Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕПУБЛИЧКИ ШТАБ ЗА РЕФОРМИ ВО ВМРО ДПМНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:27 април не смееше ниту да се случи, ниту смее да се повтори!






17/07/17
На трибината „Без табу теми“ на која Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваа за промените кои ги планираат за демократизација на партијата, Александар Михајловски одговори и на прашањето за нивниот став за насилствата во Собранието на 27 април 2016. 
„Мој личен став и ставот на реформаторите е дека 27 април 2017 година не смееше да ѝ се случи на Македонија! Тоа е точка која не смее да ѝсе повтори уште еднаш на нашата држава. Ние сме убедени дека огромен дел од тие луѓе беа понесени од една воинствена реторика и хушкачка атмосфера, со цел да се случи тој настан. Јас би рекол, вистинска среќа е што пратеникот Владимир Ѓорчев, колку-толку, ја одбрани честа на ВМРО ДПМНЕ и спречи поголеми инциденти. Во спротивно, ВМРО ДПМНЕ ќе беше во една тешка позиција и прашање е дали понатаму ќе можеше да излезе од една таква криза… Најпрво народот беше наведен да влезе во Собранието, за отпосле, раководството на ВМРО ДПМНЕ да се огради од тие луѓе и да ги нарече насилници! Ние мислиме дека ако веќе има акции, треба да бидеме први во колоната. И први да бидеме со народот, за да влеземе да остваруваме такви цели. Но, ако не прифаќаме таков пристап, тогаш тоа треба јавно да го кажеме, пред да се влезе во Собранието. А не, откако се влегло во Собранието, да бидат луѓето прогласени за насилници и да се оградува ВМРО-ДПМНЕ од нив. Сега, јас сум убеден дека многумина од нив, бидејќи немаат ниту криминално досие, ниту се некои насилници, се граѓани кои навистина верувале, кои 60 дена штрајкувале, и за нив треба да се најде некој начин за помирување, затоа што тие биле изманипулирани во тој момент. Тоа не смее да ѝсе повтори на Македонија! Треба да се најде начин како да им се помогне на овие луѓе. Ако можело да се најде начин претходно да се амнестираат некои луѓе, треба да се најде начин и сега, да им се прости, со цел – таа негативна енергија од тој настан, да не остане и за во иднината“, рече Михајловски.
18-07-2017, 01:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Прашајте го судијата, зошто не донел мерка притвор за Груевски и Мијалков!


17/07/17
„Специјално јавно обвинителство ѝ е потребно на Македонија, но во друг формат, за разрешување на судските предмети што произлегоа и можеби доправа ќе произлегуваат од аферата ‘Прислушување’. Судските процеси треба да се решат низ институциите, одлуките треба да ги носат судии со кредибилитет. Потребни се реформи во судството, но само согласно со Уставот и законите…“ Ова се ставовите на Петар Богојески, еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, којшто денеска говореше на трибината, „Без табу теми“, што на иницијатива на ЦИВИЛ Центар за слобода се одржа во Клубот на новинари.





ЦИВИЛ Медиа: Согласно со Договорот од Пржино, но и Извештајот на Прибе, на Македонија ѝ се потребни реформи во судството. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се познати, но кои се вашите ставови? Во фокусот на тој Договор беше работата на СЈО, на ДИК со реформите во Избирачкиот список и реформите во медиумите, зашто граѓаните на Македонија со години се соочуваа со медиумски мрак, со креирана лажна реалност дека живееме во розово општество… Конкретно, ќе гласаат ли вашите приврзаници во парламентот за продолжување на работата СЈО и за донесување на Закон за заштита на сведоци што е клучен за финиширање на многу отворени судски постапки?

БОГОЈЕСКИ: Случувањата во последните три години и преговорите што резултираа со потпишување на Договорот од Пржино, потврдија дека сме млада демократија, дека нашите институции не се доволно силни да ги решаваат проблемите во државата, за да биде стабилен политичкиот систем, а политичките партии да бидат чинители на негова стабилност, а не на дестабилизација. Од тој аспект, ние го поддржуваме ангажманот на пријателите од меѓународната заедница, што направија сè што можат за да се стабилизира политичкиот систем и општеството. Резултат на Пржинскиот договор е СЈО, во формат во којшто се формираше. Зошто се бориме за внатрепартиски реформи? Ниту еднаш во партиските тела не беше ставена на дневен ред дискусија за точките за коишто се водеа преговори, пред да се дојде до Пржинскиот договор. Никој не доби легитимитет од партиските тела, за да се потпише Пржинскиот договор, или да се прифати СЈО во таква форма, којашто се виде дека е проблематична, за да ја исполни мисијата за која што е формирано. А, тоа е, делот од достапните прислушувани разговори на СЈО, што му дадоа една база на истрага, насочена кон нашата политичка партија. Но, доколку СЈО имаше друг формат на дејствување, да речеме, со негово трајно постоење, со пошироки овластувања, можност за пошироки истражни дејствија и надвор од тие разговори, можност да прибави нови прислушувани разговори и од други извори, не само од СДСМ, мислиме дека СЈО ќе беше многу поуспешно и во работата и ќе придонесеше за расветлување на прашања што останаа нерасветлени, работејќи во таа насока.
Без оглед, дали е ова СЈО, или е друга институција во Македонија, сметаме дека како на млада демократија, на Македонија ѝ се потребни стабилни и силни институции. Особено судски и во делот на Обвинителството, на кое што основна дејност ќе му биде да ги следи политичките и бизнис елити во земјата, што се можеби делумно имуни на работата на Основното јавно обвинителство. На Македонија ѝ е потребна ваква специјализирана институција што ќе гарантира во иднина, дека нема да се повторат дел од работите на коишто бевме сведоци, што се случуваат не само последниве три години, туку се случуваа години наназад во делот на политичките елити.
Затоа рековме принциелно, добро е една таква институција да ги отвори прашањата од почетокот на плурализмот на Македонија, па до денеска. И по сите добиени сознанија, за каква било злоупотреба на службена положба и овластување, за направен криминал, за осомничени за криминал, да постапува по тие предмети, особено, ќе повторам да ја следи работата на политичките елити.

ЦИВИЛ Медиа: Дали тоа значи дека сте за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Зврлевски, дека барате коренити реформи во македонското судство?

БОГОЈЕСКИ: На Марко Зврлевски, не знам до кога му беше мандатот. Меѓутоа, она што е суштинско, тоа е неговото назначување и разрешување, да биде во рамки на Уставот и законот. Доколку неговото разрешување е согласно со законските одреби и она што е воспоставена пракса и процедура и доколку политичката гарнитура што ја добила довербата да ја води Република Македонија, одлучила дека треба да преземе некои мерки во одредена насока, ние не можеме да се спротивставуваме на законски постапки. Ние апелираме и инсистираме и тоа е нашата суштина, секогаш да бидат донесени одлуките на законски и легитимен начин.

ЦИВИЛ Медиа: Има партизирано судство во државава или не?

БОГОЈЕСКИ: Во овој момент, мислам дека треба да оставиме, до крај да се процесуираат предметите што ги процесуираше СЈО. Мислам дека овие денови се очекуваат одлуки во таа насока. Мене секогаш ми пречи генерализација, партизирано судство. Што ми пречи? Ако некој судија е избран во време на СДСМ, тој е експерт-судија! Ако некој судија е избран во време на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тој е партиски судија!

ЦИВИЛ Медиа: Конкретно, требаше ли притвори за обвинетите, што ги побара СЈО, или не?

БОГОЈЕСКИ: Ве молам, ние треба да ги гледаме поединците како дејствуваат, како работат, колку одговорно работат, колку се стручни како поединци. Генерализација не е потребна!

ЦИВИЛ Медиа: За вашите партиски членови зборуваме!

БОГОЈЕСКИ: Тоа е истата тенденција, против која се бориме. Во минатото, еве и сега, политичарите си земаат за право да бидат и судии и обвинители и да коментираат што треба да одлучи судот. Ние не сакаме да бидеме такви! Затоа сакаме реформи на политичката сцена во Македонија. Нема што ние да пресудуваме или да одлучуваме, дали се или не се потребни притвори. За тоа треба да одлучат кредибилни судии, кои земаат плата за тоа.

ЦИВИЛ Медиа: Требаше ли притвор за Никола Груевски или не? Притвор за Сашо Мијалков, требаше или не? Ги слушнавте разговорите, ги знаете, ваши членови се, во вашето раководство, против кое што се борите?

БОГОЈЕСКИ: Јасно прашање, еве ви јасен одговор! Прашајте го судијата, којшто постапувал по тие предмети, зошто донел  или не донел мерка притвор. Тој е платен од Република Македонија да одлучува во име на граѓаните на Република Македонија!

Моника Талеска
18-07-2017, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Документ за проблемите и решенијата во ВМРО-ДПМНЕ
  • 16/07/17
[Image: 19756458_10154988546553037_7047528031811028817_n.jpg]
На адреса на ЦИВИЛ Медиа тукушто пристигна опсежен документ од Внатрешната иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Во документот, детално се претставени проблемите и конкретните решенија, според кои, ВМРО-ДПМНЕ треба да се реформира, со цел да стане современа и демократска партиска структура. 
Во продолжение, на јавноста ѝ го претставуваме овој реформски документ:
Што означува буквата „Д“ во името на партијата, ВМРО-ДПМНЕ? Секој ќе одговори од прва – ДЕМОКРАТСКА! Да, така е замислена, така треба да биде. Но, дали е така?
Се чини, дека овде „Д“ стои само за украс. Има едно „Д“ во името и, за жал, врската со демократија завршува тука.
Да разгледаме како изгледа „демократијата“ во ВМРО-ДПМНЕ.
Раководството на партијата распишува конкурс за претседател на Општински комитет. Се пријавуваат кандидати кои на почетокот одат на кратко интервју пред комисија. Таа комисија предлага неколкумина кои одат во следна фаза. Во меѓувреме, се прават телефонски анкети, а тие неколкумина одат на завршно интервју кај претседателот на партијата. На крај, тој дава предлог на ИК и ИК го избира претседателот на ОК…
Тоа е официјално, постапката… Кога би бил конкурс за вработување шеф во приватна фирма во која газдата си вработува, оваа постапка би била во ред. Но, во партија која сака да биде демократска…, хмммм…, кој знае!?
Може ли на овој начин да се избере најдобриот партиец, или барем некој од најдобрите, за претседател на ОК? Дали воопшто се бира најдобриот, или целата постапка е една обична фарса  за да се постави најподобниот? Точно така – да се постави, а не избере!
Уште од почеток, најквалитетните кандидати, многу ретко, практично, воопшто не се пријавуваат. Тие знаат дека борбата не е рамноправна и веројатноста за успех е минимална. Едноставно, сакаат да го избегнат бламирањето да бидат отстранети од конкурсот уште на почетокот. Комисијата секогаш е составена од неколку луѓе кои за голем дел од кандидатите не знаат ништо, а ако за некои и знаат по нешто, најчесто имаат некоја погрешна слика. Како од петминутно интервју ќе проценат кандидат? Многу тешко, неможно! Колку е отпорна таа комисија од лобирање, врски, фаворизирање? Не е отпорна, ама ич!
Нејсе, од повеќе пријавени кандидати, по некои (којзнае кои) критериуми комисијата предлага три-четири кандидати за интервју кај „Човекот“ – претседателот на партијата. За нив, божем се прави анкета која реално ништо не може да утврди. „Човекот“ самиот ја донесува конечната одлука, тој го поставува кандидатот а гласањето на ИК е само формалност.
И нај на крај – многу често, не се поставува ниту еден од пријавените кандидати, туку некое сосема петто лице кое воопшто не се пријавило на конкурсот.
И сега, колкава е веројатноста да се избере кандидат кој е критички настроен кон раководството, па макар бил најквалитетниот? Едноставно – нула!
Колкаво е учеството на членовите од некој Општински комитет во изборот на нивниот претседател? Исто така – нула!
Понатаму, така поставените претседатели на ОК го сочинуваат Централниот комитет. Сите тие, до еден, се поставени од претседателот на партијата, што значи дека претседателот има 100% контрола над ЦК. Извршниот комитет, на предлог на претседателот на партијата, е верификуван од тој ЦК, а исто е и за Генералниот секретар. И овде контролата е 100%.
И постапката за избор на кандидатите за градоначалници и правењето на листите на кандидати за пратеници се по истиот терк.
Следно, ЦК, со кој целосно управува претседателот, го определува составот на делегати за Конгресот, а најголем дел од нив се по клуч (читај: подобност). Останатите делегати кои ги избираат општинските комитети, се избираат под контрола на претседателите на ОК, кои се поставени од претседателот на партијата.
Завршно, Конгресот го избира претседателот на партијата и на тој начин се затвора кругот.
Ако претседателите на ОК, Централниот комитет, Извршниот комитет, Генералниот секретар на партијата, пратениците, министрите, директорите, делегатите на Конгресот… Ако сите тие се поставени од претседателот на партијата, тогаш каде овде е демократијата?
Демократијата во својата основна дефиниција значи мнозинството да си изберат свои претставници, кои понатаму ќе ги застапуваат нивите интереси. Да размислиме, кој во ВМРО-ДПМНЕ е избран од членовите? Во ВМРО-ДПМНЕ еден човек бира кој има право него да го бира.
Непосредниот избор на претседателите на МК е само залажување и не значи ништо, бидејќи претседателите на МК немаат никаква моќ, туку само примаат задолженија од повисоките нивоа. Има целосен прекин на демократијата во партијата помеѓу нивото на претседателите на МК и претседателите на ОК. Претседателите на ОК не можат да ги застапуваат интересите на членството, бидејќи ако на било кој начин се спротивстават на раководството, ќе бидат сменети.
Од друга страна, раководството се чувствува потполно комотно и неприкосновено, бидејќи не одговара пред никој. Во партијата не постои корективен елемент и претседателот има апсолутна моќ.
И најчесниот човек во таков случај ќе забега. Тој е опкружен со послушници кои за да ги зачуваат своите позиции, му раскажуваат приказни за големи успеси, за љубовта на сите кон него. Тој самиот си создава перцепција дека е Бог, дека нему се му е дозволено и дека сите кои го критикуваат се предавници.  Изгубена е врската со реалноста и колку повеќе неговата позиција е загрозена, послушниците околу него сè пожестоко го бранат. Поточно, не го бранат него, туку се бранат себеси, бидејќи најголем дел од нив, без него, во демократска процедура, никогаш не би дошле до тие позиции.
Тоа е основната причина за очајната состојба до која е доведена ВМРО-ДПМНЕ. Во овој момент, таа е далеку од модерна демократска партија, каква што претендира да биде.
Затоа, мора да се направат коренити промени, под итно!
Мора да се направи партијата да биде саморегулирачки систем, за во иднина да не може да се повтори ваква ситуација. Авторитетот и интегритетот на секој поединец, од најниско до највисоко ниво, да произлегува од него самиот и од неговите квалитети, а не од позицијата која некој му ја доделил и од која тој не може да биде разрешен заради „лојалноста“ кон тој што го поставил. Секој поединец, преку демократскиот модел на организираност, треба да биде принуден да биде лојален единствено на партијата и на нејзините принципи – чесност, одговорност и посветеност.
Во таа насока е направен овој концепт за демократизација на партијата кој претставува почетен модел за кој може да се поведе отворена дебата. Добро би било да се критикува и секој критичар да даде свои забелешки, идеи и предлози.
Не се претендира ова да биде единствено мислење, на тој начин не би имале демократија, нели?
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, браќа и сестри, ајде заедно да ја реформираме партијата!
Сеедно е кој ќе ги спроведе реформите, важно е кого ќе го избереме, ние, членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Важно е конечно да добиеме навистина модерна партија, во која сите ќе се чувствуваме како дел од неа. Партија која ќе биде силна како никогаш досега.
18-07-2017, 01:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Проблем и решение

