Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ НА ЗАЕВ !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

[Image: 26219523_1965728633681121_11834288556058...e=5AF3C47B]
13-01-2018, 03:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Ристова-Астеруд: Законот за јазици рамковна и уставна тиранија на малцинството

[Image: %D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%...=696%2C389]

January 13, 2018

Каролина Ристова-Астеруд, некогашна пратеничка и советничка во Град Скопје на Социјалдемократски сојуз на Македонија, детално го анализира и критикува донесениот Закон за употреба на јазиците, со кој албанскиот станува втор службен јазик на целата територија на државата.
Опишана како „поддржувачка на Рамковниот договор, која во својот мандат се ‘претепувала’ на говорница и на терен за неговото спроведување“ во постот објавен на нејзиниот профил на „Фејсбук“, професорката нуди обемна експликација на тоа што го нарекува „рамковна и уставна тиранија на малцинството“. Ја пренесуваме во целост:

„(1) ЗА РАЗВИВАЊЕТО ПРОГРАМА НА ЈАВНА СВЕСТ (?!). Навистина, ама баш навистина си го донесоа! Ноторниот Закон за употреба на јазиците (ЗУЈ). И, замислете, во членот 23 (3) пишува дека „Владата на Република Македонија веднаш по влегувањето во сила на овој закон ќе развие програма за покренување на јавната свест за примена на овој закон“. Аха, програма, колку кулисимо! Види ти тоа! Да, да, развивање јавна свест! Сето тоа откога си го донесоа со брутално политичко уценување и силување, крајно недемократски, со крајна безобзирност, како и со најбесрамно лажење и манипулирање. Нити е ЗУЈ по Рамковен, нити е ЗУЈ за со „европско знаменце“ – во конститутивните договори и секундарното право на ЕУ се регулира употребата на официјалните јазици на државите-членки, како и проблематиката на работните јазици во самата ЕУ, и нема никакво мешање во штипките на домашните јазични режими, сето тоа по правото на ЕУ си е покриено со клаузула „согласно националните уставни аранжмани“. Најголемата лага е онаа што најнепосредно засега – дека не се воведува ефективна и сеопфатна двојазичност на целата територија на државата, а ако цепидлачиме, по правото на ЗУЈ е „теоретски“ можна и повеќејазичност, секако ако во даден контекст има и друга/други заедница/ци со над 20% во некоја единица на локалната власт или на ниво на централната власт. Во однос на оваа УБЕР- лага, претпоставувам, совеста пред граѓанството си ја олеснуваат, а богами и политичко-зихерашките математики по логика на контрола на штетата, со тоа што ефективниот двојазичен концепт проектиран во правните решенија на ЗУЈ нема засега премногу да го засегнат источниот дел од земјата во онаа очигледната визуелна и практична смисла. Финансиски е сосема друга приказната, и те како СИТЕ ќе ги засегне! Се на се, ова не е закон за унапредување на јазичните права на граѓанството во вообичаената смисла, во смислата која е правична, здраворазумска, пропорционална, практично-реална и економична, тоа впрочем е поодамна завршена работа, и тоа, во одредени инстанци, и над европските стандарди за малцински и региионални јазици, што воопшто не е лошо, и е плус за земјата. Ова е закон кој, со исклучок на меѓународните односи на државата, содржи правен концепт (колку и да е, намерно или ненамерно, хаотично исцртан) за сеопфатно третирање на „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ (албанскиот јазик) како втор службен јазик во државата на двете нивоа на власт (централна и локална), хоризонтално и вертикално, и на целата територија на државата, и со бајаги амбициозно поставена „тиранија на малцинството“ во својата суштина. За илустрација, еве ви еден пример за да добиете престава: Според член 9 од ЗУЈ, ако во судска постапка во сите нивоа на судска власт ( а и сите други постапки што можете да ги замислите во комуникација со локална и државна власт), БИЛО КОЈ УЧЕСНИК го зборува 20%–јазикот (албанскиот), тогаш задолжително мора да се користи и тој јазик. Значи, не е само за граѓан(к)ите како странки, не е ни дополнително само за сведоци, и вештаци и сл. (за што и досега имало решенија за користење и други јазици освен официјалниот), туку ако тоа „тој еден„ или „таа една„ е судијата или јавниот обвинител (преставници на државата!). Тоа практично значи, ако на пример, во Основен суд 1 во Скопје, сите други учесници во судската постапка зборуваат македонски, еве СИТЕ други буквално се Македонци, а само судијата или само обвинителот е Албанец/Албанка, сите одлуки, писмени и други акти од постапката се донесуваат и издаваат не само на македонски јазик, туку и на албански јазик, при што судот е обврзан на судијата/обвинителот да му обезбеди превод на сите потребни документи (кога точно, ќе чекаат сите превод на првичните документи, исто и во меѓуфазите, за да тргне терањето на решавањето на правата на граѓанството кои може живот значат и се итни?), да му обезбеди симултан превод од излагањата, изјавите и рочиштата (иако по закон не може да биде избран ако не го познава и македонскиот јазик?). А, ако тоа не се обезбеди , замислете, според ЗУЈ, тоа ќе се смета за суштинска повреда на постапката, иако, повторно да нагласам, судијата/обвинителот по сила на устав и закон е должен да го владее и македонскиот јазик, а кој во таков еден случај е и јазик на сите останати учесници! И, што мислите, што предвидува ЗУЈ за трошоците за сето ова? Зар треба да кажувам? Тие, кое изненадување, „ол-иклузив“ паѓаат на сметка на институцијата , а ефективно, на мнозинството учесници од македонска/ сета неалбанска заедница (граѓани), кои, нели, ќе плаќаат екстра трошоци за само тој еден учесник во постапката, секако од позиција на државна власт, за кој секако има правна претпоставка (по трет пат!) дека зборува македонски, но, ете, тогаш и така мора да „си ги изрази правата„ Па нека части мнозинството, зошто да не, зошто да ги/се трошат парите на други работи? Па мерак е во прашање, ма чувство дека сите играат и мора да играат по негово/нејзино. Се на се, ај ударната поента дека ова е апла пример за двојазичност на државата, а не некакво „унапредување права„на сограѓан(к)ите Албанци , не знам од кај да почнам да објаснувам какви се суштински повреди на правата на граѓанството (ама оние вистинските!), какви се небулози и бизарности ќе се случуваат, ако и кога тоа кутро граѓанство се падне за странка во ваква една „двојазична/повеќејазична постапка„ и колку пари ќе му се одлеваат од џебовите за нечии неизживеани националистички комплекси и безобзирности кон другите, вклучително и најмногу кон етничкото мнозинство. Ама, што да правиме со аспектот дека е и апла „тиранија на малцинството„, (во прикажаниот случај дури и како тиранија на еден единствен учесник во постапката наспрема сите други учесници, и тоа, ни помалку, ни повеќе, преставник на државата)? Не ви треба ниту концептуално познавање на политиколошкиот речник што значи „тиранија на малцинство„ за да по здрав разум заклучите сами и да ја замислите ситуацијата и динамиката, а и кон какви состојби и отрови ќе доведе и ќе разлее во општеството. Инаку, мојот засега хипотетички пример нема да биде реткост, некаков исклучок, оти албанскиот политички фактор се потруди/л низ годините, а и натаму ќе се труди, во судството, низ низа судови и судски инстанци, Албанците да не бидат застапени „соодветно и правично„ (што би било баш околу 20%), туку и многу повеќе од тоа, значително повеќе, а на штета на соодветната и правична застапеност на другите етнички заедници согласно нивната пропорционалност во составот на нааселението , пред се, на штета на најмнозинската- македонската, а и неретко, по уште понебулозни „развои„ и „ скокови„ во кариерата на судиите и обвинителите, од вообичаените што си ги знаеме. Меѓу другото, тоа е така оти македонскиот политички фактор , ете, не се „пали“ и не му е „кул„ да биде македонската етничка заедница соодветно и правично застапена (ни 60 % таму каде треба, нит соодветниот друг помал процент колку што е во населението во некои средини). Патем, како прашање на општа и политичка култура на една заедница, многу фина и принципелна работа ова, со многу развиено чувство за фер-плеј, некој „очи да копа„ ако не е преставен со минимум 20%, ама истовремено да не гледа проблем ако е бајаги „надпреставен„ на штета на другите. Но, вака најцинично, дајте му време на „зреењето на апартхејдот„, на ЗУЈ, самиот ќе си се покаже. Во меѓувреме, неќе да е лошо Владата на РМ и за ова да спреми некаква „програма за ширење на јавната свест„?

[Image: %D0%A0%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%...=300%2C272]

(2) ЗА ПРАВНИТЕ НЕБУЛОЗИ. За уставно-правните, номотехничките, јазичните, практичните, финансиските ма и сите други проблематични аспекти укажуваа, дебатираа, апелираа и што се не и многумина други, но особено елаборирано и аргументирано во јавното обраќање до пратениците од страна на акад. проф д-р Катица Ќулавкова, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова и проф. д-р Симона Груевска – Маџоска. Секако, не добија никакви сериозни контрааргументи, туку лична и професионална девалвација, омаловажување и исмевање, вадење некакви си „дамки“ од времето на „борбата со режимот„, во вознемирувачки истороден режимски стил, и небаре тоа им ги прави аргументите невалидни сами по себе. А некои од тие аргументи беа толку „школски“, барем за во делот на правото можам да говорам, да јас лично бев убедена дека барем некои од најочигледните небулози ќе се отстранат, ќе се преобмислат работите, дека им се во интерес да ги санираат. Јок! На политички нож, на политичко и правно силување! На пример, гранде школски пример е дека не смееш со закон кој се носи со обично мнозинство, па уште ако не е со апсолутно мнозинство (50+ 1 од ВКУПНИОТ број пратеници ), туку со релативно мнозинство (50+1 од ПРИСУТНИТЕ пратеници), да интервенираш во СИСТЕМСКИ закони ( оние кои се носат со 2/3 мнозинство, што значи ти треба и опозицијата во Собрание за тоа да гласа). А токму тоа се прави со ЗУЈ! Во член 23 (4) и (5) каде стои дека тие и такви засегнати (системски) закони ќе се „усогласуваат со одредбите од овој закон„ во рок од една година, а во меѓувреме, „во случај на неусогласеност„ на јазичните одредби на друг закон (па и на системските!) со јазичните одредби на ЗУЈ , органите (државни и локални) се должни да ги применуваат одредбите на ЗУЈ. Вау! Вау! ВАУУУУУ! Уште и апла да напишеле дека и во однос на одредбите на Уставот на РМ што не се во согласност со овој закон, органите ќе мора да го игнорираат Уставот и, се подразбира, да се водат од овој фирер- закон на мерак за своевиден апартхејд-партија/партии , е тек тогаш концептот на хиерархија на правните акти во нивната правна сила тотално да го прогласевме за сосечен во корен. Мртов! А со тоа и владеење на правото, што патемно е темелна вредност на ЕУ, содржински дел на поглавја во преговорите со ЕУ, и дел од т.н политички критериуми за членство , што ќе рече, кај да се свртиш, нема врдање, тоа ти е работа за со „европско знаменце.“ А и таа „самоувереност„ дека другите, системските, закони, за кои треба 2/3 и глас на опозицијата ќе се усогласеле за една година?! Како ќе ја натераат опозицијата која сега не беше вклучена? Со тоа што ќе им понуди „дил“ да ги ослободи притворените пратеници? Затоа ли беа тие ујдурми со тралала симнување имунитетот? Или, можеби, ќе им се закани дека и многу други ќе го изгубат имунитетот со иста светлосна брзина и ќе се најдат во притвор? Конeчно, на сето што нагласија гореспоменатите професорки , а и другите, се думам дали поопширно да ја вклучам и елаборирам димензијата на правната семиотика и правната лингвистика, во сличните примери како оној што го наведов погоре под 1, па што се ќе се изроди кога ќе се креваат работите на повисоките (жалбени) инстанци, па „изгубена во преводот„ правна документација (а вообичаено, на тие повисоки инстанци се одлучува по основ на документација) , па правно толкување, па која верзија ќе се смета за официјалната и правно-обврзувачката, а која за официјален превод, таа на странките ли, таа на преставникот на државата со 20% -јазик ли, итн,итн. Досега ни се повредувале правата во бирократски и судски лавиринти, со разно-разни петна на корупција, итн.?! Стрпете се, се само ќе ви се покаже, најмал проблем (освен во финансиска смисла) се именување двојазични улици, мостови, згради , улици, пари, поштенски марки, униформи, па и на цела територија на државата да се, а не само во средините со 20 %! А таа Агенцијата што ќе исмукува милиони евра, ќе исмукува уште повеќе од ветеното, ве уверувам, и пак ќе биде за џабе!

