Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СДСМ-овска Филимена - Кога ќе се здружат лагата и злобата – целта е промашена
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СДСМ-овска Филимена

 
10.07.17   10:07 
Ќе го позајмам овој наслов од увидот во проблемот на Тричковски за „злата карма“ на ликот за кој сакам да кажам збор два. Всушност, да изразам интелектуален презир кој се плашам ќе се одрази на кармата на реформите кои ликот стратешки ќе ги испроектира! Се работи, како насетувате, за ликот кој е назначен за претседател на Стратешката комисија за реформи на новата влада!

[Image: frckoski-ifimes-670x446.jpg]

Владата тоа го оправдува со не-знам-што да речеме со принципот на инклузија?!Ма немојте молим вас лепо?
За да постои принцип на инклузија мора да постои СТОЖЕР на вредности и идеологија или идеи кои уверени во себе се отвараат за инклузија кон се она што ги дели на некој начин и може да придонесе за нивниот процут. Инклузија не значи собирање се по пат, се од борнирана, лукративна полуинтелектуална „ману-чао-елита“ која зрачи со блескава ништожност и претставува се она против кое сме се бореле всушност овие десетина години.
Или, со други зборови инклузијата не е постоење на празна тиква во која сите заедно дуваме, прдиме… што и да е. Не е каша од отсуство на токму тоа што е неопходно – еманципаторска демократска политика со интегритет!
Ликот, да се вратиме на темата драги мои, има зла карма и неа во правото ја користи за хранење на својата енормна алчност. Кафкијанска сподоба чиј израз и задоволство во правото е репресија и казна во служба на власта. Тој е секогаш во улога на егзекутор на власта за да кога околностите ќе се сменат – ја егзекутира правната норма со која претходно ликвидирал. Во правно-техничка смисла ја има усвоено онаа крилатица за доцно социјалистичките правници-експерти дека тие се како бербери: шишаат различни фризури по нарачка (тарзанка, шими, Дејвид Боуви и сл). Нема идеологија, нема вредности. Се е употребливо за новата фризура на монархот.
Дополнително втората крилатица која постојано ја врти е: доколку нормата која ја конструира ни стои ни седи, ја правда со лаконската – па добро, како ние утре повторно ќе ја реформираме. Мора да има и утре работа за нас. Храни се со коските на сопствените „реформи“ – важно е нашето преживување како ендемски-екпертски вид!
Таа провинциска кариера на сатрап во еснафот – почна со егзекуцијата која ја водеше овој лик – Претсадател на Стратешка (во понатамошниот текст: ликот ПС) – против својот колега од факултетот Ѓорги Марјановиќ. околу т.н. вербален деликт. Кога го понижи и казни колегата, беше првиот кој предлагаше укинување на овој член од КЗ кога се сменија околностите.
Така тера до ден денес: се нацица од крвта, пари и лигавање со режимот на ДПМНЕ единаесет години, за кога почна да се надѕира падот на режимот, Ликот ПС да крикне: доста е со неодговорната власт и владеење?
Драги мои, диктатурата на ДПМНЕ владееше 11 години не поради својата сила, туку токму заради бројните вакви ликови кои им ги спростреа институциите ничкум под нозе и ги легитимираа со „право“, страв и молк. Едновремено незаборавајќи да цицаат за себе.

