Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ, ПРОТУГЕР, АМА НЕ И ЗАКОН ЗА ЗАШТИТЕНИ СВЕДОЦИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЈО бара притвор за Груевски, Јанакиески и Јанкулоска


[Image: SJO.jpg]

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни измами.


[Image: titanik.png]


Притвор се бара и за Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура и за Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер. СЈО бара притвор и за Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба и за уредникот во Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас за случајот Тотал. Вкупно, СЈО бара притвор за 18 лица. 



[Image: Total.jpeg]



Два дена пред истекувањето на рокот за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поднесени се 17 обвиненија за 18 предмети. Обвинети се 94 физички и 7 правни лица. Случаите „Таргет“ и „Тврдина“ се обединети во еден предмет, а случаите „Тврдина 2“, „Транспортер“ и Насилство во општина Центар веќе се во судска постапка.
(This post was last modified: 29-06-2017, 02:32 PM by ЈорданПетровски.)
29-06-2017, 02:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



29-06-2017, 03:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



29-06-2017, 03:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



29-06-2017, 03:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



29-06-2017, 04:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Нов скандал во единица: Акмисот „сакаше“ Моника Бахчовановска да му суди на раководството на ВМРО




29.06.2017 17:58:00


[Image: tn1_20170629_182350_sjo%20kutii%20dokazi.jpg]

Попладнево, скопскиот кривичен суд испрати соопштение дека се примени и распоредени предметите на СЈО во судот, објавувајќи во исто време голем скандал, каде што судијката Моника Бахчовановска ќе треба да им суди на целото раководство на ВМРО ДПМНЕ, на Сашо Мијалков, на Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска.
Моника Бахчовановска добила еден куп предмети во кривично полнолетни и ниту еден друг предмет не бил распореден кај било кој од над 20 судии на одделот кривично полнолетни.
Бахчовановска е сопруга на висок функционер на ВМРО ДПМНЕ кој директорува(ше) во неколку јавни претпријатија и се уште е на функција.
Како што соопшти судот, компјутерот „посакал“ Бахчовановска да ги суди : „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“ за Драган Павловиќ и Ивона Талевска, како и „Титаник“ против раководството на ВМРО ДПМНЕ за изборни злоупотреби и „Тортура“ против Сашо Мијалков и припадници на Алфите за апсењето на Љубе Бошковски и негово измачување.

[Image: sjo%20kutii.jpg]
Според судот, „преку автоматска распределба овие предмети се доделени во работа за оценка на обвинителен акт кај судијата Моника Бахчовановска“.
Бахчовановска неодамна беше посочена и од Агенцијата за медиуми дека во сите прекршочни пријави што ги поднеле против Сител Телевизија за изборни нерегуларности во информирањето, донела ослободителни пресуди или ги отфрлила пријавите зашто нашла дека не се процесуирани во рок од 72 часа.
Бахчовановска е судија која донесе правно срамна одлука со која правно лице прати во затвор за „клевета“. Ќерка е на екс судијката Загорка Поповска од граѓанскиот суд.
Бахчовановска, од кривично, пред две години под казна беше префрлена на стопански прекршоци, но со последниот распоред Стојанче Рибарев пак ја врати на кривично и и даде да води Кривичен совет.
Предметите кои се во надлежност на Оддлението за организиран криминал исто така, како што соопшти судот, преку автоматска распределба се доделени кај судиите:
  • Кај судијата Лидија Петровска предметот „Тарифа“,
  • кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“,
  • кај судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“,
  • кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“,
  • кај судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“
  • и кај судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“.
По барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите од кривичните совети во текот на денешниот и утрешниот ден- пишува во соопштението на судот..



29-06-2017, 08:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Соопштенија за јавност  |  30.6.2017

Постапувајќи по предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), Кривичниот совет од одделот кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по детална анализа на фактите и доказите приложени во предлозите, во законски утврдениот рок, донесе решенија со кои :

  1. Предлогот на СЈО со НСК-КО.бр.8/17 од 29.06.2017 година, поврзан со предметот во јавноста познат како „Тифани“, за определување мерки за претпазливост против И.Т. заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело - Даночно затајување од член 279 ст.2 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ, го уважи предлогот и определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска на обвинетиот секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.
 
  1. Предлогот на СЈО со НСК – КО. Бр. 10/17 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Тревник“, за определување мерки за претпазливост против З.П. и С.П.заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а ст.1 од КЗ, го уважи предлогот и спрема двајцата обвинети определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска на обвинетите секој работен понеделеник во месецот да се јавуваат кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.
 
