Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕПУБЛИЧКИ ШТАБ ЗА РЕФОРМИ ВО ВМРО ДПМНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Формиран републички штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ: Нова иницијатива за демократизација на партијата




[Image: reformi-300x160.png]


Реформатори на ВМРО-ДПМНЕ бараат внатрепартиска демократизација и предлагаат нова иницијатива која има за цел да ја разбуди свеста кај сопартијците за итната потреба од суштински статутарни реформи во партијата.

„Тргнувајќи од историската автентичност на ВМРО како македонска организација нераскинливо вградена во институционирањето на Република Македонија како независна и демократска држава, а согледувајќи ја актуелната состојба во која се најде нашата партија на целосна внатрешна и надворешна изолација, како резултат на недостигот од внатрешен демократски капацитет, денес ве информираме дека е конституиран Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. Првична цел на делување на штабот ќе биде измена на статутот, со што ќе се внесе демократски дух во партијата, а согласно европските стандарди и заложбите на европските сестрински партии“.
Со ова сакаме да направиме структурално зајакнување на партијата преку ставање акцент на членовите како движечка сила на партијата и во ниеден случај не претставува никаков обид за разнебитување, поделба и слабеење на ткивото на ВМРО-ДПМНЕ. Измените на статутот предвидуваат еднаквост и недискриминација на сите членови на партијата по национална, верска и друг вид определба.





Од партијата порачуваат дека досегашниот начин на функционирање мора да се смени и гг повикуваат своите членови и симпатизери масовно да ја поддржат иницијативата за демократизација и модернизација на партијата.



Изборот мора да се отпочне со САМОКАНДИДИРАЊЕ и овој пат мора да тргне од Опшинските Комитети, тие да бидат првите филтри на патот на кандидатите кон финалната битка . Финална битка со јавна ТВ дебата помеѓу неколкуте кандидати кои ке се “пробијат“ до финалето и избор несмее да биде на конгерс туку со гласање на сите членови на партијата. Гласање кое ке одвива во просториите на Опшинските Комитети.
(This post was last modified: 10-06-2017, 01:15 PM by ЈорданПетровски.)
09-06-2017, 03:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[b]КОИ СЕ ПОКРЕНУВАЧИТЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФОРМИРАЊЕ НА ВМРО ДПМНЕ

Александар Михајловски
[/b]
Александар Михајловски, кој денеска говореше пред новинарите, е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Правната комисија и на Комисијата за надворешна политика во партијата, член на Централниот и Извршниот комитет, и на Унијата на млади сили. Бил уредник на гласникот на УМС, „Завет“. Од 2000 до 2002 година работел во МВР, во Кабинетот на министерот како советник за односи со јавноста.

[Image: 16406656_10154482494968037_3681225674485590441_n.jpg]

Од 2002 до 2005 година бил правен застапник на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Од 2005 година работи како адвокат во адвокатската канцеларија „Михајлоски и Поповска“, а бил и адвокат на ВМРО-ДПМНЕ до 2011 година. Михајловски бил овластен претставник во Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ. За медиумите во 2016 година изјави дека сите приговори пристигнати од СДСМ и БЕСА за парламентарните избори се неаргументирани и имаат единствена цел да ја продолжат политичката криза.

[b]Петар Богојески[/b]
Бoгoјески е член на ВМРО-ДПМНЕ е од 1995 година. Бил претседател и основач на општинскиот комитет на УМС Крушево, а предводел и активности и неколку тела на партијата. Докторант на политички науки во Бугарија. Дипломира историја и право. Магистер по политички менаџмент. Работи како државен советник за недвижности и правни работи во Министерството за одбрана.

[Image: petar.png]

Бил на неколку позиции во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Царинската управа. Од 2008 е државен советник за капитални инвестиции во Агенцијата за млади и спорт и државен советник за недвижности и правни работи во Министерството за одбрана. Членува во Младинскиот евроатлански форум, Пан-европската унија и Институтот „Охрид“ во Скопје. Она што може да се заклучи од неговата биографија е дека бил носител на проектите на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на сали, спортски терени и игралишта.

[b]Костадин Богданов
[/b]
Шест години е владин агент[b] [/b]пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.Татко му бил професор на медицинскиот факултет и еден од основачите на партијата, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 1990, 1994 и 1998 година како и министер за здравство во Владата од 1998 година. Од достапните податоци може да се види дека Стојан Богданов бил прв претседател на општинскиот комитет на партијата за општина Центар. Костадин, пак, бил кандидат за советник во општина Центар на првите локални избори во 2005 кои ги предводеше Груевски.
[Image: kosta-1.jpg]
Магистрира во Мастрихт, Холандија, а кариерата ја започнува во Кабинетот на претседателот на РМ, Борис Трајковски, како помлад соработник за европски прашања и евроинтеграција.  Во јуни 2004 година ја основа адвокатската канцеларија „Богданов и Богданов”.  Костадин Богданов е редовен предавач на Академијата за судии и обвинители. Учестувал во работната група за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и работната група за кодификација на граѓанското право.

Стојчевски Александар

Александар Стојчевски е помошник директор во Секторот за правни и општи работи во Дирекција при АД за изградба и стопанисување со станбен простор. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Потпретседател на општинскиот комитет Аеродром и поранешен претседател на УМС на Аеродром.

[Image: viber-image.jpg]
(This post was last modified: 20-07-2017, 01:13 PM by ЈорданПетровски.)
09-06-2017, 03:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Разрешени иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ


12/06/2017
[Image: timthumb.php?src=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2F...w=795&zc=1]


Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои во петокот излегоа со иницијатива за промени и демократизација на партијата се разрешени. Иако очекуваа како што велеше Антонијо Милошоски демократија во партијата, тие завршија како сите кои побараа демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.
Информацијата за разрешувањето од партиски функции на реформаторите на својот Фејсбук профил ја потврди и Александар Стојчевски. Тој напиша дека се разрешени претседателот на Општинскиот комитет Центар, потпретседателот на Општинскиот комитет Аеродром, а има и жесток притисок врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи на иницијативата преку уцени и закани да се исклучат од Фејсбук групата.


[Image: vmro-grupa-fb1.jpg]
„Токму ваквата реакција го покажува големиот (не)демократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ние не се плашиме и нема да потклекнеме. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде приватна компанија на еден човек, партија на султани и поданици. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде демократска и модерна партија. Партија на силни индивидуи, каде секој член ќе биде почитуван и ќе има еднаква шанса. Еден апел и до лицата што вршат притисок врз членството да престанат со тоа, затоа што за брзо време ќе се срамат од своите постапки. Секој има право на слободна мисла и став без да биде етикетиран и шиканиран. Време е партијата да ја вратиме на членовите“, пишува Стојчевски на својот Фејсбук профил.
Во Фејсбук разговорите во кои е вклучен пратеникот Антонијо Милошоски, тој бара од членството на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од групата за реформи тврдејќи дека групата ја направиле „комуњари“. Милошоски преку свои блиски членови побарал да истото да се пренесува и на другите членови на партијата.

[Image: vmro-grupa-fb-4.jpg]
[Image: vmro-grupa-fb-5.jpg]
[Image: vmro-grupa-fb-6.jpg]
[Image: vmro-grupa-fb-1.jpg]
[Image: vmro-grupa-fb-2.jpg]
[Image: vmro-grupa-fb-3.jpg]
12-06-2017, 05:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4






Quote:Михајловски и Богојески: Притисоци има, но не се откажуваме од реформи во ВМРО-ДПМН


[Image: vlcsnap-error780-701x438.jpg]

13.06.2017
Силата и угледот на ВМРО-ДПМНЕ мора да се вратат, а раководството не може да го исклучи целото членство, велат во интервју за Макфакс двајца од иницијаторите за реформи и внатрешна демократија во партијата, Александар Михајловски и Петар Богојески. Потенцираат дека по објавувањето на прес-конференцијата, се разрешуваат активисти од партиските функции, а наведуваат и дека функционери добиваат уцени и притисоци за губење на работните места. Велат, иницијативата не е фракционерска туку реформска.
Како членови на партијата не биле информирани дека партијата го ставила партиското седиште под хипотека. Главниот мотив поради кој тврдат дека токму сега почнале да дејстуваат е фактот што партијата со 51 пратеник не успеа да формира Влада. Михајловски му одговори на Милошоски на прозивките дека се профитери и дека се повлекле во моментот кога ги загубиле „тезгите“ од партијата.

