Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДПМНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата?


08.08.2017 15:15

Годинава беше одбележана 27-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, а нападите врз основачите и врз партијата не престануваат. Во континуитет години со ред во печатените и во електронските медиуми, во порталите и во книгите, некои лица атакуваат врз основачите на македонската национална партија и врз партијата. Притоа, со лаги и со невистини се обидуваат да направат ретуш на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, без малку да имаат чувство на одговорност, барем малку да имаат ум дека лесно не се менуваат историјата и фактите, а уште помалку кога учесниците на историските настани се живи, а во изминативе речиси три децении напишани се многу книги, статии, научни трудови и сл. Редно беше да се престане со клеветите и со омаловажувањата врз основачите со измислици, со фабрикување лаги и со калемење на политичките настани,а најново од „демократските кујни“ е производот дека УДБ-а била заслужна за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, што е далеку од вистината. Други лица, пак, без срам и перде сами се прогласуваат за идеолози на партијата и ред други небулози, за сето тоа што го пишуваат и кажуваат барем да го потврдат со релевантни документи, а не со фалсификати.
Повод, за ова мое писание се два текста објавени во порталот „Котле“ од некојси Јован Петровски, на 20.12.2016 год. и на 20.8 2015 год. и текстот на Петар Гошев „Политички Франкенштајни во руво на патриоти“ прво продолжение, објавен во дневниот весник „Слободен печат“, на 25 мај 2017 година.

Со реакцијава доцнам од објективни причини бидејќи пред извесно време ги добив текстовите што беа објавени во порталот „Котле“, а за текстот во „Слободен печат“ испратив демант. Меѓутоа Бранко Геровски, главен и одговорен уредник, не сакаше да го објави демантот, со усно објаснување дека од демантот треба да исфрлам еден дел, го сторив тоа и коригиран повторно го доставив. Овој пат Геровски ми рече дека треба да исфрлам уште еден дел, бидејќи Гошев им бил соработник, со тоа не се согласив и јавно се прашувам за каков „Слободен печат“ се работи?!

Почитуван уреднику, како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ми дозволите аргументирано да ги изнесам забелешките. Целта ми е македонската јавност, а особено младите да ги запознаам со реалноста, поткрепена со факти и уште еднаш да укажам дека со фалсификувани документи не може да се врши ретуши на историјата на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам која му била целта и намерата на некојси Јордан Петрески, да ја преправа вистината за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и да ја манипулира македонската јавност дека УДБ-а била заслужна за формирањето на партијата. Каква историска лага? Од петтемина учесници, кои ги удрија темелите на ВМРО-ДПМНЕ, четворица се живи и здрави, почина само идеологот Драган Богдановски. За формирањето на ВМРО-ДПМНЕ беа објавени илјадници текстови во дневните весници и периодични списанија, во книги, интервјуа и документарни емисии во електронските медиуми, како и во порталите и социјалните мрежи. Во нив беше децидно и јасно кажана вистината.

Имено, односниот г. Јордан Петровски во порталот „Котле“ во написот прво во целост го пренесува мојот текст „Како беше формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ“. Петровски прави обид со фалсификуван факсимил на писмо, божем го напишал Драган Богдановски и мене ми го испратил и со непостојно сака да ги демантира вистините во текстот. Приложениот факсимил на писмото не е потпишано од Драган, а измисленото писмо содржи куп невистини, лаги, измислени работи, да ги поткрепи своите негаторски тези за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Немам што да коментирам или, пак, да демантирам,на писмо што го напишал Петровски, тоа е чист и невиден фалсификат. Секое писмото што ми го испраќаше Драган беше потпишано. Во мојата педантно водена архива ги имам сочувано сите писма на Драган. На некојси Петровски, кој не го познавам, не знам која му е целта да ме клевети со сопствено писмо, кое е контрадикторно и не одговара на вистината со која сака да ја оправда својата реакција и да внесе нови историски невистини.

Во текстот г. Петровски, ги повикува основачите на ВМРО-ДПМНЕ, да се осврнат на заслугите на македонската тајна полиција, Службата за државна безбедност (СДБ), која наводно била длабоко инволвирана во самото формирање. А на собирот во Минхен, прв иницијативен одбор за основање на ВМРО-ДПМНЕ: „На иницијаторите за основање на партијата добредојде ќе им посака соработник на македонските тајни служби“.

Со ова писание г. Петровски сака заслугите за основањето на ВМРО-ДПМНЕ да ѝ ги припише на УДБ-а. Господине Петровски, тоа не е точно, тоа е твоја лага и измислица и на твоите истомисленици, кои сакаат заслугите на основачите да се поништат и да ѝ се припишат на УДБ-а. Каков апсурд! Во Минхен, на средбата од Македонија дојдоа: Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владимир Транталовски, а од дијаспората присуствувавме Драган Богдановски, главниот иницијатор, организатор и идеолог на партијата и јас Гојко Јаковлески. Ние петтемина на 31 мај, 1 и 2 јуни 1990 година дискутиравме, се договоривме: На 17 јуни 1990 година (недела), во Скопје, во салата „25 мај“ да го одржиме основачкото собрание, го утврдивме дневниот ред, кои лица ќе се обратат на собирот, кои лица ќе ги сочинуваат работните тела на основачкото собрание и кои ќе влезат во управниот одбор, кој ќе биде претседател, кој секретар итн. Немаше соработник на УДБ-а. За недоаѓањето на Владимир Голубовски беше кажано дека не допатувал поради тоа што му бил истечен рокот на пасошот.
Јордан Петровски во текстот: „Дали Љубе и Љупчо можеле да не знаат дека Гојко е соработник на УДБ-а-СДБ-УБК? Објавен во порталот „Котле“ на 20.12.2016 год.

Иако, прашањето е упатено до Љубе Бошковски и до Љупчо Георгиевски, а јас сум наклеветен, навреден ќе одговорам, да не остане неразјаснето и да не носам непотребно петно. Жалам што рокот за поднесување тужба и на суд ќе беше најдобро да ги спротивставевме доказите. Се разбира дека со фалсификат не може да се докаже вистина. Точно е дека неколку пати сум разговарал со одговорните на СДБ да го пуштат Драган Богдановски од затвор, се понудив другиот дел од затворската казна да ја одлежам. На инспекторите им велев: „Жалосно е Драган без никаква вина, само затоа што ја сака Македонија, и со перо се бори да ја ослободи Македонија да биде независна и суверена држава, да гние во македонските затвори нема никаква логика. Во разговорите ми рекоа дека се подготвени веднаш да го пуштат од затвор, но, нема каде да живее. Притоа, ме прашаа дали сум подготвен да учествувам со средства да му се купи стан. Без двоумење ја прифатив понудата и бараните средства ги испратив.

Исто така, само што разбрав дека Драган Богдановски бил киднапиран во Париз и се наоѓал во притвор во Македонија, отидов во Гетеборг, Шведска, на средба со Миле Илиевски, мој пријател и соборец за македонските патриотски работи, да се договориме и да преземеме активности за ослободување на Драган. Напишавме писмо до „Амнести интернешнел“, со кое баравме оваа меѓународна институција да се ангажира кај југословенските и кај македонските власти да го ослободат Драган Богдановски, бидејќи не е криминалец, туку е политички прогонуван и е притворен за политичка активност, бидејќи има спротивни мислења и ставови за иднината на Македонија, од актуелната власт во СФРЈ.

 Вториот доказ што го наведува Петровски, не е никаков доказ, никаде не стои моето име и презиме, туку како што пишува:„Мојата констатација дека ОПЕРАТИВНАТА ПОЗИЦИЈА означува луѓе на УДБ-а, кои се инфилтрирани во самиот врв на организацијата го потврдува и случајот со Гојко Јаковлески. Гојко Јаковлески алијас Гоце, бил соработник на УДБ-а, кој бил инфилтриран во самиот врв на ДООМ-НОФМ.“ Вакви фантазии, измислици можат да пласираат само лица што немаат морал, етика, кои се безрбетници. Точно е тоа дека под псевдонимот „ЈАК“, УДБА-а ме водела за оперативна обработка, што е огромна разлика меѓу тоа да бидеш шпион, кодош или соработник на тајните служби. Многу Македонци ме клеветеле во УДБА-а со измислици со непотврдени чаршиски муабети. Германскиот суд со пресуда утврди дека клеветите се неосновани, наводните тврдења дека сум соработник на неколку странски тајни служби биле неосновани. Исто така, германските полициски служби сите обвиненија против мене ги отфрли како неосновани и дека не сум бил соработник на ниту една странска тајна полиција.