Овој реформски алигатор продолжи жестоко со реформите во областа: Со реформа ја заостри осудата за кривичното дело клевета и навреда (патем, поради своите спорови со А1 Телевизија на времето). Сите плаќавме по неговите норми огромни суми осуди од навјасаните властодршци. Кога за тоа како држава конечно бевме критикувани ПС ја реформираше својата реформа и ја декриминализира претворајќи ја во граѓански спор.
Негово е делото да испуштање на терминот „одговорно лице“ во делото од КЗ за казнување на „злоупотреба на службената функција и овластување“: Со тоа спасил голем број од свите пајташи кои го приватизираа општествениот капитал.
Негова е идејата за „реформата“ – казнување на лицата кои превезуваат мигранти и режимот за момент жестоко се обруши на 2-3.000 вакви лица кои сега гнијат во затвор. Кога околностите се сменија, а тие се сменија за неполна година, таа одредба се укина и делото се декриминализира (но овие луѓе и понатака се во затвор и никој не ги пуштил бидејќи Ликот ПС се пишманил со декриминализацијата???).
Негова е идејата понудена во дверите на Јанкуловска за враќање на Ромите од граница, демек како мерка за задоволување на европската нервоза околу мигрантите од регионот и Македонија. Тоа меѓутоа се покажа како директна дискриминација и злоупотреба. Сега е укината. Претпоставувате неправдата остана. Луѓето беа понижувани и малтретирани.
Алигаторот продолжи да плива .
Бидејки во основа нема познавања за поновите феномени во правото и полит-филозофијата, главно користи трудови на асиистенти кои ги потпишува – се заглави во формулација на следната своја реформа: Казнување на говорот на омраза. Не сака да праша некого кој знае и лошо ја формулираше дефиницијата на делото како и неговите основи во КЗ. Сега кога сите ја искритикуваа таа одредба, а ОБСЕ работи проект за нејзино менување бидејки е лоша, погодете кој се нуди да ја смени – па није могуче „реформскиот алигатор“ (сега во улога на СДСМ-овска Филимена) – се нуди како инстутуција (знаете МАНУ- САНУ гнездо на македонската наука (јао мајко држиме …) – да ја менува својата грешка!
Порталите пренесоа сведоштво на Архиварот на МАНУ дека ликот со директна наредба му наложил да ја отвори архивата на Колишевски за лустраторите на Аџиев иако архивата била под режим на забрана на користење уште извесен период!
Бескраен и епски е низот од падови прогласени за успеси, од бесчестие скриено зад позиции и звања. Кога разбира дека не може директно преку една брза изјава да се пикне на новата власт, прави стратегија „Прибе“! Го кани Прибе на визитка во Охрид платена од некакво здружение каде му се упикува длабоко во абдомен и се претставува сега кон новите министри од ДУИ па и другите како „двоец со Прибе“ како „јас и Прибе една монета со два лика“, “јас и Прибе – то су срца два“! Спонтано им се увлече, како спонтан абортус искрвари на белите бутове (што би рекол Кљусев) на трепкачките моми реформски СДСМ-овски! Се уште пристојниот свет не може да разбере како оваа скапана финта пројде кај нашиве инклузивци??? Ја голтнаа нивнава нова „Филимена“.
Кога ке заврши овој Рок-ен-рол со реформите, кога ќе ја видиме формата на фризурата која ја ишишале филимениве драги мои, ме фаќа јанѕа каква ќе биде новата стратешка реформаска фризура на Зоки?
Љубомир Д. Фрчкоски


Quote:„Кога ќе се здружат лагата и злобата – целта е промашена“

 
11.07.17   
Академик Владо Камбовски реагираше на колумната на Љубомир Д. Фрчкоски !!