В. Маглешов
(This post was last modified: 13-06-2017, 05:26 PM by ЈорданПетровски.)
13-06-2017, 05:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Богојески за „Фокус“: Ако треба од човек на човек ќе ја објаснуваме нашата иницијатива за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ


13/06/2017

[Image: petar.jpg]

Неколку дена откако членови на ВМРО-ДПМНЕ ја промовираа иницијативата за демократизација на партијата, тие беа разрешени од партиските функции. Еден од иницијаторите, Петар Богојески, кој инаку е државен советник во Министерството за одбрана, за „Фокус“ вели дека иницијативата за реформирање и демократизација на ВМРО ДПМНЕ е започната за да успее, а од успехот на истата ќе зависи иднината на партијата.
-Се уште сме оптимисти дека раководството ќе изнајде сили во себе и ќе покаже минимум демократски капацитет за да отвори дебата на оваа тема во рамки на органите на партијата. Од тој однос зависат и идните чекори. Доколку се отвори јавна дебата, вниманието ќе се насочи кон промовирање на неколку типови на внатрепартиска демократија и избор на најсоодветниот за нашата партија, негова имплементација во Статутот и сл. Доколку не се отвори таа дебата и се продолжи со стратегијата на лична дисквалификација кон партиските членови кое се залагаат за оваа идеја, тогаш следните активности ќе се насочат кој јавна презентација на нашите предлози, акција од човек на човек, објаснување на нашите идеи на пониските партиски структури, се со цел да се обезбеди поддршка од мнозинството наши членови, вели Богојески.
Наскоро иницијаторите ќе промовираат Декларацијата за демократизација на ВМРО ДПМНЕ, која ќе стане достапна за секој член, но и за целата јавност. Истата одблиску ќе ги афирмира деталите на предлогот на оваа иницијатива.
-Нашата решителност е јасна, нашата цел е чесна и нашите мотиви се многу едноставни – ВМРО ДПМНЕ за нас е семејство. Сега истото е „нападнато“ и има потреба од поддршка од сите припадници во тоа семејство. Наша должност е да дејствуваме и да обезбедиме иднина за нашата партија, вели Богојески.
Катерина Смилева
13-06-2017, 11:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Иницијаторите за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ: Ако и Груевски се произнесе за реформи, останува уште да се договориме за нивната форма




18/06/2017

[Image: petar.jpg]

Иницијаторите за демократизација и реформи во ВМРО-ДПМНЕ реагираа на вчерашниот говор на партискиот лидер, Никола Груевски во кој тој најави реформи и „освежувања“, и велат дека ако сите се согласни дека се потребни реформи во партијата, тогаш останува да договори во каква форма ќе бидат тие.
-Ако веќе сите сме согласни дека реформите се неопходни, ако за истото и официјално се произнесе Груевски, тогаш останува само уште да се договориме за формата на истите. Ќе правиме површни или суштински реформи, ќе се освежуваме или ќе се демократизираме, ќе се занимаваме со спомените или ќе градиме иднина?, вели Петар Богојески, еден од иницијаторите за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Републичкиот штаб за реформи на ВМРО ДПМНЕ постигнал молскавичен успех и за само една недела од своето јавно промовирање, барањето за реформи во партијата станало реалност.
Тој за „Фокус“ вели дека има обиди тие да се замолчат, односно им се бришат објави од Фејсбук групите со кои тие извествуваат за своите чекори со тоа што тие содржини се пријавуваат како „спамови“ за Фејсбук да ги избрише.
-Зад бришењето на интервјуто на Александар Михајловски се сомневаме дека стои добро организирана платеничка структура, која веќе години наназад ги малтретира и им се заканува на членовите на ВМРО ДПМНЕ и им води евиденција кој на кого му ставил лајк… таа пракса и тој начин на закани ќе биде минато после реформирањето на ВМРО ДПМНЕ!, вели Богојески.
Катерина Смилева
18-06-2017, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ВМРО-ДПМНЕ може да се реформира само одвнатре, а не да се гушат промените

Интервју Михајлоски - Стравувавме и кога Георгиевски замина, но членството сака промени



18 Јуни, 2017
Групата на „реформатори“ на ВМРО-ДПМНЕ кои неодамна најави дека бараат внатрешни промнеи не се откажуваат и полека го придобиваат членството на нивна страна. Нивната замисла за промени во ВМРО не е само персонална туку подазбира целосна промена на начинот на кој се носат одлуката за поголема внатрепартиска демократија. За нивниот ангажман веднаш добија етикети дека се предавници и платеници, па како ќе продолжат активностите за барање промени разговараме со Александар Михајлоски еден од предводниците на републичкиот штраб за реформи.

[Image: reformatori-vmro.png]

Фактор: Зошто токму сега поведовте иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Критики кон раководството на партијата и начинот на кој функционира имаше одамна, но истите дури сега добиваат организирана форма од ваша страна?
Михајлоски: На прес конференцијата на која што го објавивме формирањето на Републичкиот штаб за демократски реформи во ВМРО-ДПМНЕ ние посебно истакнавме дека се работи за внатрепартиска иницијатива за демократизација на партијата. Оваа иницијатива е покрената од членови активисти на ВМРО-ДПМНЕ, кои подолг временски период не се согласуваат со начинот на раководење на партијата, но поради кризата во која што се најде партијата со објавување на т.н. „бомби„, сметавме дека излегувањето во јавност пред одржувањето на парламентарните избори 2016 година би можело да се искористи од страна на други политички субјекти за да се ослаби позицијата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Во таа смисла ние активно учествуваме на изборите, партијата освои 51 пратеничко место, а сепак не успеа да формира парламанетарно мнозинство и после 11 години на власт премина во опозиција. Од наша страна сочекавме да видиме дали во органите на партијата ќе се отвори сериозна дискусија за тоа кои се причините поради кои партијата не успеа да формира влада, но наместо дискусија ние добивме најави за внатрепартиски кадровски „освежувања„, а како дополнителен товар и меѓународна изолација. Во тој момент почуствуваме дека мора да се излезе јавно со цел да ја разбудиме свеста кај членовите, дека ВМРО-ДПМНЕ после 11 години власт, се наоѓа во исклучителна незавидна позиција, дека партијата оди во опозиција и покрај тоа што победи на изборите, а дополнително е целосно меѓународно изолирана со тенденција доколку не се направат соодветните реформи за демократизација да се сведе на декор-партија на македонската политичка сцена. Сакам да нагласам дека реториката на барање надворешен непријател во лицето на меѓународната заедница е целосно неприфатлив за нас, но и за поширокото членство на партијата. Тезите дека некој од надвор се мешал во внатрешните работи на државата само дополнително ја комплицираат меѓународната позиција на ВМРО и не допринесуваат кон реформите за демократизација, напротив, ВМРО доколку продолжи по овој курс, за кратко време ќе се соочи со дополнителна маргинализација на внатрешен и надворешен план.

[Image: reformi-660x330.png]

Фактор:  Дали покрај реформите во начинот на кој се раководи со партијата ќе поднесете и иницијатива за смена на лидерот Никола Груевски, па дали гледате потенцијален негов наследник?
Михајлоски: Нашата иницијатива е за суштинска демократизација на партијата. Притоа се уште не сме размислувале на потенцијален наследник, ниту за потенцијални имиња во партиските органи и тела. Многу е важно да се истакне дека ние не сакаме и нема да одиме со лична дисквалификација кон ниту еден член на партијата. Конечно, реформите мора да ги прифатиме сите ние и да ги спроведеме заеднички, а со цел да не се дозволи раслојување на членството, формирање на нови фракции или нови партии.
Ќе повторам, ние не се бориме за персонални реформи, ние бараме суштински реформи кои ќе резултираат со возобновување на десно-центристичката идеологија и воспоставување на нови партиски стандарди, излегување од меѓународна изолација и победа на следните избори. Убеден сум дека 90% од членовите на Извршниот комитет и Централниот комитет ја разбираат потребата од реформи и ќе ги подржат предстојните реформи. Во овој момент многу од нив тајно ни пристапуваат со цел да се запознаат попрецизно со нашите идеи за начините на кои би се реформирала партијата, но за жал се уште кај дел од нив постои разбирлив страв од неизвесност. Но нека се присетат само каков страв од неизвесност имавме сите ние заедно кога Љубчо Георгиевски го напушти кормилото на партијата и Никола Груевски стана новиот лидер на ВМРО. Тогаш никој па дури ни сегашните негови најблиски соработници не веруваа дека е можно повторно да дојдеме во позиција да формираме влада. Но тоа сепак се случи за неполни 3 години.
Ова е посебна пригода, 27 годишнина од основањето на нашата Света партија ВМРО-ДПМНЕ, па би сакал јавно да им порачам на сите добронамерни членови, но и на оние кои се уште се двоумат дека времето за реформи е дојдено и тие реформи мора да ги направиме сите заедно. Мора заеднички да го позиционираме ВМРО како носечки столб на Самостојна и Независна Република Македонија, почитувана од соседите и целата меѓународна заедница, дел од Евро- Атланските структури, со развиено стопанство и слободна економија. Држава на рамноправни граѓани, еднакви пред законот.