Во текстот „Политички Франкенштајни во руво на патриоти“ од Петар Гошев, објавен во дневниот весник „Слободен печат“ тој изнесува невистини за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Ме чуди како Гошев, кого го сметам за сериозен политичар и аналитичар за македонските состојби на современа Македонија, може да изнесува невистини во јавноста. Господине Гошев, вашите писанија, учествата на дебати на електронските медиуми и на јавни собири, секогаш треба да ги поткрепите со факти, а не да се служите со измислици, со паушални говорење (како на пазар), лагите ги тресете од левиот или, пак, од десниот ракав. Во текстот, а и во еден од поднасловите пишувате: „Пред Љубчо да отпатува во споменатата берлинска кафеана“ (м.з. „Ново Скопје“, зошто не го споменувате името?, мислите дека јавноста знае!) Според вас основањето на ВМРО-ДПМНЕ било договорено во култниот ресторан „Ново Скопје“, многумина го нарекуваа македонска амбасада во Берлин. Голема лага. Не верувам дека не знаете, со ова писание целта ви е друга. Уште еднаш ќе споменам, досега можеби стотина пати сум реагирал во медиумите вам и на сите други што сакаат да ја фалсификуваат историјата има само една вистина.

Темелите на ВМРО-ДПМНЕ ги удривме во Минхен на 31 мај и 1, 2 и 3 јуни 1990 година. На состанокот присуствувавме: Драган Богдановски, идеолог на партијата и јас, Гојко Јаковлески (од дијаспората), од Македонија беа дојдени Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски. Како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, во изминатиов период, многу пати реагирав на лагите што беа изнесувани во печатените и во електронските медиуми, како и во книги од политичари, новинари, квазиполитичари и други. За формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, за активностите на македонските политички здруженија во дијаспората, особено во Европа, постојано на јавноста ѝ се сервираат невистини.

Зошто и која им е целта? Енигмата не успеав да ја откријам, зошто го прават тоа и што добиваат! Дали сакаат да го нарушат угледот на партијата, на основачите, на раководствата или пак...? Господата Георгиевски и Змејковски во Берлин, во ресторанот „Ново Скопје“ престојувале повеќе пати, но не пред формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, туку неколку месеци потоа. Реагирам за да се престане со ширењето лаги и невистини, да се прекројуваат настаните што му претходеа на основањето на македонската национална партија ВМРО-ДПМНЕ.

Ние живите што активно учествувавме во основањето на партијата, должност ни е да ја кажуваме вистината и само вистината, да реагираме на лагите и на паушално изнесување на работите што се пласираат во медиумите. Тоа го чинам и овој пат.

Гојко Јаковлески

Нова Македонија
(This post was last modified: 24-08-2017, 02:38 PM by ЈорданПетровски.)
24-08-2017, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Шилегов, не менувај ја историјата!

11.03.2017 11:15
 Во печатените и електронските медиуми, а особено на социјалните мрежи, одговорни политичари, граѓани, интелектуалци не знам од кои причини изнесуваат невистини со кои ја прекројуваат историјата и даваат нови димензии. Повод да ги напишам овие редови се изјавите на Петар Шилегов, портпарол на СДСМ, и на мојот брат Мане Јаковлески.
Пред некој ден на една македонска телевизија, на дебатна емисија, господинот Шилегов ноншалантно рече дека партијата на ВМРО-ДПМНЕ била формирана во ресторан во Берлин. Тоа не е точно. Секогаш кога ќе слушнам или ќе забележам во јавните медиуми дека некој свесно или несвесно ја искривоколчува историјата, не ја кажува вистината, изнесува лаги, секогаш реагирам. Тоа го чинам и овој пат. Темелите на првата македонска демократска партија ВМРО-ДПМНЕ ги удривме на средба во Минхен, СР Германија, на 31 мај, 1, 2 и 3 јуни 1990 година, на која од дијаспората присуствувавме Драган Богдановски и јас, а од внатрешноста, од Република Македонија, дојдоа Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски, каде што решивме партијата да ја основаме во Скопје. На 17 јуни 1990 година во домот на младите „25 Мај“ во Скопје, на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ ја основавме партијата, на кое ги поздравив присутните и по тој повод го одржав мојот поздравен говор.

Тоа е вистината за формирањето на партијата. Инаку, јавните настапи на Шилегов секогаш ги следев со голема симпатија, секогаш ги следам неговите дискусии, интервјуа... меѓутоа, многу непријатно ме изненади неговата неинформираност во врска со основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Непријатно ме изненади настапот на брат ми Мане, на националната телевизија „24 вести“, на која тој кажува дека брат ми е основач на партијата, но дека сега плука по партијата. Мане го прави тоа за да се истакне, да ѝ се додвори на јавноста, без аргументи ме нападна, за да го издигне својот рејтинг и рејтингот на партијата, и кој упорно сака да се претстави дека тој е еден од основачите.

Јас никогаш не плукам (од етички причини тоа не ми прилега, во мојот речник не постојат такви и слични навредливи зборови). Партијата не ја критикувам. Моите критики во последниве три-четири години беа насочени кон нејзините водачи, кои партијата ја претворија во дуќанче и алатка за лично богатење и корупција, државата ја задолжија премногу и Македонија ја донесоа во незавидна положба во која се наоѓа со неколкугодишната длабока политичка криза.

Гојко Делчев Рафкин (Јаковлески)

Нова Македонија
(This post was last modified: 24-08-2017, 02:47 PM by ЈорданПетровски.)
24-08-2017, 02:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(24-08-2017, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Шилегов, не менувај ја историјата!

11.03.2017 11:15
 Во печатените и електронските медиуми, а особено на социјалните мрежи, одговорни политичари, граѓани, интелектуалци не знам од кои причини изнесуваат невистини со кои ја прекројуваат историјата и даваат нови димензии. Повод да ги напишам овие редови се изјавите на Петар Шилегов, портпарол на СДСМ, и на мојот брат Мане Јаковлески.
Пред некој ден на една македонска телевизија, на дебатна емисија, господинот Шилегов ноншалантно рече дека партијата на ВМРО-ДПМНЕ била формирана во ресторан во Берлин. Тоа не е точно. Секогаш кога ќе слушнам или ќе забележам во јавните медиуми дека некој свесно или несвесно ја искривоколчува историјата, не ја кажува вистината, изнесува лаги, секогаш реагирам. Тоа го чинам и овој пат. Темелите на првата македонска демократска партија ВМРО-ДПМНЕ ги удривме на средба во Минхен, СР Германија, на 31 мај, 1, 2 и 3 јуни 1990 година, на која од дијаспората присуствувавме Драган Богдановски и јас, а од внатрешноста, од Република Македонија, дојдоа Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски, каде што решивме партијата да ја основаме во Скопје. На 17 јуни 1990 година во домот на младите „25 Мај“ во Скопје, на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ ја основавме партијата, на кое ги поздравив присутните и по тој повод го одржав мојот поздравен говор.

Тоа е вистината за формирањето на партијата. Инаку, јавните настапи на Шилегов секогаш ги следев со голема симпатија, секогаш ги следам неговите дискусии, интервјуа... меѓутоа, многу непријатно ме изненади неговата неинформираност во врска со основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Непријатно ме изненади настапот на брат ми Мане, на националната телевизија „24 вести“, на која тој кажува дека брат ми е основач на партијата, но дека сега плука по партијата. Мане го прави тоа за да се истакне, да ѝ се додвори на јавноста, без аргументи ме нападна, за да го издигне својот рејтинг и рејтингот на партијата, и кој упорно сака да се претстави дека тој е еден од основачите.

Јас никогаш не плукам (од етички причини тоа не ми прилега, во мојот речник не постојат такви и слични навредливи зборови). Партијата не ја критикувам. Моите критики во последниве три-четири години беа насочени кон нејзините водачи, кои партијата ја претворија во дуќанче и алатка за лично богатење и корупција, државата ја задолжија премногу и Македонија ја донесоа во незавидна положба во која се наоѓа со неколкугодишната длабока политичка криза.

