Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАНОВСКИ ВС ВАНГЕЛОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Coup de grace на Борисов и Заев


Се зборува, иако сè уште на половина уста, дека удри час да им се зададе смртоносен, coup de grace удар на крупните и мачни (особено од 1948 па наваму) бугарско-македонски „междусебици“. Големата заслуга за тоа им припадна на две смели и далновиди полит-фигури: Бојко Борисов, претседател на бугарската влада и Зоран Заев, претседател на новата реформска влада кој посведочи дека има талент да влече тешки политички потези со леснина која ве уверува, која ви вели дека, ете, тоа ни не било некоја „неимоверно“ тешка работа.
Кому уште му се задава таков смртоносен coup de grace?
Верувам дека, до колку не се случи нешто кобно и гадно од репертоарот на оној „крвав четврток“ (27 април 2017) било во Скопје, било во Софија, до колку се потпише, на 2 август 2017., Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Бугарија и Македонија онака како што се мисли и најавува, тоа ќе биде, ако не смртоносен, coup de grace удар, тогаш удар со токмак од сто килограми по главата на апашкиот, зулумќарско-рушветски национализам по кој тешко да дигне глава, а камоли да вреска и да се заканува од парламентарна говорница како што, за жал, сè уште го прави тоа во Скопје. Верувам, уште, дека силата на тој удар ќе доведе до тектонски промени во балканскиот политички пејсаж, а верувам затоа што и ЕУ и САД гледаат сега свој важен интерес во тоа.
Кога напишав дека „се зборува, иако сè уште на половина уста“ дека тоа време дојде, ги имав, во прв ред, предвид оние „ситни разлики“ кои не допуштиле да се потпише тој Договор при посетата на Заев на Софија. Верувам дека добро објаснив дека „ситните разлики“ најчесто произведуваат крупни белји по проста причина што се тие посебности (Дерида, Тодоров), во кои не смее да се гиба, а камоли да се пеглаат. Мислев дека ќе биде добро ако, по јасен, разбирлив начин и покажам уште на широката публика како посебноста на македонскиот јазик Конески ја спушта дури до времето на Климент Охридски. Како, таа посебност не дава да се пегла, а не дава затоа што е творецот на нашата „самодоверба“ како народ, кажано со зборовите на универзитетскиот професор Љубомир Д. Фрчковски. За да го покажам тоа, посегнав по некои документи од почетокот на деведесеттите кои го бранеа македонскиот јазик....погодете од кого?
Тие документи го бранеа македонскиот литературен јазик сега не од ЦК БРП(к) со нејзиниот „глашатај“ Георги Чанков (тоа го стори тогаш, во далечната 1948, никој друг туку Конски: стрпливо, логички и – енергично), туку од – самите нас. Поточно, од тогашната елита на ВМРО-ДПМНЕ под команда на војводата Љубчо Георгиевски кој стана „бугарско асо“ кога дојде на власт. Се најдоа и до-војводи во неговиот штаб: Димитар Димитров, татко на сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, Милош Линдро, неговата десна рака во Министерствто за култура, Младен Србиновки, директор на НУБ и други помалку познати „македонствујушти“ ѓоа-јазиковеди. Тие сложно го бербатеа „србоманот“ Конески кој, по „налог на Ѓилас од Белград“ (Чанков) ни го „србизирал јазикот.“ Го бербатеа подобро од Д. Драгнев во неговата „скопска икона Блаже Конески“.
Кон почетокот на септември 1990. ми се јави поетот Глигор Стојковски, уредник на „Лик“ на „Нова Македонија“, „додаток за литература, идеи и култура“. Ми побара текст на тема македонскиот литературен јазик за јубилејниот, стоти број на тој „подслисток“. Кога го прашав за обемот на текстот (прашањето брзо кажа дека се согласувам да пишувам текст), ме поплави силен бран на мачнина. Испадна дека одвај сум чекал да пишувам за „Лик“. И тоа во денот кога дознавам дека починала мајка ми. Јас сум, значи, чудовишно рамнодушен човек. Како оној Мерсо од „Странецот“ на Ками. Јас се грижам, така, само за оној дел од себеси кој останува на овој свет. Јас го туркам сега во заборав оној дел од себеси кој си заминува, со тело и душа на мајка ми. Тоа беа зборови од мојот внатрешен, строг морален судија. Беа безгласни, ама јас ги слушав. Грмеа.