  1. Предлогот на СЈО со НСК – КО. Бр. 7/17 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Тотал“, за определување мерка притвор против Д.П.-Л. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Даночно затајување од член 279 ст.2 в.в со ст.1 в.в со ст.45 од КЗ, се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му определи мерки за претпазливост и тоа –Обврска на обвинетиот секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје; Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и Забрана за преземање на определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
 
  1. Предлогот на СЈО со НСК – КО.бр. 1/16 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Титаник“, за определување мерка притвор против Е.А. заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, и И.Г. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ, се одбива како неоснован.
 
  1. Предлогот НСК – КО.бр. 2/16 од 29.06.2017 поврзан со предметот во јавноста познат како „Тортура“. За определување мерки за претпазливост против И.А., Н.С.,Ф.А., П.М., Ј.Б. и М.Ш. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од член 142 ст.1 в.в чл 22 од КЗ, го уважи и на обвинетиот И.А., му определи мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Забрана обвинетиот да се приближува или воспоставува односно одржува врски со друго лице, наведено во решението. Додека на останаите наведени обвинети им определи мерка за претпазливост - Обврска обвинетите секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје
 
Против овие решенија дозволено е право на жалба во рок од 3 дена од приемот на решението преку овој суд до Апеалциониот суд.
Во однос на предлозите од СЈО кои веќе се распоредени и се во работа пред Кривичните совети од одделението за Организиран криминал и корпуција, по писмена изработка на одлуките и нивно доставување до странките, јавноста ќе биде дополнително информирана во текот на утрешниот ден.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.
30-06-2017, 10:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Од 18 барања за притвор судот прифатил помалку од третина, за другите одземени се пасошите

30.06.2017 19:39:00


[Image: tn1_20170630_195319_osnoven-sud-skopje-11-860x680.jpg]

Кривичниот суд во Скопје прифатил помалку од третина од вкупниот број барања за притвор во предметите што ги поднесе СЈО во текот на вчерашниот ден.
За дел од обвинетите, за кои СЈО бараше притвор, судиите оцениле дека тиа ќе се појавуваат во текот на постапката и со одземање на пасошите, па била донесена таква мерка, брифираат за Сведок извори од судот.
Дел од информаторите од скопскиот суд се сомневаат дека некои од обвинетите имаат и друг пасош, но тоа судот не го констатирал.
Според последните информации, во притвор засега би требало да завршат 5 лица, а за другите ќе бидат преиначени мерките.
Најголем дел од мерките побарани за другите 47 лица за кои се бараат одземање на исправи или други забрани, за судиите не биле спорни и тие многу полесно се прифаќале.
Меѓу тие кои нема да заврши во притвор, за разлика од најмалку двајца поранешни министри, е и Драган Павловиќ Латас кој останал без пасош.
На одлуките на Кривичните совети, СЈО и странките имаат право на жалба, а жалбата не ги одлага извршувањата на решенијата.
За тројца од тие за кои се бара притвор, доколку се одобри, би требало да одлучува и Парламентот поради нивниот имунитет.
Претходно, судот соопшти дека одлуките ќе бидат донесени во рокот од 24 часа кој истече, но ќе им треба време да ги образложат и да ги достават до странките, па дури тогаш ќе соопштат официјално што одлучиле.
По протестите на приврзаници на ВМРО ДПМНЕ синоќа и денеска, вечерва е мирно пред судот.
30-06-2017, 10:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Кривичниот суд донесе одлуки за најголемиот дел од предметите на СЈО. Еве кој што доби!

[Image: sjo-1.png]