Гојко Делчев Рафкин (Јаковлески)

Нова Македонија


Моето необјавено  писмо  а до испратено до Нова Македонија:


Quote:From: Jordan Petrovski <jordanpetrovski@hotmail.com>
Sent: Sunday, March 12, 2017 2:49 PM
To: diana.m@novamakedonija.com.mk; vladimir.n@novamakedonija.com.mk
Subject: Реакција на писмото на Гојко Делчев Рафкин (Јаковлески) објавено на 11.03.2017

 


Со невистина неможе да се сруши невистина Гојко!!





Гојко Јаковлевски -Гоце ги обвинува Шилегов и брат му Маноил дека изнаесуваат невистини за тоа каде е основано ВМРО ДПМНЕ. Се ке е во ред ако Гојко -Гоце ја кажеше востината, но Гојко -Гоце само кажува нова невистина , невистина со која сака да си придаде значење на себеси.

За да се дојде до вистината првин треба се знае дека паријата ВМРО ДПМНЕ настанала со спојување на ВМРО СДРМА-ПРАВДА основана 1946 година, партија која е легитимен наследник на ОРГАНИЗАЦИЈАТА  ВМРО и ДПМНЕ партија која ја основал Дрган Богдановски.

Драган Богдановски манифестот за основање на ДПМНЕ го објавил на 15 .03.1990 година во Млад Борец. Во манифестор се и имињата на основачите на ДПМНЕ , поточно членовите на КООРДИНАТИВНИОТ ОДБОР, на тој список ги нема ниту Гојко, ниту Маноил. На скенов е дел од писмото, поточно членовите основачи, со кое Драган Богдановски на 03.02.1990 година го известува председателот на ДООМ , Др. Богољуб Андоновски за основањето на ДПМНЕ




[Image: scan0066_1.jpg]







[Image: MB_koordinacionen_sovet_11.jpg]

 

Значи Гојко и Маноил не се основачи на ДПМНЕ!!

Гојко и Маноил не биле членови на ВМРО СДРМА-ПРАВДА, па заради тоа не ни можеле од таа страна да учествуваат во основањето на ВМРО ДПМНЕ! Основачите на ВМРО СДРМА-ПРАВДА се оние кои учествувале во преговорите со ДПМНЕ за спојување. Во преговорите Гојко и Мане не учествувале, бидејки
Договорот за спојување помеѓу ВМРО СДРМА-ПРВДА и ДПМНЕ е постигнат на 26 .04.1990 година во Царев Двор-Ресен, Република Македонија, од тука произлегува дека одењето во минхен нема никаква врска со ОСНОВАЊЕТО  на ВМРО ДПМНЕ, за Минхен повеке ако Гојко или Маноил се осмелиат да одговорат на оваа мое писмо!!
Според документите од тоа време Гојко и Мане не знаеле за формирањето на ДПМНЕ и за преговорите кои се воделе за спојување на двете партии.

Гојко Јаковлевски Гоце во едено свое писмо објавено во Нова Македонија вели:


Quote:Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата. Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржувавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.

Ако го имаме доказот, манифестот објавен на 07.03.1990 година, во Младе Борец за формирање на ДПМНЕ, зар е можно Гојко Јаковлевски да се договарал со Драган Богдановски пред 07 март 1990 година, за средба во Германија која ке се одржела после два и кусур месеци?? Постои и писмо од Дарган Богдановски во кое се гледа датумот  17 мај  1990 година, датум кога Драган Богдановски го известува со тоа писмо Гојко Јаковлевски Гоце дека основал партија!!
Писмото од Драган богдановски до Гоце-Гојко зборува за прекинатирте контакти помеѓу Драган и Гојко, тоа се гледа на самиот почеток Драган пишува за повекевремено не контактирање помеѓу него и Гојко - Гоце




[Image: Dragan17jud6bd.jpg]


Јордан Петровски  Канада
(This post was last modified: 01-06-2018, 01:25 AM by ЈорданПетровски.)
31-08-2017, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:From: Jordan Petrovski <jordanpetrovski@hotmail.com>
Sent: Sunday, March 12, 2017 2:49 PM
To: diana.m@novamakedonija.com.mk; vladimir.n@novamakedonija.com.mk
Subject: Реакција на писмото на Гојко Делчев Рафкин (Јаковлески) објавено на 11.03.2017

 


Со невистина неможе да се сруши невистина Гојко!!





Гојко Јаковлевски -Гоце ги обвинува Шилегов и брат му Маноил дека изнаесуваат невистини за тоа каде е основано ВМРО ДПМНЕ. Се ке е во ред ако Гојко -Гоце ја кажеше востината, но Гојко -Гоце само кажува нова невистина , невистина со која сака да си придаде значење на себеси.

За да се дојде до витината првин треба се знае дека паријата ВМРО ДПМНЕ настанала со спојување на ВМРО СДРМА-ПРАВДА основана 1946 година, партија која е легитимен наследник на ОРГАНИЗАЦИЈАТА  ВМРО и ДПМНЕ партија која ја основал Дрган Богдановски.

Драган Богдановски манифестот за основање на ДПМНЕ го објавил на 15 .03.1990 година во Млад Борец. Во манифестор се и имињата на основачите на ДПМНЕ , поточно членовите на КООРДИНАТИВНИОТ ОДБОР, на тој список ги нема ниту Гојко, ниту Маноил. На скенов е дел од писмото, поточно членовите основачи, со кое Драган Богдановски на 03.02.1990 година го известува председателот на ДООМ , Др. Богољуб Андоновски за основањето на ДПМНЕ


[Image: scan0066_1.jpg]



[Image: MB_koordinacionen_sovet_11.jpg]
          

Значи Гојко и Маноил не се основачи на ДПМНЕ.

Гојко и Маноил не биле членови на ВМРО СДРМА-ПРАВДА, па заради тоа не ни можеле од таа страна да учествуваат во основањето на ВМРО ДПМНЕ! Основачите на ВМРО СДРМА-ПРАВДА се оние кои учествувале во преговорите со ДПМНЕ за спојување. Во преговорите Гојко и Мане не учествувале, бидејки
Договорот за спојување помеѓу ВМРО СДРМА-ПРВДА и ДПМНЕ е постигнат на 26 .04.1990 година во Царев Двор-Ресен, Република Македонија, од тука произлегува дека одењето во минхен нема никаква врска со ОСНОВАЊЕТО  на ВМРО ДПМНЕ, за Минхен повеке ако Гојко или Маноил се осмелиат да одговорат на оваа мое писмо!!
Според документите од тоа време Гојко и Мане не знаеле за формирањето на ДПМНЕ и за преговорите кои се воделе за спојување на двете партии.

Гојко Јаковлевски Гоце во едено свое писмо објавено во Нова Македонија вели:


Quote: Wrote:Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата. Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржувавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.

Ако го имаме доказот, манифестот објавен на 07.03.1990 година, во Младе Борец за формирање на ДПМНЕ, зар е можно Гојко Јаковлевски да се договарал со Драган Богдановски пред 07 март 1990 година, за средба во Германија која ке се одржела после два и кусур месеци?? Постои и писмо од Дарган Богдановски во кое се гледа датумот  17 мај  1990 година, датум кога Драган Богдановски го известува со тоа писмо Гојко Јаковлевски Гоце дека основал партија!!
Писмото од Драган богдановски до Гоце-Гојко зборува за прекинатирте контакти помеѓу Драган и Гојко, тоа се гледа на самиот почеток Драган пишува за повекевремено не контактирање помеѓу него и Гојко - Гоце




[Image: Dragan17jud6bd.jpg]


Јордан Петровски  Канада
(This post was last modified: 01-06-2018, 04:40 PM by ЈорданПетровски.)
31-08-2017, 12:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА „ЈАК“, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ
  [/url]
Реакција на текстот  
 Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата? од Гојко Јаковлевски објавено на 08.08.2017  во рубликата писма на читатели во „НОВА Македонија“. Очекувам дека ке го објавите во целост моето писмо заедно со сите скенирани докази.
 