Иако ги слушав тие тешки прекори чиј интензитет растеше, јас седнав да го пишувам текстот за „Лик“. Го завршив уште истиот ден. Испадна, по обем, повеќе од еден авторски табак. Му го предадов на Стојковски непрочитан. Онака, како што го истурив од себеси. Не го прочитав ни кога излезе во „Лик“ (под наслов „Константин Филозоф и Конески“) на 12 септември 1990, заедно со текстовите „Не гибајте во нешто што е свето“ на Трајко Стаматовски и „Нашето писмо – едно од најсовршените“ на проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска. Бегав со години од тој текст. Не го препчатив во ниедна своја книга, а кога ми се наложи темата важноста на „ситните разлики“ кои не можат да се пеглаат затоа што се разлики во длабинската структура на секоја појава/битие (јазикот е појава-fenomenos), ми блесна мисла во свеста дека тому таму зборувам за тоа во детали, врз основа на Ниче од неговата „Радост на сознанието“ и теоријата на Јакобсон за јазичките погледи на Херман Паул и Фердинан де Сосир. И не само тоа.
Мислата на Фрчковски која вели дека само нација со „самодоверба“ може да биде толерантна, дека само таа може да „сподели“ историја со соседи, дека модерната историографија е „плурална“ што значи - дијалошка а не монолошка (Бахтин), дека нема некој кој цел живот е во право, а друг никогаш, дека некои разлики („ситни“) ќе останат и по потпишувањето на Договорот со бугарската . кај... мене, во мојата статија од 1990., се вика „самопочит“. Таа самопочит не и допушта на „почитта“ да се стане – господар. И едното (самодоверба) и другото (самопочит) со други зборови е кажано и во „За најновиот напад на нашиот јазик“ (1948) на Конески кога потсетува колку бил огорчен поетот Иван Вазов од оние Бугари кои се подбивале со својот сопствен јазик.
Мислам дека би било добро денес да се преобјават тие три долги статии од 1990 како „додаток“ во „Слободен печат.“ Дури, си допуштам слобода да апелирам до главниот уредник на „Слободен печат“ да го стори тоа, како и до министерот за култура Алаѓозовски да помогне, ако биде неопходно. Денешната публика, составена од луѓе кои или се родиле во таа 1990, или биле во детски градинки, треба да дознае како, видни Македонци на високи политички позиции и со звучни титули, го бербателе сопстевниот јазик на кој зборуваат и пишуваат. Нивните директни наследници од ВМРО-ДПМНЕ по политика и власт сега ни се продаваат како единствени, од бога паднати чувари на честа и достоинството на македонскиот јазик. Иако, до пред само некој месец, го бербатеа Рацин за кого Конески пишува дека, како и Коле Неделковски (член на БРП-к) никако не можел да пишува по „директива на Ѓилас“ како што тврдше, во тоа време (1948) Георги Чанков, организационен секретар на ЦК БРП (к).

Атанас Вангелов   ПЛУСИНФО


Quote:Kniefall von Warschau, Kniefall von Skopje


Почитуван Атанас,
Со големо внимание го прочитав твојот последeн есеј COUP DE GRACE НА БОРИСОВ И ЗАЕВ. Се мислев дали да реагирам на него со едно крaтко видување на настаните и просторот од еден друг агол. Или по прецизно речено, како тоа изгледа од позиција на човек кој скоро сиот свој живот го минал во егзил... што изнуден, што избран егзил.
Се мислев и се премислував, поради тоа што последниве години постојано се прашувам дали пишувањето за Македонија има повеќе смисла денес. Дали во еден сомодоволен, но во суштина запуштен, глув, лицемерен, вулгарен, примитивен, збунет и хаоитичен простор кој не знае што и како со себе, и во кој никој ништо и никого не слуша, освен ако тоа не е наредба или ако има корист, и во кој доминираат егата на маалските лидери сеуште неизлезени од мочуриштето на крчмите исполнети со какафонична врева, може да се чуе било каков поинаков глас.
Тој и таквиот македонски простор контаминиран со лажна себеперцепција, со поглед на светот од перспектива на жаба, и таквите македонски “происходи”, по сите стандарди и не заслужуваат големо внимание, односно не заслужуваат да се трошат многу зборови и многу време на нив. Тишината, молкот како личен избор и протест против тој деформиран свет е можеби најдоброто што може да се случи. Ќе има еден глас помалку кој ќе ги соочува со нивното извитоперено лице. Молкот како точка на крајот на реченица, или ако сакаш како епитаф на гробот на исчезнатата мајковина.
