Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ НА ЗАЕВ !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Поранешниот уставен судија Ивановски: За Законот за јазици е потребно двотретинско мнозинство


[Image: mkd-358598.jpg?itok=7JUXQtAQ]

Главниот проблем со Законот за употреба на јазиците е мнозинството со кое тој беше донесен, смета поранешниот уставен судија, Трендафил Ивановски. Овој закон, смета тој, треба да биде донесен со двотретинско мнозинство, затоа што со него се уредуваат прашања за употребата на јазикот во судските постапки и во органите на државната управа и општините, кои, според Уставот, се уредуваат во согласност со закони кои се донесуваат со двотретинско мнозинство, јави ТВ Телма.

За Ивановски е спорен и начинот на кој се носеше законот. Вели дека, доколку премиерот останеше на ветувањето дека, тој ќе биде во рамки на Уставот, кој ги уредува основите за употребата на македонскиот јазик и јазиците на другите националности, сѐ ќе беше во ред. Но, сега непотребно во овие прашања навлегува политиката, пред сѐ за набивање на рејтинг на одредени политички партии, па дури излегува дека од овој закон зависи и опстанокот на државата.
Вели дека, во ваква вжештена атмосфера, експертската јавност не се слуша, но има елементи Уставниот суд да си ја докаже својата стручност и компетентност, доколку законот се најде пред нив.
Претседателот Иванов пред два дена соопшти дека нема да го потпише указот за законот, меѓу другото и затоа што со него постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загорзување на унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ.
Иванов ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки за да се дојде до сеопфатно решение за Законот за јазиците. Според него, многу одредби од законот се во спротивност на амандманот 5 од Уставот.
 
За Владата нема никакви дилеми дека сите одредби од законот се во согласност со Уставот и дека, со законот се унапредуваат правата на сите етнички заедници. „Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот. Ова е гаранција дека со него не се предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници“, стои во дописот од Владата.
20-03-2018, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42



22-03-2018, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Еве што говорел Заев, кога не бил на власт:







Еве што прави за да остане на власт:

[Image: 29389088_10216185211842428_6557044116021...e=5B7385B7]
24-03-2018, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Законот за јазици ќе падне на Уставен, дури и спикерот Џафери да го потпише указот






27.04.2018
„Многу одредби од Законот за употреба на јазиците вака како што е напишан нема да можат да поминат во Уставниот суд и под услов Уставниот суд да се наоѓа на најниско стручно ниво .  тоа им е јасно и на самите автори на Законот за употреба на јазиците.  Уставниот суд голем број од одредбите би ги укинал, а некои можеби и би ги поништил. Тоа значи дека некои одредби кои се во сила да ги елиминира и последиците“,  вели Светомир Шкариќ .   Според универзитетскиот професор по уставно право, Законот за употребата на јазиците така како што е напишан тешко дека ќе може да да се оформи како законодавен акт,  ќе има доста пречки .
„Претседателот на Собранието може да го потпише Законот за употребата на јазиците и да го прати до Службен весник со образложение дека претседателот на Македонија го крши Уставот, а тој како спикер на Законодавниот дом е должен да го испрати Законот на публикување бидејќи секој граѓани вклучувајќи го и Иванов има обврска да го почитува Уставот. Но и со тоа нема да биде решен проблемот затоа што тогаш доаѓа најтешката пречка во врска со стапувањето на Законот во сила, а тоа е Уставниот суд.  Ако Законот биде објавен со дефектен указ, Уставниот суд би можел да се произнесе дека таквиот акт не може да го земе во постапка за разгледување бидејќи не е Закон “, изјави проф. Шкариќ во интервју за емисијата Фактор магазин на ТВ24.
Шкариќ оцени дека Законот за потреба на јазиците не одговара ниту на албанската етничка заедница , па и на оние што го предложиле затоа што Законот инсистира на строго почитување  и развој на мултикултурализмот, а не на интеркултурализмот.  Шкариќ  кој  во еден период му беше и советник на претседателот сугерира во Собраннието да отпочне постапка за импичмент поради тоа што Иванов на неколку наврти за време на неговиот мандат го прекршил Уставот. 
„Претседателот Иванов одлучи да го опструира  Законот за употреба на јазиците и по неговото второ изгласување во Собранието и  со тоа тој го крши Уставот, иако во забелешките испратени до Собранието пишува дека тој секогаш го почитувал и штител уставот, Но тоа не е точно“ кажа проф. Шкариќ
Во 30 минутното интервју професорот по уставно право се осврна на извештајот на ЕК, враќањето на опозицијата во Парламентот,  судските процеси кои се водат против поранешниот премиер Груевски и членови на ВМРО ДПМНЕ. македонско-грчкиот спор за името.
„Ако географската одредница би се употребувала во меѓународни организации,  а не за внатрешна употреба  тогаш нема да има потреба да се интервенира во Уставот. Ако пак Грција инсистира на ерга омнес тоа значи и за внатрешна употреба, тогаш од постојниот Устав не би останало ништо. Но не верувам дека Владата може  да прифати такво решение. Но и да прифати таков решение, тоа не би било остварливо“,  рече проф. Светомир Шкариќ.
29-04-2018, 12:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:Талат Џафери нема поим што пишува во Уставот за објавување на Законот за јазиците


[Image: talat-djaferi-1024x594.jpg]

14.05.2018
– Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на Законот за јазици, сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати Законот до Службен весник, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се произнесат по однос на текстот на Законот односно за оние укажувања и дилеми кои се искажаа во јавноста, истакнува Џафери во својот последна изјава.
Со ова Џафери покажува тотално непознавање на Уставот на РМ што само по себе е скандал. Никој не бара од него да биде експерт по уставно право, но барем елементарно пролистување на Уставот и запознавање со него, секако е пожелно за некој кој ја игр улогата на претседател на Собранито на РМ, сеедно што е избран на див, каубојски начион.
Имено, според член 52 од Уставот „законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.“, Според став 2 од истиот член кој ја тангира погоре цитираната изјава на Џафери „законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на РМ, најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување“. Понатаму стои дека законите влегуваат во сила најрано осум дена од  денот на објавувањето, но тоа за овој случај не е битно.
Значи, како што можете да видите, приказната со Законот за јазиците е завршена одамна, уште повеќе што прашање е дали тој може да се смета за донесен бидејќи во целата процедура недостига потписот од претседателот на државата. Така што, ако како момент на донесување на Законот за јазиците се смета моментот кога тој е изгласан по втор пат во Собранието, седум дена од тој момент се одамна поминати. Ако пак, како момент на донесување на Законот се смета денот кога претседателот го ставил својот потпис на указот, тогаш Законот не е ни донесен, па нема што да се објвува во Службен весник.

Член 52

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.

Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.  
Во двата случаи, Џафери и службите на Собранието, како и директорот на Службен весник, ако законот биде објавен, ќе сторат фалсификат односно кривично дело. Џафери можеби и не би било гонет за тоа бидејќи функционерите на ДУИ се заштитени од двете македонски партии, но луѓето од службите, како и директорот на Службен весник лесно можат еден ден да одат курбан ако го подготват за објавување и објават Законот за јазиците.
Надвор од ова, фактот што Џафери манифестира елементарно непознавање на Уставот е скандал сам по себе, но во оваа држава играњето мајтап со правната сфера одамна никого не возбудува.


ДЕНЕШЕН
(This post was last modified: 14-05-2018, 09:49 PM by ЈорданПетровски.)
14-05-2018, 09:46 PM
Reply