Што означува буквата „Д“ во името на партијата, ВМРО-ДПМНЕ? Секој ќе одговори од прва – ДЕМОКРАТСКА! Да, така е замислена, така треба да биде. Но, дали е така?
Се чини дека овде „Д“ стои само за украс. Има едно „Д“ во името и, за жал, врската со демократија завршува тука.
Да разгледаме како изгледа „Демократијата“ во ВМРО-ДПМНЕ.
Раководството на партијата распишува конкурс за претседател на општински комитет. Се пријавуваат кандидати кои на почетокот одат на кратко интервју пред комисија. Таа комисија предлага неколкумина кои одат во следна фаза. Во меѓувреме се прават телефонски анкети, а тие неколкумина одат на завршно интервју кај претседателот на партијата. На крај, тој дава предлог на ИК и ИК го избира претседателот на ОК...
Тоа е официјално постапката... Кога би бил конкурс за вработување шеф во приватна фирма во која газдата си вработува, оваа постапка би била во ред. Но во партија која сака да биде демократска... хмммм... кој знае!?
Може ли на овој начин да се избере најдобриот партиец, или барем некој од најдобрите, за претседател на ОК? Дали воопшто се бира најдобриот, или целата постапка е една обична фарса за да се постави НАЈПОДОБНИОТ? Точно така – да се ПОСТАВИ, а не ИЗБЕРЕ!
Уште од почеток, најквалитетните кандидати, многу ретко, практично воопшто не се пријавуваат. Тие знаат дека борбата не е рамноправна и веројатноста за успех е минимална. Едноставно, сакаат да го избегнат бламирањето да бидат отстранети од конкурсот уште на почетокот. Комисијата секогаш е составена од неколку луѓе кои за голем дел од кандидатите не знаат ништо, а ако за некои и знаат по нешто, најчесто имаат некоја погрешна слика. Како од 5 минутно интервју ќе проценат кандидат? Многу тешко, неможно! Колку е отпорна таа комисија од лобирање, врски, фаворизирање? Не е отпорна, ама ИЧ!
Нејсе, од повеќе пријавени кандидати, по некои (којзнае кои) критериуми комисијата предлага три-четири кандидати за интервју кај „Човекот“ – претседателот на партијата. За нив божем се прави анкета која реално ништо не може да утврди. „Човекот“ самиот ја донесува конечната одлука, тој го поставува кандидатот а гласањето на ИК е само формалност.
И нај на крај – многу често, не се поставува ниту еден од пријавените кандидати, туку некое сосема петто лице кое воопшто не се пријавило на конкурсот.
И сега, колкава е веројатноста да се избере кандидат кој е критички настроен кон раководството, па макар бил најквалитетниот? Едноставно – НУЛА!
Колкаво е учеството на членовите од некој општински комитет во изборот на НИВНИОТ претседател? Исто така – НУЛА!
Понатаму, така поставените претседатели на ОК го сочинуваат Централниот Комитет. Сите тие до еден се поставени од претседателот на партијата, што значи дека претседателот има 100% контрола над ЦК. Извршниот Комитет, на предлог на претседателот на партијата, е верификуван од тој ЦК, а исто е и за Генералниот секретар. И овде контролата е 100%.
И постапката за избор на кандидатите за градоначалници и правењето на листите на кандидати за пратеници се по истиот терк.

Quote:Следно, ЦК, со кој целосно управува претседателот, го определува составот на делегати за
Конгресот, а најголем дел од нив се по клуч (читај – подобност). Останатите делегати кои ги
избираат општинските комитети, се избираат под контрола на претседателите на ОК, кои се
поставени од претседателот на партијата.
Завршно, Конгресот го избира претседателот на партијата и на тој начин се затвора кругот.
Ако претседателите на ОК, Централниот Комитет, Извршниот Комитет, Генералниот секретар на
партијата, пратениците, министрите, директорите, делегатите на Конгресот... Ако СИТЕ тие се
поставени од претседателот на партијата, тогаш каде овде е демократијата?
Демократијата во својата основна дефиниција значи мнозинството да си изберат свои
претставници, кои понатаму ќе ги застапуваат нивите интереси. Да размислиме, КОЈ во
ВМРОДПМНЕ е ИЗБРАН од членовите? Во ВМРО-ДПМНЕ еден човек бира кој има право НЕГО да го
бира.
Непосредниот избор на претседателите на МК е само залажување и не значи ништо, бидејќи
претседателите на МК немаат никаква моќ туку само примаат задолженија од повисоките нивоа.
Има целосен прекин на демократијата во партијата помеѓу нивото на претседателите на МК и
претседателите на ОК. Претседателите на ОК не можат да ги застапуваат интересите на
членството, бидејќи ако на било кој начин се спротивстават на раководството, ќе бидат сменети.
Од друга страна, раководството се чувствува потполно комотно и неприкосновено, бидејќи не
одговара пред никој. Во партијата не постои корективен елемент и претседателот има апсолутна
моќ.
И најчесниот човек во таков случај ќе забега. Тој е опкружен со послушници кои за да ги зачуваат
своите позиции му раскажуваат приказни за големи успеси, за љубовта на сите кон него. Тој
самиот си создава перцепција дека е Бог, дека нему се му е дозволено и дека сите кои го
критикуваат се предавници. Изгубена е врската со реалноста и колку повеќе неговата позиција е
загрозена, послушниците околу него се пожестоко го бранат. Поточно, не го бранат НЕГО, туку се
бранат себе, бидејќи најголем дел од нив, без него, во демократска процедура, никогаш не би
дошле до тие позиции.
Тоа е основната причина за очајната состојба до која е доведена ВМРО-ДПМНЕ. Во овој момент,
таа е далеку од модерна демократска партија, каква што претендира да биде.

Затоа, мора да се направат коренити промени, под итно!

Мора да се направи партијата да биде саморегулирачки систем, за во иднина да не може да се
повтори ваква ситуација. Авторитетот и интегритетот на секој поединец, од најниско до највисоко
ниво да произлегува од него самиот и од неговите квалитети, а не од позицијата која некој му ја
доделил и од која тој не може да биде разрешен заради „лојалноста“ кон тој што го поставил.
Секој поединец, преку демократскиот модел на организираност, треба да биде принуден да биде
лојален единствено на партијата и нејзините принципи – чесност, одговорност и посветеност.
Во таа насока е направен овој концепт за демократизација на партијата кој претставува почетен
модел за кој може да се поведе отворена дебата. Добро би било да се критикува и секој критичар
да даде свои забелешки, идеи и предлози.
Не се претендира ова да биде единствено мислење, на тој начин не би имале демократија, нели?
Членови на ВМРО-ДОПМНЕ, браќа и сестри, ајде ЗАЕДНО да ја реформираме партијата!


Quote:Сеедно е кој ќе ги спроведе реформите, важно е кој ќе избереме, ние, членовите на ВМРО-
ДПМНЕ. Важно е конечно да добиеме навистина модерна партија, во која сите ќе се чувствуваме
како дел од неа. Партија која ќе биде силна како никогаш до сега.

КОНЦЕПТ ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

Органи и тела на ВМРО- ДПМНЕ:

Комитет на избирачко место (КИМ) – претседател на КИМ, Местен Комитет (МК) – претседател на
МК, Собрание на Општински Комитет – претседател на СОК, Претседател на ОК - Општински
Комитет, Централен Комитет – претседател на ЦК, Генерален секретар, Конгрес, Претседател на
ВМРО ДПМНЕ - Извршен Комитет

Комитет на избирачко место - КИМ

Основна организациона единица е Комитет на избирачко место (КИМ). Во него членуваат сите
членови - гласачи на соодветното избирачко место.
КИМ-ови со помал број на членови кои самостојно не можат да воспостават организациска
структура, зависно од географската положба, се групираат меѓу себе или се придружуваат кон
поголем КИМ.
Членовите на КИМ со непосредно тајно гласање избираат:
- претседател на КИМ
- претставници во Собранието на ОК (колку што имаат право да делегираат според
бројноста на членството)
Претседателот на КИМ-от е член на Собранието по функција.
Мандатот на претседателот на КИМ-от и претставниците во СОК е 4 години.

Местен комитет - МК

КИМ-ови можат да се организираат во МК заради подобра координација за активности на терен.
КИМ-овите делегираат претставници во МК, во паритет според бројот на членови. Претседателот
на МК од своите редови го бираат претставниците на КИМ-овите во МК.
МК не делегира претставници во СОК, делегирањето е на ниво на КИМ.

Собрание на општински комитет - СОК

Членови на СОК се сите претседатели на КИМ-ови од Општинскиот комитет. Покрај нив,
поголемите КИМ-ови делегираат претставници во сооднос со бројот на членови.
Бројот на членови на СОК зависи од големината и спецификите на ОК, но не треба да е помал од
30 кај најмалите и поголем од 300 кај најголемите општински комитети.
18-07-2017, 01:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Со седниците на СОК раководи претседател кој е избран од редот на членовитена СОК, со тајно
гласање. Претседателот на СОК не може да биде претседател на ОК.
СОК со задолжително тајно гласање ги избира:

- Претседателот на ОК

- Кандидатот за градоначалник
- Кандидатите за пратеници (толку колку што ќе определи ЦК)
- Делегатите за Конгрес на партијата
- Членови на ЦК, согласно бројот на членови во ОК (кај поголемите ОК)
СОК ги утврдува конечните советнички листи и одлучува за позначајните раководни позиции на
локално ниво.
Одлуките на СОК се конечни и непроменливи од повисоките органи на партијата.
Претседател на ОК
Претседателот на ОК го избира СОК со мандат од четири години.
Претседателот на ОК по функција е член на Централниот Комитет.
Тој може да биде разрешен само на свое барање или со изгласување на недоверба во органот кој
го избрал. Повисоките органи можат да достават предлог за негово разрешување до СОК. Ако
предлогот не се усвои, т.е. СОК му изгласа доверба на претседателот на ОК, во рок од 6 месеци не
може да се поведе нова постапка за разрешување.

Општински Комитет

Избраниот претседател на ОК, до СОК доставува предлог состав на ОК за верификација.
Општинскиот комитет не може да има помалку од 13 и повеќе од 25 членови.
ОК има секретар и до три потпретседатели.
По функција, членови на ОК се:
- Претседателот на ОК на УМС
- Претседателката на ОК на УЖ
- Претседателот на Унија на ветерани
- Градоначалникот, ако е член на партијата
- Пратениците од ОК
- Координаторот на советничката група
- Претседателот на Советот на општината, ако е член на партијата. Доколку не е член на ОК,
на седниците задолжително присуствува и лицето одговорно за комуникација со јавноста
(портпарол).

Централен Комитет

Членови на ЦК по функција се сите претседатели на ОК.
Претседателите на СОК на Општинските комитети со повеќе од 1000 членови се исто така членови
на ЦК по функција.




Quote:Во ЦК имаат право да делегираат: УМС и УЖ по 5 члена, УВ 3 члена и пратеничката група 5 члена.
Поголемите општински комитети можат да делегираат дополнителни членови, за секои 2000 членови по еден.
Од своите редови, со тајно гласање, ЦК избира претседател на ЦК.
ЦК, со тајно гласање го избира Генералниот секретар на партијата.
ЦК го верификува Извршниот Комитет, предложен од Претседателот на партијата.
Членовите на ИК, не можат да бидат и членови на ЦК, но задолжително присуствуваат на седниците на ЦК, без право на глас. Единствено Генералниот секретар на партијата е истовремено член и на ЦК и на ИК.
На седниците на ЦК можат да присуствуваат пратениците, градоначалниците, министрите, директорите на централно ниво како и членови кои посебно се поканети за седница.
Претседател на ЦК е неспоива функција со претседател на партијата.

