Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕФОРМА НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,294
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Груевски не најде сили за реформа на СДБ, сега на потег е Заев.

[Image: mkd-325681.jpg?itok=rIIcPdNQ]

10.06.2017
Љубомир Данаилов Фрчкоски како министер за внатрешни работи од 1992 до 1995, во летниот период кога одмораше по напорната работа во одморалиштето на МВР во Охрид имаше необична навика да бара да му се доставуваат извештаи на тајната полиција за следење и прислушување по линијата на работа македонски екстремизам и на тој начин да се забавува на плажите во Охрид со читање на овие извештаи. За неупатените, линијата-македонски екстремизам во Службата за државна безбедност (СДБ) беше главно за третман на лица од идеолошки и политички причини заведени во некоја од формите на оперативна работа на СДБ.
Значи, СДБ следеше и прислушуваше неистомисленици и во демократска Македонија спротивно на Уставот напишан токму од Фрчкоски.
Како илустрација, во периодот од 1946 до 2006 кога почна процесот на лустрација во СДБ биле заведени околу 15.000 досиеја за политички и идеолошки неистомисленици, а внимавајте добро, речиси една третина од овие досиеја се заведени после 1991 година, значи во демократска Македонија.
Воведот е во контекст на најавените реформи на тајната полиција од страна на новата влада и најомилениот збор на премиерот Заев - дебата на поширока основа за концептот на СДБ. Еве, оваа колумна нека биде своевидна идеја за реформата во СДБ, се разбира, доколку најавата на Заев самата по себе не е само обична декларација, туку е конкретна заложба во посакуваната насока.
Веднаш да го реафирмирам мојот став за две концепции за реформи во УБК. Една е порадикална која опфаќа комплетно распуштање на анахроно организирана структуирана и високо партизирана УБК и во рок од еден месец комплетно екипирање со стручни и професионални кадри по претходно утврдени јасни критериуми. Постојните вработени нема да останат без работа, туку ќе се распоредат по секторите во МВР. И втората, поблага варијанта со менување на принципите и организираноста на УБК која сѐ уште работи на т.н. три нивоа, почнувајќи од месни заедници што беше карактеристично за други времиња кога требаше да се има увид во активностите на т.н. внатрешен непријател. Радува фактот што кај Груевски има расположение за реформи и во УБК и по победата, Народно движење за Македонија (НДМ беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2006) ќе достави целосен концепт за реформи во УБК со цел да се направи мала ефикасна и високо оперативна контраразузнавачка служба.
Победата на парламентарните избори на 5 јули 2006 дојде и Груевски стана премиер, меѓутоа, уште полошо помина мојот тогашен предлог за реформа во чија основа беше комплетно распуштање на анахроно организираната и високо партизирана СДБ и најпосле етаблирање на една мала, ефикасна и високо оперативна шпионска служба во интерес на безбедноста на државата, а не служба која ќе ги прислушува и следи политичките неистомисленици. Дури, Илија Китановски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој во тоа време беше задолжен за контактите на ВМРО-ДПМНЕ со НДМ како коалициски партнер ми ја пренесе тогашната порака од Груевски дека како премиер не размислува за радикална реформа во системот на државната безбедност, заради што не било пожелно во јавноста да пласирам вакви гледишта за тајната полиција.
Со еден збор, во изминатите 11 години власта на ВМРО-ДПМНЕ налик на Фрчкоски не најде сила да одолее на искушението и леснотијата, со само една усна наредба да се дознае нешто повеќе за своите противници, кога пред себе гледате прекрасна оперативна техника, која ви дозволува само со едно притискање на копчето, и одбраната лојална структура за следење, да го направите тоа.
Затоа, во периодот што следеше како резултат на неприфаќањето на концептот на НДМ за СДБ како и повеќе други предлози, како на пример за лустрацијата која според концептот на НДМ требаше да биде брза, ефикасна и правична, а не селективна, перверзна и антицивилизациска, НДМ се заблагодари на коалициската соработка. Но, тоа е историја, и не е најбитно во моментот.
Сега заслужува внимание најавата на премиерот Заев за реформи во СДБ. После 11 години од моите предлози,  сега сум уште повеќе на мислење дека е потребно целосно распуштање на тајната полиција на начин како што споменав погоре.
Понатаму, не е добро Заев во секоја прилика да се повикува на фамозниот извештај на Прибе, кој, небаре е врвен дострел на човештвото, бидејќи тоа е голема навреда за домашните познавачи на безбедносната проблематика од најмалку две причини: Прво, на домашен терен имаме безбедносни експерти кои на Заев во секој момент можат да му понудат солиден концепт за реформи во СДБ. Станува збор за лица-патриоти кои симболично за 1 денар би ја завршиле целата работа, за разлика од разноразните белосветски експерти од типот на Прибе кои ги изнагледавме во историјата на независна Македонија за сѐ и сешто за енормно високи парични хонорари, што во краен случај претставува и голема навреда за домашната памет.
Второ, препораката на Прибе во делот за УБК крие голема опасност по безбедноста и суверенитетот на земјата. Според Прибе, наместо УБК да ги контролира податоците од интерес на националната безбедност добиени со тајно следење на комуникации, тоа треба да го прави телекомуникациски оператор во земјата со странски газда. Значи, податоци од национален интерес да дојдат под контрола на странски центри со што се олеснува работата на играчите на „ѕверот“ во Македонија во обидот за завршен удар врз Македонија и Македонците. Препораката на Прибе УБК да нема директен пристап до техничката опрема која го отсликува комуникацискиот сигнал, односно, the proprietary switches да биде преместен од УБК во Телеком е прифатлива само доколку Телеком останеше барем со 51 отсто доминантна сопственост на Македонија и во тој случај домашни директори со целосна безбедносна подобност би ја имале контролата врз техничката опрема. Се разбира, никој не спори дека е потребно да се изнајдат механизми за спречување на злоупотребите од СДБ, меѓутоа, препораката на Прибе странски телекомуникациски оператор да има пристап во разузнавачките податоци од национален интерес, се целосно неприфатливи. За жал, иако во 2001 првично требаше да се продаде 49 отсто од капиталот на Телеком и на тој начин да остане во доминантна домашна сопственост, сепак, брзопотезното качување на провизијата од 20 на 50 милиони тогашни германски марки доведе до продажба на 51 отсто од капиталот на Телеком на странците, но, за ова во друга прилика.
Исто така, се покажа за македонски услови како проблематична и реформата на Фрчкоски од 1995 за одделување на разузнавањето од СДБ во посебна Агенција за разузнавање (АР), бидејќи наместо координација и соработка помеѓу овие две институции, УБК и АР се гледаат на нишан меѓу себе со прекумерен ривалитет, особено кога претседателот на државата, во чија надлежност е АР, и владата под чија надлежност е УБК, доаѓаат од различни политички опции. Можеби е добро да се размислува на повторно обединување на разузнавањето и контраразузнавањето.
Се разбира, сето погоре е само лично размислување, дотолку повеќе што не сум експерт за оваа проблематика, но, за среќа, на домашен терен имаме безбедносни експерти за реформирање на СДБ, па оттука, не ни се потребни никави прибевци.
Како и да е, Груевски не најде сили за реформа на СДБ, сега на потег е Заев.
         Јанко Бачев
 (Авторот е универзитетски професор и претседател на Народно движење за Македонија)
10-06-2017, 08:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,294
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Горан Николовски и Лазо Велковски се новите директори на УБК и БЈБ