(3) ЗА ТИРАНИЈАТА НА МАЛЦИНСТВОТО – КРАТЕРСКИОТ ПРЕВИД НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР. Овој фирер-закон се донесе со 69 пратеника, од кои 27 по Бадинтер (плус еден воздржан). Тоа значи дека од парламентарното политичко преставништво на етничката заедница на Македонците (кои не се водат по Бадинтер и гласаат само во првиот круг), гласале само 41. До 120 уште колку има, плус – минус? Сигурно најголемиот дел од оние 42 што се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се декларирани за Македонци, а и еве и некои други отсутни ( има ли јавно објавен листинг на изјаснување на пратениците по етничка припадност за потребите на Бадинтер?). Патем, ДПМНЕ целосно го бојкотираа гласањето. Со тоа како се тера работата од прв ден, и со право! Друго е да се запазеа сите парламентарни процедури и фази, без манипулации и лажги без опашки со „европско знаменце“, сите коректни политички тајминзи ( не одма по избори, кога опозицијата е во таква состојба) и протоколи, па да се молеа и убедуваа „како млада невеста„ (како што ние од СДСМ макотрпно ги мољакавме 2002-2006, и тоа , за неспорни законски проекти по Рамковен за кои како партија имаа превземено потпишана обврска), па ако они ако не играат фер, тогаш и некако , ајт гитла ако сте такви! Како и да е, сумарно, ЗУЈ се донесе без дури ни 50% од парламентарното политичко преставништво на македонската етничка заедница. Е, ај нека ви легне тој факт! И, кога ќе ви легнува, ај размислете, рефлектирајте, дали и на сон би ви текнало ист таков закон, за исто прашање, за иста материја, да го донесете без да ги помножите со нула политичките преставници на албанската етничка заедница, па да ви бојкотираат, да не ви гласаат заради тоа? Или, замислете, да можете да си изгласате без минимум 50% од албанското парламентарно преставништво? Да не имаше такви слични работи во раните 1990-ти, па тоа, меѓу другото, да не доведе до 2001, па до Рамковен? А , внимавајте, тоа за помалата етничка заедница збориме, не за поголемата, односно најголемата во земјата! И тука доаѓаме до она што, според мене, во сите дебати и аргументи најмалку се изостри и се нагласува – како е ова можно вака?! И тука доаѓаме до проблемот за кратерските превиди на Рамковниот договор. Тој е правен во контекст на мировни преговори пост-воена ситуација и по основ на аспирациите токму на албанската етничка заедница да биде соодветно и правично застапена во локалната и државната власт, воопшто да добие проширен корпус на т.н колективни права по етнички основ, како и да не биде мајоризирана во политичките процеси кога се одлучува за политики и законодавство кое ги засега сите овие аспекти – елиминирање на т.н тиранија на мнозинството, во случајот на македонскиот контекст, тиранија на етничкото македонско мнозинство. И, затоа, бидна, т.н Бадинтерово мнозинство, кое теоретски треба да функционира за сите, дури и кога е обратна ситуацијата, ама по уставните амандмани и законските реформи за спроведување на Рамковниот, главно функционира на централно ниво во Собрание на РМ, а ако целосно сме сите искрени, со не баш толку мерак и ентузијазам меѓу албанскиот политички фактор и Албанците во целина да истото функционира и таму каде они се мнозинство, а да речеме Македонците и „сите други“ се во малцинство, имено, во значаен број на единици на локалната самоуправа . Но, да се вратам на главното. Ретроактивно и со солидна политичко-правна емпирија може да се констатира дека во однос на Бадинтер, се направија два сериозни превида, кои, секако, не беа баш рекламирани ниту на прославата на 15 години Рамковен.(А) Првиот превид дојде до израз во 2004 година а се затвори набрзинка како „дупка“ , исто на правно дубиозен начин, во 2005. Имено, станува збор за тоа што при договарањето на Бадинтер воо Рамковниот процес се направил превид во однос на уставните аспекти на релацијата закони по Бадинтер – (референдумска) граѓанска иницијатива – референдум. Па кога со танталови маки се донесе Законот за територијална организација , ДПМНЕ, иако беа политички најдемократски тинтрани во однос на консултирање и преговарање за законските решенија, незадоволни од конечната верзија, заедно со многумина од граѓанство, си собраа 150 000 потписи и , по сила на устав, предизвикаа референдум за законот. Сите ја знаете приказната, законот се спаси, по тешка рововска битка на терен (дефинитивно најтешката и до бесвест истоштувачка политичка кампања во која сум учествувала), потрошени огромни пари, а и политичката сметка дојде две години подоцна, во 2006. Потоа следуваше изгубената деценија, изгубените животи и изгубените генерации, изгубената Македонија 2006-2016. За сите политички субјекти, освен за ДУИ. Тие уште се во игра, со одговорност за ништо, со мува лазење за ништо, особено во однос на Македонците и сите неалбанци во државата со кои владееа по централните ресори и локално, и малтене над уставот и законот. Тие се нашата фирер-партија. Во целата ситуација со референдумското изјаснување за Територијалната стана јасно дека не е логично и оддржливо од аспект на Рамковниот и изменетиот устав легалната цел за спречувањето на мајоризацијата со Бадинтер-гласањето во Собранието последователно да се поништува со евентуална етничка мајоризација со референдумскиот инструмент. Тоа се „санира„ со нов Закон за референдум и граѓански иницијативи во 2005, каде се регулира за која материја не смее да се распише референдум, меѓу другото и за законите донесени по Бадинтер. Иако правната логика суштински е исправна на релација Бадинтер мнозинство-референдум, начинот на кој тоа се направи, е неуставен, бидејќи, и по слово, и по дух на нашиот устав (а и во споредбената европска уставност), ваквата материја на непосредно остварување на граѓанскиот суверенитет е уставна материја, вклучително и особено, ограничувањата во корист на посредното (преставничкото) остварување на граѓанскиот суверентет. Така да , сегашниот член од Законот за рефендум и граѓанска иницијатива треба да си се префрли во уставот, каде му е и местото ( а, патемно, да се санира и онаа неуставната небулоза за т.н советодавен рефередум, по наш устав сите рефередум, независно како се иницирани, дали се облигаторни или факултативни во тој дел, во својот резултат се правнообврзувачки). Е сега, за ова досега на никој „не му чуеше„, оти му доаѓаше као „спиечка норма„, а е релевантно и во однос на вториот и, можеби, уште поклучен и поопасен превид.

(Б) Во далечната 2001, кога се преговараше Рамковниот, толку биле сите фокусирани на неутрализирање на „тиранијата на (етничкото) мнозинство„ да сосема не ја размислиле и замислиле потенцијалната траекторија кон втората крајност – тиранија на (етничкото) малцинство„, особено во македонски контекст. Со други зборови, Бадинтеровото мнозинство од инструмент за спречување на мајоризација по строго определен круг на „етнички релевантни“ прашања за „помалите„ и „поранливите„ етнички заедници наспрема „најголемата„ (т.н право на етничко вето), да најперверзно си измутира во право на етничка уцена и еднонасочен диктат, со ефективно поништување на „политичкото броење„ на севкупната политичка сила и политичко преставништво на најголемата етничка заедница во парламентот и владата, дотолку повеќе што се заборавило , а не смеело да се заборави, дека е и секогаш ќе биде политичко-партиски плурално поделена заедница во борбата за власт. Не смеело да се заборави дека сето ова е надградено и со железниот принцип во секоја влада на Македонија да има „албански партнер„, воспоставен уште во 1992 година (првата влада на Бранко Црвенковски), а кој со воведувањето на Бадинтер од железен преминува во титаниум принцип, па и дополнително зајакнат со тоа дека партнер во владата малтене секогаш мора да биде победничката партија меѓу албанското гласачко тело, а не и било која друга т.н албанска партија со која т.н македонска партија би стигнала до парламентарно мнозинство од 61 за правење влада. Не се размислило баш дека таа и таква албанска партија ќе биде и е веќе многу повеќе од т.н партија- кингмејкер (kingmaker), како што е познатиот израз во споредбената политика. За разлика од искуствата на други земји, каде која партија е кингмејкер е политички подинамично, менливо со растот-падот на изборната сила на партијата-кингмејкер и со можен рингишпил по избори друг да ја превземе титулата, скраја избоено со некаква етничка димензија како „позимзелено„ дрво во политиката, кај нас тоа е фикс – секогаш е т.н (албанска) етничка партија, дури не и партии на останатите помали етнички заедници заедно. Нормално, со оглед на релативната големина на албанската етничка заедница во земјата, ова другото е само некакво си теоретизирање на можни варијанти. Можна е евентуална промена само во тоа која т.н албанска политичка партија ќе се избори да биде победничка во својот блок, но и тоа оди многу бавно, ако се земе во предвид искуството со ДУИ, и тоа заради две главни причини, ако ја тргнеме настрана политичката култура на гласачкото тело. Прво, комотната позиција на една таква албанска партија- кингмејкер е надградена и со „правната димензија на Рамковен/Бадинтер„ , па релативно лесно може да се срасне до коска со власта, и да ја елиминира секоја посериозна конкуренција во својот гласачки/етнички блок. Второ, уште поголемата комоција да ја уценува мнозинска т.н македонска партија при секое правење парламентарно и/ли владино мнозинство за се што и е конкјуктурно „по програмата„ во даден момент, кај нас ефективно што ќе да е на менито на национални и националистички „барања„ Во двата случаи, таа и таква албанска кингмејкер-партија (да потсетам пак, читај, ДУИ) наново и наново успева да се „продаде„ пред своето гласачко тело како горе-доле ефикасна и ефективна во политиката, особено кога , пред се и над се, на тоа гласачко тело му е битно зголемувањето на групната политичка моќ по основ на етникум (индивидуалните права, здравје, во другиот живот), без прашање и пардон кон било кој и било што, особено кон мнозинството кое се доживува „давеж-компликација“ без која немаше ни да постои Македонија.Сето ова најбрутално и најотворено се манифестира токму по однос на овој ЗУЈ. Ветото на Претседателот на РМ не е поставено како никакво значајно правно чаре за елиминирање или менување закон, а кое можеби еден светол ден ќе има некаков максимализиран политичко-морален ефект ако ни нарасне нивото на сеопштата политичка култура. Првото вистинско чаре со реален правен ефект по судбината на законот е Уставен суд – ама, повторно, со овој состав, со среќа со тоа! Граѓанската рефендумска иницијатива се третира како „недостапна„ , иако, како нагласив, законско регулирање што смее- не смее да се стави на рефендум е уставна материја и таа законска одредба е ништовна . Но, од друга страна, по духот на истиот устав пост-Рамковен би било навистина неуставно „закони по Бадинтер„ да се ставааат на референдум и евентуална референдумска мајоризација, дури и да се „дува“ на аргументот на неуставност /ништовност на законската одредба која тоа го брани, па ај, терај потписи и бркај иницирање референдум. Значи, по тој основ, угоре високо-удолу длабоко. Се на се, работата правно може да се реши само со донесување нов закон за кој ќе се постигне висок политички концензус и кој ќе ги отстрани сите правни, но и политички и други небулози и штетни ефекти. Во меѓувреме, политичката цена за овој закон треба да се зголемува со дејство и на граѓанството, и на опозицијата. Најправилно би било да се цели на отворање на уставот каде јасно ќе се затворат гореспоменатите два превиди, и во однос на уставното регулирање на материјата што е забранета за референдум, но и за тоа што сега ни е ептен во фокус, да се внесе ново уставно решение според кое законите кои се носат по Бадинтер треба да обезбедуваат 2/3 мнозинство во првиот круг. Тоа како уставно- правен механизам на кочници и рамнотежа, па ако сакате и право на реципрочно етничко вето, за да се врамнотежат патолошките искривувања на Бадинтеровото етничко вето обезбедено за другите етнички заедници, на штета на мнозинската македонска етничка заедница , дури до степен на едно вакво најарогантно „ми се може“ – исклучување , што, секако, последователно не ја ослободува заедницата од правните, финансиските и сите други импликации на законот, во сета негова „пропорција“, а за што не и преостанува ништо друго туку да го бојкотира (кога арогантниот може и неспорни и прифатени решенија апла да не ги почитува во пракса со години, зошто да не и обратно?). Впрочем, (теоретски) модели од каде е превземено ваквото „етничко вето“ неќе да е вака да исклучуваат од правото на вето некоја од засегнати заедници, па ниту најголемата, а што кумулативно во ефект би ги натерало сите на фер-плеј, коректност и усул. Ако тоа не се санира, овој и ваков превид неќе да е да ги исцрпува потенцијалите за политички кризи и дестабилизација на Македонија со овој фирер-закон за употреба на јазиците, напротив. Конечно, ако се сака да се надмине Рамковниот и актуелните уставни решенија за јазиците и јазичните права во содржинска смисла, ако се верува дека тоа е општото добро, тогаш чесно и демократски треба да се каже тоа, и како и за се друго , големо или мало во политиката, повеќе за големото отколку за малото, се отвара политичката битка за убедување на граѓанството, на гласачкото тело, и се собира поддршката за менување на уставот и во тој дел. Да, може да потрае, може и години ќе требаат за „органски“ да созрее работата, но тоа е вистинскиот и единствениот здрав пат за сите засегнати. Само така и тогаш е по онаа „сложни браќа и сестри куќа градат„, па и некој дури и вишок пари и се друго повеќе да даде и да отстапи, сам одлучил да даде, не се чувствува поништено, онеправдано, измамено, излажано, злоупотребено, искористено, а и со изгубена доверба дека почитта и обзирите не фунционираат баш како взаемни, што секако не води кон ништо арно. Не вака, како што се глуми лудило, ма до трет спрат стигнала куќата, а реално и всушност темелите тонат ли тонат во мочуриште.

