Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ Р. МАКЕДОНИЈА И Р. БУГАРИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: Zaev-i-Borisov.jpg]

26.07.2017
Откако денеска премиерот Зоран Заев го презентираше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој на први август во Владата на Република Македонија ќе го потпишат премиерите на Македонија и на Бугарија, македонската страна го објави целиот текст на договорот. Во продолжение Ви го пренесуваме во целост:

ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Република Македонија и Република Бугарија (нарекувани во понатамошниот текст заеднички „Договорни страни“),
Поаѓајќи од заедничкиот стремеж за понатамошен развој на добрососедството, пријателството и соработката меѓу двете држави,
Длабоко убедени во потребата од развој на соработката врз основа на меѓусебното почитување, доверба, разбирање, добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните држави,
Верувајќи дека сеопфатниот развој и продлабочување на пријателските добрососедски односи меѓу нив одговара на интересите на народите на Република Македонија и Република Бугарија,
Убедени во неопходноста од зајакнување на безбедноста и мирот, соработката и довербата во Југоисточна Европа,
Поздравувајќи го стремежот на Република Македонија за интеграција во европските и евроатлантските структури,
Верувајќи дека конструктивниот дијалог за сите аспекти на билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања, ќе придонесе за понатамошен развој на врските меѓу двете држави на рамноправна основа,
Потврдувајќи го фундаменталното значење на Заедничката декларација од 22 февруари 1999 г. во односите меѓу двете држави,
Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи,
Почитувајќи ги принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и демократските принципи содржани во актите на Советот на Европа,
Се договорија за следново:
Член 1
Двете Договорни страни ќе развиваат сестрани односи помеѓу себе во согласност со основните принципи на меѓународното право и добрососедството.
Член 2
1. Двете Договорни страни ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми.
2. Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.
Член 3
Двете Договорни страни ќе помагаат за развој на соработката меѓу државите од Југоисточна Европа, за зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при реализацијата на регионални проекти, како дел од процесот за создавање на единствена Европа.
Член 4
1.Двете Договорни страни ќе одржуваат контакти и ќе остваруваат средби меѓу претставници на органите на државната власт на различни нивоа за развој на пријателските односи и соработката.
2.Двете Договорни страни ќе помагаат за одржување на контактите меѓу локалните власти и граѓаните на двете Договорни страни.
Член 5
Имајќи ја предвид нивната географска блискост, двете Договорни страни ќе се стремат да создаваат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна заштита.
Член 6
Двете Договорни страни ќе го поддржуваат зголемувањето на туристичката размена, како и развојот на соодветни форми на соработка во областа на туризмот.
Член 7
1.Двете Договорни страни ќе ги прошируваат и усовршуваат транспортните врски и комуникациите меѓу нив, вклучително во рамките на регионалните инфраструктурни проекти.
2.Двете Договорни страни ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за патниците и стоките, кои се движат меѓу нив.
Член 8
1.Двете Договорни страни ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот.
2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.
3.Двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.
Член 9
Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји.
Член 10
Двете Договорни страни ќе ја унапредуваат соработката во правната и конзуларната област и поконкретно во областа на граѓанските, казнените и административните прашања, како и за решавање на хуманитарните и социјалните проблеми на нивните граѓани.
Член 11
1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.
2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.
3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.
4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.
5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.
6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.
Член 12
1.Во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој Договор, двете Договорни страни ќе основаат Заедничка меѓувладина комисија. Комисијата се копретседава од Министрите за надворешни работи на двете Договорни страни и вклучува високи официјални претставници на двете Договорни страни.
2.Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на ефективната примена на овој Договор, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на прашања, кои се појавиле за време на исполнувањето на Договорот. Секоја од Договорните страни може, по потреба, да предложи организирање на дополнителни средби на Заедничката меѓувладина комисија.
Член 13
1.Овој Договор подлежи на ратификација согласно уставните барања на Договорните страни. Овој Договор влегува во сила на датумот на размената на ратификационите инструменти на двете Договорни страни и останува во сила за неопределен временски период.
2.Овој Договор може да биде изменет со писмена согласност меѓу двете Договорни страни. Измените се договараат по дипломатски пат и влегуваат во сила во согласност со став 1 од овој член.
3.Секоја Договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна. Договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото известување.
Член 14
Овој Договор, на никаков начин, нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори, чии страни се Договорните страни.
Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност.
26-07-2017, 08:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Меморандум на Бугарија со кој поставува услови за Македонија во преговарачкиот процес за ЕУ.

Објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ и процесот на асоцијација и стабилизација
Сите земји-членки на ЕУ се придржуваат кон разбирање дека процесот на пристапување на Република Северна Македонија мора строго да ги почитува принципите и вредностите, на кој е изграден нашиот Сојуз.
На 25 март 2020 г. Советот на ЕУ потврди дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Тој ја повтори важноста од продолжување на спроведувањето на билатералните договори со добра волја како важен дел од процесот на проширување.
Спроведувањето на законски обврзувачките обврски од страна на земјите кандидати се следи внимателно во текот на сите фази на нивното пристапување. Ова е критериум за нивната подготвеност и политички капацитет да преземат одговорност за членството.
Земја кандидат не треба да внесува отворени прашања во ЕУ, особено во однос на земјите-членки. Во однос на Република Северна Македонија, сè уште има голем број прашања што можат негативно да влијаат на донесувањето одлуки на ЕУ по пристапувањето.
Прашањата се последица на начинот на кој оваа земја се справува со сопственото минато. Наоѓањето трајни решенија ќе бара вистинска политичка волја и храброст. Пристапниот пат на Република Северна Македонија дава драгоцена можност за нејзиното раководство да се прекине со идеолошкото наследство и практиките на комунистичка Југославија. Процесот на проширување не смее да го легитимира етничкиот и јазичниот инженеринг што се случил за време на поранешните авторитарни режими.
Колку побрзо се решат овие прашања, ќе остане повеќе време за да се покажат успешните резултати и, следствено, процесот на пристапување ќе биде полесен.

ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД

Македонија е географска и историска област, која денес се наоѓа во границите на шест земји – Бугарија, Грција, Република Северна Македонија, Албанија, Косово и Србија. Затоа, сите обиди да се наметне географскиот поим Македонија како официјално име на новосоздадената држава во 1992 г. во текот на 28 години, беа оптоварени со политичка чувствителност.
Во соседните земји, терминот „македонски“ се користи за означување на географско потекло, наместо на национален идентитет. Во Бугарија, стотици илјади Бугари се идентификуваат како „Македонци“ во однос на нивната регионална припадност, што јасно укажува на бугарското етничко потекло. Од оваа причина, значително недоразбирање се јавува кога изразите „македонски“ и „со потекло од Република Северна Македонија“ се заменливи во меѓународните форуми.
Кога по Првата светска војна, дел од географската област на Македонија беше вклучен во Кралството Југославија, огромното мнозинство од словенското население јасно се идентификуваше како бугарско. Ова го потврдуваат сите дипломатски и историски информации од тоа време. Помеѓу двете светски војни, Белград се обиде да го искорени бугарскиот идентитет на ова население со наметнување на нов „јужен српски“. Бидејќи овој обид пропадна, по Втората светска војна, југословенскиот комунистички водач Јосип Броз Тито прибегна кон наметнување на друг нов идентитет, овојпат „македонски“, во тогашната Социјалистичка Република Македонија (СРМ). Тито беше инспириран од одлуката на Комунистичката интернационала (Коминтерна) во 1934 г. да се создаде нови „македонски“, „тракијски“ и „добруџиски“ народи.
Проектот на Тито се реализираше со измислување на нова историја, која ги постави темелите на овој нов „македонски“ концепт, со цел традиционалниот бугарски идентитет да се замени со регионален. Изграден е на сметка на историјата и географијата на соседните земји, со што се поставија темелите за идните територијални и малцински претензии од Југославија. За да се спроведе оваа политика, „лингвистите“ од Антифашистичкото собрание за национално ослободување на Македонија (АСНОМ), контролирано од комунистите, објавија на 2 август 1944 г. постоење на посебен „македонски“ јазик.
Првиот историски институт во КПМ беше основан од југословенските власти во 1948 година. Тој имаше за задача да ги изработи неопходните атрибути за новиот национален идентитет со фалсификување документи и бришење на сите врски со бугарските корени, јазик и потекло на ова население. Овие практики опстојуваа и по распадот на Југославија и создавањето на првата независна Република Македонија.
Политиката на Коминтерната исто така беше кратко репродуцирана од тоталитарниот комунистички режим во Бугарија под диктатот на Сталин. Ова доведе до масовна репресија и прогон на бугарскиот народ, како во пограничниот регион во Бугарија, така и во тогашната СРМ. Архивите сведочат за егзекуција на повеќе од 20 000 луѓе помеѓу 1944 и 1946 г. кои се идентификуваа како Бугари и ја претставуваа политичката и интелектуалната елита во СРМ. Повеќе од 100.000 Бугари беа убиени, затворени, прогонети или испратени во концентрациони логори.
СЕГАШНАТА СИТУАЦИЈА
Проектот за етнички инженеринг за создавање „македонски идентитет“ и „македонска нација“ со позајмување делови од историјата на соседните земји сè уште доведува до многу контрадикторни резултати. Идентитетските политики го достигнаа својот врв и добија гротескни размери со кампањата за „антиквизација" спроведувана од националистичките влади помеѓу 2006 и 2017 година.
Сепак, процесот на градење идентитет беше ограничен само на територијата на тогашната СРМ, а по 1991 г. и на Република Македонија. Иако бугарските граѓани не учествуваа, властите во Република Северна Македонија сè уште тврдат дека во Бугарија има „македонско малцинство“. Официјалните учебници по историја и географија, литература, визуелни уметности, како и некои медиуми, исто така се користат за зајакнување на овие тврдења и за создавање антагонизам со Бугарија преку ширење на стереотипи.
Независно од тоа, со оглед на заедничката историја и блиските културни и јазични врски меѓу луѓето од нашите две земји, Бугарија ги призна политичките реалности и беше прва во светот што ја призна независноста на тогашната Република Македонија во јануари 1992 г. Бугарија ја поддржа (материјално, финансиски, политички) во текот на првите тешки години од нејзиното постоење. За време на конфликтите во Југославија и етничките немири во 2001 г. Бугарија одлучно се спротивстави на сите регионални планови против суверенитетот и интегритетот на земјата. Во 1999 г. Бугарија донираше на вооружените сили на Република Македонија тешко оружје како што се тенкови и артилерија.
Бугарија постојано ги поддржува целите на Република Северна Македонија за НАТО и ЕУ. Софија беше меѓу првите сојузници што го ратификуваа Протоколот за пристапување во НАТО. Еден од главните приоритети на бугарското претседателство со Советот на ЕУ беше напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ.
Бугарија никогаш немала никакви територијални претензии и никогаш не го оспорила правото на самоидентификација на граѓаните на Република Северна Македонија, особено со оглед на тоа што неколку генерации пораснаа под југословенска пропаганда.
Сепак, Бугарија не може да прифати дека тековниот процес на градење нација во Република Северна Македонија ќе се одвива со ревидирање на нашата заедничка историја, негирање на нашите заеднички етнички и јазични корени или неосновани тврдења за постоење на „македонско малцинство“ во Бугарија. Овие манифестации на антибугарската идеологија и практика финансирани од државата, се во спротивност со европските вредности и не треба да се легитимираат со влез во ЕУ.
Позицијата на Бугарија на патот на пристапување на Република Северна Македонија има за цел да се заштити од неосновани малцински, историски, јазични и други тврдења. Ова не ги негира обврските на секоја земја-членка да ги почитува индивидуалните човекови права, вклучително и оние за самоидентификација.
ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА, потпишан на 1 август 2017 г, во сила од 14 февруари 2018 г. – СОСТОЈБА
Бугарија предложи конструктивно надминување на нерешените прашања меѓу двете земји со склучување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Договорот ја призна заедничката историја на двете земји и ја потврди таканаречената „јазична клаузула“. Тој исто така потврди дека какви било тврдења за постоење на таканареченото „македонско малцинство“ на територијата на Бугарија се неосновани.
Договорот го отвори патот кон склучување на Договорот од Преспа, пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ.
Сепак, спроведувањето на Договорот е во застој. Во голема мерка беше блокиран по одлуката на претставниците на Република Северна Македонија да го прекинат нивното учество на неодредено време во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, основана според чл. 8 (2) од Договорот. Оваа еднострана одлука, објавена на 29 ноември 2019 г. беше оправдана со претстојната изборна кампања. Како резултат на тоа спроведувањето на Договорот сега е заложник на размислувањата за политичка целисходност. Во истиот период, бугарските инвеститори се соочија со растечки пречки за работа во Република Северна Македонија. Локалните граѓани (вклучително и поранешните премиери Георгиевски и Бучковски, како и поранешниот министер за надворешни работи Малевски), кои зборуваа за поддршка на заедничкото историско минато, биле подложени на говор на омраза и клеветнички кампањи.