Вчера еден мој пријател ме извести дека листајки „Нова Македонија“ од пред некоја недела налетал на текст од Гојко Јаковлевски, текст во кој Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ ме обинува дека во мои текстови сум изнесувал фалсификати и невистини, за него, за основачите на ДПМНЕ, за основачите на ВМРО ДПМНЕ. Го побарав текстот за да го прочитам и да видам со што докази Гојко „ЈАК“ ме демантира.  Го најдов текстот на Гојко „ЈАК“   Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата? во рубриката ПИСМА и бев изненаден, бидејки „Нова Македонија“ со години не објавила мој текст или интервју со мене, па некој кој е споменат од мене во текстот, со писмо да го демантира онаа што сум го изнел на страниците на Нова Македонија. Затоа бев непријатно изненаден од постапката на уредникот на „Нова Македонија“ бидејки со објавата на писмото на Гојко „ЈАК“, свесно ги довел читателите во заблуда, односно му овозможил на Гојко „ЈАК“ со лаги и манипулации да ме обинува.  Но тоа не е се!  Имено на 12 март 2017 година реагирав со писмо на текстот „Шилегов, не менувај ја историјата!“ потпишан од Гојко Јаковлевски објавен во рубликата писма!! Но моето писмо „Со невистина неможе да се сруши невистина Гојко!!“   „Нова Македонија“ не го објави, ниту пак ме извести за причината за необјавувањето. Кога моето писмо не беше објавено помислив дека Уредникот почитува правило ако не си споменат во текстот да не објавува на реакција!! Ам не било така, тоа правило по се неважи за сите, зашто писмата на Гојко „ЈАК“, „Нова Македонија“ ги обавува како весникот да е во негова сопственост. Објавува писма на Гојко „ЈАК“ иако личностите на кои се обраќа немаат ништо објавено во „Нова Македонија“. Колку што знам Гојко „ЈАК“ не е сопственик, тогаш причина за ваквиот повластен однос на „Нова Македонија“ кон него мора да е од друга природа.
Гојко „ЈАК“ споменува дека моите текстови „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ ДО 16.05.1990 НЕ ЗНАЕЛ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ДПМНЕ !!??„ и „ДАЛИ ЉУБЕ И ЉУПЧО МОЖЕЛЕ ДА НЕЗНААТ ДЕКА ГОЈКО Е СОРАБОТНИК НА УДБа-СДБ-УБК“ биле објавени на порталот КОТЛЕ и дека таму ги прочитал. Но не споменува дека писмо со демант, какво што упатил до „Слободен Печат“ и сега до „Нова Македонија“ не упатил до КОТЛЕ што е причината зошто порталот писмото не му го објавил.  Дали Гојко„ЈАК“, со неупатување на демант до поратлот КОТЛЕ, порталот кај што се објавени текстовите за кои тој тврди дека биле клевета, сакал да одбегне полемка? Во тоа сум убеден, како што сум убеден и дека истиот лаже кога вели дека допрва сега ги видел текстовите!! Да го потсетам Гојко „ЈАК“,  дека на 31.12.2016 година, по негов наговор ми се јави извесен Laze Schaarschmidt за да ми „сугерира“ да не пишувам текстови во кој објавувам докумети за тоа кој навистина е Гојко „ЈАК“  и дека Гојко „ЈАК“ ке ми ја прати неговата книга за да ја прочитам. Според зборовите на извесниот Laze Schaarschmidt: „se nadevam vo knigata ce naajdes i nesto medju redovi“. Ако Гојко „ЈАК“ прател демант до порталот КОТЛЕ демантот би бил објавен заедно со текстовите во кои „извесен Јордан Петровски“ објавил „лаги и фалсификати“ и кога оние што ке ги прочитаа текстовите и демантот од  Гојко „ЈАК“,  лесно ке согледаа дека тој ЛАЖЕ па СУШИ!!
Да ги соголам лагите на Гојко „ЈАК“:
Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ во писмото го вели следново:


Quote:Имено, односниот г. Јордан Петровски во порталот „Котле“ во написот прво во целост го пренесува мојот текст „Како беше формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ“. Петровски прави обид со фалсификуван факсимил на писмо, божем го напишал Драган Богдановски и мене ми го испратил и со непостојно сака да ги демантира вистините во текстот. Приложениот факсимил на писмото не е потпишано од Драган, а измисленото писмо содржи куп невистини, лаги, измислени работи, да ги поткрепи своите негаторски тези за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Немам што да коментирам или, пак, да демантирам,на писмо што го напишал Петровски, тоа е чист и невиден фалсификат. Секое писмото што ми го испраќаше Драган беше потпишано. Во мојата педантно водена архива ги имам сочувано сите писма на Драган. На некојси Петровски, кој не го познавам, не знам која му е целта да ме клевети со сопствено писмо, кое е контрадикторно и не одговара на вистината со која сака да ја оправда својата реакција и да внесе нови историски невистини.


Писмото за кое Гојко „ЈАК“ тврди дека е фаслификат ми го даде потпреседателот на Д.О.О.М и НОФМ  за САД, Трајко Трајковски. Истиот со мене сподели и уште многу други документи меѓу кои и видеата во кои Драган Богдановски сведочи за неговото киндапирање, видеа кои јас ги извлеков од заборав и тие видеа беа прикачени на Youtube во 2009 година. Драган Богдановски и Трајко Трајковски може слободно да се рече дека се соселани, Драган имал голема доверба во Трајко и скоро сета преписка која ја правел и со други луѓе му ја препраќал на Трајко Трајковски. Трајко, кој е следен од почетокот на седумдесетите од  УДБа под псевдоним „ЖЕГЛИГОВО“, е еден од малкумината кои своето досие го објави во целост и беше и е жесток поборник за лустрација--нешто што неможе да се каже за Гојко „ЈАК“!! 

Да се вратам на писмото за кое Гојко „ЈАК“ вели дека е фалсификат. Зар може да се фалсификува писмо кое обилува со детали кои му биле познати само на Драган. За да го фалсификувам тоа писмо сум требел да бидам со Драган 24/7 со години и пак да не успеам. Но да не зборувам многу, еве направив споредба на делови од три писма испратени од Драган во краток временски период.  
 





[Image: vitsje_tomov_gojko.jpg]



[Image: Dragan_pismo_01_02_1990_1.jpg]

 
За секој разумен човек доволно е фрлање на еден поглед и да се види дека сите текстови се со скоро иста содржина и се  пишувани на иста машина за пишување. Како сум можел јас да ја имам истата машина за пишување ке биде интерсно да одговори Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“.
Ке приложам уште еден доказ за тоа дека Гојко „ЈАК“ лаже. Еве го „фасификуваното“ писмо и на сајтот Македонска Нација, сајт на братот на Гојко, Маноил Мане Јаковлевски. 
 
 
[Image: mk_mn_a.jpg]
 Но има уште еден битен доказ. Тоа е дел од текстот на Гојко „ЈАК“ Како беше формирана партијата ВМРО-ДПМНЕ објавен во „Утрински Весник“ на 07.01.2008 година:

Quote:Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата. Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржувавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.


Ако Гојко „ЈАК“ бил вклучен од прв ден во формирањето на ДПМНЕ, за тоа наводно разговарал со Драган Богановски! Тогаш тој разговор требел да се случи  некој ден или барем недела пред 01.02.1990, односно 23.01.1990 година. Зар во јануари Гојко „ЈАК“ ке закаже средба со Драган Богдановски на која ке се удрат темелите на партијата ДПМНЕ за крај на мај? Малку услул Гојко треба да има во лагите.

Документите подолу говорат нешто друго, поточно како и оние погоре ја демтираат лагата на Гојко „ЈАК“. 
Првата објава на Драган Богдановски за формирање на ДПМНЕ е од 01.02. 1990 со писмо до извесен Душко (објавено погоре), второто писмо на Драган Богадовски е од 03.02.1990 и е упатено до председателот на Д.О.О.М-НОМФ др. Богољуб Андоновски а со писмото Драган на др. Богољуб му праќа и ПОЛИТИЧКАТА ПЛАТФОРМА НА ДПМНЕ :

 


[Image: programa_dpmne_doktor.jpg]


Уште еден доказ дека Гојко „ЈАК“ лаже. На скенов е списокот на луѓето кои се во привременото расководство на ДПМНЕ , тој список носи датум 23.01.1990 година!! А на списокот го нема Гојко „ЈАК“ Јаковлевски!!





[Image: rakovodstvo_na_dpmne_1.jpg]


 
Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“,  во продолжение своето писмо вели:

Quote:Во текстот г. Петровски, ги повикува основачите на ВМРО-ДПМНЕ, да се осврнат на заслугите на македонската тајна полиција, Службата за државна безбедност (СДБ), која наводно била длабоко инволвирана во самото формирање. А на собирот во Минхен, прв иницијативен одбор за основање на ВМРО-ДПМНЕ: „На иницијаторите за основање на партијата добредојде ќе им посака соработник на македонските тајни служби“.