Ристова-Астеруд од 2002 до 2006 година беше пратеничка во Собрание, а од 2000 до 2002 градска советничка. Денес работи како професор на Правен факултет „Јуситинијана Прима“ при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
13-01-2018, 04:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Рама: Без нас албанскиот немаше да биде официјален јазик во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија,





„Пред неколку дена, во македонското Собрание помина законот кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас ви велам дека сите вие треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие што гласаа, ја поддржаа и веруваа во оваа партија, бидејќи без неа денеска немаше да постои официјален албански јазик во Македонија“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Рама изрази надеж дека Албанија нема да биде сама во европското семејството, туку заедно со другите земји од Балканот, како што рече, каде што најмногу живеат Албанци.




После оваа изјава на Рама, председателот Иванов ке треба да го покрене правните механизми за употреба на гаранцијата која ја доби ос Заев а во која стоеше дека Тиранска платформа не постои!

пс. ке биде интересно да се види какви лаги ке сервираат Заевистите за да ја демантираат оваа изјава на Рама.
(This post was last modified: 14-01-2018, 11:50 PM by ЈорданПетровски.)
14-01-2018, 11:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24







Десковска во емисијата Топ Тема на Телма од 17 март 2017 година, денеска министер во владата на Заев.
15-01-2018, 02:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Образложение на одредбите од Законот за употреба на јазиците



Објавено: 14/01/2018

Законот за употреба на јазиците на 11.01.2018г., на 27 седница на Собранието на Република Македонија со 69 гласа ЗА и ниту еден од пратениците против или воздражано беше изгласан после долга дискусија и голем број на реакции во јавноста. Законот содржи 25 члена.

[Image: sobranie-43-.jpg?resize=620%2C413]
 
Албанскиот како втор службен јазик

Со член 1 е пропишано дека на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Исто така, друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик и неговото писмо (албански), согласно овој закон. Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон. Исто така, и во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.

Обврски на институциите за користење, употреба и примена на службените јазици

Во член 2 е уредено дека граѓаните имаат право да употребуваат било кој од наведените службени јазици и нивните писма од член 1 став (1) и (2) од овој закон, а институциите од член 1 став (3) од овој закон, како и другите институции имаат обврска да им овозможат на граѓаните користење, употреба и примена на тие службени јазици и нивните писма во било која постапка, како и спроведување на тие постапки на тој службен јазик и писмо. Во согласност со правото на граѓаните да употребуваат било кој од наведените службени јазици од членот 1 став (1) и (2) од овој закон во судските, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции како и другите постапки предвидени со други закони, судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции се обврзани да овозможат користење, употреба и примена на било кој од службените јазици од член 1 став (1) и (2) и нивните писма во тие и други постапки.

Втор службен јазик во инстутуциите на државната власт

Во институциите од член 1 став (3) од овој закон на државната власт во Република Македонија службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо во: комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи кои што ја сочинуваат државната власт (Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство), Уставен суд на Република Македонија, Народен правобранител на Република Македонија, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области.

Употреба на службените јазици од страна на избраните или именуваните функционери

Член 3 се однесува на употребата на јазикот од страна на избраните или именуваните функционери во институциите наведени во член 1 и 2 од овој закон. Имено, со овој член е пропишано дека избрани или именувани функционери на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и други институции чие седиште е во Скопје или општини во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, во нивната службена комуникација го употребуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, доколку најмалку еден од избраните или именуваните функционери зборува службен јазик различен од македонскиот јазик.

Употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија

Со член 4 се уредува материјата за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија. Имено, согласно овој член, во работата на Собранието на Република Македонија службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо. Во став (2) е предвидено дека пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија на седница на Собранието на Република Македонија и седници на работни тела зборува и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија.
Во став (3) е уредена употребата на јазиците од страна на пратеник кога претседава со седница на собрание или седници на работни тела. Имено, согласно овој став, пратеник, кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% граѓаните во Република Македонија кога претседава со седница на собрание или седници на работни тела, истите ги води на тој јазик. Со став (4) е пропишано дека пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, материјалите навремено ги добива, односно доставува и на неговиот јазик и писмо за да послужат на седница на собрание или седници на работни тела. Исто така, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, материјалите навремено ги добива односно доставува и на неговиот јазик и писмо за да послужат во собраниски седниците и седниците на работните тела, што е уредено во став (5) од овој член.
Во став (6) е пропишано дека стенограмите од седница на Собранието на Република Македонија и од седници на работни тела како и другите материјали и документи се издаваат и се чуваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо. Последниот став од овој член се однесува на објавувањето на законите и другите акти донесени од Собранието на Република Македонија. Имено, согласно овој став, сите закони и други акти донесени од страна на Собранието се објавуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Употребата на јазиците во Владата на Република Македонија

Во член 5 е уредена употребата на јазиците во Владата на Република Македонија. Во став (1) од овој член е пропишано дека во работата на Владата на Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо. Согласно овој член, предвидено е седниците на Владата на Република Македонија се водат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во став (3) е уредено дека кога со седниците на Владата, на комисиите, како и на генералните колегиуми претседава избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик а кој јазик го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, истите ги води на тој јазик и писмо. Во став (4) е пропишано дека избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој јазик го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, на седница на Владата, на комисиите на Владата и на генералните колегиуми зборува и на тој јазик. Исто така, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој јазик го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, материјалите навремено ги добива, односно доставува и на неговиот јазик и писмо за да му послужат на седница на Владата, на комисија или на генерален колегиум, што е пропишано во став (5) од овој член.
Согласно став (6) стенограмите од седница на Владата, од седница на комисии и генерални колегиуми како и другите материјали и документи се издаваат и се чуваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо. Став (7) од овој член регулира дека сите акти донесени од страна на Владата се издаваат и објавуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Употреба на јазиците во институциите

Во член 6 е уредена материјата за употреба на јазиците во институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон. Имено во ставот (1) од овој член е пропишано дека институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции се обврзани по службена должност да обезбедат употребата, комуникацијата и постапките да се одвиваат на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија. Во став (2) е пропишано дека сите одлуки и други акти, како и легитимациите кои произлегуваат од надлежноста на институциите од член од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон како и сите други институции се на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.
Во став (3) е пропишано дека избрано или именувано лице кое зборува јазик различен од македонскиот јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, личното име во одлуките и другите акти во рамките на надлежностите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции, го пишува на својот јазик и писмо. Исто така, со овој член е пропишано и дека веб страниците на институциите од член 1 на овој закон и содржината на веб страниците покрај на македонскиот јазик и неговото писмо, задолжително се објавуваат и на јазикот различен од македонскиот јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Јазикот на пишување на називите на институциите

Во член 7 од Предлогот е уредена материјата за јазикот на пишување на називите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон. Имено, согласно овој член, називите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локална самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, како и на англиски јазик.
Во подрачните канцеларии на органите од државната администрација кои покриваат најмалку една единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, називите на канцелариите ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Во став (3) од овој член е пропишано дека називите од став (1) и (2) ќе се напишат со идентичен фонт и големина на двата службени јазици од членот 1 став (1) и (2) од овој закон. Исто така, печатите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон и сите други институции со седиште во Скопје или во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се испишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Буквите на печатите од став (4) на овој член ќе бидат испишани со идентичен фонт и големина на двата службени јазици од член 1 став (1) и (2) од овој закон. Во став (6) од овој член е пропишано дека институциите од став 1 на овој член ќе овозможат и придонесат во работата ефективно да се користат, употребуваат и применат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Јазикот на поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи

Во член 8 е уредена материјата за јазикот на поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, фактурите од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон и бандеролите. Имено, согласно овој член тие се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, фактурите од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, бандеролите, се пишуваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Исто така, книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Во став (3) е пропишано дека униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Користењето на јазиците во судските, управните, извршните постапки, постапката за извршување санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарничи постапки

Во член 9 е уредено користењето на јазиците во судските, управните, извршните постапки, постапката за извршување санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарничи постапки, како и другите постапки пред судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и институции. Во наведените постапки, се применува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Сите постапки од став (1) на овој член се водaт на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку судија, јавен обвинител, странка или друг учесник во постапката е лице кое зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија. Исто така, сите одлуки, писмена и други акти кои произлегуваат од постапките од став (1) на овој член се донесуваат и издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо доколку судија, јавен обвинител, странка или друг учесник во постапката е лице кое зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.
Во став (4) од овој член е пропишано и дека институциите наведени во став (1) на овој член се обврзани да овозможат превод на сите потребни документи и материјали, како и симултан превод на излагања, изјави и рочишта во работата или постапките што се водат. Необезбедувањето на превод на сите потребни документи и материјали, односно необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката преставува суштинска повреда на постапката.
Во став (6) е предвидено дека називите на институциите наведени во став (1) на овој член во Скопје и во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Во став (7) е пропишано дека во институциите наведени во ставот (1) на овој член со седиште во подрачје кое опфаќа повеќе основни судови од кои најмалку еден од нив се наоѓа во единица на локална самоуправа во кое се зборува службен јазик различен од македонскиот, а кој го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија, називите исто така ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Материјата за трошоците што настануваат од преведувањето за странките и учесниците во постапката, како и трошоците за судски преведувач што настануваат со примена на одредбите на овој закон се уредени во ставот 8 во кој е предвидено дека тие паѓаат на товар на средствата на Институциите наведени во ставот (1) на овој член.

