Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ НА ЗАЕВ !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Академик Катица Ќулавкова: За Законот за јазици не се консултирани МАНУ, Филолошки, ниту Институтот за македонски јазик


11/08/2017




[Image: Katica-Kjulavkova-1.jpg]

Професорката и академик Катица Ќулавкова за Фокус напиша поширока анализа за најавениот предлог Закон за јазици како и состојбата на македонскиот јазик во општеството. Во продолжение прочитајте ја нејзината колумна:

Предлог законот за употреба на јазиците во РМ на Владата на РМ треба да се разгледува во поширок контекст за да се сфати неговото значење и влијанието, вклучително и последиците што тој ќе ги предизвика врз унитарноста на државата и општествениот интегритет на Р. Македонија.
Прво, веќе 16 години се зборува за примена на одредбите од Охридскиот рамковен договор а тие се имплементираа во Уставните амандмани од ноември 2001 година и со тоа референтна рамка повеќе не е Охридскиот рамковен договор кој беше партиски, туку Уставот на РМ донесен од Собранието на РМ по итна постапка и без референдум, што е голем пропуст за вакви радикални измени на државното уредување на РМ.
Второ, Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа е усвоен на 4 август 2008 година и со тоа албанскиот јазик е воведен како втор службен јазик во РМ, со што оваа тема требаше да се симне од дневен ред. Тој Закон е толку подробен и радикален и пресретлив по однос на барањата на македонските Албанци, што требаше да ја заврши приказната со јазичните права и да не дозволи таа да ескалира од проект на јазични права во некој друг стратешки индикативен политички проект.
Трето, ако и треба да се ревидира или дополнува Законот за јазиците, тогаш треба тоа да се однесува на примената на законските одредби за македонскиот јазик, а не да се врши политички постизборен притисок за проширување на правата на албанскиот јазик како јазик што го зборува малцинска популација од 20% (според Уставот). Имено, знаеме дека македонскиот јазик во практиката повеќе не го обединува општеството како целина, ни етничките заедници кои живеат во РМ, туку сè повеќе се маргинализира и се заменува со албанскиот. Тоа е очигледно во основното и високото образование, па и во високото, потем во медиумите и културата, во политиката и други области.
Овде треба да се има предвид и фактот дека за опстанокот и развојот на еден јазик се грижат државни институции, во спротивно тој ќе биде препуштен на стихија и заборав. Но, познато е дека за албанскиот јазик се грижат и државните институции во Албанија и Косово, така што тој не е загрозен, напротив. Од друга страна, македонскиот јазик е домицилен само во РМ, во соседните држави е или негиран или маргинализиран тотално, па ако се маргинализира и во самата РМ, тогаш тој ќе се соочи со процес на историска разградба односно ќе ги губи говорителите и живата македонска реч нема да доживее натамошен подем. Ние и онака имаме проблем со поддршка на научното проучување на македонскиот јазик кој беше запоставен сосема во време на владеењето на ВМРО. Да биде иронијата поголема, Владата на ВМРО ја прогласи 2008 година за година на македонскиот јазик, а во исто време го донесе,, крајно нетранспарентно, законот за јазиците со којшто се стесни просторот на учење и користење на македонскиот јазик во РМ.
Освен тоа, Законот за основно образование и Законот за средно образование донесени во време на владеењето на коалицијата ВМРО и ДУИ (т.н. консолидирани верзии на тие закони се достапни на Интернет заклучно со 2016 година) допуштија сепарација на учениците по јазична, а имплицитно и по етничка основа, затоа што наставата се изведува одделно за етничките Македонци на македонски, а за македонските Албанци на албански, при што со еден став се предвидува да биде воведена за оваа категорија и предмет македонски јазик. Реалноста покажува дека младите Албанци во РМ кога ќе дојдат на факултет не го познаваат македонскиот јазик и дури на таа возраст запишуваат почетен курс по македонски, што говори дека учењето на македонскиот во предучилишното, основното, и средното образование не се почитува. Ваквиот образовен систем создава редовно и систематски нови генерации кои припаѓаат на различни идентитети и светови со многу малку дијалог и разбирање меѓу себе. Тие два оддвоени света со тек на време ќе предизвикаат дополнителни сепарации и отуѓувања меѓу македонските граѓани врз етничка основа а во голема мера и врз религиска, затоа што едновремено во Македонија се одвиваат и многу загрижувачки процеси на планот на религиските идентитети и практики.
Законот за средно образование поттикна и други непримерени процеси со последица врз постојниот состав на населението на локално рамниште, затоа што предвидува и за само неколку пријавени лица/ученици да се воведе настава на албански јазик за што се изделуваат посебни средства, методи, се обезбедуваат дополнително кадри и сл. Што го прави образовниот систем сложен и неекономичен, а комуникацијата/општењето меѓу младите со различно јазично-етничко потекло отежната. Се создаваат услови за системска енклавизација на населението. Под превезот на јазични права всушност се дезинтегрира македонското граѓанско општество и се создава една гломазна администрација, една скапа и нефункционална државна апаратура и процедура. Наместо учениците да се запишат во најблиското средно училиште каде што веќе постои настава на албански јазик, РМ создава нови нерентабилни и симптоматични училишни форми.
Четврто, од 2001 до денес се донесени и други законски акти со коишто директно и индиректно се влијае врз државното уредување на РМ и има импликации врз идентитетот на Република Македонија, а исто така и ги загрозува стекнатите јазични и културни права на македонскиот народ. Обично се вели дека еднаш стекнато право не се губи, ама фактички Македонците ги губат систематски стекнатите права и тоа веќе создава колективна и индивидуална анксиозност меѓу нив. Тука најмногу алудирам на Законот за територијална организација и на Законот за превод на топонимите во РМ. Законот за територијална реорганизација требаше да супституира одредени облици на кантонизација на територијалната целина на РМ, но всушност се направи врз сомнителни начела, при што многу градови, вклучително и Скопје и Струга, станаа градови во коишто живее албанско населени со минимум 20% благодарение на комбинациите и математиките со приградското и селското население. Со тоа се создадоа услови за дополнително усложнување на функционирањето на државните институции и се проширија јазичните права од локални до републички, од човекови и индивидуални права до политичка борба без крај за етнички престиж и за популистичко манипулирање со избирачкото тело.
Тука мислам и на Законот, претходно донесен, за основање политички партии врз етнички принцип кој генерира, иницијално, веќе две децении, дезинтегративни процеси во државата, парадоксални и гротексни политички сценарија и ситуации. Законот за топонимите го сметам за облик на јазичен геноцид оти топонимите кои со илјадници години постоеле на една територија не смеат да се преведуваат на друг јазик туку само да се транслитерираат буква по буква на друго, латинично писмо. Кај нас се преведоа на албански и згора на тоа македонските топоними или се бришат или ги нема или се на второ место поставени и сл. За топонимите имам цела студија напишано, за парадоксите на независна Македонија исто така, тие се достапни во моите книги есеи и студии од последниве неколку години.