Конгрес

Највисоко тело на партијата е Конгресот.
Бројот на членови на Конгресот е 4 пати поголем од бројот на членови на ЦК.
Најмалку 75% (3/4) од делегатите на конгресот се од Општинските комитети, во сооднос ист како кај составот на ЦК, зголемен трипати. Делегатите од општинските комитети ги избираат СОК.
Останатите најмногу 25% ги определува ЦК, по дефинирани критериуми.
Мандатот на делегатите на Конгресот е 4 години.
Конгресот го избира претседателот на партијата, задолжително со тајно гласање.
При изборот за претседател на партијата, мора да има најмалку тројца кандидати.

Извршен Комитет

Претседателот на партијата, до ЦК предлага состав на Извршен комитет.
Во составот треба да има предложено до три потпретседатели.
По функција, членови на ИК се:
- Претседателот на УМС
- Претседателката на УЖ
- Претседателот на УВ
- Генералниот секретар на партијата
Вкупниот број на членови на ИК е од 11 до 13 члена.
Членовите на ИК (освен Генералниот секретар), не можат да бидат членови на ЦК
18-07-2017, 01:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Нападнатa сопругата на реформаторот Петар Богојески


 
[Image: %D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%91%D0...01x372.jpg]


19.07.2017
Денеска попладне била нападната сопругата на еден од иницијаторите за реформи во ВМРО ДПМНЕ, Петар Богојески. Како што дознава Макфакс, нападот се случил околу 16.30 часот на потегот од Народна Банка кон Стоковна куќа Мост, од страна на црн суперб со комплет затемнети стакла. Од МВР за Макфакс вечерва потврдија дека е пријавен ваков случај во полициската станица Карпош.
-На 19.07.2017 во 17.20 часот лицето К. Б. пријави дека во 16.35 низ централно градско подрачје додека се возела со своето ПМВ, од страна на непознато машко лице кое управувало ПМВ марка Шкода Супер со НН регистарски таблици во повеќе наврати пробувало да предизвика сообраќајна незгода. Пријавителката се обидела да побегне по што најблизу била до ПС Карпош таму е пријавен настанот.
По утврдување на идентитетот на возачот на ПМВ марка Шкода Ќе бидат преземени мерки согласно законите на РМ,соопштија од МВР.
Макфакс се обиде да стапи во контакт и со реформаторот Петар Богојески, но тој е недостапен за одговор дали се сомнева кој стои зад нападот.
(This post was last modified: 19-07-2017, 07:47 PM by ЈорданПетровски.)
19-07-2017, 07:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Анкета на „Maкфакс“: 79 отсто од поддржувачите и симпатизерите се за реформи во ВМРО-ДПМНЕ



[Image: reforma-ne-vmro.jpg]

26.07.2017
Четворица од пет поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ или 79 отсто од поддржувачите и симпатизерите на партијата се согласуваат со тврдењето дека во опозициската партија се потребни реформи, покажа најновата анекта на агенцијата „Рејтинг“, изработена за „Макфакс“.
На прашањето колку се согласувате со тврдењето дека во ВМРО-ДПМНЕ се потребни реформи, високи 79,3 отсто од испитаницитге се согласуваат, а 18,2 отсто не се согласуваат.

[Image: %5E8848FD20771F3BAF6CF61CD4717FE67A36C85..._distr.jpg]

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ може да се врати на власт со или без внатрепартиски реформи, резултатите покажуваат дека 42,1 отсто од оние што сметаат дека во партијата се потребни реформи исто така сметаат и дека без нив е невозможно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. Речиси ист процент, односно 43,3 отсто, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може да се врати на власт и без реформи, иако веруваат дека и покрај тоа реформи се потребни.
[Image: %5EA9F5DF123F686D75EC4611BB646FA069B8BF6..._distr.jpg]

Дури 75,1 отсто од анкетираните сметаат дека во партијата се потребни поголема слобода на говорот и демократизација, a 59 отсто сметаат дека во партијата сите важни одлуки ги носат неколкумина во врвот. Дополнително, 44,9 отсто од анкетираните изјавиле дека е потребна реформа во партијата, со која ќе му се намали моќта на лидерот сам да одлучува за важни прашања.


[Image: %5E433E55ABA629E0E70F2E75DC29FF5EE4E2A4E..._distr.jpg]

Сите овие податоци водат кон заклучок дека повеќето од поддржувачите на партијата имаат проблем со односот на актуелното раководство и веруваат дека е потребна демократизација на партијата. Во услови на вакви ставови јасно е дека постои сериозен страв од изјаснување меѓу поддржувачите и во самата анкета, што може да е индиктор на уште понегативни мислења, но скриени при истражувањето.
Политиката на постојано креирање непријатели не ја одобруваат 42,5 отсто од анкетарините поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека партијата треба да ја напушти оваа политика која не носи веќе резултати, а 37,5 отсто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е меѓународно изолирана партија.
Сериозен процент поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат некакви внатрепартиски промени. За поголем дел од нив, власта во партијата е сконцентрирана во рацете на мал број луѓе кои имаат преголема моќ за самостојно одлучување.
На прашањето дали се согласувате со предлогот идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да го избираат сите членови на партијата со тајно гласање од повеќе кандидати – позитивно одговориле 72 отсто. Само една четвртина или 24 отсто не се согласуваат со идејата лидерот да се избира со тајно гласање од повеќе кандидати.

[Image: %5ECE4B98B9C731519E7834788A6E74564CDC74C...istr-1.jpg]

Една третина или 32 отсто од анкетираните членови на ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат со барањето во идното раководство на партијата да не може да се кандидираат лица обвинети од СЈО. Со ова не се согласуват 61 отсто.
На прашањето колку ја одобрувате иницијатива на Александар Михајловски и другите членови од таканаречената група реформатори за внатреапартиски реформи, речиси половината од анкетираните или 48,9 отсто целосно или главно ја одобруваат иницијативата за реформи во партијата, а 31,2 отсто одговориле дека воопшто или главно не ја одобруваат.

[Image: %5E4605ED8AADD9FAC4B8FA9B925AD0E5C6ED546..._distr.jpg]

Слични одговори се добиени и на следното прашање за поддршката што тие ја имаат меѓу членството на партијата. На прашањето дали според вас иницијативата за реформа на ВМРО-ДПМНЕ има многу голема поддршка, прилично голема поддршка, прилично мала поддршка или многу мала поддршка меѓу членовите на партијата, речиси двојно повеќе од анкетираните сметаат дека реформаторите имаат поддршка меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

[Image: %5EC798CC2F6A517662375CACE8E95E51FD8F54E..._distr.jpg]

Според резултатите, мнозинството анкетирани не го одобруваат разрешувањето на реформаторите. Мнозинството поддржувачи на партијата не се согласуваат со постапката на актуелното раководство да ги разреши предводниците на иницијативата.
Истражувањето на агенцијата „Рејтинг“ е спроведено на примерок од случајно избрани 1.000 поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во сите шест изборни единци, по пат на телефонско интервју.
(This post was last modified: 26-07-2017, 01:17 PM by ЈорданПетровски.)
26-07-2017, 01:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:Емил Димитриев: Поддржувам освежување во партијата, некои треба да се одморат



[Image: %5E39BF730232D83889F792B3578679AC652AC8C...01x394.jpg]

26.07.2017
ВМРО-ДПМНЕ има квалитетен кадровски потенцијал кој треба рационално да биде искористен, рече пратеникот Емил Димитриев во интервју за „Макфакс“. Димитриев додава дека најавеното освежување во партијата ќе следува пред локалните избори за да се постигнат уште подобри резултати.





„Јас лично поддржувам освежување во партијата со кадри што заслужуваат да им се даде шанса. Знаете, ВМРО-ДПМНЕ е партија која долго е на власт, има луѓе што десетина години беа министри, тие веќе се изморени и треба да одморат. Партијата е жива материја која одвреме-навреме треба да се освежува за да ги подобри своите перформанси,“ рече Димитриев.

[Image: %5E820BF63057D02CFFD75C2F65C9C00217A3013...00x450.jpg]

Во однос на идејата за реформи во партијата, Димитриев вели дека сите предлози треба да бидат разгледани внатрепартиски и заеднички да се одлучи дали тие ќе донесат одредено подобрување.
„Различните мислења се богаство и принцип на демократијата. Не треба сите идеи, народски речено, да се дочекаат на нож. Одредени предлози што се даваат ги гледам како нормална внатрепартиска демократија. Тие луѓе се наши сопартијци, лично се познавам со нив, сме поминале многу изборни циклуси и извојувале многу победи и затоа имам еден коректен став кон нив“, додава Димитриев.
Пратеникот Димитриев вели дека прашањата од национален интерес треба инклузивно и преку отворена дебата да се затворат. Тој не беше дециден дали ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го поддржат нацрт-законот за унапредување на употребата на албанскиот јазик.
Додека бил технички премиер, многу малку се возел со владиниот мерцедес и, како што тврди, последен пат го видел во исправна состојба, чист и без гребаници.
(This post was last modified: 26-07-2017, 01:47 PM by ЈорданПетровски.)
26-07-2017, 01:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

(26-07-2017, 01:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Емил Димитриев: Поддржувам освежување во партијата, некои треба да се одморат



[Image: %5E39BF730232D83889F792B3578679AC652AC8C...01x394.jpg]

26.07.2017
ВМРО-ДПМНЕ има квалитетен кадровски потенцијал кој треба рационално да биде искористен, рече пратеникот Емил Димитриев во интервју за „Макфакс“. Димитриев додава дека најавеното освежување во партијата ќе следува пред локалните избори за да се постигнат уште подобри резултати.



[Image: 002200.jpg]
27-07-2017, 08:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Од Груевски имавме многу некоректен однос но демократизација на Партијата ќе има[Image: vmro-696x466.jpg]
Штип, 28.07.2017
Внатрешната иницијатива за демократски реформи во ВМРО ДПМНЕ организираше панел дискусија и во Штип. Актерите кои сакаат да ја видат својата партија како демократска, рекоа дека нивна цел не се никакви високи позиции во партијата туку единствена цел им е нивната партија да се демократизира, членството да се чувствува слободно во изразување на своите ставови, изборот на личности за раководни позиции во партијата, на државно но и на локално ниво да биде исклучиво привилегија на членството, а не како што тоа е досега за тоа да одлучува само врвот на партијата.
„Постојано сме на терен, меѓу нашите членови, кај најголем број од нив ја имаме поддршката за нашата цел, иако, да бидам искрен, сеуште кај добар дел од членството постои страв,песимизам, неверување дека демократизацијата ќе ја изведеме лесно. Ние насекаде повторуваме дека нашата иницијатива ја водиме внатре во партијата, ништо не правиме надвор од неа, цврсто веруваме во успехот на она зад кое застанува се поголем дел од членството. Едноставно, оваа иницијатива е осудена на успех“, рече Петар Богоески, еден од иницијаторите.
Штипјанецот Панче Стефановски рече дека се приклучил кон иницијативата зашто по победата на последните избори ВМРО ДПМНЕ не успеал да создаде влада. Според Стефановски тоа предизвикало многу незадоволство кај членството.
„Кај нашето членство видов големо незадоволство од начинот на кој се носат сите одлуки без тие за било што да се прашаат. Партиските другари од Иницијативата излегоа со нови, современи идеи за демократизација на ВМРО ДПМНЕ во што и јас се најдов и сум убеден дека ќе направиме добра работа како за партијата исто така и за државата“, порача Стефановски.
Присутните на панел дискусијата за одлична ја оценија изјавата на нивниот генерален секретар Емил Димитриев според кого некои луѓе цели десет години се во врвот на ВМРО ДПМНЕ и на други клучни места за државата, и дека е време тие малку да одморат, а на нивно место да дојдат нови луѓе со нови, свежи идеи.
„Ние тоа го оценуваме како реакција на реален вмровец кој е загрижен за случувањата во неговата партија. Очекуваме 80 проценти од членството да размислува на ваков начин“, рече Богоески.
Според него, Штип е втор град во кој Иницијативата прави панел дискусија за горливото прашање во однос на темелните промени во ВМРО ДПМНЕ. –„Нашата партија најголемите победи ги остварува во третата изборна единица во која е и Штип, имаме голема доверба во нашето штипско членство, сега повеќе вмровски членови слободно дискутираат и во овој град, а тоа е најдобар знак дека нештата одат во посакуваната насока“, укажа Богоески.
На новинарско прашање зошто спомнуваат многу имиња но не и името на главниот човек во оваа пикантна политичка приказна, а тоа е Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕ, Богоевски со насмевка рече дека тие него не го имаат заборавено.
„Oд Никола Груевски имавме многу некоректен однос. Но ние и понатаму го каниме  да се појави на нашите панел дискусии. Очекуваме дека наскоро ќе ни се приклучи и дека ќе постапи како што постапи нашиот генерален секретар Димитриев. Ние со Груевски се сметаме за рамноправни членови на партијата, како и секој друг, но сакам да порачам дека како Иницијатива од него имавме еден многу некоректен однос. Сепак, тој знае колкава поддршка имаме кај членовите на ЦК, меѓу дел од пратениците…На крајот од краиштата сето ова ќе резултира со отворен процес на слободни дискусии, на решавање на сите важни прашања во една демократска процедура“, рече Богоески..
Во однос на претстојните локални избори, луѓето од Иницијативата кои беа на панел дискусијата во Штип, а тоа покрај Богоески и Стефановски беше и Дејанчо Стојменов од Делчево, рекоа дека тие имаат своја филозофија како да се спроведат изборите, а притоа да не се создаде антагонизам помеѓу припадниците на Иницијативата и другото вмровско членство. Во престојниот период Иницијативата ќе го охрабрувала членството со својата нова енергија да се заокружи процесот на демократизација, членството во секоја општина само да си ги избира кандидатите со градоначалници и советници, а не како што тоа се правело досега за сите работи да одлучува само еден човек.
(This post was last modified: 28-07-2017, 07:01 PM by ЈорданПетровски.)
28-07-2017, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ бараат поддршка на Декларацијата за демократизација