Употреба на јазиците во постапките пред нотарите и пред извршителите

Во членот 10 е уредена употребата на јазиците во постапките пред нотарите и пред извршителите. Согласно овој член, во постапките пред нотар, нотарските исправи и заверки може да се издаваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо. Во постапките пред извршител доколку учесник е лице кое го зборува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија, налозите, заклучоците, записниците, службените белешки и другите акти на извршителите се издаваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.

Употреба на јазиците во сферата на извршувањето на санкциите

Во член 11 е регулирана материјата за употреба на јазиците во сферата наизвршувањето на санкциите. Имено, институциите надлежни за управување со институциите за извршување на санкции, како и самите институции надлежни за извршување на санкции се обврзани во комуникацијата и постапките да го применуваат македонскиот јазик и неговото писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо доколку лицето за кое станува збор зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија. Институциите надлежни за управување со институциите за извршување на санкции, како и институциите надлежни за извршување на санкции се обврзани да овозможат лицата кои се наоѓаат во овие институции да се обратат и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Употреба на јазиците во матичните евиденции

Во член 12 е пропишано дека матичните евиденции во Скопје и единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот се водат и на службениот јазик кој го зборува граѓанинот. Решенијата, изводите, потврдите како и другите акти се издаваат и на службениот јазик кој го зборува граѓанинот. Личните документи и патните исправи на граѓаните кои зборуваат на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, по службена должност се издаваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Јазикот и писмото на печатење на образецот на личната карта.

Во член 13 е уредена материјата за јазикот и писмото на печатење на образецот на личната карта. Имено, на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, образецот на личната карта се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат на личната карта се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Јазикот и писмото на печатење на образецот на пасошот и патниот лист

Во член 14 е уредена материјата за јазикот и писмото на печатење на образецот на пасошот и патниот лист. Имено, на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, на нивно барање, образецот на патната исправа и патниот лист се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, на нивно лично барање, податоците кои се внесуваат во патната исправа и во патниот лист се запишуваат и на тој јазик и писмо. На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Македонија, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Употреба на јазиците во  Државната изборна комисија и општинските изборни комисии

Во член 15 е пропишано дека на седниците на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии во Скопје и единиците на локална самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, при спроведување на изборите во работата и постапките на сите комисии и други тела и институции подеднакво се користат, употребуваат и применуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Употреба на јазиците за називите на  институциите, другите натписи и патокази

Во член 16 е уредено дека име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект во сите единици на локалната самоуправа каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, како и во Скопје се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и на јазиците што се општо прифатени од меѓународната заедница. На граничните премини на Република Македонија и аеродромите кои се наоѓаат на подрачјата каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик називите на институциите, другите натписи и патокази се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Употреба на јазикот во објавувањето на закони, подзаконски акти, одлуки и огласи од институциите во Службен весник на РМ

Во член 17 се предвидува дека сите закони, подзаконски акти, одлуки и огласи од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон кои што се објавуваат во Службен весник на Република Македонија се објавуваат на македонскиот јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија

Во член 18 е пропишано дека заради остварување на целите на овој закон, промовирање, заштита и воедначена примена на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо се основа Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице, надлежен за стандардизирање и воедначена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо со помошни тела за поддршка на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон како и сите други институции.) Директорот на Агенцијата го избира Владата на Република Македонија по претходно објавен јавен повик со мандат од 4 години со право на реизбор. Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи се вработуваат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Директорот ја претставува

Агенцијата, раководи со нејзината работа, ги врши работите определени со овој закон и донесува годишна програма за работа на Агенцијата. Директорот поднесува извештај за работата на Агенцијата до Владата на Република Македонија најмалку еднаш годишно до 31 март во тековната година за претходната година. Средствата за работа и функционирање на Агенцијата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.
Надлежности на Агенцијата се:
– поддршка на институциите во остварувањето на обврските од овој закон вклучувајќи превод и лекторирање на документи;
– лекторирање на сите акти што се објавуваат во Службен весник на Република Македонија;
– промовира и презема мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија;
– изготвување на извештаи за информирање на Владата на Република Македонија за спроведување на нејзините надлежности;
– за потребите на Владата на Република Македонија да подготвува стручно-аналитички материјали од своја надлежност;
– дава стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на
Република Македонија;
– други работи поврзани со спроведувањето на целите утврдени во овој закон.

Основање на  Инспекторатот за употреба на јазиците

Со членот 20 е пропишано дека за надзорот над целосно и доследно спроведување на одредбите на овој закон кои се однесуваат на употребата на јазиците, се формира Инспекторат за употреба на јазиците (во натамошниот текст: Инспекторатот), во состав на Министерство за правда со својство на правно лице. Инспекторатот ќе се регулира со посебен закон.

Мерки за промовирање на примената на сите службени јазици како и за гарантирање на заштитата на јазиците на другите заедници чиј мајчин јазик не е службен јазик

Во член 21 е пропишано дека Владата на Република Македонија и сите институции надлежни за спроведување на одредбите од овој закон, ќе донесат мерки за промовирање на примената на сите службени јазици како и за гарантирање на заштитата на јазиците на другите заедници чиј мајчин јазик не е службен јазик.

Прекршочна одговорност и глоби од 4.000 до 5.000 евра

Во член 23 се пропишани роковите за обврските на повеќе субјекти кои тие треба да ги преземат за имплементирање на законот. Имено, предвидено е во рок од една година од денот на влегувањето на сила на овој закон сите надлежни институции се обврзани да ги донесат подзаконските акти за спроведување на овој закон. Исто така, предвидено е во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон, институциите се обврзани да ги спроведуваат обврските наведени во член 7 од овој закон. Владата на Република Македонија веднаш после влегувањето во сила на овој закон ќе развие програма за покренување на јавната свест за примената на овој закон. Исто така, во овој член е предвидено дека во рок од една година одредбите од другите закони се усогласуваат со одредбите на овој закон. Во случај на неусогласеност на одредбите на овој закон со јазичните одредби на друг закон, органите се должни да ги применуваат одредбите од овој закон.
Со донесувањето на овој закон престанува да важи Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.101/08 и 100/11).

–ПРАВДИКО–
(This post was last modified: 15-01-2018, 03:12 AM by ЈорданПетровски.)
15-01-2018, 02:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Иванов: Донесов одлука да не го потпишам указот за Законот за јазиците

[Image: %D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0...%D0%B5.jpg]

17 јануари, 2018
Законот за употреба на јазиците е изгласан од страна на пратениците без јавна расправа, без научна дебата и без вклученост на академската и експертската јавност и опозицијата. Ова го истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов во неговото денешно обраќање кон нацијата, образложувајќи зошто донел одлука да не го потпише указот за Законот за употреба на јазиците.
„Уште пред да биде изгласан законот нагласив дека не е добро прашања кои веќе се апсолвирани повторно да се отвораат за добивање на краткорочни политички поени, а на штета на трајните интереси на Република Македониј и македонскиот народ“, рече Иванов.
Тој потсети на неговото последно годишно обраќање кога потенцирал дека законот е донесен со европско знаменце, без притоа да постои европска директива што налага усогласување на македонското со законодавството на Унијата.
„Со овој Закон Република Македонија ќе стане единствената европска држава која сама си поставува услови за членство во Унијата, кои никој не ги бара. За апсурдот да биде поголем, дури и укажувањата на претставниците на Европската Унија беа игнорирани. Европското знаме е злоупотребено за да се донесе закон со кој се менуваат системски закони кои пак се носат со двотретинско мнозинство“, рече претседателот, додавајќи дека со законот се воведува многу скап паралелизам што води кон целосна блокада на и нефукционалност.



17-01-2018, 10:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Иванов може да спречи јазична федерализација на Македонија

[Image: 101.jpg]

Колумна, понеделник, 15 јануари, д-р Јанко Бачев претседател на НДМ
Оправдан е стравот кај Македонците од јазичната федерализација како преодна етапа и до територијална федерализација или до кантонизација на земјата според мапата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет што му ја покажал на претседателот Иванов при нивната средба во претседателската резиденција, доколку изгласаниот Закон за употреба на јазиците влезе во сила.
Прашањето е, може ли да се спречи законот да влезе во сила. Мојот одговор е да, а тоа во моментот е во рацете на претседателот Иванов.
Што може да направи Иванов?
Најпрвин за познатите работи. Претседателот Иванов доколку не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот Иванов е должен да го потпише указот. Многу е веројатно дека Иванов ќе стави вето на законот, а Собранието без проблем повторно ќе го изгласа законот.
Меѓутоа, ваквата уставна определба е во контекст на вообичаеното функционирање на правниот поредок, во кој, Собранието донесува закони за сите области од општествениот живот. Меѓутоа, со законот за двојазичноста се отстапува од напред наведеното. Впрочем, ова недвосмислено и категорички го кажа Иванов во неговото редовно годишно обраќање во Собранието. Да потсетам, Иванов на 26 декември лани во Собранието рече: „Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик, туку тој претставува закана по унитарноста на државата. Законот го крши Уставот на Република Македонија“.
Оттука, во услови кога Иванов вели дека законот е закана по унитарноста на државата и го крши Уставот, тогаш како претседател на државата е должен да постапи според уставната одредба, со која, пред преземањето на должноста претседател, Иванов се заколна и обврза на почитување на Уставот.
Затоа, и по второто усвојување на законот во Собранието, претседателот Иванов не треба да го потпише указот, со што, законот нема да влезе во сила.
Значи, Иванов не треба да се држи до рестриктивното и строго граматичко читање на Уставот, бидејќи, националните и државните стандарди упатуваат на толкување на Уставот во насока на заштита на системот на државното уредување. Со други зборови, Иванов е должен да го брани уставниот поредок по секоја цена. Во спротивно, простата вистна вели дека доколку се сруши државата, тогаш сите ќе не затрупа во неа.