Кон крајот на 90-тите години на 20 век ОБСЕ (Високиот Комесаријат) подготви неколку акти во вид на препораки за уредување на статусот на малцинските јазици во некои, главно, новоформирани држави или етнички и јазично сложени држави. Со тие препораки всушност се добива еден меѓународен референтен поттик и прирачник за уредување на јазичните права, што ја олеснува постапката на воведување двојазичност и мултијазичност во некои држави. Тоа влијае и врз состојбите во РМ, која постепено, етапа по етапа, од мултиетничка, се преобразува во двоетничка, односно двонационална држава. Индикативно, за мене лично, е тоа што албанскиот политички фактор и стручниот аналитички дискурс повеќе не се залага за кантонизација на РМ по примерот на Швајцарија, туку сугерира, не толку транспарентно, ама не и дискретно, проширување на присуството и моќта на албанскиот јазичен, популациски и идентитетски комплекс на територијата на целата држава. Ако знаеме дека тие се раководат регионално и долгорочно историски според Призренската лига од 19 век, тогаш современите и актуелни политички потези би требало да ги толкуваме во светлина на сеалбанската стратегија која е култна и од којашто тие нема да отстапат.
Е, сега, го имаме најновиот текст на (предлог верзијата) на Законот за јазиците, кој стана предмет на преговори, сопнувања, полемики и ветувања во постизборниот период, значи главно од крајот на 2016 и почетокот на 2017 година, кога беа официјализирани изборните резултати и беше јасно дека ни една од двете најголеми македонски политички партии, СДСМ и ВМРО не можат да формираат стабилно парламентарно мнозинство и Влада без договор и отстапки пред албанскиот фактор. Во склад со нивната долгорочна стратегија, тие извршија притисок врз натамошна радикализација на јазичните права. Оваа радикализација се огледа во настојувањето јазичните права да го надминат човечкиот фактор, да не бидат само право на субјектите/граѓаните кои зборуваат, учат, комуницираат, стопанисуваат и сл. на албански јазик, туку се залагаат пристрасно и безусловно на поврзување на јазичните права со идентитетските обележја и симболи на државата Р. Македонија, на сите рамништа, од елементарно, до локално и републичко/државно (при што самите, често, користат симболи на друга држава и не ги почитуваат македонските државни симболи, го потценуваат македонскиот јазик одбивајќи да го користат на медиумите и во јавноста). Да не е така, зошто би им било потребно албанскиот јазик да биде впишан (со иста величина на словата) врз сите беџови, симболи, униформи, пари, титули, фирми, во администрацијата и сл.?
Таквата заложба укажува на стратегија која спроведува идентитетска трансформација и демакедонизација на македонската држава. Последиците од примената на таквите одредби во практиката ќе го смени и меѓународниот идентитет на РМ и таа ќе го изгуби/сама ќе си го укине правото да инсистира пред ОН на македонска национална лична карта во личната карта на ОН (македонски народ, македонски јазик). Нема сомнение дека таа лична карта ќе претрпи измена, како што модифицираното име кое најверојатно за кусо време ќе се договори со Грција постапно ќе се дефинира во двонационална и двојазична смисла.
Тука морам да кажам дека времето воопшто не работеше и не работи во прилог на Македонија како што тоа некои наши политичари го тврдеа, напротив, времето работи против Македонија (метафорично кажано). Промената на името на државата кое требаше да се третира како конвенционален чин, го претворија нашите политички лидери во егзистенцијален чин да се биде или не, а во меѓувреме ги сменија сите атрибути на РМ, допуштија масовни преселби на младите образовани кадри, допуштија внатрешно преуредување на државата и на општеството, така што веќе не е прашање дали туку кога ќе се случи промената на името, и не само на името туку и на идентитетската легитимација во светот. Наместо да го направиме најбезболното, ние дојдовме до чин на агонија кога се можни сите опции. Згора на тоа, во едно регионално национално-државно опкружување, ние ќе бидеме показател за тоа како мултиетничката и мултикултурна теорија завршува во маргинализација на традицијата, стекнатите права, наследените институции, и т.н.
Владата во најмала рака треба да направи некои дополнувања на Законот од 2008 а не да го носи бремето на партија која за да опстане на власт прави нерационални компромиси, брзо и без консултација со стручната јавност и институции. За македонскиот јазик и Законот за јазиците во РМ се чини не се консултирани ни МАНУ, ни Институтот за македонски јазик ни Филолошки факултет…
Сметам дека сите национални малцинства, сеедно како ги нарекуваме, како делови од народ или како заедници и слично, имаат право да бараат унапредување на јазичните права (кои во РМ ако е за право, постоеја и во време на некогашната југословенска федерација!), имаат право на развој на културата и образованието.
Би требало и етничките Македонци да покажат интерес за јазиците на најблиските во РМ. Но, тоа не се прави со санкции и глоби и со радикални мерки, туку со соодветни образовни и културни политики, со медиумски и комуникациски проекти, низ забава и спорт, низ дружење и заедничко учење и работа, за што е најефикасно постоењето на еден службен задолжителен јазик во сите фази на образование и во државните институции. Во новиот предлог Закон премногу е ставен акцент врз санкциите и формирањето Агенција за спроведување и контрола на санкциите и глобите, и тоа неумерено, без да се води сметка за последиците од тие мерки. Овој дел секако треба да претрпи измени, исто како и делот за двојазичноста на симболите, парите, униформите. Тие мерки, ако не се происход од колективни историски фрустрации, тогаш веројатно се добро промислени стратешки мерки зад коишто се крие посебен албански интерес. Ако имаме предвид дека како држава немаме консензус за државниот интерес на РМ, тогаш и таквата опција е веројатна.
Треба да се овозможат права на индивидуите да добиваат документи и на својот јазик како втор јазик во документите, треба секоја мерка која ќе се преземе да биде таква да го штити и македонскиот јазик и неговиот статус во РМ. Ни порадикалните јазични права на граѓаните не треба да се спречуваат, но трошоците за истите треба да ги сноси барателот, особено во делот на судските постапки.
Албанскиот јазик, и турскиот и другите јазици, особено словенските, треба да бидат опција на избор во образованието за сите и секој да има право и можност да го учи јазикот на другиот. Треба да се создава општествен амбиент да се доближат граѓаните од различно етничко потекло а не да се затвораат во своите заедници и територии. Македонија е претворена во државна структура на заедници, либанизирана е, полна етнички, јазични и религиски енклави, без интеркултурни дијалози и спреги. Интеркултурните политики треба да доминираат и да ја заменат платформата на радикален мултикултурализам.
Автор: Академик Катица Ќулавкова
11-08-2017, 01:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Османи: ФФМ заборави дека Македонија е мултиетничка држава
10/08/2017