Но ти почитуван пријателе, Атанас, како еден од последните мајстори на зборот, како еден од последните вистински зналци и интелектуалци во Македонија, [не верувам дека ве има останато таму повеќе од прстите на двете раце], значи ти, како човек кој беспрекорно го говори, негува и употребува македонскиот јазик, мислам дека заслужуваш во име на слободата на говорот и во име на демократскиот дијалог меѓу двојца остарени пријетели, да чуеш и едно можеби поинакво видување во врска со македонските премрежја и распаќа.
Уште на почетокот морам да кажам ДА, се согласувам со духот на твојот есеј и со твојата суптилна и беспрекорна одбрана и апологија на Конески и на Македонскиот јазик.
Да, потполно ја разбирам иницијалната ситација од која поаѓаш и историската потреба која те тера да ја артикулираш твојата беневолентна експликација и заложба за една поинаква, безконфликтна иднина на европска Македонија. Ја разбирам и ја подржувам твојата заложба за Македонија како толерантна држава, силна и горда, која промовира меѓусебна доверба во односите со соседите, кои утре можеби и нема да бидат соседи. Тој широк хоризонт на надеж што би рекол Блох, кој го сликаш во подтекстот на твојот исказ, е истиот оној низ слики, прикази и искази, кои и ти јас во разни форми, сме ги споделувале со другите, сиве ове изминати години, од времето на поранешна Југославија па се до денес.*
Меѓутоа, јас од позиција на мојот постојан Брехтијански скептицизам, [секогаш сум сонувал со отворени очи], морам да признаам дека се сомневам во плаузибилитетот на некои недоискажани детали, срочени така амбивалентно во твојот провокативен есеј. Ми се чини дека од шумата не се гледаат дрвата. А таа сфумато слика која ни ја нудиш, станува уште позагрижувачка собено кога се има предвид факотот дека во Макдонија 75% од младите под 35 години се функционално неписмени. А младоста би требало да биде иднината. Неписмена иднина!????.... Затоа не верувам дека ќе има многумина кои ќе разберат што точно говориш и што порачуваш. Многу ти е мал бројот на читачката публика пријателе ценет.
Исто така ја разбирам и твојата сложена позиција на идивидуалец, вклештен во таа сурова стварност која пека по промени кои не се случуваат. А кога ќе дојдат тие промени не знае што да прави со нив. Ветувања многу, а исполнување на тие ветувања многу малку. А и Македонија во тој контекст ја има се помалку и помалку. Ја има, за жал, како имагинарен енитет во нашите верувања и посакувања да ја има. Од таа позиција на неостварени ветување, и на веќе исчезната Македонија, со проблематизирано име, со проблематизирана територија, и пробелматизиран јазик како некоја традиционална окосница на личниот и колекетивен ентитет и идентитет, не го делам твојот ентузијазам за новото време кое доаѓа.
Жалам, но не го делам твоето верување дека “Големата заслуга за тоа им припадна на две смели и далновиди полит-фигури: Бојко Борисов, претседател на бугарската влада и Зоран Заев, претседател на новата реформска влада кој посведочи дека има талент да влече тешки политички потези со леснина која ве уверува, која ви вели дека, ете, тоа ни не било некоја „неимоверно“ тешка работа.”
За новите јадења, треба нови вилушки. А ниту Заев ниту Борисов ја имаат критичката граѓанска маса зад себе, за да можат да бидат вилушки со кои се јаде новото јадење. Национализмот, тој отров и храна на омразата, е сеуште жив и витален многу повеќе од колку што ние сакаме да признаеме. Идеите за големи држави на Балканот не се само роматични сништа, туку реалност која како камелеон се крие и се појавува во разни форми.
Затоа мислам дека сета таа врева за исторски договор е еден голем театар кој служи моментални тесни и лични интереси. Тоа влечење на тешки политички потези, јас мислам, особено кога станува збор за Зоран Заев, и за тоа што ти го нарекуваш реформска влада, дека е всушност само една провидна, јас би рекол, неподнослива леснотија на постоењето, каде што се пред се измамени и изманипулирани македонските граѓани. Непотребно отварање на пандорината кутија, за да се сврти вниманието од правнта разврска со криминалната држава и од пантличарската самообнова на политичко-економската олигархија која ја уништи до крај самопочитта на осиромашените и ограбени граѓани во Макадонија.
Исто така, сметам дека сегашниот премиер на македонската влада е личност со исклучително скромен интелектуален капацитет, со мали познавања, и со фрапантен недостаток на достоинствено дипломатско однесување. Се надевам дека ти тоа, како поранешен амбасадор добро го воочуваш. И затоа останувам зачуден зошто ти, со твојот возвишен интелект, би рекол, се обидуваш да му дадеш легитимитет на еден навиен и брзоплет “јас” па “јас” трговец, сомнителен политичар-богомолец, и самопрогласен симбол на слободата и новото време во Македонија. Толку за авторитарната персона, која од 17 Мај 2015 така лицемерно и беспрекорно го гради својот култ на личност.