ГЛАВНИ НЕРЕШЕНИ ПРАШАЊА

ОПШТА ИСТОРИЈА

Формирана е заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за да придонесе за објективно претставување на историските настани, засновани врз автентични докажани историски извори и научно толкување. Оваа комисија има за цел да постигне конкретни резултати во однос на истакнати личности и историски настани од општата историја до 1944 г. и да: предложи заеднички прослави; дава препораки за усогласување и измена на наставните програми по историја и литература; спроведување на постигнатите договори во врска со учебници, музеи, документарни филмови финансирани од државата.
Првичниот ограничен напредок во работата на Комисијата беше проследен со одложувања и на крајот блокирање. Претставниците на Република Северна Македонија секогаш се спротивставуваа на заеднички договорениот концепт на заедничка историја, обидувајќи се да ја заменат со алтернативни поими за „споделена“ или „испреплетена“ историја. Конечно, откако повеќепати предложија да се прекинат активностите на Комисијата, тие ги искористија домашните политички настани од октомври 2019 г. како изговор за еднострано да го прекинат своето учество.
Тековното блокирање на работата на Комисијата ги поткопува обидите за градење доверба и решавање на основните проблеми. Ова ја доведува во прашање добрата волја на Република Северна Македонија за одржување на добрососедските односи со Бугарија.

ЈАЗИК

„Македонски јазик“ или етничка припадност не постоеле сè до 2 август 1944 г. Нивното создавање е дел од целокупната конструкција на посебен небугарски идентитет, чија цел е раскинување на врските помеѓу населението од тогашната СРМ и Бугарија.
Бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации). Три од нив се базираат на дијалекти и три на бугарски литературен јазик. Создавањето на „македонски јазик“ во 1944 г. во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (прекодификација) заснована врз бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатена“ со народни форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалект.
Основата врз која е извршена кодификацијата и начинот на кој е наметната сведочат дека официјалниот јазик што се користи во денешна Република Северна Македонија може да се смета само како пишана регионална норма на бугарскиот јазик.
Денес сè уште се зборуваат регионалните верзии на истиот јазик од двете страни на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бидејќи локалната норма во Република Северна Македонија беше квалификувана во Уставот како „македонска“, двете страни се согласија да се повикуваат на јазикот во согласност со уставните одредби.
Со Декларација потпишана во 1999 г. од премиерите на Бугарија, а потоа и на Република Македонија, двете страни се согласија да го наречат официјалниот јазик на земјата „...македонски, во согласност со Уставот на Република Македонија“. Овој компромис го отвори патот за потпишување на голем број билатерални договори и беше од суштинско значење за воспоставување на нормални соседски односи.
Истата одредба е содржана во Договорот. Ние веруваме дека преку оваа одредба, нашите земји направија огромен чекор кон решавање на разликите по ова прашање. Оваа клаузула претпоставува, меѓу другото, разбирање на бугарската страна дека официјалниот јазик на сегашна Република Северна Македонија е кодиран со правна норма во нејзиниот прв устав како независна држава, усвоен на 17 ноември 1991 г.
Терминот „македонски јазик“ што се користи во Договорот од Преспа во 2018 г. за целите на овој договор не е задолжителен за трети земји – клучен принцип во јавното меѓународно право. Иако овој термин се користи и во извештаите на Третата конференција на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња од 1977 г., споменатата експертска конференција нема политички карактер и нејзините одлуки не произведуваат правно обврзувачки последици во однос на признавањето на т.н. наречен „македонски јазик“.
Со оглед на горенаведеното, Бугарија инсистира на тоа дека документите на ЕУ (и пред и по пристапувањето во ЕУ) се однесуваат на „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ или, во случај на апсолутна потреба, на „македонски јазик“ со ѕвездичка и објаснување долу под црта, како што следува: „според Уставот на Република Северна Македонија“.

МАЛЦИНСКИ ПРЕТЕНЗИИ

Со потпишување на Договорот, Република Северна Македонија се согласи дека нема објективни историски или демографски основи за барање статус на малцинство за која било група граѓани на територијата на Бугарија. Во кршење на чл. 11 од Договорот, Скопје не ја смени политиката на поранешните влади за охрабрување и поддршка на поединци и организации кои бараат признавање на непостоечко „македонско малцинство“ во Бугарија.
Бугарија е член на најголемите регионални и меѓународни организации за човекови права и е фокусирана на примена на највисоки меѓународни стандарди во оваа област, во согласност со бугарскиот устав. Правото на слободно индивидуално самоидентификување е неразделно поврзано со објективните критериуми поврзани со идентитетот на лицето. Затоа, врз основа на Уставот на Република Бугарија, ова право може да се оствари според кумулативното исполнување како на субјективните (присуство на слободна волја да припаѓа на одредена етничка, верска, јазична малцинска група или заедница), така и на објективните критериуми (постоење на реални разлики што објективно го докажуваат постоењето на етничка припадност, религија, јазик, значително различни од оние на мнозинството). Како и другите земји-членки, во овој поглед, Бугарија не дава колективни, туку само индивидуални права. Затоа, барањата на малцинствата испровоцирани од странство се неприфатливи.
Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски, да ги суспендира горенаведените политики, веднаш да ги донесе своите позиции и активности во меѓународни организации и форуми во согласност со чл. 11 од Договорот и да се стави крај на нејзината практика за инструментализирање на мултилатерални формати и механизми за следење за вршење непотребен притисок врз Бугарија. Ова ќе биде предуслов за добивање на согласност од Бугарија за секој следен чекор во процесот на интеграција.

ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО

Бугарија повеќепати ги повикуваше институциите на ЕУ да го користат уставното име на Република Северна Македонија во сите официјални документи на ЕУ.
Во 1992 г. Бугарија прва ја призна тогашната Република Македонија со уставното име. Со текот на годините, Бугарија беше доследна и конструктивна, не се спротивставуваше на употребата на името, кое нејзиниот близок сосед суверено го избра и го запиша како официјално и уставно во нејзината највисока законска норма.
Бугарија никогаш не интервенирала во 27-годишниот спор за името со Грција, но постојано предупредувала на усвојување географска дефиниција како дел од новото име, бидејќи тоа може да покрене дополнителни проблеми во регионот и да предизвика неосновани побарувања против Бугарија.
Новото уставно име „Република Северна Македонија“ содржи таква географска дефиниција. Незадолжителното кратко именување Северна Македонија јасно се однесува на географски регион, чиј дел спаѓа во суверената територија на соседните земји, вклучително и Бугарија. Затоа, со цел да се избегнат недоразбирања или погрешно толкување, на 7 мај 2019 г. Бугарија ги информираше ООН дека во духот на блискососедската соработка и поддршка ќе го користи уставното име „Република Северна Македонија“ erga omnes како единствено име на оваа земја.
Ова прашање може да се затвори откако Република Северна Македонија официјално ќе се изјасни до ООН и сите други меѓународни организации дека употребата на краткото име на државата предвидена во Договорот од Преспа се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не до географскиот регион Северна Македонија.

ПАТОТ НАПРЕД

Бугарија силно ја застапуваше и поддржуваше одлуката на Советот од 25 март 2020 г. за отворање преговори за пристапување со Република Северна Македонија. Тој презентираше изјава за записникот на Советот во кој се истакнува неговата национална позиција за пристапување во ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија. Изјавата ја рефлектира рамковната позиција усвоена од Владата на Република Бугарија на 9 октомври 2019 г. и одобрена со Декларација од сите политички партии во бугарскиот парламент.
Изјавата се заснова на разбирање дека добрососедските односи се од хоризонтална важност и затоа треба да се оценуваат во секоја фаза од процесот на пристапување на земјите кандидати. Во оваа смисла, строгата, целосна и неповратна примена на словото и духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ќе остане предуслов за каков било напредок во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.
Одржувањето на добрососедските односи, а особено добронамерната имплементација на билатералните договори со земјите-членки на ЕУ, мора да биде составен дел од преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и треба да се гледа во согласност со Поглавје 35. Проценката дали тие меѓународни обврски ефективно се спроведуваат, треба да биде на заинтересираните земји-членки.
Бугарија очекува сите партнери во ЕУ да ја земат во предвид реалната загриженост на друга земја-членка и се потпира на нивната силна поддршка и солидарност за ова прашање.
18-09-2020, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Меморандум в ЕС: 28 г. България подкрепя Македония, Скопие не спазва договора, мълчи за избиването на десетки хиляди

В разяснителен Меморандум за отношенията между България и РС Македония относно присъединяването на Скопие към Европейския съюз се подчертава, че Македония трябва да спазва стриктно принципите и ценностите на ЕС.

[Image: 7016810-1.jpg]

В документа се отбелязва, че в продължение на 28 години България безусловно подкрепя независимостта и суверенитета, подпомага икономически, военно по всякакъв начин западния си съсед и остро се е противопоставяла на регионалните опити за нейното унищожаване като независима държава.
В меморандума се обръща специално внимание и на факта, че вече 80 години се мълчи за избиването на десетки хиляди българи, включително и за преследването на над 100 000 след 1945 г. по време на управлението на югославския диктатор Йосип Броз Тито /1944-1980 г./.
За София е абсолютно неприемливо неспазването на Договора за приятелство и добросъседство от 2017 г., блокирането на Смесената комисия по исторически въпроси, спирането на всякакви български инвестиции в страната и преследването на политици, които открито разкриват истината за миналото.

Агенция БГНЕС ексклузивно публикува пълния текст на документа без съкращения и тълкувания:

Разяснителен меморандум относно отношенията на Република България с Република Северна Македония в контекста на разширяването на ЕС и на процеса на асоцииране и стабилизиране
Всички държави-членки на ЕС се придържат към разбирането, че процесът на присъединяване на Република Северна Македония трябва стриктно да спазва принципите и ценностите, върху които е изграден нашият Съюз.
На 25 март 2020 г. Съветът на ЕС потвърди, че добросъседските отношения и регионалното сътрудничество остават ключови елементи на процеса на разширяване, както и на процеса на стабилизиране и асоцииране. Той отново подчерта значението на продължаващото добросъвестно прилагане на двустранните споразумения като важна част от процеса на разширяване.
Изпълнението на правно обвързващите ангажименти от страните – кандидатки се наблюдава внимателно по време на всички етапи от присъединяването им. Това е критерий за тяхната готовност и политически капацитет да поемат отговорности за членството.
Държава – кандидат не трябва да внася отворени въпроси в ЕС, особено по отношение на държави- членки. По отношение на Република Северна Македония продължават да съществуват няколко такива въпроса, които при присъединяването могат да повлияят отрицателно на вземането на решения в рамките на ЕС.
Въпросите са следствие от начина, по който тази страна се справя със собственото си минало. Намирането на дълготрайни решения би изисквало истинска политическа воля и смелост. Пътят за присъединяване на Република Северна Македония предоставя ценна възможност нейното ръководство да скъса с идеологическото наследство и практиките на комунистическа Югославия. Процесът на разширяване не трябва да легитимира етническия и езиков инженеринг, който се е състоял по времето на бивши авторитарни режими.
Колкото по-скоро се решат тези въпроси, толкова повече време ще остане да се демонстрират необходимите постижения (track record) „рекорди“ и, съответно, процесът на присъединяване ще бъде по-плавен.