Оттука, кои се можните чекори доколку Иванов стави и второ вето и излезе од тесното и строго граматичко толкување на Уставот?
Многу е веројатно дека владините медиуми, шарените, наменските експерти и невладините организации на СДСМ... ќе дигнат голема медиумска галама дека Иванов со второ вето го крши уставот, прави државен удар и слично. Паралено, власта ќе се закани со покренување постапка за утврдување на одговорност на Иванов за кршење на Уставот или како што нашите американисти велат „импичмент“.
Постапката за утврдување на одговорност на Претседателот е утврдена со Деловникот на Собранието и Деловникот на Уставниот суд. Со првиот акт се регулира постапката за утврдување предлог за поведување постапка, а со вториот, донесувањето одлука за одговорноста на Претседателот.
Меѓутоа, Иванов ќе го издржи овој првичен удар во јавноста бидејќи речиси нема Македонец кој прифаќа редефинирање на државното уредување, а постапката за импичмент извесно е дека нема да успее оти постапка за утврдување на одговорност на претседателот за кршење на Уставот покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници до Уставниот суд - орган надлежен да одлучува за одговорност на Иванов за кршење на Уставот. Меѓутоа, власта го нема тој број на пратеници (двотретинско мнозинство) во Собранието.
Значи, двојазичноста нема да заживее доколку Иванов и по втор пат не го потпише указот за прогласување на законот, а власта и шарените слободно нека галамат дека Иванов го крши Уставот. Сега е најбитно да се добие во време, да се разводни и одолговлекува заживувањето на двојазичноста и на крајот ќе дојде успехот, но, за ова во наредна колумна.
Патем, во историјата на самостојна Македонија сме имале случаи кои не базираат на Уставот, а во двегодишната криза во која беше заглавена земјата се изнагледавме ситуации на кршење на уставот и законите, па, никој не се потресува од тоа.
На пример, Глигоров како претседател, спротивно на Уставот, во 1991 на двапати додели мандат на истата партија СДСМ, а со оглед на својата фактичка моќ во тоа време системот де факто го трансформира во систем на лично владеење. Трајковски како претседател во 2002 на двапати не го потпиша законот за пратеничките привилегии и со тоа се најде во ситуација пратениците да му организираат импичмент. СЈО е избрано надвор од уставните рамки, а признавањето на политичките бомби на СДСМ како доказ во судските процеси не се базира на правото, туку основата се изнајде во формулацијата „јавен интерес„ за прислушкуваните разговори. Во врска со мандатот на Заев имаше спремност за дерогирање на уставната одредба за должноста на Иванов да доделува мандат со образложение дека таа има само декларативно значење и оттука можело да се формира влада и без претседателски мандат...
Оттука, ако за вакви случаи сме имале пошироко толкување на Уставот, тогаш Иванов не треба да размислува и за второ вето на законот за употреба на јазиците заради заштита на поредокот утврден со Уставот, а кое нешто е немерливо во споредба со напред наведените случаи.
Во една претпоставена ситуација, американскиот амбасадор Џес Бејли како фактички гувернер на Македонија да ги построи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и преку нив да обезбеди двотретинско мнозинство за покренување одговорност на Иванов кај Уставниот суд, тогаш претседателот Иванов треба тактички да изигра со оставка на функцијата и повторно добивање во време и одолговлекување на работата, бидејќи, во таков случај започнуваат дејствија за вонредни претседателски избори, а што правиме доколку победи претседателски кандидат кој исто така не признава двојазичност.
Значи, Иванов може да спречи законот да влезе во сила со употреба на второ вето. Меѓутоа, ова претпоставува една претходна состојба на доволно храборост и решеност на Иванов до крај да го брани уставниот поредок на државата.
Можните последици за Иванов би биле, прво, веќе спомнатата постапка за импичмент која уште отсега е осудена на неуспех, бидјеќи власта нема двотретинско мнозинство во Собранието да ја покрене пред Уставниот суд, второ, Иванов да си поднесе оставка и губење на функцијата, која и така му е при крај, трето, да одолее на евентуалните притисоци од некој нов Хојт Ји, со што ќе покаже дека не е претседател на надворешни фактори, туку е претседател на Република Македонија. Дури, доколку има странски притисок, налик при доделувањето на мандатот на Заев, ете му прекрасна шанса на Иванов да го избрка странскиот емисар од претседателскиот кабинет и со тоа на крајот на својот мандат да си обезбеди достојно место во македонската историја.
Како и да е, убаво напиша професорот Стефан Влахов Мицов дека секој што сака да врши државни функции, треба да оди со својот некролог во џеб.
Значи, со непотпишувањето на указот и по втор пат за прогласување на законот за употреба на јазиците, Иванов ја спречува јазичната федерализација на земјата. Со тоа, Иванов како претседател не губи ништо, а Иванов како личност во македонската историја и Македонија и Македонците добиваат многу.
По повторното изгласување на законот во Собранието, на потег е претседателот Иванов!
18-01-2018, 01:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:ГРАЃАНСКИ ВОДИЧ НИЗ ЛАВИРИНТИТЕ НА НЕУСТАВНОСТА НА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ 2018

[Image: ristova_asterud_5-600x400.jpg]

НЕУСТАВНОСТ БР. 1: ДОНЕСУВАЊЕ ВО ЗАКОНОДАВНА ПОСТАПКА СО „ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ“

Согласно член 61(2) од Уставот, организацијата и функционирањето на Собранието на РМ се уредува со уставните одредби и со собраниски Деловник, што секако се однесува и на постапките за донесување закони.
Како што и е познато на јавноста , ЗУЈ 2018 беше донесен во собраниска законодавна постапка за закони со „европско знаменце“.
Аргументацијата што ја дава Владата/министерот за правда за (злоу)потребата на „европското знаменце“ во официјалното образложение на законот (во текстот на предлог-законот) е дека ЗУЈ 2018 „произлегува од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ“ (НПАА), а која ги содржи „сите клучни политики, одлуки и законски прописи, како и нивната динамика, кои се во насока на приближување на РМ во ЕУ“, а во таа смисла и „ имплементацијата на Рамковниот договор е нераскинливо поврзан со процесот на евроинтеграција на земјата за што говорат низата заклучоци на Советот на ЕУ изминатите години,“ па следствено, овој и ваков ЗУЈ бил ставен во НПАА во јули 2017 година (внимавајте, дури во јули 2017, цели 16 години по Рамковниот договор!). Меѓутоа, сето ова „образложение“ е чиста злоупотреба, и на НПАА, и на законодавната постапка со „европско знаменце„, по собранискиот Деловник (а и на владиниот)!
По својата содржина, ЗУЈ 2018 не преставува никаква „имплементација на Рамковниот договор“, туку негово сериозно пробивање и повреда на истиот , и по слово и по дух, како што беше објаснувано и како што ќе следи и ќе стане очигледно со последователните други аргументи за неуставноста на законот. Исто така, голема лага и злоупотреба е дека носењето на овој и ваков закон е нешто што го барала ЕУ. Ниту во „заклучоци на Советот на ЕУ изминатите години,“ ниту пак во било кој годишен Извештај на Европската комисија за напредокот на РМ во ЕУ, нема ниту едно зборче за нешто што и во најшироко нивно толкување може да се сфати и разбере како укажување или евроинтеграциско условување да се донесе баш ваков закон и со ваква содржина, секако за некаква си измислена недовршена „имплементација на Рамковниот“ во поглед на употребата на јазиците. Тоа, впрочем, е очигледно од самиот временски период од фантастични 16 години по Рамковниот договор да се носи овој и ваков закон, со ваква содржина, а кој , да беше како што тврди Владата/министерот во образложението, по својата тежина и важност, сигурно би бил меѓу првите приоритети и во првите години од „имплементацијата на Рамковниот договор“.
Значи, напротив, содржината и словото на Рамковниот договор во однос на ова прашање, како приоритет, како што ќе следи во натамошните продолженија на Водичот, беше и е изразена во уставот и во сите матични закони, и е нешто што се оживотворува во политичката и општествената реалност веќе со години наназад, сосе и со издвојување и трошење бајаги дел од јавните финансии. Уште повеќе, дури некој и да се тргнува од позиција на тоа дека има некаков пропуст, грешка или недоискажаност во спроведувањето на Рамковниот и уставот во „јазичниот аспект“, тоа се прави со измени и дополнувања во постојните релевантни закони и подзаконски акти. Но, зошто баш сето ова со законодавната постапка со „европско знаменце„? Во политичката мотивацијата за направената злоупотреба на законодавната постапка со „европското знаменце“ се засметани и пресметани и сите „погодности“ кои се врзани за ваквата законодавна постапка. Имено, нејзината „скратеност,“ што ќе рече, скратениот и смален политички „маневарски простор“ за спротиставување на зацртаната цел, како и потенцијалот за манипулација со „политичката психологија“ на јавноста во правец на тоа сето ова да и се продаде како нешто што наводно е нужно „за патот кон ЕУ„ , а нели, повеќето од таа и таква јавност, од засегнатото граѓанство, ги поддржува евроинтеграциите, што секако е крајно политички нечесно, буквално лажење и ниско експлоатирање на нивните политички аспирации, соништата и желби.
Надоврзано на ова е засметувањето на можноста за терминолошка шашма со терминологијата на „усогласување со правото на ЕУ“ која се користи во законодавните постапки со „евро знаменце“ во однос на поголемиот дел од граѓанството за кое се знае дека нема некакво подетално познавање на „правото на ЕУ“. Нашето граѓанство треба да си знае дека согласно т.н конститутивни договори на кои се заснова ЕУ (меѓународни меѓудржавни договори на кои се ратификувани потписнички сите држави-членки, и на кои се придружуваат сите нови кои влегуваат во членство), во комуникацијата меѓу државите-членки („долниот спрат на ЕУ„) и супранационалното ниво („горниот спрат на ЕУ„), „употребата на јазиците“во било која форма (службени јазици, јазични права на инидивидуалните граѓани, и сл.) на нивото на „долниот спрат“ на самите држави-членки е многу јасно и црно-на-бело проблематика на домашните „ уставни решенија на државите-членки“ во кои ЕУ не се меша.
Во самите договори на ЕУ се регулира употребата на службените јазици на државите-членки само на „горниот спрат„ на ЕУ (супранационалното ниво на ЕУ), како и во однос на комуникацијата меѓу „долниот“ и „горниот“ спрат на ЕУ, односно како самите држави-членки и нивното граѓанство имаат право да комуницираат со „горниот спрат“ и обратно. Патем, на ова прашање повторно ќе се навратиме кога ќе дојдеме до другите неуставни основи, особено во делот на употреба на јазиците во правните постапки и аспектите и последиците по она што се нарекува јазик на правото, а со тоа и најдиректно какви се лоши последици ќе има по остварување на правата и слободите на индивидуалните граѓан(к)и во правните постапки. А и во некој иден засебен текст, оти јасно е дека има големо сеење магла, неразбирање и неразграничување на проблематиката по линија на: службени јазици – државни уредувања; судски превод – службен јазик (на правото) по кои се водат правните постапки; службени јазици во самите држави – службени јазици во меѓународни институции и организации, па и во однос на специфични регионални правно-политички ентитети како што е ЕУ; и, службени јазици – јазични права на индивидуата/граѓанинот – индивидуален/семеен мултилингвизам.
Севкупно, ЗУЈ 2018 е злоупотреба на „имплементацијата на Рамковниот договор“ како политички услов на евроинтеграцијата на РМ за целите на погазување и пробивање на содржината на истиот, со злоупотреба на формата на собраниските ( но и владините) деловнички постапки за „европско знаменце“, спротивно уставниот основ и императив за нивно почитување, најакутно од аспект на нивната правна целесообразност ( целта за која се воведени и треба да служат вакви законодавни постапки, предвидени и регулирани со деловниците на Собр).
Патем, општо во правото, феноменот кога една правна форма се злоупотребува спротивно од целите за која е наменета, односно за остварување на некои сосема други и правно нелегитимни цели е познат како „злоупотреба на правото“. Секогаш кога се манифестира тој и таков феномен станува збор и за повреда и на уставното темелно начело за владеење на правото (член 8, алинеја 3), а токму тоа се случи и со ЗУЈ 2018 во делот на законодавната постапка со „европско знаменце“.
05-02-2018, 12:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Амандманите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците се преведени и архивирани