16/08/2017 
[Image: timthumb.php?src=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2F...w=795&zc=1]

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика сите членови и симпатизери на партијата да ја поддржат Декларацијата за реформи и демократизација.
Како што соопшти Илија Илиоски од Внатрепартиската иницијатива за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, Декларацијата почива на принципите за рамноправност, слобода на говор и мисла, непосреден избор, тајност во одлучувањето, неспоивост на функции, индивидуална одговорност, личен интегритет, квалитет и внатрепартиска солидарност.
– Сметаме дека овие се принципите кон кои треба да тежнееме во целост и да ги оствариме во рамки на делувањето на нашата партија. Сега е моментот да се обединеме, да и помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ, да го вратиме победничкиот дух, правото на членовите непосредно да ги донесуваат одлуките, да го реформираме работењето и делувањето за да однесеме убедлива победа на следните избори, нагласи Илиоски.
Одговарајќи на новинарски прашања, Илиоски потенцира дека РШ воопшто не размислува да делува надвор од партијата или за какви било фракции и паралелни листи на претстојните избори за градоначалници. Секој чекор ќе биде во рамки на ВМРО-ДПМНЕ и покрај спротивставените размислувања и ставови на останатиот дел од членството.
– Според нашите анализи, преку 50 отсто од членството на партијата смета дека треба да има реформи и не поддржува, напомена Илиоски.
Декларацијата за реформи и демократизација на 29 јули годинава била доставена до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но РШ досега нема добиено никаков одговор. Како што рече Илиоски, и Центарот за комуникации на партијата не одговара на нивните предлози, сугестии и барања, вклучувајќи ја и денешната покана на лидерот Никола Груевски да присуствува на прес-конференцијата.
[img=0x0]http://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=50&loc=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2Farchives%2F777386&referer=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F&cb=5313ae9698[/img]
[img=0x0]http://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=51&loc=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2Farchives%2F777386&referer=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F&cb=6b9b6cd5ba[/img]
16-08-2017, 10:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:Фокус Вашингтон: Груевски е автократ, Реформаторите се шанса за ВМРО и Македонија


[Image: 20170818122238.png]

18 Август, 2017
Магазинот Фокус Вашингтон објави анализа за политичката состојба во Македонија по долгогодишната криза која заврши со формирањето на владата од страна на премиерот Заев, но потсетува на автократското владеење на Никола Груевски кој ја поклопил како државата, така и партијата ВМРО-ДПМНЕ чиј се уште е лидер. 
[Image: reformi_vmro.jpg]

Фокус Вашингтон потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ најпрво се залагаше за евроатлански интеграции на Македонија за потоа да ja ограничи слободата на медиумите, невладиниот сектор и слободата на говорот што било евидентирано и во бројните извештаи на меѓународните организации. 
Затоа сега, според Фокус Вашингтон, редно време е ВМРО-ДПМНЕ да се трансформира во модерна конзервативна партија која ќе ги одржува политиките десно од центарот, а шанса за тоа гледа во младите партиски кадри наречени „Реформатори“ меѓу кои е и Александар Михајловски.

[Image: aleksandar-mihajlovski.jpg]
Quote:„Во последните 14 години под водството на Никола Груевски партијата со постојани измени на статутот премина од демократска во автократска. Стана место каде сите одлуки се носат од мал круг на луѓе блиски до партискиот лидер. Ова доведе до рушење на волјата на членството и постојана промена на стратешките политики на партијата кои предизвикаа огромна штета на партијата, не само во земјата туку и интернационално“, вели Михајловски.

Фокус Вашингтон смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја одигра својата улога како конструктивна опозиција, како и да престане да се конфронтира со меѓународната заедница за што доволни беа прогласите на Груевски кон странските дипломати при што беше изразен отворен непријателски говор. За да се случат промените членството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се ослободи од стравот наметнат во изминатите години.
 
Quote:„Ние се стремиме кон реформи за да го демократизираме и модернизираме ВМРО-ДПМНЕ, при што ќе има отфрлање на негативните политики и индивидуалци кои имаат лош имиџ во јавноста. Ќе донесеме енергија која и е потребна на партијата за да се врати на политичката сцена како конструктивна опозиција која ќе работи на остварување на стратешките цели за интеграција во ЕУ и НАТО“, изјави Михајловски за Фокус Вашингтон.

Фокус Вашингтон потенцира и дека Груевски се свртел против Западот во изборната кампања, а негови коалициони партнери биле на средби во Русија. Токму тоа и го прекинал молкот на меѓународната заедница која подолго време не преземаше конкретни чекори иако ги гледаше последиците од наметнувањето на се посилниот автократски режим. 
Сега, Фокус Вашингтон смета дека со реформското движење постои голема шанса како за национален консензус за најважните прашања за македонската политика, така и за самата десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ која е многу важна за воспоставување на целосна демократија базирана на принципите на слобода на изразување и одговорност на власта.
19-08-2017, 12:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:КАПИТАЛИСТИЧКИ МАНИФЕСТ ЗА НОВОТО ВМРО ДПМНЕ


(моето обраќање до реформаторите)
Политичката борба на идеи не се одвива само околу историските наследства. Големата писателка и сведок на болшевистичкиот пуч во Русија 1917 година, Ајн Ренд, го има забележано следново:„Црвените се бореа за егалитарна диктатура, на таа идеа и беа комплетно посветени, без разлика дали некому му се допаѓа или не, тие имаа јасна цел. Белите кои го поддржуваа царот, фактички не се бореа за ништо. Повторувам, ЗА НИШТО! Да се бориш за „старата Руска Слава“ или за „царското наследство“ или за „чистиот руски дух“ се се тоа апстрактни вредности од кои обичниот човек нема ништо. Затоа победија црвените, бидејки ветуваа конкретни работи, за разлика од Белите кои ветуваа апстрактни вредности.“
Политичката идеологија е душата на партијата, таа е идеа која продвижува кон акција, таа е цел за која секој поединец има смисла да се бори. Дел од секоја идеологија е и економската мисла. Економската мисла на десните партии е капитализмот, слободниот пазар, односно системот кој создал највисок животен стаднард, системот кој создал повеќе благосостојба од сите други системи заедно. Капитализмот подразбира економска слобода според која секој поединец може да се појави на пазарот како инвеститор или работник во било кој сектор, без било какво ограничување или забрана од Власта. Капитализмот е единствениот систем кој позитивно ги вреднува напорите кон создавање профит, и приватната сопственост како фундаментална разлика меѓу слободниот и поробениот човек. Капитализмот е највисокиот етички, морален, технолошки и сеопшт цивлизациски врв кој го достигнало човештвото. Капитализмот МОРА да биде економскиот дел од идеологијата на ВМРО ДПМНЕ.
Десницата мора да ја отфрли филозофијата на Карл Маркс и Хегел, според која општеството наводно еволуирало како и останатиот жив свет, па по капитализмот следеле нови општества. Таа идеа води кон црвената темница на социјализмот и комунизмот, кон која Македонија никогаш не смее да се врати. За десничарите прифатлива е филозофијата на Менгер, Мизес, Хајек, Фридман, и сл...според кои капитализмот е единственото слободно општество, а се друго е облик на некаква диктатура. Значи неможе десничар да шири патетика околу социјалните разлики, да кука за „работнички права“ да заговара јакнење на државниот сектор, или не дај боже национализација на приватен имот. Тоа е комунистички терен на кој десницата нема што да бара.
Работниците неможе да имаат „права“ ниту е нормално во слободна држава да постои „трудово право, законодавство“ и слични комунистички патенти во тој стил. Работниците имаат труд, а тој има пазарна вредност како и сите други ресурси во една економија. За да се зголеми цената на трудот, треба да постои зголемена побарувачка за труд, која ја прават инвеститорите. Повеќе инвеститори, поголема побарувачка за труд, поскап труд понатаму носи повисок животен стандард. Инвеститори послабо или воопшто не доаѓаат во држави каде законодавството вештачки ја зголемува цената на трудот, или каде постојат огромни даноци, или каде државата со регулативи фаворизира или дикскриминира одредени фирми или сектори.
Социјалните разлики се нормална појава. Луѓето се разликуваат по пол, боја на кожа, вероисповед, идеологија...и сосема е нормално да се разликуваат и според животниот стаднард. Егалитаризмот ги демотивира способните, вредните и иновативните, и создава скапа илузија дека е возможна егзистенција без профит. Профитот е позитивен резултат на човековите напори кон создавањето егзистенција, тој носи плати за работниците, данок за државата, добивка за инвеститорите. Зависи кој колку заслужил и инвестирал. Обратен резултат од профитот е загубата, и таа не носи ниту егзистенција за човекот, ниту данок за државата. Оние кои не создаваат профит, може да живеат од профитот на другите, но и оние другите доколку не го создадат, СЕ Е ОСУДЕНО НА СМРТ!
Човекот како разумно суштество опстојува врз основа на сопствениот ум. Дури и тешката физичка работа мора да биде умствено реално испланирана, со цел да даде егзистенција/профит. Колку се човековите напори вредни, и дали нешто вредат, се проверува на слободниот пазар, каде слободните луѓе водени од сопствениот разум ги вреднуваат производите и услугите. Оној кој подобро и поквалитетно им служи на другите луѓе, нормално е да ужива во поголемо изобилие, но и обратно. Слободниот пазар е место каде и девте страни добиваат, понудувачите пари, купувачите производ или услуга. Пазарот освен профит, носи и банкрот, за оние кои не работат добро. Профитот и банкротот одредуваат која фабрика ке работи, кој ке ги поседува рудниците, кој колку плата ќе добие. Неможе десницата да заговара профитерите да ги финансираат загубарите преку „субвенции“. На тој начин губат СИТЕ.
Доколку некој ви впери пиштол в лице, и ви рече:„Пари или живот“ тоа не е слободен пазар, тука нема доброволна размена, тоа е пљачка. Тука добива едната страна, а другата губи. Најсофистициран систем на пљачкосување е социјалната држава, во која присилно плаќате енормно високи даноци, а притоа добивате многу малку, или добивате нешто што не ви треба, или едноставно не добивате ништо. Вие како десница морате да се борите за пазарни вредности, а не за присилна државна редистрибуција. Тоа значи нема субвенции за тој што произведува пазарно неприфатливи производи. Има намалени даноци, па секој нека произведува она што може да го продава на пазар, или нека си бара друга работа.
На Македонија и фали поквалитетно обазование. Квалитетот секогаш расте кога приватните конкуренти се борат на пазарот за клиенти. Во таа пазарна борба, освен што расте квалитетот, паѓаат и цените. Сетете се на пазарната борба во телекомуникациите. Какви комуникации имавме пред 20 години, а какви денес? Тоа не е резултат на било какви владини политики, ниту на државните секретари, ниту на партиските комесари. Борбата на слободниот пазар го донесе тој напредок, и во квалитет, и во цени.
Истиот напредок ни е потребен и во здравството и енергетиката. На Македонија и е потребен неограничено слободен пазар на енергетика во кој секој ке може да се појави како инвеститор. Тоа значи укинување на законот за енергетика и сите возможни регулативи кои го попречуваат било кој инвеститор. На таков начин можете да имате пазарна борба во која расте квалитетот, а паѓаат цените. Истото важи и за здравството, за пазарот на капитал...за се.
Доколку ВМРО продолжи да игра на комунистички терен по сите овие прашања. Доколку го прифатите комунистичкиот јарем за нашиот приватен сектор, тогаш нема нови работни места, тогаш има помалку профити, тогаш има помалку егзистенција за сите.
Доколку ВМРО го прифати комунистичкиот концепт на образование, според кој партиските комесари одлучуваат за квалитетот на нашето образование ( и приватни и државно) а не пазарот, тогаш не очекувајте поголем квалитет.
Доколку ВМРО продолжи со комунистичката пракса, според која енергијата е зависна од политички назначените регулаторни тела, а не од ТОТАЛНО слободниот пазар...може сите да завршиме или со астрономски цени на енергијата, или не дај боже во темница.
Ако ВМРО не ги брани принципите на капитализмот, на слободниот пазар, на најуспешниот општествен систем во историјата...тогаш кој?
Или капитализмот ќе биде идеологијата на новиот ВМРО ДПМНЕ, или тешко на Македонија.
Бидете поздравени!

