – а зошто морам да одговорам на предизвикот? Еве, ќе објаснам зошто. 
Можеби Палевски, Пендаров и нивното друштво од „Манда“ првично имале намера да ме викнат на „дебата“ (така барем навести Пендаров, за кого навредување, клеветење и плукање е „дебата“), но јас им одговорив дека немам намера со такви луѓе (багра) да седнувам на маса за да „дебатирам“. Дека сум бил во право, покажа директната закана од Палевски, која, повторно ве потсетувам, ја имате приложено во фотографија (можеби уште стои и на неговиот ФБ профил, не знам, оти има и навика да брише). 
Сакам да знаете дека јас таа закана уредно ја пријавив. По Вајбер ја пријавив кај министерот за внатрешни работи (кој ми возврати дека ќе се преземат мерки), а по мејл ја пријавив во една друга институција со која Палевски си има проблем, бидејќи во таа институција ми беше сугерирано да пријавам било каква закана од спомнатиот. Од таму не добив одговор.
Напротив, Палевски, повторно јавно, на својот профил, ми закажа место и време за соочување, ако така може да се каже – значи, понеделник, 12 часот, „Манда“ (јас инсиситирам на тоа „пред Манда“, бидејќи на сопственикот Маниќ му ветив дека нема да влегувам внатре и да правиме непотребен метеж, ако веќе тоа го испланирал Палевски).
Од новата порака на Палевски сфатив дека никој ништо не презел, бидејќи или не сакал, или не можел, или е неспособен да преземе било што за да ме заштити од вакви директни и документирани закани. Или, можеби, нешто сепак е преземено, а Палевски мисли и сака да докаже дека е посилен од законот. Не знам што се случило. Не сум известен. Сега е небитно. Сега морам да сторам две работи.
Прво, бидејќи не сум гомно и бидејќи за мене зборот навистина си е збор (барем се трудам да биде така, иако можеби некогаш и не сум најдоследен), на предизвикот морам да одговорам. (Еднаш, во минатото, на ист начин Миленко ме викна на тепачка во Буњаковец. Бев во Буњаковец, а тој не дојде. Можеби бил зафатен.) Значи, немам намера да си ја подвиткам опашката и да се кријам. Не од вакви лиглиња. Не, драги мои, доаѓам пред Манда – и тоа сам, повторувам сам и пак молам никој да не се обидува да ме брани! - па што сака нека биде! 
И второ, бидејќи јас не му се заканив на Палевски, туку тој ми се закани мене, јас ќе бидам коректен и нема да го нападнам прв, а ќе се бранам колку што знам и умеам. Исходот апсолутно не ми е важен!
Единствено што можам да сторам во оваа прилика е да го ослободам од обврската Тодор Пендаров да доаѓа и да се расправа, бидејќи каков што го знам по природа, тој само многу ќе вреви како кутре и ќе ни ја наруши естетиката на моментот. Значи, Тошо да се стрпи, со него ќе ги расправиме работите во друга прилика (може во вторник, на пример, ако ми тргне).
Е, тоа е тоа. Ги ценам сите ваши пријателски совети. Ги читам сите ваши морални придики. Не се лутам никому. Дури и на тие што се потсмеваат. Кој не го знае Палевски и со какво друштво се дружи, нему сево ова може да му изгледа смешно и забавно. Јас знам со кого (со кои!) си имам работа. Непријатно е, ризично е дури, но не им се плашам. 
Значи, утре (понеделник), во 12 часот, ќе бидам пред „Манда“! Ќе почекам кратко Палевски да си го испие кафети и да излезе надвор, да покаже што наумил и што може.
ПС. Не сум се тепал од шесто одделение, ама ќе се снајдам некако...[Image: 1f600.png]

[Image: 21543902_1400995106688847_54877579371032...e=5A5BF57F]



Бранко Героски фб статус
(This post was last modified: 17-09-2017, 05:37 PM by ЈорданПетровски.)
17-09-2017, 05:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

После ваков „шамар“ Героски треба да се самозапали.  Героски очекуваше да добие шамар и да стане херој ама Палевски  го понижи до даска.