ИСТОРИЧЕСКИ ПРЕГЛЕД

Македония е географска и историческа област, която в наши дни се намира в границите на шест държави – България, Гърция, Република Северна Македония, Албания, Косово и Сърбия. Следователно всички опити за налагане на географския термин Македония като официално име на новосъздадената през 1992 г. държава в продължение на 28 години бяха обременени с политическа чувствителност.
В съседните държави терминът „македонски“ се използва за обозначаване на географски произход, а не на национална идентичност. В България стотици хиляди българи се самоопределят като „македонци“ по отношение на регионалната си принадлежност, като ясно посочват български етнически произход. По тази причина възниква значително недоразумение, когато термините „македонски“ и „произхождащи от Република Северна Македония“ са взаимозаменяеми в рамките на международни форуми.
Когато след Първата световна война част от географската област Македония е включена в Кралство Югославия, преобладаващото мнозинство от нейното славянско население ясно се самоопределя като българско. Това се потвърждава от всички дипломатически и исторически сведения от онова време. Между двете световни войни Белград се опита да изкорени българската идентичност на това население, като му наложи нова „южносръбска“. Тъй като този опит се оказа неуспешен, след Втората световна война югославският комунистически лидер Йосип Броз Тито прибягна до налагането на още една нова идентичност – този път „македонска“, в тогавашната Социалистическа република Македония (СРМ). Тито беше улеснен и вдъхновен от решението на Комунистическия интернационал (Коминтерна) от 1934 г. да създаде нови „македонски“, „тракийски“ и „добруджански“ нации.
Проектът на Тито е реализиран чрез измислянето на нова история, поставила основата на тази нова „македонска“ концепция, целяща да замести традиционната българска идентичност с регионална. Тя е изградена за сметка на историята и географията на съседните държави, като по този начин постави основата за бъдещи териториални и малцинствени претенции от страна на Югославия. За да приложат тази политика, „лингвисти“ от контролираната от комунистите Антифашистка асамблея за национално освобождение на Македония (АСНОМ) обявиха на 2 август 1944 г. съществуването на отделен „македонски“ език.
Първият Исторически институт в СРM е създаден от югославските власти през 1948 г. Той има за задача да изработи необходимите атрибути за новата национална идентичност чрез фалшифициране на документи и изтриване на всички връзки с българските корени, език и произход на това население. Тези практики се запазиха и след разпадането на Югославия и създаването на първата независима Република Македония.
Политиката на Коминтерна също беше възпроизведена за кратко от тоталитарния комунистически режим в България под диктата на Сталин. Това доведе до масови репресии и преследвания на българския народ, както в пограничния регион в България, така и в тогавашната СРМ. Архивите свидетелстват за екзекуцията на над 20 000 души между 1944 и 1946 г., които са се идентифицирали като българи и са представлявали политическия и интелектуален елит в СРМ. Над 100 000 българи бяха убити, затворени, заточени или изпратени в концлагери.

[Image: %D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%...%D0%B2.jpg]

Македония не спазва Договора от 2017 г.

ТЕКУЩА СИТУАЦИЯ

Етническият инженерингов проект за създаване на „македонска идентичност” и „македонска нация” чрез заемане на части от историята на съседните държави води и до днес до много противоречиви резултати. Политиките за идентичност достигнаха своя връх и приеха гротескни размери с кампанията по „антиквизация“, провеждана от националистическите правителства в периода 2006 – 2017 г.
Процесът на изграждане на идентичност обаче беше ограничен само на територията на тогавашния СРМ, а след 1991 г. и на Република Македония. Въпреки че българските граждани не са участвали в него, властите в Република Северна Македония все още твърдят, че има „македонско малцинство“ в България. Официалните учебници по история и география, литература, визуални изкуства, както и някои медии, също са използвани за подсилване на тези твърдения и за създаване на антагонизъм с България чрез разпространяване на стереотипи.
Независимо от това, имайки предвид общата история и близките културни и езикови връзки между хората от нашите две страни, България призна политическите реалности и първа в света призна независимостта на тогавашната Република Македония през януари 1992 г. България ѝ оказа подкрепа (материална, финансова, политическа) през първите трудни години от нейното съществуване. По време на конфликтите в Югославия и етническите вълнения през 2001 г. България решително се противопостави на всички регионални планове, насочени срещу суверенитета и целостта на тази страна. През 1999 г. България дари на въоръжените сили на Република Македония тежко въоръжение като танкове и артилерийски оръдия.
България подкрепя последователно целите на Република Северна Македония за НАТО и ЕС. София беше сред първите съюзници, които ратифицираха Протокола за присъединяване към НАТО. Един от основните приоритети на българското председателство на Съвета на ЕС беше напредъкът на Република Северна Македония по пътя към ЕС.
България никога не е имала каквито и да е териториални претенции и никога не е оспорвала правото на самоидентификация на гражданите на Република Северна Македония, особено като се има предвид, че няколко поколения са отраснали под югославска пропаганда.
България обаче не може да приеме, че продължаващият процес на национално изграждане в Република Северна Македония ще се осъществи чрез преразглеждане на общата ни история, отричане на общите ни етнически и езикови корени или необосновани твърдения за съществуването на „македонско малцинство“ в България. Тези прояви на държавно финансирана антибългарска идеология и практика противоречат на европейските ценности и не трябва да бъдат легитимирани чрез присъединяване към ЕС.
Позицията на България по отношение на пътя на присъединяване на Република Северна Македония има за цел да се защити от неоснователни малцинствени, исторически, езикови и други претенции. Това не отрича задълженията на всяка държава-членка да спазват индивидуални човешки права, включително тези за самоидентификация.

ДОГОВОРЪТ ЗА ПРИЯТЕЛСТВО, ДОБРОСЪСЕДСТВО И СЪТРУДНИЧЕСТВО, подписан на 1 август 2017 г., в сила от 14 февруари 2018 г. – СЪСТОЯНИЕ

България предложи конструктивно да бъдат преодолени нерешените въпроси между двете страни чрез сключването на Договора за приятелство, добросъседство и сътрудничество. Договорът призна общата история на двете държави и потвърди така наречената „езикова клауза“. Той потвърди също, че всякакви претенции за съществуването на така нареченото „македонско малцинство“ на територията на България са неоснователни.
Договорът проправи пътя за сключването на Преспанското споразумение, присъединяването на Република Северна Македония към НАТО и отварянето на преговорите за присъединяване с ЕС.
Прилагането на Договора обаче е в застой. То е блокирано до голяма степен след решението на представителите на Република Северна Македония да прекратят за неопределено време участието си в работата на Съвместната мултидисциплинарна експертна комисия по исторически и образователни въпроси, създадена съгласно чл. 8 (2) от Договора. Това едностранно решение, обявено на 29 ноември 2019 г., беше оправдано с предстоящата предизборна кампания. В резултат на това изпълнението на Договора сега е заложник на съображения за политическа целесъобразност. През същия период българските инвеститори се сблъскаха с нарастващи пречки да работят в Република Северна Македония. Местните граждани (включително бившите министър-председатели Георгиевски и Бучковски, както и бившият външен министър Малевски), изказали се в подкрепа на общото историческо минало, бяха подложени на реч на омразата и клеветнически кампании.

ОСНОВНИ НЕРЕШЕНИ ВЪПРОСИ

Обща история

Съвместна мултидисциплинарна експертна комисия беше създадена, за да допринесе за обективното представяне на историческите събития, основано на автентични доказани исторически източници и научна интерпретация. Тази комисия има за цел да постигне конкретни резултати по отношение на видни личности и исторически събития от общата история до 1944 г. и да: предлага съвместни чествания; дава препоръки за хармонизиране и изменение на учебните програми по история и литература; прилагане на постигнатите споразумения по отношение на финансирани от държавата учебници, музеи, документални филми и др.
Първоначалният ограничен напредък в работата на Комисията беше последван от забавяне и в крайна сметка блокиране. Представителите на Република Северна Македония през цялото време се противопоставяха на взаимно съгласуваната концепция за обща история, опитвайки се да я заместят с алтернативните понятия за „споделена“ или „преплетена“ история. В крайна сметка, след като многократно предлагаха дейността на Комисията да спре, те използваха като претекст вътрешнополитическите събития от октомври 2019 г., за да прекратят едностранно участието си.

[Image: %D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB-%D0%94%D0...%D0%B2.jpg]
Македония унищожава Комисията

Настоящото блокиране на работата на Комисията подкопава опитите за изграждане на доверие и разрешаване на основните проблеми. Това поставя под въпрос добрата воля на Република Северна Македония да поддържа добросъседски отношения с България.

Език

„Македонски език“ или етническа принадлежност не съществуват до 02.08.1944 г. Създаването им е част от цялостното изграждане на отделна небългарска идентичност, насочена към прекъсване на връзките между населението на тогавашната СРМ и България.
Българският книжовен език има шест регионални писмени норми (кодификации). Три от тях са базирани на диалекти, а три – на български литературен език. Създаването на „македонски език“ през 1944 г. в бивша Югославия е акт на вторична кодификация (прекодификация), основана на българския книжовен език, допълнително „обогатен“ с народни форми, като по този начин се симулира „естествен“ процес, основан на диалект.
Основата, на която е извършена кодификацията, и начинът, по който е наложена, свидетелстват, че официалният език, използван в днешна Република Северна Македония, може да се разглежда само като писмена регионална норма на българския език.
Днес все още се говорят регионални варианти на същия език от двете страни на границата между България и Република Северна Македония. Тъй като местната норма в Република Северна Македония беше квалифицирана в Конституцията като „македонски“, двете страни се съгласиха да се позоват на езика в съответствие с конституционните разпоредби.
С Декларация, подписана през 1999 г. от министър-председателите на България, а след това и на Република Македония, двете страни постигнаха споразумение официалният език на страната да бъде наричан „… македонски език, в съответствие с Конституцията на Република Македония ”. Този компромис проправи пътя за подписване на редица двустранни споразумения и беше от първостепенно значение за установяване на нормални съседски отношения.
Същата разпоредба е залегнала в Договора. Смятаме, че чрез тази разпоредба нашите държави направиха огромна крачка към разрешаване на разногласията по въпроса. Тази клауза предполага, между другото, разбирането на българската страна, че официалният език на сегашната Република Северна Македония е кодифициран от правна норма в първата ѝ конституция като независима държава, приета на 17 ноември 1991 г.
Терминът „македонски език“, използван в Преспанското споразумение от 2018 г. за целите на това споразумение, не е задължителен за трети държави – ключов принцип в международното публично право. Въпреки че този термин се използва и в докладите на Третата конференция на Организацията на обединените нации за стандартизация на географските наименования от 1977 г., споменатата експертна конференция няма политически характер и нейните решения не произвеждат правно обвързващи последици по отношение на признаването на т.нар. наречен „македонски език”.
Предвид гореизложеното, България настоява документите на ЕС (както преди, така и след присъединяването към ЕС) да се отнасят до „официалния език на Република Северна Македония“ или, в случай на абсолютна необходимост, до „македонски език“ със звездичка и пояснение под черта, както следва: „съгласно Конституцията на Република Северна Македония“.

Претенции за малцинство

С подписването на Договора Република Северна Македония се съгласи, че няма обективни исторически или демографски основания за търсене на статут на малцинство за която и да е група граждани на територията на България. В нарушение на чл. 11 от Договора Скопие не е променил политиката на бившите правителства за насърчаване и подкрепа на лица и организации, търсещи признаването на несъществуващо „македонско малцинство“ в България.
България е член на най-големите регионални и международни правозащитни организации и е фокусирана върху прилагането на най-високите международни стандарти в тази област, в съответствие с българската Конституция. Правото на свободна индивидуална самоидентификация е неразделно свързано с обективните критерии, свързани с идентичността на лицето. Следователно, въз основа на Конституцията на Република България, това право може да се упражнява съгласно кумулативното изпълнение както на субективните (наличие на свободна воля за принадлежност към определена етническа, религиозна, езикова малцинствена група или общност), така и на обективните критерии (съществуване на действителни различия, които обективно доказват съществуването на етническа принадлежност, религия, език, значително различаващи се от тези на мнозинството). Подобно на други държави-членки, в това отношение България не предоставя колективни, а само индивидуални права. Следователно провокираните от чужбина искания за малцинство са неприемливи.
България очаква Република Северна Македония да изпълни ангажиментите си, да преустанови гореспоменатите политики, незабавно да приведе своите позиции и действия в международни организации и форуми в съответствие с чл. 11 от Договора и да прекрати практиката си по инструментализиране на многостранни формати и механизми за мониторинг за оказване на неправомерен натиск върху България. Това ще бъде предпоставка за получаване на съгласието на България за всяка следваща стъпка в процеса на интеграция.

