Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СИМЕОН ГУГУЛОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: hqdefault.jpg]


Еве тука за прв пат јавно ќе проговорам и за делата на мојот татко Симеон Гугуловски кој не е непознат за јавноста и кој исто така многу си ја сакаше оваа наша држава, дури премногу ја сакаше и и веруваше , премногу дури за своето добро.
Со потекло од скромно и чесно Галичко домаќинство кое ги продава своите овци и имоти во Галичник и се населува во Солун за да започнат бизнис со Ресторан и Хотел, сепак како и повеќето Егејци од тој период им се случува конфискација на целокупниот имот и протерување од Егејска Македонија, за да бидат примени првично од роднини во Софија-Бугарија, па потоа да дојдат повторно кај свои роднини и пријатели во Скопје за да некако застанат на нозе и го продолжат нормално својот живот и покрај големите семејни загуби. Симеон Гугуловски како најмало дете од фамилијата сепак се изборил за својата шанса да замине на студии и работа во Љубљана-Словенија,каде се стекнува со своето образование како Магистер по Оперско пеење и ја започнува својата пеачка кариера.Тој набрзо станува еден од најценетите тенори не само во Љубљанската опера туку и како гостин низ сите оперски куќи во Југославија. Како таков бил и повикан од некои политички кругови да се врати во својата Македонија и да учествува во изградбата и издигнувањето на Оперската култура и воопшто Македонската Опера во Скопје, каде во игра со неговите патриотски чувства кон Македонија го намамувале да и помогне на Македонија барем во неговиот дел и специјалност, а му биле нудени и "брда и долини" само и само да се врати за да имаат уште еден талент и звучно име како дел од новообновената МНТ или МОБ. Тој секако тргнувајќи од самиот себе и својот патриотски однос кон Македонија и желба да се биде дома и да се биде меѓу свои решава да ги послуша и да се врати во Македонија иако во Љубљана веќе имал многу престижна позиција и кариера,а истовремено имал и понуди од други оперски куќи од Дортмунд -Германија но и од Кејптаун Ј.Африка каде му биле гарантирани Куќи со лична послуга и шофери,сепак тој се одлучува на патриотски чин и да помогне на Македонија кога тоа било потребно. Но дали Македонија му се оддолжила за оваа негова постапка и што тој добил за возврат?
Што се случува кога тој веќе дава отказ на Љубљанската опера доаѓа во Скопје? Тука е оставен на цедило токму од оние исти партијски ловци на таленти кои требало да му обезбедат барем еден минимум нормални услови за живот , и тој бил приморан да се прилагоди на ситуацијата во надеж дека ова е само привремена ситуација и дека понатаму ќе се подобрат нештата. Почнува да живее во општински стан под кирија додека во исто време на неговите колеги им се доделувани станови,кои колеги веќе имале решени стамбени прашања. И тој повторно останал и работел за она за што и се вратил. Земаше една доста скромна плата како и секој друг културен работник од тоа време,со кои примања одвај можеше да си приушти редовен Летен одмор со својата фамилија некаде на море поради професионалните потреби како оперски пеач да биде изложен извесен период на чист морски воздух. И дури и со тоа имаше проблеми бидејќи тој беше роден во СОЛУН и во неговите лични документи одбиваше да го промени тој ФАКТ и да си го олесни животот. Многу лесно ќе му било да се согласи да биде сменето името Солун во Тесалоники, или да го промени во Галичник или во Скопје, за да не бидеме претресувани како најголеми нарко-дилери и криминалци секој пат кога ќе се обидевме да одиме на Летен одмор во Егејска Македонија-денешна Грција, и да бидеме враќани од граница поради името Солун во пасошот на Симеон. Како што ќе си олеснел во животот и доколку прифател да биде Регрутиран како член на тогашната многу просперитетна Комунистичка партија, но НЕ. Тој беше доследен на самиот себе и веруваше дека не треба да биде дел од нешто во кое не верува и во кое не се гледа самиот себе.
Па токму заради тој негов тврд па можеби и тврдоглав патриотизам неговата кариера како Оперски пеач и првенец на Македонската опера остана на едно исто ниво, без можност за поголемо напредување, и слично како и на неговиот личен пријател Ристо Шишков и многу други како нив, му беа приредувани секакви интриги и негативни ситуации од страна на љубоморни колеги или партијски послушници кои дури и без никаков талент или образование или заслуги биле изедначувани дури и преферирани од системот заедно со највисоките и најзаслужни колеги. Сепак кога ќе се спомне името Симеон Гугуловски повеќето не се сеќаваат на неговите професионално испеани арии и опери во Македонската и странските опери, и тоа е веројатно заради локалната информираност, едукација и култура на населението, туку неговото име повеќе се поврзува со Некои од неговите забавни мелодии испеани во младоста како (Ти си некаде), а уште повеќе со неговите безвременски изведби на неколку Македонски народни патриотски песни како "Народе Македонски, Македонско име нема да загине, Стар бел дедо, Бојот започна,...". И токму ова е моментот за кој би сакал сите вие да започнете да размислувате .