Фб статус на William Billy Campbell
01-09-2017, 05:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Реконструкција на десницата



01.09.2017
Гледам има идеи за реформа на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се ревитализира после политичкиот пораз годинава, кога коалицијата СДСМ-ДУИ ја превзема власта. Доколку идеите и напорите се искрени, им пожелувам среќа и успех, мада сум на мнение дека реформата на ВМРО-ДПМНЕ е сизифовска задача споена со танталова мака. Проблемот на партијата не е само во корумпираниот погорен ешалон, туку во расипаноста на целокупната структура. Рибата смрди од главата, ама пак распадот се протега низ целата риба. А досега науката нема евидентирано инстанца на реанимација на леш во распаѓање. Ваквите случки се исклучиво во доменот на петпарачките зомби филмчиња.
Да се верува дека корупцијата егзистира исклучиво во централниот комитет или во „Фамилијата“ е да се заборави еден од основните факти на биологијата. Организмите виреат онаму каде што условите се поволни. Како што учи Библијата, семето посеано на пат го јадат птиците, семето посеано на камен нема корени и се суши, семето посеано во трње го гуши трњето, а само семето посеано на плодна почва дава богат род. Така и корумпираниот горен ешалон може да егзистира само во средина поволна за корупција.
Многу теории се вртат за тоа како „Грујо ја расипа партијата.“ Циниците ќе речат дека партијата веќе била расипана, штом го привлекла расипаниот. Не го делам ова мислење, чисто бидејќи патологијата во ВМРО-ДПМНЕ почна да зема замав околу 2008ма година, иако знаците и симптомите на оваа патологија, барем во ретроспектива се видливи уште во 2004та година. Поверојатно е дека ВМРО-ДПМНЕ, пред 2008ма година, содржеше во себе латентен потенцијал за поволна почва за корупција, кој доби полн израз во периодот после 2008ма година. Лукавите паразити знаат да го намирисаат и овој потенцијал.
Меѓутоа, се поставува прашањето: Од каде овој потенцијал? За беља, ќе мораме да се вратиме уште поназад. Иако има репутација за „иселеничка партија“, членството на ВМРО-ДПМНЕ сепак се состои углавном од луѓе кои или живееле во комунистичка Југославија, или се деца на луѓе од комунистичка Југославија. Колку и да се чувствуваат инстинктивно десни, за беља, повеќето луѓе не се свесни до кој нечовечен степен е продрен социјалистичкиот дух длабоко во нивната потсвест. Преку механизмите за индоктринација наречени „медиуми“, „образование“ и „култура“, луѓето уште во младоста се обликувани во крипто-агенти на левите идеологии, иако тие самите можат да се сметаат за центристи или левичари. Оттаму имаме ситуација да наводно конзервативната ВМРО-ДПМНЕ стане партијата која нуди бесплатен јавен превоз на пензионерите, вработува десетици илјади членови во државната администрација и постојано ги напумпува субвенциите за земјоделците – дејствија кои се типично социјал-демократски и неприфатливи во десничарската доктрина. Не само народот, туку членството на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше овие работи од горниот ешалон, како замена за нивното преќутно одобрување на корупцијата и криминалот. Кажете ми, како е возможна реформа на организација која е трула од дното нагоре?
За членството на ВМРО-ДПМНЕ, можам да понудам еден едноставен совет. Реформата почнете ја од себе. Навлезете длабоко во својата психа, најдете ги оние делови кои ве втурнаа во груевистичкиот социјализам замотан во конзервативна обланда и исфрлете ги од себе. Најдете ја зависта, најдете го бесот, алчноста и ароганцијата и исфрлете ги од себе. Внимавајте на све што кажувате и мислите. Сме го имале тој баксуз да поминеме низ стрништето наречено „државно образование“ во младоста, кое грижливо ни има имплантирано мали марксистички ѓаволчиња длабоко во психата. Најдете ги овие демони и исфрлете ги од себе. Само со психолошка дисциплина врз себе можеме да се прочистиме од гревовите кои сега ги припишуваме на ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до пошироката десница, ќе мораме малце поинаку да делуваме. Све што напишав за психолошката дисциплина се однесува и на нас, и плус уште неколку работи.
Поставете си го прашањето: Како успеа ВМРО-ДПМНЕ да ги изгуби изборите кога имаше целосна медиумска доминација? За да одговориме, треба да се запрашаме кој им беше вистинскиот противник на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ не ги изгуби изборите од СДСМ, туку од невладиниот сектор и Шарената Револуција.
Неверојатно, но вистинито. Помалку неверојатно ако се земе во предвид анемичноста и неспособноста на СДСМ. СДСМ не победи бидејќи имаа подобра програма, нити поради кампањата. СДСМ победи поради дејствијата на Шарената Револуција, кои беа спремни да ги поддржат за да го симнат Груевски од власт. Шарената Револуција самата не беше граѓанско движење во потесна смисла, т. е. не го отсликуваше гласот на поширокиот народ, туку на група граѓани, кои во понатамошниот текст ќе ги наречам корпусот.
Корпусот не е организација, не е движење, не е дури ни најобична група на пријатели. Корпусот е класа на граѓани кои независно еден од друг оперираат кон заедничка цел, дури и кога привремено се здружуваат. Она што ги спојува е заедничката идеја. Група независни агенти кои оперираат кон заедничка цел со иста идеја ствараат привид за централизирано и организирано делување, иако не се централно организирани. Ова го нарекуваме спонтан ред.
Спонтаниот ред, нормално, може да се јави и спонтано, и во практиката најчесто се обсервира во оваа форма. Меѓутоа, постои начин спонтаниот ред да се отпочне наменски, т. е. од актери кои свесно сакаат да изградат корпус на независни агенти. Ова се постигнува со оформување институции за производство на кадри на корпусот. Институциите, без оглед на тоа дали се здруженија, невладини организации, медиуми или пак имаат друг облик ги всадуваат и повторуваат идеите кои при навлегувањето во идејниот систем на субјектот, го претвораат во кадар на корпусот.
Ќе го потсетам читателот дека не станува збор за послушници или платеници, туку за луѓе кои делуваат по своја волја, дејствувајќи под влијание на идеите во сопствените глави. Институциите не постојат да го командуваат корпусот, туку за да го создадат и одржуваат преку пролиферација на идеите.
Предноста на корпусот над пошироко граѓанско движење е компактноста и гласноста. Мала, но одлучна група луѓе нема проблем со внатрешните несогласувања кои ги следат пошироките граѓански движења, што му дозволува да комуницира со еден глас кој далеку стига, иако може да се работи за малцинско становиште. Предноста над корпусот пак над групата послушници е искреноста. Никој не може да го обвини корпусот за неискреност, хипокризија или мирмидонство ако кадрите навистина веруваат во тоа што го комуницираат и го прават по своја волја, најчесто без компензација.
Проблемот со кој што се соочува десницата, покрај патологизацијата на ВМРО-ДПМНЕ е и отсуството на десничарски корпус. Како што се виде од изборите на 11ти декември, корпусот може на грб да износи дури и една анемична и безперспективна партија каква што е СДСМ. Да постоеше десничарски корпус, болеста на ВМРО-ДПМНЕ немаше да биде толкав проблем.
Така што во враќањето на македонската десница, од помала важност ќе биде реформата на ВМРО-ДПМНЕ отколку конструкцијата на десничарски корпус. За беља, ретко кој има волја да одвои средства за конзерви и реакционери, ама па ете среќа во несреќа: живееме во добата на интернетот, каде што пролиферацијата на идеите е многу поевтина и поедноставна.
Десницата мора да почне да гради институции за креирање кадар на десничарскиот корпус. Со оглед на тоа што енормен процент од населението сеуште е заразено со патолошките идеи на социјализмот, како што е опишано погоре при дијагностицирањето на болеста која го зафати ВМРО-ДПМНЕ, овие институции ќе мора да се сосредоточат на гаење култура на психолошка дисциплина на индивидуално ниво. Еднаш штом ќе бидат истерани социјалистичките бесови од главите на надежните десничари, ќе може да почне пролиферацијата на десната идеологија. Не сум сигурен каков ќе биде пристапот на овие институции, меѓутоа во ниеден случај не смее да биде ист како пристапот на левите институции, со оглед на вродените психолошки разлики меѓу левичарите и десничарите (повеќе кај Dr. Jordan Peterson,

). Овие институции претежно би оперирале онлајн, или како локални групи, со оглед на недостатокот од средства кои и се на располагање на десницата.
Ова е проект кој може да потрае и 20-30 години. Со оглед на тоа што во моментот десницата е падната, јасно е дека касно го започнуваме. Меѓутоа, еве уште една среќа во несреќа. Левицата го распукна својот корпус.
Вработувањето на кадрите на левиот корпус – Шарените и твитерџиите по министерствата, како и пратеничките места на Ивана Туфегџиќ и Павле Богоевски го ја одземаа независноста на голем број од повидните кадри на корпусот. Како што спомнав погоре, независноста на корпусот му дава искреност, што го штити од обвинувањата за неискреност, хипокризија и мирмидонство. Без таа независност, корпусот станува група послушници – неискрени, хипокрити и послушни. Грижливо градениот лев корпус се распука на парчиња со еден незрел и популистички потег на Зоран Заев и врхушката на СДСМ.
Груевски тринаесет години ја толчеше десницата. Обидувајќи се да наметне монолитност, ја уништи шансата за формирање корпус. Заев го почна тој процес со поинаков метод – кооптирањето. Меѓутоа, вакуумот што го создаде Груевски, остави простор за пролиферација на левите идеи и создавањето на левиот корпус. Грешката на Заев е што го повреди интегритетот на левиот корпус, стварајќи услови за вакуум. Тој вакуум може да го пополни една независна, реконструирана десница.
Пишува: Никола Џилвиџиев
01-09-2017, 05:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:ЗА НОВА ДЕСНИЦА

[Image: e9c1f51a97744aa713c8967fc1a2c65b_L.jpg]

Пишува Душан Петровски 08.09.2017

Откако после единаест-годишно поседување на државниот трон ВМРО-ДПМНЕ се симна од власта почнаа да кружат нормалните повици за реформи во партијата специфично, и десницата општо. Од сето она што го имам видено на оваа тема единствено како нешто свежо ми отскокнува текстот на Никола Џилвиџиев, „Реконструкција на десницата.“ Тука авторот ја одбгегнува старата дискусија за превземање на партијата од рацете на нечесните, несоодветни лидери; ја одбегнува и короларната дискусија за формирање на трета партија—која би била скупина на чесни и соодветни лидери; и зборува конкретно за конечно создавање на вистинско десничарски кадар во Македонија. На тој начин Џилвиџиев луцидно го конкретизира проблемот којшто ја засегнува не само македонската политичка сцена, туку друштвениот живот воопшто: непостоењето на вистинска десница на македонските простори.
Џилвиџиев е сосема во право во неговото тврдење дека во Македонија не постои вистински десничарски кадар. Тоа е единствениот заклучок којшто може да се извлече доклку погледнеме како живеело македонското општество од 1945 година па навака. Во периодот 1945-90 година во училиштата се предаваше Марксизмот; пристапот до слободни информации беше невозможен; пристапот до контра-комунистичка литертура незамислив; економијата под комплетна контрола на државата. Условите сосема малку се изменија во 1990-тите: Марксизмот остана темелот на општествените науки; економијата номинално се приватизира—но сѐуште продолжи да фунцкионира на клиентско-интервенциониостичкиот медот од времето на поретходниот систем; протокот на информации остана ограничен; пристапот до контра-комунистичка литертура продолжи да биде недостапен—или поточно, непожелен. Иако не живеам во Македонија од средината на 2000-та година, сепак, и од далечна Канада лесно воочлив е македонскиот интелектуален и идеолошки лет во место.
Сосема разбирливо е тогаш што разбирањето за десница на македонската политичка сцена овие три децении подразбира воглавно национализам, традиционализам, шупло плукање по комуњарите, и горе долу ништо повеќе, освен ветувањата за подобар и подостоинствен живот. Според оваа гледање на работите, десницата е за капитализам, а капитализмот е приватна сопственост на средствата за производство—услов што во Македонија се исполни со приватизацијата на државните претпријатија. Така, десничарството во Македонија останува сведено на заблудено патриотство, мистичен традиционализам и паушална поддршка за слободниот пазар—без суштинско проучување на суштината на десничарската идеологија. Практично, ВМРО-ДПМНЕ, како олицетвоерние на македонската десница, го практикува своето „десничарство“ на сосема идентичен начин со социјал-демократијата која ја пропагираат наследниците на Сојузот на комунисти.
Џилвиџиев го постулира пробемот:

Quote:Иако има репутација за „иселеничка партија“, членството на ВМРО-ДПМНЕ сепак се состои углавном од луѓе кои или живееле во комунистичка Југославија, или се деца на луѓе од комунистичка Југославија. Колку и да се чувствуваат инстинктивно десни, за беља, повеќето луѓе не се свесни до кој нечовечен степен е продрен социјалистичкиот дух длабоко во нивната потсвест. Преку механизмите за индоктринација наречени „медиуми“, „образование“ и „култура“, луѓето уште во младоста се обликувани во крипто-агенти на левите идеологии, иако тие самите можат да се сметаат за центристи или левичари [sic.]. Оттаму имаме ситуација да наводно конзервативната ВМРО-ДПМНЕ стане партијата која нуди бесплатен јавен превоз на пензионерите, вработува десетици илјади членови во државната администрација и постојано ги напумпува субвенциите за земјоделците – дејствија кои се типично социјал-демократски и неприфатливи во десничарската доктрина. Не само народот, туку членството на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше овие работи од горниот ешалон, како замена за нивното преќутно одобрување на корупцијата и криминалот. Кажете ми, како е возможна реформа на организација која е трула од дното нагоре?

Но, Џилвиџиев нуди лек. Доколку сме жртви на индокринација, тогаш иљачот е интроспекција, како прв чекор на патот кон целосно просветлување—обратното од индокртинација:

Quote:За членството на ВМРО-ДПМНЕ, можам да понудам еден едноставен совет. Реформата почнете ја од себе. Навлезете длабоко во својата психа, најдете ги оние делови кои ве втурнаа во груевистичкиот социјализам замотан во конзервативна обланда и исфрлете ги од себе. Најдете ја зависта, најдете го бесот, алчноста и ароганцијата и исфрлете ги од себе. Внимавајте на све што кажувате и мислите. Сме го имале тој баксуз да поминеме низ стрништето наречено „државно образование“ во младоста, кое грижливо ни има имплантирано мали марксистички ѓаволчиња длабоко во психата. Најдете ги овие демони и исфрлете ги од себе. Само со психолошка дисциплина врз себе можеме да се прочистиме од гревовите кои сега ги припишуваме на ВМРО-ДПМНЕ.