[Image: alek-m2.png]

Фактор:  Откако го формиравте Републичкиот штаб веднаш пристигнаа голем број на критики од повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ве нарекуваат профитери кои добро заработиле благодарение на партијата, а дека штом ви секнале изворите на пари сте го кренале гласот?
Михајлоски: Во моментот кога одлучивме да ја покренеме иницијатива, сите бевме свесни дека ќе наидеме на критика од страна на дел од раководството, кое директно или индиректно учествувало во доведување на партијата во оваа позиција. Тие сакаат да нема полемика, да не се говори на темата, сите да молчиме, па во таа смисла, тие одлучија да ја применат стратегијата „уби го гласникот, без да ја отвориш пораката„. Ние нема да дозволиме да ја сменат темата, нема да се вклучиме во тие меѓусебни дисквалификации кои само носат штета на имиџот на ВМРО-ДПМНЕ. Внатре во партијата членовите добро знаат дека иницијативата е покрената од долгогодишни членови во партијата, кои сме имале голем придонес во победите на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година па до денеска. Без разлика на личните дисквалификации, етикети, шиканирања, закани и уцени, ние ќе продолжиме затоа што искрено веруваме дека со прифаќање на нашата иницијатива партијата ќе може да се прероди како модерна и демократска партија. Верувајте дека од нашите средби на терен 90 отсто од членовите ја поддржуваат нашата иницијатива, но поради наметнатиот страв, во овој момент само одреден процент се подготвени јавно да излезат. Ние говориме во нивно име и тој процент секој ден се повеќе и повеќе ќе се зголемува, членовите ќе се охрабрат и јавно ќе се говори во сите форуми на партијата.
За нас е разбирлив анимозитетот кој се јавува кај некои членови на раководството на пратијата, кои преку инсинуации, етикетирања, омаловажувања и невистини  сакаат да не дискредитираат и да ја загушат идејата за реформи. Со сите нив сме лични пријатели и долгогодишни партиски другари. На нив би им порачал дека нема потреба од зли мисли и пизма и дека ние ни во иднина нема да возвратиме на ниските и недостоинствени удари и омаловажувања и ќе продолжиме преку затворени и јавни дебати да ги убедиме во потребите за реформи. И ќе ги убедиме во тоа, сигурен сум.
Фактор: Дали ќе се сложите дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најзатворените партии во Република Македонија, ставот за сите прашања и политики е монолитен, речиси јавноста и да не знае дали воопшто постои простор за дебата во партијата?
Михајлоски: Токму затоа ја покренавме иницијативата, за да го смениме начинот на функционирање на партијата. Ние сакаме партија на силни индивидуи, во која, секој ќе може во сите форуми на партијата јавно да го искаже својот став, критика, несогласување со одредна политика.
Ние всушност се доведовме во оваа ситуација токму поради неовозможување, па ако сакате и загушување на секоја јавна критика, на непостоењето на дебата, на непочитувањето на одредени ставови на поединци, кои со текот на времето се покажаа како правилни и издржани. Да ве потсетам на кратко дека ние ги испочитувавме сите ставови на лидерот во време на 3 годишната криза, иако не се согласувавме со повеќето од нив. Но за да не ја разгоруваме и онака тензичната политичка состојба не баравме партиски реформи.
Сега, после 3 годишна тешка политичка криза, во која во одреден момент беше ставена во залог и државноста на Р. Македонија, кога поделеноста во граѓанското ткиво е неподнослива, кога комуникација помеѓу политичките субјекти е сведена на меѓусебни тешки навреди и омаловажувања, никој повеќе не може да ја оспори потребата од реформи во ВМРО, после кои реформи ќе се добие нова енергија, а позициите на внатрешен и надворешен план ќе бидат значително подобрени.

[Image: alek-m3.png]

Фактор:  Кои ќе бидат следните конкретни чекори на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, имате ли поддршка од поширокото членство?
Михајлоски: Ние имаме конкретен план во четири чекори за суштинските реформи во партијата. Првиот чекор е демократизација на партијата што значи менување на статутот на партијата, со напуштање на централизмот и назначување на функционерите од страна на централата, и со воведување на тајни и непосредни избори од страна на членовите. На тој начин врз основа на принципите за недискриминација по етничка и верска припадност,ќе се отвори еднаква шанса за секој член да биде избран за некоја партиска функција и легитимитетот органите ќе го црпат од членовите. Исто така ќе предложиме, неспоисвост на функции и јасно дефинирање на одговорностите на партиските функционери. Ваквите промени во статутот ќе бидат предуслов за вториот чекор, а тоа е генерален реизбор на сите партиски органи на тајни и непосредни избори со што ќе се овозможи обединување на сите луѓе со вмровска иделогија внатре во партијата. Третиот чекор ќе биде промена на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, преку промовирање на конзервативна десно- центристичка идеологија во која семејството и семејните вредности ќе го завземат вистинското место во опшеството. Ќе бидеме конструктивна опозиција и ќе се залагаме за олабавување на меѓупартиските стеги и недорабирања, преку намалување на политичките тензии, бидејќи сепак, СДСМ е наш политички противник, а не наш политички непријател. Четвртиот чекор ќе биде деизолација на партијата, како внатрешна, така и надворешна со што партијата ќе биде фактор за стабилизација во Македонија.
Фактор:  ФРОДЕМ посочи дека ја поддржува вашата иницијатива ако е таа навистина чесна и искрена и смета дека тие веќе претходно подготвиле програма за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Дали би соработувале со нив и каков е ставот кон ФРОДЕМ?
Михајлоски: Како што кажав ние сме внатрепартиска иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Ние не сме различна партија, ниту размислуваме да бидеме. Сите ние кои сме дел од оваа иницијатива сме долгогодишни членови на партијата, од кои некои со повеќе од 20 години партиски стаж, така што подметнувањата дека ќе сме оформеле некој нов политички субјект се целосно неточни. ВМРО не може и нема да биде реформирана од надвор. ВМРО мора и ќе биде реформирана согласно внатрепартиските одредби, на демократски и достоинствен начин.
Фактор:  Добар дел од членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се или под истрага или под обвинение на СЈО. Дали тоа ќе значи дека повеќе кадри против кои се водат ваков вид на постапки нема да бидат дел од партиските раководни органи?
Михајлоски: Нашата иницијатива не е насочена за некого или против некого, ние не се залагаме за промена на двајца, дваесет или двеста функционери со други, ние говориме за  суштински и темелни реформи на начинот на носење на политиките во партијата и начинот на избор на органите и нивната одговорност. Ние сметаме дека со демократизација на партијата ќе ги обединиме сите луѓе со вмровска провиниенција да дејствуваат внатре во партијата, затоа што ќе се отвори можност секој да биде активен чинител. Ние сме убедени дека тоа е единствениот пат за ВМРО-ДПМНЕ.
Фактор: ВМРО-ДПМНЕ е веќе во опозиција, кој е вашиот став за идното делување, може ли партијата да покаже конструктивност во државните институции и да допринесе за побрзо носење на неопходните реформи на Република Македонија?
Михајлоски: Ние сме убедени дека нашата иницијатива ќе успее, затоа што истата има широка поддршка кај членовите и во јавноста. По суштинските реформи во ВМРО-ДПМНЕ Ве уверувам дека партијата активно и конструктивно ќе учествува во политичкиот живот во Република Македонија. Република Македонија има голем човечки потенцијал. Луѓето во Македонија се вредни и чесни. Како нација предолго време енергијата ја губиме во меѓу партиски обвинувања, подметнувања, шиканирања и етикетирања. Време е сите енергијата да ја насочиме кон решавање на проблемите на граѓаните. Политиката мора да ја направиме да биде на маргините на општеството и да не биде егзистенацијално прашање за илјадници граѓани. Да се најде консензус за стратешките прашања помеѓу сите политички партии и да престанеме да се делиме по партиска основа.
Автор: Христијан Станоевиќ
19-06-2017, 12:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

[Image: 19247773_1071881956278058_17619649663428...e=599F47AA]


Bravo Bravo Bravo
19-06-2017, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ се збогати материјално, но осиромаши со човечки капитал и со идеи! !