16.06.2017
Лазе Велковски и Горан Николовски се новите директори на БЈБ и УБК. На денешната владина седница, а по предлог на министерот Оливер Спасовски беа избрани наследниците на Чавков и Атанасовски. Лазе Велковски беше дел од кабинетот на Агим Нухиу, а најголемиот дел од кариерата го поминал во МВР.
 
[Image: 166671.jpg]
Неколку години бил на должност во Агенцијата за разузнавање но по доаѓањето на Спасовски е вратен во Министерството. Новоизбраниот директор на УБК, Горан Николовски доаѓа од редовите на Управата каде е раководител на одделот за контраразузнавање за сектор Балкан.
 
Со овие назначувања, се комплетираа раководните функции во министерството откако на почетокот на неделата беше избрана Магдалена Несторовска за државен секретар и стана познато дека Агим Нухиу ќе биде заменик министер.
 
Структурите на МВР потфрлија за време на крвавиот упад во Собранието, а притисокот за смена на Митко Чавков и Владимир Атанасовски се зголеми откако извештајот на работната група ги посочи како одговорни. Од денеска, Чавков и Атанасовски официјално останаа без своите директорски места. Пред два дена, премиерот Заев истакна дека личноста која ќе седне на директорското место во Управата за безбедност и контраразузнавање ќе биде со висок професионален интегритет и ќе гарантира дека Управата повеќе нема да прислушкува.




Пред два дена, премиерот Заев истакна дека личноста која ќе седне на директорското место во Управата за безбедност и контраразузнавање ќе биде со висок професионален интегритет и ќе гарантира дека Управата повеќе нема да прислушкува.
Од ученик на Богоевски, Величковски, Аврамовски, Верушевски, ... да се очекува промена на принцип на работа на УБК е исто како да се очекува човек дека може пеш да се стаса до Марс.
УБК отсега ке СЛУША, така се враќа слободата и демократијата !! А ке слуша бидејки досега не се случило кога СДСМ е на власт да се појават свиркачи во УБК , свиркачи има во УБК само во време кога СДСМ е опозиција.
17-06-2017, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,294
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Новиот директор на УБК ја водеше акцијата „Шпион“ и бил верен играч на Американците