Со ова писание г. Петровски сака заслугите за основањето на ВМРО-ДПМНЕ да ѝ ги припише на УДБ-а. Господине Петровски, тоа не е точно, тоа е твоја лага и измислица и на твоите истомисленици, кои сакаат заслугите на основачите да се поништат и да ѝ се припишат на УДБ-а. Каков апсурд! Во Минхен, на средбата од Македонија дојдоа: Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владимир Транталовски, а од дијаспората присуствувавме Драган Богдановски, главниот иницијатор, организатор и идеолог на партијата и јас Гојко Јаковлески. Ние петтемина на 31 мај, 1 и 2 јуни 1990 година дискутиравме, се договоривме: На 17 јуни 1990 година (недела), во Скопје, во салата „25 мај“ да го одржиме основачкото собрание, го утврдивме дневниот ред, кои лица ќе се обратат на собирот, кои лица ќе ги сочинуваат работните тела на основачкото собрание и кои ќе влезат во управниот одбор, кој ќе биде претседател, кој секретар итн. Немаше соработник на УДБ-а. За недоаѓањето на Владимир Голубовски беше кажано дека не допатувал поради тоа што му бил истечен рокот на пасошот

Гојко не споменува дека за Берлин требело да патува и Дане Поповски. Дане одбива да оди бидејки за одењето негледа причина. Затоа што на 26 .04. 1990 година во Царев Двор во куќата на Дане Поповски е ВМРО СДРМА-ПРАВДА представувано од Дане Поповски  со соработниците и ДПМНЕ представувано од Борис Змејовиски со соработниците договааат се. Спојувањето на двете партии и програмата на партијата ВМРО ДПМНЕ. Програмата била најспорниот дел во преговорите  бидејки Драган Богдановски нескал да прифати ДЕСНИЧАРСКА програма на партија која била Македонија да биде протекторат на САД.

 За инволвираноста на СЛУЖБАТА во формирањето на партијата говори екс-разузнавачот Јанко Бачев, во текст објавен 2010 година:

Quote:Не [url=http://www.ndm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=529:bivsiot-kodos-na-vmrovcite-denes-e-zamenik-direktior-na-tajnata-policija-ulogata-na-tajnata-policija-vo-dvaesette-godini-na-vmro-dpmne2010-06-20-05-46-54&catid=38:new-collection&Itemid=58] треба да се заборави дека уште од самите почетоци, тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) била длабоко инволвирана во самото формирање на партијата

Од колумната на Јанко Бачев: Бившиот кодош на вмровците, денес е заменик-директор на тајната полиција – улогата на тајната полиција во дваесетте години на ВМРО - ДПМНЕ  е превземен и цитатот за кој Гојко „ЈАК“ вели дека е мое тврдење:

Quote:Да се навратам на споменатиот собир во Минхен. Имено, веќе од овој прв иницијативен собир за основањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе пристигне и првиот извештај во СДБ, бидејќи добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби, кој сега е еден од докажувачите за тоа кои се основачите на партијата. Од тој момент, значи, од чинот на создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, македонската УДБА и навистина во буквална смисла на зборот ќе стане вмровска судба. Дополнително, по основачкото собрание на 17 јуни 1990 година и запишувањето на ВМРО-ДПМНЕ во официјалните партиски регистри, СДБ во тоа време најголем дел од својата оперативна работа ја насочи токму кон контрола на оваа партија, бидејќи, т.н. внатрешни непријатели требаше да бидат под целосна контрола. Затоа, не случајно во СДБ најексплоатирана е линијата на работа - македонски екстремизам и врховизам!

„Чудно“ е што Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ не реагирал, не демантирал и не го тужел Јанко Бачев кога го објавил текстот со за Гојко спорниот дел!!

 Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“,  во своето писмо вели:

Quote:Точно е тоа дека под псевдонимот „ЈАК“, УДБА-а ме водела за оперативна обработка, што е огромна разлика меѓу тоа да бидеш шпион, кодош или соработник на тајните служби. Многу Македонци ме клеветеле во УДБА-а со измислици со непотврдени чаршиски муабети.


УДБа, го водела Гојко Јаковлевски и како ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА од Западен Беррлин:

 

[Image: jak_1_1.jpg]


Дека ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА е псевдоним на соработник, и тоа соработник кој е инфилтриран во најблиското опкружување на следениот, говорат следните два доказа. Првиот доказ е сведочење на господинот Јанко Бачев, човек кој досега дал многу податоци за работењето на УДБа кои се покажaa како 100% точни!


Quote:Инаку, кога се работеше за потребата да се имаат под целосна контрола "безбедносно-интересните" новинари, кои по силата на својата професија и навистина претставуваа опасност за владејчкиот СДСМ, само да споменам дека во такви случаи СДБ не си дозволуваше импровизации, па, покрај примената на оперативно-техничките средства, задолжениот агент на службата имаше обврска да изгради (внимавајте!) квалитетна оперативна позиција-соработник во средината каде што работеше обработуваниот новинар. 
 

Вториот доказ е дел од службена белешка од 1996 година, врзана за следењето на МПО 
Quote:[Image: 6zn8ya.png]
Гојко „заборава“ дека јас сум тој кој ги прибра сведочењата од водството на ВМРО СДРМА-ПРАВДА--кое е ЕДИНСТВЕН носител на континуитетот на ВМРО!! Со Дане Поповски еден од основачите на ВМРО СДРМА ПРАВДА  2010 година, го објавивме тескстот УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!! во текстот е прикачено писмо од 1992 година, кое Дане Поповски го објавил во „ПУЛС“ под наслов ВМРО НЕ СЕ БОРИ ЗА ВЛАСТ,интересно е што никој од споменатите во писмото не одговори на тоа писмо!! 
За крај на моето писмо:
 
[Image: 07da00e383d0881ed3ca8a8acbeba107_L.jpg]

Јордан Петровски полтички азилант во Канада
(This post was last modified: 01-06-2018, 01:57 AM by ЈорданПетровски.)
06-09-2017, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote: Писма
Со лаги не се менува историјата на ВМРО-ДПМНЕ

 


14.09.2017 15:15



(Реакција на писмото на Јордан Петровски, политички азилант во Канада, со наслов: „Гојко Јаковлевски, оперативна позиција ’Јак’ на секоја лага, па и на твојата, ѝ се кратки нозете“)

Размислував дали повторно да се јавам со писмо или не, да ги демантирам новите лаги и претпоставки во демантот на Јордан Петровски, политички азилант во Канада на мојот текст во „Нова Македонија“. Дилемата беше што да демантирам, кога и овој пат се служи со лаги, измислици, подметнувања и во мојот над 80-годишен живот е прв што ме нарекол лажго, и во текстот десетина пати единствениот напад му е зборот лага, без кажаното да го поткрепи со релевантни, со објективни докази, а не со измислици, секако за комплиментот му благодарам. Сепак, одлучив да одговорам на наводниот „демант“ како обврска кон почитуваните читатели на весникот „Нова Македонија“, на верните и одани основачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ и на целата македонска јавност, да знае дека Петровски, продолжува упорно со измислици да ме навредува, низ мала врата сака да го оспори основањето на ВМРО-ДПМНЕ и да изнесува смешни констатации, без за тоа на јавноста да ѝ понуди релевантен доказ, туку се служи „со рекла - казала“. Не му забележувам на Петровски, тоа е неговото ниво и на неговите работодавци. И овој пат, како и во минатиот демант, во целост ги отфрлам сите негови измислици, нема на што да дебатирам и со овој демант ја прекинувам полемиката. На македонската јавноста добро ѝ е познато дека сѐ уште постојат лица што сакаат со манипулации, подметнувања, со фабрикувани лаги и документи, да ја искривоколчуваат вистината, во овој случај за основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Го прашувам Петровски, каде беше цели 27 години, на јавноста да ѝ ги соопшти „генијалните“ откритија, неговите вистини и сознанија?