18/06/17
Губењето на власта по повеќе од една деценија, го разбранува наводно цврстото партиско ткиво на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе десетина денови, неколкумина членови на ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на Статутот, како што велат, низ партиска процедура, бараат демократизација на партијата. Се залагаат за промена на внатрепартиската легислатива. Влатко Атанасоски, магистер по меѓународна економија, актуелен директор на Агенцијата за пошти е еден од реформаторите. Тој е член на партијата од 2003 година, поранешен координатор на прилепскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и член на ЦК на партијата. Една од опциите за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, тој гледа во поддршката на иницијативата за вонреден конгрес пред локалните избори, од најмалку половина од членовите на ЦК. Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, тој вели дека „на вонредниот конгрес, освен одговорност и анализа на работењето на партијата, ќе бидат отворени прашања коишто веројатно ќе значат јасна потреба од промена на Статутот и оставка на претседателот и ИК“.

[Image: agnzia-1.jpg]

ЦИВИЛ Медиа: Изедначувајќи ја државата со партијата, ВМРО-ДПМНЕ ја врати Македонија и нејзините граѓани децении назад, далеку од евроатланскиот пат, што значи гаранција за стабилност на државава во овие граници. ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше администрацијата, ги руинираше медиумите, го девастираше целото општество… Од друга страна, во моментов се отворени бројни истражни постапки во СЈО, против истакнати партиски функционери во ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за бројни кривични дела кои произлегуваат од „бомбите“ што ги обелодени СДСМ. Зошто, кај вас, неколкумина членови на ВМРО-ДПМНЕ коишто бевте на значајни функции во време на владеењето на партијата, овој порив за нејзина демократизација се појави токму сега, откако вашата партија премина во опозиција? Не е ли предоцна да се бара алиби за колективната одговорност?
АТАНАСОСКИ: Мој став е дека изедначувањето на државата со партијата, кое што го споменувате во прашањето, беше подеднакво штетно за ВМРО-ДПМНЕ, колку што беше и за државата. ВМРО-ДПМНЕ успеа за краток временски период да изгради внатрепартиски систем на селекција, контрола и влијание врз луѓето, кои беа плански селектирани како „подобни“ и тие беа именувани или назначувани за одговорни, државни функции со што практично, институционалниот капацитет на државата беше сведен на партиската волја на раководството на партијата. Ваквиот систем се ширеше и мој став е дека ВМРО-ДПМНЕ за време на раководењето на Никола Груевски, прерасна во пирамидална шема која се одржуваше и растеше -„продавајќи“ и „заработувајќи“ од ширење на членството, а не од реализација и имплементација на политиките на една десно ориентирана, демохристијанска, демократска, народна партија.
Со текот на времето во кое ќе биде проучен овој период од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, се надевам дека сите ќе добијат јасен и недвосмислен увид, дали се спроведувало свесно и планирано, ова што сега изгледа како злосторничко здружување, со цел постигнување на енормно политичко влијание и надмоќ во политичкиот систем на државата и државните институции, преку кое се остваруваа лукративните и политичките цели на тесна партиска елита, лично селектирана од Груевски, инсталирана во ИК на ВМРО-ДПМНЕ… Исто така, ќе биде јасно, дали зад  колективните идеи и одлуки на ЦК (чиј претседател е повторно Груевски) се реализираше еден злокобен план на само еден човек.
Иницијативата за демократизација ја поврзуваат долгогодишните обиди за внатрепартиска реформа во насока на демократизација на процесите за избор и процесите за утврдување на одговорност за политичките одлуки на партијата. Овие обиди беа маргинализирани низ неверојатно ефикасниот внатрепартиски систем на филтрација и цензурирање на информациите, со години наназад. Сега, по ланските декемвриски изборите, на кои, иако освои најмногу пратеници, беше очигледно дека (исклучиво поради обидот на Груевски, изборната победа и името на партијата да ги искористи за политички преговори во коишто во преден план му беа да се договори за својата политичка судбина), ВМРО-ДПМНЕ нема да формира влада. Тоа и се случи. Обидот да се наметне во ВМРО-ДПМНЕ, дека овој политички дебакл е резултат на некакви заговори и да се одбегне одговорност за сѐ што се случи, како и обидот без отчет веднаш да се дефинираме како опозициска партија, преку кој нечујно се сакаше бргу да се скројат советничките листи за локалните избори и да се изберат кандидати за советници и градоначалници по личен избор на Груевски (со што јас лично сметам ќе се стави крај на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ!), беа главните причини, за јас лично да ја поддржам иницијативата.
Во однос на тајмингот, од политички аспект, сега е вистинскиот момент за внатрепартиска реформа, зашто ценам дека промените мора да се случат пред локалните избори. Иницијативата не претставува „барање алиби за колективна одговорност“ како што велите, но има за цел да поттикне дебата која ќе води кон статутарни реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Одговорноста на сите оние, што злоупотребувале партиска функција во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде утврдена, иако тоа ќе биде побавен процес, но неизбежен, зашто сметам дека реформите и промените, не само во политичките партии, туку секогаш, имаат поголема шанса да фатат корен, ако се базирани на праведноста и владеењето на правото.

[Image: 3-8-300x208.jpg]