[Image: akademik-vlado-kambovski-670x308.jpg]
Фрапиран од количината на злоба и беспримерни лаги изнесени во текстот објавен во овие портали под горниот наслов, сметам дека е неопходно и нивните читатели, а и пошироката јавност, да бидат запознаени со определени релевантни факти: како осуда на злоупотребата на јавната реч, како реакција на навредите и клеветите изнесени во текстот, конечно како барање за извинување, чиешто пропуштање повлекување повикување на граѓанско-правна одговорност пред судот.
Основен е тој дека негов повод е моето наводно именување за Претседател на Стратешка (белки комисија!) на Владата, нешто што јас ДО ДЕНЕС НЕ СУМ ЗАПОЗНАЕН ДЕКА СЕ СЛУЧИЛО и за што не ми е презентиран никаков службен допис или акт. Ако се побара од мене некаков ангажман, согласно мојата граѓанска и професионална должност, ќе оценам во зависност од моите други обврски, можности и време, што може да прифатам.
Потпишаниот знае, а јас не, дека сум именуван за „ПС“, што му е повод да ме дезавуира, веројатно, сметајќи дека така ќе се (само) кандидира за клучен актер на идните програмски зафати на Владата, со идеолошки, морален и политички профил и интегритет што го одликува конзистентност на една криминогена амеба, формирана низ службувањето на Глигоров, Црвенковски, Георгиевски-Димовска, Бучковски и неуспешни обиди да стане подопашник на Груевски.
Се поставува прашањето- како авторот на колумната дознава за одлуките во Владата. Што е тој и што сака да биде? Нејзин ментор? Супервизор? Или е некој што си придава право да држи секому и секаде лекции, без да има каков и да е легитимитет, освен оној што му го дава бескрајната дрскост, екстремниот егоизам  и вродената омраза, со коишто во целиот изминат период на транзиција го контаминира медиумскиот простор со тежок радиоактивен отпад. Човечево сигурно смета дека таквата негова положба на цензор ја има извојувано со „заслугите“ за неговите поранешни политички активности, на кои со купишта аргументи може, ако сум предизвикан, да се осврнам во некоја друга прилика. Доволно е овде да ги споменам бројните кривични пријави за злоупотреби и кривични тужби, како и стекнатата способност на политичка јагула на овој знаменит јунак на македонската транзиција,  самоделски создаден како апсолут на неморално, користољубиво и криминогено битие (затоа бега од самото споменување на законот како „ѓаволот од крстот“!), од одговорност да се извлекува со агресивни напади или ветувања кон новите власти (во стилот: „отсега ќе работам за вас“). Сега изгледа, со селска остроумност (две муви со еден удар! Пардон, не преку мене!), се обидува скапо да го продаде на новата власт побарувањето за апсолутна послушност спрема него врз основа на самовообразената клучна улога на незаменлив „идеолог, промотор и личен носител“ на демократските промени и „спасител на нацијата“ (видете само со каква надменост му се обраќа на премиерот, именувајќи го како „Зоки“, небаре играл ашици со него!).
Навредливите ставови на оваа опскурна личност не може да засегнат, напротив, земајќи ги како контрапункт на исправното- само ве зацврстуваат во уверувањето дека сте на вистинскот пат. Особено ни мене, ни кој било друг од научната фела може да го тревожат неговите оценки за тоа дали сум научник или не, колкаво и какво е моето знаење итн. Кога тие доаѓаат од човек кој е, за жал, редовен професор на правни студии, а не е и не може во Одборот за акредитација и евалуација да биде акредитиран за ментор на докторски студии, зашто нема никаква релевантна научна продукција, работата е сосема јасна. За науката има вредност на „поништена таксена марка“ човекот кој смета (арно велеше Цепенков: „има многу филозофи што станале гоедари, и многу гоедари што станале филозофи„) дека врвното знаење е содржано во неговите (добро платени) колумни, пишувани според политичката потреба на денот и моменталната финансиска потреба на авторот.
Сега за безочните лаги, чиешто недокажување, може да го погоди авторот на колумната таму каде што најмногу го боли- по џепот!