Што се однесува до пробугарските македонски бранители на македонксиот јазик од самите нас од 1999 па наваму, “Поточно, од тогашната елита на ВМРО-ДПМНЕ под команда на војводата Љубчо Георгиевски кој стана „бугарско асо“ кога дојде на власт.” Се најдоа и до-војводи во неговиот штаб: Димитар Димитров, татко на сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, Милош Линдро, неговата десна рака во Министерствто за култура, Младен Србиновки, директор на НУБ и други помалку познати “македонствујушти“ ѓоа-јазиковеди. Тие сложно го бербатеа “србоманот“ Конески кој, по “налог на Гилас од Белград“ (Чанков) ни го „србизирал јазикот.“ Го бербатеа подобро од Д. Драгнев во неговата “Скопска икона Блаже Конески“, тука сметам дека сме потполно на иста страна на барикадите. И ме храбри фактот дека не сме молчеле за тоа во мрачни времња.*
Меѓутоа она што ме загрижува највеќе во твојот есеј почитуван Атанас, е она што го нема таму. Се работи за две битни работи за кои ти, во твојот ентузијазам за новото време, не говриш ни збор за нив, а не верувам дека не ги гледаш. Се работи пред се за односот кон фактите, вистината и правдата, и второ, за грдата реалност на извитоперениот и уништен макeдонски јазик денес. A таа реалност е повеќе од грда и поразувачка.
Очекував не само критички да се осврнеш кон минатото, кон татоквците, туку и кон нивните неодговорни, неморални и дипломатски компромитирани синови, кои по природата на нештата и по службена должност би требало ја реалзираат таа благородна мисија на почитување на разликите и потпишуавње на договорот за добрососедски односи во дело. Како што и сам знаеш, не е доволно само да се вика “урааа, договрот ќе биде потпишан на три јазика” и ќе има ревизија на учебниците по историја.
Историја не ја пишуваат ни политичарите, ни историчарите, туку фактите. Пред нив и боговите молчат. А фактите за македонско бугарските односи се безмилосни.
Затоа никакви релативизирања од типот на самоволното бришење на фашистичкото минато на бугарската држава и нејзините злочини во Македонија, како што е на пример отстранувањето на таквите написи од страна на Заев во Струмица, не само што не помагаат, туку се и контра продуктивни и штетни. Тоа според мене не е “далновидост” како што велиш ти, туку авторитарно однесување на деспот игнорант. Нема простување за фашистичките злочини. Не во мое име.
Да, надминување на судирите од минатото предизвикани од националистичките изливи на незимерна љубов кон Македонија од сите страни, треба да има, но само врз рамноправна основа, врз почитување на меѓунардоното право и правда, врз основа на историските факти и со меѓусебено признавање на разликите и реалноста за кои говориш. Исто онака како што Вили Брант отиде во Варшава 1970 година и келкна на колена пред жртвите на фашизмот во Полска, и со својот Kniefall von Warschau симболично го призна злочинот, исто така Македонија треба да очекува, буграскиот “далновид” премиер Борисов да дојде во Макодонија, не на Илинден, туку на 11 Октомври, и да се поколни пред споменикот на жртвите на бугарскиот фашизам во Македонија, да појде во музејот на Холокостот да одаде почит на единасетте илјади депортирани евреи од Македонија и симболично да го признае злочинот на Буграскиот фашизам во Македонија. Но пред се и над се првин треба да се поклони пред споменикот на симболот на македонскиот јазик, пророкот од Небргово, Блаже Конески.
Во Европа која се заснива врз принципите на различитост, на почитување на правото, правдата и законот, не можеме да појдеме напред заедно ако правдата не е задоволена. Или пак, као што критички наведува Тери Игалтон во својата "Теорија на Литертурата" говрејки за срамната улога на Англискот јазик во колонизација на светот, не може да се бара од едната страна да биде толерантна кон другата, ако и таа самата која го бара тоа не е толеранта. Во нашиот случај, не може да се бара од едната страна да се биде толерантна кон злочините на фашизмот и да се заборави историјата, да се банализира злочинот, а од другата да не се бара почитување на основното човеково право луѓето да се изјаснуваат на јазик кој го дефинареле као свој и различен од другите.
Истиот тој однос на рамноправност, законитост и праведност во решавање на историските заблуди и небулози од сите заинтернсирани страни, мора да се воспостви меѓу сите соседи на Балкнаот за да има взаемно почитување и заеднички од и живот во Европа.