[Image: bujar-osmani-696x402.jpg]

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Бујар Османи, бара Фудбалската федерација на Македонија да објасни зошто уметничкиот дел за време на УЕФА Супер купот во Скопје не бил рефлексија на мултиетничноста на државата.
„Следев натпревар на европски гиганти всред Скопје. Докажавме дека можеме да организираме настани од овој ранг. Но, организаторите на уметничката програма како да заборавиле дека Македонија е мултиетнична. ФФМ да се објасни!“, напиша Османи на неговиот фејсбук профил.
12-08-2017, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Супер куп
 
[Image: 547.jpg]
Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Скопје и цела Македонија беа сведоци на вистински спортски спектакл оваа недела. Супер-куп мечот меѓу колосите Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед беше навистина незаборавно доживување за многу граѓани од оваа земја кои имаа среќа од блиску да следат меч од висок калибар, од оние кои страстно ги гледаме на телевизиските екрани. Исто-така, позитивната атмосфера и високото ниво на организација и дадоа дополнителна вредност на оваа манифестација, која се надевам ќе остане во меморијата на многуте гости кои за прв пат ја посетија оваа наша мала и чудна земја, земја со многу маки. За момент, се почувствувавме како вистински Европејци. Вистински Европејци, со лажни бродови, тоа е, чудна земја, ви велам.
Уметничката програма која и претходеше на спортскиот натпревар беше исто-така вистински спектакл. Мене посебно ми се допадна точката подготвена од децата со потешкотии во слушањето кои преку јазикот на знаците успеаја да пренесат длабоки емоции кај публиката.
Организаторите на уметничката програма имаа одлучено да го презентираат фолклорот на оваа земја во свеченото отворање. Ова секако дека беше прекрасна идеја која ансамблот “Танец” прекрасно ја изведе. Меѓутоа, тоа што и фалеше на оваа точка беше шаренилото која е главна карактеристика на оваа земја. Колку поубаво и побогато ќе изгледаше доколку наместо да има четири ора играни од групата “Танец”, гледачите дојдени од далеку да можеа да видат најмалку шест ора на различни фолклорни ансамбли кои се активни и кои претставуваат различни етнички групи во оваа земја.
Глетката ќе беше многу побогата, додека пак сите граѓани на оваа земја ќе се чувствуваа подобро претставени на овој значителен настан. Во секој случај, стадиумот е доволно голем за да овозможи претставување на повеќе фолклорни групи на исто место. Толку ли е тешко да се направи една заедничка кореографија, во која за неколку минути повеќе етнички групи ќе го презентираат својот фолклор за да покажат дека постои поголема солидарност меѓу граѓаните на оваа земја?
Кога ли ќе научат раководителите на нашите институции дека нашето шаренило е предност а не хендикеп, дека од тоа шаренило не треба да се срамиме туку со истото да се гордееме, и во секојдневниот живот во државава а и кога истата ја претставуваме пред странските гледачи? Колку убаво ќе изгледаше едно такво фолклорно шаренило, како што беше убаво шаренилото од маиците во различни бои што ги носеа децата при нивната изведба.
И секако, реакциите за овој пропуст беа бројни. Во моментите кога треба да се изгради една нова Македонија од пепелот и правот на една пропадната диктатура, секој таков пропуст боде очи. Често сум кажала дека веќе разбудените граѓани на оваа земја нема повеќе да бидат толерантни како што беа во минатото за пропустите на претставниците државните институции.
Така како што не се толерантни кога полицаецот повторно се случува да ги надмине своите надлежности, на ист начин не се толерантни кога фолклорот е шарен за Илинден ама не е шарен за Супер-купот. Така како што не беа толерантни за патните трошоци на Силвана Бонева, така сега не се толерантни за патните трошоци на пратениците од новото парламентарно мнозинство. Затоа што еднаш веќе разбудениот граѓанин тешко паѓа во летаргичен сон. И тоа е добро, тоа е знак дека демократијата почнала да функционира.
Меѓутоа, треба исто-така да се знае каде да се насочи критиката. Претставници на оваа држава не се веќе само Македонците туку и Албанците а и другите етнитети. Претставувањето на граѓаните во државната власт носи привилегии меѓутоа, пред се носи конкретни должности, кои не ги исклучуваат и претставниците на не-мнозинските заедници. Го прочитав официјалниот одговор на Владата на новинарско прашање во врска со пропуштањето на претставувањето на различните фолклорни групи на свеченото отворање на Супер-Купот каде се вели дека оваа Влада го обезбедила техничката поддршка за настанот, додека пак концептот и уметничкиот дел биле направени од претходната и од ФФМ.
Кратко размислување, и во минатата, и во сегашната влада имаше министри а и вице-премиери Албанци. Друго кратко размислување, заменик-претседателот на ФФМ е Албанец. Заклучок: одговорноста за вакви пропусти освен на главните организатори пред се паѓа и врз гореспоменатите затоа што не успеале да дадат конструктивни предлози кои со малку повеќе осет (кој не смее да отсуствува кај никого кој одлучил да претставува мултиетнички граѓани) би го направиле настанот побогат и порепрезентативен за сите нас.
Не е лесно да се гради мултиетничка држава. Меѓутоа, со заеднички напори и со повеќе осет од сите страни, ништо не е невозможно.
Еве, на пример, пред многу години, некаде во деведесеттите, изгледаше сосема невозможно да помине во Влада Предлог-законот за службена употреба на јазиците каков што го имаме сега. Службената употреба на Албанскиот јазик претставуваше табу тема, иако истиот одамна, во седумдесеттите бил во таква службена употреба. Во меѓувреме се случија Охридски рамковен договор, Уставни амандмани, Шарена револуција, и на крај заедничка добра волја да се реши едно прашање преку исцрпување на сите можности што ги предвидува Уставот на оваа земја. Бидејќи, за тие што не знаат или се прават дека не знаат и паѓаат во несвест за овој закон, Албанскиот јазик е службен јазик во оваа земја уште од 2001 година, а од 2008 година имавме сличен закон за јазиците, меѓутоа со големи пропусти.
А за тие што мислат дека сегашниов предлог-закон не значи ништо ново за Албанците, нека се потсетат на времето на Груевски кога овој закон беше предмет на злоупотреба на чувствата на Албанците во оваа земја, како во филмот “Адвокат на ѓаволот”: “Може да гледаш, ама не смееш да чепкаш, можеш да чепкаш, ама не смееш да вкусиш” или во превод: “Може да зборуваш ама не и да пишуваш, може да пишуваш ама не и да водиш седница на Албански”.
12-08-2017, 12:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



12-08-2017, 01:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(12-08-2017, 01:01 AM)ЈорданПетровски Wrote:




Quote:Зоран Бојаровски
10.08.2017

На сметка на сопствената дискредитација, и на сметка на злоупотребата на титулите д-р, проф. м-р што ги носат, овие денови се појавија некои научни авторитети, кои наместо фактите како одлика на науката, шират невистини и се ставија во улога пропагандни вазали за да толкуваат и коментираат одредби од новопредложениот Закон за употреба на јазиците, кои воопшто не постојат во објавениот текст.
1. Насловот на законот воопшто не му дава ексклузивност на само еден јазик, на само една етничка заедница.
Тоа се намерно се премолчува и научничките во своите јавни настапи го нарекуваат Законот за употреба на јазиците како Закон за употреба на албанскиот јазик. Тоа е одлика на пропагандни слуги.
2. За меѓународната употреба на албанскиот јазик како еден од службените јазици во Република Македонија - Ова е втората ноторна невистина. Во ниту една одредба на јазикот тоа не е пропишано како такво. Напротив, меѓународната употреба на единствениот јазик - македонскиот, е пропишан во амандманот V на Уставот на Република Македонија, ставен во сила на 16 ноември 2001 година, токму како резултат на Охридскиот рамковен договор, на кој се повикуваат научничките.
3. За Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија, која се вика токму така: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија, а не Агенција за примена на албанскиот јазик како што милуваат да го нарекуваат вазалките.
Таква Агенција за примена на албанскиот јазик, не постои и немојте да зборувате невистини и да манипулирате.
За жал, морав да напишам толкава количина текст за да им се возврати, колку толку, на невистините и манипулациите со кои е полно обраќањето за наводната неуставност на законот за јазиците на едни две научнички.
Уште нешто е поразително.Тоа што дел од јавноста, дури и онаа со титули д-р, м-р, проф., без да проверат, без критички да го прифатат тоа обраќање, подлегнаа на редунданцата од зборови и „загрозата“ од другиот.
Нека биде толку. Воопшто нема да коментирам за недостигот од чувство за политичка одговорност, бидејки тоа го оставам на сопствената определба.
Но, најмалку што се очекува, кога станува збор за такво чувство, е тој недостиг да не се крие зад научничките авторитети.
(This post was last modified: 12-08-2017, 01:12 AM by ЈорданПетровски.)
12-08-2017, 01:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:---Минатата ноќ во нашата земја имаше шампионски натпревар, кој поради организаторите се претвори во губитнички натпревар! Не оставајќи ја настрана одговорноста до највисоките институции на меѓународниот фудбал, кои имаат континуирана кампања за борба против расизмот, локаните организатори го скриле, изгубиле, исклучиле еден од најважните етнички групи не само во оваа земја, но и во самата Европа, како што е албанската националност. Албанците, со еден од најстарите јазици на континентот, единствениот наследник на познатите Илири, се првите намесници на првата дамнешна (или античка) европска цивилизација. А особено Македонците кои се чини дека ја сакаат антиката ќе ви направеше чест оваа работа! – вели министерот за здравствоТаравари.---
12-08-2017, 01:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Изгубени во преводот
14.08.2017 15:15

bvankovska@gmail.com



Слично како ликовите во филмот, Македонија ги има сите шанси да се „изгуби во преводот“ доколку се усвои предложениот закон за употреба на јазиците. Клучното прашање, за неговата очигледна (не)уставност, не заслужува одговор! Како и обично, Владата (без оглед кој ја сочинува) не ги антиципира последиците од состојбите што ќе произлезат од законите што ги носи под внатрешен или надворешен притисок, бидејќи ѝ е поважно да опстане.