ЦИВИЛ Медиа: Ќе иницирате смена на Груевски и неговата клика, за конечно и ВМРО-ДПМНЕ да почне да „дише“ и се “ослободи“ од „груевизмот“, како врвна партиска идеологија, неспоива со онаа на сегашните реформатори на ВМРО-ДПМНЕ?
АТАНАСОСКИ: Ние побаравме промени и имаме цврст став, дека дејствуваме во рамките на постоечкиот Статут, а се залагаме за реформа внатре во партијата, преку статутарни промени во насока на демократизација, транспарентност и политички прогрес. Иницијативата нема за цел да го смени Груевски, туку да ја промени внатрепартиската легислатива, по која се избира не само претседателот на партијата, туку и другите органи на партијата, како ИК и ЦК или општинските и месни комитети, и предвидува систем на одговорност. Промена на сегашниот систем кој (замислете претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истовремено е и претседател на ИК и ЦК?!) во најмала рака е неодржлив, во една демократска политичка средина. Опциите како да се направи тоа се многубројни. Наједноставната, којашто јас лично ја поддржувам и за којашто има време да биде реализирана до локалните избори, е поддршката на иницијативата за вонреден конгрес од најмалку половина од членовите на ЦК. На вонредниот конгрес освен одговорност и анализа на работењето на партијата, ќе бидат отворени прашања, коишто веројатно ќе значат јасна потреба од промена на Статутот и оставка на претседателот и ИК. Новиот систем на избори во партијата нема да ја скрати можноста на Груевски и кликата (ако не бидат во затвор дотогаш) за внатрепртиски натпревар, иако сметам дека ваквата демократска реформа во ВМРО-ДПМНЕ, ќе оневозможи авторитарно делување од вакви размери во иднина. Иницијативата за реформи е иницијатива за промени, а не само за победи.
ЦИВИЛ Медиа: Не стравувате ли дека партиската клика, против која се водат истражни постапки, којашто упорно сака да ги задржи позициите во најбогатата партија во Европа, ќе примени секакви методи за да ве „тргне“ од патот?
АТАНАСОСКИ: Па, веќе применува. Но, јас лично не стравувам. А, позицијата на најбогата партија во Европа е спорна од два аспекта. Пред сѐ, богатството на партиите, како и општественото богатство, јас лично го ценам и вреднувам по богатството, со кое се располага  како човечки капитал, идеи и политичко или општествено знаење. Од овој аспект, ВМРО-ДПМНЕ се збогати материјално, но осиромаши со човечки капитал и идеи! Другиот аспект е потеклото на тој имот, измерен во пари и начините на коишто е стекнат. Сметам дека голем дел од новостекнатиот имот е предмет на злоупотреби и незаконски дејствија и може да биде предмет на истраги. Да не зборувам, колку сомнеж создава одлуката да се задолжи партијата пред изборите со хипотекарен кредит, од околу три милиони евра во Комерцијална Банка А.Д, каде како колатерала е задолжена зградата на седиштето, иако можеле да бидат заложени други имоти коишто очигледни сме ги стекнале во изобилство.
ЦИВИЛ Медиа: Груевски сѐ уште има многу приврзаници во своите редови. Како ќе ја реформирате партијата и колкав е бројот на тивките бунтовници во редовите на ВМРО-ДПМНЕ?
АТАНАСОСКИ: Тие партиски членови што сè уште не се охрабрени да кажат јавно што мислат (без разлика дали мислат, исто како „реформаторите“) се следбеници и тоа е тежок товар од минатото на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не правам такви анализи и нашата иницијатива е токму повик за личниот глас на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите членови, без разлика како размислуваат. Следните наши чекори ќе дадат конкретни одговори на прашањата, колку од актуелните членови на ВМРО-ДПМНЕ се за реформи, а колку би останале верни на политиката, да не се бара одговорност од актуелното раководство и би се согласиле под нивно раководство, на ист начин, да се состават кандидатски листи за следните локални избори. Тоа не значи дека ние сме затворени и нема да дозволиме некој да не биде прифатен, затоа што се предомислил. Веруваме во слободата на политичката волја и нејзиното слободно изразување. На некој начин, ова е филтер и внатрепартиски избор, што според мене, ја определува иднината и принципиелните одредници во кои ќе дејствува ВМРО-ДПМНЕ, во следните 4-5 изборни циклуси, исто колку што е можноста којашто, за првпат ќе овозможи различните ставови во ВМРО-ДПМНЕ, да не бидат во корен пресекувани како предавнички, без воопшто да се чуе барем за момент, суштината на различните ставови или личната суштина на луѓето, што ги кажуваат или пренесуваат.
ЦИВИЛ Медиа: Според СДСМ, „потребно е чесните членови, пратеници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон демократизацијата, да започнат внтарепартиски реформски процеси и да се оградат од ретроградните, насилните и антидржавнички политики на Груевски“. Кој е вашиот коментар на ова?
АТАНАСОСКИ: Немам коментар на ставови на СДСМ, зашто сум убеден дека Владата којашто ја состави СДСМ е институција без уставен темел и во моментов, со предавањето на власта на таква влада, и аболицијата на Груевски, актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ учествува во велепредавството на државата. Ова го надополнувам, зашто актуелното ВМРО-ДПМНЕ, дозволи да учествува во уште еден „дил“, со којшто беше поткопана уставноста на државата, а тоа е продолжувањето на мандатите на градоначалниците во Македонија. Мандатите кои беа продолжени беа истечени, а не прекинати, и не смееат да бидат продолжени! Секој од актуелниве градоначалници, нема воопшто поголемо право да биде градоначалник, од кој било друг граѓанин во неговата општина, само затоа што, тој бил последен избран.
ЦИВИЛ Медиа: Како нереформираното ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори на локалните избори? Не планирате ли настап на локални избори, како посебен политички субјект, со нова програма?
АТАНАСОСКИ: Сè уште е рано за такви проценки. Мора да се почека како ќе биде прифатена иницијативата од членството (зашто, актуелното раководство во свој стил, впуштајќи се во лични дискредитации, не расправа за суштината на проблемите, туку илустративно се произнесе, како размислува што беше очекувано). Одлуките за понатаму ќе зависат и од личните ставови на секој што ја поддржува иницијативата и одлуката за независен настап би била предмет за расправа, веројатно на еден месец пред локалните избори. Во случај на отпор кон иницијативата (зашто, иницијативата, покренувајќи јавна дебата за состојбата во ВМРО-ДПМНЕ е веќе успешна, а обидите на актуелното раководство, преку притисок и уцени кон членството, да се сопре саморазмислувачкото дејствување се силни) јас лично поддржувам независен настап со кандидатски листи за советници, но не и градоначалнички кандидати.
ЦИВИЛ Медиа: Која е вашата порака до оној дел од партиското членство, коешто вашата заложба за демократизација ја смета за предавничка?
АТАНАСОСКИ: Ја имате целосната слобода да одлучите, кој е предавник, откако ќе ја слушнете целата вистина, за тоа што се случуваше под површината на лажниот патриотизам на Груевски и на неговите „кадри“, каде се оддалечуваше секој разумен самомислечки слободоумен патриот, а се прибираа и се задоволуваа интереси на сите оние коишто беа подготвени да слушаат да и извршуваат без многу прашања. Груевски методолошки и веројатно свесно, изгради систем во кој, иронично, но вистинито, не ни можеше да се појават предавници. Едноставно, сите што барем малку различно мислеа и јавно зборуваа, беа бргу отфрлени или исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. За жал, сите учествувавме во предавство, иако многумина без да знаат – и невини, но не секој имаше еднаква одговорност.
Моника Талеска
19-06-2017, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Реформаторите“ поднесоа Декларација за демократизација на ВМРО- ДПМНЕ

[Image: SLIKA-GABI-701x394.jpg]

28.06.2017
Декларацијата е патоказ кој нуди конкретни решенија за излез од сегашната ситација, во која победите претставуваат пораз, а пријателите непријатели. Преку неа нашата партија ќе го врати загубеното и ќе означи почеток за една нова ера, за уште посилна ВМРО-ДПМНЕ, која наскоро повторно ќе раководи со државата, стои во Декларацијата за демократизација и модернизација што денеска членовите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ ја доставија до Централниот комитет на партијата. Декларацијата за демократизација и модернизација на партијата под мотото „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“ содржи осум принципи кои треба да бидат вметнати со измените на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Илија Илиовски, член на иницијативата за реформи.
„Декларацијата ја поднесуваме со цел да покажеме дека е време нашата партија да го врати сјајот на демократска и цврста ВМРО-ДПМНЕ. Со неа предлагаме раководството да ги разлега следните принципи:
1.Приницип на слобода на мисла и говор,
2.Приницип на рамноправност,
3.Принцип на непосреден избор,
4.Приницп на тајност во одлучувањето,
5.Принцип на неспоивост на функции,
6.Принцип на индивидална одговорност,
7.Принцип на личен интегритет и квалитет,
8.Принцип на внатрепартиска солидарност.
Се надеваме дека Централниот комитет ќе ја разгледа декларацијата затоа што сметаме дека ќе има позитивен ефект и кон членовите на раководството и кон членовите на партијата“, рече Илиовски.
Во декларацијата „реформаторите“ ги повикуваат и охрабруваат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да вклучат во дебата , слободно да размислуваат и да предлагаат решенија кои според нив ќе бидат поквалитетни од понуденото на еден човек. Крајната идеја е реформите да предизвикаат реизбор на органите и телата на партијата кои ќе овоможат да се истакне квалитетот на поединецот, а не гордо наведната глава, порачуваат иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.






(This post was last modified: 28-06-2017, 03:01 PM by ЈорданПетровски.)
28-06-2017, 03:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Деца не се резилете. Ова што го правите е само нарачка која некој ви ја дал, а вие беспоговорно му ја извршувате. Крајната цел е јасна да се дестабилизира ВМРО-ДПМНЕ, да се создаде раздор и да се олесни разнебитувањето на Македонија.
Членството тоа го препознава и нема да ви дозволи да ви помине.
Малку е дегутатно да го плукате статутот на партијата, а вие согалсно тој статут сте биле именувани и поставувани на позиции во минатото.Впрочем вие сте биле дел од органите на партијата, сте биле дел од позиции во партијата од кои политички сте делувале. Всушност согласно истиот статут вие сте имале можност да работите во партијата и ниту еднаш не излеговте изминатите години во 2006, 2008, 2011 и 2014 година кога ВМРО-ДПМНЕ бележеше изборни победи. Тоа говори за какво лицемерие станува збор. Јавноста, а особено членовите на ВМРО знаат дека сега кога дојде до промена на власта поради лични интереси, одредени позиции, или бизниси излегувате со барање за менување на статутот. Алчноста, а не љубовта кон партијата ве водат. Тоа членството на ВМРО јасно го гледа.
Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е демократски и остава доволно простор за делување на било кој што се пронаоѓа во идеологијата на партијата. Вие тоа добро го знаете бидејќи сте биле дел од партијата и истото сте го користеле како право и како обврска. Статутот на партијата е статут кој приличи на една демократска, модерна и отворена партија како што е ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена партија за секој кој ги дели принципите и вредностите на кои таа се темели. Но истовремено ВМРО-ДПМНЕ не може со сила да ги задржи тие кои што одлучиле да слугуваат на нечии туѓи интереси, спротивни на оние што се државни и национални.
Резилот кој сега го јадете не е првпат да го гледаме во историјата на ВМРО. Тоа го правеле и други, но никогаш не успеале да го нарушат единството, честа и угледот на ВМРО-ДПМНЕ.