[Image: 21463324_1955107168077565_81368956886764...96x764.jpg]


[Image: 21765286_1615313401866900_12828128904887...e=5A1261CA]
(This post was last modified: 18-09-2017, 11:55 AM by ЈорданПетровски.)
18-09-2017, 11:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Во кое својствое Владе  Милчин, дали е секундант на Героски или пак  е тука да види како ке помине неговата инвестиција во двобојот?


[Image: geroski-boja1-1170x1313.jpg]
18-09-2017, 12:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: 21616081_1619791348042016_34085226259895...e=5A4A3DD3]
18-09-2017, 12:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: 21617472_1929945983939674_21888729164307...e=5A4C0931]
18-09-2017, 12:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8










(This post was last modified: 18-09-2017, 01:02 PM by ЈорданПетровски.)
18-09-2017, 12:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9



18-09-2017, 09:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:ПАЛЕВСКИ Е КУКАВИЦА, А ДРУШТВОТО ВО „МАНДА“ СЕПАК Е БАГРА!

Мојот „дуел“ со лицето Љупчо Палевски пред локалот „Манда“ помина така како што предвидов и како што бев предупреден од некои мои пријатели - со кукавички напад од непрокопсаникот (ме поли со „боите на Шарената револуција“), со поддршка од воодушевената багра во спомнатиот локал, на чело со сопственикот Маниќ, кој, пак, одигра една мала, божем позитивна, епизодна ролја во претставата. Значи, ништо од најавениот „шамар со селфи“, ништо од што морав да се бранам. По нападот, неколку пати го повикав кукавицата Палевски да дојде и да ја реализира својата закана, чекав цели 15 минути, но тој, се разбира, не собра сили за такво нешто.
Спротивно на шпекулациите раширени на социјалните мрежи дека јас се обидувам да го „наместам“ Палевски, бев целосно свесен дека тој и неговата багра од „Манда“, веројатно во содејство и со други луѓе од полицијата (еден ми напиша порака и ми навести дека ќе се легитимира пред мене), спремиле сценарио и се очекуваше само да кренам рака или да направам било каков потег во самоодбрана, што ќе беше протолкуван како напад од моја страна. Затоа одлучив мирно да го издржам „перформансот“ со боите.
Претходно, се разбира, ги замолив сите пријатели кои ми понудија поддршка, на ниту еден начин да не се вмешуваат, дури и ако бидам физички нападнат. Навистина најискрено и безгранично им благодарам што ме послушаа, иако знам дека им беше непријатно молкум да го гледаат нападот. Нивното нереагирање го ценам како исклучителен пријателски и другарски гест. Неочекуван дури! Вклучувајќи го тука и нереагирањето на „алфите“, за кои некаде прочитав дека биле присутни на местото на настанот.
Било која друга реакција, верувајте, ќе беше протолкувана како напад од моја страна, гарнирана со лажни тврдења дека сум организирал група за поддршка, дека сум повикал „алфи“ и полицајци и слично. Ете, се виде кој бил кукавица, се виде кој беше опкружен со цела тајфа поддржувачи (меѓу кои не само јадниот Тошке Пендаров, туку и некои други новинарски фаци кои добро ќе ги запаметам!), се виде кој се обиде да испровоцира напад и кој подготвил сценарио што требаше да заврши со моја нервозна реакција и со веројатно приведување.
Но ете, тоа не се случи. Цената за тоа ја платив стоички, спремен тоа да биде протолкувано како врвно понижување.