Амандманите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците се преведени и архивирани, соопшти Собранието.
„Сите амандмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент. Службата на Собранието уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија, сè до целосното завршување на процесот. Сите амандмани се преведени од страна на службата во Секторот за преведување на Собранието на Република Македонија“, соопшти Собранието.
Од таму додаваат дека со оглед на големиот број амандмани, истите потребно е да се разгледаат и да се постапи по нив согласно со одредбите на Деловникот за работа на Собранието, по што Законот за јазици ќе биде разгледан.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани. За нив Собранието требаше да почна расправа минатата недела, но точката беше тргната од дневен ред затоа што амандманите не беа преведени. Законот за јазици во трето читање треба да се врати на дневен ред откако Ѓорге Иванов одби да го потише и со низа забелешки го врати до пратениците.
06-02-2018, 02:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Џафери на неопределено ја одложи седницата за амандманите за јазиците

[Image: talat-dzaferi1-696x365.jpg]

06.03.2018
Претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи продолжението на 32. седница на која на дневен ред беа над 35.000 амандмани за Законот за јазиците. Почетокот на седницата се одложуваше во текот на целиот ден.
Седницата, според информациите од Собранието, ќе биде дополнително закажана.
Официјални информации зошто е одложено продолжението нема. Иако во текот на целиот ден имаше комуникација помеѓу претседателот на Собранието и пратеничките групи, не е постигнат договор како да се излезе од ситуацијата што ја предизвикаа амандманите поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
06-03-2018, 08:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Џафери им даде рок од една недела на партиите за Законот за јазиците

07.03.2018
Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде една недела на политичките партии да најдат решение за Законот за употреба на јазиците, затоа што можностите што тој ги имал се исцрпени.
Тој во емисијата „200“ на телевизијата Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35-те илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка. Тој предупреди дека Собранието не смее да биде заложник за никого. Вчера не дошло до решение за амандманите, бидејќи, како што наведе тој, некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот.


ДУИ ја турка Македонија во воен конфликт. Дали Заев ке успее својата желба за власт по секоја цена да ја заузда и да ја раскине коалицијата со ДУИ и со тоа да не прифати повторно безаконие за да се усвои законит за јазик и така се исполни уцената на ДУИ.
08-03-2018, 06:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:ВЕЌЕ Е...


08.03,2018
Веќе е видлива нервозата, меѓутоа и нестрпливоста, кај некои партиски радикали од албанскиот блок. Тоа е можен знак дека работите не одат во онаа насока во која очекувале дека ќе одат. Конкретно, во прашање е Законот за јазиците. Бујар Османи, човекот кој цело време се однесуваше како да е ледена маска, без видлива емоција на лицето (налик на легендарниот Бастер Китон) денес бараше (на прес-конференција) да му се преведува на албански јазик и на новинарските прашања да одговара на албански, макар што досега не само што не инсистираше на тоа, туку во јавноста беше и јавен преведувач на Али Ахмети, улога која не е толку достојна за политичар нод тој вид. Неговото денешно однесување може да значи (макар не е нужно) дека подот, за кој сметал дека е сосема стабилен, почнува да се ниша.
Од друга страна, Талат Џафери, според негова изјава, бил п о д г о т в е н (како од него сѐ да зависи!) да закаже уште една седница на која директно ќе се гласло за донесување на Законот за јазиците, без и да се п р и ф а т и разгледувањето на 35.000 амандмани, кои опозицијата ги поднесе, туку опозицијата ќе имала право само на процедурална забелешка, за да не се случело Собранието да стане нечиј заложник(!?) Притоа, овој господин заборава дека во Законот за Собранието на Реупублика Македонија (Член 38, став 3 и 4) децидно пишува: „(3) Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. (4) По повторното разгледување на законот, амандмани м о ж а т да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.“ Според тоа, нема што Џафери да сака или да не сака, туку тој мора да го спроведува Законот за Собранието и да дозволи расправа за поднесените амандмани. На овој план, не може да му помогне ни Маргарита Цаца, бидејќи Член 38 (став 3 и 4) е сосема јасен – расправа по амандманите може да има.
Клучното прашање, барем според мене, е зошто наеднаш таква нервоза и нестрпливост манифестираа Османи и Џафери. Има повеќе причини. Ќе наведам неколку.
(1) Притисок од ЕУ и НАТО, кои не ги интересира на кои јазици ќе сеговори, туку како ќе се реформира РМ.
(2) Секоја самовоља, изразена преку излитената фраза „I have a dream“ има свои граници.
(3) Секое трпение, макар било и македонско, има свои граници.
(4) Дел од парламентарното мнозиство полека сфаќа дека не може да се отстапува и тактизира до бескрај.
(5) Во прилог на претходново е и изјавата на Талат Џафери дека немало доволно гласови за да продолжи постапката, бидејќи некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за Законот. Уште покарактеристична е изјавата на Томислав Тунтев (координатор на пратеничката група на СДСМ) дека „Пратеничката група на СДСМ и коалицијата му дава шанса на д и ј а л о г о т. Веруваме дека само преку разговори, со коалициските партнери и со о п о з и ц и ј а т а, може да се изнајде решение. Очекуваме дека сите ќе ја препознаат важноста на моментот и ќе препознаат дека е неопходен дијалог во интерес на р е ф о р м и т е, кои се неопходни и услов за нашиот интегративен пат во ЕУ и НАТО.“
Нервозата што се манифестира кај албанските радикали говори дека постепено продира свеста (но, и совеста!) кај некои пратеници и политичари дека во името на интересот на одредени партии, или коалиции, не може сѐ да отиде јабана; дека ништо во овој свет не постои само за себе, само по себе и единствено за постоечкиот минлив момент, туку дека треба да се има свест за минатото, за сегашноста и (особено!) за иднината. Што значи, за целината.

Љубомир Цуцуловски фб статус
08-03-2018, 06:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:ДУИ со порака до СДСМ: Ако нема закон за јазици, ќе нема ни Влада

[Image: Dzevat-Ademi-i-DUI-1-bg_resize.jpg]

 09-03-2018
Недоразбирањата меѓу владините партнери ДУИ и СДСМ со секој поминат ден само се продлабочуваат. Владини извори брифираат дека партијата на Али Ахмети и натаму не попушта и законот за употреба на јазиците го смета за завршена работа. Од друга страна, социјалдемократите бараат време преку дијалог да се обидат да се договорат со ВМРО-ДПМНЕ која, пак, останува цврсто на ставот дека не ги повлекува 35. илјади амандмани.
Али Ахмети и неговата партија го предупредија премиерот Зоран Заев дека без договор за закон за албанскиот јазик ќе нема ни владина коалиција ни Влада. Иако се очекуваше, сепак извори блиски до ДУИ тврдат дека нивниот лидер Али Ахмети нема намера да седне на маса со премиерот Зоран Заев и да разговара на тема закон за јазици бидејќи истиот го сметаат за веќе завршена работа. Од ДУИ му порачаа на Заев наместо со Ахмети, да се сретне со Христијан Мицковски и да поразговараат околу амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Законот за јазиците е затворено прашање за ДУИ уште при формирањето на Владата. Овој закон е столб на владината коалиција. Законот ќе биде донесен многу скоро, со поддршка од СДСМ, и тоа во форма како што веќе е изгласан во Собранието, бидејќи таков е договорен со партијата на Заев при формирањето на Владата. Нема промена на нашите позиции, односно ќе нема амандманска расправа за законот“, изјави висок функционер на ДУИ. Истиот извор негира дека овој закон е кочница за работата на парламентот и дека вистинскиот виновник кој го кочи гласањето на клучните реформи што бараат најмалку 80 отсто гласови треба да се бара во редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Дека има внатрекоалициска криза меѓу СДСМ и ДУИ покажуваат и последните изјави на спикерот на Собранието, Талат Џафери, и контраизјавата на премиерот Заев. Џафери тврдеше дека поради двоумењето на неколку пратеници на социјалдемократите дали да гласаат за тој закон или не, бил принуден да ја одложи седницата на неопределено време, на што, пак, му реплицираше Заев со тврдење дека сите пратеници од неговата партија се спремни да го гласаат законот за јазиците.
Но дали Демократската унија на Албанците е во право што и натаму инсистира законот за јазици да биде донесен сега? Еден дел од политичките аналитичари за „Независен“ се согласуваат дека евроатлантскиот процес, но и самите граѓани се заложници на политичките партии и нивните лидери.
Аналитичарот Ќенан Алиу, освен што го критикува политичкото дејствување на ДУИ, предвидува дека проблемот со законот за јазиците ќе биде решен по одржувањето на предвремените парламентарни избори кои, според него, ќе се одржат заедно со претседателските избори идната година.
„Факт е дека граѓаните на Македонија и евроатлантскиот процес се заложници на политичките партии, поточно на политичкиот естаблишмент, кој е навлезен длабоко во криминалот и корупцијата. Кога сме кај законот за јазиците, очигледно е дека оваа ситуација покажа дека нешто не функционира меѓу коалициските партнери. Ова не е заради текстот кој веќе е изгласан, туку заради начинот на кој треба да се дејствува откако претседателот Ѓорѓе Иванов одби да стави свој потпис, а ВМРО поднесе илјадници амандмани. ДУИ не е во позиција да биде тврдоглава бидејќи таа самата е виновна за донесувањето на членот 173 од Деловникот за работа на Собранието кој овозможува за текст на закон кој е одбиен од претседателот да се поднесуваат амандмани. За жал, политичките партии не го гледаат интересот на граѓаните, туку партискиот интерес и поради оваа функционираат како криминални организации. Мое мислење е дека законот за јазиците ќе биде актуелен до новите предвремени парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат тие. И да не заборавиме дека ова што се случува е во синхронизација меѓу СДСМ и ВМРО, додека на ДУИ ѝ одговара помалку врева за законот, односно повеќе молк. ДУИ поради притисокот од меѓународниот фактор не може да ја напушти коалицијата, но нејзината тврдоглавост може да доведе до нова проширена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и другите албански партии. Оваа ситуација ќе продолжи до новите парламентарни избори кои следната година ќе се одржат во пакет со претседателските“, изјави Алиу.
Сопственикот на весникот „Лајм“, Фејзи Хајдари, има слично мислење. Според него, сите политички инциденти и кризи низ кои поминале Македонија и граѓаните во изминатиот период се вештачки креирани од политичките партии.
„Партиите на вештачки начин ги зголемуваат етничките тензии со цел да го одвлечат вниманието на народот од вистинските проблеми. Законот за употреба на јазиците (а не на албанскиот јазик, како што тврдат од ДУИ) заедно со измените можеле да бидат изгласани многу порано. Причината зошто ова се одолговлекува веќе ја знаат и врапците. Оваа стратегија што во Македонија е промовирана од страна на Ахмети и Груевски (или меѓу Муса Џафери и Мијалков) се покажа како многу неквалитетна и лоша. Накратко кажано, мислам дека не е време да се играат вакви игри сега. Решавањето на спорот за името, освен што треба да биде приоритет за Македонија, треба да биде приоритет и за целиот регион бидејќи ќе рефлектира стабилност кон сите регионални земји. ДУИ десет години ѝ помагаше на ВМРО-ДПМНЕ, но зачудувачки е што дури и денес, иако е во влада со СДСМ, таа и натаму ѝ помага на ВМРО и изгледа сѐ уште трае нивната ‘венчавка’. Ако навистина ДУИ сакаше да го официјализира албанскиот јазик, тоа ќе го направеше во 2002 година“, оцени Хајдари.
Сега се чека да измине дадената недела од страна на спикерот Џафери и да се смират страстите на политичките партии, за да се отвори можност да се седне на маса и да се најде заеднички јазик за законот за јазиците, за потоа да се откочи работата на Собранието и да се изгласаат другите закони потребни за реформите.