објавено: 17.06.2017 
[Image: tn1_20170617_145905_%20%D0%B7%D0%B3%D0%B...%D0%B0.jpg]

Структури кои работеле во областа на безбедноста и разузнавањето не се премногу воодушевени од поставувањето на Горан Николовски за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Нивната прва реакција е дека не очекуваат ништо од новиот директор на УБК, „кој е добар човек, но му недостасува инвентивност и енергичност за да преземе самостојно иницијатива“.
Синоќа, Владата на седница ги именуваше Лазе Велковски и Горан Николовски за нови директори на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Тие доаѓаат на местата на Митко Чавков и Владимир Атанасовски.
[Image: UBK.png]
Предлогот за Велковски и Николовски формално дошол од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,иако извори од безбедносните структури тврдат дека новиот директор на УБК е избран „од американците“ кои силно лобирале за него.
Владата не сподели биографија за него, а се што може да се дознае од неговите колеги за него е дека последниве години бил на позиција директор за контраразузнавање на Балканот, позиција која ја добил во времето на директорувањето на Сашо Мијалков и затоа го посочуваат и како негов играч.
Сепак, можеби нај интересен детаљ врзан со новиот директор на УБК е неговата улога во акцијата „Шпион“, кога беа уапсени поранешни разузнавачи, па и актуелни вработени во УБК, Агенција за разузнавање или военото разузнавање, а на чело на групата, според обвинението бил Марјан Ефремов, екс вработен во Агенцијата за разузнавање кој користел информации од неговите поранешни колеги за да составува информации кои понатаму ги доставувал до грчката и до унгарсаката служба.
Учесници во постапката „Шпион“ се сеќаваат на Горан Николовски од тој случај, од времето кога биле приведени голем број припадници на безбедносните служби во полициски станици, а меѓу нив и еден вработен во УБК, кој подоцна беше ослободен и не беше опфатен со пријавата.

[Image: %D1%88%D0%BF%D0%B8%D0%BE%D0%BD%202.jpg]

За него, првично се тврдеше дека била злоупотребена некоја негова информација, за подоцна да се дознае дека има брат која работи во Американската амбасада во Скопје, па наводно поради силен притисок е ослободен.
обвинетите во Шпион обвинуваа за наместена акција и расчистување на кадри кои многу знаат и долго биле во службите, наспроти тогашните кои ја раководеа службата.
Дел од обвиненијата подоцна се повлекоа, а апелациониот суд намали голем дел од затворските казни кои ги изрече првостепениот суд. За неколкумина екс разузнавачи дел од предметот е на повторно судење, но тој постојано се одлага поради отсуство на судиите или на некој од обвинетите.
Новиот директор на УБК горан Николовски, како дел од службата чиј интерес било контраразузнавањето на Балканот имал контакти и со други служби, вклучувајќи ја и американската, па од таму, тврдат и американското лобирање да имаат човек на чело на УБК кој го познаваат многу добро.

[Image: mijalkovsjo1-777x437.jpg]

Слична ситуација и американски интерес во УБК имаше и во времето на Сашо Мијалков, кога негов заменик беше Силјан Аврамоски, екс министер за полиција на СДСМ, човек кој беше лустртиран, но бидејќи и официјално беше соработник на ЦИА, за што доби и награда, не беше мрднат од таа позиција во тајната полиција.
Николовски, кој бил по потекло од Вевчани, неговите колеги се сеќаваат дека во службата влегол во периодот 1994-1995 година, додека со службата раководел Слободан Богоевски.
Немаат забелешки за него како човек, но тврдат дека не е човек од кого би потекнало самостојно иницијатива и затоа им е чудно што Владата се одлучи за внатрешен човек во време кога мора да се спроведе темелна реформа на тајната служба, а која, незамисливо е човек кој над 20 години е во УБК да го демонтира системот и да ги смени алатките со кои работел целиот свој професионален век.
Владата по нивното именување соопшти дека „Велковски и Николовски, се квалитетни експертски решенија со долгогодишно работно искуство во областа, кои не биле и не се членови на политички партии. Изразено е уверување дека Велковски и Николовски успешно ќе одговорат на одговорностите во двата важни органа за безбедноста, што функционираат при МВР, на чии челни позиции се поставени, со оглед дека претстојат сериозни реформи во МВР и во тајните служби, согласно забелешките на Извештајот на експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе”.

[Image: %D0%A3%D0%91%D0%9A%20%D0%B5%D0%BA%D1%81%...%D1%80.jpg]
Екс директорот на УБК Владимир Атанасовски чија слика се уште стои на сајтот

За разрешените директори Чавков и Атанасовски Владата констатирала дека “учествувале во недозволиви и незаконски активности против државата”.
На веб страницата на УБК, чиј амблем се уште е како ДБК, а не УБК, пишува дека директор е разрешениот Атанасовски, и има негова слика.



17-06-2017, 10:09 PM
Reply