Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЏЕЛАТИТЕ СЕ САМОПРОГЛАСУВАТ ЗА ЖРТВИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Не рехабилитација за лустрираните, туку лустрација на лустрацијата



Владимир Милчин ● во 11:17 16 јуни 2017



Демократскиот сојуз побара да се интензивираат реформите во судскиот систем и предложи три крупни промени, односно укинување на три комисии формирани со посебни закони. Демократскиот сојуз смета дека нивното укинување е можно да се реализира за не повеќе од десетина дена. Немам никаква причина да се сомневам во проценката дека укинувањето е можно да се реализира за не повеќе од десетина дена, но имам причини да се сомневам дека третата од крупните промени, како што тврди Демократскиот сојуз, битно ќе го унапреди владеењето на правото. Имено, третата од тие крупни промени е предлогот на Демократскиот сојуз „да се укине Комисијата за лустрација (Комисија за верификација на фактите) чие постоење е анахроно на промените, поготово што Законот за лустрација е укинат“. Доколку под „анахроно на промените“, Демократскиот сојуз подразбира дека Комисијата за лустрација ги извршила налозите добиени од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, односно лично од Груевски, да ги наклевети и да им ги ограничи граѓанските права на дел од оние кои му биле трн во окото на автократот, тогаш и Законот и Комисијата за лустрација се навистина непотребни. Затоа и не беше никакво изненадување што токму партиите на Груевски и Ахмети, додека беа на власт, донесоа закон со кој мандатот на Комисијата престанува со конечното завршување на постапките кои ги започнала (покренала) до 1 септември 2015 година, односно мандатот ѝ престанува во рок од 2 години (сметано од 1 септември 2015 година). Кратко речено, членовите на Комисијата ќе земаат надомест до 1 септември 2017 година. А вработените од стручната служба ќе ги преземе Министерството за информатичко општество.

Значи, предлогот на Демократскиот сојуз за укинување на Комисијата на Аџиев е задоцнет, зашто до 1 септември 2017 година преостануваат уште само два месеци! Но, тоа не е најголемиот превид во предлогот на Демократскиот сојуз. Имено, Комисијата за лустрација не е дел од судскиот систем и нејзиното укинување само по себе нема да ги забрза реформите на судскиот систем. Треба ли да го потсетам предлагачот Павле Трајанов дека решенијата на Комисијата за лустрација беа потврдувани од Управниот суд и од Вишиот управен суд и дека донесуваа решенија (или одолговлекуваа да донесат решенија) кои беа спротивни на законите и со кои ги кршеа човековите права, што веќе во неколку случаи беше утврдено од судот во Стразбур?

Нема реформи на судскиот систем без испитување на одговорноста на судовите и судиите за соучесништвото во ловот на вештерки наложен од автократскиот режим. Нема реформи на судскиот систем без санкционирање на налогодавците и егзекуторите на лустрацијата. Од Груевски, преку Аџиев и гласачката машина во Комисијата, па до судиите кои пресудувале слепи и глуви за правото и правдата. Нема унапредување на владеењето на правото без ревизија, односно без лустрација на лустрацијата.

За почеток, Демократскиот сојуз би можел да побара Специјалното јавно обвинителство да ја извести јавноста дали во тонските записи со кои располага има разговори кои се однесуваат на лустрацијата и лустрираните. Сигурен сум дека има. Потоа, Демократскиот сојуз би можел да побара новиот директор на ДБК заедно со претседателот на Комисијата за надзор (мислам дека е Илија Димовски) да остварат увид во списокот на соработници што ДБК му го испратил на Аџиев и да ја известат јавноста дали сите лустрирани се наоѓаат на тој список и дали сите кои се наоѓаат на тој список се лустрирани. Демократскиот сојуз би можел и да ја извести јавноста каде е фамозниот Регистар на соработници на СДБ од времето на СФРЈ.

Но, да не должам многу за тоа што сè подразбира ревизијата на лустрацијата која, спроведена темелно и одговорно, ќе доведе до нејзино поништување. Доколку парламентарните и вонпарламентарните партии се навистина заинтересирани за ревизија на ловот на вештерки наречен лустрација, јас им стојам на располагање.

Но веднаш ќе кажам дека рехабилитацијата предложена од Демократскиот сојуз нема ниту да ја поддржам ниту да ја прифатам. Да, водството на ВМРО-ДПМНЕ се пресметуваше со мене. Да, ми подметнуваше сè и сешто. Да, малку му беше подметнувањето дека сум бил странски шпион, предавник, петтоколонаш, грчки платеник и што ли уште не, па ми подметна дека сум бил кодош, и тоа во годините кога бев предмет на интерес од страна на СДБ од политички и идеолошки причини, како што и пишува во моето досие.
Рехабилитацијата не е сатисфакција. Рехабилитацијата фактички го амнестира злосторството, ја намалува неговата тежина, фрла превез на заборав врз злоделото. Жртвата ја памети траумата, а неказнетиот џелат веќе ја намерачил следната жртва и го испланирал новото злодело. Рехабилитацијата без признание на злосторството и без казна за злосторникот е неправедна правда, односно неправда. Затоа е неприфатлива.
17-06-2017, 01:28 AM
Reply