Блерим Исмаили
09-03-2018, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:14/03/2001 – 14/03/2018, коинциденција или провокација


[Image: -џафери.jpg?resize=696%2C418]

Голем број на корисници на социјалните мрежи денеска реагираат на социјалните мрежи реагираат за датумот на кој е закажана седницата на Собранието на кој што ќе се одлучува за Законот за јазици.
За дел од граѓаните 14 март е одбран од страна на спикерот Талат Џафери затоа што на тој ден во 2001 година започна воениот конфликт од пошироки размери а сегашниот спикер на парламентот беше дел од тогаш терористичката ОНА.
Имено на овој датум пред 15 години во Тетовско започнаа сериозни престрелки меѓу ОНА и македонската полиција што се смета за неформален почеток на конфликтот во Македонија.
За други граѓани спикерот на парламентот немал никаква намера да провоцира туку се држел до роковите согласно деловникот на Собранието.
Според нив во датумот 14 март нема никаква симболика и поврзаност со 2001 година затоа што војната во Македонија започнала со нападот на полициската станица Теарце во февруари 2001 година а не со нападот на полицијата во Тетово.
14-03-2018, 02:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Шверцувањето на двојазичноста и „џебното вето“ на Претседателот

доц. д-р Димитар Апасиев 
[Image: dimitar-apasiev200x250.jpg]
14.03,2018
Ако се држиме само до правните аспекти на носењето на Законот за употреба на јазиците, недозволиво и правно невозможно е со т.н. обичен закон да се уредува правна материја за чие регулирање e потребно минимум квалификувано мнозинство гласови по сила на устав, претседателот на Собранието има само два избора: или пратениците ќе мора да ги разгледуваат 35.000 амандамни или законот ќе мора да падне во заборав, додека пак претседателот на државата ќе има право да се повика на т.н. џебно вето.
Повод за овој блог е најавата на некои челници на ДУИ, вклучително и на актуелниот претседател на Собранието на РМ – Талат Џафери, дека намерава, дрско и противуставно, да ја прекрши легислативната постапка за носење на непопуларниот иритирачки Закон за употреба на јазиците и истиот да биде донесен „на мускули“ – на еден доста силеџиски, итромански и досега невиден начин – заобиколувајќи ја расправата за опозициските амандмани. Затоа, во продолжение, ќе се обидеме да ги оставиме на страна политичките реперкусии на овој контроверзен закон, држејќи се притоа само до правните аспекти на неговото носење...
Законот за јазиците е типичен пример за „тиранија на малцинството“
Најпрво, околу самиот пежоративно наречен „Закон за двојазичност“. Стручната и длабинска анализа на законскиот текст покажува дека е пишуван од прилично слаби правници, без елементарно номотехничко знаење. Тој е неконзистентен правен пропис кој буквално меша „баби и жаби“, па логично е што изобилува со толку многу противуставни одредби, при што самото нивно набројување би ни одзело простор колку за една магистерска теза
Но, сепак, за илустрација на лаичката јавност, би елаборирале само една флагрантна поврeда на основните правни принципи и фунадаментални начела кои ги содржи овој небулозен закон „со срцева мана“. Имено, во правото ниту се видело, ниту се чуло со обичен закон да менувате системски/органски закони! Членовите од предметниов Закон кои се однесуваат на функционалното процесно право, односно на судските постапки, се противуставни par excellence, затоа што во чл. 98, поточно во првата точка на Амандманот XXV (2005) на Уставот на РМ, изрично и со императивна и безрезервна правна норма се вели дека: „Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“ (квалификуван правен режим на ius cogens)! Според ова, argumentum a fortiori, недозволиво и правно невозможно е со т.н. обичен закон – кој de iure и de facto може да се донесе со релативно мнозинство гласови, односно со најмалку 40 пратеници – да се уредува правна материја за чие регулирање e потребно минимум квалификувано мнозинство гласови, односно најмалку 80 пратеници по сила на устав (ex constitutionis)! За другите, над дваесетина, противуставни одредби содржани во овој закон, со оглед на расположливиот простор, ќе пишуваме во некоја следна прилика.
Амандманите мора да се разгледуваат или законот да падне во заборав
Во поглед на прашањето за (не)разгледување на опозициските амандмани, кои патем речено се уредно и благовремено поднесени и архивирани, пречистениот текст на Деловникот на Собранието на РМ (2013) е сосема јасен: „По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката“ [чл. 173, ст.3]! Ова, во случајов е целосно испочитувано – бидејќи амандманите на опозициската ДПМНЕ се стратешки добро осмислени и тактички поднесени токму во врска со деветнаесетте законски члена на кои, претходно, претседателот веќе даде писмени забелешки [особено за чл. 1-14, чл. 16-17 и чл. 22-24].
Впрочем, иако станува збор за рекорден број амандмани – околу 35.000, слично како и 15.500 амандмани на ДУИ поднесени за т.н. Закон за бранители (2012) кој никогаш и не се донесе – претседателот на Собранието има само два правно издржани легислативни избора: (1) или тие ќе мора да се разгледуваат – што реално би значело парализа на работата на Собранието во догледен период од најмалку шест-седум месеци; или, пак, (2) законот ќе мора да падне во заборав – односно да биде „избришан од сеќавањето на народот“ (damnatio memoriae) и оваа негова нацрт-верзија никогаш повеќе да не се стави на дневен ред на пленарна собраниска седница!
Вторава опција се чини поисправна, затоа што Собранието in concreto падна во задоцнување, бидејќи веќе е пробиен максималниот рок од триесет дена во кој владејачкото мнозинство имаше процедурално право да го преразгледа вратениот закон од страна на шефот на државата: „Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето“ [чл. 173, ст.2 од Деловникот]! Бидејќи законот е донесен на 11 јануари 2018, триесетдневниот рок – согласно општоважечките правила за сметање на времето (т.н. цивилна компутација на рокови) – истече на ден 11 февруари 2018, до кога законот требаше и мораше повторно да се усвои со апсолутно мнозинство гласови. За разлика од другите прескриптивни рокови, кога станува збор за ваков законски, незапирлив, објективен, непроменлив, позитивен, перемпторен и преклузивен рок (етимолошки доаѓа од латинското praecludо = „заклучува/затвора“), базична одлика е тоа што неговото непочитување има екстинктивна, т.е. погасувачка правна природа – односно се губи и самото право кое што е орочено: во случајов, тоа е правото на Собранието повторно да го донесе истиот ветиран закон во неизменета форма!
[Image: svercuvanjeto-na-dvojazicnosta-i-dzebnot...atelot.jpg]
Извор: faktor.mk

Претседателот може да употреби и т.н. џебно вето
Интересен е фактот дека правото на вето на шефот на државата е регулирано во уставниот оддел посветен на Собранието на РМ [член 75], а не како што би се очекувало во одделот посветен на Претседателот на РМ – што несомнено ја потврдува констатацијата дека ветото има легислативна функција и е дел од законодавната постапка. Со други зборови, промулгацијата (лат. promulgatio = „обнародување“, т.е. потпишување на указот за прогласување на законот) претставува претфинален чин при донесувањето на законите, кој ѝ претходи на „публикацијата“ (publicatio), односно на конечното обзнанување/објавување на законот во Службен весник. Или, поинаку кажано, ако нема указ – нема ни закон! Оти законот се смета за дефинитивно донесен единствено кога претседателот на Републиката, своерачно, ќе го потпише указот за негово прогласување. Тогаш и само тогаш, конкретниот закон, кој претходно бил изгласан, може да биде објавен, а подоцна и да влезе во сила (urbi et orbi). Значи, без указот – кој, всушност, има конститутивно дејство на пораѓање на законот – законот сè уште го нема: тој не постои и, следствено, не ни може да произведе никакво правно дејство.
Во досегашната уставно-правна историја на независна Македонија, не постои ниту еден единствен случај закон да биде објавен и да почне да се применува без потпис од шефот на државата! Досегашните четворица претседатели на Републиката го употребувале правото на суспензивно вето во повеќе ситуации:
(а) првиот претседател Киро Глигоров, во првиот свој мандат го нема употребено правото на вето; додека, пак, во текот на неговиот втор мандат го има употребено вкупно четири пати [два пати во 1997 и по еднаш во 1998 и во 1999 год.];
(б) вториот претседател Борис Трајковски, за време на својот мандат, правото на вето го има употребено вкупно шест пати [еднаш во 2001 и пет пати во 2003 год.];
(в) третиот претседател Бранко Црвенковски е рекордер во користењето на ова право, бидејќи во единствениот свој мандат го има употребено дури десет пати [еднаш во 2005, два пати во 2006 и седум пати во 2008 год.]! Да потсетиме дека претседателот Црвенковски стави вето на претходниот Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Македонија и во единиците на локалната самоуправа (4.08.2008) – кој беше далеку побениген и понеопасен во споредба со овој најнов октроиран лингвистички закон; и, конечно,
(г) последниот, четврти македонски претседател Ѓорѓе Иванов беше единствениот кој во своите два мандата воопшто го немаше употребено ова негово уставно право, а да не беше спорниов Закон за јазици [2018] прашање е дали воопшто и ќе го употребеше.
Во еден хипотетички случај на владина инструментализација на Собранието на РМ и носење на Законот за јазиците „прекутрупа“, односно со флагрантно кршење на процедурата, претседателот на Републиката – поставувајќи се како своевиден „татко на нацијата“ и чувар на институционалниот баланс меѓу централните органи на власта – ќе има право да се повика на досегашните уставноправни преседани на употреба на она што, во конституционата теорија, е познато под називот џебно вето или т.н. „вето во фиока“.
Имено, за разлика од суспензивното вето – кое само привремено ја одолговлекува законодавната постапка – џебното вето, употребено во крајна нужда, може целосно да го блокира донесувањето на законот и de facto да го закочи законодавниот процес! Тоа е можна ситуација во мешовитите парламентарни системи, каков што е и нашиот, кога Претседателот, како инокосен извршен орган чиј легитимитет – исто како и оној на Собранието – е добиен на непосредни избори и извира директно од народот, ќе одлучи и по втор пат да не го потпише указот за законот, иако на тоа го обврзува Уставот [чл. 75, ст.3]. Впрочем, ако ги споредиме апсолутните бројки, ќе видиме дека легитимитетот на актуелниов претседател е дури и поголем од оној на моменталната владејачка коалиција: 534.919 избирачи кои гласале за Иванов, наспроти 436.981 освоени гласови на СДСМ и 86.796 гласови на ДУИ.
Општествениот интерес е секогаш пред партискиот
Да појасниме: во случајов на нашиот Устав на РМ (1991), станува збор за она што, уште од Римското право, во јуристичката теорија е познато како т.н. несовршен закон (lex imperfecta), односно правна норма која: прво – не содржи никаква санкција во случај на непочитување на оваа уставна должност; и второ – нема предвидено никаков прецизен уставен рок во кој претседателот е должен да го потпише законот со кој не се согласува.
За разлика од суспензивното вето ставено по прв пат, кога претседателот вообичаено го известува Собранието за причините поради кои не го потпишува указот – иако на тоа не е изрично обврзан; во случајот на џебното вето, ставено по втор пат на еден ист закон, претседателот вообичаено молчи и на тој начин „молчејќи зборува“, односно го чува законот во фиока и тој не може воопшто да се објави. Ова свесно кршење на Уставот има своја јуснатуралистичка, односно природно-правна позадина и се оправдува со постигнување на некоја благородна и повозвишена цел – заштита на поширокиот општествен интерес (utilitas publica). Тука, всушност, претседателот ризикува да биде прозван со импичмент, т.е. повикан на одговорност за кршење на уставот и законите [по чл. 87 од УРМ], но истовремено – дури и по цена да ја изгуби функцијата – етички доследно сака да ја алармира јавноста за непропорционалноста и штетноста од донесувањето на конкретниот закон. Гледано компаративно-правно, во суштина, станува збор за вистинско витештво во борбата за добри и уставни закони и за маневар кон анимирање на јавноста, со цел вршење притисок врз законодавецот – тој, во иднина, да не се однесува арбитрарно, неодговорно и противуставно.
Оваа наша уставна празнина досега беше [зло]употребена во два наврата: прв пат во 1997 – кога претседателот Глигоров одби да го потпише Законот за кривична постапка, иако истиот се носи со двотретинско мнозинство гласови; и втор пат во 2001 – кога претседателот Трајковски два пати одби да го потпише неморалниот и екстремно привилегирачки Закон за пратеници, кој потоа не влезе во сила! Оттука, бидејќи веќе има воспоставено прецедентно право (англ. Case law) за оваа сложена уставнoправна материја, не би постоеле правни пречки таа – во конкретиов случај на противуставниот Закон за употреба на јазиците – in flagrante да може да се употреби и по трет пат, особено што тоа ќе биде во име на јавната полза и заштита на општиот интерес на граѓаните и на АСНОМскиот и унитарен карактер на Републиката.