Ситното јадро коешто денеска ја сочинува вистинската десница—познато како либертаријанци—како групација на лица подоброупатени и веќе навлезени во процесот на себепросветлување има должност да биде светилникот којшто ќе го покажува патот на оние кои ја бараат вистината. Џилвиџиев дава нацрт план за изведувањето на овој процес, којшто треба да биде истуркан од добро потковано јадро апостоли:

Quote:Корпусот не е организација, не е движење, не е дури ни најобична група на пријатели. Корпусот е класа на граѓани кои независно еден од друг оперираат кон заедничка цел, дури и кога привремено се здружуваат. Она што ги спојува е заедничката идеја. Група независни агенти кои оперираат кон заедничка цел со иста идеја ствараат привид за централизирано и организирано делување, иако не се централно организирани. Ова го нарекуваме спонтан ред.
Спонтаниот ред, нормално, може да се јави и спонтано, и во практиката најчесто се обсервира во оваа форма. Меѓутоа, постои начин спонтаниот ред да се отпочне наменски, т. е. од актери кои свесно сакаат да изградат корпус на независни агенти. Ова се постигнува со оформување институции за производство на кадри на корпусот. Институциите, без оглед на тоа дали се здруженија, невладини организации, медиуми или пак имаат друг облик ги всадуваат и повторуваат идеите кои при навлегувањето во идејниот систем на субјектот, го претвораат во кадар на корпусот. 
Ќе го потсетам читателот дека не станува збор за послушници или платеници, туку за луѓе кои делуваат по своја волја, дејствувајќи под влијание на идеите во сопствените глави. Институциите не постојат да го командуваат корпусот, туку за да го создадат и одржуваат преку пролиферација на идеите. 
Предноста на корпусот над пошироко граѓанско движење е компактноста и гласноста. Мала, но одлучна група луѓе нема проблем со внатрешните несогласувања кои ги следат пошироките граѓански движења, што му дозволува да комуницира со еден глас кој далеку стига, иако може да се работи за малцинско становиште. Предноста над корпусот пак над групата послушници е искреноста. Никој не може да го обвини корпусот за неискреност, хипокризија или мирмидонство ако кадрите навистина веруваат во тоа што го комуницираат и го прават по своја волја, најчесто без компензација. 
Проблемот со кој што се соочува десницата, покрај патологизацијата на ВМРО-ДПМНЕ е и отсуството на десничарски корпус. Како што се виде од изборите на 11ти декември, корпусот може на грб да износи дури и една анемична и безперспективна партија каква што е СДСМ. Да постоеше десничарски корпус, болеста на ВМРО-ДПМНЕ немаше да биде толкав проблем. 
Така што во враќањето на македонската десница, од помала важност ќе биде реформата на ВМРО-ДПМНЕ отколку конструкцијата на десничарски корпус. За беља, ретко кој има волја да одвои средства за конзерви и реакционери, ама па ете среќа во несреќа: живееме во добата на интернетот, каде што пролиферацијата на идеите е многу поевтина и поедноставна. 
Десницата мора да почне да гради институции за креирање кадар на десничарскиот корпус. Со оглед на тоа што енормен процент од населението сеуште е заразено со патолошките идеи на социјализмот, како што е опишано погоре при дијагностицирањето на болеста која го зафати ВМРО-ДПМНЕ, овие институции ќе мора да се сосредоточат на гаење култура на психолошка дисциплина на индивидуално ниво. Еднаш штом ќе бидат истерани социјалистичките бесови од главите на надежните десничари, ќе може да почне пролиферацијата на десната идеологија. Не сум сигурен каков ќе биде пристапот на овие институции, меѓутоа во ниеден случај не смее да биде ист како пристапот на левите институции, со оглед на вродените психолошки разлики меѓу левичарите и десничарите (повеќе кај Dr. Jordan

Овие институции претежно би оперирале онлајн, или како локални групи, со оглед на недостатокот од средства кои и се на располагање на десницата.

Ова е проект кој може да потрае и 20-30 години. Со оглед на тоа што во моментот десницата е падната, јасно е дека касно го започнуваме. Меѓутоа, еве уште една среќа во несреќа. Левицата го распукна својот корпус.

Лично, не можам да му најдам замерка на нацрт-планот на Џилвиџиев. Но сепак нешто недостасува. Палнот на Џилвиџиев дава механизам за подготвување на кадри, но како што веќе и самиот забележал, суштинскиот проблем со кој се соочува десницата е идеолошката магла во која се наоѓа истата. Десницата—македонска и светска—деновиве е под опсада на националистички настроените социјал-демократи од една проста причина: таа не е исправно дефинирана и децидно диференцирана од другите политички појави. Ако левицата е страната на колективизмот—за којшто ние велиме дека неизбежно мора практично да биде идеологија на угнетување—тогаш десницата мора да понуди поискрена алтернатива од желбата нашите угнетувачи да бидат почесни или поспособни. Темелот на левата идеологија е љубомората, односно желбата за нешто незалужено т.е. туѓо. Темелот на идеологијата на десницата, тогаш, мора да биде заштита од љубомората. Прво: мораме да бидеме идеолошки концизтентни. Второ: нашата идеологија мора да биде чесна во секој аспект.

На десницата ѝ треба не реконстукција, ниту реформа, туку реформација. Деницата мора да престане да биде скупина на колективисти од различни видови—националисти, ама социјалисти; „капиталисти“, ама интервенционисти (крони капиталисти ала Sинго, Амди, Мично); фискални конзервативци, ама социјални либерали, итн. Вистинската десница (за разлика од алтернативната „десница“) мора да биде страната на обратното од угентувањето. Дефинирањето на десницата преку призмата на „национализам/интернационализам“, „комунизам/капитализам“, „религиозност/атеизам“, „конзервативизам/либерализам“ не ни врши функција. Десницата мора да се дефинира себе си на несоборлив темел којшто е отпорен на секаков предизвик. Мисијата на она што Џивлиџиев го нарекува „корпусот“ мора да биде ширењето на правоверието на новото (но навистина старо) десничарство: принципот на нон-агресија, или неповредливост на индивидуата и нејзиниот посед.
Според врутокот на модерното либертатијанство (вистинско десничарство), Мизес инситутутот од Алабама:

Quote:Принципот на нон-агресија (НАП) (исто така познат како аксиома на нон-агресија, или анти-угнетувачки принцип или принцип на нулта агресија или принцип на неиницијација на сила) е етички став којшто стипулира дека „агресијата“ е суштински нелегитимна. „Агресијата“ се дефинира како „иницијација“ на физичка сила против личност или посед, закана за насилно делување, или измама против личност или нивни посед. Спротивно од пацифизмот, принципот на нон-агресија не ја исклучува  употребата на сила во полза на самоодбрана. Принципот е деонтолошки (или заснован на правила) етички став.
 
Принципот на нон-агресија е прост, но е немерливо длабок, и како таков е токму она што го бараме во нашата потрага по приварзаници на идејата за лична слобода—бидејќи неприкосновеноста на индивидуата е темелот на десничарството. Поаѓајќи од него, можеме да стасаме до секој потребен заклучок, и да ја собориме секоја неправедна идеја. Поставувајќи го принципот на нон-агресија како темел на државното уредување ја отфрламе потребата од законодавство и го намалуваме влијанието на т.н. граѓански сектор, на политичарите и на нивните суперструктурални институции. Бидејќи принципот на нон-агресија стипулира дека никој не смее на друг да му наштети, секое дејство мора да биде на доброволна основа. Принципот на нон-агресија ги прави невозможни узурпациите од страна на мали групи кои демократијата (како владеење на руљата) ги механизира. Истовремено, принципот на нон-агесија не е наивен повик на пацифизам. Напротив, принципот на нон-агресија одговорноста за својата личност ја става на рамениците на индивидуата—правејќи го принципот на самоодбрана (физичка и интелектуална) свој интегрален дел.
Доколку ја погледнеме историјата на македонскиот народ, многу лесно ќе забележиме дека принципот на нон-агресија е токму она што е во постојана фаза на прекршеност, до толку што ова е главната тема на македонскиот фолкор. Делувањето на историското ВМРО—спонтаниот ред којшто се устроил околу организацијата и борбата за самоопределба е најлуцидно олицетворение на приниципот на нон-агресија во македонската историја. Комунистите во втората половина на двесеттиот век понудија своја измрсена верзија на овој принцип во нивната заложба за еднаквост—но истовремено влегоа во жестока борба со НАП-от од простата причина што колективизмот не ја признава индивидуата и нејзиното природно право да постои (што неизбежно значи да содејствува со природната средина и поединечно да се развива). 
Во пракса, принципот на не-угнетување се прекршува со присилното образование на младината во владини центри за индоктринација; во даночењето; во субевнционирањето на одредени индустрии; во лиценцирањето на професии; во државниот монопол врз монетарниот, правосудскиот, и коловозниот систем; во отворањето на државните граници на туѓинци; во државно-санкционираното загадување на околината од привилегирани странки; во државното финансирање и општо контролирање на културно-забавниот и радиодифузен простор; во масовната државна администрација; во оперирањето на социјалната држава, итн. Но, најгрубото и најжестоко прекршување на принципот на нон-агресија претставува постојаната повреда на приватноста и приватната сопственост. Во Македонија ова е проблем со длабоки корени и широко распостранети гранки. Додека зачетоците на полициската држава на овие простори можеме да ги најдеме некаде во средината на деветнаесетиот век, нејзината завеса сѐуште не сме ја виделе да падне.
Полициската држава во Македонија е жива и здрава и ден денешен, пред сѐ поради синџирот на корупција којшто македонскиот народ не сака да го скрши. Оваа реалност секако не е нерационална, туку е резултат на државната доминација врз економијата. Без разлика дали некој е работник или бизнисмен, уметник или интелектуалец, спортист или лекар, неговиот успех во животот пред сѐ зависи од статусот којшто истиот го ужива со партиската полиција: пријател или непријател. Идеолошката полиција бара пријатели—а пријателството со неа се остварува на само еден начин: кодошејќи, клеветејќи, и завернички делувајќи против своите сограѓани. Мисијата на апостолите на новата десница мора да биде кршењето на синџирот на корупцијата преку образувањето на своите сограѓани за далекусежните последици на нивното кокетирање со тајната полиција.
Многумина од оние коишто се сметаат за конзервативци во принципот на нон-агресија гледаат штура идеологија, бидејќи тука го нема Господ, ја нема татковината, го нема капитализмот, нема морални вредности; туку само четири збора: остави ме на мир. На тој начин „конзервативците“ само си ја издаваат својата интелектуална мрзеливост. Тоа што НАП-от вели дека секој е слободен самиот да си наштети на себе си сѐ додека не му штети на друг, автоматски не значи дека сите треба да бидеме либертини, проститутки, зависници на опиум, и растурикуќи. НАП-от се заснова на фактот дека човекот е себичен, разумен, и дека има интелектуален капацитет да го воочи природното устројство. Човекот е себична појава, и од тоа нема бегање; но тоа не значи самото по себе дека човекот оставен на сопствените уреди само ќе знае да се однесува како див ѕвер.
Внимателниот читател ќе забележи дека јас не зборувам за капитализмот, и за неговата супериорност врз социјализмот како основица на десничарската идеологија. Тоа не е случајно. Капитализмот не е идеологија, туку е пракса—и затоа капитализмот не треба да биде темел на десната идеологија. Оставени на мир, но и без мрежа на социјална сигурност—бидејќи нејзиното финасирање е присилно, и на тој начин се прекршува НАП-от—луѓето неизбежно мораат да ги практикуваат механизмите на слободниот пазар, да штедат и да инвестираат—доколку имаат желба денес да живеат подобро од вчера, а утре подобро од денес. Но, џабе капитализам—т.е. формално-правно слободен пазар—доколку Државата е слободна на еден или друг начин да го конфискува заработеното. Капитализмот—како систем на доброволна, мирољубива соработка—спротивно на марксистичките критики, не може да опстои во општество каде што приватната сопственост е незаштитена. Принципот на неповредливост на индивидуата е она што го дава тој механизам. 
Реформацијата на десницата—т.е. оформувањето на корпусот на новата десница мора да започне од темелот. Идните приврзаници на десницата мора да бидат интимно запознаени со логичното образложение на принципот на нон-агресија; за разлика од догматичното завивање на капитализам, криптовалути, Господ, и татковина. Само така можеме да бидеме од поголема вредност за нашето друштво од преварантите на три кибритки кои уста пенат фалејќи го капитализмот, а кои практикуваат корупција и клиентилизам. Ќе се послужам со корисна аналогија: Џабе ни е ако ги рецитираме Десетте заповеди доколку не ја разбереме суштината зад нив: почитувај го створителот и створеното, не кради, не лажи, не љубомори, не прељубувај, не убивај, не верувај на секому (имај разум—штити се себе си), почитувај ги старите, соработувај со комшијата. Просто речено: биди корисен и немој да уништуваш. Убедувањето дека овие заповеди треба да се почитуваат од страв дека ќе нѐ казни невидливиот човек кој живее зад облаците го карикатуризира карактерот на овие природни (Божји) закони. Секоја Мојесејова заповед во себе содржи принцип којшто се издестилирал низ вековното содејствување на неговото племе со природата и општеството. Доколку знаеме дека друштвото напредува кога напредуваат неговите поединци—бидејќи само поединците дејствуваат—и дека напредокот е заснован на создавање, штедење и инвестирање (комплексно создавање) тогаш можеме да видиме зошто крадењето е грев. Крадењето е непожелна појава, не затоа што ќе се налути Дедо Боже, туку затоа што го оштетува создавачот и му ја попречува можноста да инвестира. Попречувајќи го поединецот да напредува, целото општество страда како последица. Лажењето е непожелно затоа што не ни дава можност реално да ја согледаме состојбата на работите, што ги прави последователните одлуки засновани на грешка и на тој начин го води целото друштво на погрешен пат. Мамењето е повреда врз личноста и поседот на измамената странка. Љубомората е желба за крадеж. Непочитувањето на постарите ги оддалечува младите од мудроста којашто првите ја акумилирале низ своите содејстувувања со животната средина, итн.
Следејќи го НАП-от до својот логички заклучок безусловно доаѓаме до заклучоците дека патријархијата, кохезивноста на друштвото, самодисциплината, и слободниот пазар се општествено најпожелните појави. Но, истовремено се изземаме од праксата прислино да ги наметнуваме овие заклучоци врз оние чиишто умови учат исклучиво од своето искуство; или пак коишто немаат амбиција да живеат подобро. Разликата е што следејќи догма му улиме на Господ отфрлајќи го најголемиот дар со кој тој нѐ почестил, одбивајќи да го рабереме Космосот којшто тој грижливо го изградил; додека при следењето на НАП-от се служиме со највредната дарба со која Господ нѐ надарил: разумот.
Да се разбереме: ние сме во потрага по нова десница, не по „нов човек“. Човекот, каков што ѐ е доволен, бидејќи е надарен со разум, сочувство, и нагон за опстанок; а принципот на неповреда на индивидуата е прост и логичен. Луѓето се луѓе, она што ги разликува резултатите на нивните напори е системот на нивното друштвено уредување. Она што го направило Западот напреден до степенот којшто денес го сведочиме не била социјалната држава, туку почитувањето на принципот на нон-агресија, од што како секундарни појави се појавиле слободните пазари, образовните институции, добротвотрните организации, итн, а како резлутат на овие пракси и институции сиот материјален просперитет на овие држави. Затоа не треба да изненадува што во овие идеолошко матни времиња кога Маркскизмот се обидува да ја повтори Револуцијата од пред еден век, Мизесијанското либертаријанство е идеологијата која најбргу се шири. Затоа, заборавете го мртвиот коњ наречен ВМРО-ДПМНЕ. Тој и онака е само конструкција на  политичко-полициското подземје и никогаш нема да биде дом на десницата. Наместо тоа, да тргнете во мисија да оформиме нова десница. А, доколку сме искрени во нашите тврдења дека сме за нова десница, тогаш процесот мораме да го започнеме од темелниот послтулат: заштитата на основната општествена единица—човекот.
16-09-2017, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Дваесет и три илјади величествен