Въпросът с името

България призовава многократно институциите на ЕС да използват конституционното име на Република Северна Македония във всички официални документи на ЕС.
През 1992 г. България първа призна тогавашната Република Македония с нейното конституционно име. През годините България е последователна и конструктивна, като не възразява срещу употребата на името, което нейният близък съсед суверенно е избрал и е записал като официално и конституционно в най-високата си правна норма.
България никога не се е намесвала в 27-годишния спор за името с Гърция, но последователно е предупреждавала срещу приемането на географско определение като част от новото име, тъй като това може да повдигне допълнителни проблеми в региона и да предизвика неоснователни искове срещу България.

[Image: %D0%BA%D1%8A%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%...%D0%B0.jpg]

80 години Скопие мълчи за десетки хилядите избити и над 100 000 арестувани българи след 1944

Новото конституционно име „Република Северна Македония“ съдържа такова географско определение. Незадължителното кратко наименование Северна Македония ясно се отнася до географски регион, част от който попада в суверенната територия на съседни държави, включително България. Следователно, за да избегне недоразумения или погрешна интерпретация, на 7 май 2019 г. България информира ООН, че в духа на тясно съседско сътрудничество и подкрепа ще използва конституционното наименование „Република Северна Македония“ erga omnes като единствено име на тази държава.
Този въпрос може да бъде затворен окончателно, след като Република Северна Македония официално декларира пред ООН и всички други международни организации, че използването на краткото име на държавата, предвидено в Преспанското споразумение, се отнася само до политическия субект „Република Северна Македония ”, а не до географския регион на Северна Македония.

ПЪТЯТ НАПРЕД


България се застъпи силно и подкрепи решението на Съвета от 25 март 2020 г. за отваряне на преговорите за присъединяване с Република Северна Македония. Тя представи декларация за протокола на Съвета, в която се очертава нейната национална позиция относно присъединяването към ЕС и процеса на стабилизиране и асоцииране на Република Северна Македония. Изявлението отразява рамковата позиция, приета от правителството на Република България на 9 октомври 2019 г. и одобрена с Декларация от всички политически партии в българския парламент.
Изявлението се основава на разбирането, че добросъседските отношения имат хоризонтално значение и следователно трябва да бъдат оценявани на всеки етап от процеса на присъединяване на страните кандидатки. В този смисъл стриктното, пълно и необратимо прилагане на буквата и духа на Договора за приятелство, добросъседство и сътрудничество ще остане предпоставка за всеки напредък в процеса на присъединяване на страната към ЕС.
Поддържането на добросъседски отношения и по-специално добросъвестното прилагане на двустранните договори с държавите-членки на ЕС трябва да бъде неразделна част от преговорната рамка за присъединяването на Република Северна Македония към ЕС и следва да се наблюдава, съгласно глава 35. Оценката дали тези международни задължения се изпълняват ефективно следва да бъде на заинтересованите държави-членки.
България очаква всички партньори в ЕС да вземат предвид реалните опасения на друга държава-членка и разчита на тяхната силна подкрепа и солидарност по въпроса. /БГНЕС
18-09-2020, 02:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Бугарска спирала кон дното

Оценката на Андреј Ковачев дека АСНОМ бил темел на антибугарството е како да правиш сѐ за да го оддалечиш од себе оној што го сметаш како најблизок, како брат.

Пишува Љупчо Поповски 12.09.2020

Некогаш тоа изгледа како неверојатна работа, политичка неписменост или едноставно како несфатлива ароганција кога високи политичари од Бугарија настојуваат по секоја цена да ја поништат и онаа мала наклоност на македонската јавност што остана кон Софија. Изгледа како нелогичен контрапункт, но постојаното тврдење на функционери и историчари од Бугарија дека македонскиот народ е дел од бугарското ткиво, а македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот јазик, го прави токму спротивното – Македонците да се чувствуваат сѐ поодалечени од Бугарите и нивните закани со блокади да влијаат на прекинување на огромниот дел од врските што преостанале. Доколку некој бара логично објаснување тешко дека ќе може да го најде – да правиш сѐ за да го оддалечиш од себе оној што го сметаш како најблизок, како брат. Па дури да се закануваш дека за него ќе бидеш она што беше Каин за Авел.

Затоа тешко можат да се најде и некој прифатлив збор за експресното реагирање за БГНЕС на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на зборовите на премиерот Зоран Заев од четвртокот вечерта во интервјуто на МТВ дека ќе се најде заедничко решение заГоце Делчев. „Треба да бидеме свесни дека не може да кажеме дека Гоце Делчев не е наш, треба да видиме како заеднички нѐ спојува... Гоце Делчев се борел за социјална правда, револуција, се организирало Илинденското востание, борбата против Османлиите... Имаме архиви во двете земји и транспарентно ќе ги отвориме. Има начини, треба да бидеме мудри политичари... и двете страни да бидат победници“, изјави Заев со тон кој на многумина во Македонија им изгледаше премногу мек, па удри и подготовка за отстапки.

„Македонска заблуда“

Но за Андреј Ковачев тоа не е мек тон, тоа е дел на „македонската заблуда“ на Македонците. Па во брзото реагирање тој во депото на алатки со кои се осудува „антибугарството“ го смести и АСНОМ. Тој, според Ковачев, да ти бил еден од столбовите на антибугарството. „Еден од темелите/столбовите на сегашната македонска државност е АСНОМ, партизаните и комунизмот. Ова во пракса значи дека антибугарската теза продолжува да биде столб на нивната држава. Потребна е храброст да се надмине“, вели бугарскиот европратеник и висока фигура во партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

Ковачев е влијателна фигура во Европскиот параламент (тој е потпретседател на Комитетот за надворешни работи), негов член е уште од 2009 година. Има важна улога и во Европската народна партија, десноцентристичкото политичко семејство, каде членува и ВМРО-ДПМНЕ. Може на одреден начин да влијае врз расправата во Брисел како да се определи преговарачката рамка за Македонија за членство во ЕУ. Многу често неговите зборови знаат да бидат разумни политички објаснувања. Но да го поврзеш АСНОМ со темелите на антибугарството веќе преминува граници кои не се во историјата, туку се во државноста на Македонија, нејзиниот народ, јазик, култура, постоењето.

Дали АСНОМ бил темел на антибугарството затоа што беше одржан на 2 август 1944 година, кога бугарските фашистички окупациски трупи беа уште во Македонија? Дали АСНОМ бил темел на антибугарството кога луѓето во Македонија гледаа како царот Борис Трети се среќава со Адолф Хитлер, како бугарските војски како дар од нацистите ја окупираат не само Македонија (без нејзиниот краен западен дел), туку и јужна Тракија и Халкидики и бугарската држава излегува на Егејското Море? Дали АСНОМ бил темел на антибугарството затоа што донесува одлуки за државата и македонскиот јазик, по годините кога од Бугарија беа испраќани илјадници учители да ги учат децата на бугарски јазик, кога Бугарската егзархија организирираше свои епархии на окупираната територија, кога административно македонските области стана дел од бугарската територијална организација? Ковачев е во право во некоја рака кога зборува за АСНОМ – па, антифашистичкото собрание беше свикано за да ја оформи македонската држава по толку многу дадени жртви, а не да стане територијална единица на Бугарија, која тогаш сѐ уште беше дел од силите на оската. Еден месец подоцна, кога армиите на советскиот маршал Толбухин дојдоа на границите на Бугарија, таа ја сврте страната и од сојузник на нацистичка Германија што е можно побрзо им се приклучи на победниците.

Жителите на Македонија имаат веројатно најпозитивно мислење од сите народи во Европа кон Германците. Ковачев не би требало да има никаква дилема околу тоа што мислат Македонците за нацистичките војски кои особено кога се повлекуваа од Грција направија многу злодела на овие простори. Но демократска Германија знае да го носи товарот на ужасното наследство од Втората светска војна, да се извини за теророт и страдањата што ги предизвика во Европа, да се помири со загубата на огромна територија што денес е западна Полска. Целосниот пораз во една непромислена и екстремно крвава војна носи и такви последици. Денешна Бугарија сака како со гума да ги избрише тие мрачни години од нејзината државност, како никогаш да не се случиле, наместо да се соочи со тешкото наследство за навистина да стане уште поголема отколку што мисли.

Познатиот историчар и важен проучувач на настаните од овој регион, Улф Брунбауер од Универзитетот во Регенсбург, Германија, пред неколку месеци во интервју за „Независен“, едноставно, како човек што ги следи настаните од надвор, тоа го објасни вака:

„Ова не е најдобриот начин да се дружите: да му кажете на вашиот претпоставен пријател дека она во што тој или таа верува, е ѓубре. Вистинските пријателства значат прифаќање на различни мислења, а исто така и добрососедските односи меѓу земјите зависат од прифаќањето на разликата. Ако Бугарите сакаат да бидат добри пријатели со Македонците, зошто не се започне со признавање и дискутирање на воените злосторства извршени од бугарските окупаторски сили на македонска територија за време на Втората светска војна? Ова, всушност, е многу поважно прашање од тоа дали некој во 19. век се нарекувал Бугарин или Македонец. Јасно е дека бугарските барања главно ја таргетираат домашната публика, тие треба да им покажат на Бугарите каков голем бранител на националната гордост е нивната сегашна влада“.

Се тенчи трпението во Брисел

Во основа, овие зборови на Брунбауер, иако кажани пред повеќе месеци, ја посочуваат комплицираната ситуација во која сега се наоѓа бугарската влада по два месеца постојани протести на улиците против корупцијата која го метастразираше бугарското општество. Па брзата реакција на Андреј Ковачев на меките зборови на Зоран Заев треба да дадат барем мало оладување од жештината под која се наоѓа Борисов и неговата партија.

Андреј Ковачев сосем сигурно знае за затворениот состанок на една парламентарна група во Брисел на кој се разговараше за ситуацијата во Бугарија. Тој сигурно го знаел и претходно она за што оваа недела зборуваше претседателот на Врховниот касациски суд, Лозан Панов, за германски „Шпигел“ кога рече дека тој го известил Брисел за неискреноста на реформите во правосудниот систем и дека фондовите на ЕУ драматично ја поттикнуваат корупцијата во државата. Како германски студент по биологија на Сарскиот Универзитет, тој веројатно во оригинал ги прочитал овие зборови на Панов во „Шпигел“:

„Во нормална земја, како судија, ќе морам да се држам надвор од политиката... Но во нашиот случај морам да кажам: Да, Бугарија е заробена држава. Тоа е нешто што европската политика не сака да го признае. За Унгарија и Полска се зборува многу во Европа, но за жал, за Бугарија не е така“.
20-09-2020, 01:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Ковачев контра Поповски: АСНОМ е симбол на комунистичката диктатура

Бугарскиот европратеник од редовите на владејачката ГЕРБ, Андреј Ковачев реагира на минатонеделната саботна анализа на нашиот дописник Љупчо Поповски. Одговорот на Ковачев го пренесуваме во целост.

19.09.2020
Во текстот насловен „Бугарската спирала кон дното“, објавен на македонската страница на Дојче Веле, г-ин Љупчо Поповски повеќекратно го користи моето име и формулира свои обвинувања против Бугарија, како од историски аспект, така и во однос на современите процеси.