respublica
14-03-2018, 01:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Мнозинството го донесе Законот за јазиците


14.03.2018

Собранието со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа.
За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот.
Пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат гласањето по законот и да побараат процедурално да се обратат, но Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и со обезбедување излезе од пленарната сала.
Претходно по обидот на Џафери да ја отвори точката, пратениците од опозицијата, меѓу кои и поранешниот лидер Никола Груевски излегоа на говорницата, по што Џафери даде пауза од 15 минути.
Во Собранието обезбедувањето спречи физичка пресметка меѓу Џафери и Груевски, кој му истури вода на Џафери и му ја извади картичката.
На денешното продолжение на 32. седница претседателот Џафери ја прескокна осмата точка, за Законот за употреба на јазиците и продолжи со читање по останатите точки.
Седницата беше прекината од претседателот Џафери за одржување на координативна средба со пратениците, но опозицијата не учествуваше.
Пратеникот Данев Драган претходно извести дека имало груба манипулација и дека немало никаква координација за време на получасовната пауза во Собранието. Тој побара почитување на деловникот за работа и свикување на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања за да расправа дали тие имаат деловничко право да поднесат и да расправаат за амандманите за Законот за јазиците.
Данев до Џафери, како што претходно известија од ВМРО-ДПМНЕ, требаше писмено да достави две барања и тоа Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања да расправа дали тие имаат деловничко право да поднесат и да расправаат за амандманите за Законот за јазиците и на продолжението на 32. седница да се отвори расправа за над 35.000 амандмани за законот поднесени од нив.
14-03-2018, 05:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Quote:ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА






Почитувани граѓани,
Најпрво, би сакал да се обратам до народните избраници во Собранието на Република Македонија.
Кога го вратив Законот за употреба на јазиците, детално и правно ја образложив мојата одлука. Побарав од вас внимателно да ги разгледате моите забелешки и очекував да постапите одговорно, совесно и како што налага Деловникот на Собранието.
Внимателно го следев вашето делување во собраниските комисии и на пленарните седници.
Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан.
Не само што го злоупотребивте европското знаме на овој закон, туку ги прекршивте и сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење.
Во ниту еден момент не побаравте консултации со науката и надлежните институции кои се најповикани да дадат свое мислење по прашањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија.
Така не се води држава.
Така не се остваруваат нашите стратешки цели.
Така не се почитува Уставот, нешто на што се заколнавте при стапувањето на вашата исклучително одговорна општествена функција.
Почитувани,
Во периодот на доделувањето на мандатот на сегашниот премиер, во неколку наврати јасно и јавно укажав дека прашањето на употреба на албанскиот јазик не смее да го загрози уставното уредување на Република Македонија.
Од тие причини, од тогашниот мандатар, а сегашен премиер, побарав да добијам писмени гаранции дека новата коалициска влада, со своите политички мотивирани потези, нема да го загрози суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија.
Гаранциите беа дадени, но не беа испочитувани.
Законот за употреба на јазиците, на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите. Во услови на блокада на институциите, голема е веројатноста да се отвори прашањето за редефинирање на нашето уставно уредување.
Законот за употреба на јазиците е неправеден и репресивен закон, кој фаворизира само еден јазик. Ваков закон ќе ги продлабочи меѓуетничките тензии и претставува закана по меѓуетничкиот соживот.
Почитувани граѓани,
Преминат е предвидениот рок од 30 дена за отворање на собраниската дебата, заобиколена е расправата по пратеничките амандмани на опозицијата, игнорирани се советите од Европската Унија, повреден е Уставот на Република Македонија и деловникот за работа на Собранието.
И по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен, овој закон не е израз на демократијата. Овој закон е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство врз мнозинството граѓани на Република Македонија. Мнозинството граѓани никогаш не гласале ниту некогаш би гласале за политичка програма во која е предвиден ваков противуставен, анти-државен и суштински неправеден закон. А неправедниот закон и не заслужува да се нарече закон.
Како Претседател на Република Македонија јас ова нема да го дозволам.
Затоа, нема да потпишам Указ за прогласување на закон кој е донесен на ваков начин. Закон со кој се злоупотреби европското знаме, закон за кој не се водеше дебата по амандманите кои произлегоа од моите укажувања, закон кој се изгласа вон сите процедури, закон кој е противуставен и закон кој ги крши дадените гаранции.
Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон.
(This post was last modified: 15-03-2018, 02:19 AM by ЈорданПетровски.)
14-03-2018, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:Кривична пријава за Талат Џафери, Законот не го признаваме, Уставниот суд има обврска да ја заштити уставноста во државата






Кривична пријава за претседателот на Собранието Талат Џафери и иницијатива за оценува на уставноста на Законот за јазици до Уставниот суд ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ, информираше на прес конференција претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Денес СДСМ, Зоран Заев и владејчкото мнозинство ја поништија волјата на граѓаните. Овој чекор на СДСМ е само патување кон дното во кое сакаат да не понесат сите нас.
Од оваа одлука, никој ниту денес ниту утре ќе живее подобро. Само затоа што две партии меѓусебно се договориле, изгласаа кој е неуставен, неприменлив и штетен.
Договор меѓу две партии СДСМ-ДУИ, но тоа не е договор одобрен од граѓаните, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека не е погазено само правото, а ваквиот чекор на носење на закон е удар и врз соживот.
-Некој свесно не турнува одново во непосакувано сценарио во кое влогот е Реепублика Макеоднија.
Држава во која правото не владее и не е приоритет. Беззаконието станува практика и начин на управување. На оваа влада најсилен приоритет и стануваат договорите штетни за државата, но не и економскиот раст и европската иднина.
Власта претходно ги одби и остана нема на сите наши напори да не се донесе овој закојн и да се исбегне ова сценарио, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
(This post was last modified: 15-03-2018, 02:19 AM by ЈорданПетровски.)
15-03-2018, 02:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39









18-03-2018, 12:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

Quote:Венециската комисија смета дека украинскиот јазик е основа за кохезија на украинското општество

Сите забелешки и предлози на експертите на Венециската комисија на македонскиот Закон за употребата на јазиците ќе бидат прифатени и применети. Ова го велат од Владата пред испраќањето на веќе изгласаниот закон на рецензија на ова советодавно тело на Советот на Европа. Експертите на Венециската комисија за нацрт-законот во Украина се согласиле дека украинскиот јазик е основа за кохезија на украинското општество и за заемно разбирање на нејзините членови.
[Image: mkd-367303.jpg?itok=zV2NsErh]

20.03.2018
Коалициските партнери во Владата на Република Македонија се договориле дека ќе ги  прифатат и ќе ги имплементираат сите забелешки што ќе ги даде Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците. Од Владата информираат дека сите препораки од Венециската комисија ќе бидат инкорпорирани во законот со амандмани.
Миле Бошњаковски, владиниот портпарол вели дека Законот за употреба на јазиците ќе биде навремено испратен и дека е постигнат политички договор помеѓу коалициските партнери да ги прифатат и да ги имплементираат сите забелешки што ќе ги даде комисијата.
Главната дилема за овој законски проект, според македонските експерти е усогласеноста на законот со Уставот на Република Македонија и со стандардите на ЕУ.
Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија исто така очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венециската комисија и дека спроведувањето на законот мора да биде во согласност со европските стандарди.
Според мислењето за употребата на украинскиот јазик во Украина, Венециската комисија смета дека „втората цел на предлог-законот е 'зајакнување на статусот на украинскиот јазик како еден од клучните компоненти на националниот идентитет на украинскиот народ и гаранција за нејзиниот национален суверенитет'. Оваа цел е во целосна согласност со членот 10 од Уставот.... Како Венециска комисија, разбираме дека членот 10 беше воведен во 1996 година во Уставот на Украина како уставно изразување на волјата за заштита и промовирање на украинскиот јазик како основа за кохезија на украинското општество и заемно разбирање на нејзините членови“, пишува во мислењето на Венециската комисија од 30 март 2011 година на предлогот на законот за јазиците во Украина.
И во една друга ситуација за употребата на украинскиот јазик во образованието, во декември 2017 година, Венециската комисија објави дека е легитимна и препорачлива целта на државите да го промовираат зајакнувањето на употребата на државниот јазик од сите нејзини граѓани и да презема акции тој јазик да биде изучуван од сите, како начин за решавање на постоечките нееднаквости и за поедноставно и поефикасно интегрирање на лицата кои припаѓаат на националните малцинства во општеството.




Quote: V. The strengthening of the status of Ukrainian as the state language of Ukraine A. The status of the State language in the Constitution and in international law 49. The second aim of the Draft Law is “the strengthening of the status of the Ukrainian language as one of the crucial components of national identity of the Ukrainian people and a guarantee of its national sovereignty.” This aim is in full compliance with Article 10 of the Constitution (see paragraph 13 above). 50. As the Venice Commission understands it, Article 10 was introduced in 1996 in the Ukrainian Constitution as the constitutional expression of the will to protect and to promote the Ukrainian language as the basis of the cohesion of the Ukrainian society and the mutual understanding of its members.“
(This post was last modified: 20-03-2018, 02:20 PM by ЈорданПетровски.)
20-03-2018, 02:19 PM
Reply