Manoil Mane Jakovlevski  ФБ статус


Quote:Stevo B. Naskovski

Братот Мане си кажа, да ги чуеме и другите основачи Гојко, Дијана, Змејко... да видиме што и они мислат зошто ние обичното членство сме во забуна зошто демократизација добро звучи поаѓајќи од фактот што партијата е полна со левичари и удбаши..



Quote:[Image: 19260262_1351077214976700_38832128006532...e=59CA7335]
Jordan Petrovski

Stevo B. Naskovski
, Дијана, Таткои и Б.Змејковски, заедно со Драган Богдановски се ОСНОВАЧИ на ДПМНЕ и тие , се разбира без Драган, тој е покоен, треба да се изјаснат за иницијативата. Но никој не ги споменува оние кои го имале континуитетот на ВМРО,никој не вели чекај да ги прашаме и нив за мислење, да прашаме зошто уште 1992 година почна да се одалечуват од партијата. Партијата ВМРО ДПМНЕ е настаната со спојување на ВМРО и ДПМНЕ. Мане и брат му Гојко за формирање на ДПМНЕ дознаваат на 17 мај 1990 година до тогаш Мане и Гојко не учествувале со ништо во основањето!! Иницијативата за промена на статутот а со тоа и враќања на избор на луѓе кои ке ја водат партијата на членството е основ на демократијата. Избор на председател на партијата на конгрес е комунистичка направија, избор на конкус на преседатели на ОК ке тежок вид на диктатура!! Затоа што побргу биде прфатена иницијативата тоа ке значи спас за партијата и брзо враѓање на идеологијата на ВМРО, враѓање на патот на десницата
28-06-2017, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(28-06-2017, 10:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Деца не се резилете. Ова што го правите е само нарачка која некој ви ја дал, а вие беспоговорно му ја извршувате. Крајната цел е јасна да се дестабилизира ВМРО-ДПМНЕ, да се создаде раздор и да се олесни разнебитувањето на Македонија.
Членството тоа го препознава и нема да ви дозволи да ви помине.
Малку е дегутатно да го плукате статутот на партијата, а вие согалсно тој статут сте биле именувани и поставувани на позиции во минатото.Впрочем вие сте биле дел од органите на партијата, сте биле дел од позиции во партијата од кои политички сте делувале. Всушност согласно истиот статут вие сте имале можност да работите во партијата и ниту еднаш не излеговте изминатите години во 2006, 2008, 2011 и 2014 година кога ВМРО-ДПМНЕ бележеше изборни победи. Тоа говори за какво лицемерие станува збор. Јавноста, а особено членовите на ВМРО знаат дека сега кога дојде до промена на власта поради лични интереси, одредени позиции, или бизниси излегувате со барање за менување на статутот. Алчноста, а не љубовта кон партијата ве водат. Тоа членството на ВМРО јасно го гледа.
Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е демократски и остава доволно простор за делување на било кој што се пронаоѓа во идеологијата на партијата. Вие тоа добро го знаете бидејќи сте биле дел од партијата и истото сте го користеле како право и како обврска. Статутот на партијата е статут кој приличи на една демократска, модерна и отворена партија како што е ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена партија за секој кој ги дели принципите и вредностите на кои таа се темели. Но истовремено ВМРО-ДПМНЕ не може со сила да ги задржи тие кои што одлучиле да слугуваат на нечии туѓи интереси, спротивни на оние што се државни и национални.
Резилот кој сега го јадете не е првпат да го гледаме во историјата на ВМРО. Тоа го правеле и други, но никогаш не успеале да го нарушат единството, честа и угледот на ВМРО-ДПМНЕ.


Manoil Mane Jakovlevski  ФБ статус




Quote:Реформаторите до Јаковлески: Робовите на клиентелизмот како тебе може да ја уништат ВМРО-ДПМНЕ

28/06/2017




[Image: bogojeski-1.jpg]

Откако денеска иницијаторите за реформи на ВМРО-ДПМНЕ до партијата доставија Декларацијата за демократизација и модернизација, Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, ги обвини дека тоа што го правеле било нечија нарачка и дека се водени од алчност. Еден од иницијаторите за реформи, Петар Богојески вели дека Јаковлески зборувајќи за нив, веројатно потсвестно ги опишал своите мотиви за дејствување во партијата.
-Сигурно бил дополнително мотивиран од паушалот од Телеком?!? Можам само да му порачам, Мане, реформите се со цел да го засилат и обноват капацитетот на ВМРО ДПМНЕ, но клиентелизмот, чиј роб си ти, и тоа како може да ја уништат нашата партија. Да не заборавиме, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на виделина! Штом не напаѓаат лица, кои „мудро“ ја избегнаа лустрацијата во РМ, значи ние сме на вистинскиот пат! Најбитно е да не се тргне фокусот на вниманието од Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ, чија веројатно намера е на овие ниски удари од лица со сомнителен морал, изјави Богојески за „Фокус“.
На прашањето зошто изминативе години не побарале измени на Статутот на паријата, Богојески вели дека Статутот генерира овластувања на тесен круг на лица кои промовирале политики, кои се целосно поразени во овој момент.
-Токму затоа сега се иницира тоа барање. Суштината на барањето за промена на Статутот стои во фактот што на партијата и се потребни суштински статутарни реформи, а не само кадровски освежувања. Таков опсег на реформи ќе ја возобноват силата на ВМРО ДПМНЕ, а секакви останати импровизации нема да донесат ништо суштинско. Ние се залагаме за изградба на нов вредносен систем, систем кој во иднина нема да дозволи стратешки грешки, одговара Богојески.
Катерина Смилева
28-06-2017, 10:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Богојески: Штом не напаѓаат лица, кои „мудро“ ја избегнаа лустрацијата во РМ, значи ние сме на вистинскиот пат!

на јуни 28, 2017
Откако денеска иницијаторите за реформи на ВМРО-ДПМНЕ до партијата доставија Декларацијата за демократизација и модернизација, Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, ги обвини дека тоа што го правеле било нечија нарачка и дека се водени од алчност. Еден од иницијаторите за реформи, Петар Богојески вели дека Јаковлески зборувајќи за нив, веројатно потсвестно ги опишал своите мотиви за дејствување во партијата.
-Сигурно бил дополнително мотивиран од паушалот од Телеком?!? Можам само да му порачам, Мане, реформите се со цел да го засилат и обноват капацитетот на ВМРО ДПМНЕ, но клиентелизмот, чиј роб си ти, и тоа како може да ја уништат нашата партија. Да не заборавиме, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на виделина! Штом не напаѓаат лица, кои „мудро“ ја избегнаа лустрацијата во РМ, значи ние сме на вистинскиот пат! Најбитно е да не се тргне фокусот на вниманието од Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ, чија веројатно намера е на овие ниски удари од лица со сомнителен морал, изјави Богојески за „Фокус“.
На прашањето зошто изминативе години не побарале измени на Статутот на паријата, Богојески вели дека Статутот генерира овластувања на тесен круг на лица кои промовирале политики, кои се целосно поразени во овој момент.
-Токму затоа сега се иницира тоа барање. Суштината на барањето за промена на Статутот стои во фактот што на партијата и се потребни суштински статутарни реформи, а не само кадровски освежувања. Таков опсег на реформи ќе ја возобноват силата на ВМРО ДПМНЕ, а секакви останати импровизации нема да донесат ништо суштинско. Ние се залагаме за изградба на нов вредносен систем, систем кој во иднина нема да дозволи стратешки грешки, одговара Богојески.
29-06-2017, 01:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14







Quote:Прислушуваните разговори беа предадени од лидер на една политичка партија и претпоставуваме дека е можно да се случи да постои филтрација и да се предадени само материјали кои се однесуваат на носители на функции само на друга политичка партија. Од тука, се добива впечаток како да постои атак на СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ, рече Михајлоски.