Исто така зачуден сум што во твојот луциден есеј во кој доминира грижата и апологијата на Македонскиот јазик како различитост, како specifica diferentiae која не може да се оспори, не се осврнуваш и на еден друг самоуништувачки сегмент во Македонското клутрно битие сега и овде. За мене е неприфатливо и неопростиво деструктивното однесувањето на оние граѓани, соборците од нашата страна на барикадите, односно делувањето на мангупите во нашите редови. Верувам дека се тоа искрени борци против дикатитурата и гласни адвокати на Македонскиот демократски пат кон Еверопа, меѓутоа тие во својот очај од долгодишно живеење во украдена држава, со своето однесување, делување, со своето неодмерено пишување, со своите јавни искази, всушност се и те како виновни за уништувањето на јавниот дискурс и за грубата реалност во која изчезна литературниот, официјален македонски јазик.
За жал, денес, ваков каков што е сега, тој, македонскиот јазик, е брутализиран и вулгаризиран, тој е претворен во жаргон сведен на чаршиски муабет на фрустрирани кафеански пијандури и експерти за се сешто. За жал, тој е уништен најмногу од сите оние “водечки” знајни е незнајни новинари, уредници, квази колумнисти и полуписмени незавршени студенти, со амбиции да доминираат на јавната сцена, и на секој начин, да бидат единствени креатори на вистината за македонските премрежја.
Парадоксално, но вистинито, со своето непримерно и неодогворно однесување кон јазикот, во име на некаква си авторска оргиналниост, тие всушност го уништија значењето и одгворноста за јавниот збор, а со тоа и го погазија дигнитетот на македонскиот јазик. Тој за жал денес и не постои. Човек само да се заврти околу себе и да погледа што се и со каков македонски јазик се пишува наоколу во весниците, на електрноските портали, низ излозите и јавните фирми, ако ги погледа винските карти и листите за јадење во рестораните, во судските акти и списи, или пак ако внимателно послуша на каков јазик се говори, како зборуваат новинарите на локалните државни и приватни телевизии или радија ќе му биде веднаш јасно дека македонскиот јазик го нема веќе меѓу нас. Тој не живее веќе во Македонија. Тој е исчезнат за навек. Наместо него, сега тоа е едан бастарден, новоговор, во најдобра варијанта "маклиш" [извитоперена мешавина од англиски и македонски], или пак од друга страна тој се среќава секојдневно на улиците како агресивен локален дијалект од Битола, Струмица, Берово, Охрид, Прилеп, Тетово, Кичево, од каде се не, и секогаш е со погрешно акцентирани зборови, и примивтно и гордо се носи закачен на реверот од износените и ефтини палта како потврда на селското “автентично” потекло. Народњаштво во најгрда смисла на зборот насекаде, а македнскиот јазик никаде, фрлен на буниште.
Жал ми е што не го чув ни младиот министер за култура, учен публицист, да каже збор-два за овие интересни појави. Или можеби тој е само една обична безгласна буква од “независната сцена” седната во кабинетот на премиерот, секогаш подготвена само за сликање на меѓудржавни средби и други промоции.
За овие работи очекував критички да говориш, Атанасе, пријателе ценет, затоа што оние пробугарски македонски бранители на македонскот јазик од самите нас, поточно, тогашната елита на ВМРО-ДПМНЕ, за кои што говориш во својот есеј, и која што од 1999 наваму, почна радикално да ја разградува Македонија, не само што делумно успеа во своите зли намери и што е виновна за исчезнувањто македонскит јазик туку, за тој свој злочин треба и да одговара. А досегашната кратка историја на македонската бесчесна самоуништувачка политикта и нејзините некомпетени лидери не ни дават многу аргументи за оптимизам. Се сомневам дека синовите ќе бидат по различни од своите татковци и дека ќе имаат храброст и знаење за вистиниски пресврт во македнскиот сложен и ранлив политички и културен пејзаж. Се сомнавам дека македонската “далновидина полит-фигура” има капацитет да се извини на македонските граѓани за своите непромислени гестови и излети во непознати територии, а уште повеќе да се извини за скапо платеното гостпримство и апологија на трубо фолк звездите со крвави раце. Тие гостопримства ја имаат направено скоро истата штета која ја направи налудничавиот проект Скопје 2014.
Иднината за жал им припаѓа нив…
.
*Наум Пановски, Македонскиот Молк, Форум [неделник], 5.11.2000. Скопје

Наум Пановски фб статус
28-06-2017, 11:32 PM
Reply