Едвај некој и да размислува за општество и поредок (кои ќе бидат) изгубени во преводот, наместо постоење заедница поврзана со нишките на јазичниот код на комуникација, во која ќе се развиваат јазиците и културите без диктат и репресија, туку со разбирање. Пред краткиот осврт на предложениот закон (а каква друга анализа и може да се направи во колумна?!), треба да се потенцира манирот на режим што не само што не овозможува демократска делиберација туку и арогантно се подбива и ги навредува како вазали и груевисти сите што ќе се осмелат на критичка мисла. Јавноста е повторно во поданичка позиција. Зарем не е недолично и понижувачко врвни експерти, па и академици, да предупредуваат или анализираат на социјалните мрежи или пишуваат отворени писма до Владата? Академските и културните институции се во тотален молк! Медиумите се посебна приказна: бараат мислења од врвни експерти, за да ги сместат во прилог од три минути, заедно со претставници на „сите страни“. Ова особено се однесува на оние што до скоро му слугуваа на бившиот режим, па сега си ги откупуваат гревовите, нудејќи му ги своите пропагандистички услуги на новиот.

А што велат стручната и „стручната“ јавност? Вторава, составена од сезнајковци/незнајковци, (еуфемистички наречени) аналитичари или „професионални“ припадници на етнички групи, фрла прашина в очи за да не се види суштината, односно да се омаловажи она што го кажуваат вистинските познавачи. Затоа, кога универзитетски професор укажува на сериозноста на прашањето и потребата без брзање да се разговара пред да се наметне закон со далекосежни последици по владеењето на правото, вториве предлагаат за законот да разговараме кога ќе почне неговата примена, или евентуално да се стрпиме со критиките и да го почекаме мислењето на Венецијанската комисија! Како да сме недоветни и неумни! Венецијанската комисија не е уставен суд, а мислења дава пред да се донесе закон, а не на негови делови и пост фестум, како што планира Владата! Од законот зависи опстанокот на Владата и сосема е небитно што сега СДСМ прифаќа уцени, бидејќи и ВМРО-ДПМНЕ ќе го стореше истото тоа (како што стори и со амнестијата). Ниту уставноста е важна, ниту демократската процедура! Јавната дебата е опасна, бидејќи не само што ја разоткрива прагматичната и бескрупулозна математика на партнерите во консоцијациски систем туку и укажува дека со закон се менува Устав. Дебатата е опасна и затоа што ја демаскира граѓанската и реформската маска на влада што ветуваше делиберација, партиципација и транспарентност, а сега прави сѐ обратно на ветеното. Наместо да свика стручна дебата со сите познавачи (правници, социолози, социолингвисти, филолози итн.), таа го усвои предлогот на својот коалициски партнер. Уставните правници на ДУИ ги победија оние на СДСМ - ете, дотаму е стасано! Демократијата е првенствено процедура, и затоа е скандалозно кога таа е жртвувана на олтарот на политичкиот опортунизам на начин што е и нахален и дрзок.

Односот кон научната и стручната јавност, но и граѓаните, е идентичен како оној на претходната влада (со истиот коалициски партнер) кога донесе закон за употреба на јазиците што ги зборува 20 отсто од населението, кој во практиката или не се почитуваше или се извртуваше во согласност со волјата на локалните мнозинства. Во Струга, на пример, членската карта во градската библиотека е исклучиво на албански јазик, а наставничките совети се одвиваат на албански јазик, со евентуално превод од директорот ако е расположен. Пред формирањето на Владата, експертите на СДСМ го критикуваа тој закон, нагласувајќи ги неконзистентноста, арбитрарноста и привилегираната положба на албанскиот јазик (sic!), за сега само да ги продлабочат и бранат тие исти недостатоци. Предложениот закон нема уставна основа, а номотехнички е бесмислен кога во називот споменува „јазици“, а всушност го уредува и санкционира само користењето на албанскиот јазик (иако спротивно на Уставот се спомнува дури и англискиот!). Почитувајќи ги одредбите од рамковниот договор, амандманот 5 е јасен, но новите каучук-норми излегуваат надвор од јазичната политика (прашање на симболи, униформи и сл.) и го изедначуваат албанскиот со македонскиот јазик дури и во меѓународна употреба (употребата и на граничните премини!).

Другите јазици се оставени на (не)милост на локалните власти, каде што се веќе формирани нови мнозинства и малцинства. Наместо со нега за јазиците и негување почит за различностите, се предвидуваат високи казни! Огромната администрација ќе биде одлична можност за нови партиски и етнички вработувања. Накратко, албанскиот јазик се воведува на сите нивоа и на сета државна територија. Најперфидно е „европското знаменце“, кое внесува процедурална катастрофа, со скратена постапка (нема три читања, ниту можност за јавна дебата) без двотретинско мнозинство, ама со двојно, се регулира уставна материја. Законот презема и материја што се уредува со системски закони и двотретинско мнозинство (за судството, обвинителството итн.). Во образложението, министерот за правда меша (и не разбира) што е евроатлантска, а што европска интеграција (не прави разлика меѓу НАТО и ЕУ). Се повикува на годишните извештаи на ЕУ, иако таму станува збор за политиката на условување, а не за стандарди на ЕУ по прашање на употребата на јазиците - бидејќи такви и не постојат, а јазичната политика е во суверена надлежност на државите.

Чудно, таму каде што постојат стандарди (на Советот на Европа), иако е потписничка на Конвенцијата за заштита на регионалните и малцинските јазици, Македонија не ја ратификува - само затоа што таа е многу порестриктивна во поглед на она што како јазична политика постои од 2001 година наваму.
Не станува збор за унапредување на правата на припадниците на малцинска заедница/заедници, туку на подигнување на албанската заедница на ниво на конститутивен народ. Правата на граѓаните се во втор ред, а дури постои дискриминација. Акцентот е на суптилна промена на државното уредување. Тоа што примената на законот ќе внесе хаос во правниот поредок е една работа, но тој тргнува и од неверојатна претпоставка дека сме Скандинавија не само по културата и соживотот туку и по богатството. Законот ќе остане или неприменлив или ќе ја жртвува социјалната благосостојба на и онака сиромашните граѓани, со наметнување репресија. Иронијата е што премиерот ни е „тапа“ за јазици и нема шанси да научи албански; Струга се задушува од дива депонија, а во Тетово налето нема вода, а во зима нема чист воздух. Шеснаесет години од рамковниот договор сето она што беше лесно предвидливо е реалност. Прашањето за албанскиот јазик е дел на мозаикот на бинационална Македонија; претпоследниот ќе биде кантонизација, барање што ќе биде испорачано наскоро. А последниот...
15-08-2017, 01:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Институт за македонски јазик: Се бара двојазичност на целата територија, а во две третини не живеат Албанци


04.09.2017
[Image: 21392887_10214215703934879_1154247314_o-701x830.jpg]

17 професори од научниот совет на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ до три собраниски комисии и до Министерството за правда доставија заеднички став во врска со Законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска процедура. Во ставот пишува дека Охридскиот рамковен договор во делот на употребата на јазците е во целост почитуван и дека со предлог-законот се излегува од тој договор, а повлекува и промена на Уставот на РМ. Професорите пишуваат дека другите помали етнички заедници се ставаат во нерамноправна положба со албанскиот јазик, кој се изделува како таков со процентуалниот опфат.