1 јули , 2017
Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска соопшти дека донел решенија за сите предлози за определување мерки поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), освен за послените два обвинителни акти кои пристигнаа синоќа.
Иако обвиненијата во одлуките кои се на располагање на јавноста имињата и презимињата на обвинетите се прикажани само со иницијали, можете да претпоставите за кого се работи.
Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 18/17 во јавноста познат како „Тарифа“ за определување мерки за претпазливост против Д.Б., М.С. и Н.Ѓ., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост. Обвинетите имаат обврска секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот, привремено им е одземена патната исправа и издадена е забрана за издавање нова патна исправа.
Прелогот кој е дел од предметот КОК ООА бр. 19/17 во јавноста познат како „Трезор“ за определување мерки за претпазливост против Н.С., делумно се уважува и на обвинетиот му се определуваат мерки за
претпазлиовст и тоа привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова службена патна исправа, и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 21/17 во јавноста познат како „Титаник 2“ за определување мерки за претпазливост против М.Т., Б.И., С.С., Б.Н.П, Б.А., А.Џ. и Г.Ф., се одбиваат како неосновани, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 22/17 во јавноста познат како „Топлик“ за определување мерки за претпазливост против Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 23/17 во јавноста познат како „Тендери“ за определување мерка притвор против Е.К.М. и Л.Л.Ц., се одбиваат како неосновани. По службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Додека предлогот за определување мерки за претпазливост против Ј.У. и тоа обврската обвинетиот секој работен понеделник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа, се уважува.
Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 24/17 во јавноста познат како „ТНТ“ за определување мерки за претпазливост против А.Д.А, Е.Н., Н.Р. и М.З., се уважуваат и на обвинетите им се опредлуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен вторник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување мерка притвор против Т.Т., се одбива како неоснова, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 25/17 во јавноста познат како „Траекторија“, за определување мерка притвор против В.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување на мерки за претпазливост против Љ.Г., се уважува и му се определуваат веќе наведените мерки за претпазливост.
Предлогот кој е дел од предметот КОК ООА бр.26/17 за определување мерка притвор против Ѓ.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се опредлуваат мерки за претпазливост – обврска обвинетиот секоја работна среда да се јавува кај надлежно службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова.
Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тифани“, за определување мерки за претпазливост против И.Т. заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – Даночно затајување го уважи предлогот и определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска секој работен понеделник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.
Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тревник“, за определување мерки за претпазливост против З.П. и С.П.заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а ст.1 од КЗ, го уважи предлогот и спрема двајцата обвинети определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска на обвинетите секој работен понеделник во месецот да се јавуваат кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.
Предлогот на СЈО поврзан со предметот во јавноста познат како „Тотал“, за определување мерка притвор против Д.П.-Л. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Даночно затајување се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му определи мерки за претпазливост и тоа –Обврска на обвинетиот секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје; Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и Забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Предлогот на СЈО поврзан со предметот „Титаник“, за определување мерка притвор против Е.А. заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, и И.Г. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ, се одбива како неоснован.
Предлогот поврзан со предметот „Тортура“, заради основано сомнение дека е сторено кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување кон Љубе Бошкоски го уважи и на обвинетиот И.А., му определи мерки за претпазливост.
– Обврска обвинетиот секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Забрана обвинетиот да се приближува или воспоставува односно одржува врски со друго лице, наведено во решението. Додека на останатите наведени обвинети им определи мерка за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Што се однесува до преостанатите два предлози за Никола Груевски и Сашо Мијалков кои до судот беа доставени доцна синоќа, по донесување на одлуките, нивна писмена изработка и достава до странките во постапката, јавноста ќе биде навремено известена.
Сите обвинети, вклучително и СЈО во рок од 3 дена од врачувањето на решението имаат право да поднесат жалба по што ќе се донесе кончената одлука.
01-07-2017, 01:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Судот донесе одлука по барањето на СЈО за притвор на Мијалков


2 јули , 2017
-Предлогот за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа на С.М., Г.Г. и Н.Н.,  – Обврска обвинетите еднаш неделно да се јавуаат на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа; на обвинетиот Н.Б., – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и службена патна исправа и забрана за издавање на нови; на обвинетиот Т.Ј. – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот. Предлогот за определување мерки за претпазливост на Е.Џ. и тоа – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се уважува, се вели во соопштението на Судот.
02-07-2017, 11:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:ПРОБИЕН РОКОТ ЗА ПРИТВОРОТ ЗА ГРУЕВСКИ, ПРОТОЃЕР, ЈАНКУЛОСКА, ЈАНАКИЕСКИ И БОЖИНОВСКИ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

02.07.2017
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски доаѓа на судењето за случајот на СЈО за шамарите во Центар, на 28 јуни (Фото: СДК.МК)
За барањата мерки притвор за експремиерот Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет Мартин Протоѓер, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски и за ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 го проби рокот за одлука. Обвиненијата и доказниот материјал за случајот „Титаник“ беа донесени во судот во петокот навечер и заверени во архивата во 21.40 часот. Одлуката требаше да се донесе за 24 часа, но денеска Кривичниот суд соопшти дека тоа ќе се случи дури утре, понеделник.
„Титаник“ е првиот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и во неговиот основен дел се обвинети 20 лица, на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и за повреда на избирачкото право.
Протоѓер, освен за злосторничко здружување и за злоупотреба на изборната кампања, обвинет е и за повреда на слободата на определување на избирачите. Божиновски, за кого исто така се бара притвор, покрај за злосторничко здружување, обвинет е за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања.
Најмногу кривични дела од овие петмина за кои се бара притвор, им се ставаат на товар на Јанкулоска и Јанакиески. Освен за гореспоменатите дела, тие се обвинети и за за злоупотреба на службената положба и овластувањата, како министри за внатрешни работи и за транспорт и врски.
С. К. ДЕЛЕВСКА
02-07-2017, 01:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Груевски, Јанакиески и Јанкулоска без пасоши и ќе се јавуваат во суд