Ординарна лага  (број 1) е дека сум „го казнил“ колегата Ѓ.Марјановиќ (алудирајќи на настани од крајот на 70.години на минатиот век).
Исто таква лага (број 2) е дека сум се „нацицал од крвта, парите и лигавењето со режимот на ДПМНЕ единаесет години“ (потребно е малку да чита, а не само да измислува глупости, и да ги прочита барем моите „Беседи“ објавени на крајот од 2015 година, во кои на околу илјада страници се содржани сите мои јавни обраќања и написи како претседател на МАНУ со прецизни гледишта во однос на карактерот на поранешниот авторитарен режим, политичката криза и патиштата за нејзиното надминување). Ако макар успее да прелиста дел од моето научно творештво, ќе мора да се соочи со објективната вистина дека не сум служел ни на една власт или политичка гарнитура и дека кон секоја, вклучувајќи ја и последната пред изборите, сум имал и имам јасни и научно аргументирани критички ставови. Каков што однос задржувам и кон новата власт. Сум служел, служам и ќе служам единствено на правната наука, а тоа што таа се занимава и со законите и институциите на правото со кои авторот на колумната често е во судир, тоа е негов личен проблем.
Безочна лага (број 3) е тврдењето дека сум имал каков и да е спор за клевети и навреди со А1 Телевизија (како во времето кога му служеше на СДСМ, така и во времето кога беше во служба на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините полициски инсталации).
Лага (број 4) е дека мое дело е декриминализацијата на злоупотребата на одговорно лице (ако има малку познавања од правото, треба да знае кој и како го донесува Кривичниот законик).
Лага (број 5) е тврдењето дека се мои идеите за „реформите“ што се состојат во казнување лица што превезуваат мигранти и воопшто третманот на мигрантите (каков е тој професор по Меѓународно јавно право којшто не знае што е предвидено во меѓународните конвенции за криумчарење на мигранти и во прописите на ЕУ за миграциите и третманот на емигрантите, чиешто почитување е еден од условите за дадениот безвизен режим за граѓаните на Република Македонија).
Лага (број 6) е тврдењето дека „дефиницијата на делото на омраза“ во КЗ е погрешна (требало да се распраша кога и како е таа внесена во КЗ, по иницијатива на ОБСЕ, какви се ефектите од примена на законот, каква еволуција доживеа тој поим и што сега се работи на унапредување на целиот концепт, заедно со ОБСЕ. Патем, не знам кој е тој друг „кој знае“, дали можеби мисли на себе? Не сум видел дека објавил некаков научен или стручен труд на таа тема).
Лага (број 7) е тврдењето за „наложување со директна наредба“ на Архивот на МАНУ да се отвори архивата на Колишевски за лустраторите (одлуки за ставање на увид на одделни документи од архивските фондови донесува Архивски одбор на МАНУ, а не нејзиниот претседател; но редно било да се запраша како тоа Законот за лустрација, и покрај нашето противење, беше донесен едногласно од сите парламентарни групи во тогашното Собрание!).
Целосна и беспримерно интригантска лага (број 8) е неговата конструкција што се однесува на учеството на проф.др Р.Прибе на Охридската школа на природното право, Првата сесија посветена на демократијата и владеењето на правото. Со неа е изразено крајно непочитување на интегритетот на проф.Прибе, кому целото македонско општество му останува голем должник (пошироката јавност треба да знае дека Охридската школа е формирана од Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ; нејзината прва еднонеделна сесија, во која учествуваа десетина професори од земјата и странство и дваесет и пет магистранти и докторанди, е финансирана од амбасадата на САД во РМ; г-дин Прибе, со кого соработувам подолго време, а соработував и при составувањето на неговиот познат Извештај од 2015 година, беше поканет како професор на Универзитетот за мир на ОН при Европскиот центар за мир и развој со седиште во Белград и одржа предавање на тема „вредностите на ЕУ“). Само во болниот ум на авторот на колумната можела да се создаде бесмислената конструкција за негова злупотреба, работа во која е тој самиот изгледа добро упатен.
Навредите кон МАНУ се негова константа (претворена во опсесија на целиот „лумпен-интелектуален“ круг околу него). Кога се работи за лични фрустрации и за комплекси, последица на неспособноста за влез во нашата најавторитетна институција (зошто, ако не е таква, и тој и други негови колеги би се труделе толку да ја омаловажат!), помош нема. Едноставно, до крајот на животот дотичниот ќе си живее со маката што ја создава неговата неостварлива болна амбиција!
11-07-2017, 09:25 PM
Reply