[Image: 21389428_10214215703534869_564083751_o.jpg]

Во ставот на Институтот пишува дека со овој предлог-закон во меѓународна употреба, освен македонскиот јазик, како досега, ќе се користи и албанскиот. Една од точките во ставот наведува дека се бара двојазничност на целата територија, а во две третини од земјата не живеат Албанци. Во текстот пишува дека деловите од предлог-законот кои се однесуваат на книжните пари и монетите, униформите на полицијата и противпожарната служба и здравството, воопшто не треба да бидат регулирани со овој предлог-закон.
Во образложението се бара целосно повлекување на предлог-законот за употреба на јазиците, како и вклучување на сите релевантни државни субјекти во една поширока анализа и дебата во согласност со законите и Уставот на РМ.
В. Маглешов
(This post was last modified: 20-11-2017, 11:23 PM by ЈорданПетровски.)
04-09-2017, 02:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

[Image: DI4k8LYXkAAZM9v.jpg:large]
04-09-2017, 02:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Се предлагаат двојазични униформи, уплатници, марки...

Ќе се формира и Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните финансирана од државниот буџет.


Предложениот Закон за употреба на јазиците, кој утре ќе се најде на дневен ред на Комисијата за европски прашања, предвидува во сите органи на државната власт, во централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да се употребува и албанскиот јазик.

Овој предлог Закон, усвоен од Владата на 4 август, е со знаменце на Европската унија, па неговото донесување ќе биде по скратена постапка, односно три дена, така што сосема оправдани беа најавите дека ова прашање пратениците ќе го затворат пред да почне кампањата за локалните избори.
Со овој закон судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции ќе треба да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.
На албански јазик се предлага да бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите.
Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и нивното писмо.
Униформите на полицијата, пожарникарството, здравството во Скопје, се вели во предложениот закон, и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик ќе бидат напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.
На граничните премини на Република Македонија и аеродромите што се наоѓаат на подрачјата каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик називите на институциите, другите натписи и патокази се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.
Во законот е предвидено и основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните. Агенцијата ќе биде финансирана од државниот буџет и за нејзината работа ќе бидат одвојувани по 1,7 милиони евра годишно.
Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи ќе се вработат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. Се предвидува и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.
Во членот 22 од Предлог законот за јазиците е пропишана прекршочната одговорност и глобите што ќе ги платат оние што нема да го почитуваат. Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на органите како и на сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба е предвидена за службеното лице и одговорното лице во органите кое нема да се придржува до пропишаното.
Планирано е во рок од една година од денот на влегувањето на сила на овој закон сите надлежни институции да ги донесат подзаконските акти за негово спроведување.
Со донесувањето на овој закон престанува да важи Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа.
(This post was last modified: 04-09-2017, 09:03 PM by ЈорданПетровски.)
04-09-2017, 08:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Власта го предлага законот за двојазичност по скратена постапка со европско знаменце. Собранискиот деловник (член 170) предвидува скратена постапка ако се работи за усогласувањето на законот со правото на Европската унија. Меѓутоа, овој закон нема никаква допирна точка со ниту еден правен акт на ЕУ (директиви, регулативи...) и оттука нема со што да се усогласува. Значи, јасно кршење на собранискиот Деловник, со цел, шверцување на двојазичниот закон набрзина во Собранието. Повторно голема провокација од власта, која не ферма устав и деловник, а после плачат кога ги тепаат...Инаку, законот се носи во Собранието каде раководи Талат Џафери, а со матичната собраниска комисија за европски прашања каде се разгледува законот раководи Артан Груби, значи, одличен распоред за шверц на законот за двојазичност со кој се урива Македонија и Македонците!

Јанко Бачев
05-09-2017, 05:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Ќулафкова: Референдум за измените во законот за јазиците пред да предизвикаат хаос


Не постои јазик во Европа што е прогласен за службен на државно рамниште, а да се зборува или да се учи произволно, по волја. Државниот јазик е административен, работен и задолжителен јазик и треба да го учат сите граѓани во основно и средно образование, напиша академик Катица Ќулафкова.

[Image: mkd-338658.jpg?itok=KQxcByTs]

07.09.2017
„Вториот и/или третиот јазик се, по правило, службени на локално или регионално рамниште и не ги обврзуваат сите граѓани на државата, туку се наменети да ги задоволат јазичните права на малцинските етнички и јазични заедници. Учењето на вториот јазик е прашање на потреба и културна политика. Држави со хетероген јазичен состав (јазици од различна лингвистичка група) се соочуваат со поголеми проблеми одошто државите во кои јазиците и културите ѝ припаѓаат на блиска традиција.
ЕУ, која ја сметаме за парадигма на цивилизираност, различно го решава ова прашање. Во балтичките држави, на пример, кои имаат мултиетнички општествен состав не се почитува ни Повелбата за регионални или малцински јазици. Во Естонија и Латвија, на пример, руското ’малцинство’ брои 29,6% односно 37%, според последните пописи, иако претходно било далеку поголемо, единствен службен, државен, административен, работен, образовен јазик е естонскиот, односно латвискиот. Европа допушта ваква нерамноправност по однос на јазичните права. За Балканот и да не зборувам. Само Р. Македонија настојува да биде лидер во административната, работната, образовната маргинализација на македонскиот државен јазик. Овој процес се легитимираше со Закон во 2008, за да се преувеличи, до апсурд, во предлог-законот од оваа 2017 година со 2001.
Законот ќе предизвика хаос во постојниот законски систем, ќе се надреди над постојните закони донесени со двотретинско мнозинство (според експертите). Не се почитува ни МИНИМУМ македонски јазичен кодекс (Влада, војска, полиција). Така ќе се доведат во прашање редица стекнати цивилизациски придобивки. Во Охридскиот рамковен договор не се предвидени вакви решенија какви што нуди овој предлог закон. Треба навистина да се чуе и да се почитува мислењето на стручната лингвистичка, правна јавност, а ако треба и да се постави на референдум ваква радикална промена во државата и во општеството“, смета професорката Ќулафкова.
10-09-2017, 02:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13



13-09-2017, 11:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Пратеникот Илија Димовски упати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