Нова ТВјули 3, 2017-5:54 pm

[Image: gruevski-1-777x437.jpg]

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 попладневно соопшти дека во врска со барањето на СЈО за определување мерки за обезбедување присиство и мерки за претпазливост на обвинетите во предметот „Титаник“, донесено е решение со кое се одбива барањето за притвор на обвинетите Н.Г., М.П.,К.Б., М.Ј. и Г.Ј. и им се определуваат мерки за претпазливост –да се јавуваат кај надлежно службено лице во суд еднаш неделно, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и приврмено одземање на дипломатска патна исправа.
Мерки за претпазливост,  еднаш неделно да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот,  привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на дипломатска исправа се определуваат и против обвинетите К.М.,Л.Р.,Р.Д.,Џ.А.,М.Н.,Д.Д., Е.Т., М.П., К.Т.,К.В., С.К., Д.А., Л.Р., Г.Ј., Б.Б.Б. и И.Д.
Против овие решенија дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд.
Во соопштението од Судот се наведува уште и дека од страна на СЈО во текот на 29.06.2017 година и вечерта на 30.06.2017 година до Основниот суд Скопје 1 – Скопје – одел Кривично полнолетни беа доставени вкупно 6 обвинителни акта од кои за 5 беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 13 лица, додека во одделението за Организиран криминал и корупција беа доставени вкупно 11 обвинтелни акта од кои за 10  беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 54 лица. Сите обвинителни акта согласно електронскиот систем за водење на предмети се распоредени на оценка кај судии, и сите предлози, веднаш по приемот беа распоредени на одлучување кај надлежните кривични совети. Во текот на викендот, покрај судиите во кривичните совети беа ангажирани и дополнителни службеници и доставувачи од судот, и сите предлози беа одлучени во законски утврдениот рок, а по писмената изработка на решенијата тие беа доставени до странките и за донесените одлуки јавноста беше информирана, велат од Судот.
03-07-2017, 05:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Судијата насукан, за да се спасат патниците од „Титаник“?



Како одбраната на осомничените знаела кои судии ќе решаваат за предметот „Титаник“, штом побарала еден да биде изземен? Дали токму тој потег ги спасил осомничените од притвор? Од Кривичниот суд се недостапни за одговор.
     

[Image: 17358702_303.jpg]

Два гласа „за“ прифаќање на мерките притвор и еден „против“. Наводно, такво било изјаснувањето, односно „расположението“ на судиите на тричлениот совет, избран да одлучува по предлозите на СЈО за предметот „Титаник“, тврдат за ДВ извори од Кривичниот суд. Но, таквиот епилог бил спречен, бидејќи одбраната на осомничените побарала изземање на Дарко Тодоровски, еден од судиите кој одлучувал по предлозите на СЈО за овој предмет, и кој заедно со уште една судијка, наводно се изјасниле „за“ предложените мерки притвор.
Откако на негово место бил назначен друг судија, резултатот од изјаснувањето повторно бил „2 спрема 1“, но во насока да се прифатат само предлозите за мерки на претпазливост (одземање на пасоши, забрана за издавање на нови, и јавувања во судот). Ни членовите на советот, ни в.д. претседателот на судот, не беа достапни да ги потврдат или демантираат ваквите тврдења на судски извори.
Во случајот „Титаник“, СЈО поднесе обвинителен акт против 20 лица и обвинителен предлог за уште едно лице. За Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер се бараше мерка притвор, a мерки за претпазливост се бараа за вкупно 16 лица.

[Image: 19049736_303.jpg]

Штелување на советите?