Основен момент во статијата на г-н Поповски е неговата патетична заштита на АСНОМ- темелот врз кој се создава југословенската социјалистичка република Македонија. Неоспорен факт е дека АСНОМ е инициран и организиран од југословенската комунистичка партија на Тито преку неговиот специјален пратеник Темпо и локални про-српски ориентирани слуги како Колишевски. Излажаните и искористени како параван македонски дејци како Ченто, Павел Шатев или Панко Брашнаров набрзо се отстранети, убиени или испратени во логорите (слична е судбината и на измамените од комунистичките учесници во Отечествениот фронт- бугарската варијанта на АСНОМ- како обесениот Никола Петков).
Од процесите против нив и од нивните сопствени сведоштва е очигледно дека главното обвинение против тие луѓе е нивната „бугарштина“. Десетици илјади како нив, македонски Бугари, ја имаат истата трагична судбина и стануваат жртви на југословенскиот комунистички режим, во кој најголем криминал е да се прогласите за Бугарин или да покажете каква било симпатија кон Бугарија. Новата југословенска социјалистичка Република Македонија, заедно со изградениот нов идентитет и набрзина кодифицираниот јазик, се заснова на негирање на сè што е бугарско, насилно наметнување историски лаги и манипулации и култивирање на пермаментна омраза кон Бугарија и Бугарите.

Култивирана омраза против Бугарите и Бугарија

АСНОМ е исто така симбол на формалниот почеток на комунистичката диктатура во Македонија. Да потсетам дека комунистичките режими, заедно со фашистичките и националсоцијалистичките, беа прогласени за злосторнички и од Европскиот парламент (Резолуција на Европскиот парламент од 2 април 2009 година за европската совест и тоталитаризам, Резолуција на Европскиот парламент од 19 септември 2019 година за важноста на европското историско сеќавање за иднината на Европа) и од повеќето европски земји, вклучително и Германија. Во Бугарија, комунистичкиот режим беше прогласен за криминален со закон од 2000 година. Нема друга земја, дел од ЕУ и НАТО, што денес продолжува да „слави“ еден ден - симбол на наметнувањето на комунистичката диктатура и да тврди дека злосторничката комунистичка влада е основа (темел) на нивната модерна држава.

Во стил типичен за времето на Титова Југославија, испреплетен со анахронистички библиски референци, Поповски ја унапреди и старата теза за „бугарскиот фашистички окупатор“ имајќи ја предвид бугарската администрација на Македонија во периодот од 1941 до 1944 година. Оваа теза им се предава до денес на македонските ученици, со нејзините „уметнички“ еманации како што е филмот „Трето полувреме“ - реализиран и финансиран во времето на Никола Груевски, како главен столб на создадената по 1944 година и култивиран до денес омраза кон Бугарија и бугарскиот народ. Оваа теза се заснова на историски манипулации и отворени лаги. Од 1913 година, Вардарска Македонија е под српска окупација, а зборот Македонија е дури и забранет од српските власти. Србите управуваа со „Вардарска бановина" преку брутален терор против каков било отпор. Бугарското население се организира за борба за ослободување.

Уште во 1913 година избувна Охридско-дебарското востание во соработка меѓу ВМОРО, предводено од Бугарите Петар Чаулев, член на Централниот комитет, Павел Христов, странски претставник на ВМОРО, Милан Матов, Христо Атанасов, Нестор Георгиев и Антон Шибаков и Албанскиот револуционерен комитет на чело со Сефедин Пустина. Следуваа повеќегодишни бројни обиди на македонските Бугари за ослободување и независност, вклучувајќи го и обидот за атентат врз тиранинот Александар Караѓорѓевиќ. Во 1941 година, нацистичка Германија го окупира Кралството Југославија. Окупатори на Кралството Југославија беа нацистичка Германија и фашистичка Италија. Историски гледано, окупацијата од страна на Германија е формално на територија колонизирана по Првата светска војна од самата Југославија, населена главно од македонски Бугари.

Бугарија беше привремен администратор

По влегувањето на германските и италијанските трупи, дел од сегашната територија на РСМ беше даден на привремената администрација на бугарската држава. Овој настан беше пречекан со голема радост од страна на локалното бугарско население, како ослободување од српската окупација. Поголемиот дел од воспоставената локална бугарска администрација ја преземаат локалните македонски Бугари. Окупатор од 1913 до 1941 година била самата кралска Југославија, а по 1941 година окупатори се Германија и Италија. И, ако во РСМ денес има веројатно стотици „споменици“ кои го споменуваат „бугарскиот фашистички окупатор“, нема такви што го споменуваат југословенскиот/српскиот окупатор, а оние што ја споменуваат фашистичка Италија или нацистичка Германија се бројат на прстите од едната рака. Повторно, само Бугарија е „привилегирана“ со специфичен негативен став.

Г-н Поповски исто така „херојски“ се спротивставува на илјадниците учители испратени од Бугарија да ги учат децата (ужас!) бугарски јазик, како и против „присилно“ припоените кон Бугарската егзархија - македонските епархии и цркви. Овде г. Поповски треба да ги препрочита и своите учебници по македонска историја. Во принцип, еснафот на наставници по бугарски јазик не треба да се стигматизира на овој начин, бидејќи такви наставници по бугарски јазик се и Гоце Делчев и Даме Груев, и многу други активисти на ВМОРО, како и асномците Панко Брашнаров и Павел Шатев. Конкретно, ако го погледнеме периодот на бугарската администрација (1941-1944), на кој јазик би можеле да се учат македонските деца?

Македонскиот јазик се уште не постои- тој е кодифициран дури во текот на 1944-45 година. Интересно е и на каков јазик им се предавало на истите тие деца пред 1941 година? На српски!
Што се однесува до Бугарската егзархија, г. Поповски можеби не знае дека е основана во 1870 година, со указ на турскиот султан, како резултат на долгогодишните борби за црковна независност водени главно од македонските Бугари. Пристапувањето на македонските градови, села и црковни заедници кон неа се заснова на локални референдуми на кои населението се декларира како бугарско. На територијата на Македонија, Бугарската егзархија основала илјадници основни училишта во кои се учи бугарски јазик. Наставниците во овие училишта се повторно локални македонски Бугари - како што споменав погоре, луѓе како Гоце Делчев и Дамјан Груев. На крај, но не и најмалку важно, во 1941 година Бугарската егзархија ги анектираше епархиите, кои во 1919 година беа насилно одделени од самата Србија, спротивно на волјата на локалното бугарско население.

Не се надевајте на нова влада

Сите овие историски манипулации и обвинувања на господинот Поповски добиваат конкретен современ политички мотив кога тој ги поврзува (зошто?) со „тешката ситуација“ во која се наоѓа владата на Борисов и „исцрпеното“ трпение на Брисел? Каква врска имаат протестите во Софија со темата? Или можеби г. Поповски се надева дека ако има промена на владата во Софија, некој друг ќе дојде да ги исполни желбите на г. Поповски? Не се надевајте, во Бугарија никогаш повеќе нема да најдете таков предавник како Георги Димитров за да ја заврши оваа работа за вас. Почитуван господине Поповски, само вистината ќе ни помогне на сите нас - и во Македонија и во Бугарија.

Ние, кои денес живееме од двете страни на границата, наследници на нашите предци кои беа дел од бугарската заедница, не смееме да живееме со омраза во сегашноста и иднината. Испружената рака останува, дозволете ни, заедно во добрососедство, прифаќајќи ја вистината за минатото, како и современите реалности, да тргнеме кон просперитет и помирување, обединети во Европската унија. Не трујте ја сегашноста и иднината со отровот на комунизмот и неговите фалсификати.
DW.COM
20-09-2020, 01:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Пашкулев: Да го сосечеме руско-српскиот македонизам, кој ги труе Балканот и Европа!?

[Image: pashkulev-da-go-sosecheme-rusko-srpskiot...t-i-evropa]
02.10.2020
Ако се согласиме и ја оставиме антиисториската интерпретација на настанот пред 1945 година што Македонците се обидуваат да ја наметнат, тоа значи да се изврши најголемото предавство на европската идеја, оценува во денешниот коментар Георги Пачкулев, главен уредник на агенцијата БГНЕС.

„Меморандумот на Бугарија, што им го предадовме на нашите партнери и пријатели од ЕУ, не е резултат на кој било пештерски национализам или домашна политичка ситуација во нашата земја, која е навистина многу тешка во овој клучен момент.

Ова е европска позиција на земја-членка на ЕУ што сака мир на Балканот, а не крвави војни и милитантен национализам што ги видовме во распадот на поранешна Југославија (1991-1999). Да, нашата позиција е патриотска, но ние сме патриоти на Бугарија и Европа, нашиот патриотизам не е големосрпскиот и југословенскиот шовинизам што доведе до геноцид во Сребреница во 1995 година – најголемото воено злосторство во Европа по Втората светска војна / 1939 година -1945 /

Бугарија, преку своите институции – владата, Министерството за надворешни работи, членовите на Европскиот парламент – не го негира постоењето на современиот македонски идентитет. Нешто што македонските националисти се обидуваат да го всадат кај нашите партнери и сојузници во Вашингтон, Брисел и Берлин.

Ние Бугарите никогаш нема да извршиме такво злосторство, што Македонците и нивните господари го сторија со „оган и меч“ во 1945 година, затоа што сакаме да ја донесеме Европа и нејзините вредности на Балканот.

Прашањето за македонскиот идентитет е решено со нашите билатерални документи, но оваа лага од властите во Скопје има за цел да ги прикрие геополитичките фалсификати на историјата, од кои не можат да се ослободат.

Во последните денови сме сведоци на невидена антибугарска, т.е. антиевропска кампања, со единствена цел да ја дискредитира Софија, да го маргинализира нејзиниот глас во ЕУ и, како резултат, да изврши замена, носејќи странски геополитички проект во срцето на Европа, кој ќе има за цел во клучни моменти да работи против нејзините интереси.

Во серија идентични написи објавени во угледни медиуми во Словенија, Австрија, Русија, се тврди дека Бугарија се обидува да спречи почеток на преговори меѓу Република с.Македонија и ЕУ, го негира нејзиниот идентитет и сето тоа заради домашната политичка криза во земјата. тој всушност се обидува да ги отстрани своите проблеми.

Ова не е вистина. Ваквите обвинувања го кријат фактот дека Договорот за пријателство и соработка, потпишан од премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 2 август 2017 година, не е имплементиран 3 години од страна на макњедонистите во Скопје.

Заедничката бугарско-македонска комисија за историски прашања всушност не работи повеќе од една година, поради изговорот измислен од македонистите дека се одржуваат избори во нивната земја. Има дури и одбивање да се потпишат записниците од последниот состанок во ноември 2019 година..

Пашкулев во продолжение објаснува дека „современиот македонизам е геополитички проект создаден од српскиот дипломат Стојан Новаковиќ кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Имаше успешна премиера во Царска Русија, која ја усвои за свои потреби, но беше целосно реализирана подоцна од диктаторите Сталин и Тито„.

Според него, ова е клучот за разбирање на проблемот и зошто приказната е толку важна. Таканаречените „историски прашања“ поставени од Софија не се некој вид националистички хирови, насочени кон задоволување на сегашните амбиции на бугарските власти, бидејќи стратезите во Москва и Белград се обидуваат да ги прикажат работите.

Со расчистување на контроверзните прашања од минатото, Софија се обидува да ја заштити ЕУ и да ги заштити нејзините сојузници во Вашингтон, Брисел и Берлин од понатамошни главоболки што неизбежно ќе се појават ако вклучиме добро маскиран странски производ во нашето евроатлантско семејство. Неговата цел е да создаде тлее конфликт што ќе избие во можна идна криза, со која ЕУ (и светот) неизбежно ќе се соочиме за 10 или 20 години, ова е логиката на историскиот развој и не можеме да избегаме од тоа. . Тогаш нерешените прашања денес ќе ги користат непријателските сили – Кина, Русија, и зошто да не и Турција / или сите одеднаш, или некоја комбинација од две од нив /.

Затоа, препорачува Пашкулев, „сега мора еднаш и засекогаш да го отсечеме коренот на руско-српскиот македонизам, кој ги труе Балканот и Европа, и тоа поминува низ отстранување на контроверзното толкување на историјата од која македонизмот ја црпи својата сила. Ние во Софија добро го разбираме ова, бидејќи ние бевме жртви 100 години, сега со нашата експертиза добиена од ова горко искуство, сакаме да ги заштитиме нашите партнери“.
02-10-2020, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Заев за бугарските барања: Tреба да бидеме внимателни во одговорите

02.10.2020
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција нагласи дека ќе биде внимателен во одговорите на барањата на Бугарија за решавање на прашањето за Гоце Делчев и за јазикот, бидејќи треба да се постигне решение што ќе носи придобивки на двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни ефекти и за Северна Македонија и за Бугарија.