14.07.2017
Во име на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ сакам остро да регирам на грубите прекршувања на процедурите поврзани со донесување на Законот за употреба на јазиците кој што е во собраниска процедура спротивно на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
Недозволиво е во една демократска државата која што претендира да биде дел од НАТО и ЕУ грубо да бидат погазени и прекршени сите процедури и регулатви кои се наведени во Деловникот за работа на Собранието на Репбулика Македонија.
Во вашата намера побрзо да го донесете Законот за употреба на јазиците се прекршени повеќе членови од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
Го прекршивте член 118 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Овој член јасно предвидува дека со одлука за основање на работни тела и анкетни комисии, се утврдува делокругот за работа и бројот на членови на комисиите.
Во Одлуката за основање на постојани работни тела која што ја има донесено Собранието на Република Македонија на 31.05.2017 јасно и прецизно е утврдена надлежноста на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во оваа одлука како надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е придвидено и правото на употреба на јазици и писма на заедниците. Според оваа одлука Законот за употреба на јазиците треба да се разгледува на оваа комисија како матично работно тело, а не на Комисијата за европски прашања.
Спротивно на оваа одлука и спротивно на Деловникот за работа на Собранието на Република Вие како матична комисија за разгледување на Законот за употреба на јазиците ја прогласивте Комисијата за европски прашања. Оваа Комисија никогаш досега не била прогласена за матична комисија за закон од ваков обем и ваква проблематика.
Го прекршивте член 135 став 4 во кој што е наведено дека кога предлог на закон содржи одредби со кој се врши усогласување со правото на ЕУ во воведот на Законот се наведуваат и податоци за изворниот акт на ЕУ, со полн назив број и датум.
Во воведот на Предлог законот за употреба на јазиците кој што е во собраниска процедура не постои и не е наведен никаков изворен акт на ЕУ со полн назив, број и датум, поради тоа што таков правен акт на ЕУ воопшто и не постои.
Со ваквата постапка го злоупотребивте европското знаеме само со една единствена цел, во многу краток рок да се донесе Законот за употреба на јазиците спротивно на деловничките одредби, праксата и регулативите.
Го прекршивте и член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Овој член предвидува дека доколку предлог законот не е подготвен во согласно со одребите на овој деловник, а овој Закон не е подготвен согласно член 135 став 4, предлог законот не може да продолжи во понатамошна постапка.
Бидејќи овој закон не е во согласност со одредбите од Деловникот, вие сте должен пред да го доставите до пратениците во рок од 15 дена да побарате од предлагачаот да ги отстрани сите недостаоци и да го усогласи согласно деловникот, а доколку предлагачот не го дополните предлогот на законот во рок од 15 дена се смета дека предлогот на законот не е поднесен. Во изминатите 15 дена нити е упатено писмо од ваша страна до предлагачот за отстранување на недостатокот, ниту пак недостатокот е отстранет.
Ги прекршивте и членовите 139 и 140 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, каде што е регулирано дека и Законодавно-правната комсиија одржува општ претрес по предлог на законот во рамките на три дена. Законодавно-правната комсиија спротивно на овие членови по само еден ден дискусија наметна гласање.
Вакво грубо непочитување и кршење на процедурите не е видено досега во Собранието на Република Македонија. Да се прекршат сите процедури само за лични и партиски интереси е недозволиво.
Пратениците како претставници на граѓаните во Собранието, треба да се пример за почитување на законите, регулативите и прописите во Република Македонија. Поради овие причини бараме веднаш да се прекине процедурата и да се отстранат сите недостатоците како и неуставноста во законот.
Ве уверувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ се спремни за дебата, но таа дебата мора да биде во рамки на процедурата и мора да е во рамки на Уставот на Репбулика Македонија.
Со цел да запре процедурата, но да продолжи дебатата за овој предлог закон кој што е од поширок интерес, согласност со член 145 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, бараме за овој предлог закон да се се спроведе јавна дискусија.
На оваа јавна дискусија да ги поканиме сите засегнати субјети и стручни лица, како што се професори по македоснки јазик, професори по албански јазик, професори по турски јазик, босански јазик, српски јазик, ромски јазик, влашки јазик, да поканиме професори од сите правни факултети во Република Македонија, професори по компаративно право, практичари и уште многу други кој што отворено ќе дебатираат за потребата од донесување на вака важен закон.
Уставот, Деловникот, законите и процедурите мора да се почитуваат.
Илија Димовски
15-09-2017, 04:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:СОБРАНИЕ: Со истрајност, деноноќни дискусии и правни аргументи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успејаа да го оневозможат гласањето за неуставниот Закон за јазици, кој спротивно на собранискиот Деловник со злоупотреба на Европското знаменце и без јавна дебата[Image: 1f44e_1f3fc.png]??, владата на Зоран Заев сакаше нетранспарентно да го протурка во Собранието како тесно-партиски предизборен договор за гласачко поткусурување и за покривање на владините економските неуспеси, рецесијата, големото задолжување, лагата за платата на лекарите, лагата за младинската гаранција од 10.000€, падот на индустриското производство, конфликтот на интереси на високи владини функционери и нивните тендери, како и неуспешноста на градоначалниците на Чаир, Куманово и Тетово!
• Сериозните прашања од национален интерес заслужуваат сериозна јавна дебата, демократска процедура и уважување на Уставот и на реалните потреби на сите граѓани на Македонија [Image: 1f1f2_1f1f0.png]??, без разлика на нивната етничка, партиска припадност или социјален статус.
• Опозицијата е легитимен претставник на најголем дел од граѓаните и власта тоа не смее арогантно да го игнорира. Целта на ниту еден закон не треба да биде краткорочниот ефект на изборите, туку долгорочните придобивки за добробит на државата.
• Сега Граѓаните се на потег, да гласаат [Image: 270f.png]✏️[Image: 1f4dc.png]? за своите реални потреби, без да бидат манипулирани со предизборни партиски контроверзни закони кои носат поделба и стереотипи, наместо обединување и развој. Граѓаните на Македонија на 15-ти октомри ќе гласаат за својата општина и за нашата заедничка татковина! Да живее Македонија! [Image: 1f1f2_1f1f0.png]

фб статус на Антонио Милошоски
23-09-2017, 06:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Хан: Законот за јазици не е дел од итните европски приоритети


20.11.2017 | 18:53

 Законот за употреба на албанскиот јазик не е европски приоритет, ниту пак дел од реформите што Македонија треба да ги испорача за да го истрча како што вели Брисел последниот километaр од европскиот маратон за чиста препорака. Еврокомесарот Јоханес Хан со порака до македонските власти - законот мора да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

[Image: 180915.jpg]

„Владата и другите фактори во земјата се фокусираат на законите и условите кои се релевантни за добивање на препорака. Законот за јазик не е дел од она што  е договорено во овој контекст.“ - изјави Хан.
Шефот на државата пак се консултира колку решението е во рамките на уставот за да одлучи дали ќе го потпише законот. Иванов вели конечниот став ќе каже кога законот ќе му стигне на потпис, но тој ќе биде само во насока на почитување на уставните норми.
„Кога ќе биде доставен законот, ќе се произнесам согласно законот и уставот“ - изјави Иванов.
Законот за употреба на јазиците в среда влегува на амнадманска расправа. Иако 22 ноември е неработен ден, бидејќи во земјава се празнува денот на албанската азбука, пратениците симболично, као шпто вели комискиот претседател Артан Груби ќе работат.
Имаат три дена да ги разгледаат сите амандмани, бидејќи законот Владата го предложи како дел од европската агенда и е со веропско знаменце, што значи дека е ограничено времето за амандманска расправа за него.
Интервенции за владиниот предлог најави опозицијата од македонскиот и албанскиот блок, но и СДСМ, за како што рече координаторот на пг на СДСМ, Тунтев да се расчиста до крај дилемите и да се допрецизира решението.
Минатата недела пратениците ја изгласа потребата од законот. Тој е дел од коалицискиот договор за влада меѓу Зоран Заев и Али Ахмети. Со него се предвидува на цела територија на државата окрај македонскиот службен јазик да биде и албанскиот, сите институции од централната власта, агенции и јавни претпријатија како и пред судски постојки и постки во ЈО.
 