Од Кривичниот суд се недостапни и за одговор на прашањето: Како одбраната на осомничените имала информација кои судии ќе решаваат за предложените мерки за предметот „Титаник“, штом побарале еден од нив да биде изземен од одлучувањето? Молкот на Кривичниот суд дополнително ги зголемува шпекулациите за протекување на информации во корист на одбраната на осомничените, но и за „штелување“ на составот на советот што одлучувал за тој предмет.
„Иако персоналниот состав на тричлените совети кои одлучуваат треба да биде тајна, адвокатите на осомничените најверојатно имале точна информаци за составот на советот и 'расположението' во него, штом побарале изземање токму на конкретен судијата кој учествува во одлучувањето за 'Титаник'“, велат извори од судот.
„Титаник“ беше капиталниот предмет на СЈО што ги истражуваше изборните измами, во кои е осомничен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите најблиски соработници, заради составување на избирачки список по волја на интересите на партијата, за целосна криминализација на изборниот процес, со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по ниедна основа не смеат да бидат таму.
Но, сега и одбраната на осомничените посочила причина, поради која судијата Тодоровски не би требало да биде таму - во советот.  
„Имајќи предвид дека за судијата Дарко Тодоровски е поведена постапка за разрешување од судската функција на барање на Советот за утврдување на факти пред Судскиот совет на Република Македонија, бараме да се изземе од одлучување на советите на Основниот суд Скопје 1, кои одлучуваат по предлозите за определување на мерки за обезбедување на присуство и мерки за претпазливост, поднесени од страна на СЈО“, се вели во барањето на одбраната испратено до в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев.
Сомнежот околу „аршините“ и состојбите во Кривичниот суд се зголеми и откако бил направен нов распоред за работа на судиите. Оние судии кои со претходниот распоред беа прекомандувани во одделенија за прекршоци и други, повторно се вратени да работат и на кривична материја. Ваквиот пресврт, судски извори го доведуваат во врска со завршената распределба на обвиненијата од СЈО, односно како знак дека „поминала опасноста“ тие предмети да бидат доделени на „неподобни судии“.
В.д претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, не се согласува со ваквите толкувања.
„Секое поврзување на измената на распоредот за работа на судиите со поднесените обвиненија од страна на СЈО, изнесено во одредени медиуми е израз на непознавање на текот на кривичната постапка и води кон дезинформирање на јавноста“, реагирал тој до некои медиуми.

[Image: 15254307_402.jpg]

Не помага странски пасош

СЈО поднесе 17 обвиненија за 18 предмети, во кои беа обвинети 94 физички и 7 правни лица, за случаи поврзани со злоупотреба на службата, злосторничко здружување, даночно затајување, повреда на избирачко право, бесправно градење и други дела. Притвор се бараше за 18, а мерки за претпазливост за 47 лица. Судот досега не изрече ниту една мерка притвор. Со прифатените мерки за претпазливост за предметот „Титаник“, вкупниот број на одземени патни исправи по поднесените 17 обвиненија - достигна до 38. Покрај Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер и четворица други осомничени во истиот предмет, без пасоши останаа и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа - Милевска, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, уредниците во ТВ „Сител“ Драган Павловиќ - Латас и Ивона Талевска, и поранешниот помошник министер во МВР, Небојша Стајковиќ.
Обвинетите нема да можат да ја напуштат државата доколку имаат пасош од друга држава, ниту да патуваат со лична карта во соседни држави со кои Македонија има таков договор. МВР веднаш ги внесува во системот решенијата од судот, па лицата за кои се изречени мерки на претпазливост веќе се евидентирани како лица кои не смеат да ја преминат државната граница, без разлика дали поседуваат и други патни исправи.

ДВ
04-07-2017, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:„Реформаторите“ на ВМРО – ДПМНЕ не се меѓу 8-те заштитени сведоци на СЈО


July 4, 2017
Осум функционери во врвот на ВМРО-ДПМНЕ блиски до лидерот  Никола Груевски се заштитени сведоци на Специјалното јавно обвинителство, изјави еден од иницијаторите за реформи во партијата, Петар Богојески на емисијата Топ Тема на Телма.
Богојевски со тоа одговори на кампањата за оцрнување на иницијативата за реформи во ВМРО – ДПМНЕ која ја започна партијата обвинувајќи ги иницијаторите дека се заштитени сведоци во СЈО против Груевски и други функционери на партијата.
„Во СЈО ниту еден заштитен сведок не се заведува со име и презиме туку со псевдоним. Никој од реформаторите не е заштитен сведок, и затоа нека бидат релаксирани, никој од нас не е сведок“, рече Богојески.
Според Богојевски иницијатива има за цел да ја заживее партиската структура за да се победи на изборите. Според него мора да запре практиката актуелна во последниве години услов во која за напредок во партијата членовите се натпреварувале кој повеќе ќе искодоши кај раководството.
Богојевски во емисијата не откри од каде точно знае кои се заштитени сведоци на СЈО.
(This post was last modified: 04-07-2017, 11:35 PM by ЈорданПетровски.)
04-07-2017, 08:53 PM
Reply