Новиот демант, односно напад врз мојата личност, Петровски го почнува со нова лага. Пишува дека по мој наговор му се јавил Лазе Шаршмит, неколку часа пред највеселата ноќ во годината, и тоа на човек што не го познава: „На 31.12.2016 година, по негов наговор, ми се јави извесен Лазе Шаршмит за да ми сугерира да не пишувам текстови во кои објавувам документи за тоа кој навистина е Гојко ’Јак’ и дека ќе ми ја прати неговата книга за да ја прочитам...“. Поголема лага и измислица, не сум прочитал, згора на тоа, измисленото јавување го посочува како клучен доказ на вистината. Што е многу, многу е, па и од некојси азилант во Канада, што ја напуштил Македонија во годините по менувањето на политичкиот и економскиот систем, кога Македонија стана самостојна држава.

За ненапишаното писмо од Драган Богдановски до мене, кое е измислено, не е потпишано од Драган, го пласира во медиумите како крунски доказ дека не сум бил основач на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е чист фалсификат. Дали сум или не сум основач на партијата, има илјадници пишувани текстови, книги, а впрочем има живи сведоци со кои заеднички учествувавме во формирањето на партијата. Петровски за да ја покрие сопствената лага, во реакцијата посочува дека писмото му го дал потпретседателот на ДООМ и НОФМ за САД, Трајко Трајковски. На овој начин сака одговорноста да му ја префрли на друго лице, во стилот „јас сум чист, писмото го добив и го пласирав“. Нема потреба никому да му се правдам, а најмалку на Петровски, но уште еднаш ќе потврдам дека во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година, се состанавме: Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ и јас, Гојко Јаковлески од дијаспората, а од Македонија дојдоа Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски. Ниту нѐ пречека човек од УДБ-а, а г. Петровски сака на нечесен начин без никаков повод и причина, некој од нас да го направи дека бил шпион на УДБ-а, нишанејќи кон мене.

Основањето на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа како резултат на повеќегодишното дејствување на партиите ОКМ, ДОМ и ДООМ во дијаспората. За идејата за формирање на партијата, Драган ме информира во телефонскиот разговор кога ме побара на почетокот на април 1990 година. Со паѓањето на Берлинскиот ѕид, со обединувањето на двете Германии, веќе се создадени услови и во Македонија да формираме демократска партија, ми вели Драган и ми објасни дека во Скопје се запознал со млади луѓе, вистински македонски патриоти, на кои им се допаѓа идејата и програмата за основање демократска партија. „Ти како мој долгогодишен соработник, кога беше најтешко беше со мене и сега кога е најпотребно сметам на тебе, да бидеш покрај мене“, ми зборуваше Драган и ми понуди да бидам еден од основачите. Притоа ми рече дека треба да прифатам дека по толкугодишна партиска активност во странство за Македонија, дојдено е времето во нашата, сега демократска Македонија, слободно со политички средства да се бориме за доброто на Македонците и на македонската држава. Бараше веднаш да му го кажам моето мислење, му реков да ми остави малку време за да размислам. Следниот ден му се јавив на телефон и му потврдив дека ќе се вклучам во основањето на новата партија, а Драган ми рече „кога си покрај мене, знај дека ќе успееме“.

Господин Петровски, ако мислиш на мене дека сум бил испратен од УДБ-а, јавно кажи и тоа потврди го со документ. Но таков документ не постои, бидејќи не сум бил соработник. Што лошо им сторив на Македонија и на Македонците во миграција. Меѓу првите заминав од Македонија, но и меѓу првите се враќам во Македонија. Сега ти текна да се огласиш, што мака имаш? Што ти пречи? Зошто трпеше толку долго? Можеби си киксирал во Македонија, па сега Гојко ти е крв што си ја напуштил? Ако си многу разочаран од партијата или од државата можам да те разберам. И јас за многу работи сум разочаран од ВМРО-ДПМНЕ и од државата...

Не ми е познато дека Дане Поповски требало да патува во Берлин, бидејќи не гледам причина. Човекот не го познавам, а ова што го пишуваш не ми е познато. Во демантот изнесуваш „на 26.4.1990 година во Царев Двор, во куќата на Дане Поповски е ВМРО-СДРМА - правда, претставувана од Дане Поповски и соработниците, и ДПМНЕ, претставуван од Борис Змејковски со соработниците, договараат се - спојувањето на двете партии и програмата на партијата ВМРО-ДПМНЕ...“.

Во Минхен дискутиравме за програмата на партијата ДПМНЕ. Мислам дека Борис Змејковски предложи да се стави префиксот ВМРО. Јас бев изненаден, не очекував и реков дека ВМРО била формирана во Солун, 1893 година, а ние формираме современа демократска партија. Моето мислење беше дека со програмата што ќе ја понудиме на парламентарните избори, првпат се споменува дека Македонија ќе има своја армија, валута, фудбалска репрезентација и др. Ќе нема потреба да се стави префикс. Драган пресече и рече „Гоце, бидејќи младите имаат желба, да им ја исполниме и партијата да го носи името ВМРО-ДПМНЕ“. На состанокот се договоривме кој ќе го води основачкото собрание, кој ќе биде во работното претседателство, членови на комисијата за верификување на присутните на основачкото собрание, записничари, оверувачи на записникот, кои ќе влезат во управниот одбор итн. Доколку во Царев Двор, како што пишуваш во демантот, имало некакво спојување партии што не биле основани, на состанокот во Минхен, г. Борче Змејковски ќе нѐ информираше за тоа. Логично се поставува прашањето зошто на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ (17 јуни 1990 г.) од т.н. партија на Поповски, никој не влезе во работните тела и во првото раководство. И да е така, како што тврди Петровски, а не е така, што демантира тогаш? Не можам да го разберам.

Толку од мене. На Петровски и на другите како него, кои не се исполниле во животот, ќе им порачам дека живееме во 21 век, во демократска, плуралистичка Македонија и ниските удари со фалсификати повеќе не минуваат кај јавноста. Жално е кога некој не само што сонува, туку со лаги по 27 години соопштува нова вистина за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, кога првите луѓе на партијата се живи и активни во општествено-политичкиот живот во државата: првиот претседател, Љубчо Георгиевски, првиот генерален секретар Борис Змејковски, Дијана Транталовска, членка на работното претседателство на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ и други членови во Македонија, Европа, САД, Канада и во Австралија.

Гојко Јаковлески

Нова Македонија
(This post was last modified: 14-09-2017, 02:43 PM by ЈорданПетровски.)
14-09-2017, 02:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Мој одговор кој го објави Нова Македонија:

Quote:Одговор на писмото со наслов „Со лагине се менува историјата на ВМРО-ДПМНЕ
 
Писма

26.09.2017 17:19
57


ЗАТОА ШТО СО ЛАГА НЕ МОЖЕ ДА СЕ МЕНУВА ИСТОРИЈАТА ЗА ОСНОВАЊЕТО НА ДПМНЕ И ВМРО ДПМНЕ СЕ И МОИТЕ АРГУМЕНТИ СО КОИ ГИ ДЕМАНТИРАМ ТВОИТЕ ЛАГИ ГОЈКО


Одговор на писмото на гојко Јаковлевски „Со лаги не се менува историјата на ВМРО-ДПМНЕ“ објавено на 14.09.2017
 Гојко „ЈАК“ вели:
Новиот демант, односно напад врз мојата личност, Петровски го почнува со нова лага. Пишува дека по мој наговор му се јавил Лазе Шаршмит, неколку часа пред највеселата ноќ во годината, и тоа на човек што не го познава: „На 31.12.2016 година, по негов наговор, ми се јави извесен Лазе Шаршмит за да ми сугерира да не пишувам текстови во кои објавувам документи за тоа кој навистина е Гојко ’Јак’ и дека ќе ми ја прати неговата книга за да ја прочитам...“. Поголема лага и измислица, не сум прочитал, згора на тоа, измисленото јавување го посочува како клучен доказ на вистината. 
За демант на лагава на лажгото Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ ке понудам два непобитни доказа.
Првиот доказ е дека разговорот со Лазе Шаршмит бил вистинит и дека во разговорот извесниот Лазе ја бара мојата адреса за да ми ја пратат книгата на Гојко „ЈАК“. Тоа од скенов непобитно се потврдува:


[Image: Laze_Gojko_1_2.jpg]


И вториот доказ, реакцијата-коментарот на Лазе Шаршмит на мојот текст, поточно на моето споменување на Лазе Шаршмит во моето писмото. Еве ја целата дискусија, ако може ова да се нарече дискусија:


[Image: laze_Gojko.png]