(This post was last modified: 20-11-2017, 11:28 PM by ЈорданПетровски.)
20-11-2017, 11:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

[Image: vankovska-520x536.png]
23-11-2017, 01:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Со 69 гласа „За“: Собранието го донесе законот за јазици

[Image: dvojcazicnost-640x360.png]

11 јануари 2018
Собранието на Република Македонија денеска со 69 гласа „за“ го донесе Законот за употреба на јазиците.
Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан .
Дебатата за законот за јазизици во Собранието почна на 5 септември минатата година во собраниската Комисија за европски прашања, а парламентарното мнозинство ја усвои потребата од негово носење на 15 ноември лани. Против законот беше опозициската ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека е неуставен и дискриминаторски во однос на македонскиот јазик и останатите јазици на кои говорат граѓаните во Македонија.

[Image: sobranie-5-360x204.jpg]

Законот е донесен без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не учествуваат во работата на Собранието во знак на револт од притворањето на петмина нивни колеги и други граѓани за учество во инцидентите во законодавниот дом на 27-ми април минатата година.
Против законот се изјасни и претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред Собранието. Според него, законот за јазиците претставува закана по унитарноста на државата и го крши  Уставот на Република Македонија.
Наспроти опозицијата, предлагачот и пратениците од мнозинството, во текот на дебатата порачаа дека законот е дел од патот на евроатлантските интеграции на Македонија и на никаков начин не го нарушува ниту Уставот, ниту унитарниот карактер на државата.
Премиерот Зоран Заев исто така во неколку наврати изнесе оценки дека законот за јазиците е согласно Уставот и оти со него само ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени
Како што наведува во образложението од Министерството за правда, со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик)
13-01-2018, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Професорките до Иванов: Ставете вето на законот за јазици

[Image: pismo640.jpg]

12 јануари 2018
Во прашање е лош закон (Аристотел) од аспект на меѓуетничките односи, владеењето на правото, Охридскиот рамковен договор, деловничката процедура, европските јазични политики и номотехниката.
Наместо брзо усвојување, ние предлагаме ИТНО повлекување на истиот од следниве причини:
Првата, називот на овој закон: не кореспондира со ставот (2) на амандманот V на Уставот на Република Македонија, затоа што, формулацијата „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните, исто така е службен јазик, како што е определено со овој член” (превод/препев на формулацијата: „како што е утврдено подолу” од Рамковниот договор), се однесува не само на албанскиот јазик туку и на јазиците на заедниците од ставот 6; и не води сметка за постоењето на „Закон за употребата на македонскиот јазик”;
Втората, поради опасноста со неговото донесување да се наруши хармонијата и кохезијата на македонското мултиетничко и мултијазично општество, во кое македонскиот јазик е најсилниот интегративен инструмент, односно код за комуникација, како и заканата да се намали функционалноста и ефикасноста на македонската држава и нејзините органи и институции на државно и на локално ниво;
Третата, поради отстапувањето на низа одредби од уставната рамка, од Рамковниот договор, како и од релевантните документи на Советот на Европа, а особено од Европската повелба за регионални и малцински јазици; и
Четвртата, од процедурални причини, поради неговото погрешно третирање во Воведот, „како закон со којшто се врши усогласување со правото на ЕУ”, без наведување на изворниот акт на ЕУ, со полн назив, број и датум (согласно со член 135, став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија) и пропуштеното враќање на Предлог-законот од страна на Претседателот на Собранието на Владата на усогласување со Деловникот, во рок од најмногу 15 дена, при чие пречекорување, се смета дека Предлог-законот не е поднесен (член 136 од Деловникот). Наместо во редовна постапка, овој закон оди во скратена, наместо пред Комисијата за политички систем, како матична, тој се најде пред Комисијата за европски прашања!!
Сметаме дека предлагачот, доколку детектирал отворени прашања, можел да пристапи кон евентуални измени и дополни на „Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа” (2008; 2011), иако за нас, со овој закон веќе се остварени политичките заложби на Рамковниот договор и се конкретизирани решенијата од амандманот V на Уставот на РМ, поврзани со унапредувањето на статусот на албанскиот јазик и на јазиците на другите заедници во РМ!
[Image: sobranie-5-360x204.jpg]

Ги упатуваме следните констатации, забелешки, предлози и сугестии во врска со Законот за употреба на јазиците:
Во мултиетничко и мултијазично општество,[1] политички и стратешки е спорно да се донесе закон со којшто на национално ниво се промовира една (регионална) етничка и јазична заедница во РМ (албанската), нејзините симболи и нејзиниот јазик, наспроти другите јазични заедници со коишто треба да се гради соживот.
Нема сомнение дека треба да се почитуваат јазичните права на сите граѓани и на сите јазични заедници во РМ. Тоа подразбира задоволување на граѓанските и на човековите права и се поврзува со територијата на којашто историски или актуелно постои една јазична заедница, било да сочинува 20 % или помалку од 20 % од вкупната популација на републичко или на општинско ниво. Од друга страна, проширувањето на тие права на централно ниво, во форма на јазичен билингвизам или мултилингвизам, може да генерира последици за уставно загарантираниот статус на македонскиот јазик, како код за меѓусебна комуникација на граѓаните на Република Македонија, како и за коегзистенцијата и кохезијата меѓу „граѓаните, македонскиот народ и граѓаните кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите народи кои живеат во РМ.[2]

[Image: USTAVEN-SUD-1-360x223.jpg]

Предлагачот ја занемарил дистинкцијата меѓу македонскиот јазик како службен јазик на целата територија и во меѓународните односи и јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните како службен јазик и ги изедначил во примената на целата територија, а во некои елементи и во меѓународните односи (член 16, став 2), занемарувајќи дека во ставот (2) на амандманот V на Уставот, не пишува „како што е утврдено погоре”, туку „како што е утврдено подолу”, односно дека јазикот од ставот 1 е облигаторен и има дејство erga omnes, а јазикот / јазиците од ставот 2 е факултативен и дејствува во рамките на уставно утврдените рамки.
Законот ги надминува решенијата од Рамковниот договор од точката 6. „Образование и употреба на јазиците” (точки 6.4; 6.5; 6.6; 6.7; и 6.8) во кои се дефинира рамката за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните. Не можеме, а да не потсетиме дека и насловот и содржината на точката 8 од Рамковниот договор оперираат со изразот „закони што се однесуваат на јазиците”, а не со еден закон, поради ноторниот факт дека во Република Македонија постојат повеќе закони за различни области, кои содржат и одредби за употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % или помал процент од граѓаните, коишто се носат со различно мнозинство (апсолутно и квалификувано), а не со мнозинство од присутните во кое мора да има мнозинство од пратениците од заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Превидот е направен уште во 2008 год., со донесувањето на „омнибус” закон, каков што не постои во компаративното јазично право.[3]
Секој граѓанин во РМ би можел да биде услужен, на негово барање, а во согласност со закон, на неговиот мајчин јазик, на сите нивоа, но за тоа не мора да има двојазичност во државните институции. Духот на одредбата од ставот (5) на амандманот V, е „може”, а не „мора”, како што пропишува Законот. Не се потребни јазични служби во сите општини и сите државни и други институции. Современите технологии овозможуваат ефикасна услуга од далечина, по електронски пат. Зголемувањето на администрацијата (преведувачи, лектори, филолози, инспектори, агенти и контролори на познавањето на албанскиот јазик, или на кој било друг јазик на јазичните заедници во РМ) е непродуктивно трошење, а санкциите не одговараат на факултативното користење на јазичните права, туку на императивното, кое не постои ниту во Рамковниот договор ниту во амандманот V на Уставот.
Потсетуваме дека употребата на јазиците на заедниците во РМ е во надлежност на Министерството за култура (а не на Министерството за правда) и укажуваме дека промоцијата, заштитата и уедначената примена на јазиците како цел, согласно со Конвенцијата за регионални и малцински јазици треба да се однесува и на помалите јазични заедници, коишто се речиси заборавени во овој закон, па дури и во членот 1, став 2!
Нема потреба од основање државна Агенција и Инспекторат за промоција, заштита и уедначена примена на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 % , а членовите 18 и 19 не се во согласност со член 9 од Уставот на РМ, односно го дискриминираат и македонскиот, како државен јазик, и јазиците на заедниците под 20 %. Примената на албанскиот јазик во институционалната практика под закана на глоби (за раководни и за правни субјекти), контрола и инспекција е спротивно на меѓународната јазична легислатива и практика, како и на Уставот на РМ.
Предвидените мерки за задолжителна употреба на албанскиот јазик, кога се работи за стенограми, документација и архиви, веб-страници, печати и називи, надвор од единиците на локалната самоуправа каде што се 20%, ќе го легитимираат двојазичниот и двонационалниот идентитет на РМ, со што ќе го деградираат стекнатото државно конститутивно право на македонскиот народ и ќе го релативизираат статусот на македонскиот јазик утврден уште во асномските документи како интегративен инструмент на сите граѓани и заедници во РМ и ќе ги дискриминираат помалите етнички/јазични заедници.