Оваа е 100% точно !! Јас има непобитни докази дека разговорите  врзани за отфрлање заради застареност на мојоата кривична пријава против: Фрчковски, Верушевски, Аврамовски, Богоевски, Чокревски не се предадени на СЈО. А биле во посед на СДСМ. Го контакторав СЈО но до ден денеска не добив никаков одговор!!
02-07-2017, 10:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Богојевски: Почнуваме теренска кампања за реформи во ВМРО-ДПМНЕ



03/07/2017 18:47.
[Image: timthumb.php?src=http%3A%2F%2Fa1on.mk%2F...w=795&zc=1]

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ по 20 дена од првата прес-конференција со видно зголемена поддршка со сите претставници на структурите на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најавија почеток на теренска кампања низ сите општини во Република Македонија.
Петар Богојевски истакна дека кампањата ќе биде со цел подигнање на свеста за потреба од суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
– Срдечно се заблагодарувам на огормниот број членови и симпатизери кои секојдневно изразуваат и даваат поддршка на оваа иницијатива за спас на партијата. Членови и симпатизери потполно свесни за политичката изолација во која западна партијата, рече Богојевски.
Упати порака до раководството на партијата, кое го повика да се приклучи на иницијативата со цел што поскоро да се случат реформите и демократските промени во ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарски прашања Богојевски кажа дека тие не се фракција во партијата и дека нема никогаш да ја напуштат партијата, туку бараат итни реформи во неа.
Александар Тодески
03-07-2017, 06:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16



03-07-2017, 11:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ГИ ОСТАВИ БЕЗ ЗБОРОВИ СИТЕ ВО СТУДИОТО: Знаете ли како се прави конгрес на ВМРО ДПМНЕ? Грујо прави список на 200 делегати по негова желба, го дава списокот на ИК и прашува кој има против? И после тие негови 200 делегати него го бираат за лидер!




06-07-2017, 02:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:ЦИВИЛ организира трибина без табу теми со реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

  • 16/07/17
[Image: reforms-2-copy.png]

Реформите во ВМРО-ДПМНЕ за кои се залагаат дел од нејзините актуелни членови, го привлече вниманието на јавноста. На самиот почеток, реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ добија голема поддршка, но се соочија и со големи притисоци. Со години, работењето на оваа партија беше скриен зад превезот на тајноста и зад скапите медиумски кампањи. ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повика реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на сите прашања и теми кои се отворија овие денови по нивните први јавни настапи.
Што навистина се случувало и сè уште се случува во ВМРО-ДПМНЕ? Кои се намерите и плановите на новите реформатори кои се охрабрија да проговорат? Со што се соочуваат? Има ли вистина во тоа дека се потпишувале бланко меници за лојалност? Колкава поддршка имаат? Дали препознале слични иницијативи и дали соработуваат со нив?
Тоа се само дел од прашањата кои тимот на ЦИВИЛ Медиа ќе ги постави на отворената трибина „Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ: Без табу теми!“ утре, понеделник, 17 јули 2017, во Клуб на новинари, со почеток во 11 часот.
Трибината е отворена за целата јавност. Медиуми, граѓански организации, заинтересирани граѓанки и граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ и на други партии се добредојдени да разговараат, прашуваат и споделат искуства и ставови на утрешната трибина. Дискусијата ќе биде модерирана, а секој од присутните ќе има по една минута за прашање или коментар, откако нашите соговорници ќе имаат воведни излагања и ќе одговорат на иницијалните прашања. Трибината ќе трае еден час и половина. На трибината не се дозволени провокации и говор на омраза. Сите добронамерни и заинтересирани се добредојдени.
И со овој настан, ЦИВИЛ се обидува да даде придонес кон развојот на политичката култура и обновувањето на дијалогот во општеството и ја поздравува храбрата одлука на реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да проговорат.
16-07-2017, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Расте поддршката за реформи во ВМРО-ДПМНЕ


Иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека огромен број од членството бара реформи во партијата. Партиски членови признаваат: постојано нѐ контролираа - добивавме опомени и за „погрешен лајк“!

[Image: 19070350_303.jpg]

„Огромен број од членството поддржува реформи во ВМРО-ДПМНЕ“, тврдат иницијаторите што го започнаа тој процес минатиот месец. Групата „реформатори“, како што ги нарекуваат, ваквиот впечаток го гради по интензивните активности на терен и бројните средби во партиските комитети, каде темелно ги објаснуваат и презентираат предлозите за демократизација и реформи во партијата.
„Одзивот е одличен, поддршката огромна. Огромен дел од членството ги поддржува предлозите кои водат кон ресетирање и ребрендирање на партијата, со цел таа да стане кредибилен политички субјект во Република Македонија. Промени се нужни, не само заради ВМРО-ДПМНЕ, туку заради јакнење на демократијата во земјата и создавање сериозна алтернатива на власта“, објаснува Александар Михајловски, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
Тој и неговите колеги од иницијативата, во изминатиот период беа изложени на навреди, омаловажувања и лични дискалификации од страна на лица во раководните органи на ВМРО-ДПМНЕ. Но, таквите методи не ги предомислиле во намерата предлозите за реформи да ги презентираат во комитетите низ цела Македонија. Концептот за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ, тие официјално ги испратиле во партиското седиште на 25-ти јуни. До денес не добиле одговор.
„Од раководството не игнорираат. Но, на терен е поинаку. Со оглед на стравот и контролата кои владеат во партијата, изненадени сме од огромниот број на членови кои се охрабрија со нашето појавување, и даваат максимална поддршка на нашите предлози. На сите им е јасно дека раководството е централизирано и дека партијата мора да се реформира. На средбите не разговараме за персонални партиски решенија, туку за системски: дали сакаме слободна и демократска, или заробена и едноумна партија“, вели Михајловски.  
 
[Image: 36290445_401.jpg]

Без табу-теми

Реформите во ВМРО-ДПМНЕ за кои се залагаат дел од нејзините актуелни членови го привлече вниманието на јавноста, со оглед дека состојбите во партија секогаш беа скриени зад превез на тајноста, лостовите на цврстата дисциплина и огромната контрола околу тоа што смее да излезе во јавноста, а што не, дури и за банални прашања. Членови од партиски комитети со кои разговараше ДВ, велат дека внатрешни промени мора да има, дека членството постепено се ослободува од стравот и дека е време базата да ги избира нејзините претставници во партиските органи, а не како досега - лично лидерот, преку лажни демократски процедури.   
„Ако во државата се владеело автократски, тогаш замислете како ни било во партијата“, вели партиски член.
„Но грешката е и во нас, бидејќи предолго ги премолчувавме тие состојби, притиснати и исплашени од разни надгледувања кој што први и како се однесува. Инсталираа голема контрола и страв. И сега се обидуваат да продолжат со истите манири, но тоа е многу потешко, бидејќи ги немаат 'алатките' од позиција на власт со кои досега 'оперираа'“, вели нашиот соговорник.
Според партиски извори, од 40 до 80 лица дневно биле ангажирани да надгледуваат што пишува членството на социјалните мрежи. За даден „лајк“ на „неподобно место“, веднаш стигнувала опомена.
Што се случувало и што сè уште се случува во ВМРО-ДПМНЕ? Кои се намерите и плановите на новите реформатори кои се охрабрија да проговорат? Со што се соочуваат? Има ли вистина во тоа дека се потпишувале бланко меници за партиска лојалност? Ова ќе бидат дел од прашањата на кои реформаторите ќе одговараат на јавна трибина „Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ: Без табу теми!“, организирана од граѓанската организација „Цивил“, со цел да придонесе во развојот на политичката култура и обновувањето на дијалогот во општеството.