Ова го извадив, а е од реакцијата на Лазе Шаршмит на Фејсбук на моето споменување на него во моето писмо за да Гојко „ЈАК“ го види и докаже дека мојот разговор на 31.12.2016 година со Лазе Шаршмит бил лага, измислица:


[Image: laze_Gojko_12.jpg]


Гојко „ЈАК“ продолжува со лаги и манупулации па вели:
За ненапишаното писмо од Драган Богдановски до мене, кое е измислено, не е потпишано од Драган, го пласира во медиумите како крунски доказ дека не сум бил основач на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е чист фалсификат. Дали сум или не сум основач на партијата, има илјадници пишувани текстови, книги, а впрочем има живи сведоци со кои заеднички учествувавме во формирањето на партијата. Петровски за да ја покрие сопствената лага, во реакцијата посочува дека писмото му го дал потпретседателот на ДООМ и НОФМ за САД, Трајко Трајковски. На овој начин сака одговорноста да му ја префрли на друго лице, во стилот „јас сум чист, писмото го добив и го пласирав“. Нема потреба никому да му се правдам, а најмалку на Петровски, но уште еднаш ќе потврдам дека во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година, се состанавме: Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ и јас, Гојко Јаковлески од дијаспората, а од Македонија дојдоа Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски.
 Во моето писмо „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА ’ЈАК’, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ“, објавив од каде сум го добил писмото и наместо Гојко „ЈАК“ да провери кај Трајко Трајковски дали постои такво писмо, тој споменувањето на Трајко Трајковски од моја страна го претставува како префрлање на мојата одговорност. Причината е јасна, Гојко „ЈАК“ не смее да го контактира Трајко Трајковски, бидејки Трајко Трајковски ќе ја каже вистинатаи на тој начин ќе потврди дека Гојко „ЈАК“ ЛАЖЕ!! Гојко „ЈАК“ не го коментира доказот, неколкуте различни писма кои ги пишувал Драган Богдановски и од кои се гледа дека писмото кое јас сум го приложил како доказ е напишано на иста машина и од ист човек, на едно од писмата го има и потписот на Дрган Богдановски. Гојко „ЈАК“ не коментира дека истото писмо за кое вели дека непостои, го објавил и брат му Мане на порталот „Македонска Нација“. Доказите врзани за наводното непосточко писмо за да не ги повторувам се надевам дека моето претходно писмо ке биде објавено на интернет изданието на „Нова Македонија“. Ќе ги повторам со очекување! 
Новата лага на Гојко „ЈАК“ во герданот од лаги изнесени во писмото:
 
Ниту нѐ пречека човек од УДБ-а, а г. Петровски сака на нечесен начин без никаков повод и причина, некој од нас да го направи дека бил шпион на УДБ-а, нишанејќи кон мене.  
Иако на Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ јасно му посочив дека, „добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби“ не е мое тврдење, туку дека е тоа тврдење преземено од колумната на Јанко Бачев: „Бившиот кодош на вмровците, денес е заменик-директор на тајната полиција – улогата на тајната полиција во дваесетте години на ВМРО - ДПМНЕ “ за која колумна во писмото дадов и линк за да се провери веродостојноста за напишаното!
„Чудно“ е што Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ не реагирал на таа колумна на ЕКС Разузнавачот Јанко Бачев!!  „ЈАК“ не демантирал и не го тужел Јанко Бачев кога го објавил текстот со за него спорниот дел!
Да продолжам со еден многу интересен цитат од писмото на Гојко:
За идејата за формирање на партијата, Драган ме информира во телефонскиот разговор кога ме побара на почетокот на април 1990 година. Со паѓањето на Берлинскиот ѕид, со обединувањето на двете Германии, веќе се создадени услови и во Македонија да формираме демократска партија.
Да не прилагам други докази мислам дека за секој разумен човек ќе е доволно да посочам дека Драган Богдановски на 15.03.1990 година во „Млад Борец“ го обзнанува основањето на ДПМНЕ. Во претходното писмо објавив скен од луѓето кои Драган Богдановски ги назначил во привремениот Координативан совет, таму го нема Гојко „ЈАК“ а го нема затоа што истиот НЕ УЧЕСТВУВАЛ во ОСНОВАЊЕТО НА ДПМНЕ!
Ќе потенцирам повторно, зар на почетокот на април, наводно кога Драган му се јавува на Гојко „ЈАК“ и му предлага да формираат демократска партија Драган и Гојко „ЈАК“ ке договараат состанок за после ДВА месеци!! Малку услул Гојко „ЈАК“ во лагите!!
Гојко „ЈАК“ продолжува со лагите па вели: Во Минхен дискутиравме за програмата на партијата ДПМНЕ. Мислам дека Борис Змејковски предложи да се стави префиксот ВМРО.
Која програма Гојко сте договарале, кога програмата е објавена 15.03.1990 во Млад Борец!! Змејковски само ви пренесува информација дека дошло до спојување на ВМРО и ДПМНЕ!!
На 24.04.1990 година, Дане Поповски со сопругата Стефка пристига во Ресен, каде иако ненајавен на автобуската станица го пречекуваат Диана Транталовска и Борис Змејковски - интересно ќе е да објаснат Змејко или Диана како дознале за доаѓањето на Дане? Во тие денови на престојот на Дане Поповски во Царев Двор се финализираат договорите и конечно е договорено спојувањето на ДПМНЕ со ВМРО. Прифатени се двата услова: програмата на ВМРО и во името на партијата првин да стои ВМРО. На конечниот договор покрај Дане Поповски и Змејко биле и Наум Андоновски од село Перово, ресенско, професор по англиски, Гоце Андоновски од Царев Двор и Митко Николовски од село Перово!!
За средбата во Минхен сведочење на Љупчо Георгиевски:



[Image: Gojko_minhen.jpg]



[Image: Gojko_finsii.jpg]


За крај текстот го оставив оваа:
Што е многу, многу е, па и од некојси азилант во Канада, што ја напуштил Македонија во годините по менувањето на политичкиот и економскиот систем, кога Македонија стана самостојна држава.
Гојко, ако дошло до промена на политичкиот систем во Македонија СДБ/УБК немала да прогонува Македонци, симаптизери или членови на ВМРО ДПМНЕ. Во период 1991 - 2000 година, според покојниот др. Зоран Тодоровски директорот на Архивот на Р. Македонија  и др. Јанко Бачев, екс разузнавач, се отворени околу ЧЕТИРИ илјади досиеа. Според некои мои сознанија таа бројка е далеку поголема. Со судскиот процес за добивање на азил докажав дека во Македонија не дошло до промена на политичкиот систем. На такво исто мислење е и Венецијанската комисија која вели дека на Македонија и треба лустрација и за периодот после 1991 година.


Моето писмо Нова Македонија несакала да го објави во целост! Еве го целото писмо:



Quote:ЗАТОА ШТО СО ЛАГА НЕМОЖЕ ДА СЕ МЕНУВА ИСТОРИЈАТА ЗА ОСНОВАЊЕТО НА ДПМНЕ И ВМРО ДПМНЕ СЕ И МОИТЕ АРГУМЕНТИ СО КОИ ГИ ДЕМАНТИРАМ ТВОИТЕ ЛАГИ ГОЈКО


„Нова Македонија“ продолжува со пристрастно однесување во полемиката која не по моја волја се води на нејзините страници. Имено, моето писмо „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА „ЈАК“, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ“ со кое реагирав на писмото на Гојко Јаковлевски „Зошто атака врз основачите на ВМРО-ДПМНЕ и врз партијата?“ објавено во „Нова Македонија“ не е објавено на интернет изданието на истото издание!? Со необјавувањето на моето писмо читателите кои го следат интернет изданието на „Нова Македонија“ се ускратени да го прочитаат моето писмо и во него да ги видат доказите кои Гојко „ЈАК“ се обидува со лаги да ги демантира во неговиот нов демант. На скенот од рубриката писма се гледа дека моето писмо го нема. Се надевам дека Уредникот на рубриката писма ке го исправи пропустот и ке го објави и тоа писмо. 