„Јас верувам дека во сите тие документи и коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавје или шеста историска личност која може да бдие ослична можност да не сплотува, да не зближува да го јакен пријателството.

Ќе бидеме внимателни во коментарите затоа што знаеме дека треба да постигнеме решение кое што треба ќе носи придобивки на двете за двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни позиции и на Северна Макеоднија и на Бугарија“, изјави премиерот.

Прашањето за македонскиот јазик одново стана актуелно откако на предлогот на вицепремиерот, Красимир Каракачанов, бугарското Собрние го преименува 24-ти од Ден на сесловенската во Ден на бугарската писменост.
02-10-2020, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Борисов до Османи: Ќе биде грев пред историјата ако не најдеме компромис
од Fokus 09.10.2020 13:01

Се надевам дека Република Северна Македонија ќе ги добие потребните гаранции од нас и дека ќе се движи на патот за пристапување во Европската унија, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Неопходните компромиси мора да се направат, како што направија многу други. Ние сме должни за сегашните и за идните генерации да осигураме дека во никој случај Република Северна Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан нема да бидат запрени на патот кон Европската унија, изјави Борисов.

Како што јави БГНЕС, на средбата Борисов истакнал дека е „многу загрижен поради вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во една политичка резолуција во Европскиот парламент“.

– Тоа во никој случај не е од полза – и за историчарите и за нашите политички партнери во Република Северна Македонија, во овој момент кога бараме компромис за да се најде решение, изјави Борисов.

Тој нагласи дека уште со денешните средби треба да започнат разговорите на сите нивоа, со цел до 10 ноември, кога Бугарија и Северна Македонија ќе копретседаваат со Самитот на Берлинскиот процес, да може да се постигне компромисно решение што ќе ги задоволи сите.

– Имате многу работа да направите, ова е многу сложен, многу брз и истовремено важен и неопходен процес, ја пренесува БГНЕС изјавата на Борисов.

Според него, македонските граѓани треба да знаат дека нашата земја во Бугарија има и секогаш имала најголема поддршка.

– Треба само да ја направиме историјата мост на пријателството и блискост, а не урнат мост преку кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри, порача Борисов за време на средбата.

Според него, сегашните перспектива и момент се исклучително важни и „би било грев пред историјата“ доколку сегашните политички раководства во Бугарија и Република Северна Македонија не успеат да најдат компромис.

– Ни светот нема да не разбере, додаде Борисов
09-10-2020, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Захариева: Неопходно е Северна Македонија да ги признае историските реалности
од fokus 09.10.2020 14:09

Бугарија на времето прва ја призна независноста на Република Македонија. Бугарија одамна ги препозна модерните политички реалности. Таа секогаш ги поддржувала независноста и државниот суверенитет на Република Северна Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не им го ускратувала правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјави денеска во Софија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

– Затоа е несоодветно да се предлагаат работи во спротивна насока, како меѓу граѓаните на нашите две земји, така и на меѓународно ниво. Како што Бугарија ги призна современите политички реалности, сега е потребно Република Северна Македонија да ги признае историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет, додаде Захариева.

Бугарија, според Захариева, не сака ништо повеќе од исполнување на клаузулите во Договорот за добрососедство, како што е јазичната клаузула.

– Јазичната клаузула во нашиот договор, ние сакаме да се рефлектира во сите документи меѓу двете страни. Немаме нови барања. Апелирам и се надевам дека проблемите нема да се создаваат онаму каде ги нема, рече Захариева.
09-10-2020, 02:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Бугарија и даде рок на Македонија - Компромис до ноември

[Image: hxbomu34boigur7jgdja.jpg]

Лепа Џундева 09.10.2020 | 5:21 pm
Ќе биде грев пред историјата ако Бугарија и Македонија не најдат решение - без политички игри затоа што и светот нема да не разбере. Ова е пораката од бугарскиот премиер Бојко Борисов до македонската влада.

По цел месец закани во вид на пораки, изјави и натегања за средби на политичко ниво, Борисов денеска во Софија го пречека шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и му кажа дека Македонија ја чека уште многу работа.

Борисов бара компромисно решение меѓу Скопје и Софија да има до 10 ноември, датумот кога ќе се одржи Берлински процес а на кој копретседавачи се Македонија и Бугарија.

- Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри. - изјави Борисов.

Остра во изјавите и шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева. На прашањето за Бугарскиот Меморандум и оспорувањето на македонскиот јазик , таа одговори дека Македонија треба да ги признае историските реалности, поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет.

- Навистина сум зачудена што овој меморандум се доживува како нешто изненадувачко. Немаме ништо против македонските граѓани да се самоопределат како сакаат. Имаме договор во кој има клаузула за јазикот и сакаме така да се третира. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема. - изјави Захариева.

Бујар Османи порача да не се загрозува сегашноста, а двете страни, македонската и бугарската да и дадат шанса на иднината.

- Правото на самопределување и самоизјаснување е современо европско право кое лежи во фуднаменталните вредности на самата унија и не може да се решава со билатерални договори ниту пак сметам дека треба да создадеме клима дека некој ни го спори тоа. - изјави Османи.

Денеска се потврди и датумот за средба на историчарите. На 15 и 16ти октомври Комисијата за историски прашања ќе седне на маса да ја продолжи работата, а веќе е јасно дека Делчев е спорната историска личност за која ниту една од двете страни засега не попушта.

Денешната Посетата на шефот на македонската дипломатија е само претходница на средбата меѓу Заев и Борисов, додека во исто време во ЕУ се водат интензивни дебати за консензус за преговарачката рамка на ЕК, за која Бугарија има доставено забелешки.



09-10-2020, 07:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Радев: Нема компромис со историјата и јазикот

[Image: rumen-radev_0.jpg]
од Fokus 16.10.2020 10:59
Треба да се најде политичко решение, но не може да се прават компромиси со историјата и јазикот или со барања за национални малцинства, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во врска со недоразбирањата меѓу Софија и Скопје и очекувањата од средбата на заедничката комисија за историските прашања.

– Членовите на Бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик, рече Радев.

Тоа, според него, првенствено е одговорност на земјата – кандидат за членство во ЕУ, пренесува БГНЕС.

Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се прават со историја, идентитет и јазик, или со барање за националните малцинства, нагласи Радев.
16-10-2020, 01:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија


Слободен печат17/10/2020 - 10:08
Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата, како што пишува бугарската агенција БГНЕС пренесувајќи делови од синоќешното интервју, ќе се реализира откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев.

Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство. Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пишува БГНЕС.
-Тоа беше незамисливо пред само три години … Јас самиот не сум кажал такви работи затоа што ќе бев растргнат, пишува БГНЕС витирајќи делови од интервјуто на Героргиевски за Алсат.

Според агенцијата, Георгиевски признал дека многу малку е направено за приближување кон Бугарија во последните 30 години и оти македонската дипломатија ја преспала последната година, а особено периодот кога рамковната позиција за Македонија била расправана и усвоена во бугарскиот Парламент.

Во однос на минатото, како што пишува агенцијата, тој се прашувал како некои стари тврдења опстојуваат во демократијата, па го повикал секој македонски граѓанин кој сака да учи историја да оди и да ги купи книгите објавени од македонскиот архив во времето кога со него раководеше Зоран Тодоровски.

-Нема фалсификати, сè е во оригинал. Секаде може да се види дека Македонец и Бугарин се едно исто„, потенцира Георгиевски посочувајќи дека во Македонија„ нема ништо за периодот на двете балкански војни / 1912-1913 / и Првата светска војна / 1914- 1918 година /. И ова е многу едноставно, затоа што и левите и десните беа на страната на Бугарија. Имаме илјадници доброволци кои се бореа во редовите на бугарската армија. Македонија, исто така, не знае ништо за Македонската патриотска организација во САД и Канада, која е основана од елитата на македонската бугарска емиграција. Некои од нив достигнаа високи позиции во бизнисот, науката и администрацијата преку океанот. Во Македонија и натаму продолжуваат да се потсмеваат на оние кои се определија за Бугари, пишува Бугарската агенција БГНЕС.

Таа цитирајќи го Георгиевски пишува и дека проблемот со препрочитување на македонската историја не е заради Договорот со Бугарија, туку оти тоа треба да се направи за нас самите. – Ние негираме огромна, богата историја само затоа што има многу силна врска со Бугарија. Ние негираме жив народ затоа што тие се идентификуваа како македонски Бугари, го цитира Георгиевски БГНЕС.
17-10-2020, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:АКО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ПРИЧИНА ДА НЕ СЕ ОДРЖИ МЕЃУВЛАДИНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА СО ЕУ, ЈАС СУМ ОК СО ТОА, РЕЧЕ ДИМИТРОВ

[Image: nikola-dimitrov-pres-sep-17.10.2020.jpg]
17.10.2020
Логично е да очекуваме да следува Меѓувладина конференција, но ќе биде поразително ако идентитетските прашања станат проблем, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Тој на денешната прес-конференција по повод мандатното писмо од Владата за мисијата и задачите на Секретаријатот за европски прашања, кажа дека во наредниот период ќе се засилат дипломатски напори за да се одржи Меѓувладината конференција, но поради противењето на Бугарија, не ја исклучува можноста таа да не се одржи.

„Не може да се исклучи дека ќе нема Меѓувладина конференција до крајот на оваа година, но ако причината за тоа е македонскиот јазик, јас сум океј со тоа“, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека македонската страна ќе даде сè од себе да се најде решение, додавајќи дека полето ни е ограничено.

„Нашето право на самоопределување во 21 век, на овој континент не може да биде спорно. И ако македонскиот јазик стане пречка во интеграцијата во ЕУ, ќе стане многу спорна придавката во името Европска. Не можете да бидете европски, а да се мешате во правото на еден народ што е и каков јазик говори. Има голема амбиција во Берлин овој процес да успее. Канцеларката Меркел јавно во Европскиот парламент јавно кажа дека еден од најголемите приоритети во смисла на надворешната политика на германското претседателство е да почне преговори со Северна Македонија“, рече Димитров.

Димитров не смета дека работата на мешовитата македонско-бугарска комисија е неуспешна, особено, ако се има предвид дека вакви комисии од други земји работат со децении.

Да потсетам што потпишал Димитров и Заев:

Quote:Со Декларација потпишана во 1999 г. од премиерите на Бугарија, а потоа и на Република Македонија, двете страни се согласија да го наречат официјалниот јазик на земјата „...македонски, во согласност со Уставот на Република Македонија“. Овој компромис го отвори патот за потпишување на голем број билатерални договори и беше од суштинско значење за воспоставување на нормални соседски односи.
Истата одредба е содржана во Договорот. Ние веруваме дека преку оваа одредба, нашите земји направија огромен чекор кон решавање на разликите по ова прашање. Оваа клаузула претпоставува, меѓу другото, разбирање на бугарската страна дека официјалниот јазик на сегашна Република Северна Македонија е кодиран со правна норма во нејзиниот прв устав како независна држава, усвоен на 17 ноември 1991 г.

Значи двоецорт Заев, Димитров веке потпишале капитулација за јазикот!!
17-10-2020, 05:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Мицкоски бара лидерска средба за разговорите со Бугарија


360степени | 17 октомври, 2020 16:59
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Бугарија бара нов Договор по пример на Преспанскиот кој ќе опфати уставни измени
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика лидерите на релевантните политички партии во земјава на лидерска средба за, како што рече, сериозни прашања, односно разговорите со Бугарија

Quote:„Сериозни прашања се решаваат на лидерска средба, на маса. Еве, ја користам оваа прилика да ги повикам лидерите на релевантните политички партии, не зборам за оној кој што ги организираше претходните лидерски средби кои што завршуваа со фијаско, туку релевантните политички партии, да седнеме и да разговараме отворено за прашањето кое што денеска е актуелно, а тоа се преговорите со нашиот источен сосед. Тоа е многу важно“,

рече Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој смета дека се потребни не една, туку повеќе лидерски средби и заеднички да излезат со решение пред граѓаните. Затоа што, како што рече, на граѓаните им е преку глава од политиканство и политики.
Мицоски денеска повтори дека останува на ставот дека е разговарано за нов договор со Бугарија, кој, како што рече, ќе биде сличен на Преспанскиот и ќе опфаќа уставни измени.