Сакам да ви кажам дека не се чувствувам посрамен или понижен што бев полиен со боите на Шарената револуција. Малку бил незгоден изборот на боите, што во моментов ми создава мали здравствени проблеми, реакции на кожата и слично, но тоа е нешто што ќе помине. Јас знам дека Шарената револуција денеска е мртва и главно преточена во бирократскиот апарат во шампитата на Илинденска бб, но во мене се уште се живи сеќавањата на маршевите на кои и јас учествував, иако, да бидам искрен, никогаш не фрлав бои, ниту носев некакви посебни симболи. Не сакав до толку да се препорачувам себеси за идната поделба на придобивките на револуцијата, која, нели, по правило, ги јаде своите деца.
Морам да бидам искрен и да признаам дека и Љупчо Палевски успеа во својата намера да покаже и да докаже дека е човек над законот. Зошто е тоа така веројатно знаат само врвните луѓе во Владата. Тој успеа да покаже дека му е дозволено неказнето јавно да објавува материјали од пресретната туѓа електронска комуникација (конкретно, моја), дека му е дозволено неказнето јавно да се заканува со конкретни зборови кои навестуваат физички напад и конечно, дека му е дозволено неказнето да организира и да изведе напад, без никој да го предупреди, да го запре или да интервенира на било кој начин. За тоа, еве, јавно му честитам! 
Браво Палчо, ти си закон во оваа држава – тоа Заев, тоа Оливер, тоа шарените револуционери на вакви или онакви позиции, тие за тебе се мачкина кашлица! Ти ги држиш во шака, кој знае како и кој знае со што.

Исто така, сакам да нагласам дека поради присуството на толку очевидици, камери и сеирџии, при јасна слика што и како се случи, немам намера нападот од Палевски да го пријавувам во полиција или на било кој друг начин. Јас сум горд што нападот од овој бандит го издржав спокојно и храбро, а од органи на редот не очекувам ништо. Полицијата не сакаше да ме заштити ни кога бев напаѓан и под закани во Грујово време, а очигледно не чувствува потреба тоа да го стори и сега, при така експлицитна претходна закана, при конкретна најава на местото и времето во кое ќе биде извршен нападот и дури и за време на извршувањето на нападот. Според тоа, нема со кого ни за што да разговарам.
Конечно, свесен сум за фактот дека секој од вас, почитувани читатели, настанот ќе го толкува на свој начин, секој според својата определба, секој според тоа на која багра и припаѓа, секој според своите сфаќања за тоа како треба да изгледа едно нормално, цивилизирано општество. Само најверните пријатели кои ме осудуваат што прифатив да дојдам пред „Манда“ и да се соочам со бандитот Палевски и со неговата братија (иако заеднички бевме свесни дека се подготвува сценарио за моја компромитација), ги молам да ми простат што не ги послушав и уште ги молам да ми простат што пак нема да ги послушам, ако повторно бидам викнат на ваков или некаков поинаков „дуел“ со бандитине од „Манда“. Да, пак ќе отидам!
Простете, драги пријатели, но тоа е посилно од мене – јас не сум кукавица како Палевски и неговите другарчиња, ниту сум недоветен сеирџија какви што видов денеска во „Манда“. Не, не сум никаков „фраер“, ниту претерано храбар. Далеку од тоа. Едноставно, јас сум човек, а не гомно. А човек, според моите сфаќања, мора да биде спремен да прими удар. Дури и кога е најавен. Дури и кога е послаб. Да прими удар и при тоа да не му заигра ниту еден нерв на лицето. По цена...ма кој го ебе, по било која цена!

фејсбук статус на Героски
(This post was last modified: 19-09-2017, 12:42 AM by ЈорданПетровски.)
19-09-2017, 12:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Сакам да знаете дека во Македонија сега е слобода!! После долги години е слобода, ја враѓаме демократијата ги враѓаме институциите повтрно да им служат на граѓаните. Секако за одредени ефекти е потребно време, но кои и да прашате во Македонија повеке нема притисок, повеке нема закани. Денеска има отчетност и одговорност од секој, може да се постсви секакво незгодно прашање, може да видите се што се случува, па дури и на Героски како му се истурааат боја врз главата. Тоа беше денеска актуелно во Македонија! Но сето тоа е СЛОБОДАТА!!