[Image: 36730653_401.jpg]
Целата власт во рацете на еден човек, гласат критиките: Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕ

Каква демократија

Како изгледала „демократијата“ во ВМРО-ДПМНЕ? И покрај формалните конкурси, изборот на партиски органи бил централизиран,. За избор на претседатели на Општински комитети (ОК), кандидатитe имале кратко интервју пред комисија, која предлагала неколкумина да одат во следна фаза, а се правеле и телефонски анкети. „Финалистите“ имале завршно интервју кај лидерот, кој го давал кадровскиот предлог до Извршниот Комитет, кој формално го избира претседателот на ОК. Сите претседатели на ОК, поставени на предлог од лидерот, се и членови на Централниот Комитет, што значи дека лидерот има целосна контрола над ЦК. Контролата била 100 процентна и врз Извршниот Комитет, чии членови на предлог на лидерот се верификуваат од ЦК. Контролираниот ЦК, со кој целосно управува лидерот,  определува дел од составот на делегати за Конгресот, а другиот дел ги избираат ОК, кои исто така се под контрола на лидерот.
„Ако претседателите на ОК, Централниот Комитет, Извршниот Комитет, Генералниот секретар на партијата, пратениците, министрите, директорите, делегатите на Конгресот.., ако сите тие се поставени од претседателот на партијата, тогаш каде овде е демократијата?“, реторички прашуваат реформаторите.
Според нив, раководството се чувствува неприкосновено, бидејќи не одговара пред никого, бидејќи не постои корективен елемент и претседателот има апсолутна моќ. Реформаторите сметаат дека мора да се стави крај на таквиот централизиран систем и веруваат во успех: „Убедени сме дека сме на вистинскиот пат, дека реформите ќе успеат и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде демократизирана и уште посилна“.
Најавуваат дека наскоро ќе излезат со конкретни податоци за огромната поддршка што ја добиваат за реформи во партијата.
17-07-2017, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,137
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:„Без табу теми!“ за ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ се неопходни космополитизам, ЕУ и НАТО!



17/07/17
„Знаете ли колку е тешко партијата ВМРО-ДПМНЕ да зависи од волјата на еден човек?“, истакна Петар Богојески, еден од претставниците на Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина „Без табу теми!“, која се одржа во Клубот на новинари во Скопје, во организиција на ЦИВИЛ-Центар за слобода.


Во изминатиот период, ЦИВИЛ организираше неколку јавни трибини  и дебати со претставници од речиси сите политички партии во Македонија, меѓутоа, тогашните партнери во владеачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ редовно го избегнуваа соочувањето со јавноста и давањето отчет за своите штетни политики. Немаше ни одговори на поканите. За првпат, претставници од ВМРО-ДПМНЕ прифатија да учествуваат на јавна трибина и да одговараат на прашања! ЦИВИЛ ја поздравува храбрата одлука на реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да проговорат за состојбите во партијата и да се соочат со прашањата на новинарите и на граѓан(к)ите.
Откако подолго од деценија, ВМРО-ДПМНЕ ја создаваше виртуелната реалност преку скапите медиумски кампањи, обидувајќи се да ја инсталира розовата партиска слика како реалност, ЦИВИЛ ги повика реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на бројните прашања што се отворија овие денови, по нивните први јавни настапи: што навистина се случувало и сè уште се случува во ВМРО-ДПМНЕ? Со што се соочуваат реформаторите кои се охрабрија да проговорат? За какво ВМРО-ДПМНЕ се залагаат и колкава поддршка имаат меѓу членството и особено меѓу пратениците?
Претставниците на Реформаторите, Александар Михајлоски,  Илија Илијоски, Александар Коневски и Петар Богојески, се извинија за говорот на омраза насочен кон етничките заедници во постизборниот процес, ги осудија насилствата на 27 април во Собранието, најавија нов курс во партијата, со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе има многу повеќе албански гласови од СДСМ, откако ќе се отворат партиските тела за влез на сите етнички заедници, но и информираа за закани и притисок врз членови на партијата коишто ги поддржале внатрепартиските реформи.
„Ние не смееме во иднина да дозволиме само политичарите да имаат контрола. Ако ВМРО-ДПМНЕ не одговори на нашето барање, ние имаме решение. Сакаме што помалку негативна слика и шизма да се фрли во јавноста. Но, ако имаме негирање од другата страна, ќе ја омасовиме поддршката на терен, по што ќе стане нужно да се разговара. Убедени сме дека реформите набрзо ќе се случат, отпор имаме само од структури кои биле поставени во штабовите во изминатите пет-шест години и се плашат да не бидат сменети“, рече еден од учесниците на трибината, Александар Михајлоски.
[Image: dsc_0150-1.jpg]
Според него, има три периоди во однос на демократијата во ВМРО-ДПМНЕ и државата. „Едниот е од 2006 до 2008 година, другиот период е од 2008 до 2011, и третиот по 2011 година. Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година, имаше многу поголема демократија, имаше слободни медиуми, институциите сè уште беа слободни… По 2008 година, се задушуваше слободата на медиумите. За мене, затворањето на ‘А1’ беше чекор кој му нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ и остави лош впечаток кај јавноста. По 2011 година, и институциите почнаа да се преземаат од ВМРО-ДПМНЕ. Ние не смееме во иднина да дозволиме само политичарите да имаат контрола“, рече Михајлоски.
Според него, „27 април“ не требаше да се случи, но треба да се најде начин да им се прости на оние кои биле поттикнувани да влезат во Собранието. „Огромен број од тие луѓе беа понесени со хушкачка реторика за да се случи тој настан. Во тие моменти, беше наведен народот да влезе во Собранието, за отпосле раководството на партијата да се огради од тие луѓе и да ги нарече насилници. Освен за тие што беа со маски, за многумина од нив, кои се чесни, треба да се најде начин да им се прости и да не се собира негативна енергија во иднината“, смета Михајлоски.
[Image: img_9695.jpg]
 
Според донеодамнешниот претседател на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Центар, кој до 9 јуни бил разрешен без никакво образложение, во партијата не постои внатрешна демократија и критичка дискусија. „Дури по три дена ми беше соопштено дека сум разрешен од функцијата претседател на ОК ‘Центар’, а во секој момент, во претходните 9 месеци, мојата главна цел беше да се развие дискусија и да добиеме добри резултати на локално ниво“.
Според Петар Богојески, мора да се надминува еднонационалниот концепт и поделбите на патриоти и предавници.
„Сакам да бидам похрабар и да се извинам за навредите на неодговорни поединци на првите денови на протестите на ‘Заедничка Македонија’, каде без извикувани пароли со негативна конотација. Тие направија далекусежни негативни последици за ВМРО-ДПМНЕ. За мене, патриотизам не е извикување на такви пароли, туку изградба на силна држава и на силни институции. Ние имаме намера да го надминеме еднонационалниот концепт и мислам дека тоа табу, за кратко време ќе го смениме со искрена и чесна поставеност кон тие прашања. Ние инсистираме на нашите изворни вредности. ВМРО-ДПМНЕ, како конзервативна партија, ќе има многу повеќе албански гласови од СДСМ, откако, по реформите ќе ги отвориме телата на партијата за влез на сите етнички заедници“, рече Богојески.
Реформаторите истакнаа дека мора да се смени односот кон етничките прашања, дека се покажало оти 26 години без успех се инвестирало во етничките албански партии,  и дека треба наместо тоа треба да се инвестира во сите граѓани, и во Албанците, и во Турците, Србите, Ромите…  Најавија нов бран на космополитизам и беа децидни дека со навредите и заканите како „гасни комори“, мора да се престане и судски да се одговара за секаков говор на омраза.
[Image: img_9612.jpg]
На прашањето дали имаат право на користење на логото на ВМРО-ДПМНЕ, реформаторите беа едногласни дека „имаме дозвола за користење на партиското лого од 1991 година!
„Со сета наша борба и придонес за партијата и за Македонија, го имаме стекнато тоа право. Со гордоста кога партијата правела добро, и со срамот што го чувствувавме поради нејзините погрешни чекори… На логото нема право само еден човек!“, истакна Александар Коневски.
Со трибината на која присуствуваа претставници на медиумите и на граѓански организации, како и заинтересирани граѓанки и граѓани, и која предизвика голем интерес на социјалните мрежи за време на обезбедениот стриминг, ЦИВИЛ даде свој придонес кон развојот на политичката култура и кон обновувањето на дијалогот во општеството.
Д. Муратов
18-07-2017, 01:02 PM
Reply