[Image: reforms-2-copy.png]

17.09.017
Неколку факти дека Реформите успеваат: На нашата прва конференција беше побарана реформа и измени на статутот во партијата за нејзина целосна демократизација, односно внатрепартиски избори на секое ниво. Нормално, до ден денешен немаме одговор за нашето прво барање го, барем не во писмена форма. Затоа, во сите други форми ни беше испратена порака.

[Image: 15747645_10210128828690611_8990307746506854017_n.jpg]

Пишува: Александар Цезар Коневски

ФАКТ 1: Внатре, во ВМРО-ДПМНЕ, веќе два месеци се одвива внатрепартиска кампања. „Големиот лидер“ на една од телевизиите рече дека реформаторите се 5-ти, 6 ти ешалон (што значи, во мермерната палата постои прв и втор) и се една мала група која одработува за некои други сили и ќе се срамат додека се живи. Дури и пред внуци ќе сме се срамеле.
Но, работите се сменија само за два месеци, па „Големиот лидер“ почуствува дека 5-6-от ешалон добро се организира, па си тргна во кампања со сите сили. Низ сите штабови против Реформаторите, во борба за секој член. Нормално, и ние тоа го правиме, секој ден на терен – борба за секој член. Само, имаме различни понуди. Нашата е демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, нивната е: се враќаме за девет месеци и ќе добиеш место во државата какво не си имал ни на сон. Или, мисли му ја, кој ти даде работа? Деновиве, станаа „поинвентивни“, па ја „надградија“ понудата. Дознаваат кој се приклучил кон спасот на Партијата, па му се нуди место на советничките листи. Мора да признам дека, на тој начин, им успеа да си вратат деветмина. Нејсе, и тоа ќе мине.
ФАКТ 2: Наш најголем успех за овие месеци е што бевме искрени. Нема веќе: повелете, листа со наши луѓе кои ние ”недопрливите” ги избравме по пат на телефонска анкета, сега вие напишете по десет члена од вашето непосредно опкружување, потоа, тие да напишат нивни десет итн. И сите марш на терен до крајот на изборите, па ќе се видиме на наредните. Тоа веќе не поминува. Доказ е Струга, Бутел, Радовиш, Велес, Гевгелија итн. За Битола и да не зборуваме. Таму не се ни појавија, а кандидатската листа ја пратија по електронска пошта. Членството почна да си поставува нормални прашања: Кои се овие луѓе? Коj e начинот на избор? Зошто баш нив? И ете проблем: некој мора да одговори! Но, нема храбар човек меѓу приврзаниците на Груевски, па ги напуштаат штабовите за седум до десет минути, кутрите. ФАКТ! ЧЛЕНСТВОТО СЕ ВРАЌА ВО ЖИВОТ.
Мали тајни како успеваме… Веќе сум досаден со тоа дека почнаа осуммина. Се направи прв прес, потоа ТИШИНА, сите збунети и со прашалници: можно ли е ова во ВМРО ДПМНЕ? Кои се луѓево? Сигурно е некое масло на Никола Груевски? Првата недела, срамежливо и исплашено се приклучија неколку стотици членови, од кои 15 беа уфрлени да пренесуваат информации.
После некое време: БУМ! Уште еден прес со стотина членови… Гордо наредени, кој пред камера, кој во сала и тоа пред само два медиума, од кои едниот со нарачани прашања. Потоа, радио емисија „Стадион“ кај Столе Наумов во Канал 77, па трибината „Реформаторите без табу теми“ организирана од ЦИВИЛ… Најголемиот товар за јавно охрабрување на членството го понесоа Алек и Петар (секоја чест за сè што издржаа првиот месец). Дури и јас бев во канцеларијата на еден многу истакнат член, близок до НГ, еден час и четириесет минути на „обработка“. Тој ми раскажуваше што сè ќе им се случело на Алек и Петар, дека јас сум добро момче, дека не ми е местото со нив… Потоа, со свои јавни настапи се уфрлија Перо Струга, Цаци, Иљо, Панче, Драган, Никола, Иван, јас… Потоа, почнавме со формирање ќелии, секоја со по тројца, кои функционираат и сега. Понатаму, ги организиравме панел дискусиите во Штип, Битола и Скопје.
Од Битола, како што и му доликува на конзулскиот град (наспроти она: Битола нема аеродром), се испрати јасна порака до НГ: Оставка од ВМРО ДПМНЕ. Настана вистински земјотрес. Се случи и посетата во Брисел и бројните средби со високи претставници на Европскиот парламент и сестринските партии. Нашите бриселски соговорници препознаа свежа и храбра енергија која НЕДВОСМИСЛЕНО чекори по патот кон ЕУ и НАТО. Следеа јавувања од сите страни, од секој град, редовни средби со секој член кој сака да се приклучи. Така стасавме до бројка од 11.000 илјади луѓе.
Излеговме со Декларацијата „Европско ВМРО за Европска Македонија“ која допре до стотици илјади граѓани и ги придобивме нивните симпатии. Ќелиите се намножија, веќе во секој град има по неколку. Така, до состанокот пред една недела, на кој си дадовме задача да се преброиме. По пребројувањето, сфативме дека не сме доволно, „само“ 23.000 илјади, наспроти сите глупости на НГ и неговите другарчиња. Сепак, констатиравме дека мора да се стегнеме, бидејќи ни требаат многу повеќе. Продолжуваме!
17-09-2017, 05:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Quote:РЕФОРМАТОРИТЕ ОТКАКО ПРОМОТОР ИМ СТАНА ЦИВИЛ, СПОРЕД МЕНЕ ТРГНАА ПО БУМБАРОТ А БУМБАРОТ ВОДИ САМО НА ЕДНО МЕСТО!!

[Image: 178044b1339d92618b3b1af938fc75de_L.jpg]
  
Јордан Петровски 17.09.2017
Се израдував кога ја слушнав оваа изјава:

Quote:„Тргнувајќи од историската автентичност на ВМРО како македонска организација нераскинливо вградена во институционирањето на Република Македонија како независна и демократска држава, а согледувајќи ја актуелната состојба во која се најде нашата партија на целосна внатрешна и надворешна изолација, како резултат на недостигот од внатрешен демократски капацитет, денес ве информираме дека е конституиран Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. Првична цел на делување на штабот ќе биде измена на статутот, со што ќе се внесе демократски дух во партијата, а согласно европските стандарди и заложбите на европските сестрински партии“.

Бидејки после долги години, поточно од згаснувањето на „Докторското Крило“ во Куманово за прв пат слушнав дека се појавиле луѓе кои точно го детектирале проблемот во ВМРО ДПМНЕ и чии видувања за решението на проблемот во ВМРО ДПМНЕ коренспондираат со онаа за што јас се залагам и пишувам: 

Quote:
Изборот мора да се отпочне со САМОКАНДИДИРАЊЕ и овој пат мора да тргне од Опшинските Комитети, тие да бидат првите филтри на патот на кандидатите кон финалната битка . Финална битка со јавна ТВ дебата помеѓу неколкуте кандидати кои ке се “пробијат“ до финалето и избор несмее да биде на конгерс туку со гласање на сите членови на партијата. Гласање кое ке одвива во просториите на Опшинските Комитети.

Пред да се појават со јавен проглас и со тоа да дознам за РЕФОРМАТОРИТЕ, испровоциран од појавата на разноразните спасители на вмро ДПМНЕ го напишав следново:

Quote:Во ова време—невреме веке почнаа да се јавуват многу „загрижени“ вмроОВЦИ што нудат решение за спас на вмро ДПМНЕ. Загрижените вмроОВЦИ како спасители на партијата нудат луѓе кои биле дел од криминалната и антимакедонската власт на Груевски и братучедите!! Луѓе кои молчеле за криминалите, луѓе кои и денеска не го осудуват Груевски, луѓе кои наместо после првите „бомби“ да побараат оставка од лидерот, тие се впуштија во беспоштедна одбрана на екс-Премиерот. Спас на ВМРО дпмне не е можен ако во Партијата остане и еден човек кој бил дел од власта на Груевски, како во партиската, така и во извршната власт. Без темелно чистење нема можност да се отстранат инсталациите на  Службите: УДБА и КОС-ОПЕРА во партијата.  Единствен начин за чистење на партијата е да се спречи човек на СЛУЖБАТА повторно да биде поставен за нејзин лидер!! За да не дојде повторно човек на Службата на чело на ВМРО ДПМНЕ ке се обидам преку текстов да објаснам некои работи. 

Напишав текст под наслов „ДАЛИ СЛУЖБАТА ПАК КЕ ИЗБЕРЕ ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ со кој се обидов да го пренесам искуството кое го стекнав/ме 1998-2000 година, во обидот спречување на криминализацијата и султанизацијата на партијата!!

Еве едно од десетиците мои мислења со подршка на иницијативата за демокрратизирање на ВМРО ДПМНЕ искажани на Фејсбук: 

 
[Image: a.m.ww.png]
Quote: 

Но како одминуваше времето никако да се појави ветениот нов СТАТУТ, никако РЕФОРМАТОРИТЕ да го понудат на членството, да одат по општинските комитети и да го чујат мислењето на членството за СТАТУТОТ и така да обезбедуваат подршка за свикување на вонреден конгрес, единствен начин да се смени СТАТУТОТ и да се избере нов преседател!! РЕФОРМАТОРИТЕ одбраа друг, за мене нелогичен пат, држеа и држат трибини на кои беше представуван документ во кој детално се претставени проблемите и конкретните решенија, според кои, ВМРО-ДПМНЕ треба да се реформира, со цел да стане современа и демократска партиска структура ама СТАТУТОТ го нема!!  Но затоа полека РЕФОРМАТОРИТЕ се наметнуваат како водачи на некое членство, водачи кои по ниедна основа немат легитимитет!! Немаат легитимитет бидејки НИКОЈ не ги избрал. Да потсетам, тие самите се промовираа во подготвувачи на нов СТАТУТ и ништо повеке од тоа!! Дали свесно или не РЕФОРМАТОРИТЕ го голтнаа кукавичкото јајце кое како „добронамерен совет, мислење“ им е пласирано од некои за РЕФОРМАТОРИТЕ битни подржувачи? Според мене тоа е НВОто ЦИВИЛ кој е промотот на РЕФОРМАТОРИТЕ!! Можеби грешам, ама моето познавање на работата на СЛУЖБАТА ми вели дека сум во право, бидејки според онаа што РЕФОРМАТОРИТЕ сега го прават--впуштање во решавање на прашања , враќање на соработка со САД, ЕУ--се работи кои ги прави легитимно избрано раквоводство.