[/url]




Quote:Branko Geroski

ЗНАЕШ ШТО Е СЛОБОДА, ДРУЖЕ ЗАЕВ? СЛОБОДА Е ЈАВНО ДА МИ СЕ ИЗВИНИШ ПОРАДИ ОВАА НЕДОВЕТНА ИЗЈАВА! СЛОБОДА Е ДА ГИ ЦЕНИШ СЛОБОДОУМНИТЕ ЛУЃЕ, А НЕ БАНДИТИТЕ! БЛАГОДАРАМ!
Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Според него, нападот на Љупчо Палевски врз мене бил доказ за „слобода“. И тоа „слобода“ со која премиерот се фали пред нашите сонародници во Америка и поради која, меѓу другото, тие треба да бидат мотивирани да инвестираат во Македонија. Замислете!
Уште колку чаши или канти боја, друже Заев, кадарот на СДСМ, Палевски, треба да истури врз мојата глава, за Македонија да стане уште „послободна“? Кажи друже, јас ионака сум мазохист, како што вели Ордановски, па можеби ќе се жртвувам во името на привлекувањето странски инвестиции. Од кои Палевски, претпоставувам, како „слободоумен“ молер или „поттурач со боја“, ќе добива соодветни провизии. Нешто како економски промотор...
Каква е оваа изјава, друже Заев? Очигледно добро те расположил перформансот на Палевски. Можеби и затоа, по уредно пријавената закана од Палевски кон мене (да, да, кај твојот мимнистер Оливер Спасовски), ништо не е преземено. Можеби идејата била со овој перформанс да се покаже колку Македонија е „слободна“ земја.
Е мој друже Заев... Те гледам искезен кога го спомнуваш Героски. Веројатно со нешто го заслужив твојот потсмев. Само, да ти биде јасно како бел ден - во вистински слободна земја, после ваква недоветна изјава, премиерот јавно му се извинува на новинарот, кој е жртва на напад од една од најопскурните личности на денешната јавна сцена во Македонија.
Толку од мене. Пријатен престој во туѓина и уште многу попатни насмевки.








Quote:Зоран Заев
Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода.
Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата песија - новинар.
Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат.
За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија.







[url=https://www.facebook.com/branko.geroski?fref=ufi]
Quote:Branko Geroski

Ти благодарам, друже Заев. Оваа Ваша изјава ја разбирам како исправка на Вашата претходна изјава. Човечки е да се згреши или погрешно да се контекстуира, но доблесно е да се исправки греката и јасно и гласно да се каже како стојат работите. Упте еднаш, Ви благодарам. По Вашето враќање во земјата, ќе си земам слобода писмено да те известам и за некои други, чудни околности за настанот. Пријатен престој и успешна работа.
(This post was last modified: 20-09-2017, 11:04 PM by ЈорданПетровски.)
19-09-2017, 11:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

[Image: 21559095_1441996865835474_19927226362737...e=5A4EC483]
20-09-2017, 10:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Министре Оливер Спасовски.

Лицето Љупчо Палевски, кое пред два дена изврши напад врз мене со истурање на боја и кое продолжува со јавни закани на неговиот ФБ профил, меѓу другото, тврди дека боите кои ги истури врз мене биле еколошки и се миеле со вода. Во врска со тоа и во врска со настанот, сакам јавно да ви поставам неколку прашања:
1. Дали сакате МВР да провери (да вештачи) за какви бои станува збор? Јас тврдам дека Палевски безочно лаже и дека бојата беше мрсна и дека можеше да се симне само со разредувач. Мојата обоена кошула се уште ја чувам и ви ја ставам на располагање да ја утврдите вистината.
2. Дали откако лично ви ја пријавив првата експлицитна закана од Љупчо Палевски (шлаканица и селфи, ако се сеќавате) презедовте било какви мерки за предупредување на заканувачот? Како што ми ветивте...
Дали заканите и нападот од Палевски има врска со моето сведочење во СЈО во врска со неговиот случај? Ако има, а јас се сомневам дека има, дали е дозволено сведоците на СЈО да бидат под закани и напаѓани од страна на лицата кон кои се води предистражна постапка? Дали треба да очекувам нови напади од Палевски така како што ќе напредува истрагата? Сведоците никој не ги заштитува?
4. Зошто полицијата пред од страна на Палевски закажаната пресметка пред „Манда“ не изврши информативен разговор со него и со мене? Не е ли тоа нормална пракса во работата на полицијата?
5. Зошто на местото на настанот, на кој присуствуваа дваесеттина фоторепортери, камермани и новинари и многу поддржувачи и сеирџии, полицијата не испрати барем двајца-тројца униформирани полицајци? Јас навистина експлицитно барав никој да не ми помага (како што и не ми помагаше), но не е ли тоа нормална процедура да се обезбеди ваков настан од ризик? Што ако дојдеше до пресметка и ако беа повредени и трети лица?
6. Постоела ли намера на лица од СВР Скопје или од полициската станица „Беко“ да бидам приведен ако случајно кренам рака, макар и во самооодбрана? Дали сте расположен да ја испитате таа шпекулација и да ми поставите прашања во врска со тоа?
7. Дали познати личности, кои во „Манда“ заедно со Палевски и другите негови поддржувачи го планирале сценариото, имале врска и контакти со раководни лица во СВР Скопје или во полициската станица „Беко“?
8. Конечно, четврти ден по настанот ниту еден припадник на МВР ми се нема обратено да ме праша што се случило и како се случило. Дали е тоа нормално?
Прашањата Ви ги поставив јавно, одговорот го очекувам исто така јавно. Однапред благодарен,
Бранко Героски