Во време кога се што е Македонско беше подтиснувано и репресирано, во време кога УДБА и КОС владееја со територијата на цела Југославија па и Македонија, кога татковци на мои пријатели биле затворани во притвор само за некои изречени зборови кои се коселе со тогашната политика на Југославија и КПЈ, токму тогаш Симеон Гугуловски решава да го склопи својот Албум со Народни Македонски Патриотски песни со кои ќе остави свој печат во времето и историјата.
Веднаш потоа со своите пријатели и истомисленици се организираат во првата Македонска политичка опозициона партија наречена (партијата на Академиците или Интелектуалците) со познатите 4 букви "МААК".
По неуспехот на МААК како партија да се реализира во општеството, тој е повикан да биде еден од Фронтмените на тогашната сеуште млада ВМРО-ДПМНЕ во која тој активно учестува и е еден од нејзините најголеми промотори и активисти.Личен пријател со сите тогашни највисоки функционери во партијата како Мане и Гојко Јаковлевски, Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Доста Димовска, Љубиша Георгиевски, Кљусев,Мијалков...
Да навистина изгледаше дека со осамостојувањето на Р.Македонија ќе почнат да "цветаат ружи и да тече мед и млеко". Јас колку се сеќавам, донекаде така и беше барем првите 2-3 години од осамостојувањето и првата Експертска (Штипска) Влада, се додека некој не не продаде за прв пат (при тоа многу ефтино), и не се научија како да крадат.
И оттогаш наваму јас барем не гледам било каков напредок во оваа наша држава, која патем во тоа време беше баш "Бисер Балкански" како што испеа на времето Гоце Николовски. Бевме ОАЗА на Балканот, додека се околу нас беше многу зад нас и сите од околината Срби,Албанци,Бугари ,се стремеа да го достигнат нашето НИВО.
И што се случи со таа Македонија? Зошто се откажавме сите ние така лесно од неа? Зарем соништата на нашите предци и нивните жртви се залудни?
Откако почина мојот татко мислите ли дека некој се сети на него или неговата фамилија со 2 малолетни деца? Мислите ли дека државата се сети да помогне или поединци ,негови блиски и пријатели? Му доделиле ли некакво признание или го уважиле на било каков начин? Не драги мои, не, никој. Што е и за очекување од ваква држава. Но ништо страшно, бидејќи некако сме се снашле и сме го преживеале тој период и сега сме сосема добро благодарение најмногу на Господ кој не чувал најмногу. Токму тој Господ кој не е само Христијански туку еден и единствен за сите нас кои сме заедно во ова парче земја со вековното и напатено име Македонија не чувал и не чува сите нас дури и во овие конфузни и лоши времиња за нашата земја.
И денес повторно и секојдневно гледаме секакви Паљачовци и Циркузанти по телевизија како си "играат држава", како се поигруваат со судбините и иднините наши и на нашите деца,и колку и да ми биле смешни до скоро и патетични, сега веќе гледам дека и не се толку наивни тие нивни глупости и грешки кои не водат кон бездната. Па зарем нема една критична Интелектуална и способна маса кај овој народ да застане и да си го завземе своето место во ова општество ,или сеуште ќе бидеме само набљудувачи на сопствената судбина додека други неспособни ни ја креираат место нас?
Па Талат Џафери ли е достојниот Претставник на Албанците во Македонија или Али Ахмети, па зарем Амди Бајрам е достојниот претставник на Ромите во Македонија, зарем Заев ли е оној најдобриот меѓу најдобрите Македонци?
Народе свести се додека не станало касно!
Има ли совесен и некорумпиран политичар од осамостојувањето до сега? НЕМА! Сите политичари како и сите нивни најблиски од опкружувањето кои се учесници и соучесници со својот молк на криминалното распарчување на државниот имот на РМ и на самата држава немаат и не треба да имаат место на политичката сцена во РМ. Се додека гледаме се едни исти продадени фигури по раководните места во партиите се дотогаш бидете сигурни дека се движиме во една иста насока на распад на оваа држава предводена од корумпирани и продадени човечиња кои се во џебот на некои странски сили кои ги насочуваат и активираат по потреба.
Потребна е целосна ревизија на целокупното владење на Македонската држава од осамостојувањето до денес и барање на одговорност за сите кои работеле против интересите на граѓаните и државата, инаку само ќе си се залажуваме дека некој ден ќе биде подобро и дека ќе имаме држава.
НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ ДОСТА БЕШЕ ,РАЗБУДИ СЕ, СВЕСТИ СЕ, НЕ СПИЈ ТИ!

ФБ статус на Гоце Гугуловски
30-07-2017, 07:01 PM
Reply