[Image: N_Makedonija_pisma_1.jpg]




 Гојко „ЈАК“ вели:


Quote:Новиот демант, односно напад врз мојата личност, Петровски го почнува со нова лага. Пишува дека по мој наговор му се јавил Лазе Шаршмит, неколку часа пред највеселата ноќ во годината, и тоа на човек што не го познава: „На 31.12.2016 година, по негов наговор, ми се јави извесен Лазе Шаршмит за да ми сугерира да не пишувам текстови во кои објавувам документи за тоа кој навистина е Гојко ’Јак’ и дека ќе ми ја прати неговата книга за да ја прочитам...“. Поголема лага и измислица, не сум прочитал, згора на тоа, измисленото јавување го посочува како клучен доказ на вистината. 


За демант на лагава на лажгото Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ ке понудам два непобитни доказа.

Првиот доказ е дека разговорот со Laze Schaarschmidt бил вистинити и дека во разговорот извсниот Laze ја бара мојата адреса за да ми ја пратат книгата на Гојко „ЈАК“. Тоа од скенов непобитно се потврдува:
 
 
[Image: Laze_Gojko_1_2.jpg]

И вториот доказ, реакцијата-коментарот на Laze Schaarschmidt на мојот текст, поточно на моето споменување на Laze Schaarschmidt во моето писмото. Еве ја целата дискусија, ако може оваа да се нарече дискусија: 


[Image: laze_Gojko.png]


Ова го извадив, а е од реакцијата на Laze Schaarschmidt  на Фејсбук на моето споменување на него во моето писмо за да Гојко „ЈАК“ го види и докаже дека мојот разговор на 31.12.2016 година со Laze Schaarschmidt бил лага, измислица


[Image: laze_Gojko_12.jpg]


 Гојко „ЈАК“ продолжува со лаги и манупулации па вели:


Quote:За ненапишаното писмо од Драган Богдановски до мене, кое е измислено, не е потпишано од Драган, го пласира во медиумите како крунски доказ дека не сум бил основач на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е чист фалсификат. Дали сум или не сум основач на партијата, има илјадници пишувани текстови, книги, а впрочем има живи сведоци со кои заеднички учествувавме во формирањето на партијата. Петровски за да ја покрие сопствената лага, во реакцијата посочува дека писмото му го дал потпретседателот на ДООМ и НОФМ за САД, Трајко Трајковски. На овој начин сака одговорноста да му ја префрли на друго лице, во стилот „јас сум чист, писмото го добив и го пласирав“. Нема потреба никому да му се правдам, а најмалку на Петровски, но уште еднаш ќе потврдам дека во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година, се состанавме: Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ и јас, Гојко Јаковлески од дијаспората, а од Македонија дојдоа Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски.
 


Во моето писмо „ГОЈКО ЈАКОВЛЕВСКИ, ОПЕРАТИВНА ПОЗИЦИЈА ’ЈАК’, НА СЕКОЈА ЛАГА ПА И НА ТВОЈАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ“, објавив од каде сум го добил писмото и наместо Гојко „ЈАК“ да провери кај Трајко Трајковски дали постои такво писмо, тој споменувањето на Трајко Трајковски од моја страна го представува како префрлање на мојата одговорност. Причината е јасна, Гојко „ЈАК“ несмее да го контактира Трајко Трајковски, бидејки Трајко Трајковски ке ја каже вистинатаи на тој начин ке потврди дека Гојко „ЈАК“ ЛАЖЕ!! Гојко „ЈАК“ не го коментира доказот, неколкуте различни писма кои ги пишувал Драган Богдановски и од кои се гледа дека писмото кое јас сум го приложил како доказ е пишувано на иста машина и од ист човек, на едно од писмата го има и потписот на Дрган Богдановски. Гојко „ЈАК“ не коментира дека истото писмо за кое вели дека непостои, го објавил и брат му Мане на порталот „Македонска Нација“. Доказите врзани за наводното непосточко писмо за да не ги повторувам се надевам дека моето предходно писмо ке биде објавено на интернет изданието на „Нова Македонија“. Ке ги повторам со очекување! 

Новата лага на Гојко „ЈАК“ во герданот од лаги изнесени во писмото:


Quote:Ниту нѐ пречека човек од УДБ-а, а г. Петровски сака на нечесен начин без никаков повод и причина, некој од нас да го направи дека бил шпион на УДБ-а, нишанејќи кон мене.  


Иако на Гојко, Оперативната Позиција во Западен Берлин „ЈАК“ јасно му посочив дека, „добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби“ не е мое тврдење, туку дека е тоа тврдење превземено колумната на Јанко Бачев: „Бившиот кодош на вмровците, денес е заменик-директор на тајната полиција – улогата на тајната полиција во дваесетте години на ВМРО - ДПМНЕ “ за која колумна во писмото дадов и линк за да се првери веродостојноста за напишаното!!

„Чудно“ е што Гојко, односно Оперативната Позиција за Западен Берлин „ЈАК“ не реагирал на таа колумна на ЕКС Разузнавачот Јанко Бачев!!  „ЈАК“ не демантирал и не го тужел Јанко Бачев кога го објавил текстот со за него спорниот дел!!
Да продолжам со еден многу интересен цитат од писмото на Гојко:


Quote:За идејата за формирање на партијата, Драган ме информира во телефонскиот разговор кога ме побара на почетокот на април 1990 година. Со паѓањето на Берлинскиот ѕид, со обединувањето на двете Германии, веќе се создадени услови и во Македонија да формираме демократска партија,


Да не прилагам други докази мислам дека за секој разумен човек ке е доволно да посочам дека Драган Богдановски  15.03.1990. год., во „Млад Борец“ го обзнанува основањето на ДПМНЕ. Во предходното писмо објавив скен од луѓето кои Драган Богдановски ги назначил во привремениот Координативан совет, таму го нема Гојко „ЈАК“ а го нема затоа што истиот НЕ УЧЕСТВУВАЛ во ОСНОВАЊЕТО НА ДПМНЕ!
Ке потенцирам повторно, зар на почетокот на април, наводно кога Драган му се јавува на Гојко „ЈАК“ и му предлага да формираат демократска партија Драган и Гојко „ЈАК“ ке договараат состанок за после ДВА месеци!! Малку услул Гојко „ЈАК“ во лагите!!

 


[Image: reh3.jpg]


Гојко „ЈАК“ продолжува со лагите па вели:


Quote:Во Минхен дискутиравме за програмата на партијата ДПМНЕ. Мислам дека Борис Змејковски предложи да се стави префиксот ВМРО.


Која програма Гојко сте договарале, кога програмата е објавена 15.03.1990 во Млад Борец!! Змејковски само ви пренесува информација дека дошло до спојување на ВМРО и ДПМНЕ!!

На 24.04.1990 година, Дане Поповски со сопругата Стефка пристига во Ресен, каде иако ненајавен на автобуската станица го пречекуваат Диана Транталовска и Борис Змејковски--интересно ке е да објаснат Змејко или Диана како дознале за доаѓањето на Дане? Во тие денови на престојот на Дане Поповски во Царев Двор се финализираат договорите и конечно е договорено спојувањето на ДПМНЕ со ВМРО. Прифатени се двата услова: програмата на ВМРО и во името на партијата првин да стои ВМРО. На конечниот договор покрај Дане Поповски и Змејко биле и Наум Андоновски од село Перово, ресенско, професор по англиски, Гоце Андоновски од Царев Двор и Митко Николовски од село Перово!!
За средбата во Минхен сведочење на Љупчо Георгиевски:



[Image: Gojko_minhen.jpg]



[Image: Gojko_finsii.jpg]


За крај текстот го оставив оваа:


Quote:Што е многу, многу е, па и од некојси азилант во Канада, што ја напуштил Македонија во годините по менувањето на политичкиот и економскиот систем, кога Македонија стана самостојна држава.


Гојко ако дошло до промена на политичкиот систем во Македонија СДБ/УБК немала да прогонува Македонци, симаптизери или членови на ВМРО ДПМНЕ. Во период 1991 -2000 година, според покојниот др. Зоран Тодоровски директорот на Архивот на Р. Македонија  и др. Јанко Бачев  екс разузнавач, се отворени околу ЧЕТИРИ илјади досиеа. Според некои мои сознанија таа бројка е далеку поголема. Со судскиот процес за добивање на азил докажав дека во Македонија не дошло до промена на политичкиот систем. На такво исто мислење е и Венецијанската комисија која вели дека на Македонија и треба лустрација и за периодот после 1991 година. 

 Јордан Петровски 
политички азилант од Канада
(This post was last modified: 01-06-2018, 04:34 PM by ЈорданПетровски.)
27-09-2017, 02:50 PM
Reply