Quote: СВЕТАТА КРАВА ГЕРОВСКИ

Еве како оваа кратура (според карактерот) се обидува во настаните од понеделникот да го вовлече и Министерот за Внатрешни работи господин Оливер Спасовски. Во суштина на овој начин мислам свесно го компромитира господинот Спасовки. Имено пред настанот во понеделникот пред кафичот Манда тој по вибер на министерот му пријавил закана и демек господин Спасовски од функција министер му ветил некакви мерки против заканувачот Палевски.?? Е па овој наш фолклорен Ганди сега сака да биде и „света крава“ и оп ете заканите, скокајки ги процедурите, при такво нешто (полициска станица) ама нашава „света крава“ со обични „цајкани“ не разговара туку само со министер. Тоа што се обидувал да го изманипулира министерот и да му каже дека пред да ја добие „заканата од Палевски“ овде на фејсбук се фалеше дека на баграта во Манда ке им го расплаче мамето мамино, а мене пред целата „багра ќе ме макља. И уште на два пати ме предупреди да го донесам бриферот Палевски (патем тие закани на мојот профил сеуште стојат. Е па јас ниту пријавив во полиција дека оваа креатура од човек ќе ме макља ниту пак му се јавив на Министерот да барам помош. Овој првоборец за слобода, за правна држава за функционални и професионални институции сега ни помалку ни повеќе бара заштита , интервенции од министер. Само добро погледајте како оваа креатура (карактерна) се обидува да манипулира, демек прашува дали „познати“ личности кои доаѓаат во Манда не вмешале прсти во врвот на СВР Скопје и полициската станица Беко и затоа полицијата не реагирале ниту за време на настанот ниту ете 4 дена по настанот. Дури оди дотаму да „фарбањето“ го поврзува и со СЈО демек тој бил сведок во случајот СЈО ви за ви Палевски, случај во кој Палевски сега засега е осомничен. Со други зборови притвореете го Палевски бидејќи се заканува на сведоците. Патем оваа „света крава“ заборава за да бидеш сведок треба пред тоа да има подигнато обвининие и од стана на Јавниот обвинител да бидеш предложен како сведок.....Во секој случај во сео ова има и убави работи. Прво, Оливер Спасовки како министер за внатрешни работи со ова покажува дека го започнал процесот на демонтажа на владеењето на фамилијата во МВР, кога работите се средувале по телефон илли од тефтерчињата. Деак тоа е тека е и ова најново оовој пат не по вибер туку јавно писмо на светата крава Геровски кои јаво се фали дека ќе симнува глупави осмеси (ова му га напиша на младиот колега Гоце Михајловски) на баграта од манда мамето мамино ќе им расплаче, а мене ќе ме макља пред сите. Инаку сакам да навестам дека од понеделник на мојот профил ќе почнам да објавувам серијал под наслов Големите новинарски дострели на Другарот Геровски. Верувајте ке биде забавно да читате како овој наш балкански Ганди пишува за диференцијација во некогашен Комунист па се до настаните од 2001 година.
Тодор Пендаров
22-09-2017, 02:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:УШТЕ ЕДНАШ ЗА БАГРАТА ОД „МАНДА“