Quote:И чудно зошто тоа никој од бугарска страна не го демантираше. Еве ве охрабрувам и вас како медиум да го поставите тоа прашање на политичарите на нашиот источен сосед, дали е ова вистина. Чудно е зошто никој од нивна страна не го демантираше сето тоа. А зошто дојдовме до таа состојба, е тоа е веќе друго прашање. Кои се политичарите кои не доведоа ние денес да стравуваме за нашата европерспектива како држава. Тоа е веќе прашање кое што заслужува лидерска средба, отворен разговор, и после тој разговор да излеземе или ќе понудиме решение или конечно ќе кажеме дека ние не можеме да се разбереме меѓу себе и тогаш ќе треба да бараме друг пат“,

рече Мицкоски.
17-10-2020, 09:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:КАРАКАЧАНОВ ЗА „ТРИБУНА“: МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ МНОГУ НАИВНИ АКО МИСЛАТ ДЕКА БУГАРИЈА ПОД ПРИТИСОК ОД БИЛО КОГО ЌЕ ПОПУШТИ ПРЕД МАКЕДОНИЈА

[Image: DSC_0004-1024x683.jpg]
17.10.2020
Бугарскиот политичар и сегашен министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов, нема потреба од посебно претставување. Уште од раните 90-ти години, тој е редовен гостин во македонските медиуми, каде што е нарекуван „контроверзен политичар“. Што ќе ни каже „контроверзниот“ политичар за Македонија, барањата на Бугарија во однос на историјата и др. прочитајте во интервјуто што следи:

Трибуна: Г-не Каракачанов во Македонија ве нарекуваат контроверзен политичар и покрај тоа што од самиот почеток на вашата кариера имате цврст став во однос на Македонија и тој став не е променет до сега. Каде се крие контроверзноста во вашите активности?

Треба да ги прашате вашите колеги во Скопје кои го пишуваат тоа, бидејќи јас од 1990 година откако беше возобновена ВМРО во Бугарија имам еден ист политички став. Не сум ја сменувал мојата идеологија, не сум го сменувал името на мојата партија, не сум одел во други политички партии и не сум исповедал друга идеологија освен историската идеологија на ВМРО.

За разлика од Сојузот на комунистите во Македонија кои прво се нарекоа Сојуз на комунистите на Македонија-Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП), ако не ме лаже помнењето, а сега се Социјал демократски сојуз. Во почетокот на 90-тите години, времето за коешто зборувате, тие се колнеа во Тито и во комунизмот, денеска се колнат во НАТО и во Европскиот сојуз. Или да земеме пример со други политички партии и лидери кои од СДСМ преминаа во ДПМНЕ или од ДПМНЕ преминаа во други партии. Така да јас сметам дека сите тие луѓе во Скопје во Република Македонија кои тврдат дека јас сум контроверзен во суштина тие се контроверзни. Тие си ја сменија својата идеологија во последните 25-30 години сигурно 2-3 пати. Ги менуваа своите цели и идеали. Тие кои што настојуваа за зачувувањето на Југославија, денеска се претставуваат како најголемите македонски патриоти. Тие што се колнеа во Тито и во Белград, сега се најголемите поддржувачи на НАТО и се колнат во Вашингтон и Брисел. А пак партии како ДПМНЕ што би требало да следат политика за независност на Македонија, гледаме денеска како се колнат во Белград и Москва. Нека луѓето сами проценат кој колку е контроверзен и кој колку не е.

Трибуна: Рековте Република Македонија. За Вас Македонија е Република без Северна. Дали добро сум Ве разбрал?

Уште од 1991 година кога тогашната политичка елита во Македонија вклучително со тогашниот претседател Киро Глигоров заговараа идеи за „лабава“ конфедерација Југославија, ние организиравме пред југословенската амбасада протести со барање за независност на Македонија. Дел од сегашните политичари што ме обвинуваат дека сум бугарски националист беа настроени пројугословенски. Јас уште од 1990 година сум бил за тоа Македонија да биде независна држава и го кажувам тоа сосема директно. Не да биде дел од Бугарија, туку да биде независна држава. Бугарија беше првата држава што ја призна Македонија со нејзиното име, Република Македонија.

[Image: DSC_0067-1024x683.jpg]
Фактот што македонските политичари се согласија заради својот политички интерес да го сменат името на Република Македонија на Република Северна Македонија е нивен проблем а не мој. За мене Македонија си останува Република Македонија. Јас сегогаш сум бил за идејата на Тодор Александров и Иван Михајлов, Независима Македонија, со почитување на правата на сите националности што живеат на нејзина територија.

А тогаш и Тодор Александров и Иван Михајлов говореа дека мнозинското население во Македонија е бугарско, има Грци, има Турци, има Албанци, има и Власи. Но коминтерновската македонска нација ја немаше. Сега некои политичари се обидуваат да тврдат дека Гоце Делчев бил идеологот на идејата за независна македонска држава. Тој бил темелот на македонската државност. Гоце Делчев никаде и никогаш не пишувал за македонска држава. Тој во својата идеологија и во сите писма кои постојат и до ден денешен пишува за автономија на Македонија и на Одринска Тракија. Забележете, не само на Македонија туку и на Одринска Тракија кои според Берлинскиот конгрес се одделени од Санстефанска Бугарија и се вратени под власта на турскиот султан. Но Берлинскиот конгрес гарантира автономија како на Македонија така и на Одринска Тракија. Тоа го бара Гоце Делчев. Ако Гоце Делчев не се сметаше за Бугарин а беше некаков антички или југословенски Македонец, зошто зборува за Одринска Тракија за која никој не спори и до ден денешен дека е населена со бугарско население. Јас сум приврзаник на автентичните идеи на ВМРО а не на тоа кое што во моментот е ДПМНЕ во Скопје. Независна Македонија со рамни права на сите националности, вклучително и на тие коишто себеси се нарекуваат Македонци, мислам на коминтерновската идеологија. Не можеш да ја негираш сопствената историја, не можеш да се обидуваш да ги фалсификуваш идеите, каузата на едни луѓе кои загинале за Македонија, Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, Иван Михајлов. Тоа е мојот став. За мене Македонија ќе си остане Република Македонија.

Трибуна: Дали Гоце Делчев може да се нарече препрека меѓу Скопје и Софија во моментот?

Гоце Делчев не може да биде препрека. Самиот тој рекол дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Во наши денови сум убеден дека Владата на Р. Македонија уште на 2 август 2017 година кога го потпиша договорот со Бугарија немала никаква желба и намера да го исполнува тој договор. Да ја кажеме вистината таква каква што е. Ако го немаше Договорот од 2 август 2017 година помеѓу Бугарија и Македонија, немаше да го има и Договорот со Грција. Бугарија беше таа што ги отвори вратите на Македонија кон Евроатлантската интеграција, и тоа е факт. Само што ние не поставивме услов за промена на името, промена на знамето, промена на химната, ние сакавме сосема човечки и цивилизирано да се разбереме за нашата заедничка историја.

Ние за историјата на Колишевски, на Темпо, на Крсте Црвенковски, на југословенска Македонија не спориме. Да, по 1944 година се создава СР Македонија, како дел од Југославија, но колку Македонија беше независна знаат сите. Таа беше буквално под дирекната команда на Белград на Тито и неговите наследници.

Но и покрај тоа ние велиме вака, по 1944 година има таква држава, си измисливте јазик како што пишува во самите протоколи од најзападниот македонски дијалект- битолскиот, со многу српски зборови, за да го оддалечите од бугарскиот. Тоа е запишано во документите во Македонија. Тоа е ваше право, но ајде да не се обидуваме да ги превртуваме коските во гробовите и на Гоце Делчев и на Даме Груев и на Григор Прличев па дури и на царот Самуил. Тие луѓе не се бореле за коминтерновка Македонија, не се бореле за југословенска Македонија, тие се бореле за слободна Македонија, и се сметале себеси за Бугари. Цар Самуил самиот се нарекува бугарски цар. Така го нарекува и целиот тогашен свет. Кој дава право на сегашните историчари во Македонија да тврдат дека тој не знаел што е. Ако се сомневаат нека отидат во Музејот во Битола и да ја видат плочата напишана од неговиот наследник Иван Владислав, таму многу јасно пишува бугарски цар, Бугари во Битола итн. Нема потреба да спориме за Гоце Делчев, појдете во Музејот во Штип. Таму е неговиот учителски бележник, видете на каков јазик е пишуван. На тој на кој што пишуваме во Бугарија или на тој кој што пишувате во Скопје. Ќе видите дека пишува на бугарски јазик. Зошто? Во Македонија која се наоѓа под османлиска власт, Гоце Делчев се плашел да се нарече етнички Македонец ли? Тоа е смешно. Тој кој што не се плашел да се бори против султанот и на крај загина во борба со турските војски, се плашел од што? Се нарекувал Бугарин а не Македонец во етничката смисла на зборот и тоа важи за сите револуционери. Ние велиме вака. Историјата до 1944 година е дел од една заедничка историја, после 1944 година ние немаме претензии ниту кон џелатите на Темпо, ниту кон џелатите на Ранковиќ, ниту кон комунистичката идеологија која што сѐ уште е во главите на многу македонски политичари. Тоа си е нивен проблем, не е наша работа. Зошто сакаш да создадеш идентитет фалсификувајќи ја историјата и воспитувајќи ги луѓето во Македонија преку образовниот систем во омраза кон бугарскиот народ. Ти си дел од овој народ, без разлика дали го сакаш тоа или не. Самиот Прличев не крие во својата биографија дека бил со прогрчки ставови, но во еден момент се осознава и го пишува многу јасно. Осознал каков е и се нарекол Бугарин, не се нарекол Македонец. Ама за Прличев малку се пишува. Не се пишува и за Марко Цепенков, не се пишува и за Јордан Хаџиконстантинов- Џинот, не се пишува за Кузман Шапкарев и за многу други преродбеници како што ги нарекувате во Македонија. Ние во Бугарија им викаме возрожденци, доаѓа од возраждане. Ние бараме чесен однос и не сакаме некој да мисли дека ќе може да не излаже, бидејќи кого го лажеш? Колку време помина? Веќе 30 години Македонија е независна држава и ти продолжуваш да го воспитуваш населението во една омраза кон Бугарите, една омраза која што беше политика на Србите и на Југославија во Македонија. Бугарите- окупатори, фашисти, татари. Прво тоа не е историска вистина и второ не е чесно. Јас не сум слушнал некој да зборува за српскиот терор во Македонија. За сите оние кои беа убиен по 1913 година, за убиените со митралез мажи во селото Гарван или за убиените после 1944 година. Некој зборува ли за нив? Не! За Србија ништо лошо. Или ништо или само добро.

Трибуна: Се зборува за струмичката петорка…

Кој зборува? Зборуваат нивните наследници. Пецеви, Топчеви итн. Тие зборуваат. Официјално дали се учи во учебниците по историја на Македонија? Дали во тие учебници пишува дека Србите се окупатори на Македонија и дека ги терале луѓето да си ги сменат презимињата од ов и ев и од ски да стават иќ? Го пишува ли тоа нешто? Не го пишува! Пишува ли за тоа дека се забрануваат училиштата и се воведуваат српски училишта и дека се избркани старите учители и се донесени нови од Србија? Пишува ли за тоа дека е забрането во Македонија да се зборува на бугарски и се носат свештеници од Србија-попови? Нема. А има ли за убиените по 1944 година? Нема. А има ли за бунтот на кадетите од Штип во Крагуевац 1914 година? Нема. Бугарите биле окупатори. Ако не ме лаже помнењето Бугарија никогаш не објавила војна на Југославија 1941 година. Ако не ме лаже помнењето Германија е таа што ја разгроми Југославија и ја окупираше. Бугарската армија доаѓа после Германците и да подвлечам да администрира. Не сум видел ниту една плоча во Македонија против германскиот окупатор. На смешниот датум 11 Октомври никој не зборува за германските окупатори, сите зборуваат за бугарските окупатори. Разбирам дека не е пријатно ниту пак паметно да и кажуваш на г-ѓа Меркел, дека нејзиниот народ е окупатор, и да очекуваш таа да те поддржува за Европската Унија.