Дека настанала комплетна промена во начинот како РЕФОРМАТОРИТЕ гледат решение за демократизирањето на ВМРО ДПМНЕ се виде од посетите на Брисел и САД. 
Во САД, Александар Михајловски говори во име на членството, говори за цели на партијата, говори како да е избран од членството на партијата. Кого преставува Александар Михајловски во тие свои настапи, од кого е избран да говори во име на членството? Значи, заложбата на РЕФОРМАТОРИТЕ за демократизирање на партијата која беше најавувана дека ке се случи со носење на нов СТАТУТ се изроди во самоизбор, самопрогласување на водачи на партијата. Каде е изборот кој ке потекне од општинските комитети? Каде е избор во кој секој член ке учествува во изборот на лидерот?? Го нема!! 
Еве неколку скенови во кој Михајловски говори за некои свои видувања или видувања на групата РЕФОРМАТОИ. Би сакал да верувам дека несвесно погрешно се изразува кога вели  дека така мислат и „членовите на партијата“. Инаку, кои и колкуна се тие членови во чие име тој говори? Дали тие членови се мнозинство во партија Александар неможе да каже, бидејки тој податок ,може да биде познат само после избори во партијата!!

[Image: A._M_WW.jpg]
 
 
Неколку збора за Руското влијание против кое РЕФОРМАТОРИТе ке се борат. Се поставува прашањето „Во која форма ке се оставри Руското влијание, со окупација на Македонија“?? Сигурно не! Формата на Руското влијание ја знаеме сите многу добро, а таа е најавена и во документите кои ги изготвил Југословенскиот воен врв кон крајот на првата половина на осусмдесетите година на минатиот век. Формата на Руското влијание е преку опстанувањето на КОМУНИСТИЧКИТЕ СИСТЕМИ во што повеке држави во светот. Планот го обзнанил и генералот Мамула во своите мемоари. Мамула опишува како ке се врати комунизмот, односно комунистичкиот систем. Мамула вели, парафразирам: ке направиме приватизација, ке се притаиме додека трајат националистичките еуфории низ бившите комунистички држави и потоа кога сето тоа ке се примири пак ке ја превзмеме власта. СДСМ колку сака нека говори дека прави се за да го елиминира Руското влијаие ама на тоа ке веруваат само луѓе кои незнаат ништо за тоа што се случувало во изминатите 27 години и луѓе кои се одработувачите за опстанок на Руското влијание во Македонија. Советот за култура кој го избра министерот Алајџозовски е составен од елитата на комунистичкиот агинтроп. За членови на таа комисија се што е десничарски ВМРООВСКИ сваќања е фашизам. Односно десничарите се фашисти, како и во времето на Југославија. За сиве овие години само глуви и слепи луѓе не видоа и не слушнаа дека антифашизмот е само реторика за прикривање на комунистичкиот начин на водење со државата!! Да не се враќам на власта на Груевски бидејки таа е минато ке посочам на тоа колку новата власт е антируска!! Во комисијата за реформи на судството се луѓе кои го крешеле Уставот заради прогон на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ неистомисленици, односно се луѓе кои продолжиле да ја употребуваат Тајната Полиција исклучиво за зачувување на комунистичкиот систем, дека тоа е така постои пресуда на Канадски суд!! Дека пресудата на Кнадскиот суд не е осамено покажува и мислење на Венецијанската комисија со кое се посочува дека Македонија не го сменила комунистичкиот систем ни со носење на Уставот од 1991 година ни со иснталирање на повекепартизам!! За да направите една проверка на ова што го пишувам побарајте дали има текст од лидерот на НВОто, Џабир Дерала, во кој се говори за Неуставните употреби на Тајната Полиција, во кои се говори за носителите на тие прекршувања и во кои се бара осуда на луѓето кои биле носители на функции кои го осмислиле или овозможиле тоа!! Направите и проверка дали таков текст објавил Цивил Медија од било кој автор! Без рушење на комунистичкиор систем нема прекинување на Руското влијание!!
 
18-09-2017, 07:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:Интервју-Александар Михајлоски, реформатор од ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е политичар од минатото и таму треба да остане


September 30, 2017


Фото: Борче Поповски

Притисоците не даваат резултат, туку напротив дополнително ја зголемуваат определбата на нашите поддржувачи, со цел унапредување на демократијата во партијата, а пред сè правото на слобода и говор.
 
Мартин Богатиноски

Реформите во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се неопходни со цел да се врати довербата кај граѓаните, но и партијата да се врати во рацете на членовите и конечно да се ослободи од политичката изолација во која плива со години наназад, вели Александар Михајлоски од иницијативата за спроведување реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека ова не претставува внатрешна борба за власт, туку напротив, обид за демократизација и враќање на силата кај обичното членство. Михајловски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 година, а политичката кариера ја започнал како претседател на Правната комисија и на Комисијата за надворешна политика во партијата, а исто така бил член на Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и член на Унијата на млади сили. Речиси целиот живот го посветил на оваа партија, но како што и самиот раскажува, високото раководство ги преминало сите граници и токму сега е моментот да се направат потребните реформи во партијата, но и смена на кормилото во ВМРО-ДПМНЕ.
 
  1. Реформите во ВМРО-ДПМНЕ за кои се залагаат дел од актуелните членови од партијата во голема мера го привлекоа вниманието во јавноста. Постојат ли уште притисоци и закани?
 
– Притисоците се очекувани и ние бевме подготвени на тоа. Реален проблем се притисоците што им се вршат на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, односно оние членови што јавно ја поддржаа иницијативата за демократизација на партијата. Ние како иницијатива ја започнавме акцијата „ѕид на срамот“, каде што јавно ги објавуваме партиските и другите функционери што се закануваат со бркање од работа, назадување на работните места и слично. Ваквите притисоци не даваат резултат, туку напротив дополнително ја зголемуваат определбата на нашите поддржувачи, со цел унапредување на демократијата во партијата, а пред сè правото на слобода и говор. Во ВМРО-ДПМНЕ мора да се престане со практиката да биде етикетиран секој член што размислува поинаку од лидерот. Тоа е во целост спротивно на конзервативната идеологија.
 
  1. Во групата реформатори“ досега се приклучија голем број активни членови на најголемата опозициска партија. Какви се нивните лични реакции и очекувања, но и какво е расположението во сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ?
 
– Реакциите на сите оние што се приклучија кон иницијативата се искрени и позитивни. Повеќето ја препознаваат потребата од реформи, пред сè во правец на демократизација на партијата, како и промена на политиките на партијата. На сите членови во партијата им е јасно дека нема иднина без суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Јасни се пораките од членовите, домашната јавност и од нашите пријатели од европските народни партии. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија помина повеќе фази во своето постоење и оваа фаза на целосна приватизација на партијата и кочење на природните процеси за внатрешни реформи ќе биде надмината. Реформите во ВМРО-ДПМНЕ ќе се случат, партијата ќе се врати кон своите корени, но како модерна конзервативна партија, која ќе биде конструктивен фактор во Република Македонија и која ќе придонесе за вистински реформи и прогрес на државата.
 
  1. Што е, според вас, проблемот во функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ?
 
– Недостиг на демократски капацитет и целосната узурпација на партијата од страна на Никола Груевски беше главниот проблем на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период. Не е спорно тоа што првите три години од владеењето на Груевски беа добри, но сепак, подоцна тој стекна популарност и почна да победува, но почна и да застранува. Партијата од демохристијанска десница се претвори во движење и започна регрутација на кадри кои не се идеолошки блиски до ВМРО-ДПМНЕ, но беа сервилни кон политиките на лидерот. На тој начин замре секоја критичка и конструктивна мисла во ВМРО-ДПМНЕ. Прво сите бевме затекнати и молчевме, но како одминуваа годините, сè поголем број интелектуалци си заминуваа. Во моментов, најголем проблем е изгубената доверба во лидерот на партијата, а тоа е последица на погрешните политики во изминатите години. Во една таква позиција, а имајќи го предвид начинот на кој се носеа одлуките во тесен круг, односно, само од еден човек, нормално е после сето тоа членството да изгуби доверба, а лидерот да си понесе одговорност.
 
[Image: BOR_2871-1024x746.jpg]Фото: Борче Поповски

  1. Во изминатиов период одржавте работни состаноци во Европскиот парламент во Брисел и остваривте повеќе средби со политичари од Европскиот парламент и од Европската народна партија. Со какви резултати се вративте?
 
– Средбите со европарламентарците што ги остваривме во Европскиот парламент беа голем успех за нас како иницијатива. Целта на нашата посета беше изворно да ги презентираме целите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и воедно да ја презентираме декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“. Оценивме дека е потребно да им покажеме на нашите партнери и пријатели во Европа дека во Македонија навистина имаат кредибилен партнер, кој силно се залага за интеграција во Европската Унија и НАТО. Во моментот, во Европскиот парламент, групата на европските народни партии е најголема и воедно во неа членуваат најсилните политички партии во Европа, како ЦДУ на Ангела Меркел, која е најголем поддржувач за проширувањето на ЕУ и интеграција на земјите од Западен Балкан.
 
  1. Каква беше реакцијата на европските политичари?
 
– На Македонија ѝ е потребна силна партија со центродесничарска ориентација, со цврсти европски вредности, за какви што се залагаме да биде реформираната ВМРО-ДПМНЕ. Потребата од таков партнер е препознаена и во Брисел, од нашите соговорници со кои остваривме средби, кои дадоа поддршка на реформите за кои се залагаме. Во нас препознаа искрена желба и заложба Република Македонија да се врати на евроинтегративниот пат, со отворен и инклузивен политички дијалог. Уверени сме дека столбовите на декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“ се цврста основа за градење напредни политики, кои ќе бидат одговор на реалните потреби на граѓаните и бизнисот.

Амнестија да, но и одговорност за местените судски случаи

Доколку констатираме дека постојат политички затвореници во нашите затвори, за што сè повеќе има уверување во јавноста, дека многу луѓе беа жртви на политички хајки и прогон, за нив правдата нема да биде задоволена само со амнестија, туку е потребно и утврдување на одговорност на лицата што ги создале таквите затвореници и нивно изведување пред лицето на правдата. Од друга страна, доколку некое лице е во затвор поради докажана вина во законски спроведена и правична постапка, без разлика дали е јавна личност или политичар, треба да си ја отслужи комплетната казна.

По изборите Груевски да си поднесе оставка на конгрес

ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори со освоени приближно 450.000 гласови и 51 пратенички мандат не успеа да формира парламентарно мнозинство и да ја состави Владата. Очекувано е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да може да го повтори овој изборен резултат, зашто е јасно е дека партијата под водство на Груевски ја губи поддршката на граѓаните и дека без суштински реформи нема да ја добие довербата потребна за да ја води Република Македонија. Искрено се надеваме дека ќе победи разумот и дека, како што Љубчо Георгиевски во 2003 година дозволи ВМРО-ДПМНЕ да се регенерира како политичка сила, сега и Никола Груевски ќе поднесе оставка, со цел да се организира конгрес и членовите ќе можат да изберат ново лидерство. Обидот да се промовираат нашите политики од страна на Груевски и начинот на кој беа прифатени од јавноста, покажува дека тој е безидеен и без концепт како понатаму да го води ВМРО-ДПМНЕ. Тој е политичар од минатото и таму треба да остане.
30-09-2017, 05:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Quote:Основање на Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ.

[Image: 22096084_140186276600443_391828548367479...e=5A48CEF4]



"За нашата борба носиме и историски завет оставен од нашите предци и тоа токму од овде, од Крушево. Овде бил кренат гласот за слобода и за убав живот на нашиот народ. Овде било повикано на обединување на сите за право, за слобода и за човечки живот. Овие зборови одекнуваат од минатото се погласно денес, кога и покрај сета наша борба и доверба која сме ја дале на водачите, ние сме повторно изневерени.

Чуму ни е слободна државата, ако во неа ние не сме слободни да живееме убав и достоен живот; ако имаме закони, а немаме правдина; ако сакаме да одиме напред, а постојано гледаме назад; ако сакаме да одиме во Европа, а не ги почитуваме пријателските држави.

Овие вредности во минатиот период беа толку нарушени, што дури се изгуби значењето на што значи патриотизам.

Затоа, дојде време, ние како македонци, повторно да ги поставиме и да ги обзнаниме нашите вистински вредности. Да покажеме што значи патриотизам во новото време. Патриотизмот денес значи да го сакаш својот народ и да работиш во негова полза, без разлика на нивните вера, народност, пол и убедувања. Патриотизам значи да овозможиш слобода на граѓаните за да го реализираат целиот свој потенцијал. Патриотизам значи развиена економија и можности за сите. Патриотизам значи Македонија интегрирана во Европското семејство, каде што припаѓа, како рамноправна членка."

Реформите ќе победат!!!
01-10-2017, 03:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

Quote:Богојески: Доколку Груевски се обиде да направи приватен конгрес, ние ќе направиме обединувачки

[Image: petar-rr.jpg]

ноември 17, 2017

Еден од иницијаторите за внатрешни реформи и демократизација во ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески во изјава за порталот „Поглед“ вели дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен обединувачки, а не приватен конгрес, од кого, според него, најмногу ќе изгуби токму партијата.

Постизборниот период отвори друга димензија на состојбите во нашата партија. Всушност, таквите случувања беа познати за нас внатре во ВМРО ДПМНЕ, но сега станаа познати за целокупната јавност. На Македонија и треба силно ВМРО ДПМНЕ, особено во период на големи одлуки. Партијата мора да учествува во истите. Патриотска должност е да се преземе одговорност за состојбите во земјата. Во таа насока, задржувањето на статус кво во ВМРО ДПМНЕ, не е штетно само за партијата, туку и за државата. Киднапирана партија продуцира киднапирана држава, без разлика за која партија да зборуваме. Демократска партија продуцира демократска држава. Едноставно, нужните демокртски промени во ВМРО ДПМНЕ не се проблем само за членовите, туку на сите граѓани на РМ и на меѓународната заедница.
17-11-2017, 04:05 PM
Reply