Со оглед на фактот што вечерва, како што сум известен, нема никакви посебно значајни политички настани што би можел да ги „покрие“ овој мој пост (од пи-ар аспект), си земам слобода овде, на мојот ѕид на Фејсбук, да одговорам на некои теории што, како што слушам и читам, ги ширеле Тодор Пендаров и Љупчо Палевски, за нападот на Палчо врз мене пред кафулето „Манда“.
Веднаш да кажам: тој што смета дека ова не е тема „од јавен интерес“, по втор нат нагласувам дека ова е социјална мрежа, а ова е мој ѕид на Фејсбук, па наместо после да држи предавања за работи кои ионака не му се познати, подобро веднаш да престане да чита.
Нејсе. Тодор Пендаров, кого го блокирав на ФБ, со намера да ги избегнам неговите натамошни провокации (сепак станува збор за „школован“ првокатор), тврдел дека јас вербално сум го нападнал Палевски и дека сум го предизвикал. По својот стар обичај, Тошо пак лаже. Точно е дека вербално ги нападнав „баграта од Манда“ и „бриферот“ на „школованиов“, но никаде не го спомнав името на Палевски. Но, со Тошке, нема веќе да се расправам. Само да си знае дека неговите безочни навреди и клевети за „семејството Героски“ нема да му бидат заборавени ни простени.
Што се однесува до Палевски, самоповиканиот претставник на „баграта од Манда“ (веќе ја објаснив глупоста на генерализацијата, па кој сфатил - сфатил) и самопрогласениот заштитник на Тошке, мене совршено ми е јасно од каде доаѓа неговата нервоза и непријателство кон мене. Но, на тоа требало да мисли пред да направи некои работи што не смеел да ги направи. Сега е доцна.
Свесен дека неговиот напад врз мене пред „Манда“ и не е баш така наивен, тој сега се обидува да излаже дека боите со кои ме поли биле „еколошки“, односно се миеле со вода. Од тие причини, јавно му понудив на министерот Оливер Спасовски (кого Тошке го фали што не реагирал - браво друже Оливер!), да се изврши вештачење на боите. Мојата офарбана кошула се уште стои таква, офарбана, непипната. Ако полицијата успее да ја испере со вода и со детергент, ќе се покаже дека Палчо е во право. Ако не, ќе биде јасно дека напаѓачот сепак ме нападнал со намера да ми наштети, а не само да ме понижи.
Но, да се разбереме добро.
Палевски сега ме упатува да поднесам приватна кривична тужба и да шетам по полициски станици (јасно ми е зошто, јасно ми е и зошто полицијата не се појави на настанот). На Палчо и на сите други загрижени треба да им биде јасно дека немам намера да поднесам приватна тужба, нема да шетам по полициски станици и самиот нема ништо да вештачам (не бев дури ни на лекар, иако имав силно печење на окото и краткотрајна алергиска реакција додека ја симнував бојата од телото со два литра разредувач).
Зошто нема да тужам и да пријавувам? Просто е. Ја пријавив заканата од Палевски. Доволно е. Јас бев доволно повреден од насилникот. Целиот настан е комплетно документиран. Има десетици фотографии и неколку видео-записи. Има многу сведоци. Ако органите задолжени за одржување на јавниот ред и мир и за заштита на граѓаните сметаат дека треба да го расветлат настанот и да постапат на соодветен начин, тие тоа можат да го сторат. Ако не мислат, како што се сомневам, нема да преземат ништо.
И јас на тоа одговарам - ако! Ако!!!
Јас лично веќе не можам да бидам повреден повеќе од она што веќе бев повреден (Тошке ќе крека ушпте некое време, но ќе докрека тој). Палчевски си има други маки и не сакам ни да му олеснувам, ни да му отежнувам. Останува добро да размислите вие шпто имавте трпение да го дочитате овој текст.
Вчера бев нападнат јас - утре ќе биде нападнат некој од вас. Така беше за време на режимот на Грујо. Ако така биде и сега, а еве, изгледа натаму тера работава, тогаш јас немам што повеќе да ви кажам. Нека ви е со среќа.

Бранко Героски
22-09-2017, 10:38 PM
Reply