Не можам да разберам како може да си толку глупав да мислиш дека можеш да ги навредуваш Бугарите дека се окупатори и фашисти и да очекуваш Бугарите да те поддржат за Европската Унија. Треба да си многу наивен. Јавно македонските политичари мислеле уште во 2017 година дека ќе потпишат договор и ќе ја излажат Бугарија. Тоа нема да се случи. Договорите се потпишуваат за да се исполнуваат а не да се лажеме меѓусебно. Луѓето што се чудат зошто Бугарија сега постапува по овој начин да ги прашаат Заев, Никола Димитров, и другите министри кои се занимаваат со македонската евроинтеграција. Зошто Договорот со Бугарија не се исполнува. Прашањето не е кон Бугарија. Бугарија бара само едно нешто и тоа го има докажано многу пати во последните 30 години. Бугарија беше првата држава која што ја призна Р. Македонија. Бугарија даде бескаматна помош во висина од 10 милиони долари на Македонија кога Грција го доведе ембаргото. Бугарија даде вооружување на Македонија за време на конфликотот во 2001 година. Бугарија целото време ја поткрепува Македонија за НАТО и ЕУ. Бугарија ја отвори темата 2018 година кога претседаваше со ЕУ за проширувањето на ЕУ и НАТО на западен Балкан. И што добиваме како благодарност? Навреди и лаги. На крајот на краиштата стапот има два краја и едниот се свртува против тебе. Сѐ останато е шпекулација. Да гледаме во иднината, но како да гледаме во иднината како вие сакате да ни го украдете минатото? Ние не спориме, празнувајте го Самуил, Гоце Делчев, празнувајте го Илинден но немојте да лажете дека тоа се некакви македонски настани, некакви македонски личности кои немаат ништо заедничко со Бугарите. Не е така. Отидете и видете го во Музејот, знамето на востаниците во Охрид од 1903 година. Какво е знамето? Бело, зелено, црвено. Знамето на востанието во Костур. Какво е? Бело, зелено, црвено. Какви симболи има? Лав. Не знам да имало ниту петокрака, ниту вентилатор ниту сончогледот од Вергина. Тоа е вистината. Ајде да направиме една јавна дебата на македонската телевизија во живо без монтажи, без манипулации. Ајде да седнеме и да зборуваме со факти па луѓето сами да си проценат. Јас разбирам дека има многу луѓе и знам, бидејќи за разлика од македонските политичари повеќе од нив шетам низ Македонија. Многу добро знам дека има луѓе кои веруваат во тие тероии кои се создаваат од 1944 година и немам ништо против нека веруваат. Но дајте им на луѓето право да изберат. Не ги лажете дека големиот европски владетел цар Самуил бил некаков македонски цар. Тој не бил македонски цар. Да неговата престолнина била во Скопје и во Охрид но првата негова престолнина била во Софија. Самиот тој се нарекува бугарски цар. Немам ништо против без разлика дали се чувствуваш Македонец или Бугарин во Македонија, слави го почитувај го, сакај го цар Самуил но немој да велиш дека тој е некаков Македонец, бидејќи тој не е Македонец и пред повеќе од 1000 години тој кажал што е. И светот кажал каков е. Василиј II кој што го победува и ослепува 14 000 негови војници се нарекува бугароубиец а не македоноубиец. Меѓу другото самиот Василиј II е од династијата на Македонците. Но тоа е факт за историчарите.

Ако го сакаш Гоце Делчев, чудесно. Но Гоце Делчев не се борел против Бугарите, напротив Гоце Делчев учи во бугарското воено училиште за да стане бугарски офицер. Кукуш е поблиску до Атина ,но тој не оди да стане грчки офицер, не оди во Белград да стане српски офицер, не оди во Истанбул да стане турски офицер или во Америка американски, оди во Софија за да стане бугарски офицер. Потоа што се случува со него, не оди во српското, грчкото или турското училиште а станал учител во бугарското училиште. Зошто? Тоа се едноставни прашања. Самиот Гоце Делчев многу пати самиот кажува Бугари, да тој зборува за Македонците но зборува како население во Македонија и кажува дека сите Македонци имаат рамни права. Но тој зборува за Македонците како политички поим. Внатре во тој поим ги вклучува луѓето што живеат во Македонија а тие се Турци, Бугари, Власи, Албанци. Тој не зборува во етничка смисла и тоа се гледа во документите.

Ајде да зборуваме за Илинден. Штабот на битолскиот револуционерен округ до кого испраќа писмо? На грчката или на српската влада? Не, пишува на бугарската влада. И што се вели во тоа писмо? Ако сакате да помогнете на своите еднородни браќа во Македонија и да спречите сѐ што е бугарско овде да биде уништено, дојдете на помош со војна.

Ајде да зборуваме за т.н окупација од 1941-1944 година. Постојат кино-хроники од тоа време. И српски и бугарски и германски и на нив јасно се гледа како населението во цела Македонија го слави пречекот на бугарските војски како ослободителни а не како окупатори. Дури ги пречекува и Германците, каде се сите тие луѓе кога доаѓаат партизаните? Каде се сите тие луѓе кога доаѓа српската армија 1913? Ги нема. Едноставно омразата треба да ја снема. А таа омраза се создава намерно и намерно се воспитува во луѓето. Тоа е недопустливо во 21 век. Како некој во Скопје си мисли дека ние ќе дозволиме таква земја со таква идеологија, антибугарска идеологија да стане дел од ЕУ и да создава проблеми. Треба да си многу глупав и наивен да помислиш дека некој тоа ќе го дозволи. И уште повеќе треба да си поглупав и понаивен за да помислиш дека некој било тоа да е Германија, чиновниците во Брисел или Америка ќе изврши притисок врз Бугарија. Како да извршат притисок врз Бугарија кога Бугарија е веќе член на НАТО и ЕУ, а Македонија е кандидатот. Кого ќе го слушаат, својот партнер Бугарија или тој што сака да стане партнер. Не можам да ја разберам логиката. Не можам да ја сфатам логиката на македонската политика. Логика според мене нема.

Во сите тие години додека Бугарија беше најомразениот непријател, што се случи со Македонија? Македонија е скоро федерализирана држава и утре по 20-30 години ќе треба да се бориме за македонското малцинство во албанската област Северна Македонија. Тоа е резултатот од политиката на многуте умни политичари во Скопје во последните 30 години.

Трибуна: Како ќе ја коментирате позицијата на групата бугарски интелектуалци која бара Бугарија да не биде пречка и да помогне на Македонија за побрзо да влезе во ЕУ? И сосема за крај како ќе ги коментирате антивладините протести кои се одвиваат во Бугарија од извесно време?

Бугарија е демократска земја и секој во Бугарија вклучително и тие интелектуалци имаат право на слободно изразување и мислење и можат да го изразат без да се плашат од репресии. И затоа тоа и го прават. За разлика од Македонија каде што ако некој се изјасни како Бугарин следуваат репресии, проблеми, бркање од работа, во најмала мера информативни разговори во просториите на службите за безбедност. Јас како министер за одбрана колку и пати да сум ја посетувал Македонија каде што сум се среќавал со мои пријатели, државјани на Р. Македонија толку пати тие луѓе на следниот ден се викани во полицијата за да бидат испрашани што зборувале со мене, што сум барал јас од нив, што ми ветиле тие, најверојатно и вас ќе ве викнат кога ќе се вратите за да ве прашаат што прави контроверзниот Каракачанов. Бугарија за разлика од Р. Македонија е слободна држава и луѓето не се плашат да кажат што мислат. Тоа што има 10-15-20 интелектуалци кои сакаат сега во моментот, веднаш безусловно да ја поддржиме Македонија е факт. Но сигурно има други 2000 интелектуалци или 20 000 кои ќе се потпишат дека Договорот меѓу Бугарија и Македонија треба да се исполни од македонска страна. Тоа е.

Во однос на протестите тие завршија. Тие беа силни во јули месец, во моментот на протести излегуваат не повеќе од 300-400-500 луѓе. Тие имаат право да протестираат. Никој не ги тепа, никој не ги брка, го имаат политичкото право да протестираат и го прават тоа. Сметаат дека тие имаат подобри идеи за управувањето на Бугарија и сакаат да ги наметнат. Сметаат дека нивните партии а тоа се партии кои се во опозиција ќе се справат подобро. Така сметаат тие луѓе. Но изборите се за половина година, и тие ќе покажат дали тоа е така или не е така. Дали Бугарија е управувана добро или не е.

Интервјуто го подготви: Атанас Величков
17-10-2020, 09:52 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 458
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#16

ЗАЕВ: АКО БУГАРИЈА ОСТАНЕ НА БАРАЊАТА, ТРЕБА ДА ГО ПОДГОТВИМЕ НАРОДОТ ДЕКА НЕМА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ http://tribuna.mk/zaev-ako-bugarija-osta...ite-so-eu/    А како тоа Заев и СДСМ ќе го подготват народот? Ќе му купат дрва за огрев. нови чизми Како ќе го подготват Ама ајде доста со продавање мафијашки финти.Ако се случи таков дебакл народот е подготвен СДСМ ќе треба да подготви нови избори бидејќи тоа беше централна тема зошто победи на изборите а ако нема влез во ЕУ ќе живееме во изолација како во време на Груевски и ДПМНЕ
18-10-2020, 06:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,232
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(17-10-2020, 09:37 PM)ЈорданПетровски Wrote: Мицкоски бара лидерска средба за разговорите со Бугарија


360степени | 17 октомври, 2020 16:59
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Бугарија бара нов Договор по пример на Преспанскиот кој ќе опфати уставни измени
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика лидерите на релевантните политички партии во земјава на лидерска средба за, како што рече, сериозни прашања, односно разговорите со Бугарија

Quote:„Сериозни прашања се решаваат на лидерска средба, на маса. Еве, ја користам оваа прилика да ги повикам лидерите на релевантните политички партии, не зборам за оној кој што ги организираше претходните лидерски средби кои што завршуваа со фијаско, туку релевантните политички партии, да седнеме и да разговараме отворено за прашањето кое што денеска е актуелно, а тоа се преговорите со нашиот источен сосед. Тоа е многу важно“,

рече Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој смета дека се потребни не една, туку повеќе лидерски средби и заеднички да излезат со решение пред граѓаните. Затоа што, како што рече, на граѓаните им е преку глава од политиканство и политики.
Мицоски денеска повтори дека останува на ставот дека е разговарано за нов договор со Бугарија, кој, како што рече, ќе биде сличен на Преспанскиот и ќе опфаќа уставни измени.

Quote:И чудно зошто тоа никој од бугарска страна не го демантираше. Еве ве охрабрувам и вас како медиум да го поставите тоа прашање на политичарите на нашиот источен сосед, дали е ова вистина. Чудно е зошто никој од нивна страна не го демантираше сето тоа. А зошто дојдовме до таа состојба, е тоа е веќе друго прашање. Кои се политичарите кои не доведоа ние денес да стравуваме за нашата европерспектива како држава. Тоа е веќе прашање кое што заслужува лидерска средба, отворен разговор, и после тој разговор да излеземе или ќе понудиме решение или конечно ќе кажеме дека ние не можеме да се разбереме меѓу себе и тогаш ќе треба да бараме друг пат“,

рече Мицкоски.


Quote:Заев: Не гледам потреба од лидерска средба

18.10.2020
Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, одговори за ТВ21, премиерот Зоран Заев на прашањето за тоа дали се согласува со барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се свика лидерска средба околу проблемот со Бугарија.

Тој вели дека македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет.

–Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ, изјави Заев.
18-10-2020, 01:50 PM
Reply