[Image: ivanov-gjorge-obrakanje-640x420-360x236.jpg]

Со Предлог-законот (член 1, став 3; член 2, став 3;), јазикот што го зборуваат 20 % станува службен и задолжително се употребува во сите органи на државната власт, но и во други органи и институции (ДИК, образовни, научни, здравствени, културни институции, нотаријат, инфраструктурни објекти, економија, финансии), што отстапува од одредбите на Уставот на РМ и на Рамковниот договор.[4] Ваквиот статус, не само што отстапува од уставниот туку наметнува и други обврски од процедурален, административен, кадровски и финансиски карактер!
И покрај тоа што во Рамковниот договор воопшто не се споменува употреба на друг јазик во работата на Владата, ниту во амандманот 5 се зборува дека во државните органи службен јазик е и јазикот што го зборуваат 20 %, туку дека „може да се користи во согласност со закон”, со овој Предлог-закон (член 5, став 1–7) се воведува целосна двојазичност во Владата!!

[Image: tabla.jpg]
 
Предлог-законот, во став 1 на членот 8, предвидува дека книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните. На овој член не му е местото во Закон за употреба на јазиците и тој е норма натрапник. Освен тоа, тој е дискриминаторски и спротивен на амандманот IX на Уставот[5]. Инаку, и досега, како на парите така и на марките, се аплицирале симболи од културното наследство на сите заедници.
Во ставот (3) на членот 8 се пропишува двојазичност на униформите на полицајците, пожарникарите и здравствените работници. Точно е дека според став 6 на амандманот V на Уставот, во единиците на локалната самоуправа службен јазик, покрај македонскиот, е и јазикот што го зборуваат 20 % од граѓаните, но оваа одредба може да важи за вработените во локалните, а не во државните институции.
Во Предлог-законот за употреба на јазиците (член 2, став 2) се предвидува дека: „било кој службен јазик од член 1 став (1) и (2) може да се употребува во сите постапки: судски, управни, извршни, предистражни, истражни, кривични, прекршочни, парнични, вонпарнични, за извршување на санкции и др. постапки”. Овој став е неуставен (спротивен на ставот 1 од амандманот V), зашто македонскиот јазик, иако задолжителен, е сведен на факултативен, преку формулацијата: „било кој јазик од став 1 и 2 од овој закон”. Згора, не може со закон што се носи со релативно мнозинство плус мнозинство од оние пратеници што не се мнозинство во РМ да се усогласуваат одредби од закони што се носат со 2/3 или апсолутно мнозинство!!
Финансиските импликации од примената на ваков Закон ќе бидат преголеми и несразмерни во однос на средствата кои се издвојуваат за проучување и промоција на македонскиот јазик и на јазиците на другите заедници во РМ!
Насушна и неспорна е потребата од креирање културни и образовни политики за двонасочно учење на јазиците на заедниците, а особено на заедницата од 20 %, но не под притисок на неуставни законски решенија, ексклузивни институции (Агенција, Инспекторат) и закана од санкции. Да се потсетиме дека, со децении наназад, врвни научни, образовни и културни установи во РМ не добиваат согласност за вработување на лектори, асистенти, професори по македонски јазик, а сега, преку мерки на дискриминација, санкција и казна (за физички и правни лица), се турка масовно вработување на лектори, преведувачи и филолози по албански јазик. Небаре, во нив нема потреба од исти такви по македонски јазик, или за јазиците на заедниците под 20 %.
Врв на номотехничкото незнаење и јазичен хаос е членот 25 во којшто се вели: „Овој закон влегува во сила со денот на објавување во Службен весник во РМ”, небаре е Устав. Предлагачот не предвидел vacatio legis, односно заборавил дека законот може да влезе во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето!! Значи, на предлагачот не му е важно ние, граѓаните да се запознаеме со него!!
Овој закон нема Преодни и завршни одредби!!
Постои логична веројатност, доколку се донесе овој Закон, радикалните промени на статусот на албанскиот јазик од локално на централно ниво, да се рефлектираат врз идентитетската карта на Р Македонија во ОН!!
Овој закон нема врска со евроинтреграцијата на РМ, ниту значи хармонизација со правото на ЕУ. Затоа се чудиме на молкот на ЕУ. Овој закон не е дел од Пржинскиот договор, ниту е приоритетен. Овој закон не е дел од Рамковниот договор, ниту е во неговиот дух. Овој закон не е конкретизација на Амандманот V. Впрочем, во 2008 година, на приговорот на лидерот на ДПА до лидерот на ДУИ за неизедначување на албанскиот со македонскиот јазик тој одговори: не можам да го сменам Уставот! Сменет ли е Уставот на РМ во меѓувреме?
Не!
Поранешниот претседател Црвенковски стави вето на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во РМ и во единиците на локалната самоуправа во 2008. Редно е претседателот Ѓорѓе Иванов, барем еднаш, да посегне по вето, не за да манифестира моќ, туку заради правната држава. Ако пратениците повторно го изгласаат со апсолутно мнозинство, на потег е Уставниот суд на РМ, којшто мора да го (од)брани Уставот!!!
13-01-2018, 03:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата

[Image: 20180113051522.jpg]

13.01.2018
Владата предводена од СДСМ, ДУИ и секако со поддршка на сите останати албански партии без поголеми пречки успеа да го изгласа Законот за употреба на јазиците во кој се вклучени повеќе загрижувачки членови меѓу кои двојазичните униформи и пари и доведувањето во прашање на унитарноста како уставна категорија. 

За правните аспекти побаравме став од проф. д-р Ана Павловска-Данева која беше избрана за член на ГРЕКО - Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија.
„Јас не знам дали се одредени членови неуставни, за тоа може да се произнесат експертите по Уставно право. Можам да кажам само дека закон од такво општествено и политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата во Собранието, ниту пак во скратена постапка. А, европското знаменце, се чини, никому не му е јасно зошто му беше прикачено“, вели проф. Ана Павловска Данева.
Уставниот суд само што се пополни со нови уставни судии, па така од оваа институција не се очекува пребрзо да се нафати на предмет како оценување на уставноста на законот за употреба на јазиците, но може да биде повикан со поднесување на преставка за што секако збор ќе имаат и експертите по уставно право, а ќе се направи ретроспектива и на досегашните оценки и нивни изјави по ова прашање.
Автор: Христијан Станоевиќ
(This post was last modified: 13-01-2018, 03:41 PM by ЈорданПетровски.)
13-01-2018, 03:39 PM
Reply